Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

СО

media-libraryq2483tjvuqs5eS2XUNk

Професорот Прешова за оставката на Ристоска: Ова е пораз на системот, ваква одлука е изнудена

Редовниот професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Денис Прешова, по повлекувањето на Ленче Ристоска од Обвинителството, оцени дека поднесувањето оставка од професија во која е вложен значителен труд и време е една од најтешките животни одлуки, која најчесто е резултат на притисок и чувство на безнадежност.„Поднесувањето на оставка и повлекување од професијата во која сте вложиле многу време, труд и енергија веројатно е една од најтешките одлуки кои еден човек ги носи во животот. Обично ваква одлука е изнудена или присилена, таа доаѓа од чувството на безнадежност и очај“, наведува Прешова.Тој посочува дека во такви околности, поединецот се наоѓа пред избор – дали да остане во системот или да го зачува сопствениот интегритет.„Човек е поставен помеѓу тоа да се откаже од сето вложено, љубовта кон професијата, или да остане чист пред себе и едноставно да се повлече со цел да си го зачува достоинството и интегритетот одбивајќи да биде претопен во сивилото“, додава Прешова.Според него, ваквата одлука не зборува само за личноста што се повлекува, туку уште повеќе за системот кој довел до таков исход.„И ова колку што говори за личноста која се повлекува и ја поднесува оставката, можеби повеќе говори за системот кој на вакво нешто ја натерал и кој не дозволува двете да бидат помирени“, оценува тој.Професорот е критичен и кон функционирањето на институциите, нагласувајќи дека во систем кој декларативно се повикува на самостојност, изостанува реакција на случувањата.„Во систем кој се ‘колне’ во самостојност и автономија, особено кога треба да се бараат пари, а нема да се најде ниту еден јавно да реагира на сите случувања... не можете ништо друго да очекувате освен послушност и кооперативност со политиката и центрите на моќ“, вели Прешова.Тој додава дека ваквата состојба директно им штети на државните интереси, а изостанува и поддршка од меѓународниот фактор.„Веројатно на иста линија би одела и забелешката кон ‘меѓународната’... бидејќи не видов било кој јавно да се заложи макар и во име на самостојноста и владеењето на правото“, наведува Прешова.Во својата анализа, тој ја истакнува и потребата од поширока реакција внатре во системот.„Борбата на Ленче во изминатиов период... ја гледам низ призма на поттикнување и некој друг од редовите на обвинителството и правосудството да најде за сходно да крене глас и да покаже интегритет“, оценува професорот.Прешова посочува дека поединецот тешко може да го промени системот сам, но дека група на интегритетни професионалци може да создаде промени.„Поединецот не го менува системот... но тоа можеби можат да го сторат група на поединци која ќе биде доволно влијателна и истрајна“, додава тој.Тој предупредува дека без такви промени, системот ќе продолжи да губи квалитетен кадар.„Се додека индиферентноста и сопствениот интерес не бидат потиснати од чувството и желбата за правда, ние ќе продолжиме да го губиме добар кадар“, заклучува Прешова.Според него, ваквите оставки се порака и до оние кои остануваат во системот – дека без суштински промени, професионалците ќе бидат демотивирани или ќе се повлекуваат.

Коментари | пред 4 дена

media-libraryl1eaujscnrp0f3HuvQY

Ленче Ристоска преку СМС го известила Савески дека си заминува: Од медиумите ги дознав причините

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески изрази жалење за оставката на обвинителката Ленче Ристоска, наведувајќи дека станува збор за лична одлука за која бил информиран по нејзиното поднесување.„Во принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но сепак изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска. За ваквиот чин и од неа лично бев известен преку СМС порака по поднесување на оставката, а за причините за истата дознав од медиумите“, изјави Савески.Тој посочи дека обвинителството останува без искусен кадар од кој очекувал значаен придонес, особено во делот на меѓународната соработка.„Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врски со Европравда“, рече Савески.Во однос на одлуката за повлекување на овластувањата, тој нагласи дека таа не е насочена кон Ристоска.„Одлуката за отповикување на сите овластувања дадени од моите претходници не е персонална и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска. Таа одлука е од организациска природа и нејзината цел е зголемување на ефикасното постапување“, изјави тој.Савески упати повик до јавните обвинители да го зачуваат професионалниот интегритет, но и до јавноста и општествените чинители да не се нарушува угледот на институцијата.„Сите одлуки што ги носам се во насока да ја гарантирам независноста и самостојноста во работењето на Јавното обвинителство“, порача Савески.

Македонија | пред 4 дена

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ленче Ристоска поднесе оставка, заминува од Обвинителството: Нема услови за работа

Јавната обвинителка Ленче Ристоска поднесе оставка од функцијата, наведувајќи дека повеќе не постојат услови за независно и принципиелно извршување на обвинителската должност.Во своето обраќање, Ристоска посочува дека обвинителската функција ја доживувала како повик и можност за подобрување на системот, но дека во текот на кариерата се соочувала со сериозни опструкции – институционални и лични.Целото обраќање преку соопштение:„Јавнообвинителската функција секогаш сум ја поимала како повик и можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и пред сè животот на граѓаните. Затоа во текот на мојата кариера особен предизвик ми претставуваше работата на случаи кои најдиректно влијаат врз дерогирањето на општествените вредности и принципи.Работењето на високопрофилни случаи создава и високопрофилни непријатели — такви кои ги користат своите моќ, влијание и конекции за да избегнат одговорност и да ве оттргнат од вашата намера. Тоа подразбираше опструкции на различни нивоа, институционални и лични. Низ годините бевте сведоци на многу од тие случувања: влијание врз сведоци, вршење притисоци, менување на законски решенија, чување предмети во фиока и застарување на предмети. Сето тоа не ме спречи да опстојам во моите заложби, па јавно ги критикував состојбите во правосудството без оглед на општествено-политичкиот контекст и без калкулации за последиците по мојата кариера.Сите тие напори сакав да ги заокружам од раководна позиција преку мојата кандидатура за државен јавен обвинител, со јасна визија, акумулирано знаење и изградена отпорност спрема влијанија и притисоци. Верував дека е дојдено времето за институција чија водилка ќе биде јавниот интерес, борбата против корупцијата и криминалот и заштитата на правата на граѓаните.Оваа недела Советот на јавни обвинители ја отфрли мојата претставка за напад врз мојот интегритет и самостојност, а државниот јавен обвинител донесе одлука за повлекување на овластувањата за застапување во клучни предмети во завршна фаза. Сметам дека овие одлуки сериозно ја ослабуваат позицијата на јавното обвинителство и носат конкретни ризици за исходот на предмети кои таргетираат висока корупција и криминал.Овие постапки се во директна спротивност со визијата за која се залагам, а тоа е обвинителство кое работи надвор од политички влијанија, ги штити своите професионалци и го брани јавниот интерес доследно и без селекција.Бидејќи не гледам простор за работа, ниту во перспектива како би можела да делувам во согласност со моите принципи, денес поднесов оставка од функцијата јавен обвинител. Искрена благодарност на сите кои ја препознаа и поддржаа мојата посветеност и борба“.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryjeifrmc3923n0xTSp1W

Потпишан колективен договор меѓу судската администрација и Кривичен суд: Тие се тивка и суштинска поддршка

„Тие се тивката, но суштинска поддршка на правдата и заслужуваат признание, почит и континуирано унапредување на условите за достоинствена и професионална работа“ – ова е клучната порака што ја испрати Даниела Димовска, в.д. претседател на скопскиот Основен кривичен судпо повод Денот на правосудството.По тој повод, во судот беше потпишан колективен договор со судската администрација, со што се става акцент на нивната улога во функционирањето на правосудниот систем.Од судот нагласуваат дека без посветената и професионална работа на администрацијата, судството практично не би можело да функционира, потенцирајќи дека токму тие се основата врз која се одвива секојдневната работа на институцијата.Во рамки на одбележувањето на Денот на правосудството, беа доделени и благодарници на пензионирани вработени од 2025 и 2026 година, како признание за нивниот долгогодишен придонес и професионалност.Од Основниот кривичен суд Скопје посочуваат дека овој ден е потсетник за заедничката одговорност на сите чинители во правосудството, со цел обезбедување ефикасен, транспарентен и праведен систем, како и зајакнување на довербата на граѓаните.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.Во образложението на Советот беше наведено дека изнесените наводи не се доволно конкретизирани за да се утврди реално влијание врз нејзината самостојност. Членката Маријана Илиевска посочи дека јавните изјави и напади, иако несоодветни, не биле директно поврзани со одлучувањето на обвинителката.Советот заклучи дека нема докази за загрозување на професионалниот интегритет или за надворешно влијание врз работата на Ристоска.На истата седница беа донесени и одлуки за распишување огласи за избор на јавни обвинители во повеќе обвинителства низ државата, по што продолжи разгледувањето на дисциплински предмети.Претходно, Советот отвори постапка за да утврди дали јавните изјави на премиерот Христијан Мицкоски претставуваат притисок и нарушување на самостојноста на Ристоска.Постапката беше покрената по нејзино писмено известување, во кое таа реагираше на изјавите во кои, како што тврдеше, била јавно наречена „медиокритет“ и поврзана со „клиентелистичко-политичка матрица“. Според неа, ваквите квалификации претставуваат обид за влијание врз нејзината работа.Советот најави дека ќе постапува согласно Правилникот за заштита на самостојноста на јавните обвинители, со формирање тричлена комисија која требаше да ги утврди фактите и околностите и да побара изјаснување од засегнатите страни.Изјавите на Мицкоски беа дадени во јавноста во контекст на неговите критики за ставовите на Ристоска околу измените на Кривичниот законик, по што обвинителката побара јавно извинување.Тензиите дополнително се засилија откако Владата ја поништи листата на кандидати за судија во Стразбур, на која Ристоска беше меѓу највисоко рангираните, по што таа оцени дека е изложена на континуирани јавни напади и дискредитации поврзани со нејзината работа.

Македонија | пред 1 седмица

media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Мицкоски го одби Савески за зголемен буџет за плати на обвинителите: Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата не гледа простор за зголемување на платите во судството и обвинителството, но е подготвена да разговара за подобрување на ресурсите и условите за работа.Тој посочи дека веќе е одобрен план за нови вработувања во судовите, со цел зајакнување на капацитетите на судската администрација.„Во делот на платите не гледам простор за зголемување, но во делот на ресурсите и алатките секако дека може да разговараме, не само со обвинителството туку и со судовите“, изјави Мицкоски.Премиерот информира дека ќе бидат вработени 200 лица во судовите низ државата, главно судски соработници и административен кадар.„Тие сами ја изработија систематизацијата и планот, добивме допис, истиот беше одобрен, а средствата се обезбедени од Министерството за финансии“, додаде тој.Во однос на барањата за повисоки плати, Мицкоски нагласи дека тие мора да се разгледуваат во поширок контекст на платите во државата.„Не гледам простор за зголемување на платите, особено ако се земе предвид нивото на платите генерално во државата. Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да“, потенцираше премиерот.Изјавата доаѓа по барањето на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески за зголемување на буџетот на обвинителството.

Македонија | пред 2 седмици

media-library5f39hu917v0l7lLmqWi

Савески даде заклетва: Политиката не е мој интерес, селекција на предмети не правам, товар не чувствувам

Новоименуваниот државен јавен обвинител Ненад Савески, по давањето на свечената заклетва, порача дека обвинителството мора да функционира исклучиво врз основа на законите, без влијание од политиката.„Интересите на политичките партии не се предмет на мој интерес. Политиката не била и нема да биде дел од мојата работа. Без оглед на тоа колку гласови сум добил, мојата работа ќе зависи од законските обврски“, изјави Савески, осврнувајќи се на фактот дека неговиот избор не доби поддршка од опозицијата.Тој нагласи дека нема да прави селекција на предметите и дека секој случај ќе има еднакво значење.„Секој предмет има еднаква тежина. Нема да има приоритети по нарачка, ниту од било кого. Постојат законски процедури по кои ќе се постапува и тие важат за сите“, рече Савески, одговарајќи на прашања за евентуални политички влијанија врз отворање или ревидирање на случаи.Во однос на прашањето за расчистување со последиците од поранешното Специјално јавно обвинителство, кратко одговори дека веќе дал став на таа тема.Како приоритет во својата работа, Савески ја најави модернизацијата на обвинителството.„Прво ќе се сретнам со обвинителите за да се запознаам со состојбите. Планот е дигитализација на системот за управување со предмети, преку кој ќе се следи работата и ќе се обезбеди поголема ефикасност. Ќе гарантирам транспарентност и отчетност – јавноста ќе има одговори за секој предмет“, истакна новиот државен обвинител.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Ненад Савески избран за државен јавен обвинител, го поддржаа 66 пратеници

Собранието на Република Македонија го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.За неговото именување гласаа 66 пратеници, додека 2 беа „против“, а 8 „воздржани“, од вкупно 101 присутен пратеник.Со оваа одлука, Савески ја презема функцијата прв човек на јавното обвинителство, во период кога правосудниот систем е под силен јавен и политички притисок, со очекувања за поголема ефикасност и независност во постапувањето.Неговиот избор беше проследен со жестока политичка дебата во Собранието, во која власта и опозицијата изнесоа спротивставени ставови за состојбите во правосудството и за начинот на избор на обвинителот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library271n70jac5nfbQSOCoz

Застој во борбата против криминалот: Пет обвинители кои гонеа организиран криминал останаа без мандат поради ненавремениот избор од Советот

Советот на јавни обвинители ја одложи седницата закажана за во среда, кога требаше да се одржи изборот на нови пет обвинители кои ќе работат во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со ова, стави кочница во работата на ова Обвинителство, бидејќи пет обвинители од утре немаат мандат за да работат на предметите кои им се доделени.„Седницата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија закажана за ден 18.03.2026 година, се одлага.  За терминот за одржување на 40-тата седница со предложениот дневен ред, јавноста ќе биде дополнително информирана со соопштение на веб страницата“, велат од Советот.Ова пак, го донесе првиот „нус“ ефект, се одложи рочиштето за полицајците каде обвинителка е Ивана Алексова-Трајчева.„Предметот за тројцата полицајци за Кочани, закажан за утре по барање на ОЈО-ГОКК се одлага. Новиот датум ќе биде соопштен утре“, соопштија од Кривичен судДоколку во текот на утрешниот ден, не биде направен избор на обвинители за гонење организиран криминал, обвинителките Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Енѓелуше Кадриу-Леши, Ивана Алексова-Трајчева и Сузана Мирческа-Кузмановска нема да смеат да преземаат никакви дејствија. Обвинителството наместо со 12, ќе работи со седум обивнители.Ова не е првпат ненавремено да се направи избор на обвинители, туку истото прерасна во пракса изминативе години. Се паметат и случаи со поништување на огласи, со што постапката се одолговлекува. Одложувањето на изборот закажан за утре е веројатно поради тоа што се чека изборот на новиот државен обвинител, Ненад Савески, кој истовремено, согласно функцијата, ќе биде и член на Советот.

Македонија | пред 2 седмици

islam-abazi-2

Кои се кандидатите: Двајца од СЈО, тројца од Скопско и пет бараат реизбор за да гонат организиран криминал кај Абази

Двајца обвинители кои беа во згаснатото СЈО, а сега се во Вишото скопско обвинителство, и тројца обвинители од скопското Обвинителство, заедно со пет актуелни обвинителки од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, се борат за мандат во ова обвинителство. За пет места пријавени се десет обвинители. Непознато е дали изборот ќе се направи утре (среда), бидејќи истиот ден треба да се избере новиот републички обвинител, Ненад Савески. Во спротивно, ќе треба на седницата да присуствува и да бира в.д. обвинителката.Во трката за нов мандат во Обвинителството за гонење организиран криминал влегува Марија Ѓоргева, позната како внука на пензионираниот претседател на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев. Таа го презема и го водеше случајот „Ликвидација“ против новинарот Томислав Кежаровски. Во кариерата ѝ се впишува искуството како стручен соработник во Кривичниот суд, па виш соработник во друг суд.Нов мандат бара и Валентина Беслимовска, која од приправник во Граѓанскиот суд станала обвинител во скопското Обвинителство. Во 2022 година беше негативно оценета од Русковска, па потоа реоценета и избрана во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Таа во 2018 година го смени обвинението за „Поткуп“ против Заев. Беслимовска подолго време е на боледување, а на нејзино место предметите ги застапува друг обвинител.Енѓелуше Кадриу-Леши е позната по тоа што се кандидираше за шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по што ја повлече кандидатурата, а функцијата ја доби актуелниот шеф Ислам Абази. Таа во декември 2024 година беше избрана за заменик-член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.Ивана Алексова-Трајчева ги работеше предметите против Драги Рашковски, кој беше генерален секретар во Владата на Заев, а го гонеше и Исмет Гури од ДУИ, кој беше заменик-управник во УЈП. Пред суд ги застапуваше предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. Моментално е шефица на полициското одделение во Обвинителството и покрена три обвиненија против полицајци и началници за трагедијата во кочански „Пулс“.Сузана Мирческа-Кузмановска е исто така меѓу кандидатите. Таа ја гонеше ексдиректорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција има од прилика 4 мандати. Во јавните архиви со нејзинот име нема известувања за предметите кои ги водела, а може да се најде само коментар за тоа дека корупцијата најтешко се докажува.Меѓу кандидатите се и двајцата виши обвинители Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои пред да бидат избрани во Вишото скопско обвинителство дојдоа токму од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Овие обвинители беа дел и од згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО).Тројцата останати обвинители доаѓаат од Скопското обвинителство.Александар Маркоски, познат како Брада, го застапуваше предметот против Васил Јовановски, кој ја усмрти Фросина на пешачки премин кај Универзална. Нема други случаи од висок јавен интерес за кои е известувано во медиумите.Обвинителката Ана Гоговска-Јакимовска го води случајот „Онкологија“, каде обвинети се доктори заедно со ексдиректорот на установата. Нема други случаи од висок јавен интерес за кои е известувано во медиумите.И обвинителката Ана Стојановиќ-Димитровска сака да гони организиран криминал. Таа беше една од двете обвинителки кои го водеа случајот за малата Вања, истрага која беше мета на многу критики од страна на правници.Мандатот на обвинителите во ова обвинителство е четири години, а со него раководи обвинителот Ислам Абази.Пред половина година мандат во ова обвинителство добија и обвинителките Наташа Поп-Трајкова и Катерина Коларевиќ.

Македонија | пред 2 седмици

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Фаќале прашина и застарувале: најдени предмети кај судијата Ѓоко Ристов кои не ги чепкал сѐ до истекување на роковите

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон.Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, околностите упатуваат дека станува збор за апелацискиот судија Ѓоко Ристов, против кого претходно беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет. Неговото име повторно се најде во фокусот на јавноста откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени околу 350.000 евра заѕидани во кујна, по што против него е отворена истрага.Работна група на Судскиот совет при вонреден увид утврдила пречекорување на законските рокови, неоправдани одложувања на јавни седници и ситуации во кои обвинетите подолго останувале во куќен притвор поради одложувања на постапките. Во еден случај, објавувањето на пресудата било одложено за 62 дена по завршувањето на расправата, што претставува прекршување на Законот за кривичната постапка.Во извештајот беше посочен и предметот „Спец каса“, кој бил пред Апелациониот суд речиси година и пол. За тој период биле закажани 16 јавни расправи, а на крајот настапила апсолутна застареност на 30 декември 2025 година. Во друг предмет застарувањето било избегнато единствено поради итното постапување на Врховниот суд.Судскиот совет заклучи дека постојат сомневања дека судијата не вложил доволно напори предметите да бидат завршени навреме, со што кривичниот прогон бил доведен во опасност од застарување.Покрај тоа, Советот веќе му го одзеде судискиот имунитет на Ристов, даде согласност за определување куќен притвор и донесе одлука тој привремено да биде оддалечен од вршењето на судиската функција до правосилно завршување на кривичната постапка.

Македонија | пред 3 седмици

media-library9a9loi0korc60Fq9oQI

Беше обвинител, стана судија, судеше за притвори во „27 април“, сега правораздава за Рашковски: кој е предложениот републички обвинител Савески

Судија во Одделот за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, поранешен јавен обвинител и долгогодишен правосуден кадар – ова е професионалниот профил на Ненад Савески, кого Владата го предложи за нов државен јавен обвинител.Савески судиска тога носи од 2016 година и работи во кривичниот суд во Скопје, каде постапува во предмети поврзани со организиран криминал и корупција. Пред да стане судија, седум години беше јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, а претходно работел како стручен соработник и судски приправник во Основниот суд во Гостивар.Во јавноста е познат по учеството во повеќе предмети со висок јавен интерес. Во моментот го води повтореното судење против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Во претходна постапка одлучуваше и во случајот познат како „27 април“, кога за дел од осомничените определи ефективен притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, додека за други беа изречени мерки куќен притвор.За Савески во 2017 година се пишуваше и дека е еден од судиите во Кривичниот суд преку кои не можеле лесно да поминат мерките и барањата предложени од Специјалното јавно обвинителство против функционери осомничени за криминал.Ненад Савески е роден на 22 јули 1976 година. По националност е Македонец, оженет е и татко на три деца, а живее во Гостивар.Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што подоцна стекнал и магистерска титула по казнено право. Правосудниот испит го положил во 2003 година. Средното образование го завршил во гимназијата „Панче Попоски“ во Гостивар.Професионалната кариера ја започнал како судски приправник во Основниот суд во Гостивар во периодот од 2000 до 2002 година, по што работел како стручен соработник во истиот суд до 2009 година. Во 2009 година бил избран за јавен обвинител, функција што ја извршувал седум години.Покрај судиската работа, Савески има и меѓународни и експертски ангажмани. Бил експерт во мисијата на ОБСЕ во Македонија и учествувал во Националната конвенција за Европската Унија во рамки на Поглавје 23, кое се однесува на правосудството и фундаменталните права. Учествувал и во повеќе работни групи за судски и законски реформи.Како експерт бил ангажиран и во проекти на Советот на Европа, ОБСЕ и УСАИД, каде работел на теми поврзани со посебните истражни мерки, притворот и кривичната постапка.Во академската сфера, Савески е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители, каде што учествува во обуката на идни судии и обвинители. Тој е и национален тутор и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, како и обучувач во областа на човековите права и кривичното право.Автор е и коавтор на повеќе научни трудови и публикации кои се однесуваат на посебните истражни мерки, слободата на изразување, клеветата и навредата, конфискацијата на имот и правото на приватност. Во периодот од 2022 до 2024 година учествувал и како коавтор на повеќе стручни водичи и публикации.Освен македонски, зборува англиски и германски јазик, а има познавања и од српско-хрватски и основно ниво на албански јазик.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhmhiod6dm3m4f7Pyw9Y

Разрешениот судија Лазар Нанев е слободен граѓанин, Обвинителството го повлече обвинението

Основното јавно обвинителство Велес денеска со писмен поднесок го повлекло обвинението против кавадаречкиот судијата Лазар Нанев, кој беше гонет за кривичното дело „несовесно работење во службата“, потврди за „Скопје1“, адвокатот Владимир Туфегџиќ.Тој посочи дека одбраната навремено побарала Обвинителството да ја преиспита законитоста и основаноста на поднесеното обвинение, имајќи ги предвид доказите што биле понудени во постапката.„Имајќи ги предвид понудените докази, навремено побарав јавното обвинителство да ја преиспита законитоста и издржаноста на поднесеното обвинение, пред сè поради економичноста и целисходноста на кривичната постапка“, наведе Туфегџиќ.Според него, во текот на постапката одбраната изнела цврсти аргументи и докази кои укажувале на неоснованост на обвинението, по што надлежниот јавен обвинител донел одлука да го повлече.„За поздравување е одлуката и доблеста на надлежниот јавен обвинител да го повлече обвинението против судијата Лазар Нанев“, истакна Туфегџиќ.Тој додаде дека овој пример треба да го следат и други јавни обвинители во ситуации кога нема доволно докази кои го поткрепуваат обвинението, особено поради економичноста и ефикасноста на кривичната постапка.Нанев беше гонет поради постапување како судија за извршување на санкции. Тој за „Скопје1“, во телефонски разговор, посочи дека не е точно дека бил гонет за наводна комуникација со обвинет во предмет кој тој го судел. Според Нанев, во обвинителниот предлог кој сега е повлечен стои дека тој наводно ненавремено издал наредба за приведување на осудено лице.Нанев во телефонскиот разговор за „Скопје1“ посочи дека и зад разрешувањето стојат лични интереси, а не повреда на законот.

Македонија | пред 4 седмици

media-library96eieugc7clj1ROl9P7

Едногласна позитивна оценка за Ристовска и Савевски, еден против Раичевиќ: заврши оценувањето на кандидатите за републички обвинител

Девет членови на Совет на јавни обвинители сметаат дека Лидија Раичевиќ треба да биде избрана за републички јавен обвинител и ѝ дадоа позитивна оценка, додека против беше само членката Кети Петкова.Едногласна поддршка доби Ленче Ристовска, за која десетте членови гласаа „за“, односно дадоа позитивно мислење. Позитивна оценка од сите десет членови доби и судијата од Кривичен суд Скопје, Ненад Савевски.Претходно, Советот заклучи дека Владимир Панчевски не ги исполнува законските услови, бидејќи нема непрекинат работен стаж од најмалку 10 години, што е предуслов за да биде оценуван како кандидат за функцијата на местото на разрешениот Љупчо Коцевски. Панчевски доставил и програма од 50 страници.Позитивно мислење претходно доби и в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска. Расправата по кандидатурите е во тек.Постапката за избор на нов државен јавен обвинител започна со огласот што го распиша Собрание на Република Северна Македонија на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат најмалку 10 години непрекинат стаж како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.Согласно Законот за Јавното обвинителство, кандидатурите се доставуваат до Владата, која бара мислење од Советот на јавните обвинители. Советот има рок од 15 дена да достави образложени мислења. Доколку не даде позитивно мислење за ниеден кандидат, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. За избор на нов државен јавен обвинител се потребни најмалку 61 глас од пратениците.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Нов закон за Советот на јавни обвинители: зајакната независност и транспарентност

На денешната седница, Владата на Република Македонија, по предлог на Министерството за правда, го утврди Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, со кој, како што соопштуваат од Министерството, се прави значаен исчекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.Со предложените законски решенија детално се уредува постапката за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која ќе може да се покрене врз основа на образложено барање поднесено од најмалку четири члена на Советот. Истовремено, се засилува улогата на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, при што се предвидува и можност Советот да поднесе иницијатива за разрешување до Собранието.Предлог-законот предвидува и зголемена транспарентност во работењето на Советот, преку воведување јавност во второстепената дисциплинска постапка, со јасно утврдени исклучоци кога е неопходна заштита на личните податоци, угледот на странките и други легитимни интереси. Со ова, според Министерството за правда, се воспоставува појасна рамка за јавен увид во работата на Советот, без да се нарушат основните права на вклучените страни.Во делот на кадровските решенија, се воведуваат прецизни и јасни критериуми за избор на членовите на Советот, со кои се гарантира стручност, професионално искуство и интегритет, по примерот на новиот Закон за Судскиот совет. Дополнително, детално е уредена и постапката за разрешување на член на Советот, со строго дефинирани рокови и јасни критериуми за постапување.Од Министерството за правда информираат дека Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, заедно со Предлог-законот за Јавното обвинителство, добил заедничко позитивно мислење од Венецијанската комисија, што, според нив, претставува дополнителна потврда дека предложените решенија се во согласност со европските стандарди и добрите меѓународни практики во областа на владеењето на правото.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytjhqcf9obo5mcEShfu2

Судии и обвинители влегоа во трката за републички обвинител

До Собранието на Република Македонија досега пристигнале пет кандидатури за функцијата републички јавен обвинител, потврдија од собраниските служби. Рокот за поднесување пријави истекува денеска на полноќ, што значи дека во текот на денот сè уште постои можност листата на кандидати да се прошири.Меѓу пријавените се Владимир Панчевски, поранешен претседател на Основниот кривичен суд Скопје, обвинителките Лидија Раиќевиќ и Ленче Ристоска, актуелниот судија во Кривичниот суд Ненад Савевски, како и актуелната вршителка на должноста републички јавен обвинител Анита Тополова-Исајловска.Функцијата остана испразнета откако поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски во декември минатата година поднесе неотповиклива оставка. По неговото заминување, Советот на јавни обвинители за вршител на дејноста ја избра Тополова-Исајловска, која сега се јавува и како кандидат за полн мандат.Инаку, оваа позиција одамна ја следи контроверзна репутација. Покојниот државен јавен обвинител Александар Прчевски уште во 2006 година функцијата републички јавен обвинител ја опиша со саркастичниот и горчлив израз „последната будала“, предупредувајќи дека станува збор за позиција во која обвинителството ризикува да биде претворено во продолжена рака на извршната власт, наместо независен чувар на законитоста.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuc1t4av05qsdf840qf

Анел Фидовски е нов шеф на скопското обвинителство, Бубевски „извиси”

Анел Фидовски е избран за нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, соопшти по гласањето претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Бесими.Фидовски освои седум гласа „за“ а во врска со неговиот глас „воздржан“ за Бубевски, Бесими рече дека ваквиот начин на изјаснување е вообичаен во Советот, иако во законската рамка не е прецизно дефиниран.Фидовски доби најголема поддршка или седум гласа „за“. Досегашниот шеф, Гаврил Бубевски, освои пет гласа „за“, Тања Трајчевска и Спасенка Андонова добија по еден глас, додека Дејан Петрески не доби ниту еден глас „за“.На прашањето дали Фидоски поднел програма за работа, Бесими не одговори директно, само рече дека пред гласањето јавно кажал кој има поднесено програма, а на дополнително прашање дали ова значи дека само Бубевски поднел програма, бидејќи само тој бил посочен, претседателот рече:„Тоа што сте слушнале е тоа“.Анел Фидоски, е со искуство од 11 години и доаѓа од скопското Обвинителство. Тој е познат по неколку случаи: гонењето на обвинетите за убиството на Никола Сазодвски, член на групата „Комити“, потоа го наследи и долгогодишниот судски предмет „Тенковски делови“, во кој еден од обвинетите беше и експремиерот Владо Бучковски. По маратонското судење, на едно од рочиштата, Фидоски се премисли и го преквалификува делото пред самиот крај, со што случајот застари. Обвинителот ваквиот потег го оправда со фактот што Министерството за одбрана не пријавило значителна материјална штета, иако се работеше за милионска сума.Го застапуваше и случајот со малата Тамара, кој исто така застаре по преквалификација на кривичното дело во завршниот збор.,,Обвинителството на скандалозен начин ја спречи правдата за Тамара”, реагираше Хелсиншки комитет.Кај него во работа е и предметот за ,,Усје”, по поднесена кривична пријава од доскорашната скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryaalclnq3ftln5jrnl7E

Со седум гласа Анел Фидоски ја презема раководната функција во скопското Обвинителство

Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје, одлучи Советот на јавни обвинители на денешната седница. Тој доби поддршка од седум членови на Советот, додека досегашниот раководител Гаврил Бубевски, кој конкурираше за нов мандат, освои пет гласа.Со оваа одлука, Фидоски ќе застане на чело на најголемото обвинителство во државата, институција која постапува по најголем број и најсложени кривични предмети и која е под постојан фокус на јавноста.Анел Фидоски во јавноста е познат како обвинител со учество во неколку високопрофилни и општествено чувствителни случаи. Меѓу нив е гонењето за убиството на Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“, како и предметот против поранешниот премиер Владо Бучковски за случајот „Тенковски делови“, кој заврши со застарување поради преквалификација на кривичното дело. Во периодот додека Фидоски ја водеше истрагата, еден од обвинетите, Јетон Љужа, ја напушти државата и стана недостапен за органите на прогонот.Фидоски беше вклучен и во постапките поврзани со случајот на малата Тамара од Велес, која почина додека чекаше државна помош за лекување во странство, каде што се водеа истраги против повеќе лекари и членови на комисии.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8qgn6989t5870pAPAMF

Се знае ли однапред: Анел Фидоски кој го гонеше Бучковски се споменува како иден шеф на скопското Обвинителство, уште пред да го изберат

Денеска се одржува изборот за нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје, постапка што уште пред формалното гласање е проследена со шпекулации и сомнежи во јавноста дека одлуката е однапред договорена. Како најчесто споменувано име за наследник на актуелниот шеф Гаврил Бубевски, се појавува Анел Фидоски, иако официјалната одлука допрва треба да ја донесе Советот на јавни обвинители.Покрај Фидоски, како потенцијални кандидати за раководната позиција се споменуваат и обвинителите Дејан Петрески, Спасенка Андонова, Тања Трајчевска, како и самиот Бубевски. Советот треба да одлучи кој ќе го преземе раководењето со најголемото и најоптоварено обвинителство во државата, институција што постапува по најголем број и најсложени кривични предмети.Изборот се случува во период на зголемена институционална чувствителност, по оставката на поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски и назначувањето на вршител на должноста Анита Тополова Исајловска. Во ваков контекст, скопското обвинителство добива ново раководство во момент кога довербата во правосудниот систем е под силен јавен притисок.Анел Фидоски е обвинител со препознатливо присуство во неколку високопрофилни случаи. Тој беше вклучен во гонењето за убиството на Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“, како и во предметот против поранешниот премиер Владо Бучковски за случајот „Тенковски делови“, кој застаре поради преквалификација на делото. Во периодот додека ја водеше истрагата, еден од обвинетите, Јетон Љужа, избега од државата. Фидоски беше дел и од постапката против повеќе лекари и членови на комисии во случајот со малата Тамара од Велес, која почина чекајќи државна помош за лекување во странство.Дејан Петрески е обвинител кој работел на предмети поврзани со напади врз новинари и безбедносни инциденти. Тој го водеше случајот за упадот во М-НАВ, каде што осомничен беше Беким Незири, како и истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. За овој предмет, поранешната обвинителка, денес адвокатка Лејла Кадриу, јавно изнесе критики дека Петрески бил користен како посредник преку кој се насочувале истражните дејствија и се штителе одредени лица.Тања Трајчевска го водеше предметот за убиството на ракометарот Денис Тот, во кој обвинетите беа осудени на по 18 години затвор. Таа постапуваше и во случајот за смртта на диџејот Љупчо Лешко, по кој родителите на починатиот изнесоа сериозни забелешки за непокренување обвинение против сопствениците на објектот. По јавните реакции, Вишото јавно обвинителство наложи повторно преиспитување на предметот.Спасенка Андонова беше дел од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и го водеше предметот „Двојник“, поврзан со незаконско издавање патни исправи на странски криминалци, во кој судските пресуди резултираа со релативно благи казни. Таа подоцна не беше реизбрана во ова обвинителство.Гаврил Бубевски, актуелниот шеф на скопското обвинителство, дојде од поранешното Специјално јавно обвинителство, каде што беше именуван во 2015 година по избор на Катица Јанева. Таму работеше на предмети како „Трансмет“, „Шамарите во Центар“, „Титаник 2“, „Моќник“, како и на истрагите за „Актор“ и „Подарок“, а беше вклучен и во постапката за случајот „Монструм“. Во јавноста беше обвинуван дека со непостапување овозможил имот на Сеад Кочан и компанијата Трансмет да биде префрлен на трето лице, наместо да биде конфискуван, што тој јавно го негираше.Кандидатите зад себе имаат обвинителско искуство кое се движи од шест до повеќе од дваесет години и низа предмети со силен јавен одек и контроверзии. Одлуката што ќе ја донесе Советот на јавни обвинители ќе биде внимателно следена, бидејќи изборот на нов шеф на скопското Обвинителство се смета за еден од клучните тестови за насоката, независноста и кредибилитетот на обвинителскиот систем во период на сериозни институционални превирања.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryapfd00nrm84dcFMaVsK

Ги воделе ‘Тот’, ‘Тамара’, ‘Трансмет’, ‘Двојник’, „Тенковски делови“: меѓу исксутвото и контроверзиите, кои се петте кои сакаат да шефуваат

Обвинителите Дејан Петрески, Спасенка Андонова, Тања Трајчевска, Анел Фидоски и актуелниот шеф Гаврил Бубевски се имињата што се споменуваат како потенцијални кандидати за нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје. За пет дена, Советот на јавни обвинители треба да донесе одлука кој ќе застане на чело на најголемото обвинителство во државата.Изборот се одвива во период на институционална чувствителност, по оставката на поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски и назначувањето на вршител на должноста јавен обвинител Анита Тополова Исајловска. Скопското обвинителство, кое постапува по најголем број и најкомплексни предмети во земјава, добива ново раководство во момент кога довербата во правосудниот систем е под силен јавен притисок.А кои се кандидатите...Анел Фидоски како обвинител во скопското Обвинителство е познат по неколку високопрофилни случаи, а меѓу нив е гонењето на обвинетите за убиството на Никола Сазодвски, член на групата „Комити“ и експремиерот Владо Бучковски за „Тенковски делови“ кој застаре благодарение на преквалификацијата на делото која ја направи Фидоски. Додека обвинителот ја водеше истрагата и утврдуваше факти, еден од обвинетите и осудените, Јетон Љужа, избега од Макеоднија. Тој беше вклучен и во судскиот процес за гонењето на 12 чоктори и членови на комисии за малата Тамара од Влеес, која почина додека чекаше државата да и помогне за лекувањето во странство.Дејан Петрески е обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје и е ангажиран на предмети поврзани со напади врз новинари. Тој го водеше предметот за упадот во М-НАВ, во кој осомничен беше Беким Незири, како и предметот за пожарот во модуларната болница во Тетово. Токму за тој случај, поранешната обвинителка, а денес адвокатка Лејла Кадриу, јавно изнесе сериозни критики, наведувајќи дека Петрески бил користен како „поштар“ преку кој се контролирале дејствијата во истрагата и се штителе одредени лица.Тања Трајчевска го водеше предметот за убиството на ракометарот Денис Тот, во кој обвинетите беа осудени и на по 18 години затвор. Таа постапуваше и во предметот за смртта на диџејот Љупчо Лешко, за кој родителите на починатиот изнесоа серија забелешки поради непокренување обвинение покрај доказите за сопствениците на објектот каде младото момче загина. По тие реакции, Вишото јавно обвинителство донесе одлука случајот повторно да се преиспита.Спасенка Андонова беше обвинителка во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и го водеше предметот „Двојник“, поврзан со незаконско издавање пасоши на странски криминалци. Во овој случај, судените добиваа релативно ниски казни од судот. Во минатото Андонова беше дел и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде не беше реизбрана.Гаврил Бубевски, актуелен шеф на скопското Обвинителство, дојде од Специјалното јавно обвинителство, каде што беше избор на Катица Јанева во 2015 година, како млад обвинител со шестгодишен стаж. Во СЈО работеше на предмети што произлегоа од прислушуваните разговори, меѓу кои „Трансмет“, „Шамарите во Центар“, „Титаник 2“, „Моќник“, како и истрагите за „Актор“ и „Подарок“. Тој беше дел и од постапката за случајот „Монструм“. Бубевски беше обвинуван дека со наводно непостапување, овозможил Сеад Кочан и компанијата „Трансмет“ да префрлат имот на трето лице, а кој што требало да биде предмет на конфискација. Тој јавно тврдеше дека не направи грешка во постапувањето.Кандидатите за функцијата имаат обвинителско искуство кое се движи од шест до повеќе од дваесет години и зад себе носат серија јавни и општествено значајни предмети, дел од нив и со силни контроверзии. Одлуката на Советот на јавни обвинители ќе биде внимателно следена, бидејќи изборот на нов шеф на скопското Обвинителство се смета за клучен тест за насоката и кредибилитетот на обвинителскиот систем во период на институционални превирања.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryleknqgatfrdp87WvueZ

Избрана привремена шефица на местото од Коцевски: која е Тополова-Исајловска?

Обвинителката Анита Тополова-Исајловска е именувана за вршител на должноста државен јавен обвинител. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на Совет на јавни обвинители, каде што таа беше и единствен кандидат предложен за функцијата.Тополова-Исајловска во моментов ја извршува функцијата заменик државен јавен обвинител, а нејзиното професионално искуство во обвинителството се протега повеќе од една деценија и пол. За јавен обвинител првпат е избрана во 2009 година, во 2013 година преминува во Вишото јавно обвинителство, а три години подоцна е унапредена во републичка јавна обвинителка и станува заменичка на тогашниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски.Во јавноста, нејзиното име е познато и поради брачната поврзаност со поранешниот заменик-министер за надворешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Исајловски. Во 2016 година, истражувачката емисија 360 степени објави прилог во кој се поставуваше прашањето како брачната двојка Исајловски, со заедничка основна нето-плата од околу 2.300 евра, успева да сервисира месечни кредитни обврски од 2.200 евра и да живее со преостанати 100 евра месечно.Во рамки на Јавното обвинителство, Тополова-Исајловска веќе неколку години раководи со одделението за меѓународна правна помош. Во полугодишниот извештај за 2021 година на канцеларијата за врски на Македонија со Европравда беше наведено дека, во речиси сите предмети по кои странски институции побарале информации преку јавната обвинителка за врски Ленче Ристоска, од Тополова-Исајловска не бил добиен повратен одговор.Со изборот за в.д. државен јавен обвинител, Тополова-Исајловска доаѓа на функција што има клучна улога во функционирањето на обвинителскиот систем, во период кога јавноста со засилен интерес ја следи работата, независноста и отчетноста на правосудните институции во државата.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd6tgmsuqcgrqe46kQ7i

Кој ќе се фати во костец со „жешкиот костен”, за позицијата која обвинителот Прчевски ја нарече дека е за „будала“

Љупчо Коцевски заминува во историјата како државен обвинител со најкраток мандат по осамостојувањето на Македонија – неполни две години на функцијата, и покрај повеќекратните јавни уверувања дека оставка нема да поднесе.Со неговото заминување, повторно се отвора едно од најчувствителните прашања во правосудниот систем – како се избира нов државен обвинител и кој ќе се нафати да го преземе „жешкиот костен“. Функцијата е клучна за функционирањето на правната држава, но и исклучително изложена на политички притисоци. Не случајно, еден од поранешните обвинители, Прчевски, кој поднесе оставка во знак на револт, јавно изјави: „Јас ќе бидам последниот будала кој се нафатил на оваа функција“.Иако позицијата формално е престижна, јавни аспирации засега нема, а во правните и политичките кругови кружат само шпекулации околу можните наследници на Коцевски.Измените на Законот за јавно обвинителство од 2020 година имаа за цел да ја зајакнат независноста на државниот обвинител и да спречат негово разрешување со секоја промена на власта. Сепак, практиката покажа дека законските одредби не се доволно прецизни. И изборот и разрешувањето се вршат со исто мнозинство – 61 пратеник, што, според дел од правната фела, остава простор за политичко влијание.Поради тоа, сè погласни се размислувањата дека е потребно воведување построги и поконкретни критериуми за разрешување, со цел вистинска заштита на независноста на функцијата.Процедурата за избор на наследник на Коцевски започнува уште денес. Собранието треба да распише јавен оглас за именување државен јавен обвинител, кој се објавува во „Службен весник“ и во најмалку два дневни весника, од кои еден мора да биде на јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните.Заинтересираните кандидати имаат рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот да поднесат пријава.По истекот на рокот, Владата бара мислење од Советот на јавни обвинители за сите пријавени кандидати. Советот е должен во рок од 15 дена да достави писмено образложено позитивно или негативно мислење.Од кандидатите кои ги исполнуваат законските услови и добиле позитивно мислење, Владата избира еден и го предлага до Собранието. Изборот, исто како и разрешувањето, се врши со 61 глас „за“, а кон предлогот задолжително се доставува и мислењето на Советот.Доколку Советот не достави мислење во предвидениот рок, истиот може да се продолжи за уште 15 дена. Ако и тогаш нема мислење, се смета дека тоа е позитивно.Процесот може да се искомплицира доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден кандидат. Во таков случај, Владата нема основ да предложи кандидат, па ќе му предложи на Собранието да распише нов јавен оглас.Законот прецизира дека за државен обвинител може да биде избрано лице со најмалку 10 години непрекинат работен стаж како јавен обвинител или судија од областа на кривичното право. Мандатот трае шест години, со можност за повторен избор, без оглед на возраста.Доколку изборот се одолговлечи, Советот на јавните обвинители именува вршител на должност од редот на обвинителите во ЈОРМ, кој ќе ја извршува функцијата до изборот на нов државен обвинител.Изборот на нов државен обвинител е еден од најважните процеси за функционирањето на правната држава, со директно влијание врз борбата против криминалот и корупцијата. Но, во услови кога „хартијата трпи сè“, вистинскиот тест допрва следува – дали овојпат клучни ќе бидат професионалноста, интегритетот и квалитетот на кандидатот, или повторно политичката математика.

Македонија | пред 3 месеци

hajrulahi-1

Советот му ја прекина функцијата на Хајрулахи по негово барање

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител на Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, по негово сопствено барање.Хајрулахи претходно беше суспендиран, откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според обвинителството, во периодот од септември 2023 до октомври 2024 година тој наводно ја користел својата хиерархиска позиција за континуирано психичко насилство и закани кон пет вработени жени, при што им упатувал закани дека „ќе ги дигнел на клоци“ или „ќе ги фрлел од шести кат“, како и дека се обидувал да ги принуди да потпишат изјави дека биле изманипулирани.Хајрулахи целосно ги негира обвинувањата и тврди дека предметот е тенденциозен и политички конструиран со цел негово отстранување, поврзувајќи ја постапката со неговото постапување во однос на бонусите во СЈО.На денешната седница, Советот треба да расправа и за избор на нов претседател, како и за формирање Комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за периодот 2025–2028 година.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-06-25-212944

Платите во судството под лупа: познато колку зимаат судиите од основните судови до Врховен суд

Камбовски: Нема судија со плата од 180.000 денари, највисока лани била 139.738, но без додатоци за ризик и доверливостПретседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски ја коментираше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека претседателите на судовите земаат плата по 180.000 денари.Камбовски тврди дека нема таква плата во државата.,,Судија во основен суд со основна надлежност има нето-плата од 86.623 денари, судија во суд со проширена надлежност има 89.346 денари, а претседател на основен суд 99.112 денари. Тие се платите за основните судови. Судија во Врховниот суд зема плата 105.000 денари, претседателот 114.000 денари. Овие плати што ги кажувам се основните, а на овие плати има додаток за минат труд. Највисока плата за 2024 година исплатена на судија во 2024 година изнесува 139.738 денари во нето износ.На овие плати, не се ставени додатоци за доверливост и за ризик при работа, зашто, како што рече, тие додатоци не ги земаат секој месец и не се исти”, изјави Камбовски.Тој се согласува со предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за тоа Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да изготват список што им треба од финансии и да го достават.Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, се надева дека до крајот на годината Судскиот совет ќе има предлог за нов член на Уставниот суд од редот на судиите.Местото на Елизабета Дуковска е место коешто го предлага Судскиот совет, а за местото Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која даде оставка тие немаат никакви ингеренции и таа оди преку Собрание.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryinkk4m84mibubJNwixZ

Нов удар за Коцевски: „Не очекувавме да каже дека е виновен, а ја гледа работата“ вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, ја коментира вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“. Коцевски рече дека најавите за негова смена од функцијата ги смета за политички мотивирани.„Ние не очекуваме од јавниот обвинител да каже :Да, виновен сум, не успеав во својата работа. Едноставно тоа е очекувано што тој го кажува. Така што, аргументите, еве јавноста ги гледа и сведочи за неговата работа, за работата на Обвинителството, на судовите. Повторно ќе кажам, малкумина за жал, како и тој, е заробеник на тие малкумина во рамките на Обвинителството. Тој имаше можност и шанса но за жал не ја искористи“,изјави Мицкоски.На новинарското прашање за постапката за разрешување на Љупчо Коцевски, премиерот рече дека постапката трае и дека е почната уште пред локалните избори.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања