„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

media-librarybv3jsb396h9087TQWyZ

Тешка несреќа во Србија: Четири лица загинаа во судир меѓу комбе и градежен валјак

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот меѓу Ириг и Рума во Србија, според првичните информации, загинаа четири лица, а три се повредени. До трагедијата дошло кога патничко комбе од засега неутврдени причини удрило во градежен валјак, пренесува „Телеграф“.Сцените од местото на настанот се морничави. Од силниот удар, комбето буквално се подвлекло под машината и останало целосно згмечено. На терен веднаш биле испратени повеќе екипи на итната помош, пожарникари и полиција.Акција за спасување и увидПожарникарите вложиле големи напори за да ги извлечат загинатите и повредените од уништеното возило. Според неофицијални информации, три лица биле извадени без знаци на живот. Сите повредени веднаш биле пренесени во болница.Полицијата врши увид за да го утврди точниот причинител што довел до оваа тешка несреќа.Сообраќајот е во прекинСообраќајот на овој дел од патот е целосно запрен за сите возила. На возачите им се препорачува до понатамошно известување да користат алтернативни правци.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryosi6pv1mkuh58M6l0fZ

(ВИДЕО) Ванс им одржа говор на војниците: Кој ја сака мисирката? Пилешкото секогаш е добро

Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс вчера одржа неочекуван говор, префрлувајќи се од темата за трагичната престрелка во Вашингтон Д.С. на расправа за вкусот на мисирката за Денот на благодарноста. Додека главниот град беше во хаос по нападот во кој загинаа двајца припадници на Националната гарда, Ванс им се обрати на војниците од воена база во Кентаки, а неговиот настап предизвика згрозување во јавноста, пренесува „Ајриш стар“.Ванс вчера попладне ги посети војниците во базата Форт Кембел во Кентаки за да им упати порака по повод Денот на благодарноста. По краткото спомнување на инцидентот во главниот град, следуваше неочекуван пресврт.„Кој навистина ја сака, бидете искрени со себе – кој навистина ја сака мисирката?“ ги праша Ванс присутните. Откако одекна аплауз, продолжи: „Сите лажете, сите што ги кренавте рацете. Мисирката всушност не е толку вкусна. Пилешкото секогаш е добро“, изјави тој.Зошто Американците за Денот на благодарноста јадат мисирка?Традиционалното послужување мисирка на Денот на благодарноста во САД се поврзува со првите доселеници во Нова Англија и нивните прослави по жетвата во 17. век, иако историските записи не потврдуваат дека мисирка навистина била послужена во 1621 година, на славниот „прв Ден на благодарноста“.Сепак, мисирката била домашна и лесно достапна дивa птица која можела да нахрани поголема група луѓе, па природно станала симбол на есенската американска гозба. Во 19. век, особено благодарение на популарните описи во книги и списанија, како и на влијанието на Абрахам Линколн, кој во 1863 година го прогласи Денот на благодарноста за национален празник, мисирката се зацврсти како централeн елемент на традицијата.Така постепено прерасна во културен симбол на семејната заедничка вечера, благосостојбата и ритуалот на собирање, што и денес е дел од американскиот идентитет.Ванс сепак се огласи и за нападотВо истиот говор, Ванс ги повика „сите кои се верници“ да се молат за двајцата припадници на Националната гарда, додавајќи дека многу околности од нападот, вклучувајќи го мотивот на напаѓачот, сè уште не се познати. „Мислам дека ова е тажен потсетник дека војниците – било да се активни, во резерва или во Националната гарда – се мечот и штитот на Соединетите Американски Држави“, рече Ванс.За време на престрелката, ниту претседателот Доналд Трамп не беше во главниот град. Тој се наоѓаше на својот голф-терен во Вест Палм Бич, а речиси еден час по првите информации за нападот објави статус на социјалната мрежа Truth Social кој не беше поврзан со инцидентот, што укажува дека сè уште не бил информиран за трагедијата.Подоцна сепак се огласи. „Животното што ги застрела двајцата припадници на Националната гарда – при што двајцата се критично повредени и сега се во две различни болници – исто така е тешко рането, но без оглед на тоа, ќе плати многу висока цена“, порача тој.Ванс беше нападнат онлајн„Бог да ја благослови нашата Голема Национална гарда и сите наши воени и полициски сили. Тие навистина се Големи Луѓе. Јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, и сите поврзани со Кабинетот на Претседателот, сме со вас!“, додаде Трамп.Необичниот говор на Ванс и целата ситуација предизвикаа лавина гневни реакции на социјалните мрежи. „Акцијата за активирање на Националната гарда штотуку доведе до смрт на двајца војници кои воопшто не требаше да бидат во Вашингтон. Ова е толку трагично“, напиша еден корисник под видеото од говорот.„Славите како да не се случило ништо“„Немаше никаква добра причина тие да бидат испратени на улиците на Вашингтон. Умреа поради перформативен потег“, додаде друг. Јавноста ја критикуваше и објавата на профилот на Ванс на мрежата X, каде беше споделен пренос во живо од разговорот на музичарот Кид Рок со војската.„Двајца припадници на Гарда загинаа, а вие само го славите Денот на благодарноста како да не се случило ништо. Ох, кратко спомнување на молитвите, а потоа веднаш назад кон славењето“, коментираше еден корисник. „Проклетиот Кид Рок… за бога, каква група неозбилни луѓе… навистина??“, порача друг.

Свет | пред 2 месеци

media-librarydegd50ijja1p0z8HINN

Илиевска реагира: Насилници се наградуваат во екот на кампањата против насилство врз жени

Габриела Илиевска, која беше кандидат за градоначалник на Битола остро реагира што, во екот на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“, лице кое, како што тврди, јавно ја „прогласило за умрена“ добило функција во управен одбор на јавно претпријатие. Таа оцени дека ваквата одлука го обезвреднува активизмот и испраќа понижувачка порака до сите жени кои зборуваат за насилството.Во сред кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“, истиот човек што јавно ме „прогласи за умрена“ – што симболично е најбруталниот обид за бришење на една жена – денес од градоначалникот добива награда:Позиција во Управен одбор на јавно претпријатие.Вака ли изгледа борбата против насилство? Ова не е борба. Ова е легитимирање на насилниците, исмевање на вредностите што наводно ги браните и шамар за секоја жена која се осмелила да зборува.Не ми зборувајте за активизам додека ги унапредувате оние што го практикуваат насилството. Не ми продавајте кампањи, спотови и хаштагови додека од другата страна на масата седат луѓе кои ја газат основната човечка достоинственост. Ако ова ви е „борбата“, тогаш жртвите повторно сте ги оставиле сами.

Македонија | пред 2 месеци

electricity-meter-96863_1280

Левица предлага формирање градско енергетско претпријатие – очекуваат поддршка од мнозинството во Советот

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање ново градско енергетско претпријатие под името „Енергија Скопје“ ДООЕЛ. Предлогот, како што наведуваат, има за цел Градот да ја намали зависноста од купување скапа електрична енергија и да развие сопствено производство од обновливи извори.Според иницијаторите, Град Скопје и јавните претпријатија моментално плаќаат значителни суми за струја, средства кои, според нив, би можеле да се насочат кон приоритети како комунални услуги, инфраструктура и јавен превоз.Формирањето на градско претпријатие, велат тие, би овозможило дел од електричната енергија да се произведува локално, институциите да се снабдуваат по пониски цени, а евентуалниот вишок да се продава на пазарот, со што би се создал дополнителен приход за градскиот буџет.Во иницијативата се посочува дека Скопје располага со голем број кровни површини, објекти и локации што би можеле да се искористат за поставување фотоволтаични централи и системи за складирање енергија, со што би се развил долгорочен и одржлив енергетски концепт.Од Левица очекуваат предлогот да биде разгледан и поддржан од мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, доколку – како што велат – јавниот интерес е приоритет. Одбивањето на иницијативата, според нив, би значело пропуштена можност за намалување на трошоците и за поголема енергетска независност на градот.Советот на Град Скопје во наредниот период треба да одлучи дали предлогот ќе биде ставен на разгледување и дали ќе добие зелено светло за понатамошни постапки.

Скопје | пред 2 месеци

media-library13dlugsnlc5r0ue73NP

Хороскопски знаци кои постојано се уморни

Уморот стана дел од секојдневието за многу луѓе, без оглед на начинот на живот или количината сон. Според астролозите, неколку хороскопски знаци особено се поврзуваат со хронично чувство на исцрпеност – било поради начинот на кој го доживуваат светот, количината ментална активност или внатрешниот притисок што самите си го создаваат.ДевицаДевиците постојано анализираат, размислуваат и се грижат за секој детал, а токму оваа ментална хиперактивност најчесто ги исцрпува. Тие се наоѓаат во состојба на речиси непрекината ментална будност, што доведува до замор дури и кога физички не се претерано активни.ЈарецЈарците се исклучително амбициозни и не сакаат да губат време. Постојано тежнеат кон цели, обврски и личен напредок, но притоа често ги надминуваат сопствените граници. Оваа постојана потреба да бидат продуктивни создава хроничен замор што ги следи како сенка.РибиРибите лесно емоционално се исцрпуваат затоа што длабоко ја проживуваат секоја ситуација. Тие ги впиваат туѓите чувства, грижи и проблеми, што ги прави исклучително ранливи на емоционален замор. Често се случува Рибите да се чувствуваат исцедени по само неколку часа социјална интеракција – дури и ако тоа не е видливо однадвор.БикБиковите ја сакаат стабилноста, рутината и удобноста, но секоја промена може ментално да ги умори. Иако често се опишуваат како силни и издржливи, тие брзо се исцрпуваат кога треба да се справат со емотивни или стресни ситуации што го нарушуваат нивниот мир.

Магазин | пред 2 месеци

media-library0q0pfmmbibl062GzITl

Хороскопски знаци кои се најнестрпливи: Не сакаат да чекаат

Во свет во кој сите сакаме сè веднаш – информации, резултати, промени – нетрпеливоста стана речиси секојдневие. Но, според астролошките толкувања, некои хороскопски знаци особено тешко се справуваат со чекањето. Кога работите не се одвиваат со темпо што ним им одговара, брзо се фрустрираат, стануваат немирни или едноставно ги земаат работите во свои раце. Ви ги претставуваме трите знаци кои најчесто важат за најнетрпеливи.ОвенОвните се природни двигатели – енергични, директни и навикнати веднаш да делуваат. За нив е тешко да седат со скрстени раце и да чекаат ситуацијата да се развие. Кога мораат да чекаат, чувствуваат дека губат време и контрола, што доведува до видлива напнатост.Овните реагираат нагло, не затоа што сакат да ги брзаат другите, туку затоа што имаат силен внатрешен порив за акција. Чекањето ги гуши, а неизвесноста дополнително ја појачува нивната нестрпливост. Затоа често се решаваат сами да ги забрзаат работите, дури и по цена да направат грешка.БлизнациБлизнаците брзо размислуваат, брзо зборуваат и брзо се вознемируваат – особено кога треба да чекаат. Тие го мразат чувството на стагнација, а секоја ситуација во која мора да стојат во место буди нервоза. Нивниот ум постојано лута, па тешко се фокусираат ако процесот е бавен или премногу пасивен.Додека чекаат, Близнаците почнуваат да анализираат, да размислуваат за други работи и да планираат што сè би можеле да прават наместо тоа. Тоа ја исцрпува нивната концентрација и ја зголемува непријатноста. Поради тоа често бараат покуси патишта, нови можности или брзи решенија.СтрелецСтрелците ја обожаваат слободата и динамиката, а ништо не ги кочи повеќе од чекањето. Тие сакаат работите да се одвиваат брзо за што поскоро да продолжат кон следната авантура. Кога ќе наидат на бавен ритам, се чувствуваат како да се заглавени, што ги прави исклучително нестрпливи.Стрелците тешко поднесуваат одолговлекување, бирократија и нејасни планови. Кога ќе забележат дека ситуацијата стагнира, често го губат интересот или мотивацијата. Наместо да чекаат, повеќе сакаат да тргнат напред и да импровизираат по пат – тоа им дава чувство на слобода и контрола.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryqj5h5nprg2p74FOPK4v

Што се случува ако секој ден правите 20 чучнувања?

Чучнувањето е една од најприродните и најефикасните вежби што можеме да ги изведуваме без опрема и без одење во теретана. Иако 20 повторувања дневно може да звучат многу едноставно и недоволно предизвикувачки, оваа мала, но редовна навика носи видливи промени во телото. Редовното изведување ја активира големата мускулатура, го подобрува расположението, ја поттикнува циркулацијата и го зајакнува телото на начин што одговара и на почетници и на оние што се враќаат на вежбање по подолга пауза.Во продолжение следува преглед на промените што може да се очекуваат ако секој ден правите само 20 чучнувања.На нозете и на задникот им се враќа силата и стабилностаЧучнувањето ги активира квадрицепсите, глутеусите и мускулите на задната ложа, што доведува до јакнење на целиот долен дел од телото. Кога вежбата се изведува секојдневно, мускулите стануваат поцврсти, а движењата постабилни и побезбедни. Луѓето кои редовно прават чучнувања забележуваат подобра контрола на движењето при одење, станување од столица или качување по скали.Држењето на телото станува поправилноИако изгледа дека чучнувањето делува само на нозете, движeњето бара постојана активaција на стомачните мускули и долниот дел од грбот. Затоа држењето со време се подобрува. Кога мускулите на трупот се посилни, се намалува наведнувањето нанапред, а телото природно се исправува. Многумина по неколку недели чувствуваат помала вкочанетост во долниот дел од грбот и попријатна положба при седење и стоење.Телото почнува да троши повеќе енергијаИако 20 чучнувања не делуваат како интензивен тренинг, активирањето на големата мускулатура го забрзува метаболизмот. Чучнувањата накратко го забрзуваат пулсот, што доведува до мало, но корисно зголемување на потрошувачката на калории. Редовното изведување може да придонесе за намалување на масните наслаги, особено кога е комбинирано со урамнотежена исхрана и други лесни активности.Се подобрува подвижноста на колковите и коленатаТелото станува вкочането кога премалку се движиме, особено во пределот на колковите и колената. Со редовно изведување чучнувања се враќа природниот опсег на движење. Зглобовите стануваат подвижни, а мускулите поеластични, што го олеснува наведнувањето, одењето и секојдневните активности. Дури и мала дневна количина чучнувања може значително да ја намали напнатоста во долниот дел од грбот и колковите.Полесно се започнува со посериозен тренингДваесет чучнувања дневно се одличен начин за воспоставување рутина. Кога ќе се развие навиката на движење, многу луѓе спонтано го зголемуваат бројот на повторувања или воведуваат нови вежби. Телото при тоа се чувствува посилно, постабилно и спремно за поголем напор. Така чучнувањето станува темел за понапредни и разновидни тренинзи.Видливи промени по еден месецАко чучнувањата се изведуваат правилно и редовно, првите промени може да се забележат за неколку недели. Нозете изгледаат поцврсти, задникот се подигнува и обликува, а телото е постабилно при секојдневните движења. Луѓето кои претходно чувствувале вкочанетост во долниот дел од грбот често чувствуваат олеснување, бидејќи мускулите на трупот и нозете нудат подобра поддршка.Како правилно да изведувате чучнување за најдобри резултатиЗа максимална ефикасност важно е да се спуштите до длабочина што е удобна и безбедна, со отворени гради и активен труп. Стопалата треба да бидат цврсто на подот, со тежината распределена на петите. Движењето треба да биде контролирано и при спуштање и при подигнување, без нагли трзаи. Кога чучнувањето се изведува правилно, се зајакнуваат мускулите на нозете и трупот, а се намалува притисокот врз колената и долниот дел од грбот.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryh3fen02fjkvi37TjJ1M

Алиштата ви мирисаат и по перењето? Еве што облеката се обидува да ви каже

Спортските материјали, како полиестер, полиамид и еластан, се развиени така што „дишат“, односно ја впиваат влагата од кожата и брзо се сушат, што ги прави идеални за тренинг и активен живот. Но, поради нивната структура, лесно задржуваат непријатни мириси затоа што потта и природната маснотија што ја лачи кожата се таложат длабоко во влакната. Наместо да се отстранат, со перење на прениска температура или со неадекватен детергент, проблемот со одбивниот мирис и чувството на нецелосна чистота само се засилува. Дознајте што ви „порачува“ облеката – што правите погрешно за време на перењето и како најлесно да го спречите тоа.1. Користите несоодветен детергент за спортски материјалиКако што споменавме, спортската облека лесно ја задржува влагата и непријатните мириси во својата структура. Тие се таложат длабоко во ткаенината, во ситните пори и меѓу влакната, каде што обичните детергенти не продираат бидејќи немаат ензими и состојки што целно ги разградуваат маснотиите и мирисите.Како да го решите тоа:Избирајте детергент развиен специјално за спортска и активна облека – но подеднакво ефикасен и за секојдневна гардероба. Faks Sport Aktiv, со иновативна ензимска формула, продира длабоко во влакната, ги разградува маснотиите и нечистотиите наместо само да ги прикрива со мирис, и обезбедува темелна чистота и на пониски температури.2. Перете на прениски температуриПерењето на 20 или 30°C често се препорачува за зачувување на материјалите, но понекогаш овие температури или скратените циклуси не се доволни за да се отстранат сите органски остатоци, како потта, која предизвикува непријатен мирис.Како да го решите тоа:Кога е потребно нежно перење, комбинирајте пониски температури со детергент што делува и во такви услови. Така ја зачувувате функционалноста на облеката, а добивате хигиенска свежина.3. Ја занемарувате хигиената на машината за перењеДури и најдобриот детергент нема да помогне ако машината не е чиста. Наслагите од детергент, каменецот и нечистотиите на гумата, филтерот или ладицата за дозирање можат да создадат непријатен мирис што се пренесува на алиштата.Како да го решите: Детален водич за чистење на машинатаИсчистете ја ладицата за детергент – најмалку еднаш месечно. Отстранете ги наслагите и исперете ја со топла вода.Проверете го влезот за вода. Наталожениот талог може да предизвика непријатни мириси и слаб проток.Избришете ја гумата на вратата. Во наборите се собираат нечистотии и бактерии.Исчистете го филтерот – на секои 2 до 4 недели. Ова е особено важно ако често перете спортска облека или пешкири.Пуштете празен циклус на висока температура. Најмалку еднаш месечно, а идеално еднаш неделно ако главно перете на ниски температури. Програма од 60°C или повеќе ги отстранува наслагите и мирисите.

Магазин | пред 2 месеци

bekim-sali-31

ВРЕДИ ја финализира листата: Сали за прв вицепремиер и евроинтеграции, Хоџа во животна средина, Бакиу во здравство

По неколкунеделни интензивни разговори, коалицијата ВРЕДИ ја усогласи листата на функционери што ќе му ја предложи на премиерот Христијан Мицкоски за пополнување на испразнетите позиции во Владата. Според извори од партијата, кадровските решенија се договорени и се чека финалната потврда од Мицкоски.Беким Сали е предвиден да ја преземе функцијата прв вицепремиер и министер за евроинтеграции. Мухамед Хоџа ќе го води ресорот животна средина, додека Башким Бакиу треба да стане нов министер за здравство на местото на Азир Алиу.Алиу, пак, по заминувањето од Министерството за здравство треба да ја преземе директорската позиција во Агенцијата за електронски комуникации.Дополнително, Орхан Муртезани е номиниран за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел.Промените стануваат потребни по изборот на Изет Меџити за градоначалник на Чаир, со што неговите дотогашни функции останаа празни.Доколку премиерот ги одобри предложените имиња, очекувањата се дека до крајот на неделата документите ќе бидат доставени во Собранието и ќе започне постапката за избор на новите министри.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryeeo8u0deb12m4rlXRms

Почина познатиот пејач од Тетово Шпат Касапи од срцев удар, имаше 40 години

Познатиот тетовски пејач, Шпат Касапи починал рано утрово како последица на срцев удар, потврдија семејни извори.Касапи е роден на 1 мај 1985 година во Тетово, во семејство длабоко поврзано со музиката. Оваа средина силно влијаела врз неговото формирање како уметник, што подоцна се одрази и на неговата кариера.Во јавноста се појави на почетокот на 2000-тите години и брзо стана едно од најпопуларните имиња меѓу младите. Со својот специфичен стил и карактеристичен сценски настап, Шпат остана еден од најистакнатите претставници на албанската поп-музика и во следните две децении.Во текот на својата богата музичка кариера создаде бројни хитови што станаа дел од музичката култура во Албанија, Косово и Македонија. Песни како „A më do?“, „Valle Kosovare“, „Dashni pa limit“ и „Aroma e saj“ остануваат меѓу најслушаните и денес. Настапуваше на престижни музички фестивали и соработуваше со реномирани артисти, оставајќи зад себе репертоар кој ја обележа една цела генерација.Пејачот зад себе остави сопруга и едно дете.Покрај музичката кариера, Касапи имаше и краток ангажман во институциите – работеше како советник за култура и општествени прашања на првиот вицепремиер Артан Груби во претходниот состав на Владата.Шпат Касапи е син на поранешната пратеничка од СДСМ, Ѓилумсер Касапи.

Магазин | пред 2 месеци

policija-ohrid

Тинејџерот што го силуваше 12-годишното девојче во Охрид оди во 30-дневен притвор

СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16- годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14- годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“.На првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, претходно полициски службеници од СВР Охрид го пронајдоа и го лишија од слобода.Тој на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12- годишно девојче од Охрид, додека друг малолетник снимал.Второпријавениот, откако го добил снименото видео, на 20.11.2025 ја уценувал малолетничката да имаат сексуален однос, а доколку одбие и рекол дека ќе го објави видеото.Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, со неа како и со двете пријавени лица, извршија службени разговори, по што е поднесено известување до надлежното обвинителство.

Охрид | пред 2 месеци

media-library3ggn23nrove70a2CCvA

Малолетничка доживеала хорор: ja киднапирал поранешниот дечко, била жртва и на насилство

Петнаесет годишна малолетничка доживеала била киднапирана и физички малтретирана од нејзиниот поранешен дечко. Таа била внесена во возило, па претепана.„На 25.11.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријави дека на 24.11.2025 околу 19:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината 15-годишна ќерка со употреба на физичка сила била внесена во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, од страна на нејзиниот поранешен партнер И.Ј.(22), кој притоа физички ја нападнал и и упатувал закани”, информираа од полицијата.Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryvalnce1o9tao7Tdnf1x

Српската опозиција се судри со „Чациленд“, полицијата интервенира, нереди пред српското собрание

Пред зградата на српското Собрание утрово повторно избувнаа тензии, откако полицијата ги спречи опозициските пратеници да влезат во парламентот. Дел од пратениците се обиделе да поминат низ импровизираниот камп „Чациленд“, повикувајќи се на вчерашното ветување на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ дека ќе има непречен пристап до институцијата.Инцидентот избил во моментот кога опозициските пратеници Ѓорѓе Станковиќ и Богдан Радовановиќ се обиделе да го отстранат шаторот поставен на скалите. Лицата од кампот реагирале бурно, по што следеле турканици и вербални напади. Полицијата веднаш интервенирала за да ја смири ситуацијата.Слични расправии се случија и вчера, кога до судири дојде меѓу учесниците во протестот и пратениците од движењето Србија центар (СРЦЕ) предводени од Здравко Понош.Опозициските партии бараат од Брнабиќ да се премести оградата поставена околу шаторите, со образложение дека се нарушува нормалниот влез во парламентот. Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека наскоро ќе излезе со иницијатива во врска со кампот, додека Брнабиќ вети дека во рок од два дена пратениците ќе можат непречено да влегуваат.Кампот „Чациленд“ е присутен пред парламентот повеќе од половина година. Првично никнал како студентска вик-форма под мотото „само сакаме да учиме“, но со текот на времето значително се проширил. Независните медиуми во Србија известуваат дека во кампот сè почесто се појавуваат групи блиски до власта, вклучително и агресивни лица кои се позиционираат како противтежа на студентските протести што се заострија по трагичната смрт на 16 луѓе во Нови Сад.

Свет | пред 2 месеци

media-library78on2va9cgbt1m4kdZ3

(ВИДЕО) Пекол во Хонгконг, горат облакодери, има и загинати

Според досегашните податоци во голем пожар кој зафати неколку станбени згради во Хонгконг, има најмалку четири загинати лица, а најмалку тројца други се згрижени во болници, од кои двајца се во критична состојба, соопшти владата.Снимките се страотни и регистрираат пламен и чад од кулите. Се верува дека се заробени неколку луѓе.Пожарот најверојатно се проширил низ скелињата од бамбус од надворешната страна на зградите, а службите за итни случаи се на местото на настанот.Противпожарната служба објави дека во 14:51 часот по локално време добила пријава дека избувнал пожар во зграда во населбата Ванг Фук Корт. Во 15:34 часот алармот е подигнат на ниво 4.Ванг Фук Корт е станбен комплекс има од осум блока, со околу 2.000 станбени единици. Неколку кули околу запалената кула имаат бамбусови скелиња на нивната фасада. На зградите се вршеле работи за реновирање. Снимките покажуваат дека и фасадните скелиња се зафатени од пламен на неколку ката, а запалените остатоци се уриваат на земјата. Дополнително, видливи се и пожари во некои станови.Засега не е познато како започнал пожарот, како и информации за тоа колку луѓе се наоѓаат во зградите.

Свет | пред 2 месеци

zatvor-10-1

Напад во затворот „Идризово“ – осуденик претепан од тројца

Во затворот „Идризово“ тројца затвореници нападнале 61-годишен осуденик со тврд предмет.На 25.11.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 18:30 часот во установата тројца осуденици физички го нападнале осуденикот И.И.(61) од с.Челопек, тетовско, а при тоа употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

uciliste-skolo-klup-2

Ученици од ООУ „Димо Хаџи Димов“се пожалиле на стомачни болки, кујната е затворена: Инспектори на АХВ вршат вонреден надзор

Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство утрово излегоа на терен во ООУ „Димо Хаџи Димов“, откако училиштето пријавило дека повеќе ученици се пожалиле на стомачни проблеми. Во контролата се вклучени и екипи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје.Кујната што го снабдува училиштето со храна е привремено затворена додека траат проверките за да се утврди дали станува збор за можно труење.Од АХВ ја пренесуваат следната информација:„Согласно Националниот протокол за постапување при сомнеж за труење со храна, ќе се спроведе епидемиолошка анкета и земени ќе бидат мостри од инкриминирана храна, работни површини и прибор и машини за лабораториско тестирање“, информираат од АХВ.По завршувањето на сите анализи и контролни активности, институциите најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за резултатите и за мерките што ќе бидат преземени.

Скопје | пред 2 месеци

media-library2ov5378spb5h7GdcQaM

Помош пристигнува од Будимпешта: „Унгарија нема да дозволи Србија да остане без енергетски извори“, порача Сијарто

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска допатува во Белград, каде што разговара со српските власти за начините на кои Унгарија може да ѝ помогне на Србија по прекинот на испораките на нафта од Хрватска. Тој ја соопшти целта на посетата во видео-порака објавена на неговиот профил на „Фејсбук“.„Србија е во тешка позиција. Ние, Унгарците, јасно, ќе им помогнеме на Србија и на српскиот народ и на српската економија, а деталите за оваа помош ќе ги разговараме денеска во Белград“, порача Сијарто во видеото.Посетата доаѓа само еден ден откако српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека рафинеријата НИС – која е под контрола на руски „Газпром“ – може да ја прекине работата за четири дена доколку САД не ги ревидираат новите санкции. Застојот во производството би можел да создаде сериозни проблеми со снабдувањето со нафтени деривати во пресрет на зимата.Вашингтон минатиот месец воведе санкции за НИС како дел од мерките против компании поврзани со Русија поради војната во Украина. Како последица на тоа, Хрватска го стопираше транспортот на сурова нафта кон Србија, оставајќи ја земјата во исклучително незавидна позиција.Сијарто уште во април најави дека е во подготовка проект за нафтовод кој би ја поврзал Унгарија со Србија. Според неговата изјава, оваа инфраструктура би можела да профункционира до 2028 година и да ги задоволува речиси сите српски потреби за сурова нафта, пренесувајќи четири до пет милиони тони годишно.Односите меѓу двете земји последните години значително се продлабочија, а Војводина, Белград и Будимпешта интензивно соработуваат, паралелно продолжувајќи да одржуваат блиски врски со Москва. Сијарто и Вучиќ се меѓу европските лидери кои најотворено соработуваат со Русија.Според агенцијата Танјуг, по средбата на министрите во Белград, шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ изјави дека темите на разговор вклучувале забрзување на изградбата на нови нафтоводи и гасоводи што треба да ја подигнат енергетската сигурност во Србија и Унгарија.„Јасно е дека во времето во кое живееме, не можеме да зависиме само од еден правец на снабдување... ако сакаме да создадеме добри економски услови, ова е услов без кој не може да се направи“, истакна Ѓуриќ.На заедничката прес-конференција, Сијарто повтори дека сите технички детали за унгарската поддршка ќе бидат финализирани во Белград и подвлече: Унгарија нема да дозволи Србија да остане без енергетски извори.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

ВРЕДИ без нови ресори: Еден човек ќе биде и вицепремиер и министер, потврди Мицкоски

По заминувањето на Изет Меџити од Владата и преземањето на градоначалничката функција во Чаир, премиерот Христијан Мицкоски денеска појасни дека нема да има проширување на владиниот состав и дека ресорите под ВРЕДИ ќе останат непроменети.Тој нагласи дека не се планира отворање нови министерства ниту ангажирање дополнителни функционери, туку дека исто лице ќе ги извршува двете функции – вицепремиер и министер.„Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер“, рече Мицкоски.Премиерот додаде дека одлуките се веќе договорени во рамки на владејачката коалиција.„Можам да кажам дека оваа недела ќе се знаат имињата. Но она што е сигурно е дека политичките партии коишто ја сочинуваат коалицијата ВРЕДИ, оние ресори, оние портфолија коишто досега беа во Владата ќе ги задржат. Така што, тука нема да има дополнителни промени, нема да има дополнителни сектори. Тоа во рамки на нашата заедничка коалиција е договорено“, изјави тој.Во однос на кадровските решенија, Мицкоски посочи дека очекува имињата да ги достави во понеделник, откако ќе биде донесена конечната одлука, додавајќи дека станува збор за личности чии имиња веќе кружат во јавноста.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvsbj0i50j3au8kstnYc

Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“: Герасимовски порачува - „јавниот простор го враќаме на граѓаните“

Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало.Доградбата го блокираше тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор.„Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.По неколку опомени и непостапување по издадените забелешки, механизацијата излезе на терен, во координација со инспекциските служби, и ја отстрани незаконски поставената конструкција, која го попречуваше нормалното движење на пешаците и функционирањето на сообраќајот.Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата и ослободувањето  на просторот што подолго време беше бесправно узурпиран.Во тек е обемна и континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти.Целта е да се заштити јавниот интерес, како дел од пошироката стратегија за воспоставување ред во општината.

Скопје | пред 2 месеци

media-library8qjfm7qbgp3c1qa2Wf2

(Видео) Морето исфрли тони пластика од Албанија во Дубровник: Познатата плажа Бање претворена во депонија

Плажата Бање, една од најпознатите туристички локации во Дубровник и дел од старото градско пристаниште, повторно се најде под дебел слој пластичен отпад што морето го исфрли на брегот. На снимките од терен се гледа огромно количество шишиња, амбалажа и разни пластични предмети расфрлани по песокот, а дел од етикетите откриваат дека поголемиот дел од отпадот потекнува од Албанија.Локалниот портал „Дубровачки дневник“ пренесува дека силното јужно време, кое често го зафаќа јадранскиот брег, секогаш носи отпад во овој дел на градот. Граѓаните коментираат дека вакви сцени се повторуваат со години и дека проблемот одамна го надминува локалното ниво.Според хрватските медиуми, ситуацијата е отворено прашање меѓу земјите од регионот, а за решавање на проблемот веќе биле водени разговори и биле утврдени чекори како да се запре пристигнувањето на отпадот со морските струи.Меѓутоа, како што може да се види и од последната слика од Дубровник, пластиката повторно го преплави брегот — оставајќи го еден од најживописните делови на градот под дебел слој ѓубре.

Свет | пред 2 месеци

market

Четири маркети фатени во „картелска игра“ – КЗК ги казни и нив и Сојузот на стопански комори

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) изрече прекршочни казни за четири компании што се занимаваат со малопродажба на храна, како и за Сојузот на стопански комори, поради утврдено учество во забранет договор и усогласено делување на пазарот.Според наодите на Комисијата, овие субјекти се согласиле заеднички да ги одбиваат новите или зголемените ценовници што ги доставувале нивните добавувачи, што претставува директно нарушување на принципите на слободна конкуренција.Секој од четирите маркети добил казна во износ од 3.075.000 денари, додека Сојузот на стопанските комори, кој имал улога на координатор во процесот, ќе треба да плати 1.143.000 денари.Од КЗК објаснуваат дека на состанокот од 5 февруари 2025 година учесниците донеле заедничка одлука да не ги прифаќаат новите ценовни листи од производителите и дистрибутерите. На тој начин, како што наведуваат, наместо секој трговец независно да ја утврдува својата политика, била воспоставена практична координација, што претставува т.н. „by object“ ограничување на конкуренцијата — форма на повреда која е забранета сама по себе, без потреба од дополнително докажување на последиците врз пазарот.Комисијата потсетува дека ваквите договори сериозно ја загрозуваат конкуренцијата и нанесуваат штета на потрошувачите, кои на крај се соочуваат со ограничен избор и потенцијално повисоки цени.

Македонија | пред 2 месеци

vozacka-1

Словенија им ги отвора вратите на македонските возачи: Ги признава дозволите без повторно полагање

Словенечките пратеници вчера ги изгласаа измените на Законот за возачи, со кои државјаните на Северна Македонија ќе можат да ја заменат својата возачка дозвола без повторно полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во земјата. Ова правило важи и за возачите од Србија, БиХ, Црна Гора и Косово.Со новите законски решенија, македонските државјани ќе имаат рок од една година од пријавувањето на престојот за да ја извршат замената. За постапката ќе биде потребно да достават важечко здравствено уверение кое потврдува дека се способни за безбедно управување со моторно возило.Пратеничката Сандра Газинковски од партијата Слобода истакна дека целта на измените е намалување на административните бариери за странските работници, нагласувајќи дека мерката не претставува привилегија, туку рационализација на постапките. „Станува збор за непотребна пречка што го одолговлекува процесот на вработување и ги изложува луѓето на дополнителни трошоци и тестирања“, рече таа.Опозициските пратеници гласаа против, предупредувајќи дека ваквиот пристап може да предизвика ризици во областа на безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryk5eeclplquot4L24qEc

Сѐ повеќе чипирани кучиња фрлени на улица: „Лајка“ алармира за сериозен колапс во одговорното сопствеништво

ЈП „Лајка“ алармира дека во последниот период е забележан сериозен пораст на случаи во кои на улица се пронаоѓаат кучиња со активен микрочип, односно со јасно евидентирани сопственици. И покрај тоа, дел од сопствениците одбиваат да ги преземат своите миленици, оставајќи ги во прифатилиштето и создавајќи дополнителен притисок врз веќе ограничените капацитети.Од јавното претпријатие информираат дека само во последните денови биле заловени најмалку девет кучиња со регистрирани сопственици, за кои е утврдено дека биле намерно напуштени. Од „Лајка“ предупредуваат дека секое такво животно претставува потенцијален извор на нови легла на улица, што директно ја зголемува бројката на напуштени кучиња и го продлабочува проблемот во заедницата.Иако Законот за заштита и благосостојба на животните го забранува напуштањето миленици, за ваквите случаи не постојат конкретни прекршочни одредби кои би ги санкционирале сопствениците што свесно ги оставаат своите кучња на улица. Од „Лајка“ посочуваат дека токму поради ова законско празнина, голем број чипирани кучиња завршуваат во прифатилиштето како скитници.Оттаму додаваат дека, и покрај немањето јасен санкциски механизам, секој сопственик има минимална морална и етичка обврска кон животното. „Ако сте решиле да чувате куче, преземате одговорност – микрочип, име, адреса, но и грижа,“ порачуваат од претпријатието.Од „Лајка“ апелираат дека сопствениците кои повеќе не можат да се грижат за своите миленици се должни да побараат помош, да контактираат прифатилиште или да најдат соодветен нов дом, но никако да не ги оставаат животните на улица.Прифатилиштето ќе продолжи да делува во рамките на своите надлежности, но повторно укажува дека оставените чипирани кучиња се доказ за потребата од засилување на системските решенија и подигнување на јавната свест за одговорно сопствеништво.Пораката е јасна: напуштањето не смее да биде опција. Секој микрочип значи одговорност – кон животното, кон соседството и кон заедницата.

Скопје | пред 2 месеци

1-4

Спасовски: „Побарав да ме сменат од координатор во СДСМ поради резолуцијата за Бугарија, а не поради изборите“

Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски , во госрување во ТВ Сител откри дека одамна побарал да биде разрешен од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ. Тој истакна дека неговото барање не било поврзано со слабите резултати на локалните избори, туку со сосема друга ситуација во партијата.Спасовски објасни дека решил да се повлече во периодот кога во јавноста се подготвуваше резолуцијата за односите со Бугарија. Според неговите зборови, веднаш кога документот требало да се достави во Собранието, тој изразил несогласување со стратегијата што ја туркал дел од раководството — особено со идејата за таканаречените „црвени линии“ во билатералниот спор.Како што кажа, токму поради тој предлог-курс побарал да не ја извршува повеќе координаторската позиција.Спасовски додаде дека со години предупредувал дека во партијата се замолчува реалната слика за состојбите, што, според него, на крај довело до „целосно дно“ на последните локални избори.Тој смета дека СДСМ може да се опорави само ако повторно ги активира луѓето кои се повлекле од партиските активности, а задача на новиот претседател Венко Филипче е да ги охрабри тие кадри да се вратат. Притоа нагласи дека не мисли на оние што преминале во ВМРО-ДПМНЕ, туку на поранешни членови што останале пасивни, но не и политички префрлени.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

Мака за авионите над Скопје: Опасниот феномен „wind shear“ го наруши сообраќајот

Феноменот „wind shear“ синоќа создаде сериозни проблеми во воздушниот сообраќај над Скопје, поради што повеќе авиони не можеа безбедно да слетаат на скопскиот аеродром.Овој метеоролошки појас, кој означува нагла промена во јачината или насоката на ветерот на многу мал простор, претставува една од најризичните појави за авионите при финалниот приод.Поради сложените временски услови, најмалку две редовни линии – една од Истанбул и една од Венеција – морале да го прекинат приодот кон пистата во Скопје и да бидат упатени кон аеродромот во Приштина.Патниците од авионот што тргнал од Венеција минале низ особено непријатна ситуација: летот кружел над градот повеќе од еден час додека екипажот барал безбедна можност за слетување, но на крај донел одлука за пренасочување.Сообраќајните нарушувања продолжуваат и денеска, а компаниите треба да ги информираат патниците за следните чекори и можни промени во распоредот, објави „Скопје1.мк“.Метеоролозите потсетуваат дека „wind shear“ може да предизвика ненадејно губење на висината на воздушните летала, што го прави секој обид за слетување исклучително чувствителен. Аеродромските служби внимателно ја мониторираат состојбата и ги применуваат сите протоколи за да се гарантира безбедноста на екипажите и патниците.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања