Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ОСМАНИ

bujar-osmani-mucunski-585x390-1

Муцунски до Османи: Последен има право да држи лекции, граѓаните знаат кој ја доведе државата во оваа ситуација

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски упати критики кон Бујар Османи, оценувајќи дека тој нема право да држи лекции за прашања поврзани со државните интереси и преговарачките процеси.Во објава на социјалните мрежи, Муцунски наведува дека Османи добро знае што било преговарано и прифатено во периодот кога бил на функција и каква позиција, според него, ѝ оставил на државата.„Тој многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција ја остави државата. Затоа, денес нека не т

Македонија | пред 1 седмица

najcevska-osmani

Најчевска со критики до Османи: Се обидува да се прикаже како борец за правата на Македонците, а беше министер во сенка на Косово

Професорката Мирјана Најчевска реагираше на јавните настапи на Бујар Османи, оценувајќи дека тој се обидува да се претстави како борец за правата на Македонците и за интересите на државата.Во објава на социјалните мрежи, Најчевска наведува дека, според неа, фактите покажуваат поинаква слика за неговото политичко дејствување.„Бујар Османи се обидува да се прикаже како борец за правата на Македонците и борец за интересите на Македонија.Факт е дека Бујар Османи беше министер во сенка на Косово и од

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryq1cbu1fgai7lbL9M8rU

Шасивари и Османи: Законот за употреба на јазиците мора доследно да се спроведува во сите институции

Доследната примена на Законот за употреба на јазиците и унапредувањето на институционалната соработка биле во фокусот на работната средба меѓу министерот за правда Јетон Шасивари и директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи.На средбата било истакнато дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и важен предуслов за владеење на правото, правната сигурност и обезбедување еднаков пристап на граѓаните до институциите.Министерот Шасивари ја потврдил определба

Македонија | пред 1 седмица

media-library7c2ld01kaln59hngLQQ

Османи со нова “драма”, сега му пречи натписот пред влез на Скопје

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, остро реагираше на новото обележје поставено на влезот во Скопје, оценувајќи дека главниот град е претставен еднострано и без албанската заедница.Во објава на социјалните мрежи, Османи наведува дека на билбордот со кој Скопје ги пречекува посетителите воопшто не е застапен албанскиот јазик, иако, како што посочува, главниот град е двојазичен.„На билбордот со кој Скопје ги пречекува посетителите целосно недостига албанскиот јазик, иако главниот град е двојаз

Скопје | пред 2 седмици

osmani

Османи: „ВЛЕН се очајни ако официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби“

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи,преку соопштение реагираше на обвинувањата од коалицијата Влен, оценувајќи дека тие, според него, се обидуваат официјалните дипломатски средби да ги претстават како политички определби.Во реакцијата, Османи наведува дека е несериозно средбите што ги остварува министер за надворешни работи да се толкуваат како политичка определба, додека, како што тврди, коалицирањето со партии кои ја негираат независноста на Косово, геноцидот во Сребреница и го релативизираа

Македонија | пред 2 седмици

Bujar_Osmani_VP

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, на денешната прес-конференција упати остри критики кон коалицијата ВЛЕН, оценувајќи дека по две години учество во Владата не успеала да ги исполни ветувањата поврзани со европските интеграции и, како што рече, го претворила европскиот глас на Албанците во „ништо“.Во рамки на серијалот „Две години понижување – ВЛЕН ништо“, Османи посочи дека најголемиот неуспех на ВЛЕН е токму застојот во евроинтегративниот процес.Според него, ВЛЕН пред граѓаните ветила дека

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Османи по враќањето на старите имиња во Тетово: „црн ден за Албанците“

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, ја оцени како сериозен удар врз албанскиот идентитет одлуката на Уставниот суд со која беа укинати преименувањата на повеќе улици и на градскиот плоштад во Тетово, нарекувајќи го денот „црн за Албанците“.Во објава на социјалните мрежи, Османи реагираше на одлуката со која повторно се враќаат старите имиња на улиците и плоштадите, меѓу кои и називот „Маршал Тито“ за централниот плоштад во Тетово, наместо името „Илирија“.„Уставниот суд ја поништи одлуката за

Македонија | пред 1 месец

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Османи: Законот за правична застапеност ќе биде еден од најцрните денови за меѓуетничките односи

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, остро реагираше на Предлог-законот за правична и соодветна застапеност, оценувајќи дека доколку биде усвоен, ќе претставува „еден од најцрните денови за меѓуетничките односи и за духот на Охридскиот рамковен договор“.Според Османи, предложеното решение не претставува само промена на механизмот за вработување, туку целосно ја менува логиката на правичната застапеност, која, како што наведува, била еден од темелите на Охридскиот договор.„Досега застапеноста с

Коментари | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Бујар Османи бара итно разјаснување за наводите дека Стоилковиќ е поврзан со српските служби

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи оцени дека јавните информации и тврдења според кои вицепремиерот Иван Стоилковиќ наводно бил соработник на српските разузнавачки служби отвораат сериозни безбедносни прашања за Македонија како членка на НАТО.„Доколку овие тврдења се покажат како точни, тоа би значело дека информации и внатрешни процеси на една НАТО влада можеле да бидат изложени на држава која не е членка на НАТО, а која одржува изразена блискост со Русија“, напиша Османи.То

Коментари | пред 2 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива

Од соопштение на ДУИ се наведува дека потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, реализира дводневна работна посета на Брисел, каде што одржува средби со високи претставници на европските институции и Европскиот парламент.Според соопштението од ДУИ, Османи во текот на првиот ден се сретнал со претставници од Европската служба за надворешна акција (EEAS) и Европската комисија, како и со европратеници вклучени во процесите на проширување на ЕУ.Во вториот ден, според соопштението од ДУИ, тој продолжува

Македонија | пред 2 месеци

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Политички тензии: Османи тврди дека се подготвува план за укинување на Законот за јазици

Поранешниот министер и функционер на ДУИ, Бујар Османи, обвини дека постои континуирана и, како што рече, „добро осмислена политика“ за поткопување на Законот за употреба на јазиците.Османи тврди дека уште во минатото пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обиделе физички да го спречат донесувањето на законот, а подоцна истиот бил оспорен пред Уставниот суд.Според него, по доаѓањето на власт, ВМРО-ДПМНЕ ја „инструментализирало“ Уставен суд на Република Македонија со цел, како што вели, да се затвори ова п

Македонија | пред 3 месеци

osmani

Османи: Околу 250 илјади граѓани имаат бугарски пасоши и индивидуално уживаат во правата на ЕУ

Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи во статус напишан на албански и англиски јазик и објавен на Фејсбук, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за поткопување на процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија, наведувајќи три главни причини кои, според него, го одржуваат овој курс стабилен. Но, и објави тврдење дека околу 250 илјади македонски граѓани поседуваат бугарски  пасош.„Постојат три причини кои дејствуваат истовремено и го прават овој курс стабилен“,

Македонија | пред 4 месеци

osmani

Бујар Османи ја поздрави двојазичната богослужба во Ростуше како чин на соживот

Ексминистерот за надворешни работи Бујар Османи со порака за соживот и меѓусебна почит реагираше по одржувањето на двојазичната богослужба во Ростуше, истакнувајќи дека токму искрените и тивки гестови се оние што ги приближуваат луѓето и градат мостови меѓу заедниците.Османи ја употреби поговорката „Тивката вода го рони брегот“, нагласувајќи дека вистинските промени и вистинското приближување не се постигнуваат со гласни декларации, туку со конкретни дела што носат суштинска порака. Според него,

Коментари | пред 6 месеци

media-librarygjkk3vu7f4kteUCv0nw

Османи: Во Чаир има општонароден отпор кон Мицкоски, по изборите ќе преговараме за заедничко владеење

Кандидатот за градпначалник на Чаир, Бујар Османи, самиот најави преговори за влез на ДУИ во Влада, иако власта е децидна дека за нив нема место на „Илинденска“. Османи го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека испраќал пораки преку посредници, а друго зборел во јавност, но и дека Албанците имале општонароден отпор кон него.„Веднаш по изборите, победниците кај Албанците ќе седнат да преговараат, никој нема да ги земе. Ќе седнеме да преогвараме за заедничко владеење, за да се отко

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

„Албанците не се алиби за криминал“, му вратија на Османи од ВМРО-ДПМНЕ

По изјавите на кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, во кои тој ја обвини Владата за маргинализација на Албанците, стигна реакција од ВМРО-ДПМНЕ во која се нагласува дека станува збор за стара политичка тактика на Демократската унија за интеграција (ДУИ).„Кога нема пари и функции, тогаш започнува врескањето: ‘нема правда за сите’, ‘Албанците се на удар’. Во превод: кога нема тендери и рекет, тогаш одеднаш стануваат заштитници на Албанците и на меѓуетничките односи“, се наведува во р

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Османи во трка по гласови со националистичка реторика, користејќи обвинувања за маргинализација на Албанците

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, остро ја обвини новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за, како што рече, системска политика насочена кон маргинализација и потиснување на Албанците од сите општествени текови.„Владата на ВМРО и ЗНАМ, предводена од Христијан Мицкоски, во полн интензитет ја спроведува политиката која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови, враќајќи ги на периферните позиции од пред Рамковниот договор“, изјави Османи.Тој го обвини Мицкоски за

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-08-23-at-11.06.04

Османи најмил „светска куќа“ и остава телефонски број по граѓани, за да дојде до градоначалничката функција во Чаир

Ексминситерот и актуелен кандидат за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, речиси секојдневно одржува прес-конференции и преку објави се промовира пред престојните локални избори, иако кампањата не е започната. На новинарско прашање, тој рече дека ова не е забрането.„Јас мислам дека ова е период кога треба да се разговара со граѓаните на Чаир, мислам дека визијата за новиот Чаир бара почести контакти. Освен светска куќа за нов изглед, јас тропам од врата на врата, давам телефонски број. Врвна све

Скопје | пред 11 месец

bujar-osmani-mucunski-585x390-1

Чаир како политичко боиште: Министер против поранешен министер

Изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во врска со кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Чаир, предизвика остра политичка полемика во јавноста.Муцунски, во интервју за ТВ Канал 5, оцени дека Османи со својата кампања и последните изјави испратил „опасни наративи“ кои, според него, повикуваат на редефинирање на државата и загрозување на нејзиниот унитарен карактер. Министерот вели дека се работи за концепт кој „отвора теми за автономија во одлучувањето“ и можност з

Македонија | пред 1 година

515233526_1280835643412094_1088667511975920486_n

Орел, албанско знаме, без збор за Македонија - албанскиот премиер се шета низ Скопје со ДУИ, Таравари го пофали дека ја носи Европа до Балканот

Во екот на подготовките за претстојните локални избори, албанскиот премиер Еди Рама се појави во Скопје, каде што, наместо вообичаени дипломатски средби, реши да прошета низ Старата скопска чаршија во друштво на функционери на ДУИ и Арбен Таравари. Иако нема најави за официјални состаноци, посетата на Рама предизвика сериозно внимание на социјалните мрежи и во политичките кругови.На една од објавените фотографии, Рама напиша: „🦅Te Çarshia e Vjetër e Shkupit❤️🇦🇱“ — што во превод значи „Во Старата

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Најчевска: Бујар Османи мора да одговара за велепредавство – време е Македонија да постави услови кон Бугарија

Професорката по право Мирјана Најчевска вели дека е време „да се залечат раните кои ѝ беа нанесени на Македонија од страна на Бујар Османи“, обвинувајќи го поранешниот министер за надворешни работи дека направил чекори кои донеле тешки последици по државата.Според неа, првиот неопходен чекор е во Собранието да се отвори расправа за вториот протокол со Бугарија, со цел да се побараат измени.„Бујар Османи мора да одговара за велепредавство или, во најмала мера, за злоупотреба на службена должност

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Живеете во свет на корупција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече?“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Дали станува збор за внатрепартиски договор, некаква транзиција или лична амбиција на Османи? Или можеби тој сега е само портпарол на партијата? Како и да е, треба да знае – а и сигурно знае – дека единствениот свет во кој треба да завршат корумпираните функционери на ДУИ е светот на правдата.Како во најмрачните времиња на српските кланови, денешната структура на Бујар Османи, прави се’ за

Македонија | пред 1 година

487178085_1238600987621220_3884139232926049521_n

Османи кај семејството на Бектеши за Бајрам: Тој е неправедно обвинет и одвоен од блиските

Бујар Османи, потпреседател на ДУИ, објави фотографии од семејна средба со семејството на притворениот ексминистер за економија, Крешник Бектеши. Османи даде оценка, дека Бектеши е неправедно обвинет.„Среќен Бајрам, Крешник! Заедно со Валбона, Албина и Арбри, и со нашите семејства, за Бајрам кај родителите на Јулка, Хана и Трим Бектеши и Крешник. Еид ал Фитр е свет празник кој симболизира милост, заедница, поддршка, дарежливост и признание. Но, пред сè, Бајрам не потсетува на нашата издржливост

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Бујар Османи најави лоши периоди за Македонија, предизвикани од моноетнички состанувања

Бујар Османи од ДУИ, тврди дека доаѓаат лоши периоди за Македонија, а тоа го гледа од постапувањето на уставните судии. Тој рече дека ДУИ ќе се врати пред Уставен секогаш кога ќе има седница за Законот за јазици. Според него, се отвораат теми кои што сметале дека се затворени.„Пораката на тројцата судии кои не отидоа, беше доволен сигнал, за да седницата прекине веднаш. Ваквите состанувања на монотетнички состави, биле најава за лоши периоди во мултиетнички држави. Во име на албанскиот народ одб

Македонија | пред 1 година

bujar-osmani-512

„Изјавата на Курти е скандалозна и штетна“: Османи ја осуди изјавата на косовскиот премиер за албанскиот јазик во Македонија

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, ја осуди изјавата на косовскиот премиер Албин Курти за албанскиот јазик во Македонија, нарекувајќи ја „скандалозна“ и „штетна“.Ова е ставот на Османи кон оценката на премиерот на Косово, Албин Курти, дека не станува збор за загрозување на употребата на албанскиот јазик во Северна Македонија.„Не, не е загрозено“, одговори Курти, на прашањето за оваа загриженост.„Има закон кој ја споменува бројката од 20%, но тој не е закон за албански, туку за употреба на ја

Македонија | пред 1 година

mickoski-osmani

Мицкоски спремен да ја придружува Вјоса Османи кога ќе лета преку скопскиот аеродром: Црвенееа ДУИ минатата година кога имало исти случаи?

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека се понудил следниот пат кога косовската претседателка Вјоса Османи ќе лета преку скопскиот аеродром, да ја придружува додека да го напушти. Тој ги праша ДУИ, дали се црвенееле и во 2023 година кога биле власт, а имало вакви инциденти, исто така со претседателката на Косово.„Тие се црвенеат од 2023 година, бидејќи два вакви случаи имало и тогаш, кога тие биле дел од Владата. Разликата е што тогаш немаше јавност, сега има јавност. Оваа Влада е демократска. И

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања