СО

Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

„Покрај правна, подлежи и на општествена одговороност“ - Правда ќе достави предлог, Советот ќе даде мислење за разрешувањето на Коцевски

Владата го разгледа мислењето од Министерството за правда, па го задолжи да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител кое Владата ќе го достави до Советот на јавните обвинители. Портпаролката Марија Митева информираше за причините.„Како Влада сакаме да ја информираме јавноста дека на денешната седница, беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое владата отвори сериозна дискусија. Постапувајќи по заклучокот кој беше донесен на претходната владина седница со која го задолживме Министерството за правда да преземе активностите во однос на поведување на постапка за разрешување на Јавниот обвинител, Министерство за правда го достави мислење во кое се нотирани следниве состојби:Како прво: нарушениот углед на институцијата со која раководи јавниот обвинител, затоа што чувањето на угледот на институцијата е должност која потекнува од Законот за јавно обвинителство, конкретно член 4 став 1. Понатаму, целокупната јавност во изминатиов период беше сведок на низа скандали, нарушена функционалност на ЈО, незаконски постапувања и корупција, неефикасност и повреда на принципите и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите. Ваквите состојби се комплетно спротивни на обврските кои произлегуваат од законските надлежности.Овде не станува збор само за перцепција само на Владата, ова е констатирано од стручна јавност, констатирано е во извештаи кои имаат конкретни, мерливи и објективни показатели. Во оваа смисла, Владата цени дека придонесот од јавниот обвинител за овие состојби е значителен и е резултат на низа пропусти и повреди во неговото постапување и извршување на функцијата. Овие дејствија со кои се предизвикани тешки последици по функционирањето на јавното обвинителство со што е направено намерно и неоправдана крупна професионална грешка се правните аргументи со кои што ќе побараме разрешување на Јавниот обвинител пред истекот на мандатот. Дополнително како Влада цениме дека јавниот обвинител покрај правна одговорност, подлежи или би требало да подлежи и на поширока општествена одговорност, особено пред органот кој што го избрал, а пред се пред граѓаните чии интереси треба да ги штити. Согласно вака утврденото мислење, Владата го задолжи Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител, кое пак Владата ќе го достави до Советот на јавните обвинители од каде согласно законските одредби потребно е да се добие мислење“, рече Митева.

Македонија | пред 11 месец

kocevski-hajrulahi

Се собирале докази против Хајрулахи во Обвинителство, додека во Владата се изјаснува за разрешувањето на Коцевски

Денот кога Владата се изјаснува за предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од позицијата државен обвинител, во Вишото јавно обвинителство-Скопје дошла обвинителката од Штип да обезбедува докази против суспендираниот Мустафа Хајрулахи. Обвинителството посочува дека штипската обвинителка вршела увид во документација, за да докажува дека Хајрулахи вршел Злоупотреба на службената положба и овластување и Малтретирање во вршење на службата поведена против јавен обвинител.“Јавниот обвинител и стручни соработници од ОЈО Штип ги документираа податоците внесени во уписниците и начинот на внесување на предметите. Притоа, се вршеше и споредба со исказите на оштетените лица – пријавители за начинот на кој наведуваат дека се интервенирало при распоредување на предметите. Увидот во документацијата е извршен во целост во согласност со одредбите на Законот за кривична постапка и за истиот ќе биде изготвен записник со констатации за сите присутни лица“, велат од Обвинителството.Постапката против Хајрулахи беше отворена откако Коцевски му покрена дисциплинска постапка, а четири вработени му поднесоа кривична пријава. Хајрулахи и јавно сведочеше дека Коцевски му кажувал како да постапи со предметот поврзан со „Бонусите на СЈО“, но и дека го условувал со постапка против нег доколку не постапи така.

Македонија | пред 11 месец

viso-obvinitelstvo

По седум дена обвинителката Цалева сфатила дека нема искуство да раководи со Вишото обвинителство-Скопје

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева се повлекла од раководната функција во Вишото јавно обвинителство бидејќи сметала дека нема доволно искуство, дознава „Скопје1“. Таа до Советот на јавни обвинители испратила писмо насловено како „молба“, за да биде тргната од функцијата по само седум дена откако беше назначена. Таа беше предлог на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за кого во тек е постапка за разрешување.„Скопје1“ побара став од Советот на јавни обвинител. Претседателката Душица Димитриеска посочи дека го добила писмото и дека на денешната седница ќе ги запознае останатите членови со неговата содржина. Посочи дека дневниот ред за оваа седница е утврден од пред една недела, па затоа, не е сигурна дека по барањето ќе може да се одлучува денеска.Изборот на Крстевска-Цалева беше проследен со различни коментари. Владата тврди дека ова е незаконско.Таа не ги издржа критиките и поднесе оставка. Коцевски поведе дисциплинска и поведе постапка против досега првиот човек на ова обвинителство, Мустафа Хајрулахи, заради наводен мобинг кон свои колеги. Хајрулахи во јавни настспи тврди дека е жртва на притисок. Оддалечен од функцијата, на предлог на Коцевски е и досегашниот заменик Јове Цветановски.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

(Видео) Коцевски изненаден оти обвинителката која ја предложи за шефица се повлече по седум дена

Републичкиот обвинител кој е на пат да биде разрешен, Љупчо Коцевски не знаел дека Наташа Крстевска Цалева ќе поднесе барање да биде тргната од раководната функција која ја доби во Вишото обвинителство.„Сега дознав од претседателката на Советот на јавни обвинители. Мене не ми кажала ништо (за притисоци), не знам кои се евентуално вистинските причини, дали е ова што денеска стоеше во барањето со оглед дека има само една реченица“, рече Коцевски.„Поради нарушените меѓуљудски односи, ценев дека најцелисходно е истата ги врши одредените работи во Вишото јавно обвинителство-Скопје. Тоа не е в.д. туку обвинител кој ќе потпишува пошта, ќе распределува и ќе врши тековни работи. Следи извештај, завршна сметка. Мора некој јавен обивнител да врши определени работи. Целта ми беше тие меѓуљудски односи да се ускладат“, додаде Коцевски.

Македонија | пред 11 месец

kocevski-1

Судиите и обвинителите можат да правораздаваат до 67 години, шефот Коцевски и при разрешување ќе може да си остане на работа

Обвинителите и судиите можат да бидат дел од правосудниот систем до 67 години. Ова значи дека по исполнување на старосната граница за пензионирање, тие можат да одлучат да останат дел од правосудниот систем. Вакви измени вчера изгласаа пратениците во Собранието. Сега, со писмена изјава, судија или обвинител, може да продолжи да ја обавува функцијата.„По исклучок од член 104 од овој закон, лице кое остварува права од работен однос врз основа на одлука за избор или именување од надлежен орган, во согласност со законот што ги утврдува неговите права и обврски кои произлегуваат од вршењето на функцијата, има право да побара да продолжи со вршење на функцијата и по исполнување на условите за старосна пензија, а најмногу до 67 години возраст, со писмена изјава до органот кој го избрал или именувал. (2) Писмената изјава од ставот (1) на овој член, лицето ја дава еднаш годишно, а најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на вршењето на функцијата за наредната година“, стои во измените на Законот за работен однос.Ова значи дека и обвинителот републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, кој во август полни 64 години и треба да се пензионира, сега е „спасен“. За него во тек е постапка за разрешување од шефовското место, која дури и да заврши со успех, тој ќе остане обвинител. Коцевски ќе треба само да поднесе изјава дека сака да продолжи да ја врши функцијата, а со тоа ќе остане во Републичкото јавно обвинителство.Во образложението од 15-те пратеници, стои дека измените на Законот ги поднесуваат поради нискиот број на судии и обвинители.  Имајќи во предвид дека состојбата во правосудството од аспект на кадровската екипираност е алармантна, а последиците се на штета на граѓаните и ова претставува еден од факторите кои влијаат врз ефикасноста, квалитетот и пристапот до правда, потребно е изнаоѓање на побрзо решение за да се надмине овој горлив проблем. Начин на кој овие проблеми би можеле да се надминат во што е можно пократок рок е да се даде можност за продолжување на судската и јавно-обвинителската функција и по исполнување на утврдената старосна пензија, односно до 67 години возраст, за што постои и законски основ во посебните закони кои ја регулираат оваа област“, стои во образложението на изгласаниот закон.

Македонија | пред 11 месец

hajrulahi-1

Крстевска Цалева времено на местото на Хајрулахи

Наташа Крстевска Цалева ќе ракободи со скопското Вишо јавно обвинителство.Таа доаѓа времено на ова место поради суспензијата на досегашниот шеф Мустафа Хајрулахи.Тој беше суспендиран и одалечен од вршењето на функцијата заради кривична пријава за малтретирање на свои колеги обвинители со што се отвори војна на релацијата Коцевски- Хајрулахи.Крстевска Цалева дојде какл предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски, со едногласна поддршка од членовите на Советот на јавни обвинители.По завршувањето на дисциплинската постапка против Хајрулахи ќе се знае епилогот, дали ќе се оди на избор на нов шеф на скопското Вишо обвинителство или Хајрулахи ќе се врати.Во предлогот за Крстевска Цалева стои дека е обвинител со интегритет, без забелешки на нејзината работа, а била и неодамна избрана да работи во Вишото обвинителство.Дисциплинската против Хајрулахи трае.Комисијата за утврдување негова одговорност утврдила неправилности во заведување на предметите во обвинителството. Хајрулахи пак се пожали на притисоци од државниот обвинител Коцевски поради предметот со бонусите на СЈО.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

Владата се реши за разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски

Владата го задолжи Министерството за правда да преземе активности за поведување на постапка за разрешување на државниот јавен обвинител.„Разочарувањето на Владата за постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.Таа образложи и аргументи за разрешувањето.„Се отвори расправата за последниот индекс на транспарентност, од каде можеше да се види дека четири точки се однесуваат на состојбите во Обвинителството и судството. Дополнително, последното именување за в.д. шеф на Вишо јавно обвинителство е одлука која е незаконска“, рече Митева.

Македонија | пред 11 месец

kocevski-pravda

Коцевски за Владата откако „тргна возот“ за разрешување: Ги немате сите точни информации!

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, за кого Владата донесе одлука за поведување на инцијатива за разрешување тврди дека не работел незаконски. Тој на Владата и посочува дека донела грешна одлука водејќи се од неточни информации.„Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски. Верувам дека Владата ги немала на располагање сите релевантни и точни информации и заради избегнување на недоразбирања, сакам да го појаснам следното: Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесен од обвинителот Хајрулахи, кој во моментов е суспендиран, беше со важност до 31.12.2024 година. Согласно тој распоред лицата определени за негови заменици го имаа статусот на заменик до истекот на распоредот на 31.12.2024 година. Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје за 2025 година е донесен од обвинителот Цветановски во јануари 2025, во момент кога истиот немал својство ниту на заменик, ниту на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, што значи дека ваквиот распоред не е донесен согласно закон и не може да произведува правно дејство. Со потврдување на одлуката за суспензија и на обвинителот Цветановски, се јави потреба да се определи јавен обвинител кој времено ќе раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје.Сакам да укажам дека не е првпат да се постапува на овој начин и приоритет беше во случајот да се определи раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје кој ќе биде гарант за непристрасното, професионално и објективно работење на обвинителството до завршување на дисциплинска постапка за обвинителот Хајрулахи. Појаснувам дека не се работи за назначување на вршител на должноста виш јавен обвинител туку за определување на времен раководител на вишото јавно обвинителство Скопје. Според тоа ве верувам дека моето постапување во овој случај, како и во целокупното мое работење е согласно закон, а со цел овозможување на непречено и законито функционирање на јавното обвинителство и заштита на јавниот интерес“, вели Коцевски.

Македонија | пред 11 месец

dimitrievska-sovet-12

Советот на обвинителите контра Владата, претседателката без одговор дали Коцевски може да се разреши и ако дадат негативно мислење

Душица Димитриеска, претседател на Советот на обвинители,  се спротивстави на Владата, која беше децидна дека назначувањето на обвинител кој ќе го заменува Мустафа Хајрулахи во скопското Јавно обвинителство е незаконска. Според Димитриевска, одлуката е законска.„Беше донесена одлука, следејќи ги состојбите во Вишото јавно обвинителство каде вишиот јавен обвинител е оддалечен од функцијата, советот утврди дека е потребно во ова јавно обвинителство да се назначи обвинител кој ќе раководи со Обвинителството. Таа одлука е едногласна“, рече Димитриевска.Прашана дали имало законска основа за ваква одлука, таа рече: „Да има, мора да има потписник, мора да има јавен обвинител кој ќе го раководи“.„Јас не можам да дадам одговор на тоа прашање, јас тврдам дека нашата одлука е законита. Тоа Обвинителство мора да има јавен обвинител кој ќе раководи. Уште еднаш да напоменам, се работи за јавен обвинител кој ќе раководи додека трае оддалечувањето на јавниот обвинител“, додаде Димитриевска.Прашана да ја објасни процедурата за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, таа им порача на новинарите да си видат во законот, оти таму ја имало. Немаше ни конкретен одговор, дали процедурата продолжува во Собрание и покрај евентуално дадено негативно мислење од Советот на јавни обвинители за разрешување на Коцевски.„Во однос на тоа прашање, сакам да изјавам дека до сега, немаме до Советот никаков предлог добиено. Кога ќе има предлог, ќе се произнесеме. Советот ќе ги испочитува роковите и процедурата“, рече Димитриевска.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања