Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ВЛАДА

media-libraryp8ge4oaborhu5jClFYo

Владата ќе ја интензивира изградбата на инфраструктурните коридори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за Владата изградбата на автопатската инфраструктура претставува стратешки приоритет, оценувајќи дека ваквите проекти ја зајакнуваат поврзаноста, логистиката и геостратешкото значење на државата.Тој посочи дека географската местоположба на земјата треба да се искористи како предност и дека позицијата на раскрсница во регионот е стратешки капитал. Според него, како членка на НАТО, државата преку реализација на ваквите коридори придонесува за зголемена отпорност и безбедност во регионот, како и на јужното крило на Алијансата.Премиерот упати благодарност до вицепремиерот и министер за транспорт, заменик-министерката, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, како и до институциите вклучени во реализацијата на проектот – Управата за имотно-правни работи, Министерството за финансии и Агенцијата за катастар.Мицкоски изрази очекување дека проектот ќе донесе конкретна вредност за граѓаните и ќе ја подобри логистичката мрежа низ државата, нагласувајќи дека Владата ќе направи сè изградбата да се реализира во роковите што биле претходно утврдени.Тој најави дека во наредниот период ќе се интензивира реализацијата и на други инфраструктурни проекти од сличен обем.

Македонија | пред 2 дена

media-library439d2gh00u939iRZvnh

(Видео) Од Врховен, преку судија и Владата до Судскиот совет: како, според Катевеновски, течела постапката за негово разрешување

Поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостувањето во „Претрес со Ландов“ изнесе теза дека неговото разрешување во 2020 година било иницирано по дојава од колега судија, кој во Владата најверојатно открил дека не сакал да ја потврди пресудата за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во предметот познат како „мерцедесот на Груевски“.Катевеновски наведе дека формално бил разрешен за предмет поврзан со бизнисменот Сеад Кочан, но посочи дека не бил разрешен на истата седница кога биле разрешени уште двајца судии, туку подоцна, откако јавно изразил став дека нема да гласа за потврдување на казната за Јанкуловска.„Не е директно до Судски совет. Додека некој не им каже, тие не постапуваат. Мора да им каже некој“, изјави Катевеновски, алудирајќи дека информацијата за неговиот став била пренесена надвор од салата каде што се водела расправата. Тој рече дека нема материјален доказ, но дека знае кое лице ја пренело информацијата.Според неговите зборови, станувало збор за судија кој имал амбиции да стане претседател на суд и кој, како што рече, бил близок до СДСМ.„Не доби награда, го зафркнаа“, додаде Катевеновски. На прашањето дали информацијата ја пренел судијата Џемаили Саити, тој одговори со „можеби“, без дополнително појаснување.Во емисијата, Катевеновски говореше и за предметот „Грчец“, за одлуките поврзани со настаните од 27 април, како и за постапката во случај во кој припадник на ЕБР беше осуден на 11 години затвор, изнесувајќи детали за текот на судската процедура и начинот на одлучување.Нечуени детали и непоставени прашања за правораздавањето:

Македонија | пред 2 дена

media-librarypq0dvrui93qffoyBpOO

ЕУ заговара „прва и втора лига“ на земји членки, а еден од говорниците таму рече „тоа што и го правите на Македонија е криминал“, посочи Мицкоски

Македонија е жртва на булинг од земји членки кои го условуваат евроинтегративниот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека земјата не се вреднува според напредокот, туку според политички услови.„Не се цени според напредок, туку тоа дали ќе го промениме Уставот, банкнотите, знамето итн. И колку повеќе тоа го игнорираме, толку потежок ќе биде тој пат и толку повеќе препреки ќе имаме. Јас сум свесен дека можеби дел од политичките гарнитури од минатото имале добри политички намери, но има и такви кои од неуспехот да се справат со криминалот и корупцијата, неуспехот кој го имаа дома, беа донесени до ѕид и побараа бел лист хартија и рекоа дајте да потпишеме сѐ што треба, за да останеме на власт“ рече премиерот Мицкоски.Во однос на актуелните политички состојби, премиерот упати критики кон СДСМ, обвинувајќи ја опозициската партија за ширење лажни вести и оценувајќи дека е во политичка криза.„Од СДСМ денеска гледаме гранапче кое се занимава со лажни вести, и е на прагот на истчезнување. Затоа оваа генерација треба да биде свесна за овој предизвик и да биде свесна за уште еден предизвик, а тоа е последната иницијатива која се зборува во Брисел“, рече тој.Мицкоски се осврна и на, како што рече, иницијативата што се разгледува во Брисел за „прва и втора лига“ земји членки на Европската Унија, предупредувајќи дека ваквиот концепт отвора прашања за идниот статус на земјите кандидатки.„Имаше многу влијателни членови на Влади, и еден од говорниците рече 'Тоа што и го правиме на Македонија е криминал'. И тоа нема никаква врска со вредностите. Затоа и добро треба да размислиме за ова прва и втора лига земји членки, со многу заштитни механизми и да донесеме одлука што мислиме и како мислиме. Треба да сме свесни со сите овие предизвици во годините што следат. Ако живееме во фантазија, нема да можеме да најдеме соодветно решение. Ова се историски моменти во политиката а тие знаат да траат со децении, а некогаш и векови. Затоа народот треба да е трпелив и мудар. А за еден народ нема полошо од корумпирани лидери на таа нација. И тие се тие кои нѐ доведоа во оваа ситуација. Наместо да гледаме во иднината, ние толкуваме чии биле учителите и нивните ученици, а меѓу нас нема некој да просведочи која била вистината“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 дена

media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

Ќе има промена на министрите во Владата најдоцна до јуни

Реконструкцијата на Владата се очекува да заврши најдоцна до јуни, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека веќе има изграден став, но дека ќе следуваат разговори со коалициските партнери пред да се финализира процесот.„Во мај или најдоцна до јуни би требало да се заокружи тој процес“, изјави премиерот, додавајќи дека одлуките ќе бидат донесени по консултации во рамки на владејачката коалиција.Осврнувајќи се на можноста за предвремени парламентарни избори, Мицкоски повтори дека такво сценарио нема да има. Според него, сите релевантни мерења покажуваат дека граѓаните не даваат предност на избори пред истекот на мандатот.„Сè додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има“, истакна премиерот, нагласувајќи дека приоритет се државата и реформските процеси.Тој потсети дека земјата веќе се приближува кон редовниот изборен циклус, што значи дека техничка влада би се формирала кон крајот на 2027 или почетокот на 2028 година, и оцени дека отворањето прашање за избори во овој период претставува политиканство.

Македонија | пред 3 дена

miteva-pres-3

Марија Митева со остра реакција кон Жерновски: „Тужбата е отфрлена, фактите се јасни“

Портпаролката на Владата, Марија Митева, со остра реакција се огласи во врска со изјавите на Андреј Жерновски и партијата СДСМ, оценувајќи дека станува збор за, како што наведе, „панична и хистерична реакција“.Митева посочи дека интегритетот на Жерновски во македонската политика, според неа, е компромитиран, алудирајќи на неговите политички трансфери низ годините. Таа обвини дека неговото позиционирање во партиските тела има единствена цел – создавање негативен наратив и фрлање, како што рече, „кал“ врз политичките противници.Во однос на наводниот „скандал“, Митева истакна дека станува збор за решение донесено пред речиси три месеци, со кое тужбата на Жерновски била отфрлена, а барањето за надомест на штета одбиено како неосновано. „Тоа е правната реалност. Сè друго е свесна манипулација со јавноста“, наведе таа.Портпаролката нагласи дека, за разлика од СДСМ, никогаш не манипулирала со граѓаните и дека нејзиниот јавен настап се темели на факти и личен интегритет. Според неа, актуелните реакции од опозицијата произлегуваат од страв од одговорност и одговори на, како што посочи, отворени прашања поврзани со криминал и корупција.Митева упати и прашање за случајот со 40 тони марихуана, барајќи одговори кој сè бил инволвиран и каде води постапката. Таа оцени дека јавноста заслужува факти и отчетност, наместо, како што наведе, политички театар.Воедно ги отфрли обвинувањата дека некој управува со судовите, тврдејќи дека таквите практики припаѓаат на минатото. „Ќе продолжиме да инсистираме на владеење на правото, институционална одговорност и целосна транспарентност. Граѓаните гледаат кој нуди факти“, порача Митева, додавајќи дека политиката мора да се води со интегритет, а не со конструкции и лаги.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryti58g8i38u11dj9NnjX

(Видео) Портпаролката Митева ја предизвика јавноста да ја оцени дебатата со Жерновски

Портпаролката на Владата, Марија Митева, преку јавна објава повика граѓаните да посветат внимание на актуелните политички дебати. Во видеото кое таа го сподели вели дека ќе се воочи разликата помеѓу политичарите. Таа сподели дел од дебатата со Андреј Жерновски, член на Централниот одбор на СДСМ.„Знам дека многумина од Вас поради вакви дебати одбираат да не следат политика, но верувајте ми дека ова видео го заслужува Вашето внимание... Одвојте време, изгледајте го до крај, за да потврдиме уште еднаш дека со гооодини во Македонија многумина со празни флоскули без суштина и никакво познавање се дел од политичкиот пејсаж и врз основа на тоа се креира генерална перцепција за учество во политиката и градење доверба. Но, наша обврска е да покажеме разлика! *Имам една дилема: дали мојот соговорник му се обрати со "брат" на новинарот на самиот почеток?“, напиша Митева.

Настани | пред 4 дена

media-library0mqu9voku8bq8ihODBh

Владата демантира: Семејството на Мицкоски не патувало со службениот авион, обвинувањата на СДСМ се лажни

Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на Премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит, Хрватска, велат од Владата на Република Македонија„Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба за негови службени потреби, и во период од две години само за 4 патувања во соседството. Лицемерно е однесувањето на СДСМ и лидерот Венко Филипче, кој во затворени разговори се согласува за набавка на нов владин авион, а во јавност сосема спротивно истото го критикува. Додека СДСМ и Венко самите се договорат со себе, апелираме информациите кои произлегуваат од оваа партија да се земаат со голема претпазливост поради нејзините шпекулативни намери“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryafoptkjj5er13JfmFms

Владата најавува засилена борба против сивата економија и мониторинг на цените

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека борбата против неформалната економија е прашање на праведност, доверба во системот и еднакви правила за сите, оценувајќи дека станува збор за процес кој мора да биде системски, а не само инспекциски.Говорејќи на конференција посветена на формализирањето на економијата, тој истакна дека сивата економија претставува изгубен приход за државата, но и изгубена можност за повисоки плати, подобро здравство, поквалитетно образование и посигурни пензии. Според него, неформалните текови создаваат нелојална конкуренција и ја рушат довербата во институциите, додека чесните даночни обврзници се ставаат во нерамноправна положба.„Нашата цел е формалната економија да стане попривлечна од неформалната. Да биде полесно, поисплатливо и посигурно да се работи легално“, нагласи Мицкоски.Тој упати благодарност до министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриевска за, како што рече, дисциплинираното управување со јавните финансии во услови на глобални економски притисоци и растечки трошоци. Премиерот ја истакна и улогата на Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи и Финансиската полиција во засилените активности за сузбивање на даночните измами и финансискиот криминал.Во рамки на стратегијата за намалување на неформалната економија, Владата најавува дигитализација на процесите преку електронско фактурирање и поврзување на базите на податоци, намалување на административните бариери за регистрација на бизнис, стимулативни мерки за формално вработување и поддршка на микро и мали претпријатија, како и зголемена транспарентност и размена на податоци меѓу институциите.Паралелно со ова, премиерот се осврна и на цените во маркетите, оценувајќи дека глобалните движења и енергетските шокови не смеат да бидат алиби за неоправдани маржи и прекумерни профити.Владата најавува засилен мониторинг на цените на основните прехранбени производи, анализа на трговските маржи, координација со надлежните институции за спречување на евентуални злоупотреби и дијалог со трговците и производителите за стабилизирање на пазарот.„Немаме право да дозволиме нечесноста да биде попрофитабилна од чесноста. Немаме право граѓаните да плаќаат повеќе поради нечии шпекулативни практики“, истакна Мицкоски, додавајќи дека формализирањето на економијата е дел од европскиот пат и модернизацијата на државата.Тој нагласи дека борбата против сивата економија е долгорочен процес, а контролата на цените, според него, претставува заштита на граѓаните, а не популизам. Владата, како што рече, ќе остане цврста кон оние што избегнуваат обврски и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризи, со цел воспоставување економија со ред и пазар со јасни правила.

Македонија | пред 5 дена

media-library4mc2h6hmgauf0qensG7

По реакциите: Министерството за дигитална трансформација најави консултации за Водичот за инфлуенсери и промената на Законот за аудиовизуелни услуги

Во однос на објавите во медиумите поврзани со реакциите на дел од инфлуенсерите и дигиталните креатори на содржини во врска со Правилникот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), т.н. Водич за инфлуенсери и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Министерството за дигитална трансформација како надлежно министерство за политики во областа на дигиталниот простор и развојот на онлајн екосистемот ја информира јавноста за следното:Министерството ја следи јавната дебата и сериозно ги зема предвид изразените ставови од страна на креаторите на дигитални содржини. Дигиталната економија и креативната индустрија се значаен сегмент од современиот медиумски и економски систем, и нивниот развој треба да се темели врз јасни правила, правна сигурност и почитување на европските стандарди. Истовремено, јасно е дека овој медиумски плурализам ја поттикнува слободата на говор, различноста на мислење и демократијата воопшто.Регулаторната рамка во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги произлегува од законските измени усвоени од Собранието во минатиот состав во 2023 година, со кои се врши усогласување со европското законодавство, особено со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија. Подзаконските документи (пред се Правилникот) произлегуваат од овие измени на Законот, но се донесени во текот на 2025 година. Водичот е неформален документ на АВМУ со необврзувачка содржина, кој не произведува правен ефект.Министерството смета дека секоја регулатива што се однесува на динамичен и брзорастечки сектор како што е дигиталното создавање содржини треба да биде пропорционална, јасна и во континуиран дијалог со засегнатите страни. Саморегулацијата и кодексите на однесување се легитимни инструменти во европската пракса, кои треба да ја надополнуваат законската рамка која обезбедува заштита на јавниот интерес, транспарентност на комерцијалните содржини и заштита на малолетниците.Во насока на надминување на предизвиците, излегување во пресрет на потребите и барањата на креаторите на дигитални содржини, но и генералната јавност, Министерството за дигитална трансформација ќе иницира средби и консултативен процес со претставници на инфлуенсерите организирани во споменатотот здружение, АВМУ, медиумската заедница и експертската јавност, со цел да се разгледаат можностите за дополнително појаснување или унапредување на подзаконските акти, во насока на обезбедување балансирано и европски усогласено решение.Нашата стратешка цел останува развој на конкурентен, слободен и одговорен дигитален простор, кој ќе овозможи раст на креативната индустрија, но и ќе гарантира правна сигурност и заштита на граѓаните. Ниту една мерка или активност нема да значи намалување на слободата на говор на креаторите на содржини и медиумските работници, ниту задирање во правата на граѓаните пошироко.Министерството ќе продолжи активно да работи на унапредување на дигиталната регулаторна рамка во согласност со меѓународните стандарди и во интерес на развојот на целокупниот дигитален екосистем во Македонија.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Будимпешта е најчеста дестинација на владиниот авион: најмногу летале Николовски и Силјановска Давкова

Будимпешта е релацијата на која најмногу летал владиниот авион. Дури седум пати се летало кон престолнината на Унгарија во периодот откако ВМРО – ДПМНЕ состави влада во јуни 2024, па заклучно со декември 2025 година, објави телевизија Телма.Од министрите најмногу во воздух бил министерот за транспорт и врски и заменик претседател на владата, Александар Николовски а најчесто летал токму за Будимпешта. Го користел авионот 11 пати од кои шест пет бил таму.Преку документите кои ги обезбеди Телма од Службата за општи и заеднички работи во Владата, имало случај  кога владиниот авион бил упатен на сервис во германскиот град Нирнберг на 12 јануари лани. Оттаму бил упатен кон Будимпешта, го земал Николовски и се вратиле во Скопје. Министерот за транспорт летал и за Лондон, а дел од делагацијата бил и поранешниот вицепремиер за економија Владимир Пешевски. Бил и во Прага, Виена, а летал и на релација Скопје – Истанбул и назад, но не  директно за Скопје, туку прво застанал во Охрид.Повеќе од Николовски, владиниот авион го користела само претседателката Гордана Силјановска Давкова. Летала 13 пати. Во соседството била до Тиват, Подгорица, Тирана, а имала и летови до Рим, Истанбул, Копенхаген.

Македонија | пред 1 седмица

media-library2qbm5n2qmbm0aMKfCwj

Касами ќе оценува кој ќе си оди од Владата, иако Мицкоски му кажа дека тој одлучува

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, изјави дека партијата ќе направи оценка на работата на сите свои функционери во извршната власт и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе остане зад актуелните министри, меѓу кои и министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани.„Свесни сме дека премиерот е мандатар и тој одлучува кој ќе биде министер, но додека станува збор за политичка влада во која учествува Беса како дел од коалицијата Влен, Беса одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна како дел од идната Влада“, рече Касами.Тој најави дека од сите функционери ќе биде побаран извештај за сработеното во изминатиот период, по што раководството на партијата ќе оцени дали е задоволно од нивниот ангажман. „Ќе се донесе одлука дали ќе бидеме задоволни од работата на Лимани и другите функционери“, изјави Касами.Претходно, премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со најавите за можно разрешување на Лимани, изјави дека е задоволен од неговата работа и дека нема информации за негова смена.„Мислам дека тој е додадена вредност во Министерството за социјални работи. Јас сум носител на мандатот и јас ја формирам Владата“, изјави Мицкоски.Премиерот додаде дека доколку некој заборавил кој го има мандатот за состав на Владата, тој потсетува дека таа одговорност е негова, алудирајќи на политичките пораки што доаѓаат од коалициските партнери.

Македонија | пред 1 седмица

media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Деценискиот проблем со паркирањето на Клинички конечно добива решение

Владата донесе одлука за конечно решавање на прашањето за паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“, со што се затвораат административните пречки што со децении го блокираа уредувањето на овој простор.„Одлуката создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје, а Министерството веќе го заврши процесот на регистрација на парцелите и изработката на елаборати, отварајќи пат за изградба на модерен паркинг со катни гаражи и воведување софтверско решение за ефикасно управување. Проектот ќе обезбеди подобри услови за пациентите, здравствените работници и граѓаните кои ги користат услугите на кампусот“, велат од Владата.

Скопје | пред 1 седмица

media-library752h05roicf34cJytLV

По години на неактивност, Владата бара извештаи од државната комисија за борба против дроги

Владата најави дека ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги.Комисијата, формирана во 2017 година, до сега не била активна и нема постигнати резултати, поради што Владата ќе бара редовни извештаи за нејзиното работење во иднина.Ова е дел од стратегијата за засилена контрола и превенција на незаконските активности поврзани со дроги.

Македонија | пред 1 седмица

kanabis

Владата нареди вонредни контроли на сите производители на медицински канабис

На денешната 149-та седница, Владата на Република Северна Македонија разгледа информација во врска со лиценците за производство на канабис за медицински цели.Со цел да се спречи нелегално индустриско производство и пласман на канабис на домашниот и меѓународниот пазар, Владата ги задолжи сите надлежни институции да преземат законски утврдени мерки и да извршат вонредни контроли на сите правни лица кои поседуваат дозвола за одгледување и производство на медицински канабис.Институциите имаат рок од 45 дена да достават извештај до Владата за спроведените активности.

Македонија | пред 1 седмица

media-library0tbsmrtjnn0c9Qhos0r

Вонредни инспекции за канабис, нов паркинг за Клинички, одлучи Владата

Владата ќе спроведе вонредни контроли на сите правни лица што имаат лиценца за одгледување и производство на канабис за медицински цели, со цел спречување индустриско нелегално производство и пласман на канабис на домашниот и меѓународниот црн пазар. Ова го соопшти владината портпаролка Венера Азизи, информирајќи за заклучоците донесени на 149. седница на Владата.Како што истакна Азизи, институциите се задолжени, во рамките на своите надлежности, да ги преземат сите законски утврдени мерки и активности и да извршат вонредни контроли на целата територија на државата. Во рок од 45 дена тие ќе треба да достават извештај до Владата за состојбата со лиценците и работењето на субјектите што произведуваат медицински канабис.Покрај тоа, Владата ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги. Азизи нагласи дека оваа комисија, иако била формирана во 2017 година, во изминатите години практично не функционирала и немала резултати, поради што во иднина ќе се бараат редовни извештаи и активна работа.На истата седница е донесена и одлука за конечно решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Со оваа одлука се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркингот и се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје. Министерството, во рок од три месеци, го завршило процесот на регистрација на парцелите во Катастар и изработка на елаборати, со што се отвора патот за изградба на модерен и функционален паркинг, вклучително и катни гаражи и софтверско решение за поефикасно управување.Дополнително, Азизи информираше дека Владата го усвоила Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, кој заедно со Предлог-законот за јавно обвинителство добил позитивно мислење од Венецијанската комисија. Усвојувањето на овие закони во Собранието, како што беше посочено, ќе значи исполнување на важен чекор од Реформската агенда.„Нашата цел како Влада е да воспоставиме неселективност во постапувањето и да преземаме политики во интерес на граѓаните“, порача Азизи, додавајќи дека Владата продолжува со реализација на програмата насочена кон обезбедување подобар, поквалитетен и побезбеден живот за сите.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања