Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ФИЛКОВ

media-library6g6ia9a0j5qlfV1AO0Z

Филков од Подгорица: Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството

Министерот за правда , Игор Филков, во Подгорица оствари билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.На средбата беше потврдена силната заложба на двете држави за продлабочување на соработката во областа на владеењето на правото, независноста на судството и спроведувањето на реформите во правосудниот систем, во контекст на процесот на европска интеграција.Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на билатералната соработка меѓу Црна Гора и Република Северна Македонија, при што беше оценето дека односите меѓу двете држави ги карактеризираат пријателство, меѓусебна доверба и континуирана поддршка во области од заеднички интерес.Министрите се осврнаа и на досегашните средби и постигнатите резултати од соработката, при што беше истакнато дека постои простор за нејзино понатамошно продлабочување, особено преку поинтензивна размена на искуства, добри практики и институционална соработка во рамки на реформските процеси и усогласувањето со европското законодавство.Филков и Божовиќ потенцирааа дека соработката меѓу двете земји претставува значаен придонес кон стабилноста и европската перспектива на регионот, изразувајќи заедничка волја за понатамошно интензивирање на билатералните односи во областа на правдата.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryaqkjkkbcml1m8uZeaSL

Филков до ДУИ: Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите, времето на национал-романтизам заврши

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање на Дијана Тоска од ДУИ во врска со петицијата на студентите на правните факултети за полагање на правосуден испит на албански јазик рече дека Уставот и законите мора да важат за сите.Во моментов, можност за полагање на друг јазик освен на македонскиот јазик, не постои, затоа што правосудниот испит е стручен испит, не е управна постапка, а тоа на вас ви е многу добро познато. Впрочем и Венецијанска комисијата има дадено негативно мислење на Законот за употреба на јазиците а во моментов до Уставниот суд се поднесени 13 иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на истиот. Околу употребата на јазикот и она што вие како власт во изминатите 20 години го имате работено должите одговори пред целата јавност. Се надевам дека овие одговори ќе ги дадете Вие а не некој друг во постапка што следи”, истакна Филков.Министерот Филков  од собраниска говорница  покажа двојазично уверение кое е потпишано од него и истакна дека тоа го прави за секој оној кој тоа ќе го побара .Требаше некое време да сфатам на што се должи оваа хистерија која што во изминатиот период беше продуцирана од страна на одредени политички партии, но после онаа епизода ,,Артан Груби се враќа дома”- нештата се многу појаси. Дали некој е националист или не говори ова уверение кое што е двојазично и потпишано од мене, овде лево доле. Секој еден што побарал во Министерство за правда тоа било дозволено, така ќе остане и во иднина. Но она што вие треба да го одговорите денес е што правеа вашите осум министри во изминатите 20 години. Или повторно, одговорот ќе чекаме да дојде од друга страна, во постапка и затоа е цела оваа нервоза и хистерија. Времето на национал-романтизам заврши, денес ќе се работи по Устав и закон. И  уште една работа што е многу битна:Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите!, порача министерот за правда Игор Филков.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarym8hmt9gm6hffeAaGGLy

Адвокатот Димоски до Филков за притворот на Груби: Неспорна е одговорноста само на извршната власт

Министерот за правда, Игор Филков јавно ги повика сите инволвирани во постапката за поранешниот вицепремиер Артан Груби да дадат детално и транспарентно образложение за своите одлуки, потенцирајќи дека одговорноста мора да биде лоцирана со име и презиме.Адвокатот Војо Димоски на социјалните мрежи упати остри критики кон Филков, оценувајќи дека неговите изјави во врска со определувањето на мерката притвор покажуваат „тотално непознавање на работите“.„Министерот за правда демонстрира тотално непознавање на работите со барањето да се испита работењето на судијата кој не определил ефективен притвор. Како да определи притвор кога Обвинителството предложило куќен притвор?Дискутабилна е и одговорноста на обвинителот во светло на постоење на мислење од АНБ и МВР дека притворот не бил безбеден за Груби.Неспорна е одговорноста само на извршната власт во случајов претставена преку МВР и АНБ.За поздравување е што фризурата на Министерот за правда е секогаш уредна, ама уште поважно е да си ги среди мислите“, вели Димоски.

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryd7m8obnhihku5dhVrDD

Тензии околу куќниот притвор: ДУИ бара разрешување на Филков и најавува поплаки до САД, ЕУ и ОБСЕ

Демократска унија за интеграција бара министерот за правда Игор Филков да се воздржи од, како што велат, натамошни јавни интервенции во врска со мерката куќен притвор за Артан Груби, а доколку таквата пракса продолжи – да биде разрешен.Од ДУИ обвинуваат дека Филков извршил притисок врз судиите и обвинителите со денешната изјава во која посочи дека мора да има одговорност „со име и презиме“ за одлуката Груби да биде упатен во куќен наместо во ефективен притвор.Според партијата, извршната власт нема уставно право да сугерира како ќе постапуваат судските органи, оценувајќи ја изјавата на министерот како директно мешање во тековен процес и загрозување на интегритетот на постапката.„Улогата на Министерството за правда е да го заштити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи кога политичката поларизација врши голем притисок врз поединци во рамките на правосудниот систем. Наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, министерот дополнително го поттикнува, создавајќи клима на однапред одредена одлука и јавно упатувајќи пораки што претставуваат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.Партијата на Али Ахмети апелира Филков да се воздржи од натамошни јавни коментари, а во спротивно, смета дека треба веднаш да биде разрешен „со цел заштита на независноста на судството во овој чувствителен момент“.Од ДУИ најавуваат дека ќе продолжат внимателно да го следат случајот и дека за случувањата ќе ги информираат стратешките партнери – Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Македонија.Претходно денеска, министерот за правда ги повика Судски совет на Република Северна Македонија и Совет на јавни обвинители да свикаат итни седници и да утврдат дали има елементи за одговорност кај јавниот обвинител кој побарал, како и кај судијата кој одобрил куќен наместо ефективен притвор за Груби, кој вчера се појави на македонско-косовската граница по повеќе од една година отсуство од државата.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryd7m8obnhihku5dhVrDD

Филков најави вонреден надзор во затворите: Недозволиво е да се тврди дека не може да се гарантира безбедност на притворено лице

На прес-конференција Министерот за правда, Игор Филков изјави дека ќе побара да се изврши вонреден надзор во затвор Скопје и во останатите затвори во Македонија. Според него недозволиво да се тврди дека не може да се гарантира безбедност на притворено лице и тоа да биде аргумент за поблага мерка.„Институционалната контрола мора да функционира. Никој не смее да биде изземен од одговорност. Утрово побарав и објаснување од директорот на затвор Скопје, преку управата за извршување на санкции, бев информиран дека од текот на вчерашниот ден биле обезбедени сите услови за спроведување на мерката притвор во надлежната институција.Недозволиво е да се тврди дека не може да се гарантира безбедност на притворено лице и тоа да стане аргумент за поблага мерка. Како министер за правда, дополнително ќе побарам да се изврши вонреден надзор во затвор Скопје, како и во останатите затвори низ Македонија во однос на безбедносната состојба. И дозволете да констатирам нешто што граѓаните одамна го чувствуваат. Залудно носиме закони ако не се спроведуваат. Залудно менуваме регулативи ако тие важат селективно. Залудно зборуваме за реформи ако практиката ја урива довербата.Ова не е прашање на политика, ова е прашање на принцип. Нема никогаш да молчам кога принципот на еднаквост пред законот ќе биде доведен во прашање“, вели Филков.

Македонија | пред 3 седмици

filkov-2-1

Филков јавно ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор

Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција  упати  пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра.Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори.„Досега, почитувајќи го принципот на поделба на власта, не сум коментирал конкретни судски и обвинителски одлуки. Тоа е темел на правната држава. Но кога одлуките отвораат сериозни дилеми и ја доведуваат во прашање еднаквоста пред законот, должност ми е да побарам отчетност“, истакна Филков.Тој нагласи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое бил утврден ризик од бегство – ризик што се остварил – и дека јавноста има право да знае врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е донесена одлуката за поблага мерка.Министерот јавно ги повика сите инволвирани во постапката да дадат детално и транспарентно образложение за своите одлуки, потенцирајќи дека одговорноста мора да биде лоцирана со име и презиме.„Јавно ги повикувам сите актери во постапката да дадат објаснување:Јавниот обвинител Даниел Коцев,– да објасни, врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е дадено позитивно мислење за замена на притворот?Раководителот на обвинителството Анел Фидоски, –дали стои зад оваа одлука и дали смета дека ова е порака за еднаква примена на законот?Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски, – кои околности го надминале ризикот од бегство кај лице кое веќе 14 месеци беше недостапно?” изјави министерот за правда Игор Филков.Тој информираше дека побарал објаснување и од надлежните институции во однос на условите во притворските установи и најави вонреден надзор во казнено-поправните установи со цел утврдување на безбедносната состојба.„Залудно носиме закони ако не се спроведуваат. Залудно зборуваме за реформи ако практиката ја руши довербата. Ова не е прашање на политика, туку на принцип“, порача Филков.

Македонија | пред 3 седмици

media-library9g6stvndgdocdFzkGBS

Ибрахими до Филков: Знаеш со што се соочува тој што не го почитува уставот и законот

Пратеникот Зеќирија Ибрахими од Беса се огласи на социјалните мрежи со обраќање до министерот за Правда, Игор Филков, истакнувајќи дека правосудниот испит претставува управна, а не правосудна постапка и дека тој мора да се води на јазикот на заедницата согласно Уставот и Законот за употреба на јазиците.„Објаснување до министерот за Правда, Игор ФилковГ. Министре, не ви ги знам политичките калкулации, сакате да играте улога на војвода или на политичка жртва, тоа е ваша работа, ама уставот на Република Северна Македонија (Амандман V) и Законот за употреба на јазиците (член 2, став 2) јасно и недвосмислено прецизираат дека УПРАВНИТЕ ПОСТАПКИ низ сите институции од централната власт (и на локалната власт таму каде има население што е над 20%) се водат и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од населението.Следствено, правосудниот испит е чисто управна постапка и не може да се третира како правосудна постапка.Како правник што си, сакам да верувам дека знаеш со што се соочува тој што не го почитува уставот и законот“, стои во објавата.

Коментари | пред 1 месец

media-libraryv95ideruoi495n38NNL

(Видео) Филков: Кога ќе биде Касами премиер тогаш ќе кажува кој ќе биде министер, а кој не

Министерот за правда ја коментираше изјавата на коалицискиот партнер од ВЛЕН, Билал Касами, дека во реконструкцијата на Владата што се најавува за напролет еден од министрите што ќе биде сменет е токму Филков.„Кога ќе биде Билал Касами премиер тогаш веројатно тој ќе кажува кој ќе биде министер а кој не. До тогаш, владеењето на правото, односно почитувањето на Уставот и законите ќе важат за сите“, изјави Филков

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt5ric0v46sk54AMQmj5

Филков за полагање на правосудниот испит на албански јазик: Во моментов таква можност нема

Министерот за правда Игор Филков денеска даде одговор на најавите од ДУИ дека ќе бараат негова кривична одговорност поради неможноста правосудниот испит да се полага на албански јазик. Тој оцени дека ваквите барања се „национално-романтичарски теми“, кои, како што рече, им припаѓаат на политичари од минатиот век.„Сметам дека националромантичарските теми се важни за оние политичари од минатиот век. Како што кажав, ние работиме чисто и решително на стабилност, просперитет и владеење на право, сѐ останато ќе биде оставено на тажната страна на историјата“, изјави министеротЗапрашан дали се можни измени на законите во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, министерот кусо одговори дека „во моментов таква можност нема“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryb40qrjod4p4g8caadWz

Филков: Изборот на јавни обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Министерот за правда Игор Филков денеска се обрати на настанот „Европски стандарди за дисциплински и изборни механизми во правосудството“, во организација на НКЕУ-МК, нагласувајќи дека развојот на квалитетни и транспарентни механизми за избор, унапредување и дисциплинска одговорност претставува клучен предуслов за ефикасен судски систем кој работи во служба на граѓаните.„Непристрасноста и независноста на судиите се централни столбови на владеењето на правото. Само преку нивно доследно почитување можеме да обезбедиме правна сигурност, заштита на човековите права и зголемување на довербата на јавноста во институциите“, истакна Филков.Обезбедувањето целосна независност и зголемувањето на ефикасноста на правосудството се јасен приоритет на Владата и Министерството за правда, при што во подготовката на новите законски решенија посебен фокус е ставен на изборните и дисциплинските механизми, во согласност со европските стандарди.Филков информираше дека реформите во Судскиот совет веќе се реализираат. Со новиот закон се утврдени јасни критериуми за избор и разрешување, заострени се условите за професионално искуство и прецизиран е терминот „истакнат правник“.Воведени се јавни расправи при изборот на несудските членови, како и јавен и транспарентен оглас за членовите што ги избира Собранието. Детално е уредена дисциплинската постапка за членовите на Советот, со јасно дефинирани основи за одговорност и состав на дисциплинската комисија.Предвидена е и итна постапка за утврдување одговорност на судија или претседател на суд, која не може да трае подолго од шест месеци.Министерот изрази очекување дека Законот за јавно обвинителство наскоро ќе биде усвоен во Собранието. Во него се вградени европски препораки, воведен е јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на јавните обвинители, како и прецизни рокови за постапките.„Ги зајакнуваме гаранциите за самостојноста на обвинителите и прецизно ги ограничуваме условите под кои може да се даваат задолжителни писмени упатства. Надзорот го уредуваме системски, без мешање во конкретни предмети“, нагласи Филков.Со законските измени се предвидуваат и прецизни основи за престанок на функцијата, вклучително и во случаи на правосилна осуда за кривично дело против службената должност. Дисциплинската постапка ќе мора да заврши во рок од шест месеци, а во посложени случаи најдоцна до девет месеци. Согласно препораките на ГРЕКО, се воведува градација на дисциплинските повреди на лесни, потешки и најтешки.На последната седница Владата го усвои и новиот Закон за Советот на јавни обвинители. Со него се воведува повисок цензус и јасни критериуми за избор на членови од редот на обвинителите, како и транспарентна и инклузивна постапка за членовите што ги избира Собранието.„Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги, интегритет и професионалност“, порача министерот.Секоја одлука на Советот – за избор, унапредување, дисциплинска одговорност или разрешување – ќе биде задолжително образложена и јавно објавена, со што транспарентноста станува законска обврска.Министерот истакна дека измените се резултат на констатирани слабости во правосудниот систем во изминатиот период, како што се долготрајни постапки, случаи на корупција, недоволна транспарентност и отсуство на ефективна одговорност.„Со овие законски решенија директно ги адресираме овие проблеми. Подготвивме измени на триесеттина закони, од кои најголемиот дел се од суштинска важност за правосудството. Имаме можност да создадеме правосудство на кое сите ќе можеме да се потпреме – транспарентно, професионално и непристрасно“, истакна Филков.

Македонија | пред 1 месец

media-library4407v764flo38MuqNIz

Рамадани за полагањето правосуден испит на албански: Филков да сноси лична одговорност

Оневозможувањето полагање на правосудниот испит на албански јазик повеќе не е административно прашање. Ова веќе претставува пречка во спроведувањето на законот и отвора основа за кривична одговорност, вели Канита Рамадани од ДУИ.„Правосудниот испит е во директна надлежност на Министерството за правда. Непреземањето мерки за обезбедување полагање на испитот и на албански јазик претставува свесно непостапување по законска обврска.Со тоа се создава основ за одговорност за:– злоупотреба на службената положба и овластување,– несовесно вршење на службената должност, кога службено лице, со пропуст или одбивање, им ускратува законско загарантирано право на граѓаните.Дополнително, ограничувањето на употребата на албанскиот јазик во државна постапка претставува повреда на правото на употреба на јазикот, а јавното релативизирање на тоа право создава атмосфера на исклучување и содржи елементи на поттикнување нетолеранција на меѓуетничка основа, што е санкционирано со Кривичниот законик.Затоа, денес бараме:Инспекторатот за употреба на јазиците веднаш да спроведе инспекциски надзор за правосудниот испит и да покрене постапки за прекршок против Министерството за правда и одговорните лица.Јавното обвинителство да утврди дали постојат елементи за кривично гонење за злоупотреба на службена положба, непостапување по службена должност и поттикнување нетолеранција.Министерот за правда да сноси лична одговорност за секое дејствие или пропуст со кој се попречува спроведувањето на законот.Законот е јасен. Неговата примена не е избор. Секое попречување имаправни последици“, додава Рамадани.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf9gi9e312e8geutlewf

Не е возможно правосудниот испит да се полага на албански јазик, додека не се променат законите, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик мора да се решава суштински и исклучиво во рамки на Уставот и законите, нагласувајќи дека со постојната законска регулатива тоа не е возможно.Мицкоски посочи дека Уставот јасно утврдува оти официјален јазик во државата и во меѓународната употреба е македонскиот јазик, но истовремено признава и официјален јазик на заедницата која е повеќе од 20 проценти, односно албанскиот јазик. Според него, во Уставот е наведено и дека комуникацијата во државната управа може да се одвива и на јазикот на заедницата, но само откако тоа ќе биде утврдено со закон.„Ние мораме овој процес на полагање да го утврдиме со закон. Ваков закон каков што е сега – не дозволува. И тоа не само за албанскиот јазик, туку за сите јазици споменати во преамбулата“, изјави премиерот, потенцирајќи дека не станува збор за политичка волја, туку за јасна правна процедура.Тој додаде дека доколку постои иницијатива за вакво решение, неопходно е да се изработи нов закон и истиот да се испрати на мислење до Венецијанската комисија, која треба да оцени дали е во согласност со Уставот. Мицкоски потсети дека и во минатото, при носење закони од областа на правосудството, Венецијанската комисија давала негативни мислења, што, според него, укажува на потребата од внимателен и правно издржан пристап.Изјавата на премиерот доаѓа по ставовите кои беа изнесени во јавноста од страна на министерот за правда Игор Филков изјави дека правосудниот испит не може да се полага на албански јазик.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt5ric0v46sk54AMQmj5

Министерот за правда со остра порака: Уставот не се толкува по дневна политика, правосудниот испит не е политичко прашање, туку уставна и законска обврска

Игор Филков, министер за правда, порача дека времето на селективно толкување на Уставот и законите, според дневнополитички потреби, завршило со заминувањето на СДСМ и ДУИ од власт и дека актуелната Влада нема намера да ја продолжи праксата на правен релативизам и институционален хаос. Како што истакна, обврска на институциите е да воспостават јасни правила, правна сигурност и целосно почитување на уставниот поредок.Реагирајќи на изјавите на вицепремиерот Беким Сали за можноста правосудниот испит да се полага на албански јазик, Филков нагласи дека Уставот не смее да биде предмет на слободни интерпретации и дека одлуките во правната држава не се носат по лична проценка или политички впечаток, туку исклучиво по Устав и закон. Тој појасни дека Министерството за правда ја разгледало петицијата на студентите и извршило детална анализа на релевантните уставни и законски одредби.Според Филков, иако Законот за употреба на јазиците дозволува користење на албанскиот јазик во постапките пред институциите, правосудниот испит не може да се третира изолирано, бидејќи тој е предуслов за влез во судството, обвинителството, адвокатурата и другите правни професии, каде законите јасно бараат активно познавање на македонскиот јазик. Полагањето на испитот на македонски јазик, како што рече, служи токму за проверка на таа јазична и стручна подготвеност, со оглед на тоа што постапките и актите во правосудството примарно се водат на македонски јазик и кирилско писмо.Министерот потсети дека Уставот јасно го утврдува македонскиот јазик како примарен службен јазик на целата територија на државата, а дека Законот за правосудниот испит не предвидува можност за негово полагање на друг јазик. Дополнително, се повика и на забелешките на Венецијанската комисија, која укажала на нејаснотии и проблеми во примената на Законот за употреба на јазиците, особено во судските постапки.Филков оцени дека тврдењата оти Министерството нема аргументи се неосновани и политички мотивирани и упати порака дека Уставот не е тема за медиумски настапи, ниту алатка за политички наративи. Како што нагласи, правосудството не смее да биде заложник на ничија агенда и секој носител на функција е должен да ги почитува Уставот и законите, бидејќи секој друг пристап претставува недозволив притисок врз правната држава.

Македонија | пред 1 месец

sela-vo-pretres-3

Села бара оставка од Филков: Правосудниот испит да се одржи на албански јазик

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вели дека се потребни конкретни чекори и политичка одговорност за, како што вели, прекршувањата на правата на Албанците.„Премиерот Христијан Мицкоски денес потврди два неоспорни факти што многу негови подредени се обидоа да ги негираат или манипулираат.Младите албански правници имаат право да го полагаат испитот по правосудство на албански јазик, додека за досегашното одбивање и кршењето на ова право, министерот за правда треба да биде разрешен бидејќи ги прекршил и законите и самиот Устав како највисок правен акт во земјата.Вториот факт што постојано го браневме, верувајќи во нашата посветеност и во правдата, е дека со измените на Законот за употреба на јазиците од 2018 година, што беше услов на АА за Владата во тоа време, албанскиот јазик е службен јазик низ целата земја и на централно ниво.Сепак, Алијансата за Албанците оценува дека само изјавата на премиерот не е доволна за затворање на овие теми, туку се потребни и конкретни акции во корист на граѓаните и спроведување на законите.Прво, поединци како што е актуелниот министер за правда и сите други кои отворено заземаа ставови против албанскиот јазик и правата на Албанците треба да се отстранат од институциите и политичката сцена, за да не се повторат вакви случаи во иднина.Потоа, итно треба да се покрене постапка за измена на сите закони и подзаконски акти кои мора да се усогласат со Законот за употреба на јазиците и Амандманот V од Уставот.Доколку тоа не се случи, денешната изјава на шефот на Владата може да се оцени само како обид да се однесува како умерен и добар политичар кон Албанците, во време кога Владата и институциите постапуваат спротивно“, вели Зијадин Села.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryinetv4gsue596rTrz70

Филков: Дигиталните алатки ќе овозможат поефикасна распределба на ресурсите и подобар пристап до правдата

Зајакнувањето на ефикасноста и независноста на судството е еден од највисоките државни приоритети и предуслов за враќање на довербата на граѓаните во институциите, порача министерот за правда на конференцијата „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во Македонија.„Ова е критичен и одлучувачки момент за правосудниот систем. Мораме јасно и објективно да ја согледаме состојбата, затоа што само преку прецизна процена можеме да дојдеме до одржливи решенија“, истакна министерот за правда Игор Филков во своето обраќање.Тој нагласи дека состојбите во правосудството се темелно анализирани и документирани во релевантни домашни и меѓународни документи, меѓу кои Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, Реформската агенда 2024–2027, Националната стратегија за спречување на корупција и извештаите на Европската комисија.Посебен акцент беше ставен на Патоказот за спроведување на стратегијата за човечки ресурси за судската мрежа.„Ова не е само теоретски документ, туку практичен и применлив водич кој нуди јасен и остварлив пат за справување со најитните предизвици во судството“, нагласи министерот.Министерството за правда, во рамки на своите законски надлежности, во текот на 2024 и 2025 година утврдило алармантни состојби во правосудството, кои директно кореспондираат со идентификуваните слабости во Патоказот.„Предложените мерки мора сериозно да се разгледаат и да се имплементираат, доколку навистина сакаме резултати што ќе бидат мерливи, видливи и одржливи. Реформите мора да обезбедат пополнување на работните места, модернизација на инфраструктурата, зајакнување на институционалниот интегритет и зголемување на довербата на јавноста преку транспарентност и високи етички стандарди. “, порача министерот Филков.Како еден од клучните столбови на реформите беше истакната дигитализацијата на правосудството.„Инвестициите во интегрирани системи за управување со предмети и целосно дигитални судски досиеја не се иднина – тие се сегашност и реална потреба“, рече министерот, додавајќи дека дигиталните алатки ќе овозможат поефикасна распределба на ресурсите и подобар пристап до правдата.Во делот на законодавните активности, министерот информираше дека во изминатиот период се подготвени околу триесет закони со кои се спроведуваат системски реформи во правосудството.Законот за Судскиот совет веќе е донесен, а Законот за јавното обвинителство наскоро се очекува да влезе во собраниска процедура. Подготвени се и други закони како дел од целосното ресетирање на правосудниот систем.,,Наша обврска како Министерство за правда е да создадеме јасни и применливи закони кои ќе бидат инструмент за правда и правичност. Реформите во судството и унапредувањето на законската рамка не се брзи процеси кои се случуваат за еден ден. Тие не се лесни, но се неопходни. Продолжуваме посветено и заедно да работиме на системски решенија”,потенцира Филков.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqs0vufp0pi29bgeioHb

Министерот за правда: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра е симбол на неказнивост

Министерот за правда Игор Филков денеска на прес-конференција се осврна на состојбите во правосудниот систем, нагласувајќи дека Министерството за правда има јасен пристап – таму каде што постојат индиции за злоупотреби ќе има институционална реакција, а таму каде што се утврдени слабости ќе следуваат интервенции.Филков истакна дека јавноста во изминатиот период била сведок на низа настани и случаи кои сериозно ја засилиле загриженоста околу интегритетот, одговорноста и функционирањето на судството и обвинителството. Според него, ваквите појави не смеат да се релативизираат, ниту да се игнорираат, особено кога предмети за висока корупција со години остануваат без разрешница, а очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор.„Кога предмети за висока корупција стојат со години без разрешница и кога очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор, тогаш граѓаните со право прашуваат: каде е правдата?“, порача министерот.Тој посебно се осврна на случајот со апелациониот судија во чиј дом беа пронајдени 350 илјади евра, скриени и заѕидани во ѕид, оценувајќи дека станува збор за повеќе од обичен скандал. Според Филков, овој случај е симбол на длабока системска слабост и на култура на неказнивост, молк и меѓусебна заштита, која со години ја разјадува довербата на граѓаните во правосудниот систем.Министерот нагласи дека ваквите случаи директно ја нарушуваат довербата во целото судство и ја доведуваат под сомнеж самата судиска функција, која, како што рече, треба да биде во служба на граѓаните и правдата, а не да се доживува како привилегија.Филков укажа и на сериозните предизвици со кои се соочува обвинителството, меѓу кои ги наведе недоволната ефикасност, ограничените капацитети и недостигот од решителност во справувањето со најтешките форми на криминал. Тој додаде дека истражувањата за перцепцијата на корупцијата јасно покажуваат оти довербата во судството и обвинителството е сериозно нарушена и дека таа не може да се врати преку ноќ, ниту со една единствена одлука.Според министерот за правда, проблемот е системски и не се однесува само на поединечни случаи. Затоа, како што нагласи, Министерството за правда пристапува системски, со утврдување на фактичката состојба на терен и со преземање конкретни, добро насочени чекори, со цел ваквите појави да не продолжат да се повторуваат и да се обнови довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Македонија | пред 2 месеци

filkov-siljanovska-3

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

Во однос на констатциите на  Европската комисија дека судството се соочува со недостиг на кадар и финансиска независност ,министерот за правда Игор Филков вели дека тоа се реални проблеми, кои не се решаваат со едноставна административна одлука, туку бараат системски пристап, долгорочна стратегија и координација меѓу сите институции. Недостасуваат судии, обвинители, судска служба, јавнообвинителска служба, записничари, информатичари. Нема соодветна опрема, просторни услови, средства за спроведување на процесот на дигитализација. Министерството за правда е свесно за истите и токму затоа изготвени се и пуштени во владина процедура законски решенија за судска служба и јавнообвинителска служба. Паралелно се работи и на Закон за судови, Закон за судски буџет и Закон за Академија за судии и јавни обвинители, со цел сеопфатно да се создаде соодветна правна рамка за надминување на недостатокот на судии, обвинители и нивните стручни служби.,,Но исто така мора да кажеме нешто што често се премолчува: финансиската независност не значи финансиска неограниченост. Таа мора да оди заедно со одговорност, транспарентност и рационално трошење. Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати – побрзи постапки, поголема доверба и повисок квалитет на судските одлуки”,потенцира министерот за правда Игор Филков во интервју за Македонската информативна агенција.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryt5ric0v46sk54AMQmj5

Филков: Се финализира Кривичниот законик

Министерот за правда Игор Филков во интервју за МИА соопшти дека се финализира Кривичниот законик по што ќе биде доставен во владина процедура.,,Во моментов се врши дополнително усогласување со четири нови европски директиви: Директивата за заштита на животната средина преку кривично право (EcoCrime), Директивата за семејно насилство и насилство врз жените, Директивата за поврат на средства и конфискација, како и Предлог-директивата за борба против корупцијата. Овој процес истовремено се одвива и во голем број од државите членки на ЕУ. По финалното усогласување, Кривичниот законик ќе биде доставен во владина процедура. Се утврдува и ново кривично дело во врска со злоупотреба на снимка, фотографија, аудио запис со сексуално експлицитна содржина, каде се инкриминирани и видеа креирани со вештачка интелигенција познати како deep fake. Истовремено се врши и ревидирање на посебните кривични дела поврзани со проектот „Безбеден град“, како што е кривичното дело Безобзирно управување со моторно возило”,вели министерот Филков.Целта на Министерството за правда е јасна: да создадеме нов, модерен и кодифициран Кривичен законик, во кој ќе бидат инкорпорирани сите релевантни меѓународни стандарди и инструменти, за да се зајакне правната сигурност на граѓаните, а практичарите — судиите, обвинителите и адвокатите  да имаат јасен и применлив закон, без недоречености и контрадикторности.Овој документ ќе биде суштинска трансформација на казненото право: со јасни дефиниции, правична рамнотежа на санкции, елиминирање на правната несигурност и создавање рамка во која селективната правда станува невозможна.Ова е чекор што ќе ја одбележи новата етапа во реформата на правосудството и ќе ја утврди Македонија како држава што знае да ги следи европските стандарди , но и да гради сопствена правна стабилност.Министерот Филков се осврна и на најавите за можноста Уставниот суд да донесе мериторна одлука за спорните измени од 2023 година доколку евентуално не се корегираат забелешките со најавеното законско решение.,,Одлуките на Уставниот суд конечни и извршни. Но, притоа  мора да се внимава  со изјавите и ставовите за да не се добие впечаток во јавноста дека се користат за дневно политиканство”,потенцира министерот за правда, Игор Филков.

Македонија | пред 4 месеци

90

Сега има алтернатива на затворот - пуштени во употреба алките, со кои осуденици и дома може да ја издржуваат казната

Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на промоција на надградениот систем за електронски надзор во тренинг центарот на КПД Идризово.Овој процес кој е резултат на сериозна работа и посветеност на Министерството за правда, Управата за извршување на санкциите и поддршката од нашите партнери, претставува чекор напред во реализацијата на европските стандарди за извршување на казните и унапредување на човековите права.„Електронските алки не се само технолошки уреди – тие се алатка за реформа.Тие се симбол на една нова, современа пробациска политика. Преку нивното користење, овозможуваме:Алтернатива на затворот,Намалување на пренатрупаноста во казнено-поправните установи,Подобра ресоцијализација иПоголема безбедност за граѓаните.Ова не е само техничка надградба – тоа е јасна определба дека правдата може да се спроведува со достоинство и почитување на човековите права”,истакна министерот Филков.Дополнително, со новиот Закон за пробација, чиј предлог е веќе подготвен во Министерството за правда, многу скоро ќе биде објавен на ЕНЕР, воспоставуваме правна рамка која овозможува поширока примена на куќен притвор, условен отпуст и ресторативна правда, сето тоа под буден, но хуман надзор.„Со тоа,ги охрабруваме надлежните да пристапат кон пробацијата многу похрабро за во иднина заеднички да ја отстраниме црната дамка која што беше фрлена досега на изречените мерки- куќен притвор. Довербата и сигурноста во системот мораме да ги вратиме.Ќе продолжиме да работиме на реформи кои носат вистинска промена, и ќе изградиме правосудство кое е достапно, правично и во служба на граѓаните,”порача министерот за правда, Игор Филков.

Македонија | пред 10 месеци

filkov-milososki

Филков и Милошоски имале лош ден, вели Мицкоски откако пратеникот и министерот јавно се скараа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и минситерот за правда, Игор Филков, вчера имале лош ден. Ова го посочи премиерот Христијан Мицкоски, откако тие двајца јавно се искараа.„Милошоски е дел од мојот најблизок периметар, тој е додадена вредност во рамките на партијата. Соработката со Милошоски ја оценувам на највисоко ниво“, рече Мицкоски.Потоа го искоментира и министерот Филков.„Филков знам каква состојба затекна во Минситерството, се координираме на дневно ниво за реформите. Но она што можев да го заклучам, а убеден сум дека ова ќе застане на овие два лични ставови, секој има право на лош ден, па така мислам дека тој лош ден и за едниот и за другиот помина“, додаде Мицкоски.Тој кажа дека и соработката со ВЛЕН е квалитетна, а Владата е стабилна.„Имаме исклучително квалитетна соработка, Владата е стабилна, граѓаните да бидат стабилни. Повеќе од 2/3, официјално 78 пратеника ја поддржуваат оваа Влада. Огромно е позитивното мислење дека Македонија се движи во правилна насока“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 11 месец

filkov-milososki

Филков му врати на Милошоски: Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“ сѐ уште нема навика да одговара пред граѓаните, очигледно е неинформиран и изолиран

Министерот за правда има слаби перформанси, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Оценувајќи ја работата на министерот Игор Филков, кој е од редовите на владиниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ партијата ЗНАМ – За Наша Македонија, Милошоски вечерва во Телма рече дека изнесува свој личен став.На ова реагираше министерот за правда Игор Филков на изнесените наводи на Антонијо Милошоски. Ви ја пренесуваме во целост:„Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро го памети по аферите поврзани со АМСМ и семејните бизниси од Кичево, изгледа дека сè уште нема навика да одговара пред граѓаните кои го избрале. Бидејќи очигледно е неинформиран и изолиран од партијата, го упатувам во неговата матична партија или пак во Владата – можеби конечно ќе го известат за постапките, роковите и статусот на законите!И, бидејќи изгледа како некој што работи по туѓи наредби, за кого одработува во моментов? Дали се тоа интересите на граѓаните или некои други агенди? Во минатото е познат по Ванчо Михајлистички ставови, многу лаги и невистини. Ова е лош де-фокус на македонската јавност по двонеделниот „одмор“!Да го потсетам дека во парламентот е од 2011 година, откако се повлече од функцијата министер за надворешни работи и активно учествуваше во креирање на „канцерогениот“ правосуден систем. Сега е добар момент да се потсети јавноста дека токму тој директно учествуваше во процесот на донесувањето на штетните измени на КЗ во 2023 година, со што се спаси од одговорност за кривичното дело ,,Моќник”.Се обраќам и до пошироката македонска јавност која има право да биде информирана околу споменатите закони, но не само за нив, туку уште десетици што се во процедура како:1. Закон за спречување на корупција и судир на интереси (подготвен и објавен на ЕНЕР)2. Предлог закон Закон за судска служба - подготвен и објавен на ЕНЕР.3. Предлог закон за платите на јавните обвинители (МП го достави предлог законот до Влада во септември 2024 година, но тој беше одложен поради немање финансиска согласност од ресорното министерство. Законот ќе се реактивира, обезбедени се финасиски средства во 2025 година за негова имплементација.)4. Закон за јавно обвинителство (подготвен е и ќе се објави на ЕНЕР). Според реформската агенда овој закон заедно со законот за Совет на јавни обвинители треба да се бидат донесени најдоцна до декември 2025 година.5. Закон за Судски совет (треба да се донесе до јуни 2025, моментално е во завршна фаза, по преводот и ќе се испрати на мислење на Венецијанска комисија и Европска комисија)6. Измени на Изборен законик (формирарана е работна група, рокот за носење е јуни 2025)7. Предлог закон за платите на судиите (Според реформската агенда законот треба да се донесе до јуни 2025, работна група работи но потсетуваме декапратениците по скратена постапка извршија намалување на коефициентите за пресметување на платите на судиите во декември 2024 година)8. Предлог закон за кривична постапка (подготвен, одржани се јавни расправи, даден на превод, рок: декември 20259. Закон за државно правобранителство (формирана работна група, рок за носење е септември 2025)10. Предлог закон за судовите (формирана е работна група, се работи на законското решение)11. Предлог закон за судски буџет (формирана е работна група, се работи на законското решение)12. Предлог закон за Совет на јавни обвинители (формирана е работна група, треба да се донесе декември 2025)13. Предлог закон за јавнообвинителска служба (формирана е работна група, се работи на законското решение)14.Предлог закон за платите на јавните обвинители (формирана е работна група, се работи на законското решение)15.Нов Кривичен законик (подготвен, преведен на англиски јазик, рок за носење декември 2025)16. Закон за управување со движење на предметите во судовите (во 2024 година поведена е уставна иницијатива со која се бара делот објавување на правосилни одлуки да се преиспита од страна на Уставниот суд. Доколку со одлука на Уставниот суд се укине одредбата во делот правосилни, ќе се преоцени потребата од измeни на законското решение)."

Македонија | пред 11 месец

filkov

Министерот Филков: Секој што потфрлил за трагедијата во Кочани -ќе одговара

Министерот за правда Игор Филков, изрази најдлабоко сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани и виновнин во оваа трагедија, во која според последните информации загинаа 51 лице и има многу повредени лица.„Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи. Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност! Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда! Секој што потфрлил – ќе одговара.Ова не смее да се повтори никогаш повеќе! Нека почиваат во мир овие млади души“, вели Игор Филков,министер за правда.

Македонија | пред 1 година

filkov-siljanovska-3

Филков од Љубљана: Сега е моментот кога Европската Унија мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја

Министерот за правда Игор Филков учествуваше на меѓународната конференција Кон ЕУ: Зајакнување на интегритетот и независноста на кривичната правда во западен Балкан, која се одржува во Љубљана . Во присуство на голем број министри за правда и високи претставници, министерот Филков посочи дека пред нас е важен период кога мораме да покажеме политичка волја, лидерство и посветеност за спроведување на сите овие реформи. Европската Унија и нејзините институции треба да продолжат да ја поддржуваат оваа амбиција, да покажат лидерство во решавањето на билатералните и регионалните проблеми, и да ја продолжат својата поддршка на патот на интеграцијата на Западниот Балкан.,, Доаѓам од држава и нација која веќе речиси две децении упорно се бори за своето место во Европската Унија. На патот кон оваа крајна цел, соочени сме со многу предизвици и услови кои мораме да ги исполниме. Но, како што сите знаеме, билатералните недоразбирања и спорови со нашиот сосед станаа најголемата пречка за нашите европски перспективи. И ќе се согласите сите дека овие практики се спротивни на вредностите на Европската Унија, вредности кои се темел на интеграција, соработка и почитување на правото.Токму поради ова, сметам дека сега е моментот кога Европската Унија мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја. Мора да биде јасно дека постои подготвеност и ширина за отстранување на билатералните спорови помеѓу земјите кандидати за ЕУ и земјите членки. Не само во рамки на Копенхашките критериуми, туку над нив – во името на регионалната стабилност и европската интеграција.Сега е вистинскиот момент да се стави акцент на глобалната слика и на новата политичка реалност во која се наоѓа современото општество. Европската Унија мора да покаже дека е подготвена за нови предизвици и дека има капацитет да опстои како силна, обединета и глобално конкурентна унија. Овој момент не смееме да го пропуштиме. Потребно е да чекориме заедно. Веќе е се поизвесно дека нема да има повторни шанси да се вратиме на истата патека. Повеќе време за губење – немаме! Европа не чека!”, рече во своето обраќање министерот за правда, Игор Филков.Филков се осврна и на реформите кои се спроведуваат во сферата на правосудството.,,Во последните неколку месеци, Република Северна Македонија презеде значајни чекори. Покрај усвојувањето на важни закони, како Законот за конфискација во граѓанска постапка и Законот за Канцеларијата за поврат на имот, беа преземени и мерки за зајакнување на правосудните институции. Од исклучителна важност се и подготовките на новиот Кривичен законик и Законот за кривична постапка, кои ќе бидат усогласени со европските стандарди и меѓународната пракса. Во моментов, во процес е предлог на закон за заштитено пријавување и заштита на укажувачи. Дополнително, значаен е и процесот на дигитализација во правосудниот систем. Во оваа пригода, би сакал да ја истакнам важноста на напредокот што нашата држава го постигнува во однос на имплементацијата на препораките од ГРЕКО. Особено во контекст на 5-тиот круг, кој се однесуваше на централната власт и Министерството за внатрешни работи.Сакам да ја споделам информацијата дека во периодот од 17-19 март 2025 година, на пленарната седница на ГРЕКО во Стразбур, се очекува да биде затворен 5-тиот круг на евалуација за Република Северна Македонија. Ова е значаен успех, бидејќи од вкупно 23 дадени препораки, 17 се целосно имплементирани, 6 се делумно имплементирани, а неимплементирани препораки немаме. Со ова, нашата држава се истакнува како една од државите кои најбрзо го затвораат овој круг на евалуација”, потенцира министерот Филков.

Македонија | пред 1 година

filkovsd-2

Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална

Министерот за правда Игор Филков во интервју за порталот МКД.мк осврнувајќи се на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител ,Љупчо Коцевски вели дека негова оставка би била логичен и неопходен чекор за зачувување на интегритетот на правосудниот систем доколку е нарушена довербата или ако има доволно аргументирани причини за неговата одговорност.,, Овие резови, реформи и трансформации нема да бидат лесни и секогаш ќе има страна која ќе критикува. Кај широката јавност пак, се чувствува нетрпение, сите сакаат уште побрзо ефикасни решенија кои ќе го унапредат системот, на кој ќе му веруваме сите ние како граѓани. Но ќе треба трпение, знам дека нема назад, одиме само кон вистинскиот пат, кој најчесто е најтежок и најдолг за жал.Во однос на државниот јавен обвинител, неговата одговорност е клучна за правилното функционирање на правосудниот систем и довербата на граѓаните во институциите. Секое мислење од Советот на јавни обвинители е битно за оваа постапка , но важно е да се напомене дека Министерството за правда и Владата нема да се водат исклучиво од мислењата на еден орган, ако тоа значи дека се поддржуваат лица кои не го исполнуваат својот мандат на соодветен и професионален начин. Ако Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, тоа нема да значи дека постапката е завршена. Министерството за правда и Владата имаат обврска да ги преземат сите законски мерки и да го почитуваат процесот предвиден во Законот за јавното обвинителство , вклучително и можноста за покренување на постапка пред Собранието на Република Северна Македонија” ,посочи министерот Филков.Министерот тврди дека во изминатиот период сме биле сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство. Државниот јавен обвинител на Република Северна Македонија постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање за неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Воедно, во јавноста беа лиферувани и информации и податоци за предмети, со што е повредена обврската за тајност во постапките.,,Одлуката за разрешување на Љупчо Коцевски како државен јавен обвинител не е донесена лесно, но е неопходна. Како Влада, но и како министер за правда, имаме обврска да осигураме дека сите институции, вклучувајќи го и обвинителството, ќе работат во согласност со законите, професионално и со највисоките морални стандарди. Коцевски, како јавен обвинител, направи сериозни грешки во вршењето на својата функција, а едната од најголемите е неговото однесување при поставувањето на в.д. виш обвинител, без да се придржува кон утврдените процедури. Ова не само што е правен пропуст, туку и удар врз принципите на транспарентност и правична распределба на должностите. Поставувањето на в.д виш обвинител, без да се постапи по законски утврдените критериуми, претставува сериозно нарушување на интегритетот и функционалноста на обвинителството. Тоа не само што ги доведува во прашање правата на вработените, туку и самата ефикасност и независност на институцијата”,вели министерот за правда Игор Филков.Дополнително, министерот Филков укажува дека во случајот со Коцевски, постоеле наводи и докази дека неговото управување со Обвинителството довело до влошување на внатрешната атмосфера, што го нарушува довербата и ефикасноста на работата на обвинителите.,,Професионалните и етичките стандарди треба да бидат на прво место, и кога тие се загрозени, мора да се интервенира. Доколку некој, а особено високи функционери во правосудството, не успеваат да создадат соработка и здрави меѓучовечки односи во институцијата, тоа директно ја поткопува нејзината ефикасност и интегритет. Затоа, нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата, каде што ќе се обезбеди ефикасност, независност и правда за сите граѓани”,изјави министерот за правда Игор Филков.

Македонија | пред 1 година

filkov

Филков: Наша одговорност е да изградиме силни механизми за правосудството и да обезбедиме дека никој, без разлика на својата позиција или статус, не е изземен од одговорност

Министерот за правда, Игор Филков во интервју за Локално.мк се осврна на актуелните состојби во правосудството, реформите и предизвиците со кои се соочува од моментот на преземањето на функцијата . Враќањето на довербата на граѓаните во правосудниот систем е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Говорејќи за новите имиња на црната листа на САД поради корупција на која се најде и судија, министерот Филков смета дека тоа има голема важност во контекстот на напорите за борба против корупцијата и зајакнување на правдата во нашата земја.„Во врска со новите имиња на црната листа на САД, вклучително и судија од Апелацискиот суд, тоа е сериозен сигнал кој не може да се игнорира. Корупцијата, особено во судството, е еден од најголемите предизвици за демократските институции и владеењето на правото.Во однос на прашањето дали ќе продолжи праксата нашите западни партнери да посочуваат лица вклучени во корупција, а тука да не се преземаат постапки, мора да истакнам дека е многу важно да имаме независни и ефикасни институции кои ќе ги испитуваат и процесуираат овие случаи. Нема да има напредок во борбата против корупцијата ако не постои волја од страна на домашните институции да се преземат конкретни мерки и да се санкционираат оние кои ги прекршуваат законите. Паралелно, треба да признаеме дека меѓународните партнери играат значајна улога во поддршка на нашите напори и ја користат својата позиција за да истакнат каде се проблемите.Наша одговорност е да изградиме силни механизми за правосудството и да обезбедиме дека никој, без разлика на својата позиција или статус, не е изземен од одговорност. Ако некој е посочен како корумпиран, тогаш постапките треба да се водат со целосна транспарентност и праведност, без разлика на тоа дали станува збор за високи судии или други јавни функционери.Нашите меѓународни партнери можат да дадат важни информации и да ни помогнат во откривањето на коруптивните активности, но на крајот, на нас е да ги преземеме неопходните мерки и да осигураме дека правдата ќе се спроведе“, вели Филков.Што се однесува на реформите во Судскиот совет, министерот Филков вели дека по завршувањето на јавните расправи за Судскиот совет, следниот чекор е да се разгледаат сите забелешки и предлози кои беа дадени од страна на учесниците во расправата, вклучувајќи ги и експертите, граѓанските организации, како и јавноста.„Преглед на сугестиите и изработка на финален предлог: Во следната фаза, сите коментари и сугестии кои беа дадени за време на јавната расправа ќе се анализираат од Министерството за правда и од стручни тела. Врз основа на тоа ќе биде изготвен финален предлог кој ќе вклучува можни измени или дополнувања на предложените реформи за Судскиот совет. Овој процес ќе се одвива во консултација со правниците и експертите за правосудни реформи, за да се обезбеди дека се исполнети сите правни и етички стандарди“, потенцира Филков.Во интервјуто за Локално.мк, министерот Филков говори и за функционалноста на Министерството за правда, како да се врати довербата во првoсудството,новиот Кривичен законик, состојбата во затворите и други прашања.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања