Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ПОЖАР

Screenshot-2025-07-19-at-14.21.40

(Видео) Голем пожар во Желино, подметнат со гуми кои биле запалени и пуштени да се тркалаат

Голем пожар избувна во Општина Желино, доцна попладнево. Според неофицијални информации на „Скопје1“ истиот е подметнат и за тоа веќе постојат докази.Првично дознаваме дека се најдени гуми, кои најверојатно, се полеани со нафтен дериват, запалени и пуштени да се тркалаат по зелениот појас, каде има и сува трева. На терен интервенираат противпожарни единици, како и екипи од други институции.Автопатот Скопје-Тетово е затворен во двата правци (14:50ч.).Освен овој, активни се уште шест други пожари.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-07-19-at-15.47.48

Пожарот кај Желино се шири кон Еребино – сомнеж за подметнување, ангажирана армијата и воздухопловна поддршка

Голем пожар избувна денеска во општина Желино, со тенденција на ширење кон селото Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот поради ветерот и непристапниот терен има висок ризик од проширување, но на терен се ангажирани сите расположливи сили и средства за спречување на огнената стихија.„Заедно со градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, сме на лице место и ги координираме активностите. Сите ангажирани служби работат со полна

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-07-19-at-18.16.40

Се смирува пожарот кај Желино, можно целосно ставање под контрола до вечер

Пожарот што денеска избувна во општина Желино и се ширеше кон селото Еребино е ставен под контрола, а постои реална можност до крајот на денот целосно да биде локализиран, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.„Пожарот е смирен, а ер тракторите на ДЗС продолжуваат со дејствување“, изјави Ангелов.Акцијата на гаснење вклучуваше армија, противпожарни екипи, воздухопловна поддршка и теренски сили, откако огнената стихија зафати поголема површина со сува вегетац

Македонија | пред 1 година

pozar-3

35 пожари во изминатото деноноќие – четири сè уште активни низ земјава

Во изминатото деноноќие низ Македонија биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор, покажува најновиот билтен на Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавен утрово до 09:30 часот. Од нив, четири пожари сè уште се активни, четири се ставени под контрола, додека 27 се изгаснати.На терен и натаму се води борба со огнот на неколку локации низ земјата:Василево, село Нивичино – гори нискостеблеста шума.Македонски Брод, село Грешница – пожарот зафатил мешана шума и ниска вегетација.Прилеп,

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-07-18-211738

(ВИДЕО) Полициски хеликоптер исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума.При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.Линк од видеото:

Македонија | пред 1 година

crkva-pozar

Голем пожар зафати црква во скопско Мршевци

Голем пожар кој вчера избувна во близина на селото Бујковци, се прошири кон индустриската зона „Бунарџик“ и зафати дел од покривот на црквата во близина на селото Мршевци. Интервенцијата на терен ја водеа скопските пожарникари, со помош од касарната „Ѓорче Петров“, единици од Кавадaрци, како и специјализираните тимови на Дирекцијата за заштита и спасување – „БТР“ и „Хермелини“.-Локалното население се организираше и излезе на терен за да ги заштити домовите, а на лице место беше ангажирана и тешк

Македонија | пред 1 година

20230227071314

Гореше зграда во Струмица, пожарникарите пронашле едно починато лице

Трагичен инцидент вчера попладне ја потресе Струмица, откако избувна пожар во стан на четврти кат од колективна станбена зграда на улицата „Б.Ј. Мучето“.Екипите на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенирале со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители. За време на интервенцијата, за жал, во зафатениот стан било пронајдено едно починато лице.Сите останати станови беа заштитени од огнената стихија, а жителите на зградата биле безбедно евакуирани и нема повредени.Прич

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-07-17-at-18.45.32

Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци. Возилата се пренасочуваат кон Петровец.„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот, за што сооодветно ќе известиме“, велат оттаму.

Македонија | пред 1 година

pozarna

Пожар во стар објект на училиште во Ракотинци – повреден пожарникар

Во село Ракотинци, скопско, избувнал пожар во стариот објект на основното училиште. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а при интервенцијата со повреди се здобил еден пожарникар.Повредениот бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.фото: архива/Скопје1

Скопје | пред 1 година

IMG_4224

Три автомобили уништени во ноќен пожар на паркинг во Аеродром

Во раните утрински часови, околу 03:00 часот по полноќ, на паркинг на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром избувнал пожар во кој целосно изгореле три патнички возила.Според информациите од СВР Скопје, во 02:51 часот било пријавено дека се запалиле три автомобили: „Хјундаи“ со скопски регистарски таблички, во сопственост на 40-годишниот Г.С. од Скопје, „Киа“ со скопски таблички, сопственост на 36-годишниот М.П. од Скопје, и „Фолксваген Пасат“ со хрватски национални ознаки, сопственост

Скопје | пред 1 година

pozar-Iral

(Видео) Стравична трагедија во Ирак, најмалку 50 загинати во пожар во трговски центар во Кут

Најмалку 50 лица ги загубија животите во голем пожар што избувна во хипермаркет лоциран во петкатна зграда во градот Кут, во источниот дел на Ирак, јавува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на државната новинска агенција ИНА.Засега не е утврдено што го предизвикало пожарот, а локалните власти најавија дека првичните резултати од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа. Според досегашните информации, огнената стихија ја зафатила целата зграда каде се наоѓал трговскиот центар. Видеа објавени

Свет | пред 1 година

pozarna-avtobus-nokje

Пожар во гаражен простор во зграда во Хиподром – оштетени мерцедес и БМВ, а едно лице вдишало чад

Во раните утрински часови денеска, во скопската населба Хиподром избувнал пожар во гаражен простор под зграда, во кој биле зафатени патнички возила „мерцедес“, „бмв“ и мотор „беверли“.Возилата се сопственост на А.С. (32) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на ППЗ Скопје, а едно женско лице добило медицинска помош поради вдишување чад.

Скопје | пред 1 година

pozar-1

Пожар зафатил шест куќи во Скопје, неколку лица биле итно хоспитализирани

Во голем пожар што изби на улицата „Скупи“ во Скопје, биле целосно опожарени шест куќи, додека делови од уште две биле зафатени од огнот.Според информациите од МВР, настанот се случил на 13 јули 2025 година во 20:00 часот, а во пожарот малолетно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“.Со симптоми на вдишување чад, медицинска помош побарале и Ш.С. (34), Р.С. (69), Х.Х. (49) и тројца полициски службеници. Пожарот бил успешно локализиран од екипи на Противпожарната бр

Скопје | пред 1 година

pozar-kukji

(Видео) Горат три куќи во Злокуќани: избувна голем пожар кој брзо се шири, присутна и Брза помош

Голем пожар избувна во Злокуќани, каде горат и куќи. Според првичните информации, станува збор за тесни улици, каде многу тешко е да стигнат противпожарни возила. Пожарот брзо се ширел.На терен се повикани и присутни екипи на Брзата помош. Засега нема информации за повредени лица. Чадот се гледа од повеќе делови на Карпош.„Во 20:02 часот преку Е-112 добиена е пријаа за пожар на куќа на ул.Скупи (опш.Карпош). Од страна на МВР, преку ДОЦ на ЦУК побарано е да се исклучи електричната енергија во нис

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-07-12-at-10.32.13

Армиски хеликоптер исфрли 32,5 тони вода во акција против пожарот кај село Николиќ, Дојран

Во текот на утринските часови, Армијата на Република Македонија ангажираше хеликоптер Ми-8МТ од воздухопловниот ВИНГ за гаснење на шумскиот пожар во подрачјето на село Николиќ, општина Дојран.Според информациите од АРМ, биле извршени 13 летови со воден товар, при што биле насочени кон критичните жаришта на теренот. Во акцијата се испуштени вкупно 32,5 тони вода (по 2,5 тони по лет).Воздушната интервенција траела 3 часа и 20 минути и се одвивала под строго контролирани услови, согласно пропишанит

Македонија | пред 1 година

pozar-3

38 пожари низ државата – три сѐ уште активни

Во текот на изминатото деноноќие (11/12 јули), надлежните служби регистрирале вкупно 38 пожари на отворен простор низ целата држава. Од нив, три се сѐ уште активни, пет се ставени под контрола, а 30 се целосно изгаснати.Најтешка е состојбата во општините Дојран, Велес и Македонски Брод, каде пожарите зафаќаат нискостеблеста и мешана шума, како и деградирани дабови појаси и грмушки.Пожарите под контрола се регистрирани во Македонски Брод, Чучер Сандево и Долнени, а се работи претежно за шумски по

Македонија | пред 1 година

ad38ed85-fc1a-4aa7-bada-62fbc0eb2a5c-1

За пожарот кај Стајковци приведени и пуштени на слобода три деца

По избувнувањето на пожарот во близина на селото Стајковци, биле лишени од слобода три деца, странски државјани, соопштија од обвинителството.„Согласно Законот за правда за децата, со нив беше извршен разговор, по што беа пуштени на слобода. Обвинителството продолжува да обезбедува докази во однос на нивната евентуална поврзаност со конкретниот пожар или со намера да извршат друго кривично дело“, велат од Основното јавно обвинителство.Случајот останува под понатамошна истрага, а надлежните инсти

Скопје | пред 1 година

pozar-3

Пожарот во Крива Паланка направил најголеми штети, а втор по критичност е тој во Визбегово

Најголема штета направил пожарот во Крива Паланка каде има загинст човек, штети по гасоводот, опасност за куќите.“Овој можеше да направи катастрофални штети. Сега е во ред”, рече Ангелов.Втор по критичност бил пожарот во Визбегово, таму дејствувале пожарникари, но и Армијата.

Македонија | пред 1 година

frikom1

Пожар го уништи магацинот на Фриком во Чучер-Сандево

Пожарот што вчера избувна во општина Чучер-Сандево зафати и објекти на компанијата „Фриком“. Магацинот на „Фриком“, кој служи како главен дистрибутивен центар за снабдување низ цела Македонија, целосно изгоре. Благодарение на навремената интервенција на противпожарните служби и вработените во компанијата, нема повредени лица, а сите вработени се безбедни.„Наша првенствена грижа беше безбедноста на сите вработени и луѓето кои учествуваа во гаснењето на пожарот. Сите се неповредени. Нашите тимови

Македонија | пред 1 година

pozar-3

Нов пожар кај Смилковско – активирани противпожарни екипи, се следи состојбата

Попладнево избувна нов пожар во близина на Општина Бутел, на стариот пат кон Смилковско Езеро. Според градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, пожарот е на територија на Општина Гази Баба, но ситуацијата се следи внимателно.„Апелирам до граѓаните да останат смирени и без паника. Веќе разговарав со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стевковски, и на терен се присутни противпожарни екипи кои работат на неутрализирање на огнот“, соопшти Костовски.Доколку има потреба, ќе биде активиран и кризниот

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-07-09-at-20.04.14

(Видео) Тошковски: Можно е сценарио на намерно палење – приведени лица за пожарот во Визбегово, активиран ЕУ механизмот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека постои основано сомнение оти дел од пожарите што ја зафатија државата не се случајни, туку намерно предизвикани. Во Чучер Сандево вчера биле најдени запалени гуми.„Морам да напоменам дека можеби се работи за поинакво сценарио, од она сценарио на случајност. Институциите работат на терен. Во текот на вчерашниот ден фативме лице кое со умисла палеше оган. Лицето беше пронајдено и му беше изречена најстрога мерка. Многу е симптоматично как

Македонија | пред 1 година

collage

(Фото) Голем пожар во скопско Орман, една куќа изгоре до темел, мештаните под стрес и со страв

Во скопското село Орман, избил пожар кој брзо се проширил. Првиот пламен започнал во близина на бандерите, при силен ветер. Мештаните се сомневаат дека имало искри, кои го предизвикале брзо да пламне.Во близина има пруга, а за брзо, започнало да гори од двете страни. Мештаните се под стрес и страв дека пожарите можат да ги зафатат и нивните куќи, бидејќи се во непосредна близина. Дел од нив, прскаат со црева околу дворовите, за да спречат евентуално ширење на огнот.Сепак, една куќа, изгоре до те

Скопје | пред 1 година

vizbegooooo

Чадот почнал пред работното време, сомнежите се дека пожарот во Визбегово е подметнат, институциите ќе истражат кога ќе се изгасне

Пожарот кој избувна во Визбегово од рано утрово, и натаму се гасне. Дел од лицата кои работат во близина и го знаат просторот, зад камерите посочуваат дека се сомневаат дека пожарот е подметнат. Велат дека разговарале со вработени на плацот, кои им кажале дека уште во 08:30 утринава, пред да започнат со работа, имало црн чад, а потоа, сѐ се одвивало брзо.Неофицијалните информации, сѐ дека потпалувањето било од една точка, а бидејќи станува збор за отпад каде имало и акомулатори и боци - лесно се

Скопје | пред 1 година

Kriva-palanka

Пожарот кај Крива Паланка се приближува до куќите – градоначалникот бара помош од државата

Во близина на населеното место Лозаново, во општина Крива Паланка, беснее голем шумски пожар кој се приближува до куќите и претставува закана за локалното население.Градоначалникот Сашко Митовски повика на смиреност и внимателност кај граѓаните, но истовремено упати апел за поддршка од надлежните институции и соседните општини.„Градот се наоѓа под досега најголема огнена стихија. Алармирам и апелирам за помош од соседните општини, за државна помош, вклучување на механизација, бидејќи во опасност

Македонија | пред 1 година

helikopteri

Чадот и ветрот ја стопираа воздушната интервенција на полицискиот хеликоптерот во Визбегово

Хеликоптерот „Аугуста Бел 212“ на Министерството за внатрешни работи, кој беше вклучен во гаснењето на пожарот кај отпадот во реонот на Визбегово, е повлечен од теренот поради влошени услови за летање – засилен ветер и густ чад.„Хеликоптерот беше испратен како поддршка во справување со пожарот и изврши неколку фрлања на вода. Но поради засилениот ветер и намалената видливост од чадот, одлучено е да се повлече во базата“, соопштија од МВР.Во акцијата за гаснење на пожарот и натаму учествува еден

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања