ТРАМП

media-libraryoiesqa3ci5lraSiL21b

Папата го критикуваше Трамп по изјавата за Европа

Папата Лав пред новинарите, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Европа мора да ја има централната улога во напорите за запирање на војната во Украина. Тој предупреди дека ниту еден мировен план што ја занемарува европската улога не може да биде реалистичен.„Војната е во Европа“, нагласи Папата, додавајќи дека европските земји мора да бидат составен дел од безбедносните гаранции. Тој истакна дека не сите ја разбираат важноста на тоа, но дека Европа мора да биде дел од секој процес на договарање мир по речиси четиригодишниот конфликт.Неговите коментари беа протолкувани како критика кон американскиот претседател Доналд Трамп, чија администрација во почетокот го исклучуваше европското учество во поставувањето на основните рамки за мировни преговори со Москва.На прашање за планот на Трамп, Папата рече дека не сака да го коментира, наведувајќи дека не го прочитал целиот документ. Сепак, нагласи дека она што го видел претставува значително отстапување од долгорочното вистинско сојузништво помеѓу Европа и САД.Папата Лав предупреди и дека некои од неодамнешните американски изјави можат да ги ослабат врските со Европа.„Мислам дека се обидуваат да го разделат она што, според мене, треба да остане многу важно сојузништво – денес и во иднина“, изјави тој.На прашање дали планира да ја посети Украина, Папата одговори дека се надева на тоа, но дека не знае кога би можело да се реализира. „Можеби ќе се оствари“, рече тој.Во меѓувреме, изјави на американски функционери дополнително ги разнишале уверувањата за стабилноста на поствоеното сојузништво меѓу Европа и Вашингтон. Новиот документ за Национална безбедносна стратегија на САД наведува дека Европа мора да го промени својот курс или ризикува да биде „избришана“.„Слаби се“, рече Трамп за европските лидери во изјава за Politico.„Сакаат да бидат политички коректни. Не знаат што да прават“, додаде тој.

Свет | пред 1 месец

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Ескалација на азискиот конфликт: Трамп тврди дека може „со еден повик“ да го запре судирот

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека лично ќе се вклучи во смирување на жестоките судири меѓу Тајланд и Камбоџа, кои влегоа во трет ден. Трамп, кој во јули веќе посредуваше во воспоставување примирје меѓу двете држави, изјави дека денес или утре ќе оствари телефонски повик за да се сопре најновата ескалација, пренесува Ројтерс.Настапувајќи на митинг во Пенсилванија, Трамп наведе низа конфликти за кои тврди дека помогнал во нивно запирање, меѓу кои и оние меѓу Пакистан и Индија, како и Израел и Иран. Потоа се осврна на повторните борби во Југоисточна Азија.„Мразам да го кажам ова, Камбоџа–Тајланд, започна денес и утре ќе мора да направам телефонски повик“, рече Трамп. „Кој друг може да каже дека ќе се јави и ќе запре војна меѓу две многу моќни земји, Тајланд и Камбоџа?“По јулските судири, во кои загинаа најмалку 48 лица, Трамп разговараше со лидерите на двете земји и беше клучен во воспоставувањето на тогашното кревко примирје.Додека се очекува неговата нова интервенција, ставовите на Тајланд и Камбоџа околу преговорите се спротивставени. Тајландскиот министер за надворешни работи изјави дека нема услови за преговори и дека ситуацијата не е соодветна за посредништво на трета страна. Од друга страна, главниот советник на камбоџанскиот премиер Хун Манет порача дека Камбоџа е „подготвена да разговара во секое време“.Во јули Трамп го искористи влијанието преку трговските преговори за да посредува во примирјето, но тајландскиот министер Сихасак Фуанкеткео предупреди дека заканите со царини не треба да се користат како средство за притисок.Ситуацијата повторно експлодираше откако Тајланд минатиот месец ги суспендираше мерките за деескалација договорени на октомврискиот самит во присуство на Трамп. Причина беше тежок инцидент со тајландски војник, погоден од нагазна мина за која Бангкок тврди дека била новопоставена од Камбоџа, што Пном Пен негира.Двете држави евакуираа стотици илјади луѓе од пограничните подрачја. Камбоџа соопшти дека од понеделник загинале девет цивили, а 20 се тешко повредени. Тајланд објави дека има четири загинати војници и 68 ранети.Тајландската армија изјави дека целта е „да се осакати“ воената способност на Камбоџа на долг рок, додека камбоџанското Министерство за одбрана возврати дека нивните сили немале избор освен да преземат одбранбени дејства, обвинувајќи ја тајландската страна за „несеќено и брутално гаѓање на цивилни области“, што Бангкок го демантира.

Свет | пред 1 месец

Nvidia-RTX-4090

Вашингтон ѝ дозволува на „Нвидиа“ ограничен извоз на чипови во Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека го информирал кинескиот лидер Си Џинпинг дека САД ќе ѝ дозволат на компанијата „Нвидиа“ да ги испорачува своите H200-чипови на одобрени клиенти во Кина, односно на купувачи што претходно ќе бидат проверени и одобрени од американското Министерство за трговија.Како што пренесува NBC, моделот H200 е една генерација постар од најновиот „Блеквел“ чип, кој не е опфатен со договорот.Трамп наведе дека оваа одлука може да ѝ донесе милијарди долари приходи на „Нвидиа“, која има нарачки во вредност поголема од 500 милијарди долари за чипови за вештачка интелигенција што треба да ги испорача годинава и следната, без да се пресметаат потенцијалните клиенти во Кина.

Свет | пред 1 месец

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп: Европа тргнува во лош правец со казната за Маск

Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „гнасна“ казната од 120 милиони евра што регулаторите на Европската унија ѝ ја изрекоа на платформата X, во сопственост на Илон Маск. Тој изјави дека не разбира како европските институции можат да го оправдаат ваквиот потег.„Европа оди во некои лоши правци“, рече Трамп во понеделник пред новинарите на настан во Белата куќа, пренесе Ројтерс.Трамп додаде дека очекува во скоро време да добие целосен извештај за казната што ЕУ ја изрече за социјалната мрежа X.

Свет | пред 1 месец

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор за Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе ѝ го достави на Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучната црвена линија на Киев останува иста: нема територијални отстапки за Русија, потврди претседателот Володимир Зеленски, пишува BBC.Изјавата на Зеленски стигна за време на состанокот со европски и НАТО-лидери и е дел од дипломатската офанзива чија цел е да се одврати Вашингтон од поддршка на мировен договор што, според стравувањата на сојузниците, би му дал преголеми придобивки на Кремљ и би ја оставил Украина ранлива за нови напади.Дипломатската тура на Зеленски низ Европа следеше по интензивните, но неуспешни разговори меѓу американските и украинските претставници изминатиот викенд. Главниот советник на Зеленски, Рустем Умеров, го информираше претседателот за приватните разговори меѓу САД и Владимир Путин. Новиот украински предлог може да биде испратен до Вашингтон веќе денес.Зеленски беше дециден дека нема простор за одземање украинска територија.„Русија инсистира да се откажеме од територии, но ние не сакаме да отстапиме ништо“, рече тој. „Немаме законско право на тоа, ниту морално“, додаде, повторувајќи дека секоја промена на границите мора да биде одобрена на референдум.Според Interfax-Украина, првичниот американски план од 28 точки – оценет како премногу поволен за Русија – е скратен на 20 точки. Зеленски изјави дека „пруукраинските“ делови не се тргнати и дека нема компромис за територијалниот интегритет. Најчувствителни остануваат Донбас и нуклеарната централа Запорожје. Протечената верзија на планот предвидуваше Украина да се откаже од контролата врз целиот Донбас, како и поделба на енергијата од Запорожје помеѓу двете држави.Хитниот состанок во Лондон, со британскиот премиер Киер Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, беше протолкуван како јасна поддршка за украинската позиција. Лидерите повторија дека е потребен „праведен и траен мир со силни безбедносни гаранции“. Како би изгледале тие гаранции – останува отворено. Велика Британија и Франција предлагаат меѓународни трупи, додека Германија и Италија се резервирани. Не е јасно ниту до каде би одела американската поддршка.По Лондон, Зеленски отпатува во Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а денес е во Италија кај премиерката Џорџа Мелони.Во меѓувреме, руските напади продолжуваат. Градот Суми на северозападот остана без струја по удар на повеќе од десет дронови врз енергетската инфраструктура. Повредени нема.Москва ги опиша разговорите со САД како „конструктивни“, но нема индикатори дека Кремљ се откажува од своите цели од 2022 година. Доналд Трамп, пак, во неделата го наведе токму Зеленски како главна пречка за договор, тврдејќи дека Русија е „во ред“ со американскиот план, а тој е „малку разочаран што Зеленски не го прочитал“.

Свет | пред 1 месец

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Трамп сака да преземе контрола над регулацијата на вештачката интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе потпише извршна уредба со која федералната регулатива за вештачка интелигенција би ги заменила законите на поединечните држави. Според него, единствен национален правилник е неопходен за САД да го задржат водството во развојот на АИ. Трамп предупреди дека компаниите не можат да бараат 50 различни одобренија и дека таков систем би го уништил технолошкиот напредок.Најавата предизвика загриженост кај академци, безбедносни експерти и државни законодавци, кои стравуваат дека олабавените правила ќе им овозможат на технолошките компании да ја избегнат одговорноста ако нивните АИ-системи предизвикаат штета. Неколку држави веќе имаат сопствени закони за да се спротивстават на ризични практики како deepfake-содржини или алгоритамска дискриминација.Технолошките лидери, пак, тврдат дека мрежата од различни државни прописи ја кочи иновацијата и ја ослабува американската конкурентност. Нараснува поддршката во Силициумската долина за централизирано и полабаво регулирање.Нцрт-уредбата предвидува формирање работна група која би ги оспорувала построгите државни закони и би воспоставила единствен федерален пристап. Некои политичари, меѓу нив и гувернерот на Флорида Рон Десантис, остро се спротивставија на планот, предупредувајќи дека тоа претставува прекумерна федерална моќ и подарок за големите технолошки компании.Стотици организации, вклучувајќи синдикати и здруженија за заштита на потрошувачи, побараа од Конгресот да го блокира потегот, предупредувајќи дека концентрацијата на моќ во Big Tech може да доведе до губење работни места, повисоки трошоци за живот и поголема зависност од енергетски интензивни дата-центри.

Свет | пред 1 месец

media-library77614r3so4gffLZss0S

Поранешен американски амбасадор: Трамп сака Европа да го преземе водството во односите со Русија

Поранешниот американски амбасадор во Европската унија, Гордон Сондланд, изјави дека Доналд Трамп очекува Европа во иднина да го преземе водството во односите со Русија, додека САД би играле поддржувачка улога. Во гостување на BBC Radio 4, Сондланд оцени дека овој пристап е дел од насоката во која се движи американскиот претседател.„САД можат да застанат зад Европа и да обезбедат поддршка, но Европа е таа што треба да биде на чело. Тоа е насоката во која оди Доналд Трамп“, изјави Сондланд.Тој смета дека продолжување со досегашниот модел – во кој САД самостојно комуницираат со Русија, вршат притисок врз Владимир Путин и се закануваат со мерки доколку Москва не ги прифати нивните барања – би значело дека Вашингтон повторно би се нашол во позиција директно да се соочува со рускиот режим, додека Европа останува на страна.„Ако Путин не се согласи со нашите барања, САД би биле тие што би влегле во конфликт, а Европа би гледала однадвор. Тоа не е она што Трамп сака да го направи овој пат“, додаде поранешниот амбасадор.Изјавата доаѓа во период на засилени дебати околу европската безбедност и односите со Русија, во услови на продолжена нестабилност по војната во Украина.

Свет | пред 1 месец

media-libraryjki9bask084dcggplpb

Трамп Јуниор со жестоки критики кон Украина и контроверзни толкувања на воениот конфликт

На Форумот во Доха, најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор, остро ја критикуваше корупцијата во Украина и посочи дека неговиот татко би можел да го намали или повлече ангажманот на САД доколку Киев не постигне мировен договор со Русија, пренесува Политико. Настапот на Трамп Јуниор привлече значително внимание поради комбинацијата од политички пораки, обвинувања без докази и контроверзни толкувања на воениот конфликт.Говорејќи пред светски политички претставници, Трамп Јуниор оцени дека корупцијата долго ја парализирала Украина и дека, според него, таквата состојба го одржува конфликтот и во Киев и во Москва. Тој особено го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се соочува со политички притисоци поради истраги што зафатија некои од неговите највисоки соработници. Еден од нив, Андриј Јермак, кој често бил дел од меѓународните преговори, неодамна поднесе оставка. Зеленски самиот не е обвинет за корупција.„Поради војната и поради тоа што стана своевиден медиумски феномен, Зеленски беше речиси недопирлив, особено кај левичарската јавност“, изјави Трамп Јуниор. Тој додаде дека статусот на украинскиот претседател довел до недостиг од критичност во меѓународната јавност.На прашање дали неговиот татко би можел да се повлече од поддршката за Украина, Трамп Јуниор одговори: „Мислам дека би можел.“Притоа додаде дека една од „предностите“ на претседателот Трамп е неговата непредвидливост, за која смета дека ги принудува другите држави да се однесуваат „интелектуално чесно“.Администрацијата на Трамп долго имала сложен однос со Украина, а особено со Зеленски, при што претседателот често покажувал наклонетост кон Русија и рускиот претседател Владимир Путин. Иако САД вршат притисок за мировен договор, значаен напредок сè уште нема.Трамп Јуниор ја бранеше и кампањата против наркокартелите, наведувајќи дека дејствувањето на картелите претставува „далеку поголема непосредна закана“ за САД отколку конфликтот во Украина. Тој изнесе и контроверзни тврдња дека во Монако „половина од луксузните автомобили имаат украински таблички“, без да понуди какви било докази. Според него, тоа било показател дека „богатите ја напуштиле земјата, а сиромашните ги оставиле да се борат“.На форумот, Трамп Јуниор се осврна и на можноста неговиот татко да се кандидира за трет мандат, што Уставот не го дозволува. Тој одговори со насмевка дека „ќе видиме што ќе се случи“, оценувајќи дека само споменувањето на таква можност претставува „провокација“ кон политичките противници.Критиките кон Украина доаѓаат во момент кога семејството Трамп ги проширува своите деловни активности во Катар, вклучително и плановите за изградба на луксузен голф-комплекс. Врските со Катар повторно се најдоа под лупа кога оваа држава годинава практично ѝ донираше на американската администрација авион „Боинг 747“, кој треба да се пренамени за „Ер форс уан“.На крајот, Трамп Јуниор повтори дека „САД повеќе нема да бидат наивен донатор“, а не ја исклучи ниту можноста еден ден и самиот да се кандидира за претседател.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Трамп: Разочаран сум поради Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот американски предлог за завршување на руската агресија во Украина. Според него, САД веќе воделе разговори и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинските претставници, вклучително и со самиот Зеленски.„Морам да кажам дека сум малку разочаран што претседателот Зеленски сè уште го нема прочитано предлогот, а тоа беше пред неколку часа“, рече Трамп, додавајќи дека Москва формално би сакала да ја контролира цела Украина, но дека „Русија, верувам, е во ред со предлогот“. Тој, сепак, истакна дека не е сигурен дали Киев ќе прифатиНа Флорида, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер од четвртокот одржуваат серија состаноци со украински претставници. Меѓу нив биле поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров и началникот на Генералштабот Андриј Хнатов. Пред тоа, во Москва, делегацијата на Трамп одржала петчасовна средба и со Владимир Путин.При крајот на разговорите на Флорида, Зеленски телефонски се приклучил на средбите, оценувајќи ги како „конструктивни“.Во своето редовно видео-обраќање, Зеленски потврди дека САД ги знаат украинските позиции.„Американските претставници ги знаат основните украински ставови. Разговорот беше конструктивен, иако не и лесен“, изјави тој.Не е познато како се развивал американскиот мировен план од 28 точки во изминатите три недели, но остануваат неразрешени клучните прашања – статусот на окупираните територии и евентуалните американски безбедносни гаранции за Украина.Москва тврди дека е отворена за преговори и ја обвинува Украина и Западот дека го блокираат мирот. Киев и неговите сојузници, пак, велат дека Русија ја користи дипломатијата за да ги зацементира територијалните придобивки од војната.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Националните паркови во САД го додадоа роденденот на Трамп како ден со бесплатен влез

Националната служба за паркови на Соединетите Американски Држави го додаде роденденот на актуелниот претседател Доналд Трамп – 14 јуни – на списокот на денови кога националните паркови може да се посетат без плаќање влезница. Истовремено, истиот датум се совпаѓа и со одбележувањето на Денот на знамето.Според измените што ги соопшти Националната служба, новата листа на денови со бесплатен влез повеќе не ги вклучува Денот на Мартин Лутер Кинг Помладиот и Денот на националната независност – Џунтинт, кој се празнува на 19 јуни како спомен на укинувањето на ропството во САД.Овие промени доаѓаат само неколку недели по одлуката на администрацијата на Трамп да ги зголеми надоместоците за посетители што не се американски државјани или постојани жители, пренесува CBS News.Претходната администрација на Џозеф Бајден ги прогласи Денот на Мартин Лутер Кинг Помладиот и Џунтинт за датуми кога националните паркови се посетуваат без надомест, како дел од политиките за проширување на пристапот и одбележување на значајни датуми од американската историја.Новата промена предизвика реакции во јавноста, особено поради укинувањето на двата датуми што имаат силна историска и граѓанска симболика.

Свет | пред 1 месец

media-library77614r3so4gffLZss0S

Судска кочница за Белата куќа: Паѓа планот на Трамп за масовни отпуштања

Одлуката на американското Министерство за надворешни работи да отпушти околу 250 вработени беше привремено блокирана од федерален суд, нанесувајќи сериозен удар врз планот на претседателот Доналд Трамп за масовно намалување на бројот на државни службеници.Судијката Сузан Илстон од Окружниот суд во Сан Франциско оцени дека аргументите на синдикатите – дека отпуштањата се спротивни на законот кој Конгресот го усвои минатиот месец за да ја прекине 43-дневната блокада на федералната влада – се доволни за привремена мерка. Законот експлицитно забранува отпуштања пред 30 јануари, додека администрацијата на Трамп тврди дека ова ограничување не важи за решенијата најавени пред почетокот на блокадата на 1 октомври.Во тој пакет спаѓаат и околу 1.300 вработени во Стејт департментот чии откази првично беа најавени уште во јули, од кои стотици веќе добија решение за прекин на работниот однос.Синдикатите – Американската федерација на државни службеници и Американското здружение за надворешни работи – тврдат дека Белата куќа го толкува законот спротивно на намерите на Конгресот. Поради тоа побараа судска заштита, која судијката ја уважи, но правната битка продолжува.Ова е дел од поширокиот спор што синдикатите го поведоа во октомври против повеќе федерални агенции, поради плановите да отпуштат околу 4.000 вработени за време на блокадата на владата.Претседателот Трамп одамна најавува дека намалувањето на федералната администрација е клучен дел од неговата реорганизација на државните институции. Дел од најавените отпуштања веќе беше намален, откако десетици илјади службеници прифатија отпремнини или заминаа во предвремена пензија.Но со последната одлука на судот, овој процес доби сериозно предупредување – барем засега.

Свет | пред 1 месец

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп: Путин испраќа сигнал дека сака крај на војната, но преговорите заглавени

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин „покажува желба“ конфликтот во Украина да заврши, но призна дека разговорите во Москва не донеле никакво придвижување.„Тој би сакал да ја заврши војната,“ им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, коментирајќи ги најновите дипломатски активности.Изјавата следи по посетата на Москва, каде што Путин се сретна со специјалниот пратеник на САД Стив Виткоф и со Џеред Кушнер, зетот на Трамп и негов неформален советник. Двајцата во Кремљ ја презентирале ревидираната верзија на американскиот предлог-план за ставање крај на конфликтот.Москва останува непопустливаИако средбата, според Трамп, била „добра“, американската страна признава дека не е направен исчекор. Русија одбила да прифати клучни точки од предлогот, меѓу нив и барањето да се предаде дел од украинската територија која воопшто не е под контрола на Москва.Трамп потврди дека вечерта пред прес-конференцијата разговарал со Виткоф и Кушнер.„Она што можам да го кажам е дека имале прилично добар состанок со претседателот Путин. Ќе видиме,“ рече тој, нагласувајќи дека е рано за процени.На прашањето дали Кремљ навистина цврсто одбил компромис, Трамп одговори дека не знае детали од позицијата на Москва:„Не знам што прави Кремљ. Знам само дека разговорите поминале добро. Што ќе произлезе од тоа, ќе видиме. Сепак, за танго треба двајца.“

Свет | пред 1 месец

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Магнетна резонанца направена на Трамп ја разбранува американската јавност, претседателот сака да ги објави резултатите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги објави резултатите од магнетната резонанца направена во октомври, опишувајќи ги како „совршени“. Во разговор со новинарите за време на летот од Флорида кон Вашингтон, тој порача дека нема причина јавноста да не ги види наодите.„Ако сакате да ги објавам, ќе ги објавам“, изјави Трамп, пренесува AP News.И натаму, меѓутоа, останува нејасно зошто претседателот воопшто бил подложен на магнетна резонанца. Белата куќа досега не понуди прецизни информации за причините за прегледот, ниту пак соопшти кој дел од телото бил сниман.Единственото официјално објаснување пристигна од портпаролката Каролин Левит, која наведе дека Трамп поминал „напредно снимање“ во рамки на рутински систематски преглед во Националниот воен медицински центар „Волтер Рид“, и дека резултатите потврдиле „исклучително физичко здравје“.Сам Трамп вчера изјави дека не знае кој дел од телото бил предмет на снимање.„Немам поим. Беше само магнетна резонанца“, рече тој. „Не беше мозокот, зашто го решив когнитивниот тест и го положив со одличен успех.“Нејаснотиите околу причините за прегледот дополнително го поттикнаа интересот на американската јавност, особено имајќи предвид дека претседателот ретко ги споделува деталите за своето здравје. Доколку ги објави резултатите, како што најави, тоа би можело барем делумно да го разреши мистериозниот контекст на ова снимање.

Свет | пред 1 месец

media-librarynosoektmk4iu9Dx5wSQ

Драстични мерки по убиството на гардистка: стопирани азили, визи и ревизија на зелени карти

Американската Служба за државјанство и имиграција (USCIS) соопшти дека ги стопира сите одлуки за азил, само два дена по вооружениот напад во близина на Белата куќа во кој загина 20-годишната припадничка на Националната гарда Сара Бекстрам. Директорот на USCIS, Џозеф Едлоу, објави дека суспензијата останува на сила додека не биде осигуран „највисок можен степен на безбедносни проверки“ за секој странски државјанин кој аплицира за престој во САД.Американскиот Стејт департмент дополнително ги замрзна сите визи за лица кои патуваат со авганистански пасоши, соопшти државниот секретар Марко Рубио. Паралелно, претседателот Доналд Трамп најави целосна забрана за прием во САД на лица од, како што рече, „земји од третиот свет“, без образложение кои држави ги опфаќа мерката и кога би стапила во сила.Администрацијата соопшти и дека ќе ги ревидира сите зелени карти издадени на државјани од „земји што предизвикуваат безбедносни грижи“, меѓу кои Авганистан, Иран, Либија, Сомалија, Јемен, Куба, Венецуела и уште дванаесет други држави. Мерката предизвика остри реакции кај организациите за човекови права, кои предупредуваат дека трагедијата се користи за политички цели и за заострување на имиграциската политика.Нападот се случи во среда, кога вооружен напаѓач – авганистански државјанин кој влегол во САД во 2021 година – отвори оган само неколку блокови од Белата куќа. Бекстрам подоцна им подлегна на повредите, додека вториот гардист останува во критична состојба. Осомничениот е притворен, а мотивите за нападот засега не се познати. Претседателот Трамп ја искористи трагедијата за да ја критикува досегашната политика кон бегалците, обвинувајќи ја администрацијата на Бајден дека дозволила „опасни луѓе“ да влезат во земјата.

Свет | пред 1 месец

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

(Видео) Инцидент на прес-конференција: Трамп ја навреди новинарката по прашање за нападот кај Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика контроверзии со навредлив однос кон медиумите, откако на прес-конференција по повод Денот на благодарноста ја нарече новинарката на CBS, Ненси Кордес, „глупа личност“. Инцидентот се случи веднаш по неговиот разговор со припадници на американските вооружени сили, а повод беше прашањето за неодамнешната вооружена пресметка во близина на Белата куќа, во која загина припадничка на Националната гарда, а друг војник беше тешко повреден.Кордес го праша Трамп зошто ја обвинува администрацијата на Џо Бајден за нападот, кога осомничениот – авганистански државјанин Рахманулах Лаканвал – според внатрешните извештаи поминал безбедносни проверки и не покажувал ризични елементи. Претседателот реагираше бурно, велејќи: „Затоа што го пуштија внатре, дали сте глупи? Дали сте глупа личност? Доаѓале со илјадници други кои не треба да бидат тука.“Осомничениот Лаканвал, на возраст од 29 години, пристигнал во САД во 2021 година преку програмата „Добредојдовте сојузници“, наменета за Авганистанци кои соработувале со американските сили. Во нападот загина 20-годишната гардијка Сара Бекстрам, додека 24-годишниот наредник Ендру Волф останува во критична состојба. Напаѓачот исто така е хоспитализиран, а ФБИ случајот го истражува како можен терористички акт.По инцидентот, администрацијата на Трамп ги стопираше имиграциските постапки за авганистански државјани и најави ревизија на сите азилски предмети одобрени под администрацијата на Бајден, како и дополнителни безбедносни проверки за носители на „зелена карта“ од 19 високо ризични држави.Ова е втор инцидент за само две недели во кој Трамп навредува новинарка. На 14 ноември, во авионот Air Force One, на репортерка која постави дополнително прашање за случајот Џефри Епстин, тој и одговори со зборовите: „тишина, прасице“.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања