УЈП распродаде станови, автомобили, деловен простор одземен од должници: Ако не се плаќа данок – државата има механизми
Управата за јавни приходи (УЈП) во периодот јануари – јули 2025 година преку е-аукции наплатила вкупно 21.619.411 денари (околу 314.206 евра) од продажба на движен и недвижен имот на должници кои не ги подмириле своите даночни обврски.Од продажба на 26 движни предмети – меѓу кои патнички и товарни возила, како и машини – државата инкасирала 6.129.604 денари (99.177 евра). Продадени се, меѓу другото, автомобили како Fiat Panda, Toyota Hilux, Honda Jazz, Golf 6 и 7, Mercedes-Benz ML320, VW Caddy,
Македонија | пред 1 година