Промени тема
Контакт

МВР

media-librarya1vjsnk8rb711QzrCz8

Ја зел машината за да го измие возилото, па паднал: 35-годишник починал во болница

35-годишен жител на Студеничани починал откако, според првичните информации, паднал во дворот на куќа при употреба на машина за перење под притисок, при што постои сомнение дека доживеал струен удар.Случајот бил пријавен на 16 септември околу 11:40 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, Х.Б. (35) дошол во дворот на куќата во Студеничани, сопственост на А.С. (56), и ја зел машината за да го измие возилото.При употребата тој паднал, најверојатно поради струен удар. Со возило на Итната медицинска

Македонија | пред 1 седмица

media-library9q24ke3t098m3eIMrzW

1.875 прекршоци во август при контролите на велосипедисти, мопедисти и мотоциклисти

Вкупно 1.875 прекршоци биле констатирани во текот на август при зајакнатите сообраќајни контроли насочени кон возачите на велосипеди, мопеди, мотоцикли и други лесни моторни возила.Секторот за сообраќајни работи при МВР контролите ги спровел на целата територија на државата, при што најголем број прекршоци биле евидентирани на подрачјето на СВР Скопје – 503. Следуваат СВР Битола со 230, СВР Струмица со 216, СВР Охрид со 179, СВР Тетово со 178, СВР Штип со 169, Мобилната единица за безбедност на

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Марихуана пронајдена при претрес во дом во Прилеп, приведен 19-годишник

Марихуана била пронајдена при претрес во дом во Прилеп, по што полицијата лишила од слобода 19-годишно лице.На 16 септември во 15:05 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.И. (19) од Прилеп.Претресот во неговиот дом бил извршен со наредба од Основен суд Прилеп, при што била пронајдена и одземена марихуана.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против 19-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryih13c1opq9qb7UhBKlJ

Уапсен 20-годишник во Ресен, управувал мопед без возачка дозвола

20-годишен жител на Ресен бил лишен од слобода откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал мопед без возачка дозвола.На 16 септември во 16:08 часот, на улицата „Борис Кидрич“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го сопреле мопедот со ресенски регистарски ознаки, управуван од Т.М. (20) од Ресен.При контролата било констатирано дека тој управувал без да поседува возачка дозвола, по што бил лишен од слобода.Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе сл

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydpk6v0q98ovrbG422DH

69-годишна прилепчанка фрлала стаклени предмети од тераса и го нарушила јавниот ред и мир

Јавниот ред и мир бил нарушен на улицата „Трајко Сандански“ во Прилеп, откако 69-годишна жена фрлала стаклени предмети од тераса.Случајот бил пријавен на 16 септември во 19:00 часот во ОВР Прилеп. Станува збор за М.Ц. (69) од Прилеп.Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykrpnitc3cavm6ovyxPr

Пронајден починат 55-годишен државјанин на Албанија во Карамани

Во село Карамани, битолско, на 16 септември било пријавено дека починал 55-годишен државјанин на Република Албанија.Станува збор за Д.Т. (55), чија смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Битола. При прегледот не биле забележани траги на насилство.По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта.Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9fm15rp16ldr5VDJsGw

Поранешен директор на Здравен дом во Свети Николе пријавен за отуѓување имот вреден 75.000 денари

Кривична пријава е поднесена против 63-годишен жител на Свети Николе, кој во текот на 2025 година ја извршувал функцијата директор на ЈЗУ Здравен дом „Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски“.Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе пријавен е С.Б. (63) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Според пријавата, во својство на директор на здравствениот дом, тој не постапил согласно одредбите од Законот за користење

Македонија | пред 2 седмици

media-library2ic3h82itg505H8rGXl

Запалил сува трева и шут во дворот, па предизвикал пожар на ридот кај Велес

Пожар што избувнал откако 59-годишен велешанец запалил сува трева и отпаден шут во својот двор довел до негова интервенција од страна на полицијата.На 16 септември во 13:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Т. (59) од Велес, поради предизвикување пожар.Според пријавеното, огнот од дворот се проширил кон блискиот рид, каде што зафатил сува трева. Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес.За случајот бил извест

Македонија | пред 2 седмици

media-library7dk9hfnjg8siaW5YfEh

Гостиварец приведен по распишана телеграма поради сомнение за тешка кражба

29-годишен жител на Гостивар бил лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.Од МВР информираат дека на 16 септември во 21:20 часот, на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ш. (29) од Гостивар.За него била распишана телеграма од СВР Охрид – ОВР Струга поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.М.Ш. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Му се заканувал со пиштол додека ги напасувал овците во Битуше

Жител на Велебрдо пријавил дека бил загрозуван со огнено оружје додека ги напасувал овците во селото Битуше.Од МВР информираат дека на 16 септември во 17:20 часот, во Полициското одделение Ростуше, А.А. (52) од село Велебрдо пријавил дека во Битуше лицето Д.„Н“ му се заканувало со пиштол.Според пријавата, инцидентот се случил додека 52-годишниот жител ги напасувал овците.Полицијата презема мерки и активности за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

h_54384372-220098

60-годишен тетовец уапсен, кај него пронајдена кафеава прашкаста материја

Полицијата привела 60-годишен тетовец откако при извршен преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја.Од МВР информираат дека на 16 септември во 18:50 часот, на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода И.Б. (60) од Тетово.Материјата била пронајдена при извршениот преглед. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 седмици

media-library13up26lutd46fofNuTW

Маж ги нападнал брат му и снаата

60-годишна жена од Гостивар пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од нејзиниот девер.Според информациите од МВР, жената на 16 септември во 17:50 часот пријавила дека околу 16 часот истиот ден, во Гостивар, Р.М. физички ги нападнал неа и нејзиниот сопруг Л.М.Полицијата презема мерки и активности за расчистување на настанот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library8tso8ildoo8k70M1b3k

42-годишна жена украла пари од паричник на Тетовец

Жена од Штип била лишена од слобода во Тетово под сомнение дека украла пари од паричник на 64-годишен жител на Тетово.Од МВР информираат дека на 16 септември во 15 часот, во населбата Поток во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Н.М. (42) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, според член 235 од Кривичниот законик.Според пријавеното, Н.М. се сомничи дека на 14 септември му одзела пари од паричникот на Н.Х. (64) од Тетово. Кражбат

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryoseu6q8l8vmr2EsB9nx

Вандализирани излог, куќа и автомобил со графити во Гостивар

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот кој испишал графити на три различни локации во Гостивар.Од МВР информираат дека на 16 септември полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле увид на локациите каде што биле пријавени испишани графити.Еден графит бил забележан на излогот од угостителски објект на улицата „Кочо Зози“, сопственост на Н.Ѓ. (76) од Гостивар. Два графити биле испишани на фасадата од куќа сопственост на Ш.С. (55), а уште два биле забележани на патничко моторно возило

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt99h4t306e1u5cc8a0J

Тројца албански државјани и двајца турски државјани работеле без дозвола и незаконски престојувале во Македонија

Петмина странски државјани биле приведени во Гостивар поради незаконски престој и работа без соодветна дозвола во Македонија.Од МВР информираат дека на 16 септември, во периодот од 10 до 11 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, заедно со Трудовата инспекција, спровеле акциска контрола во три објекти на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар.При контролата биле приведени О.П. (46), М.Е. (71) и Ч.В. (74), сите од Албанија, како и А.М. (39) и Е.Е. (40) од Турција.Според МВР, лицата биле затекна

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi2jjk0075tur6rBG75F

Приведен 43-годишен скопјанец баран за издржување четири години затвор

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје денеска го лишиле од слобода 43-годишниот З.П. од Скопје, кој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна од четири години.Од МВР информираат дека лицето било лишено од слобода во 18:10 часот на подрачјето на Аеродром од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција.З.П. се барал со судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од четири години поради кривично де

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

МВР со повеќе случаи со дрога: Пронајдени марихуана и други материи, следуваат пријави

Повеќе случаи поврзани со пронајдена и одземена марихуана, како и други материи, се регистрирани во Скопје, Гостивар, Кичево, Прилеп, Охрид и Струга. Во дел од случаите се поднесени кривични пријави, а во други полицијата лишила лица од слобода.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против С.Ф. (25) од село Ростуше, Општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотроп

Македонија | пред 2 седмици

IMG_5225

Избувнал пожар во задниот дел на автобус на ЈСП на постојка во Центар

Пожар избувнал во задниот дел од автобус на ЈСП додека се наоѓал на автобуска постојка на подрачјето на Центар. Во инцидентот нема повредени, а сите патници безбедно го напуштиле автобусот.Од МВР информираат дека на 15 септември 2026 година околу 17:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар избувнал пожар во задниот дел на автобус на ЈСП.Пожарот бил изгаснат од возачот и од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.Нема повредени лица, а

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Жена го нападнала сопругот, па му се заканувала со остар предмет

Семејна расправија во Драчево завршила со пријава во полиција, откако 38-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат и потоа заплашуван со остар предмет од неговата сопруга.Од МВР информираат дека на 15 септември 2026 година околу 15 часот, во СВР Скопје, 38-годишниот маж пријавил дека во својот дом на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од сопругата Д.Р., со која бил во бракоразводна постапка.Според пријавеното, по физичкиот напад, Д.Р. му упатувала закани со остар предмет.Од СВР Скоп

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryu95mndbpf2uacNbhhC4

Група малолетници биле нападнати од врсници во Горно Лисиче, едниот го ограбиле со остар предмет

Малолетник и негови другари биле нападнати од група малолетници во скопската населба Горно Лисиче, при што од едниот од нив била одземена чанта со паричник, мобилен телефон и други предмети.Од МВР информираат дека на 15 септември 2026 година околу 22:20 часот, во СВР Скопје, Д.Б. (49) од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син и негови другари биле нападнати од неколку други малолетници.Според пријавеното, еден од напаѓачите, кого малолетниците го познавале, со употреба на остар предмет од с

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhmkvg0vpnaumefhiBOH

Син го нападнал татко му во семејниот дом во Виница

Седумдесет и четиригодишен жител на Виница пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својот 51-годишен син во семејниот дом.Од МВР информираат дека на 15 септември 2026 година во 21 часот, во ОВР Виница, 74-годишниот маж пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговиот син М.Ј. (51), исто така од Виница.За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Осум возачи уапсени за безобѕирно управување, петмина возеле без возачка дозвола

Осум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации во државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од МВР информираат дека петмина од приведените управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Б.Р. (55) од село Сарај, скопско, М.С. (29) од село Петровец, скопско, И.М. (51) од село Ранковце, Е.Е. (19) од село Десово, прилепско и 17-годишник од село Бузалково, велешко.Според МВР, 17-годишникот со мотоциклот што

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc8de35nm46466F8a66x

Татко агресивно се однесувал и му се заканувал на синот

Полицијата привела 46-годишен жител на Куманово поради сомнение дека агресивно се однесувал кон својот 24-годишен син и му упатувал закани.Од МВР информираат дека на 15 септември 2026 година во 21:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С. (46) од Куманово.Според пријавеното, тој агресивно се однесувал кон својот син и му се заканувал.Д.С. бил приведен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Пресретнал група малолетници и нападнал еден од нив, кривична пријава против 42-годишник

Кривична пријава е поднесена против 42-годишен жител на село Новак, општина Центар Жупа, поради сомнение дека физички нападнал малолетник.Од МВР информираат дека ОВР Дебар поднело кривична пријава против У.К. (42), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик.Според пријавата, на 10 август 2026 година во селото, У.К. пресретнал група малолетници, по што физички нападнал еден од нив.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryoluhdgkdpnv03GJFq3a

По расправија ја полеал сопругата со врело кафе, 52-годишник приведен

Педесет и двегодишен жител на гостиварско село е лишен од слобода откако неговата сопруга пријавила дека по кратка расправија во семејниот дом ја полеал со врело кафе, при што се здобила со изгореници.Од МВР информираат дека на 15 септември 2026 година во 23:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.К. (52) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга.Според пријавата, во семејниот дом, по кратка расправија, Б.К. истурил врело кафе врз с

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања