СДСМ

278509580_467301221849539_1296767525976558213_n

Пред 10 години сдсмовците ги нарекуваа вмровците ,,Бугари, Бугари", а вчера послаа црвен тепих на злото, вели Јоци

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи сподели видео од пред 10 години, кога поддржувачи на политичката партија СДСМ, пред Град Скопје ги нарекуваа вмровците „Бугари“.„Погледнете како пред 10 години сдсмовци го кршеа Град Скопје и вмровци ги нарекуваа ,,Бугари, Бугари".И што остана од СДСМ во 2022, која вчера дозволи славење на ванчомихајловистичкиот повампирен фашизам и посла црвен тепих на злото? Ништо не остана.Прчвара!Срам за Македонија и за секој Македонец е денешново СДСМ“, вели таа.

Коментари | пред 3 години

2-2

Неселективната борба против секаков вид криминал и корупција е она што му пречи на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија бранител на криминалот,вели СДСМ„Бројни судски предмети, правосилни пресуди, признанија и извештаи на релевантни меѓунардони организации го потврдуваат степенот на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога одредени криминални структури важеа за недопирливи и над законите, денес институциите постапуваат ефикасно, професинално и неселективно.Токму неселективната борба против секаков вид криминал и корупција е она што му пречи на ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија неосновано го напаѓа Министерството за внатрешни работи и министерот Спасовски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

По црната листа на Стејт департментот оставки треба да дадат Николовски и Мицкоски, смета власта

„Стејт департментот на црна листа го стави осудениот криминалец во бегство и ментор на Мицкоски и Николовски, криминалецот во бегство, Никола Груевски“, вели СДСМ.Оттаму додаваат:„По сите признанија, по сите судски пресуди, оставка треба да си даде Христијан Мицкоски и никогаш повеќе да не се бави со политика.Мицкоски беше близок соработник на Груевски во време на режимот, а многу поранешни соработници на некогаш на Груевски а сега на Мицкоски се осудени за сторени криминали, а дел од нив и самите пред судовите признаа какви кривични дела биле правени.И самиот Александар Николовски е дел од некогашниот режим, а денес докажан извор на лажни вести и тој како и Мицкоски треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието“.

Македонија | пред 3 години

slika-5

Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и унгарската компанија на Груевски која се најде на црната листа на САД?, прашува Кузеска

„Само една недела по посетата на Христијан Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека неговиот шеф, Никола Груевски, е ставен на „црната листа“. Причините за оваа постапка од САД нашите граѓани многу добро ја знаат, тоа е вмешаност на Никола Груевски во корупција и криминал од невидени размери“, прашува Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Таа додава:„Бројни судски предмети и принзанија на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ тоа го потврдуваат, како Твдрина, Титаник...Новина е можеби фирмата на Никола Груевски која треба да се утврди дали е поврзана со сомнителни финансирања по неговото бегство.Се ова се случува во време кога Мицкоски оди во посета на Унгарија а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште во Собранието ги блокираат законите за Академијата за судии и обвинители.Се противеа на Законот за јавно обвинителство, затоа го блокираа изборот на нов Јавен обвинител.Нема појасен заклучок. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата криминална партија.Очигледно оваа партија со бел дворец ама со црна листа, се уште вистински е управувана од Никола Груевски.Оттука е молкот на Христијан Мицкоски.Човекот кој не се извини ниту еднаш за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници, кој не побарал ниту еднаш одговорност од сите за кои има пресуди а се дел од неговата партија.Граѓаните знаат дека во времето кога се правени сите овие криминали, Христијан Мицкоски бил советник на Никола Груевски (2015-2016) а потоа и секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже што знаел за матните зделки на Никола Груевски и зошто со години молчи?Дали стравува дека и тој би можел да се најде на црната листа? Тоа треба да одговори самиот Мицкоски“.

Македонија | пред 3 години

skolo-uciliste-deca-knigi

Власта се смета за уценета: Платите во образованието СДСМ ги зголеми и до 6.400 денари

„Потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците е јасна и за тоа секој има разбирање. Но, најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет на секого, особено сега кога после ковид пандемијата се обезбеди континуитет во наставата. Наставниците треба интересот на децата да го стават на прво место а решенијата да се бараат преку социјален дијалог“, вели Даниела Колева, пратеничка и членка на ИО на СДСМ.Таа додава:„Особено што во изминатите 4 години, токму преку дијалог, платите во образованието и во детската заштита СДСМ ги зголеми од 3.200 до 6.400 денари.Наставник во основно образование денес добива повисока месечна плата за над 3.200 денари, додека воспитувачките во градинките имаат плати повисоки за над 6.000 денари, споредено со периодот од пред четири и пол години, односно во времето на ВМРО-ДПМНЕ.Покрај растот на платите, инвестиравме и во нови работни места. Во овој период во градинките се вработени над 1.000 воспитувачки, негувателки и помошен персонал а нивните договори ги трансформиравме на неопределено време.Покажавме дека го цениме и вреднуваме трудот на оние коишто со години работеле со договори, на определено време и со драстично помали плати во времето на ВМОР-ДПМНЕ.Со Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, закон кој ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира, обезбедуваме трансформација на работните односи и трајни вработувања за околу 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование.Ако овој Закон се усвоеше при неговото поднесување, сега платите на наставниците ќе беа зголемени. Дополнително 4.700 наставници и стручни соработници ќе добиеја економска сигурност на работните места.Ја покачивме минималната плата, двојно од времето на ВМРО-ДПМНЕ.Сите овие политики ги носевме низ дијалог со синдикатите, работниците и надлежните институции.Така и ќе продолжиме, низ дијалог ќе најдеме решение со СОНК кое ќе биде во интерес на наставниците, на учениците и нивните родители.Затоа, апелираме до СОНК и наставниците, да се водат од интересите на учениците, зголемувањето на платите во образованието и детската заштита да се реализира преку решение до кое ќе се дојде со дијалог“.

Македонија | пред 3 години

Gruevski-i-Mickoski-na-16-kongres-na-VMRO-4-bg_resize

Мицкоски го брани шефот Груевски, затоа молчи за црната листа на САД, вели Каевски

„Втор ден Христијан Мицкоски молчи за фактот што САД на својата црна листа го стави неговиот шеф и осуден криминалец во бегство Никола Груевски. Причината за овој потег сите добро ја знаеме а тоа е вмешаноста на Груевски во корупција и криминал“, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.Тој додава:„Или како што наведува Стејт департментот: искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, злоупотреба на моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори; присвојување државни средства; и мешање во изборните процеси.Сето ова граѓаните го слушнаа и во бомбите, во материјалите од Вистината за Македонија. Бројни судски пресуди и признанија во предметите како „Титаник“ „Тенк“ Таргет Тврдина“ ги потврдија криминалните дејствија на Никола Груевски и неговите соработници.На црната листа на САД заедно со Груевски е и братучедот Сашо Мијалков.Молкот, тишината на Мицкоски е силна потврда на се она што го говориме и што граѓаните добро го знаат.Христијан Мицкоски е еден од сорботниците на Никола Груевски, негова десна рака, негов советник, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.До денеска Христијан Мицкоски се нема оградено ниту еднаш за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ.Не слушнавме ниту осуда за сторените дела, ниту згрозување, ниту извинување кон граѓаните.Наместо повик за одговорност со години Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот на режимот и на Никола Груевски. Затоа Мицкоски молчи.Затоа голем број поединци кои беа блиски соработници на Груевски во 11 годишниот режим, сега се блиски соработници на Мицкоски.Во ВМРО-ДПМНЕ нема ниакакква промена, тоа е истата режимска и криминална партија“.

Македонија | пред 3 години

sanela-2

Наставниците да се водат од интересите на децата, ВМРО-ДПМНЕ да престане со партизација на штрајкот, порача Шкријељ

„Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет, особено сега дури и во услови на ковид пандемија, кога се обезбеди континуитет во наставата“, вели Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.Таа додава:„Правото на образование е Уставно загарантирано право на секое дете. Затоа ги повикувам наставниците интересот на децата да го стават на прво место. Голем број на родители денеска се обидуваат да се организираат за денешниот ден заедно со своите деца, поради штрајкот на наставниците.Би напоменала дека Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери секогаш имала и има слух за образовниот кадар и воспитувачите. Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%.Платите на вработените во градинките се зголемија за повеќе од 21% што во просек значи покачување од 4.300 денари за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките, што е историски најголемо покачување до сега за овој кадар.Исто така, за прв пат во образованието се воведе кариерен напредок на наставниците кој подразбира стекнување на дополнителен паричен надомест.Со растот на минималната плата следува усогласување на сите плати, согласно членот 8-А од Законот за минимална плата.Во исто време кога опозициската ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира Законот за наставници и стручни соработници, кој обезбедува, меѓу другото и поголеми плати.Бараме од ВМРO-ДПМНЕ да прекине со политизација на штрајкот на СОНК, тоа е на штета на наставниците и на учениците.Toa e последната партија којашто може да зборува нешто за образование или плати на наставници.Убедени сме дека решенијата се возможни само преку социјален дијалог на синдикатите и надлежните институции.Не со условувања туку со дијалог.Заеднички да обезбедат одржливи и системски решенија во врска со зголемувањето на платите на наставниците и подобрување на нивниот економско-социјален статус“.

Македонија | пред 3 години

CB4961EF-6D55-478A-A711-39B28628A468

Секој треба да ја понесе својата одговорност без разлика на која позиција се наоѓа, вели Николова

На прашањето во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Зекири а претходно и Рашковски, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ вели дека секој треба да ја понесе својата одговорност без разлика на неговата позиција.„ВМРО-ДПМНЕ е партија која е симбол за криминал и корупција и таа најмалку е повикана да обвинува било кого. Бројните судски процеси којшто и сега се водат против нивните функционерите, дури и нивните признанија во неколку судски процеси се најдобра потврда за тоа.Има огромна разлика од времето на режимот кога институциите, судството и обвинителството беа под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и наместо да гонат, штитеа криминал. На никој не му паѓаше на памет да понесе одговорност, ниту пак да да поднесе оставка, тоа денес веќе не е така.Од друга страна ние ги овозможуваме сите услови да правосудните органи работат слободно и нивна задача е низ транспрарентни постапки да утврдат дали некој ја злоупотребил својата позиција и согласно доказите кои ги имаат да започнат постапка или не.Секој треба да ја понесе својата одговорност без разлика на која позиција се наоѓа и токму во ова време во кое СДСМ владее ги создаваме сите услови за да владее правото“, вели Николова

Македонија | пред 3 години

IMG-0269

Што променија мерките на Владата, Николова одговара за ефектите

„Владата предводена од СДСМ и надлежните институции преземаат навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните во време на глобална економска криза“, вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.Таа додава:„Со неколку мерки од пакетот вреден 400 милиони евра, сериозно ги намалуваме трошоците на семејствата на месечно ниво.Семејствата заштедуваат околу 1.500 денари преку мерката за намалување на ДДВ на нула отсто за основните прехранбени продукти.Преку субвенционирањето на сметки за електрична енергија сметките за струја на едно просечно семејство денес се пониски за 2.150 денари, а намалувањето на ДДВ за горивата обезбедува месечна заштеда од околу 300 денари.Дополнително на ова, воведова тримесечна финансиска поддршка од по 1.000 денари за пензионерите и за семејствата во социјален ризик за полесно да се справат со последиците од кризата.И во време на криза платите растат минималната плата сега изнесува 18.000 денари што значи дека сега за да се покрие една синдикална потрошувачка кошничка потребни се две минимални плати, додека пред само четири години за ова беа потребни 4,5 минимални плати.Согласно Законот за минимална плата следи и соодветно зголемување на платите во сите сектори.Во време на светска економска криза, продолжуваме со политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани.Остануваме посветени на креирање и реализација на мерки што го штитат животниот стандард на граѓаните и обезбедуваат помош за домашната економија“.

Македонија | пред 3 години

Agencija-za-vrabotuvanje

Сите невработени лица кои ги исполнуваат условите да се пријават на повиците за мерките од Оперативниот план за вработување, посочи СДСМ

„СДСМ продолжува со посветена борба против сиромаштијата и невработеноста. Објавени се првите јавни огласи од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2022 година. За една од најискористените мерки, мерката Самовработување со новиот план обезбедени се средства за отворање на сопствен бизнис за 2.000 лица“, вели СДСМ.Тие додаваат:„Финансиската поддршка за едно лице да отвори сопствен бизнис изнесува 5.000 евра или до 10.000 евра ако компанија основаат двајца содружници.Со мерката Практиканство ќе се опфатат над 1.600 млади лица до 34 години кои ќе можат да се вклучат на пазарот на труд и да се стекнат со практични знаења на одредено работно место.Овие лица ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари со вклучено осигурување за период до три месеци.Отворен е и повикот за мерката Вработување и раст на правни субјекти која на работодавачите од микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации им овозможува да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места.Сите лица кои ги исполнуваат условите можат да конкурираат во еден од триесетте центри за вработување или онлајн на веб страницата на Агенцијата за вработување.Оперативниот план како една од клучните алатки за намалување на стапката на невработеност за оваа година има буџет од 30 милиони евра и со него ќе се опфатат околу 15.000 невработени лица“.

Македонија | пред 3 години

271720567_384788290082758_7603782481458349357_n

Со 400 милиони евра ги помагаме граѓаните и фирмите во време на криза, вели СДСМ

Владата предводена од СДСМ во услови на најголемата криза, презеде навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните од ценовни шокови и помош на компаниите.Со ефикасната реализација на сетот антикризни мерки вредни 400 милиони евра, го штитиме стандардот на граѓаните и им помагаме на фирмите да ја сочуваат ликвидноста и да ги задржат вработените.Само со мерката за намалување на ДДВ за основните прехранбени производи од 5% на 0%, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари.Најголем ефект има мерката за електрична енергија. Доколку Владата не ја субвеционираше струјата, сметките за струја на граѓаните би биле околу 2.150 денари повисоки на месечно ниво.Домаќинствата во просек имаат заштеда од 300 месечно со мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% за енергенсите, односно за акцизата.Владата предводена од СДСМ секој расположлив денар од буџетот го наменува за поддршка на граѓаните и компаниите.Покрај овие мерки, минималната плата е двојно поголема од времето на ВМРО-ДПМНЕ, пензионерите добиваат 1.000 денари помош месечно и рекордно зголемување на пензиите, обезбедена е поддршка за ранливите категории.СДСМ како одговорна партија продолжува со одговорни, ефикасни и издржани економски политики.

пред 3 години

D41-ZjHXoAAWYe3

И Мицкоски ли е сниман од Груевски па мора да му ги спроведува нарачаките и да го брани?, прашува СДСМ

„По честите посети на Христијан Мицкоски на Будимпешта локацијата каде што е пребеган Никола Груевски со право се поставуваат прашањата со што криминалецот во бегство го држи Мицкоски под контрола?“, прашува СДСМ.Оттаму додаваат:„И Мицкоски ли е сниман од страна на Груевски па затоа мора да ги спроведува сите негови нарачки?Што се има Груевски за Мицкоски за овој да мора по секоја цена да му ги брани криминалите?Секојдневно се покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија предводена од Груевски, партија заштитник на криминалот“.

Македонија | пред 3 години

20032020_VRSM_Dimkovski_pres1

Се воведува Програма за интервентен фонд за земјоделството, во вредност од 250 милиони денари, вели Димковски

Во време на глобална криза, кога и цената и побарувачката на важни земјоделски производи е на високо ниво, Владата предводена од СДСМ презема чекори за помош и поддршка на домашното земјоделско производство, вели Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ„За таа цел, за прв пат се воведува Програма за интервентен фонд за земјоделството, во вредност од 250 милиони денари.Овие средства во голем дел ќе бидат наменети за поддршка на сточарството и за растително производство, односно за житните култури.120 милиони денари се наменети за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива за производителите на пченица и јачмен.Дополнително, поради високата цена на нафтата, годинава, направено е усогласување и на износот за реализација на мерката „зелена нафта“ кој е зголемен за 13 отсто.Но, она што е исто така важно е што овој Интервентен фонд се проширува со нови мерки за поддршка на земјоделците.Обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед и пченка.Дополнително, и за оваа година, субвенциите за сончогледот ги исплативме пред почетокот на новата сеидбена сезона за земјоделците да можат навреме да сеат и да имаат пари за производствените трошоци.Минатата недела, Платежната агенција исплати над 450 милиони денари субвенции за полјоделски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка.Почитувани,И во време на светска криза, Владата предводена од СДСМ се грижи за земјоделството и инвестира во руралниот развој.Продолжуваме со реализација на мерки кои обезбедуваат квалитетно, конкурентно домашно земјоделско производство“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

lekari-715x420

Повисоки плати обезбедивме и за вработените во училиштата, градинките, полицијата, факултетите и здравството, вели СДСМ

Владата предводена од СДСМ обезбедува постојан раст на платите за подобрување на животниот стандард на граѓаните, вели СДСМ„Минималната плата ја зголемивме двојно, со што месечните примања за над 80 илјади граѓани изнесуваат 18 илјади денари што е за околу 10.000 денари повеќе од 2012 година во време на ВМРО-ДПМНЕ.Континуиран раст на платите е обебзеден и за наставниците, вработените во здравство и во градинките.Платите на наставниците во последните 4 години ги зголемивме за над 2.000 денари, додека претходната власт во период од 7 години ги зголеми за само 850 денари.Вработените во градинките со новиот систем за плати добија зголемување од 21% што е најголемо до сега, а воведен е и кариерен развој. Зголемување од 5 % имаше и за вработените во здравство.Дополнително со законските измени кои токму ВМРО-ДПМНЕ ги блокира во Собранието се гарантира континуиран раст на наставничките плати согласно растот на минималната плата.Со истиот закон се предвидува трајно решавање на 4.700 вработувања на наставниците од определено на неопределено време како и унапредување на нивниот статус.Покачување на платите добија и вработените од високообразовните установи.Со потпишувањето на Колективен договор за високо образование, за прв пат беше постигнато зголемување во просек за 10% кое започна да се пресметува со минатата септемвриска плата.Владата предводена од СДСМ постојано работи на обезбедување подобар живот и повисок стандард на сите граѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

popis-2

СДСМ: Успешниот попис носи бројни придобивки за економски развој и нови политики

„По 20 години имаме успешен попис согласно светските пракси и стандардите на Евростат. Пописот е поздравен и од Европската комисија и од сите релеватни фактори. Успешниот попис носи бројни придобивки за економски развој и нови политики“, вели СДСМ.Тие додаваат:„Владата, институциите, компаниите сега имаат точни податоци на кои ќе се темелат идните мерки и политики.Врз основа на оваа статистичка операција, Владата ги распределува средствата за финансирање на проекти од Програмата за рамномерен регионален развој, чија цел е намалување на разликите меѓу планските региони и меѓу општините.Пописот дава увид колкава е потребата од стручен кадар за деца во градинките, увид во структурата на образованието на населението, што ќе резултира со креирање на политики за усогласување на потребите на пазарот на трудот.Домашните и странски инвеститори ќе добијат појасна слика за распределба на квалификувана работна сила со што ќе им се помогне во планирањето на идните инвестиции.Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерки и политики во интерес на граѓаните и во интерес на државата“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања