ТРАМП

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Контроверзна одлука: Трамп најави помилување за поранешниот претседател на Хондурас, осуден на 45 години затвор

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го помилува поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Ернандес, кој во САД издржува затворска казна од 45 години поради пресуда за трговија со дрога и недозволено поседување оружје.Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп повторно ја изрази поддршката за претседателскиот кандидат на Хондурас, Насри Асфура од конзервативната Национална партија, предупредувајќи дека „доколку тој не победи, САД нема да фрлаат пари“ за земјата, пренесе Ројтерс.Трамп наведе дека Ернандес, според „многу луѓе кои ги почитува“, бил „многу остро и неправедно третиран“, што според него е причина за донесување на одлуката за помилување. Ернандес, кој беше претседател на Хондурас од 2014 до 2022 година, во март беше осуден во САД за учество во долгорочна мрежа за шверц на кокаин кон американскиот пазар.Најавата за помилување предизвикува силни реакции во меѓународната јавност, со оглед на сериозноста на обвиненијата, врските на Ернандес со наркокартели и порано јавно објавената посветеност на американските власти во борбата против организираниот криминал. Се очекуваат и официјални реакции од правосудните институции во САД, кои досега не се огласија за најавата на Трамп.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп тврди дека ќе ги поништи сите Бајденови документи потпишани со „автопен“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги поништува сите документи што актуелниот претседател Џо Бајден ги потпишал користејќи „автопен“ – уред за автоматско потпишување. Трамп тврди дека станува збор за дури 92 проценти од тие документи, а својата прокламација ја објави на социјалната мрежа Truth Social.Обвинувања за незаконска употреба на автопенВо својата карактеристично директна порака, Трамп ги обвини соработниците на актуелниот претседател за незаконско постапување и му се закани на Бајден со обвинување за лажно сведочење. Целата објава ја пренесуваме во целост:„Секој документ што го потпишал Поспаниот Џо Бајден со автопен, што беше отприлика 92% од нив, со ова се поништува и повеќе нема никаква сила ниту ефект. Автопен не смее да се користи доколку одобрението не го дал изрично Претседателот на САД. Радикалните левичарски лудаци кои го опкружуваат Бајден околу прекрасната Resolute Desk во Овалната соба му го одзедоа претседателството. Со ова ги поништувам сите извршни наредби и сè друго што не е директно потпишано од Покварениот Џо Бајден, бидејќи луѓето кои управувале со автопенот тоа го направиле незаконски. Џо Бајден не бил вклучен во процесот на автопенот и, ако каже дека бил, ќе биде обвинет за кривоклетство. Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање!“

Свет | пред 1 месец

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Трамп најави целосна забрана за миграција од „третиот свет“ по пукањето во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп најави една од најдрастичните мерки во историјата на американската имиграциска политика – трајна забрана на миграцијата од сите „земји од третиот свет“. Одлуката следи само неколку дена по смртоносното пукање во близина на Белата куќа, каде што авганистански државјанин ја усмрти припадничката на Националната гарда Сара Бекстром и тешко го повреди нејзиниот колега Ендру Волф.Во објава на Truth Social, Трамп наведе дека целта е „целосно закрепнување на американскиот систем“ и запирање на „милионите незаконски влезови што ги дозволила администрацијата на Бајден“. Порача дека ќе бидат отстранети од земјата сите кои „не се нето-добивка за САД, претставуваат јавен товар или не се компатибилни со западната цивилизација“.„Трајно ќе ја запреме миграцијата од сите земји од третиот свет. Ќе ги укинеме сите федерални поволности за недржавјани и ќе ја спроведеме единствената можна стратегија – обратна миграција“, напиша Трамп, додавајќи остра порака по повод Денот на благодарноста.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Администрацијата на Трамп најави масовна ревизија на „зелените карти“ за имигранти од 19 земји – по нападот во Вашингтон

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе спроведе повторна, детална проверка на сите зелени карти издадени на имигранти од 19 земји, јавува BBC. Одлуката доаѓа непосредно по вооружениот напад во Вашингтон, во кој афганистански државјанин тешко рани двајца припадници на Националната гарда.Директорот на Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS), Џозеф Едлоу, соопшти дека Трамп наредил „целосна и ригорозна повторна проверка на секоја зелена карта за секој странец од секоја земја од интерес“.Нападот го извршил 29-годишниот Рахманулах Лаканвал, кој во САД пристигнал во 2021 година преку специјален програма за заштита на Авганистанци по повлекувањето на американската армија од Авганистан. Според американските власти, тој со огнено оружје ги нападнал припадниците на Националната гарда во центарот на Вашингтон.Трамп изјави дека случајот ја демонстрира „најголемата закана за националната безбедност“.„Претходната администрација пушти 20 милиони непознати и непроверени странци. Ниту една земја не може да го толерира тој ризик,“ порача Трамп.Кои земји ќе бидат опфатени?USCIS упати на претседателскиот документ од јуни, според кој под „земји од интерес“ се наоѓаат:АвганистанКубаХаитиИранСомалијаВенецуелаДруги земји опфатени со ревизијата се Бурма, Чад, Република Конго, Либија и уште неколку други држави со високи безбедносни ризици или со голем број прекршувања на визниот режим.Во документот се наведува дека Авганистан е целосно под контрола на Талибанците – група означена како глобална терористичка организација – и дека земјата не може да обезбеди валидни патни или граѓански документи.Едлоу нагласи дека ревизијата е дел од новиот приоритет на администрацијата за национална безбедност.„Американскиот народ нема да ги плаќа трошоците на непромислените политики за преселување на претходната администрација,“ додаде тој.Сѐ уште не е познато како точно ќе изгледа процесот на повторната проверка, ниту дали одредени групи имигранти би можеле да го изгубат статусот.Одлуката следи по уште една мерка од минатата недела – ревизија на статусот на сите бегалци примени во САД во периодот на администрацијата на Џо Бајден.Администрацијата на Трамп со ова отвора нов фронт во имиграционата политика – со директни последици за илјадници имигранти кои веќе долги години живеат и работат во САД.

Свет | пред 2 месеци

media-library5dshomk0ev1geOlvIDo

САД подготвуваат нова акција против наводните венецуелски мрежи за дрога, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД се подготвуваат за нова акција против наводните мрежи за шверц со дрога во Венецуела, пренесува CNN. Во телефонски разговор со припадници на американската војска по повод Денот на благодарноста, тој порача дека копнените операции би можеле да започнат „многу скоро“ и дека акцијата ќе се прошири од морски на копнени правци. Трамп изјави дека трговците со дрога „веќе не се обидуваат да доаѓаат по море како порано“ и најави дека САД ќе ги запираат и по копно.Најавата следи по серија состаноци на високо ниво и по демонстрацијата на американска воена сила во регионот. Оваа недела Трамп официјално го прогласи венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговите соработници за дел од „странска терористичка организација“. Станува збор за т.н. „Картел на сонцата“, термин што, според експерти, опишува корумпирани владини функционери, а не класична криминална група. Со тоа Трамп добива дополнителни механизми за санкционирање на Мадуровиот режим, но правните експерти предупредуваат дека таквата ознака не претставува директно овластување за копнени напади или употреба на смртоносна сила.Според американските власти, во морските акции против шверцери на дрога убиени се повеќе од 80 лица. Иако нападите на море се оправдуваат со постојните правни толкувања, на затворени брифинзи со конгресмени било појаснето дека САД „во моментов немаат правна основа“ за изведување напади на копно во Венецуела или во која било друга суверена држава.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп: Нападот врз Националната гарда е „чин на терор“

Американскиот претседател Доналд Трамп го оцени вчерашниот вооружен напад врз двајца припадници на Националната гарда во центарот на Вашингтон како „чин на терор“, „чин на зло“ и „злосторство против целата нација“. Двајцата војници беа застрелани од непосредна близина во заседа, само неколку улици од Белата куќа, во близина на метро-станицата Farragut West. Напаѓачот – 29-годишниот афганистански државјанин Рахманулах Лаканвал – бил совладан од трети припадник на Гардермата и префрлен во болница.Полицијата соопшти дека војниците се во критична состојба, а мотивот сè уште не е познат. Според Министерството за внатрешна безбедност, Лаканвал дошол во САД во 2021 година по падот на Авганистан, како дел од хуманитарната програма за преселување на Авганистанци кои соработувале со американската армија. Минатата година поднел барање за азил, кое било одобрено во април 2025 година.Трамп во видео-обраќање повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за „дозволување опасни странци да влезат во Америка“, тврдејќи дека Лаканвал бил „доставен со авион во 2021 година“ и дека неговиот статус бил продолжен „според закон потпишан од Бајден“. Трамп порача дека „секој Авганистанец кој под Бајден влегол во земјата мора повторно да биде испитан“ и дека САД мора да ги отстранат сите странци „кои не придонесуваат за државата“.Инцидентот се случува во период кога повеќе од 2.000 припадници на Националната гарда се распоредени во Вашингтон по наредба на Трамп, кој тврди дека во градот има „експлозија на криминал“, иако официјалните статистики не го потврдуваат тоа. Распоредувањето е предмет на правна битка – федерален судија го прогласи за незаконско и нареди повлекување, но одлуката е суспендирана на три недели по жалба на администрацијата. По нападот, Трамп побара дополнителни 500 војници да бидат испратени во главниот град.Американската агенција за државјанство и имиграција доцна синоќа соопшти дека ги запира сите имиграциски постапки поврзани со авганистански државјани, додека трае истрагата за нападот.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryhir32r2c6li82ve6eAR

Трамп ја навреди новинарката на „Њујорк тајмс“: „Грдa е – одвнатре и однадвор“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во фокусот на критики поради навредлив коментар упатен кон новинарката на „Њујорк тајмс“, Кејти Роџерс. Трамп ја нарече „грдa – одвнатре и однадвор“ откако весникот објави детална анализа за неговите знаци на стареење и неговото значително поредок појавување во јавност, пренесува CNN.Инцидентот доаѓа помалку од две недели по неговата претходна навреда кон друга новинарка, кога ѝ рече „тивко, свињо“, по што повторно се отвори прашањето за неговите честo сексистички и груби истапи кон жени во медиумите.„Њујорк тајмс“ во својата анализа го спореди јавниот ангажман на 79-годишниот Трамп годинава со неговиот прв мандат. Весникот утврди дека американската јавност го гледа „значително поретко“, дека има помалку јавни настани во распоредот и дека патува многу помалку низ земјата отколку во 2017 година. Сепак, се истакнува дека Трамп и натаму е „скоро секаде присутен“ во американската политичка сцена.Како реакција на текстот, Трамп на својата платформа Truth Social напиша:„Гмазовите од пропаднатиот ‘Њујорк тајмс’ пак се на дело.“Тој воопшто не го спомена машкиот коавтор на статијата, Дилан Фридман, туку директно ја нападна Роџерс.„Таа е треторазредна новинарка која е грда – одвнатре и однадвор“, напиша претседателот, додека истовремено се пофали дека „работи најмногу досега“ и тврди дека има „најдобри анкети во историјата“, иако неговиот рејтинг е значително понизок од врвот на вториот мандат.Трамп додава и дека „еден ден ќе остане без енергија“, но дека „со совршен здравствен преглед и сеопфатен когнитивен тест кој ‘совршено го решил’, тој ден дефинитивно не е денес“.

Свет | пред 2 месеци

media-library77614r3so4gffLZss0S

Трамп се повлекува од сопствениот ултиматум кон Украина: „Рокот е – кога ќе заврши“

Американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од ултиматумот што самиот ѝ го постави на Украина — до четврток да го прифати американско-рускиот мировен план. Во разговор со новинарите во претседателскиот авион, на пат кон Флорида по повод Денот на благодарноста, Трамп изјави дека рокот повеќе не важи и дека „рокот е – кога ќе заврши“.Тој нагласи дека американските преговарачи бележат напредок во разговорите со Русија и Украина, тврдејќи оти Москва прифатила „одредени отстапки“, но не откривајќи што точно било договорено. Мировниот предлог, првпат објавен од Ројтерс минатата недела, предизвика силна загриженост во Киев и европските престолнини, поради сомневања дека администрацијата на Трамп се обидува да ја притисне Украина да потпише договор кој ѝ оди во полза на Москва.Трамп потврди дека неговиот пратеник Стив Виткоф следната недела ќе патува во Москва на средба со Владимир Путин. Во процесот е вклучен и Џеред Кушнер, зетот на Трамп, кој претходно учествуваше во постигнувањето на прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас.Дополнителни прашања предизвика текстот на „Блумберг“, според кој Виткоф на 14 октомври во телефонски разговор со главниот надворешнополитички советник на Путин, Јуриј Ушаков, наводно дал насоки за тоа како Москва да му се доближи на Трамп во врска со планот за прекин на огнот. Како што наведува медиумот, Виткоф дури советувал и како да се организира можна телефонска комуникација меѓу Трамп и Путин.Запрашан за овие наводи, Трамп изјави дека не ја слушнал снимката на која се темели текстот, но дека вакви разговори, како што рече, се „вообичаен дел од преговори“.Тој додаде и дека според неговите процени, Русија моментно има предност на бојното поле и дека „во интерес на Украина“ е да постигне договор, бидејќи Москва би можела да освои дел од украинската територија „во следните неколку месеци“.Притоа, Трамп потврди дека САД разговараат со европските партнери за можни безбедносни гаранции за Украина.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryc89524j4f72o5db8EqE

Паднаа обвиненијата против поранешниот директор на ФБИ – пресуда што ја разнишува администрацијата на Трамп

Американскиот сојузен суд ја отфрли обвинителната постапка против поранешниот директор на Федералното истражно биро, Џејмс Коми, долгогодишен критичар на Доналд Трамп. Коми ја поздрави одлуката, оценувајќи дека таа покажува оти претседателот не смее да ги употребува државните институции за притисок и пресметка со политички неистомисленици.Судот утврди дека обвинителката Линдзи Халиган, која го водела предметот, не смеела да биде именувана од Министерството за правда во таа улога. Поради неправилностите при нејзиното назначување, обвинението беше укинато, но Министерството има можност повторно да го отвори случајот. Белата куќа најави дека ќе поднесе жалба.Според пишувањата на „Вашингтон пост“, Халиган била поставена за вршител на должност по заминувањето на обвинител кој проценил дека доказите против Коми не се доволни за покренување постапка. Набргу потоа, администрацијата на Трамп го разрешила. Халиган претходно работела во Белата куќа и била дел од правниот тим близок до Трамп.Во видео-изјава објавена на Инстаграм, Коми порача дека пресудата е „потсетник оти Министерството за правда не е алатка за пресметка со политички противници“. Додаде дека очекува Трамп повторно да го напаѓа, но дека „не се плаши и верува во независно судство“.Против Коми беа покренати обвиненија за лажно сведочење и попречување постапка на Конгресот, во период кога Трамп јавно вршел силен притисок врз институциите да постапат против неговите критичари. Само неколку дена претходно, Трамп на социјалните мрежи ја повикал државната обвинителка Пам Бонди да преземе мерки против лица што ги сметал за свои противници, меѓу кои и Коми.Коми беше именуван за директор на ФБИ во 2013 година од претседателот Барак Обама. За време на мандатот на Трамп тој ја водеше истрагата за можни врски меѓу кампањата на Трамп и руските напори за влијание врз изборите во 2016 година. Коми беше разрешен во 2017 година, додека истрагата сè уште траеше.Судот отфрли и второ обвинение, поднесено против државната обвинителка на Њујорк, Летитија Џејмс, исто така поради процедурни пропусти поврзани со назначувањето на Халиган. Џејмс беше обвинета за наводна измама во врска со прикажување недвижност како своја главна адреса, што таа го отфрла.Џејмс беше клучна во граѓанската постапка против Трамп, кој во 2024 година беше задолжен да плати околу 450 милиони долари за финансиски измами. Судот утврди дека тој и дел од раководството ја прикажувале вредноста на „Организацијата Трамп“ повисока од реалната за да добијат поповолни заеми и осигурителни услови. Апелациониот суд подоцна оцени дека казната е „преголема“ и нареди ново одмерување.Правните советници на Коми сметаат дека тој со оваа пресуда е целосно рехабилитиран, а правните експерти предупредуваат дека одлуката претставува сериозен удар врз напорите на Трамп да ги казни институциските функционери што му се спротивставиле.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.56

Трамп со порака за мировните преговори: „Не верувајте во голем напредок – сè уште не“!

Американскиот претседател Доналд Трамп конечно се огласи во врска со разговорите за прекин на војната во Украина, објавувајќи необична порака на својата мрежа Truth Social.„Не верувајте дека има голем напредок меѓу Русија и Украина – барем не засега“, предупреди Трамп.Тој додаде уште една забелешка:„Дали навистина е можно да е постигнат значаен напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина? Не верувајте додека не видите, но нешто добро можеби навистина се случува. Бог да ја благослови Америка.“Станува збор за мировен план со 28 точки, кој во својата почетна верзија, според медиумските извештаи, бил повеќе наклонет кон руските позиции.Сепак, по средбата на украинската и американската делегација во Женева, документот бил изменет, а според неофицијални информации, разменети биле и остри зборови.Во меѓувреме, американскиот „Вашингтон пост“ објави дека Трамп всушност не бил запознаен со деталите од планот кој медиумите театрално го нарекоа „Трампов мировен план“. Весникот наведува дека текстот бил изготвен од неговиот специјален посредник Стив Виткоф, во координација со главниот руски преговарач Кирил Дмитриев.

Свет | пред 2 месеци

media-library3u86n83vb363bKE0b0H

Зеленски на пат кон Вашингтон повторно? Со Трамп ќе разговара за најчувствителното прашање од мировниот план!

Соединетите Американски Држави и Украина изработија „дополнет и унапреден мировен план“ за окончување на војната со Русија, се наведува во заедничката изјава на двете држави по завршувањето на преговорите во Женева, на кои учествуваа и европски претставници.План приспособен на украинските барања?Двете страни, како што изгледа, го подготвиле документот врз основа на претходната американска верзија, која Киев и неговите сојузници ја сметаа премногу наклонета кон Москва, пренесе „Ројтерс“.Во заедничката изјава по разговорите во Женева, делегациите наведоа дека воделе „исклучително продуктивни“ дискусии и дека ќе продолжат да работат на планот и наредните денови. Не ги открија деталите за спорните прашања кои допрва треба да се решат, вклучително и темата за безбедносните гаранции за Киев.Белата куќа посебно соопшти дека новата верзија на мировниот план содржи посилни безбедносни гаранции и дека украинската делегација оценила оти документот „ги одразува нивните национални интереси“. Украинските функционери не објавија одвоена изјава и не биле веднаш достапни за коментар, јави „Ројтерс“.Оптимизам од ВашингтонАмериканскиот државен секретар Марко Рубио, кој ги предводеше разговорите, во неделата изјави дека е „многу оптимистичен“ дека договор за Украина може да биде постигнат „многу скоро“.Според него, во преговорите е направен значаен напредок, но конечен договор мора да биде постигнат и потврден од претседателите, а неколку чувствителни прашања остануваат отворени.Рубио додаде дека делегациите и денес продолжуваат да работат на мировниот план, нагласувајќи дека преговорите траат веќе три недели, но дека во последните четири дена биле значително интензивирани.Можно е Зелeнски да патува во ВашингтонСпоред два извора запознаени со процесот, американски и украински претставници разговараат и за евентуална посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон веќе оваа недела, за да разговара со претседателот Доналд Трамп за мировниот план. Засега нема официјална потврда за датум.Еден од изворите навел дека целта е двајцата лидери да ги разгледаат најчувствителните точки од американскиот предлог – вклучително и прашањето за територијата.Американскиот план, според претходните информации, би значел фактичко предавање на целиот Донецк на Русија, додека Украина досега инсистираше примирјето да биде воспоставено според тековните линии на фронтот.Европската алтернативаВчера протече и европскиот контрапредлог на американскиот план, кој суштински се разликува од Вашингтон токму во делот на територијалните решенија. Русија индиректно ставила до знаење дека би прифатила договор доколку украинските сили се повлечат од целиот Донбас, што за Киев и европските земји е целосно неприфатливо.Во европската верзија се наведува дека НАТО се согласува трајно да не распоредува свои сили во Украина во време на мир. Украинската војска би била ограничена на најмногу 800.000 припадници, додека американскиот план предвидува максимум од 600.000.Европа бара Украина да биде финансиски обесштетена, вклучително и преку руската имотна активa која останува замрзната сè додека Русија не ја надомести штетата.Европскиот предлог содржи и точка според која Украина нема да ги враќа своите „окупирани суверени територии“ со воена сила, туку преку преговори за размена на територии, чија основа би биле линиите на контакт. Предвидено е и распишување избори во Украина што е можно побрзо по потпишувањето на мировниот договор.

Свет | пред 2 месеци

1680095499_zelenski

Зеленски: Украина е благодарна на Трамп, САД и на секое американско срце за напорите за постигнување мир

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја им се заблагодарува на САД и на нивниот претседател Доналд Трамп за напорите да го поддржат Киев.„Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, спасува украински животи“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм.Претходно Трамп рече дека украинското раководство изразило „нулта благодарност“ за американската помош.Зеленски, исто така, изрази благодарност и до Европа, Г-7 и Г-20 за нивната помош, велејќи дека нивните напори за поддршка на оваа помош се важни.„Затоа работиме толку внимателно на секоја точка, на секој чекор кон мирот. Сè мора да биде правилно осмислено за да можеме навистина да ја завршиме оваа војна и да спречиме таа да се случи повторно”, напиша Зеленски.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Европа излегува со контра-предлог до Трамп: Украина да биде заштитена од САД како да е дел од НАТО

Украина и нејзините европски сојузници ќе инсистираат дека разговорите со Русија за какви било териториски размени можат да се случат само откако ќе престане војната по сегашната линија на контакт, според луѓе запознаени со контра-предлогот што ќе им биде презентиран на САД во Швајцарија.Се чини дека и Трамп го намалува притисокот врз Киев бидејќи предлогот за мировен договор не е конеченТој на прес концеренција изгледаше помалку самоуверен во барањето Украина да се согласи со контроверзниот предлог што би вклучувал отстапување од територија на Русија, значително намалување на вооружените сили на Украина и давање на САД голем удел во идната реконструкција на земјата.,,Не, тоа не е мојата последна понуда.Сакам да склучиме мир; требаше да се направи одамна, мора да го завршиме на еден или друг начин”, одговори Трамп.Според условите предложени од САД, Украина ќе мора да ги повлече трупите од делови од источниот регион Донбас што Русија не успеа целосно да ги окупира. Областа ќе стане демилитаризирана тампон зона, меѓународно призната како руска.Москва, ќе добие признание за Крим, Луганск и Донецк.Предлогот на САД, кби ја ограничил големината на вооружените сили на Украина на 600.000 лица.Европските лидери, заедно со членовите на Групата седум, Канада и Јапонија, се спротивставија на идејата дека границите на Украина би можеле да се намалат или дека вооружените сили би можеле да бидат ограничени.

Свет | пред 2 месеци

tramp

Трамп: Четврток е клучниот рок за Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти 27 ноември, четврток, е вистинскиот рок до кој Украина треба да го прифати мировниот предлог поддржан од САД, со кој би се ставил крај на војната со Русија.„Имав многу рокови, но ако работите се одвиваат добро, роковите обично се продолжуваат. Но, ние мислиме дека четврток е вистинското време“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, претходно објави дека САД се подготвени да го прекинат споделувањето разузнавачки информации и испораките на оружје доколку Киев не се согласи на рамковниот мировен договор што Вашингтон го предлага. Според изворите, Украина е под поголем притисок од било кои претходни мировни иницијативи и се очекува договорот да биде потпишан до следниот четврток.Во обраќање до украинската нација, претседателот Володимир Зеленски предупреди дека земјата се соочува со еден од најтешките моменти во својата современа историја.„Сега Украина може да се најде пред многу тежок избор. Или губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер. Или тешки 28 поени или исклучително тешка зима – најтешката – и дополнителни ризици“, изјави Зеленски, нагласувајќи дека земјата е под огромен притисок.

Свет | пред 2 месеци

media-library1rmpt9urgmh5234wbPT

(ВИДЕО) Белата куќа во одбрана на Трамп кој новинарка нарече „прасе“

Белата куќа застана во одбрана на американскиот претседател Доналд Трамп, кој новинарка нарече „прасе“.Оваа навреда тој ја упати кон новинарката додека таа го прашуваше за неодамна починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин.За Белата куќа коментарите на претседателот ја одразуваат неговата искреност и транспарентност. За време на разговорот во авионот „Ер Форс 1“ минатата недела,Трамп се наведна кон репортерката, ја покажал со прст и и се обратил со зборовите:„Замолчи, прасе, замолчи“. Новинарката барала одговор за неодамна објавената е-пошта на Епстин во која њујоршкиот финансиер тврди дека Трамп знаел за девојките.Прашана за инцидентот, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека американските гласачи го реизбрале Трамп поради неговата искреност и дека новинарите треба да ја ценат неговата отвореност при одговарањето на прашања.,,Тој ги посочува лажните вести кога ќе ги види, и е фрустриран од новинарите кои шират неточни информации, но тој, исто така, обезбедува невиден пристап до печатот и одговара на прашања речиси секојдневно”, истакна портпаролката.Пред три дена во Овалната соба, Трамп, во негов стил, нарече друга репортерка „ужасна личност“, откако таа го праша саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за убиството на новинарот Џамал Кашоги и го праша Трамп зошто не ги објавил досиејата на Епстин.Асоцијацијата на професионални новинари го осуди понижувачкиот јазик на Трамп кон новинарите, истакнувајќи ја неговата историја на користење понижувачки јазик за дискредитирање на жените.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања