ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

IMG_7454

Малолетно девојче физички нападнато кај таткото – случај пријавен во СВР Скопје

Мајка пријавила дека нејзината ќерка била нападната од поранешниот сопруг додека престојувала кај него.На 30.11.2025 во 22:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од скопско, пријави дека, додека нивната малолетна ќерка престојувала кај нејзиниот поранешен сопруг Д.И.(39), била физички нападната од него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryqiibvru7ekmv2qfNZL5

Гинекологот Венци Чалков почина по објавата на пресудата, случајот за смртта на Маја Кадиева и нејзиното бебе повторно во фокусот

Гинекологот Венци Чалков од Гевгелија, еден од обвинетите во случајот за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, почина само неколку дена откако Врховниот суд ја објави конечната пресуда со која му изрече 10 месеци ефективна затворска казна. Неговата смрт дополнително го обележува случајот што повеќе од десет години се влечеше низ македонскиот судски систем.Трагедијата се случи на 22 октомври 2015 година во Општата болница во Гевгелија. Во истата постапка беа опфатени и вториот гинеколог Дончо Москов, како и анестезиолозите Зоран Јовановски и Томе Ванчев. Јовановски почина уште во фазата на истрага, додека Ванчев го загуби животот пред две години, па со смртта на Чалков тројца од четворицата обвинети веќе не се меѓу живите.Обвинетите се товареа за кривичното дело „Тешки дела против здравјето на луѓето“ (член 217 став 4 КЗ), за кое е пропишана казна од шест месеци до пет години затвор.Судската сага имаше повеќе пресврти: Основниот суд Велес во два наврати ги ослободуваше гинеколозите, а Ванчев беше единствениот што доби ефективна казна. Апелација ги потврдуваше одлуките, сѐ додека пролетта годинава Врховниот суд не наложи повторно одлучување.По враќањето на предметот, Апелација Скопје им изрече условни казни на двајцата гинеколози. Но, во трката со застарувањето, Врховниот суд на јавна седница одржана на 6 октомври интервенираше уште еднаш. На 22 октомври – последниот ден од рокот – беше донесена конечната верзија на пресудата.Со неа, условната казна на Чалков беше преиначена во 10 месеци затвор, додека за Москов остана претходната алтернативна санкција – шест месеци затвор што ќе се активираат само доколку во следните две години направи ново кривично дело.

Македонија | пред 2 месеци

benziska-guzva-goriva

Дизелот ќе биде поевтин, бензините остануваат по иста цена

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска РКЕ. Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,1 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 66,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 75, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 77 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 0,902 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,963 денари.Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,220 отсто, кај дизелот за 3,302, кај екстра лесното масло за 2,323 и кај мазутот за 4,403 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0096 отсто.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybjtbjq5jjnl005BYvLe

Џејла Рамовиќ по приведувањето во Кичево: „Настапот беше прекинат по вина на организаторот“

По инцидентот во Кичево, кога полицијата ја прекина нејзината вечер и ја приведе заедно со членовите на бендот, пејачката Џејла Рамовиќ се огласи со своја верзија на настаните. Таа нагласува дека имала целосна документација за настапот и дека прекинот се случил поради пропусти на организаторот, а не поради неуредност од нејзина страна. Рамовиќ потврди дека веќе во петок ќе настапи во Скопје и дека инцидентот нема да ја одвои од македонската публика.„Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа правилно подготвени и доставени до организаторот, со целосната постапка што редовно ја следиме кога доаѓаме во Македонија“, вели Рамовиќ.Таа објаснува дека организаторот ја уверил дека сите дополнителни дозволи се обезбедени и дека сè е во согласност со договорот.„И покрај ова, настапот беше прекинат неколку минути пред крајот, наводно поради недостаток на работни дозволи, иако нашата документација беше целосно во ред. Жал ми е за непријатностите што ги доживеаја сите што дојдоа на мојот настап. Ситуацијата се појави од причини на кои не можев да влијаам на никаков начин, ниту пак е вина на мојот тим и мене“, додава таа.Рамовиќ им порача на своите обожаватели дека овој инцидент нема да ја промени нејзината поврзаност со македонската сцена.„Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш сакам да се враќам. Исто ќе биде и сега, бидејќи веќе се дружиме во петок во Скопје“, истакна пејачката.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Kонтрола во угостителски објект во Свети Николе, затекнати 26 малолетници после 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол

На 30.11.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип - ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе.При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на алкохол.По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица. Воедно, од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 2 месеци

penzioneri-protest

Пензионерите излегоа на протест пред Уставниот суд – бараат да остане линеарното зголемување на пензиите

Групи пензионери од различни делови на државата денеска се собраа пред Уставниот суд во Скопје, изразувајќи го својот став дека моделот на линеарно зголемување на пензиите мора да се задржи. Според нив, токму овој принцип обезбедува поголема правичност за оние со најниски примања.Пред присутните се обрати Зоран Трајков, претседател на иницијативниот одбор што ја организира акцијата.„Нашата борба е за сите идни пензионери, за корка леб и лекови. Не го збориме ова против власта. Ова го збориме за Македонија еднаш да биде обединета. Доста е со поделби. Не за џабе викаат ситиот не му верува на гладниот. Нашиот глас допрва ќе биде чуен“, изјави Трајков.Тој додаде дека протестите нема да запрат тука и најави дека следната нивна локација ќе биде Канцеларијата на Европската Унија на 10 декември.Трајков потсети дека досега пензиите најчесто се зголемувале процентуално, што значело покачувања од 600 до 700 денари – сума што, како што рече, не обезбедува ни основни потреби. Според него, јазот меѓу најниската и највисоката пензија порано бил сооднос 1:4, а денес достигнал 1:7, што, како што предупреди, ќе продолжи да се продлабочува доколку не се задржи линеарниот модел.Пензионерите порачаа дека ќе продолжат со своите активности сè додека, како што велат, не се обезбеди фер и одржлива формула за зголемување на пензиите.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7um1cmsk26llbyIX9lX

Монсуните ја разорија Јужна и Југоисточна Азија: над 1.000 загинати во Индонезија, Шри Ланка, Тајланд и Малезија

Серија силни невремиња и монсунски поројни дождови предизвикаа разорни поплави во Индонезија, Шри Ланка, Тајланд и Малезија, при што во последните неколку дена загинаа повеќе од 1.000 луѓе, а стотици сè уште се водат како исчезнати. Во најпогодените региони и денес траат операциите за пребарување и спасување.Индонезија: Над 500 мртви и повеќе од 500 исчезнати на СуматраИндонезија е најтешко погодена. Во регионот Суматра, бројот на загинати од поплавите достигна 502 лица, а над 500 луѓе не се пронајдени, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи. Илјадници семејства останаа без дом бидејќи водата уништи цели населби.Претседателот Прабово Субианто отпатува во Северна Суматра и истакна дека владата веднаш ќе испрати хуманитарна, медицинска и логистичка помош. На терен се ангажирани авиони, хеликоптери и три воени брода, бидејќи делови од патната мрежа се непроодни поради кал и лизгање на земјиштето.Поплавите раселија најмалку 290.700 луѓе во провинциите Северна Суматра, Западна Суматра и Ачех, пренесува АП.Прабово, кој е под притисок да прогласи вонредна состојба, порача дека државата мора поефикасно да се подготвува за климатските промени, а локалните власти да преземат поголема улога во спречување на ризиците.Ова е најсмртоносната природна катастрофа во Индонезија по земјотресот и цунамито на Сулавеси во 2018 година, кога загинаа повеќе од 2.000 луѓе.Шри Ланка: 334 загинати, воен хеликоптер се урна за време на спасувачка мисијаВо Шри Ланка, циклонот Дитва предизвика масовни поплави и лизгање на земјиште. Според Националната агенција за катастрофи, загинале најмалку 334 лица, а стотици исчезнати и понатаму се бараат.Откако дождовите престанаа во неделата, започна најголемата спасувачка акција во последните години. Армијата користи хеликоптери за евакуација на луѓе заглавени во поплавени области. Еден хеликоптер се урнал северно од Коломбо додека превезувал екипи за спасување.Претседателката Анура Кумара Дисанајаке прогласи вонредна состојба и најави целосна реконструкција на погодените подрачја, оценувајќи ја катастрофата како „најтешка во историјата на земјата“ по цунамито во 2004 година.Тајланд: 176 загинати и 3,8 милиони погодени од поплавитеЈужен Тајланд се соочува со една од најтешките поплави во изминатата деценија. Загинаа најмалку 176 луѓе, а властите соопштија дека 3,8 милиони жители и повеќе од 1,4 милиони домаќинства се погодени во 12 јужни провинции.Премиерот Анутин Чарвиракул најави план за обнова, но јавноста остро ја критикува владината реакција. Двајца локални службеници веќе се суспендирани поради пропусти во управувањето со кризата.Малезија: Поплавени делови од Перлис, две жртвиВо северна Малезија, поројните дождови поплавија значителен дел од државата Перлис. Потврдена е смртта на две лица, а локалните власти предупредуваат дека можно е состојбата да се влошува бидејќи монсунската сезона продолжува.Монсун што не запираГолем дел од Азија моментално е во срцето на монсунската сезона, која редовно носи обилни дождови, ненадејни поплави и лизгање на земјиштето. Овогодинешните невремиња, сепак, се меѓу најразорните во последните години.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryisv0haj0ol6822sBYaY

СДСМ открива: „Глигор Поцев – поранешен вработен во УБК и сведок за уништување на опрема е вториот вработен во фирмата со тендери од 9 милиони евра“

СДСМ денеска изнесе нови информации поврзани со фирмата што за шест месеци добила државни тендери во вредност од речиси 9 милиони евра. На прес-конференцијата, портпаролката Богданка Кузеска посочи дека вториот вработен во компанијата – Глигор Поцев – во минатото бил дел од Управата за безбедност и контраразузнавање и бил сведок во предметот „Тврдина–Таргет“ кој се однесува на уништување на опремата за масовно прислушување во времето на Сашо Мијалков.Кузеска рече дека последниот договор што фирмата го добила од Владата е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа и дека тоа отвора сериозни прашања за изборот на кадри и компании во процесите на државни набавки.Од СДСМ сметаат дека е „загрижувачки“ што лице поврзано со разузнавачките структури од тој период, како и со предметот за уништување на системот за прислушување, денес повторно се појавува во фирма која добива договори од повеќе милиони евра.Партијата обвинува дека случајот е дел од, како што велат, „истиот модел на доделување сомнителни тендери“ што го поврзуваат со практиките од времето на претходната власт. Кузеска изјави дека „методите се исти, а целта секогаш е иста – корист за поединци и структури блиски до власта“.СДСМ бара истрага, вклучување на институциите и утврдување на одговорност за начинот на кој е доделен тендерот, нагласувајќи дека „овие дела не застаруваат“.Од Владата засега нема реакција на наводите.

Македонија | пред 2 месеци

klinikimajka-tereza

Приватните болници ги привлекуваат лекарите и сестрите: ССКЦ предупредува на опасно празнење на јавниот здравствен кадар

Самостојниот синдикат на вработените во Клинички центар „Мајка Тереза“ реагира дека јавниот здравствен систем е сериозно ослабен поради тенденцијата приватните болници да преземаат дефицитарен кадар, што, како што велат, создава дополнителен притисок врз установите во кои државата вложува години преку образование и обука.Од синдикатот истакнуваат дека ваквата пракса го нарушува функционирањето на јавните клиники, ја намалува нивната стабилност и го компромитира квалитетот на услугите за пациентите. Затоа бараат институциите да воведат механизми кои ќе спречат „откупување“ на стручни здравствени работници од приватниот сектор.Паралелно, ССКЦ посочува дека Владата планира темелна реформа на здравствената мрежа – обединување на клиничките центри со регионалните болници, модернизација на инфраструктурата и создавање пофункционален модел на здравствена заштита. Синдикатот смета дека секое кадровско решение мора да се носи врз основа на реалните потреби, систематизацијата и долгорочната стратегија за развој, и тоа по интеграцијата на клиниките од кампусот „Мајка Тереза“.Сериозна загриженост предизвикува и фактот што со години не е потпишан анекс-договорот за Заедничките служби при Клинички центар „Мајка Тереза“. Според синдикатот, анексот е неопходен за подобрување на правната сигурност, мотивацијата и статусот на вработените.Тие предупредуваат дека пролонгирањето се одвива без јасни објаснувања, што создава неизвесност, демотивација и го нарушува професионалниот интегритет на работниците кои секојдневно го одржуваат системот.Синдикатот ги повикува Министерството за здравство, Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата итно да дадат согласност за потпишување на анексот со цел да се обезбеди стабилност, правна заштита и финансиска сигурност на вработените.ССКЦ додава дека останува отворен за дијалог, но доколку институциите продолжат да го игнорираат проблемот, ќе ги активира сите законски механизми на синдикално дејствување.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycick7ar1iu8i1vkJrNo

Ѓорѓиевски ги повика скопјани активно да се вклучат во подготовката на буџетот за 2026 година

Градот Скопје го започна процесот на креирање на буџетот за 2026 година, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски апелира до граѓаните да се приклучат и да ги споделат своите предлози и идеи.Сите граѓани што сакаат да учествуваат во креирањето на буџетот можат да ги испратат своите предлози на e-адресата: gradskibudzet2026@skopje.gov.mk.„Годинава го отвораме процесот на планирање на буџетот за 2026 година заедно со вас, жителите на Скопје, невладиниот сектор, бизнис заедницата и сите кои сакаат да придонесат за подобро, поуредено и пофункционално Скопје. Вашите потреби, ставови и идеи ќе бидат основата врз која ќе го градиме овој важен документ. Работејќи во постојана комуникација со граѓаните, веќе собравме голем број конструктивни предлози. Но процесот е отворен и затоа ве повикувам сите партнерски да се вклучите во создавањето на буџетот кој ќе го забрза повторното заживување на нашиот град“, вели Ѓорѓиевски.Градот информира дека во подготовката на новиот буџет ќе влезат приоритетни капитални инвестиции – дел од инфраструктурата, заштитата на животната средина, спортските содржини и културните проекти. Целта е, велат од градската администрација, со плански инвестиции да се подобри секојдневниот живот на скопјани и да се подигне општиот квалитет на урбаното живеење.„Ова е моментот кога секој може да влијае со конкретна идеја, предлог или забелешка. Верувам дека токму со ова отворено партнерство ќе создадеме стабилна основа за долгорочен развој и силно, достоинствено Скопје“, додава градоначалникот.

Скопје | пред 2 месеци

nesreka-prvi-momenti

Дурмиш Белули денеска има закажано операција: Газдата на „Дурмо турс“ повторно бара одложување на затворската казна

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, осуден на 10 години затвор за трагедијата кај Ласкарци, повторно побара одложување на издржувањето на казната, со образложение дека денеска треба да биде подложен на операција. Тој денеска требаше да се јави во затворот „Идризово“.Од Кривичниот суд во Гостивар потврдуваат дека Белули поднел барање за одлагање на казната, приложувајќи болничка документација и упат за операција.„Во барањето е наведено дека од 28 ноември е хоспитализиран и дека за денеска има закажано операција. Судот ќе изврши проверка во болницата за да утврди дали наводите се точни“, информираат од судот.Пресудата за обвинетите во случајот Ласкарци е правосилна од мај. И Белули и Ремзи Мифтари – шеф на возниот парк на компанијата – претходно побараа одложување поради операција на кила. Мифтари во меѓувреме исчезна и полицијата не успеа да го пронајде за спроведување во затвор.За разлика од нив, останатите осудени веќе се во „Идризово“:– возачот Маноил Трифуновски (14 години),– Јане Бобаровски (5 години),– тројцата вработени во техничкиот центар (по 7 години).Несреќата кај Ласкарци се случи во 2019 година, кога автобус на „Дурмо турс“ излетa од автопатот поради делумно неисправни сопирачки. Загинаа 14 патници, а повеќе од 50 беа повредени.Според обвинението, автобусите биле технички прегледувани во станица што формално имала различен правен субјект, но ист сопственик – Белули.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybjtbjq5jjnl005BYvLe

Босанската пејачка Џејла Рамовиќ е меѓу приведените во акцијата во Кичево

Популарната босанска пејачка Џејла Рамовиќ била задржана од полицијата во Кичево за време на акциската контрола, откако инспекторите утврдиле дека настапува без соодветни документи за работа.Контролата била спроведена во ноќта меѓу 29 и 30 ноември во повеќе угостителски објекти покрај магистралниот пат Кичево–Охрид, при што екипите на ОВР Кичево и Регионалниот центар за гранични работи – Запад влегле и во локалот каде што имала настап Рамовиќ.Во просторијата биле затекнати 23-годишната пејачка и членовите на нејзиниот бенд: К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на Босна и Херцеговина.Според полициските службеници, групата изведувала музичка дејност без обезбедена работна дозвола, што претставува прекршок согласно Законот за странци.Случајот веќе е доставен до Основниот суд во Кичево, каде против Рамовиќ и бендот е поднесена прекршочна пријава.БиХ пејачката Џејла Рамовиќ приведена во полициска акција во Кичево – настапувала без работна дозвола.Минатата недела поради сосема иста причина беше приведен и српскиот пејач Аца Лукас кој настапуваше во кавадарци.„Утврдено е дека лицето А.В. (57) од Република Србија настапувало без потребна дозвола. За сторениот прекршок до Основниот суд Кавадарци е поднесено барање за поведување прекршочна постапка, по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци. Лицето е спроведено во Основен суд Кавадарци по скратена постапка, каде му е изречена парична казна“, беше наведено во соопштението на МВР.

Балкан | пред 2 месеци

media-librarybmlngt843unk5G665Kd

Македонски државјанин загина во тешка сообраќајка во Цирих, возачот избегал, па подоцна се предал на полицијата

Маж починал од последиците на сообраќајна несреќа што се случила во швајцарската станбена област Шлирен, Цирих, пишува Blue news.Патник во автомобил – 39-годишен државјанин на Северна Македонија – се здобил со животно-загрозувачки повреди во несреќата што се случила во неделата наутро. Возачот, кој првично избегал од местото, подоцна сам се пријавил во полиција. Друг патник е сè уште во бегство.Кантоналната полиција на Цирих соопшти дека несреќата се случила во саботата околу 23:30 часот. Возач управувал автомобил со повеќе од 500 коњски сили, движејќи се од Енгштрингершрасе кон Грабенштарсе. Во еден момент, возачот изгубил контрола и излетал од патот.Возилото удрило во улично светло, закачило дрво и со предниот дел се забило во фасада од куќа. Повредениот Македонец бил итно пренесен во болница од Итната служба на Лиматал, но подоцна им подлегнал на повредите.Возачот – исто така 39-годишен државјанин на Северна Македонија – и уште една засега непозната патничка избегале од местото на несреќата без да му укажат помош.Полицијата: возачот возел со многу поголема брзинаПолицијата и обвинителството Цирих–Зил отворија истрага. Според траговите, возачот се движел со значително поголема брзина од дозволените 30 км/ч.Кратко пред пладне, возачот сам се пријавил во полиција. Истрагата за непознатата патничка продолжува.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7m41ngqu9hgmdfga0nm

Полицијата ги пребарува изгорените облакодери во Хонг Конг: досега 146 загинати, 11 уапсени

Властите во Хонг Конг денес продолжуваат со пребарување на преостанатите облакодери уништени во големиот пожар во кој загинаа најмалку 146 лица, а стотици жители останаа без дом и сега се приспособуваат на живот во привремени сместувања.Полицијата ја заврши претрагата на четири од седумте згради што беа зафатени од најсмртоносниот пожар во градот во изминатите повеќе од 75 години. Телата на загинатите биле пронајдени по скалиte и на покривите, каде што биле заробени додека се обидувале да избегаат од огнената стихија.Во текот на неделава ќе се одржат бденија и во Токио и во Лондон. Властите соопштија дека околу 40 лица сè уште се водат како исчезнати.Причината за пожарот сè уште непознатаПожарот, кој избувна минатата среда и брзо се прошири по надворешните делови на становите кои биле во реновирање, сè уште се истражува.Во услови на растечки револт кај јавноста поради пропуштени предупредувања за опасност од пожар и индиции за небезбедни градежни практики, Пекинг предупреди дека ќе се спротивстави на сите протести.Најмалку едно лице поврзано со петиција со која се бара независна истрага било приведено, наведуваат извори запознаени со случајот.Во изгорените згради живееле над 4.000 луѓеПреостанатите згради што треба да се пребараат се „најтешките“, изјави високата полициска службеничка Ејми Лам, додавајќи дека последниот дел од потрагата може да трае со недели.Голем број полициски екипи утринава пристигнаа на местото за да продолжат со пребарувањето на изгорените згради во кои живееле повеќе од 4.000 лица.Повеќе од 1.100 луѓе се преместени од евакуациските центри во привремени сместувачки капацитети, а дополнителни 680 лица се сместени во младински домови и хотели, соопштиле властите.Бидејќи многу жители ги оставиле своите лични предмети додека бегале од пожарот, властите им доделија итна помош во висина од 1.284 долари по домаќинство и обезбедија поддршка за издавање нови лични документи, пасоши...Во рамки на истрагата уапсени 11 лицаВо текот на истрагата уапсени се 11 лица под сомнение за корупција и употреба на небезбедни материјали при реновирањето.Зградата била обвиена со зелена заштитна мрежа и бамбусови скелиња, а била прекриена и со пена-изолација. Противпожарните аларми во комплексот исто така не функционирале правилно, соопштиле властите.Жителите на населбата Ванг Фук минатата година добиле уверување од властите дека ризикот од пожар е „релативно низок“, иако претходно поднеле претставки за можни опасности, соопшти градското Министерство за труд.Портпарол на министерството додаде дека жителите во септември 2024 година повторно изразиле загриженост за потенцијалната запалливост на заштитните мрежи поставени околу скелите.Притворени активисти кои бараат независна истрагаВо саботата полицијата го привела 24-годишниот Мајлс Кван, член на групата што ја покренала петицијата за независна истрага за корупција и за засилен надзор на градежните работи, потврдија две лица запознаени со случајот.Уште две лица се уапсени под сомнение за поттикнување немири, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“.Кинескиот Канцеларија за национална безбедност предупреди дека поединци не смеат да ја користат трагедијата за да го „вратат Хонг Конг во хаосот“ од 2019 година, истакнувајќи:„Без разлика на методите што ќе ги користите – ќе сносите одговорност и ќе бидете строго казнети.“

Свет | пред 2 месеци

maduro-696x418-1

САД му понудиле „егзил“ на Мадуро додека распоредуваат воени сили околу Венецуела

САД му понудиле на венецуелскиот претседател Николас Мадуро можност да ја напушти земјата и да замине во Русија или во друга држава, изјави американскиот сенатор Марквејн Малин во интервју дадено во петок навечер.Малин, републиканец од Оклахома, истакна дека ваквата опција му била ставена на маса на Мадуро во услови на нагло влошени односи меѓу Вашингтон и Каракас.Масовно американско воено присуство во КарибитеПонудата за егзил доаѓа паралелно со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да распореди значителни воени капацитети во близина на Венецуела.Трамп испрати ударна група предводена од најголемиот носач на авиони во светот и го прогласи венецуелскиот воздушен простор за „целосно затворен“ за американските сили, наведувајќи дека операцијата има за цел пресекување на, како што тврди, масовната трговија со дрога што стигнува во САДКаракас: „Изговор за промена на режимот и контрола врз нафтата“Мадуро категорично ги отфрли американските обвиненија за нарко-трафикинг, обвинувајќи го Вашингтон дека сака преку воени и политички притисоци да го собори и да воспостави власт по своја мерка.Според него, вистинската цел е преземање на венецуелските нафтени ресурси.Социјалистичкиот лидер е на чело на државата од смртта на Уго Чавез, а неговото реизбирање во 2024 година беше проследено со жестоки протести, притворања и обвинувања за изборни неправилности.Американски сенатори бараат смена на власта во КаракасМалин тврди дека „венецуелскиот народ сака промена и ново раководство“, а сенаторот Линдзи Греам отиде чекор подалеку, отворено повикувајќи на крај на режимот на Мадуро.Греам го опиша венецуелскиот лидер како „нелегитимен“ и „човек кој повеќе од десет години управува со нарко-терористичка држава“.Тој нагласи дека поддршката на Трамп за конечно затворање на „венецуелското лудило“ ќе спаси животи и ќе му даде „нова шанса“ на народот.Над 80 загинати во американски удари – ОН предупредуваатОд почетокот на септември, американските сили нападнале повеќе од 20 бротчиња и поголеми пловила во Карибското Море и во делови од Пацификот под сомнение дека се користат за транспорт на дрога.Во акциите загинале 83 лица, а американските институции досега не презентирале докази дека уништените пловила биле поврзани со нарко-картели.Обединетите нации оценија дека операциите може да претставуваат „вонсудски егзекуции“.Тајни контакти меѓу Трамп и Мадуро„Њујорк тајмс“ неодамна објави дека Трамп и Мадуро во последните недели одржале телефонски разговор за потенцијална средба во САД.Синоќа Трамп потврди дека разговор навистина имало, но не откри ништо за содржината или можните следни чекори.

Свет | пред 2 месеци

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ бара одговори за тендери вредни 9 милиони евра

СДСМ обвини дека Владата на Христијан Мицкоски цел ден не дала никакво образложение за информациите што партијата ги објави за, како што тврди, спорни тендерски постапки вредни речиси 9 милиони евра доделени на фирма со двајца вработени, формирана минатата година.Според социјалдемократите, институциите игнорирале повеќе прашања поврзани со критериумите, законитоста и причините поради кои токму оваа компанија била избрана како најповолен понудувач.Од СДСМ велат дека молкот на Владата отвора сомнежи за можни неправилности и дека јавноста има право да знае како се трошат буџетските средства. Во партиското соопштение се наведува дека одговори стигнале единствено од ВМРО-ДПМНЕ, што СДСМ го толкува како индиректна потврда дека, како што велат, „партиските структури имаат увид во процесите што треба да бидат исклучиво институционални“.Социјалдемократите тврдат дека станува збор за „организирана шема за испумпување на јавни пари“ преку повторливо доделување тендери на ограничен број компании, поврзувајќи го случајот со поранешни големи афери од периодот на владеењето на Никола Груевски.Од партијата најавуваат дека ќе продолжат да објавуваат документи и докази кои, според нив, укажуваат на злоупотреби, и бараат вклучување на сите надлежни органи – Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и другите институции – за независна истрага.До затворањето на текстот, од Владата немаше официјален коментар на овие обвинувања.

Македонија | пред 2 месеци

media-library2ov5378spb5h7GdcQaM

НИС од утре го запира работењето, САД не ја продолжија лиценцата

Рафинеријата на „Нафтена индустрија на Србија“ (НИС) во Панчево од утре, 2 декември, ќе мора да го запре производството, откако САД не ја обновија потребната лиценца, предупреди српскиот претседател Александар Вучиќ во изјава дадена синоќа.Вучиќ порача дека граѓаните треба да останат спокојни, уверувајќи дека државата има механизми, резерви и финансиски капацитет да ги надмине последиците од стопирањето на рафинеријата. Сепак, тој призна дека Србија влегува во „тежок период“ и дека ќе мора „на различни начини да менаџира“ додека трае застојот.„Не ја разбирам логиката на Американците“Според претседателот, Белград на Вашингтон му доставил гаранции дека сопственичката структура на НИС – каде мнозински удел имаат руски компании под американски санкции – ќе биде променета во рокот што го поставиле САД.Но, вели тој, и покрај дадените уверувања, лиценцата не била продолжена.„Отворено ви кажувам – не ми е јасно што прават Американците. Ни рекоа дека санкциите се активни веќе осум-девет месеци, но од нас бараа да го промениме сопствеништвото и ние прифативме. Дадовме гаранции и повторно не добивме ништо“, изјави Вучиќ во вклучување за ТВ Информер.Тој додаде дека не верува оти од вечерните разговори со американски претставници ќе произлезе некакво решение.Србија без можност да влијае на Русите како мнозински сопственициВучиќ потсети дека Србија поседува малцински удел и дека правно не може да донесува одлуки во име на руските партнери.Според него, единственото право што државата го имала било правото на првенствено откупување, но Белград се откажал од него за Русите слободно да одлучуваат доколку мораат да продаваат под притисок од санкциите.Без сигнал од Вашингтон, Русите не брзаатПретседателот оцени дека од американска страна не се очекува официјално образложение, а дека руските компании „не брзаат“, бидејќи им е важно што подолго да го задржат својот капитал.Вучиќ посочи дека Србија е ставена во сложена геополитичка матрица:„Секој ќе нè влече на своја страна. Ќе бараат да бираме кампус. А ние само сакаме да ја чуваме земјата“, рече тој.Гасниот договор со Русија истекува — следуваат нови преговориДополнително, Србија има важечки договор за испорака на гас со Русија до 1 јануари. Вучиќ најави обиди за нови преговори, но нагласи дека државата е подготвена да бара алтернативи ако продолжувањето не биде возможно.Односите со САД под притисок: царини, барања и „нејасни услови“Вучиќ коментираше и за американските царини од 35 проценти на увозот од Србија, оценувајќи дека условите што Белград ги добил за нивно укинување се „екстремно тешки“, дури и „потешки од обврските за ЕУ-процесот“ — вклучувајќи барања поврзани со руско и кинеско присуство во Србија.Тој притоа истакна дека вкупната трговија со САД е мала, па економскиот удар ќе биде ограничен, освен кај производството на автомобилски гуми, но увери дека „ќе се најде решение“.„Ќе ги решиме проблемите – граѓаните да останат мирни“И покрај сите предизвици, Вучиќ повтори дека државата има подготвени сценарија за справување со последиците од стопирањето на НИС и дека не очекува недостиг на нафтени деривати.„Нè чека сериозна борба, но ќе ги обезбедиме потребите на земјата. Граѓаните нема за што да се грижат“, порача тој.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryc325gi29s6npdI8dOTG

65-годишник од Банско со воздушна пушка ранил малолетник

Полицијата ја одзела пушката, случајот го води обвинителство.На 27.11.2025 во 23:45 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.М.(65) од село Банско. Според пријавеното, тој околу 20:30 часот во село Банско, во близина на неговата куќа, со воздушна пушка пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата. На малолетникот му е укажана помош во Општа болница Струмица, а воздушната пушка била пронајдена и одземена од Б.М.. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

„Син ми е подобар, очекувам од понеделник да се врати на училиште“: Премиерот потврди дека примал инфузија три дена, но дека сега се чувствува добро

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека меѓу учениците кои се разболеле по инцидентот со храната во основното училиште „Димо Хаџи-Димов“ во Карпош бил и неговиот син. Тој додаде дека детето било хоспитализирано и три дена примало инфузиона терапија, но дека во моментот се чувствува добро.„Антони беше дел од таа група кое им се случи труење. Имаше медиуми кои известија дека бил во тешка состојба, сакам да демантирам, имаше симптоми како и сите други деца. Да, беше жртва на тоа труење, три дена примаше инфузија, три дена не одеше на учичиште. Тој е храбро и пргаво момче, сака да се дружи, и претпоставувам дека сите меѓу себе биле на ручек, конзумирале иста храна. Оставам институциите да кажат дали е од храната или од нешто друго. Како што знам од Агенцијата за храна и ветеринарство ги прават тие неопходни испитувања, и апелирам да почекаме да не даваме суд. Денеска син ми е веќе подобар, и очекувам од понеделник да се врати на училиште“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Мицкоски: Покачувањето на пензиите го подига животниот стандард, Уставниот суд ќе покаже дали има поинакви намери

„Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка и оти судијата известител ставил потпис на конечниот извештај со кој се укинува линеарното зголемување на покачувањето на пензиите за пензионерите од следниот месец“, вели премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот Мицкоски потенцираше дека со линеарното зголемување на пензиите како Влада сакале да го подобрат животниот стандард на околу 330.000 пензионери, но како што рече Уставниот суд ќе покаже дали има поинакви намери.„Дали тоа ќе се случи ќе видиме наскоро, дали сум бил во право, дали информацијата била точна или не. Многу скоро ќе добиеме одговор. Јас би сакал да не сум во право. Еве посакувам да не сум во право, но што ако сум во право? Тогаш кој е тој што прави хаос и кој свесно удира по стандардот на пензионерите. Владата со тие мерки сакаше да го подобри стандардот на повеќе од 330 до 350 илјади пензионери. Некој друг има поинакви намери“, дециден е премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

nino

Финансиска раководителка на денешното рочиште за „Онкологија 2“: „По ковид-карантинот ми беа одземени ингренциите“

Судењето за „Онкологија 2“ продолжи со исказ на раководителката на финансиско-сметководственото работење на Клиниката, која опиша сериозни промени во управувањето со финансиските процеси од крајот на 2019 и почетокот на 2020 година.Таа изјави дека по враќање од ковид-карантин затекнала дека клучниот дел од нејзината работа – подготовката на налозите за плаќање – бил преземен од друга вработена без официјално решение. „Ми беа одземени ингеренциите“, рече сведокот.Во исказот посочи дека до ковид-периодот Клиниката немала долгови и дека со обвинетиот медицински директор Нино Васев имале коректна соработка. Подоцна, како што наведе, финансискиот притисок растел, а Клиниката се соочила и со две тужби од економски оператори, од кои една со камата од речиси еден милион евра, што довело до блокирање сметки.Таа потврди дека редовно доставувала финансиски извештаи до Министерството за здравство и Фондот за здравство, и дека му предложила на раководството писмено да побара зголемување на буџетот поради раст на бројот на пациенти.Одбраната на Васев приговори на новоподнесената документација, по што Судот наложи Обвинителството да достави копии за да може да се спроведе вкрстено испрашување. Новото рочиште е закажано за 11 декември.

Македонија | пред 2 месеци

bolnica-stip

Син кршел инвентар по смртта на татко му во болницата во Штип: Приведен 29-годишник

На 27.11.2025 во 00:05 часот во Клиничката болница во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ј.А.(29) од с.Таринци, општина Карбинци. Претходно, во болницата за лекарска помош бил донесен неговиот татко В.А.(54), но и покрај пружената помош, В.А. починал.Кога Ј.А. пристигнал во болницата, но и откако од страна на медицинскиот персонал му било кажано дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон нив и искршил стакла и други делови од инвентарот. За настанот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а по целосно документирање на случајот против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydhofmdqf75lqeb9vQm6

СДСМ зборува за нов корупциски скандал: Наместо лозарите, финансиска поддршка од 10 денари по килограм за винариите

На прес-конференција на Комисијата за земјоделство на СДСМ, партискиот претставник Александар Димитриевски изнесе обвинувања дека Владата донела одлука за финансиска поддршка на винариите од 10 денари по килограм откупено грозје, што, според партијата, претставува сериозен ризик од корупција и е на штета на лозарите.Според Димитриевски, на 25 ноември на владина седница била усвоена измена на програмата за интервентниот фонд со која се воведува нова мерка – финансиски надоместок за откупувачите на грозје, а не за производителите. Одлуката, како што тврдеше тој, сè уште не е објавена во „Службен весник“.Партијата предупреди дека мерката е ограничена исклучиво за грозје откупено во периодот 17 септември – 31 октомври 2025 година и дека би ја користел мал број вински визби. Димитриевски оцени дека се работи за значителни средства во висина од неколку десетици милиони денари, кои би биле распределени кај ограничен број корисници.СДСМ го праша министерот за земјоделство Цветан Трипуновски врз основа на каква анализа е донесена мерката и дали е усогласена со секторските групи и со претставниците на производителите. Партијата побара и појаснување дали однапред е познато кои винарии ќе ја добијат поддршката.На пресот беше наведено дека оваа одлука следи по претходното одбивање да се утврди производствената цена на сортите Вранец и Смедеревка, како и по одбивањето на предлогот на СДСМ за дополнителна поддршка од 3 денари за лозарите. Од партијата оценуваат дека земјоделските субвенции се недоволни и дека повеќе категории земјоделци остануваат без поддршка.СДСМ побара Владата да ја повлече мерката и ги повика Антикорупциската комисија и Обвинителството да ги испитаат околностите под кои е донесена. Според партијата, станува збор за потенцијална злоупотреба на буџетски средства со која се фаворизираат одредени откупувачи на сметка на лозарите.Од Владата и Министерството за земјоделство засега нема официјална реакција на овие обвинувања.

Македонија | пред 2 месеци

izlea-reka

УХМР алармира: Има опасност од излевање на Пчиња, Брегалница, Лепенец, високо е нивото на Вардар

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави и апелира на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, пред сè на оние во југоисточните, источните и североисточните делови на земјата.,,Во текот на ноќта имаше значително зголемување на водостоите во југоисточниот, источниот и североисточниот дел од земјата. Висок водостој моментално има во сливот на река Брегалница вклучително и нејзините притоки, во сливот на Крива и на Пчиња, како и во сливот на река Струмица заедно со притоките и суводолиците во рамки на нивните сливови. Во текот на денешниот ден се очекува да останат високи водостоите во посочените сливови, а на поединечни места можно е да има локални излевања или заезерувања на водата”, соопшти УХМР. Според хидролошките мерења, високо е нивото на водата во реката Вардар во горниот дел од течението.,,Во западниот дел од земјата се очекува помал прираст на водостоите поради студеното време во тој регион и поради тоа што на планините врнежите ќе бидат во вид на снег. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во земјата пред сè на оние во југоисточните, источните и североисточните делови на земјата”, алармира УХМР.

Македонија | пред 2 месеци

uciliste-skolo-klup-2

Водата не е причина за труењето на децата во ООУ „Димо Хаџи Димов“: ЈП Водовод излезе со резултати од анализите

Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Карпош е санитарно исправна и може непречено да се употребува, покажаа резултатите од вонредниот надзор што го изврши ЈП „Водовод и канализација“.Анализите беа направени по итна постапка откако голем број ученици се пожалија на стомачни тегоби, а дел од родителите се сомневаа во квалитетот на водата бидејќи некои од заболените деца воопшто не јаделе во училишната кујна.Секторот за санитарна контрола зел четири примероци од две локации – училница и кујна, за физичко-хемиска и микробиолошка анализа.„Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење… при што констатираме дека водата во ООУ ‘Димо Хаџи Димов’ во Општина Карпош е санитарно исправна и може непречено да се употребува“, соопштија од претпријатието.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања