Промени тема
Контакт

ИРАН

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Европа пред долг енергетски потрес: цените на горивата нема за брзо да се смират

Европската унија се подготвува за продолжен енергетски шок што веќе ги потресува пазарите и ги турка цените на горивата нагоре, со проценка дека пад на цените не треба да се очекува во скоро време. Предупредувањето доаѓа во контекст на воениот судир на Блискиот Исток и зголемените ризици по снабдувањето, кои ја отворија дилемата дали ЕУ ќе мора да посегне по вонредни мерки, вклучувајќи рационализација на одредени видови гориво и дополнително ослободување на нафта од стратешките резерви.Еврокомес

Свет | пред 6 месеци

media-library95mkf5a77ib85XEzFEy

Нови ракетни напади од Иран врз Израел, конфликтот ескалира

Иран изврши нови ракетни напади врз Израел, и покрај заканите од американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе таргетира иранска инфраструктура, додека конфликтот што трае повеќе од еден месец не покажува знаци на смирување.Според израелските служби за спасување, во нападите нема пријавени жртви, но е регистрирана материјална штета, меѓу која и на железничка станица во Тел Авив. Иранските медиуми објавија дека ракетите биле испалени од Корпус на исламската револуционерна гарда кон јужниот град

Свет | пред 6 месеци

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски со остра порака до Иран: „Нè убивавте, па уште и лажете“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно ги заостри тоновите кон Иран, обвинувајќи го Техеран дека има директна улога како соучесник на Русија во војната против Украина. Во настапот тој потсети на серија настани кои, според него, ја обележале „тешката“ и трауматична линија на односите меѓу двете земји.Зеленски се наврати на соборувањето на украинскиот патнички авион „Ukraine International Airlines 752“ во јануари 2020 година над Техеран, кога загинаа сите 176 лица во леталото. Тој рече д

Свет | пред 6 месеци

media-library39o1eo3e75i86z8ELjA

„Огoрчен сум од Трамп, но војната мора да заврши“, вели поранешниот министер за надворешни работи на Иран

Поранешниот министер за надворешни работи на Иран, Джавад Зариф, изрази остри критики кон американскиот претседател Доналд Трамп, но истовремено повика на завршување на војната.Во објава на социјалната мрежа X, Зариф наведе дека е „огорчен од непромислената агресија и грубите навреди“ од страна на Трамп, но и дека се двоуми околу објавувањето на својот мировен план.„И како Иранец, огорчен од непромислената агресија и грубите навреди на Трамп, но горд на нашите вооружени сили и отпорниот народ, с

Свет | пред 6 месеци

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Европа на удар од „експлозија“ на дизелот: фјучерсите над 200 долари, страв од недостиг и нов инфлаторен бран

Цените на дизелот во Европа денеска (3 април 2026) се искачија на највисоко ниво од 2022 година, откако фјучерсите за дизел на лондонскиот пазар скокнаа над 200 долари по барел, односно околу 1.498 долари по тон, со дневен раст близу 10 проценти.Пазарниот шок доаѓа во услови на сериозни нарушувања во снабдувањето, поврзани со војната со Иран и затворањето на Ормускиот теснец. Од почетокот на конфликтот на 28 февруари, цените на дизелот речиси се удвоија, додека паралелно се засили и притисокот в

Свет | пред 6 месеци

media-librarye6a4lr4djm8cdy3j6GI

Иран тврди дека го погодил дата-центарот на Oracle во Дубаи – Дубаи ги негира нападите

Тензиите на Блискиот Исток добиваат и технолошка димензија, откако Морнарицата на Корпусот на чуварите на исламската револуција (ИРГЦ) соопшти дека извршила напад врз дата-центар на американската технолошка компанија Oracle во Дубаи.Според иранското соопштение, цел на дејствувањето бил објект поврзан со инфраструктурата за обработка на податоци и облачни услуги. Во ист контекст, ИРГЦ претходно наведе дека гаѓал и центар за облачни услуги на Amazon во Бахреин.Иранската страна, повикувајќи се на с

Свет | пред 6 месеци

media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

Трамп по жестоката порака за Иран: „Сè уште не сме ни почнале да уништуваме“

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп денеска упати остра закана дека американската војска „сè уште не почнала да уништува“ што останало во Иран, најавувајќи дека следните цели, покрај мостови, би можеле да бидат и електрани.Во објава на својата мрежа Truth Social, Трамп порача дека американската војска е „најголема и далеку најмоќна“ и дека идните удари би биле насочени кон клучна инфраструктура. Според неговите зборови, раководството на „новиот режим“ знае што треба да с

Свет | пред 6 месеци

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

Трамп му се закани на Иран: „Следни се мостовите, потоа електраните“ – правници предупредуваат на можни воени злосторства

Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова, досега една од најострите закани кон Иран, тврдејќи дека американската војска „сè уште не почнала“ со уништување на клучната инфраструктура во земјата. Во објава на неговата платформа Truth Social, тој порача дека „следни“ би биле мостовите, а потоа и електраните, додавајќи дека „новото водство на режимот“ знае што треба да направи и дека тоа мора да го стори брзо.Реториката на Трамп дополнително ја подгрева загриженоста дека евентуални напади

Свет | пред 6 месеци

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Трамп создаде најголем проблем по пандемијата и сега бара друг да го реши

Нападот на САД и Израел врз Иран кон крајот на февруари предизвика една од најсериозните геополитички и економски кризи во светот во последниве години. Последиците брзо се префрлија на енергетските пазари, трговијата и инфлацијата, а Германија и Европа се соочуваат со ризици споредливи со времето на пандемијата или почетокот на војната во Украина, предупреди германскиот канцелар Фридрих Мерц.Главен фактор за хаосот е затворањето на Ормускиот теснец, преку кој поминува околу петтина од светската

Свет | пред 6 месеци

media-librarymelni2bloki4cBVvQff

Иран и Оман најавија протокол за надзор во Ормускиот теснец, Техеран предупредува на „пропорционален одговор“ по удари врз нуклеарни објекти

Иран соопшти дека заедно со Оман подготвува протокол за надзор на поморскиот транзит низ Ормускиот теснец, потег кој, според Техеран, има за цел да го олесни и да го обезбеди безбедниот премин на бродовите по една од најважните светски пловни артерии.Како што изјави Казем Гарибабади, заменик-министер за надворешни работи на Иран задолжен за правни и меѓународни прашања, движењето на бродовите во мирнодопски услови го координираат Иран и Оман како две крајбрежни држави. Тој нагласи дека предвиден

Свет | пред 6 месеци

media-library25dri4qmp5nj34ELP6W

(Видео) Трамп објави снимка од напад во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави видео на својата социјална мрежа Truth Social, за кое тврди дека го прикажува уривањето на „најголемиот мост во Иран“ во напад, повторно повикувајќи го Иран да постигне договор „пред да биде предоцна“.„Најголемиот мост во Иран се урива и повеќе никогаш нема да се користи. Следува уште многу! Време е Иран да постигне договор пред да биде предоцна и пред од она што можеше да стане голема земја да не остане ништо“, напиша Трамп во објавата.Според иранск

Свет | пред 6 месеци

media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

Хегсет зборува за „камено доба“, иранската амбасада возврати со порака за „цивилизација“

Вербалната војна меѓу САД и Иран доби нова, симболички набиена димензија откако американскиот министер за одбрана Пит Хегсет упати остри пораки во насока на Техеран, користејќи ја фразата „враќање во камено доба“. Најавата предизвика брз и јавен одговор од иранската страна – овојпат преку дипломатска мисија на Иран во Јужна Африка.Во објава на социјалната мрежа X, иранската амбасада го исмеа терминот „камено доба“ и ја сврте реториката кон историски аргументи, наведувајќи дека Иран не е само држ

Свет | пред 6 месеци

media-libraryq6m5i0hhhhnf0uFSwn9

(Видео) Потврдени снимки од експлозии кај иранска ракетна база

Автентичноста на снимките кои прикажуваат силни експлозии во близина на голема иранска ракетна база на периферијата на градот Исфахан е потврдена, откако тие беа анализирани од BBC Verify.Станува збор за три видеозаписи кои почнале да се шират на социјалните мрежи, а на кои се гледа густ чад, огнени фрагменти и повеќекратни експлозии во близина на базата „Исфахан Југ“.На една од снимките се забележува голем столб од чад и распрскани огнени парчиња во воздухот, додека лице кое снима реагира на си

Свет | пред 6 месеци

media-librarykih9e2p1ih0h4SIzpwg

Техеран ги обвини САД и Израел за напад на здравствен центар

Иранските власти остро реагираа по нападот врз еден од најстарите истражувачки и јавно-здравствени центри на Блискиот Исток, оценувајќи го како „варварски чин“ и директен удар врз основните човечки вредности.Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багаеи, изјави дека станува збор за „целосно скандалозен“ и „срцепарателен, суров и презирен“ напад, за кој директно ги обвини САД и Израел.„Ова е варварски напад врз темелните човечки вредности“, порача Багаеи.Претходно, ира

Свет | пред 6 месеци

avstrija

Австрија ги одби сите американски барања за воени прелети, повикувајќи се на неутралност

Австриската влада од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток ги одбила сите барања на Соединетите Американски Држави за воени прелети над австриска територија, повикувајќи се на државната политика на неутралност, соопшти портпарол на австриското Министерство за одбрана.Портпаролот, полковник Михаел Бауер, изјавил дека за секој прелет мора да се поднесе формално барање и дека, кога станува збор за држава што е во војна, ваквите барања се одбиваат. Тој појаснил дека одлуките се носат во координа

Свет | пред 6 месеци

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран со остар одговор до Трамп: „Нашата цивилизација е стара 6.000 години – а вашата?“

Техеран испрати остар политички и реторички одговор до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој најави дека САД ќе го „вратат Иран во камено доба“. Реакцијата доаѓа во екот на новата ескалација и зголемените закани меѓу Вашингтон и Техеран, со дополнителна чувствителност поради улогата на Пентагон и пошироката безбедносна динамика на Блискиот Исток.Командантот на Воздушно-космичките сили на Револуционерната гарда, Маџид Мусави, порача дека токму САД се тие што „ги тераат своите војници

Свет | пред 6 месеци

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Техеран со тврда закана: „Ако се обидат со копнена инвазија, ниту еден американски војник не смее да преживее“

Врховниот командант на иранската армија, Амир Хатами, побара од оперативните штабови со „најголема прецизност“ и „од момент во момент“ да ги следат движењата на САД и Израел, подготвувајќи се за можност од копнена инвазија.Пораката беше пренесена преку видео-снимка објавена од иранската државна новинска агенција, во која Хатами е снимен на состанок со други воени лидери. Во соопштение, агенцијата ги сумираше клучните точки од неговото обраќање.„Ако непријателот се обиде да изведе копнени операци

Свет | пред 6 месеци

media-librarycg9bgeldqdbfeURnbFw

Грција ја крева борбената готовност: страв од ирански ракети и закани за базата „Суда Беј“ на Крит

Грција ги засилува безбедносните и воените подготовки поради стравувања дека ескалацијата на Блискиот Исток би можела да се прелее и на европско тло, при што како особено чувствителна точка се посочува американската поморска база „Суда Беј“ на островот Крит. Според процените што кружат во безбедносните кругови, базата и поширокиот регион би можеле да се најдат во фокус на потенцијални одмазднички дејства поврзани со Иран и неговите сојузници.Грчките сили неодамна одржаа „рутинска“ воена вежба во

Свет | пред 6 месеци

media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

Трамп се умори од војната со Иран – поголем страв му се изборите во ноември 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп станува сè понетрпелив во однос на војната против Иран, оценувајќи дека конфликтот му е „досаден“ и дека сака брзо да го затвори за да се насочи кон домашниот политички фронт. Во анализата се посочува дека неговата главна грижа не се бомбите и ракетите, туку среднорочните избори за Конгресот, закажани за ноември 2026 година.Според авторот на анализата, Трамп на состаноци покажува знаци на незаинтересираност – клима со глава, избегнува подетални брифинзи и ј

Свет | пред 6 месеци

media-libraryk9g879p29a9r6Z8QM2s

Макрон по Јапонија замина за Јужна Кореја: Париз бара посилни сојузи, додека Вашингтон ги заострува пораките за Иран

Францускиот претседател Емануел Макрон од Јапонија отпатува за Јужна Кореја, продолжувајќи ја азиската турнеја во чувствителен момент за глобалната безбедност и енергетските текови, откако реториката околу војната во Иран дополнително се заостри.За време на престојот во Токио, Макрон потпиша план за соработка во областа на критичните минерали и одбранбената соработка, а оствари и средби на високо ниво, вклучително и со јапонската премиерка, како и протоколарни средби со императорскиот пар. Негов

Свет | пред 6 месеци

media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

Иран: Војната ќе трае до целосен пораз на непријателот

Иранските вооружени сили најавија дека војната против САД и Израел ќе продолжи сè додека, како што наведуваат, непријателот не биде целосно поразен, директно доведувајќи ги во прашање изјавите на Доналд Трамп дека конфликтот може да заврши за неколку недели.Во соопштение пренесено од иранската агенција, портпарол на војската испрати јасна порака за натамошна ескалација.„Војната ќе продолжи до предавање на непријателот и негово трајно каење“, изјави портпарол на иранската војска.„Можеме да изведе

Свет | пред 6 месеци

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Војната ги турка цените нагоре

Затворањето на Ормутски теснец поради војната меѓу САД, Израел и Иран предизвика шок во глобалното снабдување со нафта, а авиоиндустријата се соочува со сериозна криза што веќе ги менува правилата на игра.Цената на авионското гориво за само еден месец е повеќе од двојно зголемена, скокајќи од околу 96 на 197 долари за барел. Тоа директно се одразува врз трошоците на авиокомпаниите, при што полнењето на еден авион од типот „Боинг 737-800“ за кратко време поскапело за десетици илјади долари.Финанс

Свет | пред 6 месеци

media-libraryoop8gvjbr0hf7v7qDXK

Десетици танкери блокирани кај Ормутскиот теснец

Десетици нафтени танкери утринава остануваат закотвени од двете страни на Ормутски теснец, додека иранската блокада на еден од најважните енергетски коридори во светот продолжува.Податоците од сервисите за следење на поморскиот сообраќај покажуваат дека голем број бродови мируваат во близина на бреговите на Обединетите Арапски Емирати и Оман, чекајќи можност за безбедно минување.Ормутскиот теснец е од клучно значење за глобалната енергетска стабилност, со оглед дека низ него поминува околу една

Свет | пред 6 месеци

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Човек на Трамп поднесе оставка, сега бара: Запрете ја војната

Поранешниот директор на Националниот центар за борба против тероризмот Џо Кент, кој поднесе оставка поради војната со Иран, јавно го повика американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине конфликтот.Кент реагираше по обраќањето на Трамп до нацијата, испраќајќи директна порака против продолжување на воените операции.„Не им оддаваме почит на загинатите така што испраќаме уште наши најдобри мажи и жени во смрт на Блискиот Исток. Почит им оддаваме така што учиме од минатото и ја проливаме амери

Свет | пред 6 месеци

media-librarye748rg39tmkcbBPvYGY

Иран: Војната ќе трае до целосен пораз на САД и Израел

Иранските вооружени сили порачаа дека војната против САД и Израел ќе продолжи сѐ додека противникот не биде целосно поразен, ставајќи под знак прашање изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека конфликтот може да заврши во наредните недели.Во соопштение пренесено од иранската агенција Tasnim, портпаролот на иранската војска предупреди на можна натамошна ескалација. „Војната ќе продолжи до предавање на непријателот и негово трајно каење“, се наведува во изјавата.Тој додаде дека Иран

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања