Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР

media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Уапсени седум возачи: петмина возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина (двајца во Кичево и тројца во Скопје) управувале возило без возачка дозвола, а двајца ( по еден во Неготино и Кичево) управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и проп

Македонија | пред 3 месеци

2022-08-06_10-08-35-098

Четири лица уапсени во струмичко, пронајдена марихуана при претрес

На 29.04.2026 во 23:15 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода С.З.(36), Д.В.(21), Б.М.(20) и С.А.(40), сите од село Муртино, струмичко. При претрес во домот на С.З. извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д.В., Б.М. и С.А. била пронајдена марихуана.Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на настанот ќе биде поднесена соо

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Нападнале 36 годишен маж па му го украле телефонот - приведени две лица во Струмица

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против две лица од Струмица, поради сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „прикривање“.Првопријавениот С.Х. (27) се сомничи дека на 21 април 2026 година околу 18 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, физички нападнал 36-годишен жител од село Мокрино, при што му одзел мобилен телефон и избегал.Второпријавениот А.Х. (25) се товари за кривично дело „прикривање“, откако украде

Македонија | пред 3 месеци

puska

Запленети автоматска пушка, пиштол, револвер и дрога при претрес во дом во Велешта

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Х.(51) од с.Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со рамка и куршуми, пиштол со рамка и куршуми, револвер, доде

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya6m92rifrkdt9WnebWn

74-годишен маж тепал дете во маркет во Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.На 21.03.2026 во маркет во Штип, пријавениот физички нападнал дете.

Македонија | пред 3 месеци

Galicica-Prespansko

Пронајдена граната од прва светска војна во Преспанско езеро

На 30.04.2026 во 10:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во туристичката населба во с.Отешево, ресенско, во водите на Преспанското езеро била пронајдена граната.Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, гранатата е безбедно подигната и утврдено е дека се работи за минофрлачка граната 75 мм од Првата светска војна.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryns6bvf54ri3s5Dnmckx

Познаничка го натепала, па му ја украла торбата со пари и други предмети

На 01.05.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје Д.К.(40) пријави дека на 30.04.2026 на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од женско лице, со која се познавале, а при тоа од неговото возило таа му одзело торбичка во која имало пари и други предмети.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Уапсени три лица: вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани четири одделни случаи на семејно насилство во повеќе градови во земјата, при што три лица се лишени од слобода.Во Велес, на 30 април 2026 година, полициски службеници од СВР Велес привеле 36-годишен маж по пријава дека упатувал закани кон својата 33-годишна вонбрачна партнерка. Случајот бил повторување на слично однесување од претходни денови.Во Охрид, исто така на 30 април, е пријавено агресивно однесување

Македонија | пред 3 месеци

puska

43-годишен маж сам се повредил со воздушна пушка, итно пренесен во болница

На 30.04.2026 во 08:55 часот во ОВР Кочани од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен А.Г.(43) од Кочани, кој, според пријавеното, самиот се повредил со воздушна пушка.Тој бил препратен во Клиничкиот центар Штип, а извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 месеци

mobilen-telefon

Скопјанка добивала закани од жена од декември минатата година, а пред две недели била и нападната

На 30.04.2026 во 14:00 во СВР Скопје Х.Т.(54) од Скопје пријави дека од месец декември 2025 до 30.04.2026 преку социјална мрежа и биле упатувани закани од Т.А. (женско лице), а пред две недели била и физички нападната од неа, но не го пријавила настанот.Според пријавеното, Т.А. преку социјални мрежи ги вознемирувала и сопругот и синот на пријавителката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarytkiqali49d86ft4Bhry

Кривична пријава за ексградоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и четири лица: Не смеело да постои градба, а дозволиле реконструкција

Секторот за внатрешни работи Струмица поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против пет лица од Струмица, меѓу кои поранешен градоначалник, поради сомнежи за „несовесно работење во службата“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“.Пријавата се однесува на К.К. (36), С.Р. (38), М.Т. (42), С.О. (61) и Ѓ.М. (54), при што според МВР, тројца од нив се товарат за несовесно работење, едно лице за злоупотреба на службена положба, а едно за беспра

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryu1di6gje7pj04GpENEh

Претрес во Боговиње, пронајдена дрога, уапсено едно лице

На 01.05.2026 во 06:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане, врз основа на судска наредба, извршија претрес во домот на Б.З. (41) во с. Боговиње.При претресот е пронајдена бела прашкаста материја и алат за кој постои сомнение дека потекнува од кривично дело. Б.З. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 месеци

MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

Наместо во затвор, си се шетал: полицијата фати осуденик баран со потерница

Денеска (01.05.2026) во 10:40 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Одделение за потраги/Отсек за потрага по цел, по претходно добиено оперативно сознание, а во содејство со СВР Битола, го приведоа лицето Р.З.(57) од Битола.Лицето е барано со централна потерница по член 353 став 3 осуден на казна затвор.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6c6kl6m73rilezBSi3B

(Видео) Уапсен 57-годишник во Катланово, пронајдена дрога и вага

На 1 мај 2026 година, во раните утрински часови, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле акција во скопското село Катланово, при што лишиле од слобода лице на возраст од 57 години.При претрес во домот на осомничениот, извршен врз основа на судска наредба, била пронајдена марихуана, како и дигитална вага, информираат од МВР.Лицето е приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 месеци

evra

(Видео) Го лажел дека ќе и помогне на жена му за лекување во странство, па му земал над 88.000 евра, а таа починала

Денеска (30.04.2026), на Граничниот премин Табановце, лишен од слобода е Б.К. (44) од Прилеп.По претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово, презеде координирани мерки и активности за расчистување на случајот.Според досегашните сознанија, во периодот од јули до ноември 2025 година, осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда лице од Валандово, прикажувајќи лаж

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydivi158e6jjn8voB1zp

(Фото) Автомобил излета од автопатот Скопје-Велес

Денеска (30.04.2026) во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи пријавено е дека на автопатот Скопје-Велес кај м.в „Манастири“ има излетано возило од автопат.На лице место на настанот веднаш се упатени служби од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен, пронајдоа излетано патничко возило „Сеат" кое што било управувано од К.С (68) од Велес и во истото имало пет сопатници.На место на настанот се упатени и една

Македонија | пред 3 месеци

uapsen

Уапсен Турчин кој се барал со потерница

На 29.04.2026 во 15:30 часот во с.Визбегово, скопско полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек за меѓународни потраги, во координација со ОЈО Скопје, го лишија од слобода А.Џ.А.(26) од Турција, баран со потерница распишана од страна на Турција. Тој е предаден на ОЈО Скопје, а потоа спроведен до Основен кривичен суд - Скопје.На лицето му е одреден екстрадициски притвор во редовна постапка и истиот е спроведен во КПУ затвор Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

media-library9t124ribuaq1aXEZKVO

Полицаец возел пијан и предизвикал сообраќајка, па доби кривична пријава

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ј.С.(49) од Битола, полициски службеник во ПО Новаци, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило", предвидено и казниво по член 297-а став 1 од КЗ.Тој на 24.10.2025 во 17:42 часот, во период кога не бил на работа, на патот Битола-Новаци, под дејство на алкохол управувал патничко возило „хјундаи" со битолски регистарски ознаки, односно со 1

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrs32c86tsk4aawdTXmk

Полицијата уапси 55-годишник, пронајдени чаури и муниција во неговиот дом

Полициски службеници од ОВР Прилеп на 29 април 2026 година во 09:00 часот го лишиле од слобода 55-годишниот О.С. од Прилеп.Како што информираат од МВР, по судска наредба од Основен суд Прилеп бил извршен претрес во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени гасен пиштол со рамка, како и куршуми и чаури од различен калибар.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryaghfv2svf1fi7Ja0A1g

51-годишен велешанец допирал малолетничка по телото - полицијата го уапси

Полициски службеници од СВР Велес утринава го лишиле од слобода 51-годишниот М.Џ. од Велес, по пријава за недолично однесување кон малолетничка во близина на градскиот пазар.Според информациите од МВР, настанот бил пријавен на 30 април 2026 година во 09:05 часот, при што било посочено дека осомничениот допирал по телото малолетничка.Лицето е приведено во полициска станица, за случајот е известен јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

Експлозија пред казино во Скопје, избувнал пожар на паркинг

Во раните утрински часови, во СВР Скопје било пријавено дека околу 04:06 часот се случила експлозија пред казино лоцирано на улицата „Јадранска магистрала“. Според пријавата, вработен како обезбедување во објектот слушнал силна детонација, по што веднаш излегол надвор.На паркингот до казиното забележал избувнат оган, кој успеал да го изгасне со противпожарен апарат, спречувајќи поголема материјална штета.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчист

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymiid0t15caih9rM6JDZ

Приведен 36-годишник од Охрид по закани кон мајката и сопругата

Полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 36-годишниот К.В. од Охрид, по пријава за семејно насилство. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, интервенцијата се случила на 30 април 2026 година околу 00:30 часот.Претходно, случајот бил пријавен од неговата 65-годишна мајка, која навела дека истиот ден околу 21 часот, во семејниот дом, тој се однесувал агресивно кон неа и кон својата сопруга. При тоа, им упатил закани и ги избркал од домот.Од МВР информираат дека по

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryc05j9ok1bkh9c2brs1N

Семејно насилство во Тетово: Ја тепал ќерката, па употребил и тврди предмети

Од МВР информираат дека на 29.04.2026 година во 19:10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 67-годишен маж од Тетово.Постапувајќи по претходна пријава од неговата 25-годишна ќерка, тој се сомничи дека во семејниот дом физички ја нападнал, при што, според пријавеното, употребил и тврди предмети.Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 3 месеци

vozacka-1

Серија контроли во Тетовско: Лишени од слобода неколку возачи без дозвола

На 29 и 30.04.2026 година, полициски службеници од СВР Тетово и поширокиот регион спровеле повеќе контроли во сообраќајот, при што биле лишени од слобода повеќе лица кои управувале возила без возачка дозвола.На регионалниот пат Тетово – село Волковија, бил запрен мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 33-годишен жител на Тетово, кој немал возачка дозвола. Тој бил лишен од слобода, а мотоциклот е одземен.Во Тетово, на улицата „ЈНА“, бил запрен четирицикл управуван од 15-годишен мал

Македонија | пред 3 месеци

media-library9u0sdv6b1be5fAg46oA

Уцена во Тетово: Жена пријавила дека ѝ биле одземени акции

Од МВР информираат дека на 29.04.2026 година во 10:50 часот во СВР Тетово, 63-годишна жена од тетовско пријавила дека била уценета од две лица, по што била принудена да ги препише акциите од едно правно лице во Тетово.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања