Промени тема
Контакт

МВР

uapsen

Запалиле кабли на депонијата кај Буково, три лица уапсени

Тројца се лишени од слобода во врска со пожарот на депонијата кај Буково, откако било пријавено дека на локацијата запалиле поголема количина кабли, информира МВР.На 17 септември во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Ф.А. (27) од Кавадарци, Е.И. (31) од Штип и Е.Н. (38) од Струга.При постапувањето, во близина на депонијата било забележано товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки, натоварено со кабли и друг материјал.По целосното документирање на случа

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp3d0u4fehc2raPK0ffr

Возел товарно возило за време на активна забрана

69-годишен жител на охридското село Долно Коњско е лишен од слобода во Ресен откако полицијата го затекнала како управува товарно возило, иако имал активна забрана за управување возила од Ц категорија.Од МВР информираат дека на 17 септември во 23:45 часот, на улицата „Корчуланска“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен, при сообраќајна контрола, запреле товарно возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Л. (69).При проверката било утврдено дека тој управувал за време на а

Македонија | пред 1 седмица

napad

Битолчанец ја нападнал сопругата и нејзиниот татко

33-годишен битолчанец е лишен од слобода поради сомнение дека физички ги нападнал својата сопруга и нејзиниот татко.Од МВР информираат дека на 17 септември во 23:30 часот полициски службеници од СВР Битола го привеле И.Ш. (33) од Битола по пријава за физички напад врз неговата 36-годишна сопруга и нејзиниот татко.Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Тројца возачи уапсени во Гостивар и Тетово, сите возеле без дозволи

Тројца возачи се лишени од слобода во Гостивар и Тетово откако полициските проверки покажале дека управувале возила без возачки дозволи.На 17 септември во 17:45 часот, во населбата Циглана во Гостивар, полицајци го лишиле од слобода Б.А. (26) од Гостивар. При сообраќајна контрола бил запрен мопед со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал без возачка дозвола. Мопедот бил одземен.Истиот ден околу 19:55 часот, на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полицијата извршила уви

Македонија | пред 1 седмица

oblozuvanje

Маж со нож одзел пари од обложувалница во Тетово

Во спортска обложувалница во Тетово се случило разбојништво, при што маскирано? лице со закана со нож од вработена одзело пари и побегнало.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 18 септември во 00:30 часот во СВР Тетово. Според пријавеното, претходната вечер околу 22:50 часот, во спортска обложувалница на улицата „Илинденска“, едно машко лице со закана со нож од вработената одзело пари, по што го напуштило објектот.На местото бил извршен увид, а полицијата презема мерки за пронаоѓање н

Македонија | пред 1 седмица

media-library4l3ts3o5mpgv5peBkQR

Жена паднала од два метри ѕид кај угостителски објект на патот Маврово–Дебар

27-годишна жена од Дебар се повредила откако паднала од ѕид висок околу два метра во близина на угостителски објект на регионалниот пат Маврово–Дебар.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 17 септември во 23:10 часот во Полициското одделение Ростуше. Вработената А.К. паднала кај помошниот влез на угостителскиот објект, на местото познато како Манастирска крстосница.По падот, таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ била укажана лекарска помош.Увид на ме

Македонија | пред 1 седмица

media-library1usmvgt51qbi8d01cek

Запленети над 1.000 парчиња различна стока без документација, приведен кумановец

Полицијата приведе 36-годишен жител на кумановското село Гошинце поради сомнение за криумчарење, откако во товарно возило со кое управувал биле пронајдени повеќе од 1.000 парчиња различна стока без потребната документација.Како што соопшти МВР, С.С. бил лишен од слобода на 17 септември околу 19:50 часот од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Белановце“ при Регионалниот центар за гранични работи „Север“.Полицајците во реонот на селото Липково му дале

Македонија | пред 1 седмица

media-library61qpmgfaacd59tUJd1h

Расчистени две кражби во Тетово, уапсени двајца осомничени

Полицијата расчисти два одделни случаи на кражби во Тетово, при што се лишени од слобода две лица осомничени за сторени кривични дела.На 17 септември, во 12:00 и во 14:50 часот, во селото Порој и во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.К. (27) од Порој и А.Ц. (19) од Тетово, поради сомнение дека сториле кривични дела „тешка кражба“ според член 236 од Кривичниот законик.С.К. се сомничи дека во текот на ноќта меѓу 15 и 16 септември, со употреба на сила влегол во продаж

Македонија | пред 1 седмица

2

Уапсен бегалец од Затворот „Идризово“ во Гостивар

Бегалец од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ денеска бил лишен од слобода во Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи.Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, во содејство со колеги од ОВР Гостивар, го пронашле и го лишиле од слобода Е.А. (42) од Гостивар, кој бил во бегство од затворот.Тој бил осуден на 12 години и осум месеци затвор за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психо

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg3m27d9fae9kcaNdWUW

Жената која фрлаше отпад во Лепенец доби две санкции од МВР

Жената која беше снимена како фрла отпадоци во реката Лепенец е идентификувана и санкционирана од полицијата.Од МВР информираат дека денеска, 17 септември, во 11:45 часот, во Полициската станица од општа надлежност Карпош била повикана М.И.Б. (38) од Скопје, во врска со видеоснимките објавени на социјалните мрежи.На снимките се гледа како непознато женско лице со патничко возило „порше“, на улицата „Скупи“, кај мостот на реката Лепенец, фрла отпадоци во реката.По преземените мерки и активности,

Македонија | пред 1 седмица

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

При полициска контрола приложил фалсификувана возачка дозвола

Кривична пријава е поднесена против 35-годишен жител на Виница, откако при полициска контрола во Штип било утврдено дека приложил фалсификувана возачка дозвола.СВР Штип поднело пријава против Ј.К. (35) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „фалсификување на исправа“.Случајот бил откриен на 14 јуни 2026 година на улицата „Брегалничка“ во Штип. При извршена контрола на документацијата, полициските службеници констатирале дека пр

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhmkvg0vpnaumefhiBOH

Му се заканувал на татко му и фрлал предмети од покуќнината

Кривична пријава е поднесена против 49-годишен жител на Струга поради сомнение за загрозување на сигурноста на неговиот 78-годишен татко.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела пријава против М.Д. (49) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.Според пријавеното, на 7 септември во семејниот дом во Струга, тој упатувал закани кон својот татко и фрлал предмети од покуќнината.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Петмина возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возило

Петмина возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.Меѓу приведените се четворица возачи кои управувале возила без да положат возачки испит. Станува збор за В.Н. (29) и Х.И. (20) од Скопје, Н.Н. (20) од Кавадарци и Р.Т. (20) од Куманово.Полицијата го лишила од слобода и 56-годишната Љ.Ф. од Скопје, која управувала возило под дејство на алкохол и притоа предизвикала

Македонија | пред 1 седмица

media-library35gkg77b4skt1N61Rtx

Тешко повреден 18-годишен мотоциклист во сообраќајка во Кавадарци

18-годишен мотоциклист од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во градот.Несреќата била пријавена на 16 септември во 20:30 часот во ОВР Кавадарци, а се случила на улицата „8 Септември“. Во неа учествувале патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И. (44) од Кавадарци, и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, кој го управувал О.Р. (18), исто така од Кавадарци.Мотоциклистот се здобил со тешки телесни пов

Македонија | пред 1 седмица

media-library7djgeiaegpmg21sm8O4

Тешко повреден 29-годишен мотоциклист во сообраќајка на патот Охрид–Св. Наум

29-годишен мотоциклист од Мислешево се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Охрид–Св. Наум.Несреќата била пријавена на 16 септември во 11:00 часот во СВР Охрид. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј. (87) од Скопје, и мотоцикл „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Х.П. (29) од село Мислешево, струшко.Во судирот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Спец

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

76-годишна стружанка тешко повредена откако била удрена од товарно возило

76-годишна жена од Струга се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од товарно возило на улицата „Димитар Влахов“.Сообраќајната несреќа била пријавена на 16 септември околу 11:20 часот во ОВР Струга. Во несреќата учествувало товарно возило „фиат добло“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот А.С. од Струга.Возилото ја удрило В.П. (76) од Струга, која се здобила со тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Струга.Увид на местото из

Македонија | пред 1 седмица

biometriskakarticka

Со пронајдени туѓи картички направиле трансакции од над 7.000 денари

Две кривични пријави биле поднесени во Кавадарци и Неготино против лица кои, според пријавите, пронашле туѓи платежни картички и ги употребиле без согласност на сопствениците.ОВР Кавадарци поднела кривична пријава против Р.Н. (70) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.Според пријавата, тој претходно пронашол туѓ паричник, а на 5 август 2026 година, без дозвола и согласност на сопственикот, ја употре

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuv02ob277vl9cvGB1hd

Со остар предмет повредил полицаец и се заканувал на вработени во Центарот за социјални работи

Кривична пријава е поднесена против 40-годишен кратовчанец, кој, според пријавеното, им се заканувал на полициски службеници и вработени во Центарот за социјални работи, а потоа со остар предмет повредил полицаец.ОВР Кратово поднело кривична пријава против П.Ј. (40) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.Настанот се случил на 11 септември 2026 година, кога пријавениот упатувал

Македонија | пред 1 седмица

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Маж ја нападнал својата 26-годишна вонбрачна партнерка

28-годишен жител на Чашка бил лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата 26-годишна вонбрачна партнерка.На 16 септември во 17:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го привеле Н.Д. (28), постапувајќи по претходно пријавен случај на семејно насилство.Според пријавата, нападот се случил во домот на лицето, каде што тој физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка.Н.Д. бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целос

Македонија | пред 1 седмица

pozar

Пожар во куќа во Центар во која долго време никој не живеел

Пожар избувнал во куќа во скопската општина Центар во која подолг период никој не живеел. Во пожарот нема повредени лица.Случајот бил пријавен на 16 септември околу 08:05 часот во СВР Скопје. Куќата е во сопственост на Ѕ.М. (60).Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.На местото бил извршен увид.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Малолетник тешко повреден по напад во двор на основно училиште во Ѓорче Петров

Малолетник бил тешко повреден откако бил физички нападнат од неколку други малолетници во двор на основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров.Случајот бил пријавен на 16 септември околу 21:00 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, нападот се случил по претходна расправија, а меѓу напаѓачите бил и малолетник кого повредениот го познавал.Во нападот малолетникот се здобил со тешки телесни повреди.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

tepachka-deca

Тепачка на вчерашниот ракометен натпревар во Аеродром, приведени двајца скопјани

Двајца скопјани биле приведени откако физички се пресметувале за време на ракометен натпревар во спортска сала во општина Аеродром.На 16 септември во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.К. (24) и И.С. (30), двајцата од Скопје.Според МВР, двајцата сториле прекршок согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, односно физички се пресметувале додека траел ракометниот натпревар.По целосното документирање на случај

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya1vjsnk8rb711QzrCz8

Ја зел машината за да го измие возилото, па паднал: 35-годишник починал во болница

35-годишен жител на Студеничани починал откако, според првичните информации, паднал во дворот на куќа при употреба на машина за перење под притисок, при што постои сомнение дека доживеал струен удар.Случајот бил пријавен на 16 септември околу 11:40 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, Х.Б. (35) дошол во дворот на куќата во Студеничани, сопственост на А.С. (56), и ја зел машината за да го измие возилото.При употребата тој паднал, најверојатно поради струен удар. Со возило на Итната медицинска

Македонија | пред 1 седмица

media-library9q24ke3t098m3eIMrzW

1.875 прекршоци во август при контролите на велосипедисти, мопедисти и мотоциклисти

Вкупно 1.875 прекршоци биле констатирани во текот на август при зајакнатите сообраќајни контроли насочени кон возачите на велосипеди, мопеди, мотоцикли и други лесни моторни возила.Секторот за сообраќајни работи при МВР контролите ги спровел на целата територија на државата, при што најголем број прекршоци биле евидентирани на подрачјето на СВР Скопје – 503. Следуваат СВР Битола со 230, СВР Струмица со 216, СВР Охрид со 179, СВР Тетово со 178, СВР Штип со 169, Мобилната единица за безбедност на

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Марихуана пронајдена при претрес во дом во Прилеп, приведен 19-годишник

Марихуана била пронајдена при претрес во дом во Прилеп, по што полицијата лишила од слобода 19-годишно лице.На 16 септември во 15:05 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.И. (19) од Прилеп.Претресот во неговиот дом бил извршен со наредба од Основен суд Прилеп, при што била пронајдена и одземена марихуана.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против 19-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања