ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

media-library0k8j0qk3a96r1NMCLvw

За камиони со калливи гуми глоба од 1.300: Општина Аеродром ја казни и фирмата и управителот

Општина Аеродром изрече вкупна парична казна од 1.300 евра на една градежна фирма поради непочитување на Законот за јавна чистота. На правното лице му е изречена глоба од 1.000 евра, а на управителот дополнителни 300 евра.Казната следи по инспекциска контрола на локација кај Полициската станица Аеродром во Ново Лисиче, каде што било утврдено дека од блиското градилиште во сообраќај се приклучувале камиони со нечисти гуми. Според општинските служби, со тоа се предизвикувало ширење нечистотија и се нарушувала животната средина, што е спротивно на законските правила.Од Општината нагласуваат дека нема да толерираат вакво однесување и дека секое непочитување на обврските за одржување на јавната хигиена ќе биде санкционирано.Во следниот период, Аеродром најавува поинтензивни контроли на сите активни градилишта. Инспекторите ќе проверуваат дали инвеститорите ги спроведуваат мерките за заштита на животната средина, дали ги одржуваат градилиштата чисти и дали избегнуваат зафаќање на јавни површини при изведба на работите.Општината апелира до фирмите и граѓаните да ги почитуваат прописите, со порака дека само со дисциплина и одговорност може да се обезбеди чиста и безбедна урбана заедница.

Скопје | пред 2 месеци

media-library7tosqgkar7402KRoUt1

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за нерегуларности околу грант од 1,4 милиони евра за „Мамас“ и бара истрага од ЈО

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со соопштение во кое упатува серија обвинувања за, како што наведуваат, можни злоупотреби во доделувањето на грантови и постапките во аграрниот сектор во периодот на владеење на СДСМ. Според опозициската партија, компанијата „Тргопродукт“ – позната по брендот „Мамас“ и во сопственост на семејството Заеви – во 2022 година добила грант од 1,4 милиони евра преку ИПАРД-програмата, што тогаш претставувало втор најголем доделен грант во рамки на оваа програма.Партијата тврди дека грантот следел по, како што наведуваат, „отпишување на жито вредно 800.000 евра“ во претходниот период. Од ВМРО-ДПМНЕ го поврзуваат тогашниот премиер Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за земјоделство Љупчо Николовски со, според нив, „взаемни услуги“ и „криминални шеми“.Опозицијата бара Јавното обвинителство да отвори постапка и да ги испита, како што наведуваат, сите околности поврзани со доделувањето на средствата и евентуални злоупотреби. „ЈО треба да постапи и да ги истражи случаите“, стои во соопштението.Во него, ВМРО-ДПМНЕ дополнително наведува дека Николовски и Филипче се дел од „коруптивна структура“ и дека, според нив, СДСМ не може да се профилира како конструктивна опозиција без „расчистување со компромитирани кадри“.Надлежните институции засега не реагирале на тврдењата, а никој од споменатите не се огласи со став.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryoac1qd5bltse50MLE72

Могерини стана најголемиот проблем за Фон дер Лајен – истрагата за измама отвори нова криза

Урсула фон дер Лајен се најде пред најтешкиот тест од преземањето на нејзиниот втор мандат на чело на Европската комисија: случај за наводна измама што вклучува две високи фигури од Брисел ѝ се заканува да се претвори во институционален земјотрес со потенцијал да ја разниша довербата во ЕУ.Само година по реизборот, Фон дер Лајен веќе беше под притисок поради критики за недоволна транспарентност и напнати односи со надворешнополитичкото крило на Унијата. Сега, новата истрага отвора прашање дали ќе успее да се дистанцира од скандал чии корени водат до нејзините први години во ексекутивата.Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител во вторникот објави дека поранешната прва дипломатка на ЕУ, Федерика Могерини, и високиот европски службеник Стефано Санино се приведени како дел од истрага за спорен тендер од 2021–2022 година за основање дипломатска академија на Колеџот на Европа, каде Могерини моментално е ректор.Обвинителството соопшти дека постојат „силни сомнежи“ дека постапката за јавни набавки не била спроведена фер и дека, доколку се потврдат фактите, случајот може да имплицира измама, корупција, судир на интереси и нарушување на службената тајна.Овој развој веднаш го активираше најостриот политички фронт против Фон дер Лајен. Критичарите искористија момент за да бараат ново гласање за недоверба. „Кредибилитетот на нашите институции е во прашање,“ предупреди Манон Обри, копретседателка на групата Левица во Европскиот парламент.Ако обвинувањата се потврдат, би станало збор за најголемиот скандал во Брисел по масовната оставка на Комисијата на Жак Сантер во 1999 година, пишува Политико.Могерини, која ја предводеше Европската служба за надворешни работи од 2014 до 2019 година, и Санино, кој беше нејзин генерален секретар од 2021 до оваа година, сега се во фокусот на истрагата.Санино, кој неодамна премина на висока позиција во Комисијата на Фон дер Лајен, веќе беше под лупа поради начинот на кој се одвиваше неговиот премин од ЕЕАС кон Комисијата.Скандалот доаѓа во момент кога Европската унија се обидува да демонстрира стабилност и единство, а истрагата – и политичката бучава што ја придружува – ризикува да го втурне Брисел во криза со непредвидливи последици.

Свет | пред 2 месеци

media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Поради здравствени проблеми, премиерот Мицкоски денес нема да се појави на македонско–српскиот бизнис форум

Премиерот Христијан Мицкоски утрово ја откажа својата агенда и нема да присуствува ниту да се обрати на големиот македонско–српски бизнис форум што во текот на денот ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Владиниот портпарол соопшти дека причината е здравствена, но не се посочуваат дополнителни детали.И покрај отсуството на премиерот, настанот ќе се одвива според предвидената програма. На форумот ќе учествуваат над 200 компании од двете држави, со повеќе од 300 претставници од приватниот сектор, со цел да се отворат нови економски канали и да се забрза соработката.Пред почетокот на форумот, во зградата на Владата ќе биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу Северна Македонија и Србија. Документот ќе го стават потписите заменик-претседателот на македонската Влада и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, и српската заменик-претседателка на Владата и министерка за економија, Адријана Месаровиќ.Стоилковиќ и Месаровиќ вчера ги посетија „Пекабеско“ и винаријата „Камник“, каде што во изјави за медиумите посочија дека потенцијалот за продлабочување на економските врски е значително поголем од досегашните резултати. Особено е нагласен просторот за раст во прехранбената индустрија и плановите за зголемување на билатералната размена.Иако годинава е забележано зголемување на трговската размена меѓу двете земји, функционерите на двете влади се согласни дека реалните можности се многу пошироки и дека само дел од нив е искористен.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvvoq1g14ci7nbnz9KeW

Кичевски за „распадот“ на СДСМ го обвинува Филипче: „Коцкарот кога губи, посегнува и по последното што го поседува, а тоа е неговиот дом“

Внатрепартиските тензии во СДСМ добија нова димензија откако поранешниот висок функционер Васко Кичевски јавно го обвини лидерот Венко Филипче дека со последните политички потези ја влече партијата во опасна зона.Според него, начинот на кој се води СДСМ не наликува на демократска организација и личи на управување мотивирано од личен опстанок, а не од интересот на членството. Кичевски смета дека Филипче се наоѓа во улога на човек кој очајнички се обидува да се одржи на позицијата и при тоа ги префрла вините за неуспесите на сите други околу себе.„Коцкарот кога губи, посегнува и по последното што го поседува, а тоа е неговиот дом,“ предупредува тој, алудирајќи дека Филипче ја става партијата на коцка само за да се зачува лично. Во неговата анализа, лидерот на СДСМ е соочен со две можни патеки, но ниту една не носи стабилност. Првата е да се обиде да постигне договор со различните струи во партијата, но тогаш, како што вели Кичевски, Извршниот одбор би останал суштински ист и „диригентската палка, се разбира, нема да биде кај Венко“.Втората опција е Филипче да формира автономен Извршен одбор составен според негови мерки и без влијание на внатрешните групации, но тогаш ризикува да остане без кворум во Централниот одбор, што практично би ја блокирало способноста на партијата да носи одлуки. Кичевски дополнително укажува дека последните чекори на раководството само го разголиле суштинскиот проблем: отсуство на демократски механизми и концентрација на моќ без контрола. „Потегот што го повлече Венко уште еднаш покажува дека СДСМ е султан-партија и нема никаква врска со демократска партија,“ вели тој, инсистирајќи дека моделот на функционирање мора да се промени од темел. Како излез, Кичевски смета дека измената на Статутот е неопходна и итна, бидејќи само со сериозна реформа партијата може да го врати демократискиот капацитет и да спречи понатамошно продлабочување на кризата што, според него, веќе станува егзистенцијална.

Македонија | пред 2 месеци

kremlj-moskva

Москва и Вашингтон без напредок, мировната формула за Украина засега нема успех

Мисијата на американските пратеници во Москва заврши без договор. Посетата на Стив Виткоф, главниот преговарач на Доналд Трамп, и Џаред Кушнер, што требаше да внесе брзина во мировните разговори за Украина, само ја истакна длабоката дистанца меѓу двете страни. Пет часа разговори со Владимир Путин не беа доволни за да се затвори ниту едно од спорните прашања.Според Кремљ, средбата била „работна и отворена“, но американскиот предлог – веќе преработуван неколку пати на барање на Киев и европските држави – сè уште содржи точки што Русија ги смета за недозволиви. Американската делегација не даде ниту една изјава по напуштањето на Москва.Неколку часа пред средбата, Путин испрати најостра порака до европските лидери во последните месеци. Тој ги обвини дека живеат „под илузија“ дека Русија може да биде стратешки поразена и повтори дека Москва „не планира војна со Европа“, но дека ќе реагира ако европските држави „ја отворат таа врата“.Овие пораки го засилија впечатокот дека Кремљ сака поголема дистанца од европските модификации на американскиот план, кои Киев ги турка како услов за прифатлив договор.Русија и Украина остануваат најдалеку токму таму каде што е тешко да се најде компромис: контрола на териториите и идните безбедносни гаранции. Москва инсистира Киев да се откаже од дел од својата територија, а Украина бара гаранции што би ја спречиле нова руска офанзива – вклучително и гаранции што Кремљ ги смета за провокација.Европските партнери, пак, имаат свои, често различни позиции за тоа што е прифатлив мир, па мировниот документ се менуваше неколку пати во само неколку недели. Кремљ призна дека има делови што можат да бидат основа за договор, но високите руски претставници велат дека компромис „сè уште не е видлив“.

Свет | пред 2 месеци

Penzioneri

Пензиите се исплаќаат редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени.„Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментот важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од судот“, стои во соопштението.Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации и додава дека каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5a726e6tnk13dKOtx6T

Михаил: „Ја изгубив Бојана, го изгубив пријателот“

На денешното рочиште за трагедијата во „Пулс“, адвокатката на обвинетиот Михаил Јованов, Ивана Гоцева, изјави дека обвинителниот акт против нејзиниот клиент е правно неоснован и дека Обвинителството не приложило ниту еден доказ што укажува на негова конкретна улога во настаните.Гоцева оцени дека обвинението е во спротивност со основните принципи на кривичната постапка, нагласувајќи дека товарот на докажување секогаш е на страна на обвинителството.„Одбраната нема обврска да докажува невиност. Но во оваа ситуација сме ставени во позиција да го правиме токму тоа,“ рече таа, укажувајќи дека се очекува судот да одлучи по начелото in dubio pro reo ако нема докази за вина.Според Гоцева, единствената причина поради која Јованов се најде меѓу обвинетите е неговата семејна поврзаност со сопственикот на клубот – Дејан Јованов.Одбраната тврдеше дека Обвинителството ја довело јавноста во заблуда со селективно споделување дел од доказите, што – според Гоцева – дополнително го оптоварило Михаил, кој веќе се справувал со сериозни психички последици. Таа потсети дека Јованов ја загубил својата партнерка Бојана и најблизок пријател во трагедијата и дека по настанот работел со стручен тим за да ги надмине суицидните мисли.Одбраната: Нема докази дека учествувал во работата на клуботОдбраната наведе дека во периодот од 2020 до 2025 година нема ниту еден показател дека Михаил бил вмешан во работењето на правното лице.Според доставените податоци, тој:од 2017 до 2021 година бил редовен студент на УКИМ и живеел таму,по студиите отворил сопствена фирма „Карго бит ДООЕЛ Кочани“,не бил ниту сопственик ниту управител во клубот,не добил никакви овластувања од неговиот татко да презема дејствија во име на фирмата.Гоцева истакна дека самото присуство во клубот не го прави лице одговорно за работата на објектот, ниту го става под каква било законска обврска да презема мерки за заштита.Спорно обвинение за „заедничко договарање“Одбраната реагираше и на второто дело за кое Јованов се товари, кое – според нив – претставува незаконски мултиплицитет, бидејќи станува збор за исто кривично дело. Според обвинението, Михаил наводно учествувал во организирањето на настан во клубот и заедно со други лица договорил употреба на пиротехника.Гоцева категорично негираше дека тој имал било каква улога во тоа, истакнувајќи дека не бил присутен кога пиротехниката била внесена, ниту бил обврзан да знае за тие активности.Видео-докази: на работа до по полноќОдбраната најави дека ќе приложи видео-снимки од надзор кои, според нив, потврдуваат дека на 15 март 2025 година Михаил бил во својата фирма, а во клубот влегол дури по 2 часот и 5 минути по полноќ – по настанот.„Прашањето е едноставно: кое дејствие го презел за да се загрози безбедноста и да настане пожар?“ рече Гоцева, заклучувајќи дека за членовите на обвинението не се исполнети основните елементи на кривично дело.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjtl9hs4r4c693DGZpa6

(Видео) Петтообвинетата инженерка Милка Едровска до одбраната на газда Деко: „Никогаш не сум работела на ентериерот на ‘Пулс’“

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, инженерот Милка Едровска – петтообвинета во постапката – ја отфрли одговорноста која ѝ се става на товар. Таа тврдеше дека нејзината работа била ограничена само на сообраќајното решение и дека немала никаква улога во внатрешното уредување на дискотеката.Едровска јавно ја повика одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко да потврди дека од неа никогаш не бил побаран комплетен проект.„Дејан нека каже дали некогаш од мене побарал целосен проект“, рече таа во судницата, нагласувајќи дека нејзината работа не се однесувала на избор на материјали или на безбедноста на објектот.Таа изјави дека не стои зад изведбата на ентериерот:„Не сум изготвила проект за внатрешното уредување и не сум учествувала во избор на материјали во објектот.“Во однос на нејзината улога, додаде дека единствениот ангажман што го имала бил поврзан со сообраќаен дел од документација:„Не сум вршела надзор, ниту сум била присутна на терен. Бев ангажирана само во 2012 година, кога проектот беше завршен и од мене беше побарано исклучиво сообраќајно решение.“Застапникот на Едровска претходно посочи дека ентериерниот проект наводно бил изработен од друг архитект кој воопшто не е дел од обвинението.Инаку, според обвинителниот акт, Едровска се сомничи за „Тешки дела против општата сигурност“, при што обвинителството наведува три точки:-дека изготвила документ наречен „Основен проект“ кој не ги содржел задолжителните проектни целини (статика, електрика, механика, противпожарна заштита);-дека во 2023 година, без теренски увид, ја ажурирала документацијата само со промена на датум и насловна страница, по што проектот бил користен за добивање дозвола;-дека подготвила сообраќајно решение во кое паркинг-местата биле прикажани на дел што се води како државно земјиште.Судењето продолжува со излагањата на останатите обвинети.

Македонија | пред 2 месеци

Sobranie-zgrada

Прво Буџетот за 2026, потоа избор на нови министри

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на редовниот брифинг со новинарите, информираше дека седницата за разрешување на министерот за евроинтеграции, Орхан Муртезани, и изборот на новите министри, ќе се одржи по завршувањето на седницата за Буџетот за 2026 година, поточно меѓу 15 и 18 декември. Сепак, доколку друго биде договорено, тој не ја отфрли можноста тоа да се случи и порано.Владата ги предложи Муамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за европски прашања.Гаши напомена дека пред оваа седница планира да се одржи седница за опозициски прашања, со цел во Собранието да бидат присутни сите, и премиерот и сите министри.За 9ти декември е закажана 72та седница на која ќе започне деловнички предвидената петдневна дебата за Буџетот за 2026 година.Истиот ден е е закажана и седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, по претставка на Здружението 16 март 2025 Кочани. На оваа седница се повикани родители и роднини на загинатите во трагедијата во Кочани.На координацијата вчера Гаши побарал од координаторите на пратеничките групи и предлагачите на двете анкетни комисии поврзани со трагедијата во Кочани и тоа на СДСМ, Левица и ДУИ и другата на владејачкото мнозинство, со која се предлага да се разгледуваат освен Кочани и другите претходни трагедии со Модуларната болница, Дурмо турс и Ласкарци, да пробаат да се договорат за да има само една ваква комисија.Се уште нема одговор од пратеничките групи за неговиот предлог.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

Ги паркираа тракторите на Евзони - грчките земјоделци и денеска протестираат

Граничниот премин Евзони денеска повторно е непрооден, откако грчки земјоделци точно напладне ги поставија своите трактори и машини на влезот и излезот од Грција.Блокадата се проширува – во регионот Пеонија се собраа над 150 земјоделски возила, а на терен пристигнуваат нови групи учесници.Ситуацијата беше проблематична и вчера: прво беше ограничено движењето за камиони, а неколку часа подоцна беше запрено и секое друго возило. Блокадата траеше до околу полноќ, кога преминот накратко беше деблокиран.Земјоделски протести се пријавуваат и на други локации во Грција. Сообраќајни прекини има кај патарината на излез од Солун кон Атина, како и на делниците во близина на Лариса и Кардица, каде што исто така се распоредени трактори.

Македонија | пред 2 месеци

media-library9h2ejb0ur8i184wyUYq

Федерика Могерини уапсена во Брисел за финансиски измами

Белгиската полиција во Брисел ја приведе Федерика Могерини, поранешна висока претставничка на Европската унија за надворешна политика и актуелен ректор на Колеџот на Европа, пренесуваат белгиските медиуми.Приведувањето е дел од поширока истрага која ги опфаќа Колеџот на Европа и Европската служба за надворешни активности (ЕЕАС), а се однесува на сомнежи за измама и финансиски неправилности поврзани со работата на институциите.Медиумите јавуваат дека истражителите испитуваат можни нерегуларности во проектите и финансирањето, но засега не се откриваат конкретни детали за природата на наводните злоупотреби.Белгиските власти соопштија дека истрагата е во тек и дека информации ќе бидат објавени откако ќе се утврдат релевантните факти.

Свет | пред 2 месеци

media-librarys3droijois4v65fZo5A

„Седам во четири ѕида и секој ден ја преживувам кобната ноќ“, кажа газда Деко во судницата во Идризово

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, сопственикот Дејан Јовановски – Деко се изјасни дека не е виновен за обвиненијата за тешки дела против општата сигурност. Во своето обраќање пред судот, тој даде подолга изјава, наведувајќи дека и самиот сè уште се справува со последиците од трагедијата во која загинаа 63 лица.„До ден денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер“, изјави Јовановски. Тој додаде дека цели девет месеци е во притвор „во четири ѕида“ и дека секој ден го минува со истата мисла: „Секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ.“Јовановски зборуваше со треперлив глас, а на моменти со солзи во очите. „Не можам да поверувам што се случило таа ноќ“, рече тој.Во продолжение тој нагласи дека никогаш не би дозволил неговиот клуб да претставува опасност за гостите:„Јас како човек и како родител, каде што се собираа сите млади и моите деца, да бидам способен да дозволам да фали нешто? Зарем сериозно мислите дека доколку би знаел дека фали нешто, не би презел се за да се отстрани навреме?“Тој посочи дека во клубот низ годините израснале десетици генерации и дека сите што го познаваат знаат „колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“.„Од срце и од душа сакам да изразам сочувство до сите фамилии што имаат починати, а на повредените оздравување. Затоа што ја знам нивната болка и тага, затоа што и ние во нашата фамилија имаме починат и повреден член“, додаде тој.Во одбраната го спомена и неговиот син Михајло, кој е обвинет во предметот. „Мојот син Михајло е обвинет бидејќи тој немаше никакви обврски и активности ниту пак допринел кон тоа што се работеше на клубот. Тој имаше негова фирма за дистрибуција, си ги работеше неговите работни обврски со неговата фирма и си беше нормален гостин како и сите“, рече Јовановски.Со денешното изјаснување на првообвинетиот продолжува судскиот процес за утврдување на одговорноста за најголемата трагедија од ваков вид во земјата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrhb6irvep40p8eGFCr8

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендери во вредност од 9 милиони евра

СДСМ денеска достави пријава до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во врска со државни тендери во вредност од околу 9 милиони евра. Од партијата информираа дека со пријавата се приложени документи и материјали кои изминатите денови ги објавија на прес-конференции.Пред поднесувањето на пријавата, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека партијата реагира по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој во телевизиско гостување порача дека институциите треба да постапат доколку има основ за сомнеж.Огњеновиќ истакна дека, според нивните сомневања, фирма основана пред една година со двајца вработени добила повеќе државни договори во значителна вредност, од кои голем дел се склучени со Генералниот секретаријат на Владата.„Нашата обврска беше да ги доставиме сите материјали до институцијата што е надлежна да утврди дали има елементи на корупција“, рече Огњеновиќ. Тој додаде дека од ДКСК очекуваат да отвори предмет и да ги испита околностите поврзани со доделените договори.Од СДСМ најавуваат дека ќе продолжат да ги доставуваат сите документи со кои располагаат, а од институциите бараат, како што велат, „целосна проверка и постапување согласно закон“.Од Владата засега нема реакција на поднесената пријава.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-01-22-at-09.31.58

Вучиќ: „САД не дадоа дозвола за НИС, но Србија обезбеди доволно гориво до крајот на јануари“

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека САД не ја одобриле лиценцата што Србија ја очекуваше за продолжување на снабдувањето со нафта преку рафинеријата во Панчево, управувана од „НИС“.„Не добивме позитивен одговор“, изјави тој, објаснувајќи дека државата во меѓувреме отворила нови увозни канали и дека снабдувањето со гориво е стабилно.Вучиќ нагласи дека проблемот не е во количините, туку во логистиката на испораките, но увери дека до крајот на јануари Србија ќе има доволно гориво и нафтени деривати.Тој додаде дека Владата ќе одржува дневни состаноци, а јавноста ќе добива информации „на секои два дена“. Според него, процесот треба целосно да се затвори до 15 јануари.Русија и ЈАНАФ како дополнителни пречкиГоворејќи за улогата на Руската Федерација, Вучиќ посочи дека Москва не сака да продава нафта, што, како што рече, „е нивно право како сопственици“, но дека тоа создава сериозни потешкотии за Србија.Дополнителен проблем е и ЈАНАФ, кој – според Вучиќ – не дозволил транспорт на нафта што била наменета за српските стоковни резерви, а не за рафинеријата во Панчево.„Не поверуваа дека нафтата нема да заврши кај НИС“, рече тој, додавајќи дека Србија дури понудила ЈАНАФ да врши свој мониторинг на пратката, но понудата била одбиена.Вучиќ потсети дека веќе 54 дена се во сила санкциите што влијаат врз снабдувањето, но дека Србија во тој период не се соочила со недостиг, што, како што рече, е резултат на „интензивната работа на државните институции“.Паралелно, неизвесност и околу договорот за гасВо однос на гасот, Вучиќ изјави дека ако до петок не се постигне договор со тековниот партнер, Србија ќе започне нови преговори во понеделник со алтернативни снабдувачи.Според него, државата обезбедила финансиски средства за таа можност, за да се гарантира сигурноста во снабдувањето.

Свет | пред 2 месеци

media-library977ma44q1g0b6gvbJCW

Преживеан од пеколот во „Пулс“ со преврзана глава се соочи со Деко во судницата

На денешното, трето рочиште за случајот „Пулс“ во Идризово, како оштетен се појави едно од лицата повредени во пожарот, со завои на главата.Пред новинарите рече дека се приклучува кон кривичниот прогон против обвинетите и дека надоместот за нанесената штета ќе го бара во граѓанска постапка.Ова е прво рочиште на кое оштетените директно се соочија со првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката.Според податоците што ги достави обвинителството, вкупно 222 лица биле повредени во пожарот: 157 со тешки телесни повреди и 65 со телесни повреди.Обвинителството најави дека во доказната постапка ќе бидат внесени и дополнителни медицински документи, дел од нив пристигнати подоцна, а дел преведувани во изминатиот период.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybj4vqtkeh47md9D8HmG

Десет лица завршија во болница по протестите во Софија, но никој не е тешко повреден

По масовните протести што вчера ја зафатија централната зона на Софија, здравствените служби соопштија дека нема тешко повредени лица, иако десет граѓани биле пренесени во болница на дополнителни прегледи.Портпаролката на Центарот за итна медицинска помош, Каја Сунгарска, за бугарската агенција БТА изјави дека ниеден случај не барал итна животоспасувачка интервенција. Медицинските тимови работеле на терен цела вечер, при што биле регистрирани вкупно 22 интервенции.На протестот биле ангажирани 11 амбулантни возила, а уште три биле ставени во готовност и подоцна приклучени во операцијата. Екипите на лице место прегледале девет лица, кои веднаш добиле соодветна медицинска грижа.Незадоволните граѓани вчера ги исполнија просторот пред Претседателството, Народното собрание и Владата, а протестни собири имаше и во други градови низ Бугарија.Демонстрациите беа насочени против предлог-буџетот за 2026 година, чиј предлог лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, одби да го повлече од парламентарна процедура.Организатор на протестите беше коалицијата „Продолжаваме промяната – Демократична България“.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvmv8180tplhi9qrlRVt

Левица поднесе иницијатива: „Децата на Газа“ како одговор на израелскиот парк

Советничката група на Левица поднесе иницијатива Општина Аеродром да ја прифати скулптурата „Децата на Газа“ од Никола Пијанманов, кој преку објава на социјалните мрежи делото го донираше на Општина Аеродром.„ Оваа скулптура од железо ја донирам да биде поставена како споменик во новиот детски парк во Аеродром кој е донација од Израел. Постаментот нека го донира општината. Скулптурата се вика ’Децата на Газа’“, напиша Пијанманов на социјалните мрежи.Со оваа изјава, истиот ден кога градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во Аеродром, го отворија детскиот парк дониран од Израел, уметникот Пијанманов ја понуди својата скулптура како симболичен одговор и повик за сочувство кон децата во Газа.Од советничката група на Левица, пак, посочуваат дека додека се прифаќа „израелски парк за деца“ не смее да се молчи за страдањата на децата во Газа. Тие нагласуваат дека поставувањето на скулптурата би била јасна порака дека Аеродром зазема страна на човечноста, животот и достоинството.Според иницијативата, скулптурата „Децата на Газа“ треба да биде поставена како спомен – обележје во новиот парк, а од општината се бара да го обезбеди постаментот. Од Левица додаваат дека делото не е само уметнички чин туку и потсетник на невините жртви и повик за солидарност.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryopa924tfonj971tBhjJ

„Воените туристи“ во „Сараево сафари“ плаќале до 300.000 евра – убиено дете било најпосакуваниот трофеј

Германскиот весник Frankfurter Sonntagszeitung објави текст со нови детали за „Сараево сафари“ и делови од разговор со италијанскиот новинар и писател Ецио Гавацени. Статијата започнува со наводи од поранешниот американски маринец и пожарникар Џон Џордан, кој прв сведочеше за „туристите снајперисти“ во февруари 2007 година пред Хашкиот трибунал. Транскриптот од неговото сведочење е јавно достапен.„Џордан повеќепати во Сараево видел мажи кои му го привлекле вниманието со облеката, оружјето и фактот што локални луѓе ги придружувале. Некои носеле пушки кои повеќе одговарале на лов на диви свињи во Шварцвалд отколку на борбена зона во град. Јасно се гледало дека не се обучени да се движат низ урнатини. Истото, како што вели, му го потврдил и соработник од подрачјето на Мостар.По сведочењето на Џордан за „туристите снајперисти“ следело: ништо. Можеби затоа што приказните за Канаѓани, Руси, Германци, Швајцарци и Италијанци кои со ловна опрема доаѓале во Сараево и плаќале огромни суми на српските паравоени единици за да одат во лов на луѓе долго време се сметаа за урбана легенда“, пишува Frankfurter Sonntagszeitung (FAS).„Воените туристи продолжиле и во 1994 и 1995 година“Весникот потоа се осврнува на досието кое италијанскиот новинар Гавацени, заедно со својот адвокат Никола Бриџида и поранешниот судија Гвидо Салвини, го предал на Обвинителството во Милано на 28 јануари 2025 година, а до кое FAS добил увид. „Таму се наведува дека станува збор за најмалку стотина ‘воени туристи’, кои меѓусебно се нарекувале ‘стрелци’ – иако попрецизен израз би бил сериски убијци.Наводно плаќале и до 300.000 евра (пресметано во денешна вредност): ‘Децата чинеле најмногу, потоа мажите (по можност во униформа и вооружени), потоа жените, а старците можеле да се убијат бесплатно’.Во документот се тврди дека италијанската воена разузнавачка служба во 1993 година била информирана за ‘воените туристи’ и дека неколку месеци подоцна соопштила оти ја идентификувала полазната точка на турите и ги запрела. Но дали тоа е точно? ‘Не, денес знаеме дека тоа не одговара на вистината. Излетите на фронтот продолжиле и во 1994 и 1995 година’, изјави Гавацени минатата среда во Милано“, пренесува германскиот весник.Гавацени, автор на книги за атентатите врз судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино – ловци на мафијата – и за атентатот врз папата Јован Павле Втори, во февруари треба да ја објави својата најнова книга со наслов „I cecchini del weekend“ („Викенд-снајперисти“). Netflix и Amazon веќе го контактирале – заинтересирани се за екранизација на делото, кое ќе го објави издавачката куќа Paper First.Што го шокирало најмногу?„Дека убиеното дете очигледно било најбараниот трофеј“, пишува Frankfurter Sonntagszeitung и продолжува: „За време на опсадата на Сараево, која започна на 6 април 1992 година и заврши на 29 февруари 1996 година, убиени се 11.541 лица.Меѓу жртвите имало 1.621 дете. Речиси секое семејство во градот има барем една жртва загината од граната или снајпер. Сараево е опколено со планини високи над две илјади метри, кои преминуваат во благи ридови. Снајперистите биле распоредени на тие ридови, со директен поглед кон улиците, плоштадите и становите. Други биле поставени на висококатници, над прочуената ‘Снајперска алеја’. Луѓето кои морале да излезат по вода или храна трчале по тротоарите или се засолнувале покрај оклопните возила на ОН.“

Свет | пред 2 месеци

media-librarybjtbjq5jjnl005BYvLe

Џејла Рамовиќ и бендот казнети со по 100 евра поради настапот без работни дозволи во Кичево

Основниот суд во Кичево изрече парични казни од по 100 евра за босанската пејачка Џејла Рамовиќ и нејзиниот придружен бенд, по прекршочната пријава што ја достави СВР Охрид.Интервенцијата се случила во вечерните часови на 29 ноември, кога полициски службеници од ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со пазарниот и трудовиот инспекторат, спровеле засилена контрола во угостителските објекти во градот. Настапот на Рамовиќ бил прекинат пред самото финале, а таа и четворицата музичари биле приведени бидејќи работеле без потребните дозволи.Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, го објасни случајот:„На 29/30.11.2025… при контрола на угостителски објект на магистралниот пат Кичево–Охрид, затекнати се Џ. Р. (23) како пејачка и К. Џ. (27), Е. П. (25), Ф. Ј. (28) и И. К. (24) како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, за што им е поднесена прекршочна пријава до Основен суд Кичево“, изјави Димоски.

Македонија | пред 2 месеци

299300548_1509089779544340_5740019662609878792_n

Угостителите во Скопје до Нова година мора сами да обезбедат контејнери за отпад – градот најави нулта толеранција

Скопските угостителски објекти до крајот на годината ќе треба самостојно да обезбедат контејнери за одлагање на сметот и да организираат редовно негово собирање. Ова го соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во синоќешното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, каде нагласи дека повеќе нема да има толеранција за непочитување на обврските.Ѓорѓиевски посочи дека меѓу Градот и угостителите ќе се склучуваат договори со јасно дефинирани задолженија за двете страни, со цел да се стави крај на нерегулираните практики.Во изјавата што ја повтори во студиото, тој беше недвосмислен:„Сите тие имаат дејност за која наплаќаат од граѓаните. Од друга страна, граѓаните си плаќаат за уредно да го одлагаат отпадот во контејнери. Не може некој да биде држен во сива зона“, изјави Ѓорѓиевски.Градот најавува дека контролите ќе се засилат, а угостителите кои нема да се усогласат со новите правила ќе се соочат со санкции.

Скопје | пред 2 месеци

putin-4124

Путин денеска разговара со Виткоф, ќе има ли напредок во мировните преговори за Украина?

Во насока на засилените дипломатски напори за запирање на војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин денеска попладне ќе го прими специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, во Кремљ. Посетата доаѓа по серија интензивни контакти меѓу Вашингтон, Киев и Москва, а во Москва се очекува да присуствува и Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и неформален советник во процесот.Средбата следува веднаш по дводневните консултации во Флорида, каде украински и американски претставници заеднички работеле на усовршување на мировниот предлог поддржан од администрацијата во Вашингтон. Планот се смета за поповолен за Москва, но украинскиот претседател Володимир Зеленски, иако разговорите ги оцени како конструктивни, предупреди дека остануваат „тешки точки“ кои мора да се расчистат.Рускиот напредок како рамка за денешната средбаРазговорите во Москва се одвиваат во момент кога руските сили контролираат повеќе од 19 отсто од украинската територија – околу 115.600 квадратни километри, што според Ројтерс е за еден процентен поен повеќе во однос на пред две години. Проукраинските мапи покажуваат дека 2025 година била период на најбрз руски напредок од почетокот на инвазијата, при што Москва тврди дека ги освоила Покровск и Вовчанск.Покровск, кој често се нарекува „портата кон Донецк“, е стратешка цел на руските сили повеќе од една година. Киев засега официјално не потврдил пад на ниту еден од градовите.Киев предупредува: безбедноста и територијалниот интегритет се црвени линииВо пресрет на состанокот Путин–Виткоф, Зеленски повтори дека Киев нема да прифати договор што ѝ носи награди на Русија за агресијата, нагласувајќи дека приоритети остануваат безбедносните гаранции, целосниот суверенитет и територијалната целина на државата.Украинскиот лидер, кој се наоѓа во Париз, посочи дека очекува разговор со Трамп веднаш по враќањето на Виткоф од Москва и дека новите модификации на мировниот предлог „се подобри од претходните“, но сè уште бараат работа.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Судење за „Пулс“: Обвинетите денеска се изјаснуваат за вина

Во големата судница во Идризово, денеска продолжува судењето за смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со клучната фаза – обвинетите да се изјаснат дали се чувствуваат виновни или не по наводите од обвинителниот акт.За трагедијата што на 16 март однесе 63 животи, а повреди повеќе од 210 лица, се гонат 35 обвинети и три фирми за тешки дела против општата сигурност, при што кривичното дејствие опфаќа период од 2012 година до денот на пожарот. На обвинителната клупа се сопственици и управители на дискотеката, лица од обезбедувањето, градежни и пазарни инспектори, поранешни градоначалници на Кочани, директори на ДЗС, поранешни министри и службеници, обвинети дека со години пропуштале да ги применат пропишаните безбедносни стандарди.По денешното изјаснување, според Законот за кривична постапка, следува фазата на воведни говори на бранителите и обвинетите. Прва се очекува да се обрати адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на првообвинетиот сопственик на „Пулс“, Дејан Јовановски Деко, како и на неговиот син Михаил Јовановски, трет обвинет и поранешен менаџер на дискотеката.Во процесот учествуваат повеќе од 40 адвокати, па судијката Диана Груевска Илиевска има можност да го ограничи времето за нивните излагања. Очекувањата се воведните говори да продолжат и на следното рочиште на 4 декември.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqpv0aevt0m2aamP2eRC

Владата и СЗО потпишаа петгодишна Стратегија за соработка во областа на здравството 2026–2030 година

Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателот на проф. д-р Владата, Христијан Мицкоски и д-р Аким Али, шеф на Канцеларијата на СЗО во нашата држава, денес потпишаа петгодишна Стратегија за соработка меѓу Владата и СЗО 2026–2030 година. На настанот со онлајн вклучување се обрати и директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.-Денешниот ден отвора ново поглавје во соработката со Светската здравствена организација, заеднички ја потпишавме нашата прва петгодишна Стратегија за соработка - документ кој е создаден заедно со сите институции и партнери и кој ќе ги насочи реформите во здравството до 2030 година. Стратегијата се фокусира на модернизација на примарната здравствена заштита, целосна дигитална трансформација, унапредување на здравствената заштита на мајките и децата, еколошкото здравје и климатската отпорност, согласно „зелената агенда“ на Владата. Исто така со оваа стратегија е опфатена и заштитата на ранливите групи, планирање на човечки ресурси во здравството, јавното здравје, здравствената безбедност и подобра подготвеност при кризни состојби. Стратегијата ни овозможува јасен план, партнерство и поддршка за заедничко реализирање на клучните реформи, посочи по потпишувањето министерот АлиуТој ја истакна одличната меѓусекторска соработка и поддршката од другите сектори. Оваа Стратегија го обединува целиот владин систем околу целите за здравје и благосостојба на населението.-Посебно сакам да се заблагодарам на СЗО и на сите министерства и партнери за нивниот придонес. Со оваа Стратегија го поставуваме темелот за посилно, помодерно и поправедно здравство за сите граѓани. Сето ова е симболична потврда на силната политичка волја, националната посветеност, и партнерството меѓу Владата и СЗО за спроведување на клучните здравствени реформи, истакна Алиу.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Возач нападнал 14-годишно момче, а неговата 16-годишна сестра ја одвел со возилото

51-годишна жена пријавила напад врз нејзините деца од страна на В. С кој управувал возило „опел“.На 30.11.2025 во 23:00 часoт во СВР Скопје, 51-годишна жена од Скопје пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син и нејзината 16-годишна ќерка влегле во патничко возило „опел“ управувано од В.С., кој во возилото физички го нападнал малолетникот и го оставил во населбата Сингелиќ, а со малолетничката заминал со возилото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања