16 без возачка дозвола и 2 со забрана за возење – масовни контроли на сообраќајната полиција
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата, полициските службеници лишиле од слобода 18 возачи за безобѕирно управување со возило. Од нив, 16 возеле без возачка дозвола, а двајца со активна забрана за управување.Во Скопје се лишени од слобода осум возачи (од кои двајца малолетници), во Гевгелија тројца, во Кичево двајца, а по еден во Тетово, Радовиш и Дебар. Кај еден возач во Скопје била пронајдена марихуана, додека кај возач во Тетово биле измерени 1,46 промили алкохол во крв
Македонија | пред 2 месеци