ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

noz-ubistvo-napad

Пред очите на децата - со шприц се обидел да и вбризга пестицид на сопругата, па ја нападнал и со нож: Струмичанец осомничен за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничениот 48-годишник, при вршење семејно насилство, на 26 ноември во семејниот дом во селото Просениково, се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга.  Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Жртвата почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба и се обидувале да ја одбранат мајка им.Оштетената успеала да влезе во бањата, но осомничениот влегол по неа, ја турнал во кадата и ја притиснал со коленото, па со нож започнал да и нанесува посекотини на вратот во близина на каротидната артерија. Децата повикале други роднини кои успеале да го оттргнат.Во својот исказ пред јавниот обвинител жената потврдила дека подолг временски период била жртва на физичко и психичко семејно насилство од сопругот, но не се осмелувала тоа да го пријави. Од тие причини, според јавниот обвинител, постои реална опасност осомничениот повторно да врши семејно насилство и да го доврши обиденото дело. Исто така постои опасност од бегство и можност тој да влијае на сведоците на настанот, негови блиски роднини кои и помогнале на оштетената и ја однеле во болница. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarye9t4471rnltpdsjfyiz

(Видео) Бурата „Адел“ ја потопи Атика: Грција под црвен аларм, невремето се шири низ целата земја

Силниот циклон „Адел“ го зафати регионот Атика во Грција, предизвикувајќи интензивни врнежи и град кој предизвика штети на повеќе локации. Дел од областа се најде под вода, а надлежните служби прогласија највисок степен на предупредување – црвен аларм.Метеоролозите прогнозираат дека денес и утре дождови и грмежи ќе ја зафатат практично целата земја, додека стабилизирање на временските услови се очекува дури од недела.Најсилните врнежи се очекуваат во западните и северните региони, каде што невремето може да биде проследено со град и со пориви на ветер кои ќе достигнат многу високи брзини.Цивилната заштита соопшти дека сите служби се подготвени да реагираат доколку има потреба и апелираше граѓаните да бидат внимателни.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryhd78t7gqpasu5O7X93N

Црногорската полиција уапси платеник поврзан со руски формации: кај Данко Савиќ пронајдени оружје, експлозив и 1,5 милиони евра

Црногорската полиција уапси државјанин на Босна и Херцеговина со постојан престој во земјата, Данко Савиќ, кој според истрагата изминатите години делувал како платеник во проруските формации на украинскиот фронт. Полицијата соопшти дека Савиќ на својата банкарска сметка имал околу 1,5 милиони евра, за кои се сомнева дека ги стекнал токму за време на неговиот ангажман во Луганск, од почетокот на 2023 до почетокот на 2025 година.Апсењето е дел од широка акција со кодно име „Луганск“, во која досега се опфатени 12 лица, а се извршени претреси на 13 локации во Даниловград, Никшиќ и Подгорица. При истрагата биле запленети големи количества оружје и опрема – повеќе од 12 килограми експлозив, опрема за ноќно набљудување, различни видови муниција, делови од огнено оружје, радиоврски, сигнален пиштол и опрема за одржување оружје.Полицијата наведе дека во просториите што ги користел Савиќ се пронајдени и униформи, панцири, шлемови, СИМ-картички, комуникациски уреди и документи на Црногорското козачко братство – дел од нив со различни имиња. Меѓу запленетите предмети имало и униформи и обележја на формациски групи, гас-маска, ножеви, бајонети, амблеми, како и документација што укажува на поседување вреден имот.Црногорската ТВ „Е“ објави дека операцијата е спроведена во соработка со разузнавачките служби на две земји-членки на НАТО. Проверките биле насочени кон лица поврзани со „Балканската козачка армија“, „Црногорско-козачкото братство“ и „Ноќните волци“ – организации за кои се смета дека имаат силни врски со Русија.Името на Савиќ не е непознато за полицијата. Тој беше уапсен и во јуни 2025 година, кога во неговата куќа беа откриени околу 12 килограми експлозив обликуван како ремен, по што беше гонет за нелегално поседување оружје и експлозивни материи. Медиумите претходно наведуваа дека Савиќ е поранешен припадник на Југословенската армија и дека се претставувал како „атаман“ – козачки командант – поврзан со Балканската козачка армија, формирана во Котор во 2016 година. Оваа организација, според податоците на Дигиталниот форензички центар, стои зад „Сојузот на доброволци од Донбас“.Во извештаите се потсетува и дека токму организациите поврзани со козачките групи, кои се сметаат блиски до Српската православна црква, беа видливи на јавната сцена во 2021 година, за време на востоличувањето на митрополитот Јоаникиј во Цетиње, кога нивни членови учествуваа во обезбедувањето на манастирот.

Свет | пред 2 месеци

media-library1ei0q9f8o2tad4Au6Qq

(Видео) Крмов бара одговор: Зошто Владата одбила бескаматен кредит од Кина и се задолжува поскапо кај Лондон?

На седницата за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, го упати своето прашање до министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, барајќи одговор зошто Владата одбила бескаматен кредит понуден од Народна Република Кина и на брза лента се одлучила за заемот на Обединетото Кралство. Крмов потсети дека договорот со Обединетото Кралство, преку кој треба да се земе заем од околу 3,5 милијарди евра, сè уште не е објавен и дека според најавите кредитот е со камата меѓу 3 и 4,5%.Со таков непромислен потег, како што посочи, државата ќе ја оштети сопствената економија за најмалку 850 милиони евра, а штетата може да достигне и милијарда евра.Дополнително, Крмов нагласи дека најголемите светски економии, меѓу кои САД, Европската Унија и Обединетото Кралство, се меѓу најголемите корисници на кинески кредити: САД со над 200 милијарди долари, ЕУ со над 160 милијарди, а Обединетото Кралство со 60 милијарди евра.„Дали мислиме дека тие земаат поскапи кредити од Кина одошто кредитот што тие ни го нудат нам?“ праша Крмов, посочувајќи дека Македонија изгледа како единствена земја без осет за национален интерес, која доброволно се откажува од најевтиниот капитал на светот. Крмов истакна дека никаков економски аргумент не ја оправдува одлуката да се одбие бескаматниот кредит. Тој укажа и на серијата чекори со кои Владата непотребно ја турка Македонија во конфронтација со Кина - од средби со претставници на Тајван, до приклучување кон критични изјави.На крајот, пратеникот постави директно прашање до министерот Николовски: Дали Владата била присилена да прифати Македонија да биде пионче во геополитичките игри? Дали до толку немаме сенс? Или пак станува збор за страв од неуспех на зацртаните коруптивните зделки? Доколку не биле присилени, која е економската и политичката логика што стои зад одлуката да се прифати кредит кој ќе го чини македонскиот народ од 850 милиони до една милијарда евра повеќе?

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryu9okj8sr8gqo3j8tK6Q

Син и снаа го истепале 71 годишниот татко во Неготино

Седумдесет и еден годишен татко и свекор бил жртва на физичко насилство.Во Неготино бил приведен брачен пар, кој физички го нападнал 71 годишниот татко на сопругот во семејниот дом.СВР Велес информира дека по пријавата, полицијата ги лишила од слобода насилниците, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Од утре ќе плаќаме 5 проценти поскапа струја за домаќинствата

Од утре струјата за домаќинствата ќе поскапи за околу 5 проценти, откако регулаторот ги прифати новите пресметки за трошоците во енергетскиот сектор.Државната компанија ЕСМ на тендер понуди цена од 65 евра за мегават-час за базна енергија, што ќе влијае врз крајната цена што ја плаќаат граѓаните.Ова поскапување, велат е резултат на зголемени производствени трошоци, повисоките цени на енергенсите и одржување на стабилноста на системот. Дел од потребната електрична енергија и натаму ќе се обезбедува од домашни капацитети, со цел да се намали зависноста од увоз.Одлуката за новата цена ја донесе Регулаторна комисија за енергетика, која нагласи дека корекцијата е умерена и има за цел да обезбеди сигурно снабдување во наредниот период.Владата најави дека ќе продолжат мерките за заштита на најранливите категории граѓани, преку субвенции и социјални тарифи, за да се ублажи ударот врз семејните буџети.

Македонија | пред 2 месеци

299509404_1172966359952879_737114708362148672_n

Денеска нова цена на парното

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на парното греење што ќе важи од 1 декември.Одлуката треба да биде донесена врз основа на доставените трошоци од производителите и дистрибутерите и состојбите на пазарот со енергенси.Одлуката доцнеше неколку месеци поради тоа што Комисијата ја чекаше проценката на вредноста на топланите од Бирото за процена, документ неопходен за утврдување на конечната тарифа.Првичните најави уште од летото укажуваа дека компаниите што испорачуваат топлинска енергија побарале околу 50 проценти повисока цена. И во пресрет на денешната седница, тие повторно доставиле пресметки со зголемени трошоци.Одлуката што ќе биде донесена денеска треба да даде појасна слика дали и за колку ќе плаќаме поскапо парно греење за домаќинствата и за деловните корисници од декември.

Македонија | пред 2 месеци

razvod

Македонците повеќе се разведуваат отколку што склучуваат брак

Државниот завод за статистика (ДЗС) регистрира промена на трендовите во третото тримесечие од годинава: помалку склучени и значително повеќе разведени бракови.Во овој квартал, бројот на склучени бракови е 3.514, што е намалување од 2.8% во споредба со истиот период од 2024 година.Најдрастичен е растот на разведените бракови, кои достигнале 470. Ова претставува зголемување од 27.7 % во однос на лани.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytl3l53gqrrbl2aD5sGK

ВМРО–ДПМНЕ бара одговори за отписот на 2.000 тони жито и го поврзува скандалот со Трајан Димковски и Љупчо Николовски

ВМРО–ДПМНЕ побара од институциите да соопштат каде завршиле околу 2.000 тони пченица и јачмен, проценети на околу 800 илјади евра, кои во периодот 2019–2021 биле отписани од државните стокови резерви. Партијата реагира по последната акција на истражните органи во која, покрај уште четири службени лица, е опфатен и поранешниот министер и заменик-министер за земјоделие Трајан Димковски.Според ВМРО–ДПМНЕ, Димковски, кој бил и шеф на кабинет на Љупчо Николовски, поднел записник до Владата со констатација за кусок на житарици за периодот 2007–2021. Од партијата тврдат дека Владата, во состав во кој учествувале тогашните функционери Венко Филипче, Зоран Заев и Љупчо Николовски, го усвоила заклучокот без дополнителни проверки, иако, како што наведуваат од ВМРО–ДПМНЕ, во 2019 била направена целосна обнова на резервите и претходните контроли не покажале отстапки.Оттаму оценуваат дека отписот бил направен и покрај тоа што житото, според нивните тврдења, било употребливо, додека вистинскиот кусок би можел да се однесува на периодот 2019–2021, кога цените на храната растеле поради пандемијата и енергетската криза. Партијата бара одговор дали дел од житариците завршиле на црниот пазар во соседни држави и дали од трансакцијата, покрај осомничените, профитирале и други поранешни функционери.ВМРО–ДПМНЕ смета дека случајот треба целосно да се истражи и дека јавноста заслужува одговори за начинот на управување со стоковите резерви во тој период. Од институциите засега нема официјален коментар во однос на овие обвинувања.

Македонија | пред 2 месеци

media-library77smf5v16hfddIXMqDK

Рокас им оддаде почит на 63-те жртви во пожарот во „Пулс“, евроамбасадорот го посети нивното вечно живеалиште во Кочани

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, вчера го посети Кочани и за време на неговата прва посета на општината по локалните избори им оддаде почит на жртвите од неодамнешната трагедија. Посетата започна на градските гробишта, каде што амбасадорот Рокас и неговиот тим положија цвеќе во спомен на 63-те жртви во трагичниот пожар што настана на 16 март 2025 година. Потоа следеше состанок со новиот градоначалник на Кочани, г-дин Владко Грозданов, кој се фокусира на локалните приоритети, потребите на заедницата и тековната поддршка од ЕУ за развој на општината. За време на последователниот состанок со Општинскиот совет, беа разменети мислења со новоизбраните советници за јавните услуги, локалното управување и соработката со иницијативите финансирани од ЕУ.Попладнето се одржаа серија дискусии зад затворени врати: една со здружението на родителите на жртвите, „16 март 2025“ и друга со групата преживеани лица од кочанската трагедија. И двете дискусии понудија безбеден простор за споделување на искуството и ја истакнаа важноста на континуираната поддршка и почитувачката вклученост, вклучително и на државно ниво. Дискусиите ги водеше експерт од Центарот за психосоцијална и кризна акција „ЦПКА Малинска“, професионална агенција која уште од самиот почеток на трагедијата ѝ нуди психосоцијална поддршка на заедницата во Кочани.Посетата, исто така, посочи на широк спектар на иницијативи поддржани од ЕУ кои се планирани за Кочани и за поширокиот Источен регион. Тие вклучуваат напори за подобрување на управувањето со животната средина, надградба на медицинската опрема во клучните области на здравството и поддршка на енергетски ефикасна реконструкција на јавни згради. Исто така, се работи на долгорочен пристап за користење на термалните води во Кочани на одржлив начин.Младинскиот ангажман ќе биде зајакнат преку новата Јуроп хаус (Europe House) во Кочани, со која се создава простор за креативност, учење и проекти во заедницата. Локалното граѓанско општество и независните медиуми ќе имаат пристап до нови можности за финансирање, додека подобрувањето на безбедноста на работното место останува важен приоритет за идната поддршка од ЕУ.Се очекува дополнителна соработка преку претстојните експертски работилници за квалитетот на здравствената заштита и иницијативата Тим Европа, предводена од Романија.Посетата заврши во „Гнездо“, каде што средношколци се приклучија на креативната работилница на Јуроп хаус користејќи формат на игра во стил на списание за да го истражат раскажувањето приказни и дизајнот на младите. Активноста е дел од тековната соработка помеѓу Јуроп хаус и заедницата во Кочани.По посетата, амбасадорот Рокас ја испраќа следната порака: „Кочани покажа сила во година обележана со катастрофална загуба. Денес дојдовме пред сè да ја слушнеме и да ја поддржиме заедницата. Посветеноста на семејствата, посветеноста на локалните институции и енергијата на младите луѓе тука се јасни. Европската Унија ќе остане сигурен партнер додека Кочани продолжува да заздравува и да се движи напред.“

Македонија | пред 2 месеци

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

СДСМ: Владата намерно не бара екстрадиција на Никола Груевски

СДСМ обвини дека Владата признала оти нема поднесено ново барање за екстрадиција на осудениот поранешен премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски. Од партијата сметаат дека со ова се потврдува нивното тврдење дека институциите свесно избегнуваат да ја обноват постапката.Според СДСМ, признанието „го руши секој изговор“ на Владата и, како што наведуваат, укажува на „вистинската врска“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Од партијата обвинуваат дека актуелната власт е „заробена од бегалец кој од туѓа држава диктира што треба да се случува во Македонија“.СДСМ тврди дека Груевски „од Будимпешта е центарот на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ“, а дека премиерот Христијан Мицкоски е „само извршител“. Во соопштението се наведува дека тоа, според партијата, се гледа во политичките чекори на Владата, меѓу кои ги посочуваат злоупотребата на институциите во партиски цели, притисоци преку полицијата, АНБ, УЈП и инспекциските служби, како и напади врз независни институции и политичка хајка врз опозицијата.СДСМ дополнително посочува дека земјата се соочува со меѓународна изолација, блокирани реформи и намалување на медиумските слободи, што, како што велат, е „копија на матрицата на нивниот ментор Никола Груевски“.Партијата најавува дека ќе се спротивстави на, како што ги нарекува, обидите Македонија повторно да стане заложник на Груевски и на „ретроградни политики кои граѓаните веќе еднаш ги поразија“.

Македонија | пред 2 месеци

236107776_365588865017693_5783337045518003885_n

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, бензините остануваат по иста цена

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24.11.2025 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 28.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 34,865 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.11.2025 година

Македонија | пред 2 месеци

ustaven

Уставен го демантира Мицкоски: Нема конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите

Уставниот суд, по денешните изјави во Собранието и тврдењето на премиерот Мицкоски дека одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите и дека во декември ќе добијат пониски пензии излезе со официјално соопштение:„Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за предметот У.бр.13/2025, за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување).Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изрази сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот. Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука.Јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање.Во однос на прашањата, дали Уставниот суд поведе постапка за сите линеарни покачувања кои досега беа исплатени на пензионерите, Судот информира дека нема да ги преиспитува одредбите кои го опфаќаат зголемувањето на пензиите по 2500 денари (исплатени во септември 2024 и март 2025 година) бидејќи на седницата која се одржа на 19 ноември Судот ја отфрли иницијативата за преиспитување на членовите 3 и 18 кои го регулираа тоа прашање, поради фактот што истите беа од темпорален карактер и не се повеќе дел од правниот промет”, стои во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryght2av6lqn1a6KsQdOC

(Видео) Никола Груевски ја вжешти атмосферата во Собранието

Кавга, паузи за смирување на атмосферата, навреди. Причина за ваквата состојба кои ги разменија Миле Талески од СДСМ и министерот за правда Игор Филков е поранешниот премиер Нккола ГруевскиТалевски на седницата за пратенички прашања, праша дали Министерството за правда поднело ново барање до Унгарија за екстрадици на поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски. Според него имало индиции дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува терен за враќање на експремиерот во државата.Филков им одговори на СДСМ дека Груевски има политички азил, се занимаваат со циркус, а не со реална работа.,,Мора да престанете да ја замајувате македонската јавност со ваков шарлатански пристап. Што уште треба да направите за народот да ви ја прати пораката и на следните избори. Значи, да се соземете, да бидете сериозни затоа што не е добро тоа за вас ниту како опозиција ниту за државата да се занимавате со циркус а не со реална работа. Тоа граѓаните ви го кажаа и на последните избори а убеден сум дека и следниот пат кога и да бидат парламентарните избори ќе ве пратат во историјата”, рече Филков.Талески врати дека власта признала дека нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски.„Добивме од мизерен човек мизерен одговор. Очигледно марионетството на ЗНАМ и полтронството коешто се однесува во нивното партиципирање во Владата конкретно го гледаме во овој конечен пример. Со оглед на тоа дека министерот потврди дека Министерството за правда нема поднесено барање за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски, барам, овој мизерен одговор од мизерниот министер да го поднесе писмено.Зошто Министерството за правда до овој момент нема поднесено барање до Унгарија за екстрадиција наНикола Груевски? “ рече пратеникот Миле Талески.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5jqujpc6nq0p6jTSDVs

Инспектори влегоа во 9 училишта во Карпош: АХВ ја проверува безбедноста на ученичките оброци

Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште “Димо Хаџи Димов” во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна.Во рамки на превентивните вонредните контроли во овие училишта, каде нема деца кои појавиле симптоми на труење со храна, се земаат мостри од храна и од работните површини за лабараториско тестирање.АХВ ги чека резултатите од тестирањата на земените примероци храна и од работните површини во рамки на вчерашната вонредна инспекциска контрола која заедно ја спроведоа инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот здравствен и санитеран инспекторат и Ценатрот и Институтот за јавно здравје.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryeat4397s394q92t8Bwm

Мицкоски тврди: Од декември помали пензии, Уставен веќе одлучил да го укине линеарното зголемување

Уставен суд веќе донел одлука за укинување на законската одредба за линеарно зголемување на пензиите и веќе од наредниот месец најголемиот број од пензионерите ќе добиваат помали пензии, ова на собраниска говорница го изјави премиерот Христијан Мицкоски.Мицкоски рече дека наводно, Уставниот суд ќе ја укине и одредбата за платите на судиите и обвинителите, со што нивните примања енормно ќе се зголемат.Што се однесува до линеарнот зголемување на пензиите, Мицкоски рече дека одлуката веќе била донесена и потпишана, и ја нападна уставната судијка Добрила Кацарска, иако не го спомена нејзинот име, но таа пред Уставниот суд ја иницираше постапка за оцена на уставноста на последните законски измени со кои пензионерите добија по илјада денари линеарно зголемување во септемри, а исто толку треба и во март идната година. Мицкоски „таа судијка“ ја нарече „пример на неправдата“.„Последните информации се дека веќе одлуката е донесена и потпишана од нејзина страна и дека пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, туку согласно процентите утврдени по законот. И тоа само за информација значеше дека 70 проценти од пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец, поради оваа иницијатива на оваа судијка која е дел од Уставниот суд“, рече тој.Мицкоски истакна дека ваквата одлука не е фер, бидејќи Уставниот суд ја укинува одлуката, а нема да се зачуди доколку истата судијка во Уставниот суд донесе одлука за одмрзнување на платите на судиите и обвинителите.„Од аспект на фискален товар, помалку пари ќе даде Буџетот, но од аспект дали е тоа фер, не е фер затоа што во време на транзиција кога малкумина олигарски го приватизираа и разграбаа македонското стопанство или поголем дел го уништија, најголем дел од овие пензионери со ниски примања, 8.000, 9.000, 10.000 или 12.000 денари се резултат на тој процес во времето на транзицијата. И затоа тие добиваат така ниски пензии.Целта на линеарното зголемување беше да се намали ХДИндексот, а да се зголеми стандардот на пензионерите и на тој начин да се намали степенот на сиромаштија“, нагласи Мицкоски и додаде:„Замислете истовремено најверојатно следната одлука којашто ќе дојде од истиот суд е да ги одмрзнеме платите на судиите и обвинителите. Значи на пензионерите им се укинува правото, но затоа пак на овие обвинители и судии бидејќи се незадоволни со 2.500, 3000, 4.000 евра ќе треба да им се одмрзнат платите, а пензионерите со 10.000, 12.000 денари коишто треба да добијат 1000 денари зголемување сега овој месец, тие се побогати од овие малкумина судии и обвинители коишто ја контаминираат оваа професија“.Според премиерот Мицкоски, ваквата одлука е неправда за пензионерите.„Со ова ќе се нанесе неправда на пензионерите“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryptc284d7d7b9dhfJcVU

Почина Ленче Софрониевска, правник, судија и поранешен министер во првата Влада

Почина Ленче Софрониевска, една од основоположниците на современиот судски систем во МакедонијаНа 77-годишна возраст, почина Ленче Софрониевска, истакнат правник и судија, која има значаен придонес за развојот на современиот судски систем во Македонија по стекнувањето независност на државата.Правосудната кариера ја започнува во Општинскиот суд Скопје 2, кога била избрана за најмлад судија во тогашната СР Македонија. Во претходниот систем, таа била претседател на Судот на здружен труд и член на Претседателството на ЦК СКМ. По прогласувањето на независноста на Македонија, Софрониевска била советник во првата Влада на Република Македонија и генерален секретар на Владата.Таа работела како судија и претседател на Апелациониот суд во Скопје, како и член и претседател на Републичкиот судски совет на Република Македонија. До пензионирањето, Софрониевска работеше како адвокат.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

(Видео) По претставка на родителите на загинатите во дискотеката „Пулс”, Апасиев закажа Анкетна комисија на 9 декември

Пратеникот на Левица и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, Димитар Апасиев, на прес-конференција соопшти дека закажува редовна седница по поднесената претставка од Здружението „16 Март“ – здружението на родителите на загинатите деца од Кочани. Седницата ќе се одржи на 9 декември 2025 година, со цел да не се преклопи со судските рочишта и поради симболичната поврзаност со 10 декември – Светскиот ден на човековите слободи и права.На седницата се поканети сите членови и заменици на Комисијата, претседателот и потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи, премиерот, министерот за внатрешни работи, претседателот на државата, како и подносителите на претставката, кои ќе имаат право на обраќање.Апасиев нагласи дека ова не е ниту надзорна, ниту јавна расправа, туку редовна седница што Комисијата ја одржува кога постапува по претставки на граѓани, пракса која и претходно постоела во парламентот. Тој потсети дека постоеле три неуспешни обиди оваа точка да се стави на дневен ред, поради што е поведена и управна постапка против претседателот на Собранието.Во однос на паралелните иницијативи за анкетни комисии од власта и опозицијата, Апасиев смета дека тие се ад хок тела со ограничен рок и квази-истражни функции, додека постојаната Комисија има континуитет и редовни обврски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3mlag95i7k5ubH8UNpo

Тренчевска:Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена

Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, тврди дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите. Како што кажа Тренчевска, одржливоста на Фондот за ПИОМ е веќе сериозно нарушна, ставката од која се трансферираат средствата од министерството кон фондот за исплата на пензиите е 100% реализирана, односно нема пари на таа сметка.Таа прашува како ќе бидат исплатени пензиите на 1 декември и од каде ќе се најдат средства за префлрлање до Фондот, кога во буџетот нема средства.,, ВМРО-ДПМНЕ ја уби надежта на лицата со попреченост дека ќе имаат повеќе приход во семејството. Си поигравте и со нив предизборно, ветувајќи им зголемување на надоместокот. Завршија изборите, тие ви поверуваа, а вие ги изневеривте”, вели Тренчевска.

Македонија | пред 2 месеци

droga-zaplena-marihuana-kokain

Пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства: СВР Струмица приведе пет лица

На 26.11.2025 во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ј.Ќ.(34) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.На 26.11.2025 во 10:40 часот во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.С.(58), кој престојува во село Давидово, гевгелиско. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две пакувања со марихуана, една воздушна пушка калибар 5.5 мм, за која немал соодветна потврда од надлежен орган за поседување на истата и 42 парчиња пиротехнички средства.Исто така на 26.11.2025, во 20:15 часот во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш ги лишија од слобода Д.М.(24) од Струмица, К.Ц.(23) од Струмица и Д.М.(44) од село Раклиш. При преглед на лицата, кај Д.М. (24) од Струмица биле пронајдени пакување со жолта прашкаста материја и пакување со марихуана.По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryucraki02mr362L3j5ab

Грција ја одби екстрадицијата на Ацо Боцевски – Циганот: Случајот по 28 години падна поради застареност

Судот во Солун донесе одлука дека Ацо Боцевски, познат и како Циганот, нема да биде предаден на македонските власти, иако беше баран со европска потерница за убиство извршено пред речиси три децении. Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека предметот е застарен според тамошното законодавство, а поради тоа судиите ја укинале и мерката притвор.Боцевски, кој сега има 60 години, беше уапсен во мај годинава во Катерини, по долгогодишно бегство. Тој беше осуден во Македонија на 15 години затвор за убиство на 37-годишен маж во ноември 1997 година, но пред издржувањето на казната успеал да избега во Грција.Според документите доставени пред солунскиот суд, убистваото се случило така што Боцевски намерно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од автомобилот за да ја провери штетата, тој пукал кон него и го усмртил. Една година подоцна била донесена правосилната пресуда со која добил 15 години затвор.Во својата изјава пред судот, Боцевски посочил дека по три месеци поминати во притвор бил пуштен на слобода, а потоа заминал за Грција со важечки пасош. Тврдел и дека во тој период работел во обезбедувањето на тогашниот претседател Киро Глигоров и дека постоеле политички причини поради кои, како што рекол, бил на мета. Денес, според неговото сведочење, во регионот Пиерија води мал приватен бизнис со соби за издавање.Судскиот совет оцени дека казната изречена пред повеќе од 20 години е застарена според грчките закони, поради што барањето за екстрадиција од Северна Македонија е одбиено.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytohbgh2o8mbt1WrlXW7

Падна „Нетфликс“ веднаш по објавувањето на последната сезона: Ова е серијата што ја чекаше целиот свет

Премиерата на петтата и последна сезона од хит-серијата „Stranger Things“ предизвика глобална еуфорија, но и краткотраен колапс на платформата „Нетфликс“.Наместо непречено да ги гледаат новите епизоди, голем број корисници добија порака за грешка веднаш штом се обидоа да ја пуштат содржината.Само неколку минути по објавувањето на првите четири епизоди, платформата беше преоптоварена од огромниот број гледачи, пренесува Daily Mail.Наместо очекуваниот вовед во финалето на серијата, корисниците ја добиваа пораката:„Имаме проблем со вашето барање...“Иако прекинот траеше околу три минути, тоа беше доволно социјалните мрежи да се наполнат со коментари од разочарани обожаватели, како:„Го чекав цел ден, а ‘Нетфликс’ паѓа!“ и „Сервис вреден милијарди, а серверите се уриваат кога ќе излезе голема серија.“„Stranger Things“ се појави во 2016 година и многу брзо стана еден од најгледаните оригинални наслови на „Нетфликс“.Финалната сезона, очекувано, создаде огромен притисок врз платформата и доведе до краток, но бурен прекин.

Магазин | пред 2 месеци

media-library93fgr90hq0qicRQgLRa

(Видео) Почнува судењето за ликвидацијата на Турчинот во Штип

Под засилено присуство на полицијата, денес во Основниот суд во Штип стартува судењето за убиството на турскиот државјанин кое се случи на 8 мај во едно од локалните кафулиња. На обвинителна клупа седнаа пет лица.Главен осомничен е 21-годишниот Турчин Карим Кара, кој според обвинението го испукал смртоносниот куршум. Тој се товари за тешко убиство, како и за недозволено поседување оружје и експлозив.Покрај него, уште четворица лица се обвинети дека му помогнале во подготовката и извршувањето на злосторството, па се товарат за помагање при убиство.Судијката Јулијана Недкова, искусен кривичар ќе го води процесот кој се очекува да привлече големо внимание поради тежината на делото.Убиството се случи во мај годинава кога во СВР Штип беше пријавено пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип.

Македонија | пред 2 месеци

zagreb-ubistvo-policija

Кумановец под истрага во Хрватска за силување на девојка од Венецуела

Хрватското обвинителство во Шибеник поднесе обвинителен предлог против 28-годишен маж од Куманово, кој се сомничи дека извршил низа тешки кривични дејствија над жена од Венецуела што престојувала во Задар и се занимавала со сексуална работа. Осомничениот е во притвор додека трае постапката, пишува Zadarski.hr.Паралелно со тоа, обвинителството покрена постапка и против 34-годишен жител на Задар, за кој тврдат дека учествувал во грабеж поврзан со истиот случај. За него се бара изрекување мерка присилно лекување, бидејќи според вештачење, делото го сторил во состојба на неурачунливост.Според обвинителниот акт, во периодот од мај до јуни 2025 година, кумановецот првпат стапил во контакт со Венецуелката и платил за сексуален однос. Подоцна, како што се тврди, повеќе пати се појавувал во становите што таа ги изнајмувала во Задар, инсистирајќи да продолжат со интимни средби.Кога таа одбила и му ставила до знаење дека не сака да продолжи, тој ѝ се заканил дека ќе повика луѓе што би ѝ наштетиле и дека ќе ја пријави во полиција поради нејзината работа, а со тоа ја довел во состојба на силен страв.Под влијание на тие закани, според обвинителството, осомничениот имал сексуален однос со неа двапати без нејзина согласност – еднаш во стан во Задар и еднаш во Сплит.Обвинителството ги смета наводите за доволни за покренување судска постапка, а двајцата осомничени остануваат во притвор додека трае судот.

Свет | пред 2 месеци

media-librarypqkun93musegeDkEOee

Се прават плановите за минирање на „Вјесник“, симболот на Загреб ќе се урива со стотици килограми експлозив

Уривањето на поранешниот облакодер „Вјесник“ влегува во завршна фаза на подготовка, но конечниот датум сè уште не е утврден. Најизвесно е дека зградата ќе биде срамнета со земја со контролирано минирање, метод кој, според прелиминарните процени, бара стотици килограми експлозив.Професорот Марио Добриловиќ од Факултетот за рударство, геологија и нафта, кој деновиве ја анализирал локацијата, потврди дека целата операција се очекува за неколку недели. Тој објаснува дека пред почетокот мора да биде изработен детален проект, по што надлежните институции ќе ја донесат конечната одлука за техниката на уривање.Иако формалната одлука недостасува, Добриловиќ смета дека врз основа на состојбата на терен, минирањето е најбезбедната и технички најсоодветната опција.Според него, експлозивот што ќе се користи се мери во стотици килограми, а не во тони, и целиот процес на рушење трае само десетина секунди, најмногу половина минута.Во однос на безбедноста, професорот нагласува дека ќе се преземат сите неопходни мерки за да се елиминира ризикот за граѓаните. Прописите предвидуваат воспоставување безбедносен коридор околу објектот – зоната што и сега се користи за регулирање на сообраќајот. Министерството за внатрешни работи ќе ги дефинира упатствата за жителите во околните згради.Како можни мерки се разгледуваат краткотрајно напуштање на домовите кои се најблиску до облакодерот или, како алтернатива, затворање на ролетни и отворање на прозорци за да се намали притисокот од ударниот бран и прашината.Во периодот на изведба, сообраќајот околу комплексот ќе биде целосно запрен од половина до еден час, а пристапот на луѓе ќе биде строго ограничен.Техничкиот дел од постапката подразбира дупчење низа мински отвори во клучните носечки делови во приземјето. Добриловиќ појаснува дека не се минира целата конструкција, туку само критичните елементи што ќе ја нарушат статиката, по што гравитацијата – „господинот Њутн“, како што вели тој – го довршува рушењето.Самото полнење со експлозив трае околу еден ден, а прецизното распоредување на полнежите овозможува зградата да се сруши точно во предвидениот простор.Засега нема проценка колку ќе чини целата операција.Во однос на околните објекти, делови од комплексот ќе претрпат оштетувања, особено на западната страна, но некои објекти – како Прес-центарот и печатницата – ќе останат зачувани. Професорот ги опишува овие неминовни оштетувања како „колатерални последици“ на процесот.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања