Промени тема
Контакт

ЗЕЛЕНСКИ

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски: Имам многу лошо чувство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази сериозна загриженост дека војната меѓу САД и Израел со Иран го пренасочува вниманието на Вашингтон од руската агресија врз Украина.Во интервју за Би-Би-Си, снимено за време на неговата посета на Лондон, Зеленски оцени дека развојот на настаните на Блискиот Исток има директни последици врз украинската позиција на меѓународната сцена.„Имам многу лошо чувство во врска со влијанието на овој конфликт врз Украина. За жал, Америка сега е повеќе фокусира

Свет | пред 6 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Украина испрати 228 експерти на Блискиот исток

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина испратила 228 експерти на Блискиот исток за да им помогнат на земјите во одбраната од напади со беспилотни летала, како и дека се работи на склучување „сериозни договори“ со регионалните лидери, објави Reuters.Зеленски најави дека украинските и американските работни групи ќе продолжат да работат на билатерални документи, а за време на викендот во САД ќе се дискутира и за сеопфатен договор за беспилотни летала.Претходно, Русија објав

Свет | пред 6 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски алармира: Војната на Блискиот Исток ја остава Украина без ракети

Украина се соочува со ризик од сериозен недостиг на клучни ракети за противвоздушна одбрана поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски.Тој оцени дека продолжувањето на војната меѓу САД, Израел и Иран директно влијае врз украинската одбрана, бидејќи ги пренасочува американските ресурси и го намалува капацитетот за снабдување со оружје за Киев.„Имам многу лошо чувство. Преговорите постојано се одложуваат, а причината е една – војната

Свет | пред 6 месеци

media-libraryhkp5knaee49a2HZXQ6O

Стармер: Не смее да се заборави Украина поради конфликтот во Иран

Британскиот премиер Кир Стармер за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон нагласи дека „фокусот мора да остане на Украина“ и покрај тековниот конфликт во Иран. Примачувајќи го Зеленски во Дауннинг Стрит, Стармер посочи дека „Путин не смее да профитира од конфликтот во Иран, ниту преку цените на нафтата, ниту преку укинување на санкциите“.Средбата се одржува во момент кога американско-израелскиот конфликт со Иран влегува во третата недела, додека американскиот п

Свет | пред 6 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за поправка на нафтоводот „Дружба“

Украина се согласи на надворешна инспекција на оштетениот нафтовод „Дружба“, која ќе биде финансирана од Европска Унија, потврдија денеска од Брисел. Овој чекор доаѓа само два дена пред клучниот самит на европските лидери, каде што се бара решение за деблокирање на заемот за Украина во вредност од 90 милијарди евра, кој е блокиран поради вето од Унгарија.Политичкиот исчекор се случува во пресрет на состанокот на лидерите на ЕУ, на кој во фокусот ќе биде токму унгарската блокада. Европската Унија

Свет | пред 6 месеци

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски: Русија му помогнала на Иран

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија му помогнала на Иран да ги унапреди дроновите „Шахед“, кои денес претставуваат закана за земјите на Блискиот Исток.Во интервју за „Jерусалем пост“, што го пренесува Украинформ, Зеленски наведе дека овие дронови значително напредувале во однос на почетните верзии користени на почетокот на војната во Украина.Тој изјави дека Иран, и покрај претходните негирања, испорачал дронови на Русија, ги обучил руските сили за нивна употреба и сп

Свет | пред 6 месеци

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Иран: Зеленски се обидува да ја вовлече Украина во конфликт со Техеран

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаеи изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе четири години го вовлекува украинскиот народ во постојана војна со Русија и се обидува да вовлече и други држави во конфликтот.„Со жалење забележуваме дека народот на Украина навистина падна под влијание на човек кој веќе четири години ја води оваа земја – иако немаме проблем со украинскиот народ – кон неизбежна војна и постојано инсистира на продолжување на тој па

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски: Притисокот да се отвори рускиот нафтовод во замена за оружје е уцена

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им порача на европските сојузници дека притисокот повторно да се отвори нафтоводот Дружба, кој транспортира руска нафта, претставува „вид уцена“.Киев тврди дека нафтоводот од советската ера, кој минува низ Украина, бил оштетен во руски напад во јануари. Според украинските власти, поправките може да траат и до шест недели, што предизвика незадоволство кај Унгарија и Словачка, кои значително зависат од овој нафтовод за своите енергетски потреби.Дв

Свет | пред 6 месеци

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Ирански функционер: Украина се вмеша во војната и стана легитимна цел

Иранскиот функционер Ебрахим Азизи изјави дека Украина, со наводната поддршка за Израел во тековниот конфликт, се вмешала во војната и со тоа ја направила својата територија легитимна цел за Иран.Азизи тврди дека Киев обезбедува поддршка со беспилотни летала за, како што го нарече, „израелскиот режим“.„Со обезбедувањето беспилотна поддршка за израелскиот режим, пропаднатата Украина всушност се вклучи во војната и, според член 51 од Повелбата на Обединетите нации, ја претвори целата своја територ

Свет | пред 6 месеци

media-libraryg8tf4rvi3utldkAVnRX

Зеленски пристигна во Париз: Следува средба со Макрон

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Париз, каде што треба да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти портпаролот на украинскиот претседател, Сергиј Никифоров.Тој напомена дека програмата на посетата вклучува разговори меѓу претседателите на Украина и Франција, а Зеленски ќе се сретне и со студенти, пренесува Укринформ.Како што беше претходно најавено, двајцата претседатели ќе разговараат за актуелната состојба во Украина, поддршката од Франција и европ

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски во официјална посета на Романија: разговори за одбрана, енергија и обнова на Украина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски пристигна во официјална посета на Романија, потврди неговиот портпарол Сергиј Никифоров, пренесе „Украинска правда“.Зеленски ќе се сретне со романскиот претседател Никушор Дан во палатата Котрочени во Букурешт. Се очекува разговорите да се фокусираат на одбранбена и енергетска соработка, обновата на Украина и проширувањето на Европската Унија.За време на посетата тој ќе се сретне и со романскиот премиер Илие Болојан и ќе го посети центарот за обука на

Свет | пред 6 месеци

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски: Ако никој не ja запре војната на Блискиот исток, може да се претвори во светска војна

Ако конфликтот на Блискиот исток наскоро не се запре, тој би можел да прерасне во светска војна, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.Ако никој брзо не ja запре војната на Блискиот исток, таа може да трае многу долго и да се претвори во светска војна“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.Тој оцени дека светот е многу близу до нова светска војна.Многу сме блиску. Не гледам како операцијата во Иран може да биде брза. Гледам повеќе глобални предизвици. Ако војната не се запре до

Свет | пред 6 месеци

viktor-orban

Орбан до Зеленски: Не ѝ се заканувајте на Унгарија со војници, прекинете со уцените

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на социјалната мрежа Икс објави порака упатена до украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која го обвини за закани и уцени и побара да престане со притисоците и да овозможи непречен премин на унгарските пратки на нафта.„Претседателе, ја примив вашата порака. Ми се заканивте со војници и преку мене на цела Унгарија. Претседателе, тоа не поминува. Престанете со тоа. Ова е Унгарија. Унгарците не може да се уценуваат, а мене не можете да ме заплашите. С

Свет | пред 6 месеци

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан до Зеленски: Ќе ја пробиеме нафтената блокада, не се плашам од закани по живот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека лично не е загрижен поради заканите по живот кои, како што тврди, му ги упатил украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека нема да дозволи неговата татковина да биде загрозена.Орбан истакна дека спорот околу нафтоводот „Дружба“ не е прашање што се однесува лично на него, туку, како што рече, станува збор за снабдувањето на Унгарија со енергија.Тој предупреди дека ќе ги искористи сите политички средства за да ја пробие украинската нафт

Свет | пред 6 месеци

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: САД побараа помош од Украина во борбата против иранските дронови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Соединетите Американски Држави побарале од Украина помош во одбраната од беспилотни летала на Блискиот Исток.Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс појасни дека станува збор за конкретно барање за поддршка во одбраната од иранските дронови од типот „Шахед“.„Добивме од Соединетите Американски Држави барање за конкретна помош во одбраната од ‘Шахед’ на подрачјето на Блискиот Исток“, напиша Зеленски.Тој додаде дека веќе издал наредба да се

Свет | пред 6 месеци

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Зеленски лаже, имаме докази дека „Дружба“ не е оштетена

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека располага со тајни сателитски снимки кои докажуваат дека нафтопроводот Дружба, по кој порано се пренесувала руска нафта, не е оштетен.Фицо директно го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека лаже за состојбата на нафтопроводот, пренесува Kyiv Independent.Освен еден мал резервоар за складирање, главната траса на нафтопроводот Дружба не е оштетена. Значи, претседателот Зеленски очигледно лаже“, изјави Фицо за словачкиот портал Aktuality. „В

Свет | пред 6 месеци

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Орбан: Блокадата на нафтоводот „Дружба“ од страна на Украина претставува уцена

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека блокадата на нафтоводот „Дружба“ од страна на Украина претставува уцена од страна на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, со цел да ѝ помогне на унгарската опозициска партија Тиса да дојде на власт.Орбан го напиша ова на својот Фејсбук, прикачувајќи изјава на генералниот директор на националната енергетска компанија MOL, Жолт Хернади, кој рече дека нафтооводот „Дружба“ сам по себе не е оштетен.Унгарија нема да остане пасивна. Ќе ја разбиеме

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.12.15

Трамп: Зеленски не е свесен, може да остане без оружје поради Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на социјалната мрежа Truth Social истакна дека Соединетите Држави никогаш немале поголеми залихи на муниција, додавајќи дека ги обновил залихите откако, како што тврди, биле потрошени за време на мандатот на неговиот претходник Џо Бајден.Трамп рече дека САД можат да водат војна „засекогаш“ бидејќи залихите се „неограничени“.Залихите на муниција на САД, на средно и повисоко средно ниво, никогаш не биле поголеми или подобри – како што ми беше кажано денес, практ

Свет | пред 7 месеци

media-libraryakprq2qkolpt4aD8ewx

(Видео) Зеленски: Орбан не сака да ја купи нафтата од Хрватска, тука се работи за европската цена, а таму за руската

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека Унгарија ја одбила понудата на Хрватска за снабдување со нафта бидејќи не ѝ одговара цената.Зеленски рече дека е запознаен со тоа дека Хрватска понудила потребни количини на нафта на Унгарија, но унгарската влада ја одбила понудата, пренесува Ukrinform.Се сретнав со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Тој ми потврди дека Хрватска е подготвена да ги обезбеди годишно потребните количини на нафта и за Словачка и за Унгарија. Рече дека Орбан ед

Свет | пред 7 месеци

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: Ќе помогнеме против иранските дронови ако има едномесечно примирје со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски понуди испраќање на украински експерти за противдронска одбрана на Блискиот Исток, но со јасен услов – арапските лидери да извршат притисок врз рускиот претседател Владимир Путин за да прифати едномесечно примирје во војната во Украина.Како што пренесува Bloomberg, Зеленски во телефонски разговор од Киев изјавил дека лидерите од регионот имаат добри односи со Москва и можат да посредуваат.„Би предложил следново – челниците на Блискиот Исток имаат добри

Свет | пред 7 месеци

zelenski-putin

Зеленски: Настаните во Иран му покажуваат на Путин како завршува диктатурата

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека настаните во Иран ја покажале бесмисленоста на Русија како сојузник и му демонстрирале на претседателот на Русија, Владимир Путин, како завршува диктатурата.Зеленски го изјави тоа одговарајќи на прашања на новинарите за последиците од настаните во Иран врз Русија.Ми се чини дека Путин веќе покажа каков сојузник е во Сирија, кога, во суштина, Русите не можеа да му помогнат на режимот на Башар Асад. Исто така, според мое мислење, сега исто

Свет | пред 7 месеци

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: Преговорите во Абу Даби не се откажани

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека и покрај тешката безбедносна состојба во Обединетите Арапски Емирати, средбата на делегациите на Украина, Соединетите Американски Држави и Русија, планирана за 5 и 8 март во Абу Даби, засега не е откажана.Средбата беше закажана за периодот од 5 до 8 март, поточно за 5 и 6 март. Таа беше планирана да се одржи во Абу Даби. Засега, поради овие непријателства, не можеме да потврдиме дека состанокот конкретно ќе се одржи во Абу Даби, но никој

Свет | пред 7 месеци

orban-zele

„Го прекинувам блокирањето“: Орбан подава рака кон Зеленски

„Го прекинувам блокирањето“: Орбан подава рака кон ЗеленскиПремиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа изјави дека Унгарија денеска, во понеделник наутро, ќе ги презентира доказите собрани за време на викендот во врска со состојбата на украинскиот дел од нафтоводот „Дружба“.Во објава на Фејсбук, Орбан напиша дека пристигнале вредни информации.Во друга објава, направена за време на обиколка на рафинеријата Дунав, тој рече дека унгарската влада нема да дозволи цените на бензинот да пораснат на 1.0

Свет | пред 7 месеци

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски бара точен датум за пристапување на Украина во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во обраќање пред Европски парламент, побара од Европската Унија да одреди јасен датум за пристапување на Украина, предупредувајќи дека без таква одлука Русија ќе може со години да го блокира европскиот пат на земјата.Говорејќи преку видеоврска на вонредната пленарна седница одржана по повод четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија, Зеленски истакна дека конкретен рок за членство е клучен за иднината на Украина. Според него, без датум и безб

Свет | пред 7 месеци

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

(Видео) Зеленски до Трамп: Не сум диктатор и не ја започнав војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно, во интервју за Би-Би-Си, ги коментираше претходните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, во кои сугерираше дека е диктатор и дека носи одговорност за војната.Водителот потсети на контрадикторните изјави на Трамп, вклучувајќи ја и онаа во која го нарече Зеленски „диктатор“ кој ја започнал војната, што, како што беше нагласено, одекнуваше со тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин.„Јас не сум диктатор и не ја започнав војнат

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања