„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Кристијан Ландов

media-libraryicikl4ejqk8r0rMNR9Y

Бронза за Македонија на Светскиот куп „King of Taekwon-do“ во Солун

Македонската Традиционална Таеквондо Федерација оствари значаен меѓународен успех на Светскиот куп „King of Taekwon-do“, кој викендов се одржа во Солун, Грција, каде што учествуваа над 1.400 натпреварувачи од 21 држава. Под водство на националниот тренер Саша Поповски, со поддршка од потпретседателот на МТТФ Зоран Парулески и судијата Христијана Парулеска, македонската репрезентација настапи со тројца натпреварувачи и се врати со историски медал.Најголемиот успех го постигна Владимир Димитриевиќ во спаринг категоријата сениори до -78 килограми, освојувајќи бронзен медал, кој воедно е и прв медал за МТТФ од Светски куп. И покрај повредата со која настапи поради напорниот натпреварувачки период, Димитриевиќ покажа висок квалитет и борбеност. Во елиминациската фаза го совлада претставникот од Грција, во четвртфиналето беше подобар од натпреварувач од Естонија, а во полуфиналето беше поразен од украинскиот претставник, со што ја заврши конкуренцијата на третото место.Добар настап имаше и Миа Танеска, која се натпреваруваше во категорија јуниори – црвен појас, форми, каде што конкуренцијата броеше 38 натпреварувачки. Таа се пласираше до четвртфиналето и го освои деветтото место, останувајќи чекор до борбата за медал. Во спаринг категоријата јуниори до +55 килограми, и покрај прикажаната борбеност, беше елиминирана во раната фаза.Со бронзата од Солун, Димитриевиќ ја заокружува 2025 година во ист стил како што ја започна – со историски успех во сениорска конкуренција. Овој резултат претставува важен исчекор за Македонската Традиционална Таеквондо Федерација и јасен показател за растот и потенцијалот на ИТФ таеквондо спортот во Македонија.На Светскиот куп требаше да настапи и Даниел Стојаноски, кој за првпат ќе ја претставува МТТФ во категорија кадети до -40 килограми, што дополнително ја потврдува насоката на Федерацијата кон подмладување и континуитет на меѓународната сцена.

Спорт | пред 2 месеци

wizzair-1-750x400

Скопје и Белград лидери во авијацискиот бум: Над 200.000 нови седишта во првиот квартал од 2026

Како што се приближува крајот на 2025 година, авијацискиот сектор во регионот влегува во една од најдинамичните фази во последната деценија. Првиот квартал од 2026 година носи значително зголемување на капацитетите на речиси сите аеродроми во поранешна Југославија, а апсолутни лидери во овој раст се Скопје и Белград, кои ќе додадат по повеќе од 200.000 нови седишта во однос на истиот период лани.Најголемиот двигател на експанзијата е нискобуџетниот авиопревозник „Виз Ер“, кој по период на реструктурирање агресивно ги враќа и проширува своите операции. Во Скопје, компанијата ќе додаде дури 286.124 нови седишта, што претставува најсилен индивидуален раст на еден аеродром во регионот. Во Белград, „Виз Ер“ ќе ја зголеми понудата за дополнителни 141.905 седишта, со што двата главни града стануваат клучни точки на регионалната авијациска карта.Растот не е ограничен само на најголемите центри. Зголемени капацитети ќе има и на аеродромите во Охрид, Тузла, Ниш и Бања Лука, што укажува на поширока регионална консолидација и враќање на патничката побарувачка.Загреб го зазема третото место по раст, но со поинаква структура. Таму приматот го презема националниот превозник Croatia Airlines, кој е во фаза на модернизација и проширување на мрежата и ќе додаде 65.678 седишта. За разлика од претходните години, Ryanair бележи поскромен раст од 11.960 седишта, додека Turkish Airlines ќе додаде 13.006 седишта, надминувајќи го ирскиот нискобуџетен превозник.На регионално ниво, во првиот квартал од 2026 година ќе бидат понудени вкупно 7.514.798 седишта на редовни летови, распоредени на 48.428 операции, што претставува раст од 20,9 проценти. Кога се гледаат дестинациите, Истанбул е апсолутен лидер, со најмногу седишта кон аеродромот Истанбул (IST), по што следуваат Цирих и аеродромот „Сабиха Гокчен“.Воедно, патниците ќе добијат пристап и до нови авиолинии. Од Скопје ќе се лета кон Ларнака и Прага, од Белград кон Тбилиси, Астана и Гренобл, а од Љубљана кон Гран Канарија, што дополнително го проширува изборот и ја зацврстува позицијата на регионот на европската авијациска мапа.

Македонија | пред 2 месеци

kacarska

(Видео) Кои судии и обвинители имале кариери како „цедевита на растворање“?

Во емисијата „Претрес“ се отвори остра и директна дебата за состојбата во правосудството, одговорноста на власта и очекувањата на граѓаните за правда. Разговорот меѓу новинарот Ландов и Андоновски се движеше од прашањето за политичко влијание врз судството, до конкретни имиња на обвинители и судии и нивниот брз кариерен напредок.Андоновски оцени дека во минатото постоеле „инстант брилијантни кариери“, споредувајќи ги со „цедевита на растворање“, алудирајќи на обвинители и судии чие напредување, според него, било директно поврзано со политички инструкции од тогашната власт. Се споменаа имињата на судијката Добрила Кацарска и обвинителката Вилма Русковска. Тој посочи дека јавно се зборувало за пресуди уште пред тие да бидат прочитани во суд, а дека пораките и насоките доаѓале од Владата, што, како што рече, подоцна се рефлектирало во кариерните скокови на поединци во правосудството.Ландов, од друга страна, директно го постави прашањето дали воопшто може да се зборува за вистинска правда, ако Владата не се соочи со, како што рече, „корумпираните обвинители и судии“. Тој потенцираше дека граѓаните не ја дале довербата на власта за да слушаат објаснувања дека судството е посебна власт, туку за да видат конкретни резултати и одговорност.Андоновски возврати дека обвинителството е засебна власт и дека секое директно мешање би било протолкувано како деспотизам. Според него, улогата на Владата не може да биде истовремено и судија и обвинител, но призна дека доколку обвинителството било поактивно, постапките ќе се одвивале побрзо и чувството за правда кај граѓаните ќе било поголемо.На прашањето дали се поднесени кривични пријави против конкретни обвинители и судии, Андоновски потврди дека во овој период нема нови пријави, иако, како што рече, претходно имало обиди. Засега, тие постапки немаат резултат. Сепак, тој нагласи дека очекува секој што се огрешил пред законот да одговара, без разлика на функцијата, како единствен начин да се изгради држава во која граѓаните ќе имаат доверба.Ландов заклучи дека токму тоа е суштината на очекувањата на јавноста – правда која ќе се почувствува, а не само принципиелно дистанцирање од судската власт.Mногу прашања се поставија... меѓу кои и за Груевски:

Македонија | пред 2 месеци

media-library55pa1pgudiln2ipupBI

Уапсен ексдржавниот правобранител: Фехми Стафа фатен при земање поткуп, а беше пријавуван и во Финансиска полиција

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е уапсен откако бил фатен како прима поткуп, дознава „Скопје1“ од извори блиски до истрагата. Oваа информација засега не можеме да ја потврдиме од официјални извори бидејќи се работи на предметот. Апсењето е резултат на подолга оперативна обработка спроведувана во рамки на истрага на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Засега од обвинителството не откриваат дали по апсењето ќе биде побаран притвор, посочувајќи дека постапката сè уште е во тек и дека јавноста дополнително ќе биде информирана.Апсењето на Стафа доаѓа по серија контроверзии кои со месеци го следеа неговото име додека владееја СДСM и ДУИ. Тој беше разрешен од функцијата државен правобранител со одлука на Владата, без јавно образложение, во период кога беше разрешен и поранешниот директор на Финансиската полиција Арафат Муареми, со кого Стафа, според информации во јавноста, бил во „тивка војна“. Стафа на функцијата дојде како предлог на партијата Алтернатива, а во јавноста често се поврзуваше и со ДУИ.Неговото име беше споменувано и во скандалот со исплати на хонорари на телевизиската презентерка Бесмира Ејупи, која во јавноста се појави и како можна идна конзулка. Според податоците што претходно ги објави Државната комисија за спречување на корупцијата, од Државното правобранителство, за време на мандатот на Стафа, преку 11 трансакции ѝ биле исплатени вкупно 247.658 денари, односно околу 4.000 евра, за, како што беше наведено, непостоечки работни ангажмани.Паралелно со тоа, Стафа беше поврзуван и со случајот „Труст“, односно со неможноста државата да наплати штета од околу 17 милиони евра од бизнисменот Сеад Кочан. Во јавноста беше актуелно дека за време на стечајната постапка на фирмата на Кочан, било овозможено отуѓување на имотот, поради што државата останала без можност за конфискација. Обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски тогаш укажаа дека по правосилноста на пресудата, надлежноста за заштита на имотните интереси преминува на државата, односно на Државното правобранителство како нејзин правен застапник.Против Стафа во минатото биле поднесени и повеќе пријави до Финансиската полиција, а неговото апсење сега отвора сериозни прашања за начинот на кој била вршена функцијата државен правобранител и за евентуалната штета по државните интереси. Очекувањата се дека во наредните денови обвинителството ќе соопшти повеќе детали за случајот и за натамошниот тек на постапката.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryefgsr40572q25AHItJU

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Масакр на најголемата плажа во Сиднеј: 10 загинати 16 повредени пренесени во болници

Австралија е во шок по масовното пукање на познатата плажа Бонди во Сиднеј, во кое загинаа најмалку 10 лица, потврди полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс. Меѓу загинатите се девет цивили и еден од двајцата напаѓачи, додека вториот вооружен маж е уапсен и се наоѓа во полициски притвор.Полицијата соопшти дека уште 12 лица се повредени, меѓу кои и двајца полициски службеници, а вкупно 16 лица се итно пренесени во болниците во Сиднеј. Дел од повредените се во тешка состојба, а здравствените служби се во состојба на зголемена подготвеност. Надлежните најавија дека во текот на денот ќе одржат прес-конференција со дополнителни информации за мотивите и текот на нападот.Опозициската лидерка Сузан Леј изјави дека Австралија тагува поради, како што рече, „насилството од омраза“ што ја погодило сржта на една од најпрепознатливите австралиски заедници. Таа нагласи дека нападот се случил на еврејски празник, во момент кога во Бонди се одржувал настан на еврејската заедница – „Chanukah by the Sea“, опишувајќи го нападот како чин што ја прекинал прославата на мирот и надежта.Леј упати поддршка до еврејската заедница во Австралија, особено до жителите на источните предградија на Сиднеј, повикувајќи на заедништво против омразата и насилството. Таа им се заблагодари на полицијата, медицинските екипи и граѓаните кои, како што рече, „трчале кон опасноста“ во обид да спасат животи, оценувајќи ги како вистински херои во момент на национална трагедија.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryi22br3gjcthp5FIDqYZ

(Видео) Ги потсети на познатите хитови, па им запеа „Заветна“ и ја разнежни публиката - Скендеровски заокружи 20 години кариера

Во преполната сала на Македонската филхармонија, Бојана Скендеровски синоќа го одржа својот прв солистички концерт насловен „Бесмртна“, со кој го заокружи повеќе од дваесетгодишниот музички пат и најави ново, зрело поглавје во својата кариера. Публиката доби вечер исполнета со емоции, искреност и музика што остава трага, токму она што Бојана го најавуваше во пресрет на концертот.Со сигурен сценски настап и силна вокална интерпретација, Скендеровски се претстави во едно поинакво, подлабоко и поинтимно светло, отворајќи ја својата уметничка приказна пред публиката. Репертоарот беше внимателно осмислен и ги спои песните кои го обележаа нејзиниот досегашен пат со нови емоционални моменти, создавајќи концертна целина што ја држеше публиката во целосно внимание од првиот до последниот тон.Емотивните реакции од публиката, долгиот аплауз и искрената поврзаност што се почувствува во салата беа најдобрата потврда дека вечерта ја исполни својата мисија.Со овој концерт, Бојана Скендеровска симболично затвори едно значајно поглавје од својата кариера и истовремено испрати јасна порака дека „Бесмртна“ не е само наслов, туку состојба на духот и музиката која продолжува да живее и да се развива.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryjk1vj2aitvddcPehf9R

(Фото) Пукање на плажа во Сиднеј, снимени лицата кои пукале - илјадници луѓе се евакуираат

Полицијата на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс интервенира по безбедносен инцидент на познатата плажа Бонди во Сиднеј и ги повика граѓаните итно да ја избегнуваат областа. Од полицијата соопштија дека сите лица кои се наоѓаат во близина треба да се засолнат во затворени простории, додека полициските екипи се на терен и ја обезбедуваат локацијата.Федералната влада на Австралија е информирана за случувањата, потврди портпарол на премиерот Ентони Албанезе, апелирајќи граѓаните строго да ги следат упатствата на полицијата на Нов Јужен Велс.Според официјалното соопштение на полицијата, две лица се уапсени на самата плажа Бонди, а операцијата сè уште е во тек. Поради тоа, останува на сила препораката јавноста да не се приближува кон местото на настанот.Австралиските медиуми јавуваат за вознемирувачки сцени. Националната телевизија АБЦ објави дека полицијата постапува по пријави за активен напаѓач на локацијата, додека „Сиднеј Морнинг Хералд“ пренесува информации за повеќекратни истрели, иако засега нема потврда дали има повредени. Весникот наведува дека жителите пријавиле голем број полициски возила во областа и лица кои лежеле на земја во близина на улицата Кембел Парада.Телевизијата 7News, пак, известува дека локалните жители слушнале пукање и виделе стотици луѓе како во паника бегаат од плажата. Повеќе детали се очекуваат откако полицијата ќе излезе со дополнителни информации.

Свет | пред 2 месеци

onkologija-4142

„Наместо лекови – кратења“: Левица обвинува дека власта ги остава пациентите со ретки болести без терапија

Левица реагира дека државата носи свесна и опасна политичка одлука со која директно се загрозуваат животите на лицата со ретки болести, откако, според нив, буџетот за Програмата за ретки болести е драстично намален. Од партијата наведуваат дека средствата кои во 2025 година изнесувале 24 милиони евра, за 2026 година се планирани на само 17,5 милиони евра, што претставува кратење од 6,5 милиони евра на грбот на најранливата категорија граѓани.Според Левица, ова намалување доаѓа во услови кога бројот на пациенти со ретки болести постојано расте, а и со досегашниот, како што го оценуваат, недоволен буџет, пациентите често останувале без редовна терапија поради лошо планирање и нефункционални тендерски постапки. Наместо системски подобрувања и обезбедување континуитет во лекувањето, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како што тврдат, го кратела и она малку што постоело.Од партијата потенцираат дека дел од лицата со ретки болести се и лица со трајни инвалидитети, целосно или делумно изгубена работна способност и целосна зависност од скапа и континуирана терапија. За нив, нагласуваат, лековите не се привилегија, туку услов за преживување, а секој прекин во терапијата значи директно влошување на здравствената состојба и реален ризик по животот.Левица предупредува дека намалениот буџет ќе значи помал број пациенти кои ќе добијат терапија, а оние кои ќе ја добијат ќе се соочуваат со прекини во лекувањето и дополнителен финансиски товар врз семејствата кои веќе живеат на работ на егзистенцијата. Во реакцијата се посочува и министерот за здравство Азир Алиу, за кого партијата оценува дека од јуни 2025 година не успеал да ги реши наталожените проблеми во здравството и дека со своето постапување се коцка со здравјето на граѓаните.Според Левица, директната политичка одговорност за оваа одлука ја носи Владата предводена од Христијан Мицкоски. „Оваа власт не штеди на луксуз, туку на лекови, терапии и животи“, наведуваат од партијата, оценувајќи дека кратењето на средствата за ретки болести е порака дека болните, инвалидизираните и социјално најранливите не се приоритет на власта.Левица бара итно зголемување на буџетот за Програмата за ретки болести, целосен континуитет во терапиите, забрзување и поедноставување на процедурите за набавка на лекови и политичка одговорност за, како што велат, одлуките што директно ги загрозуваат човечките животи.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

(Видео) Децата тепани со боксови во Сарај имаат повреди по глава, скршеница на носот: ќе одговараат за брутално насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе барање до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје за поведување подготвителна постапка против пет деца во судир со законот, поради сомнение дека сториле кривично дело насилство од член 386 од Кривичниот законик. Станува збор за малолетници на возраст од 14 и 15 години, кои заедно со уште едно дете помладо од 14 години, кое поради возраста не може кривично да одговара, групно извршиле грубо насилство врз двајца нивни врсници.Инцидентот се случил на 12 декември во дворот на основното училиште „Дитурије“ во скопско Сарај. Според наводите на Обвинителството, двете оштетени деца, исто така на возраст од 14 години, тргнале да си заминат дома кога на излезот од училишниот двор биле пресретнати од групата напаѓачи. Малолетниците започнале да ги удираат со тупаници и клоци по главата и телото, при што едното дете се здобило со површинска повреда на главата, а другото претрпело тешки телесни повреди, меѓу кои контузија на главата, скршеница на носот и повеќекратни хематоми по телото.Со насилното однесување, сторителите предизвикале чувство на страв и несигурност и кај други деца кои во тој момент го напуштале училишниот двор, наведуваат од Обвинителството. Имајќи ја предвид возраста на осомничените, но и потребата од непречено водење на постапката и заштита на оштетените, јавниот обвинител предложил судот да определи мерки на претпазливост, меѓу кои редовно јавување во суд, одземање на патни исправи и забрана за приближување и воспоставување каков било контакт со децата-жртви.Постапката ќе продолжи во согласност со законските одредби за постапување со деца во судир со законот, при што приоритет ќе биде заштитата на жртвите и спречување на понатамошно насилство.Претходно:

Скопје | пред 2 месеци

media-library9n2bd0uln0cf6KXRSgm

(Видео) Sирнете какво шоу се случуваше во „Борис Трајковски“ со Argy

Вчерашната вечер во Скопје помина во знакот на електронската музика, откако светски познатиот диџеј и продуцент ARGY настапи во салата „Борис Трајковски“ и приреди спектакл пред илјадници посетители. Концертот беше еден од најголемите електронски настани годинава во Македонија и предизвика огромен интерес кај публиката, а го организираше Прагма продукција. Пред него, загревање беа најдобрите помеѓу најдобрите - диџеите од СЕМПРЕ.ARGY на сцената донесе препознатлив спој на мелодичен техно и прогресивен звук, со сет кој ја држеше публиката во постојана еуфорија. Со моќна продукција, впечатливи светлосни ефекти и силна интеракција со фановите, настапот се претвори во вистинско аудиовизуелно доживување.Публиката реагираше со силна енергија уште од првите минути, а партерот на салата „Борис Трајковски“ беше полн. Дел од најпознатите траки на ARGY беа дочекани со громогласни реакции, што уште еднаш потврди дека Скопје е значајна станица на мапата на големите електронски турнеи.Настапот на ARGY дополнително ја зацврсти позицијата на Скопје како регионален центар за електронска музика и покажа дека интересот за вакви настани е на исклучително високо ниво.

Настани | пред 2 месеци

media-library0fva8f94o2gbezIMzHj

ВМРО-ДПМНЕ со тешки обвинувања: Филипче глумел патриот, а туркал мигрантски камп во Бардовци

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, како што наведуваат, „пукнал меурот“ од конструкции и лаги на СДС околу темата за мигрантите и дека документи и докази целосно ја разоткриваат, според нив, хистеријата што ја создавале СДС и Венко Филипче. Од партијата оценуваат дека јавноста сега јасно може да го види лицемерието на СДС, кои, како што велат, ширеле лажни вести за непостоечки теми и истовремено глумеле патриотизам.ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за разлика од, како што ја нарекуваат, „глумата“ на Филипче и постојаното менување ставови на СДС, тие имаат јасна и конзистентна државотворна позиција против политики кои ја загрозуваат безбедноста и интересите на граѓаните, додавајќи дека партијата и во минатото и денес водела антиемигрантска политика.Според ВМРО-ДПМНЕ, фактите биле јасни и документирани и покажувале дека СДС, предводена од Зоран Заев и Венко Филипче, имала план Македонија да стане дестинација за мигрантски кампови. Во соопштението се наведува дека постоеле конкретни планови, јавни изјави и политичка волја за сместување мигранти во земјава, вклучително и во Скопје.Партијата тврди дека во 2018 година била усвоена одлука за изградба на мигрантски камп во Бардовци, за што, како што велат, постои и официјален доказ во „Службен весник“, со наведување на имотен лист број 2140 за катастарската општина Бардовци. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Филипче тогаш го поддржал и „туркал“ овој проект, додека денес, според нив, се обидува да се претстави како принципиелен противник на мигрантските политики.Во реакцијата се наведува дека Филипче, наместо да одговори на конкретни прашања, „бега од новинари и новинарски прашања“ и се обидува да ја дефокусира јавноста со, како што велат, лажни теми и спинови. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека наместо паника и манипулации, СДС треба да одговори колку мигранти биле подготвени да примат во 2018 година, кој ги договарал камповите и зошто тогаш Филипче молчел, а денес настапува како жесток критичар.На крајот, од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека СДС и Филипче треба да се фокусираат на, како што велат, „мигрантите од сопствените редови“ кои ја напуштаат партијата и да започнат сериозна внатрешна реформа, додавајќи дека на Македонија ѝ е потребна зрела и конструктивна опозиција, а не политика базирана на лаги и страв.

Македонија | пред 2 месеци

1-4

45 мртви, а Спасовски молчел: ВМРО-ДПМНЕ со тешки обвинувања за техничкиот преглед

ВМРО-ДПМНЕ упати сериозни обвинувања кон пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврдејќи дека како прв човек на МВР правел злоупотреби наместо да ги спречува и дека профитирал од фирма која дала зелено светло за технички преглед на автобусот на „Беса транс“, кој се запали во Бугарија, при што загинаа 45 македонски граѓани.Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Спасовски е дел од, како што ја нарекуваат, групата предводена од Венко Филипче и Зоран Заев, за која тврдат дека била вклучена во криминални активности. Според партијата, Спасовски заработил кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи во 2021 година, како министер за внатрешни работи, не донел решение за одземање на овластувањето на станица за технички преглед во општина Сарај во законски предвидениот рок, и покрај предлогот од надлежните служби.Со тоа, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, тој ѝ овозможил на таа фирма да се стекне со противправна имотна корист од над 90 илјади евра, односно околу 5,5 милиони денари. Партијата наведува дека Спасовски свесно молчел и не постапувал, дозволувајќи станицата за технички преглед да продолжи со работа и, како што велат, нелегално да остварува приходи.Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека токму истиот технички центар извршил технички преглед и дал одобрение за автобусот на „Беса транс“ кој подоцна се запали во Бугарија, во една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија. Според нив, ова отвора сериозни прашања за одговорноста на тогашниот министер и за неговата улога во системот кој, наместо да ја гарантира безбедноста, ја загрозил.Партијата оценува дека Спасовски ѝ должи одговори на јавноста, меѓу кои и дали земал пари за да не го одземе овластувањето на фирмата за технички преглед, колкава била таа корист и дали трагедијата со автобусот на „Беса транс“ воопшто ја разбудила неговата совест. Во реакцијата се наведува и дека СДСМ, доколку сака да функционира како сериозна политичка партија, треба да се дистанцира од, како што велат, лица кои се симбол на криминалот во нејзините редови.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryv8s5tehpfptl2XOTjMo

СДСМ обвинува: Молкот на ДПМНЕ околу Резолуцијата потврдува договори за мигранти

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата со која, како што наведуваат, граѓаните би добиле јасна и институционална гаранција дека во Македонија нема да има мигранти, оценувајќи дека ваквиот став укажува на постоење скриена агенда. Од партијата посочуваат дека, и покрај повеќекратните јавни повици за заедничко дејствување и донесување одлука во Собранието, од страна на ДПМНЕ следел целосен молк.Според СДСМ, ваквото однесување не е случајно, туку претставува свесна политичка одлука и дел од стратегијата на владејачката партија. Тие тврдат дека доколку не постоеле задкулисни договори и преземени обврски за кои, како што наведуваат, јавноста дознала преку британски медиуми, Резолуцијата одамна ќе била потпишана.Од СДСМ оценуваат дека одбивањето на ДПМНЕ јасно укажува на тоа дека партијата има скриена агенда поврзана со мигрантите и дека токму затоа не сака институционално да се обврзе дека таков сценарио нема да се случи. Тие порачуваат дека повеќе нема да упатуваат повици за соработка, бидејќи, според нив, одбивањето само по себе зборува за, како што велат, „предавство за пари“ и намера Македонија да прифати мигранти.„Народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува“, порачуваат од СДСМ во својата реакција.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп не е сигурен дека републиканците ќе го задржат Претставничкиот дом

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дали Републиканската партија ќе ја задржи контролата над Претставничкиот дом на Конгресот на меѓуизборите следната година, оценувајќи дека ефектите од неговата економска политика сè уште не се целосно видливи, објави „Волстрит журнал“.Во интервју за весникот, Трамп рече дека не може да предвиди како ќе заврши изборниот циклус во ноември, кога Американците ќе го избираат целиот состав на Претставничкиот дом, една третина од Сенатот и низа државни и локални функционери. „Не можам да ви кажам. Не знам кога целиот тој нов капитал ќе почне навистина да делува“, изјави Трамп, одговарајќи на прашањето дали републиканците би можеле да ја изгубат контролата врз долниот дом на Конгресот.Тој тврди дека неговата економска политика, која вклучува воведување широк спектар царини за увоз, придонесува за отворање нови работни места, раст на берзите и зголемени инвестиции во Соединетите Американски Држави. Иако минатата година водеше кампања со ветувања за намалување на инфлацијата, во последниот период Трамп наизменично го негира постоењето на проблем со падот на животниот стандард, обвинувајќи го својот претходник Џо Бајден, и уверува дека неговите мерки ќе донесат конкретни придобивки за Американците во текот на следната година.„Мислам дека до моментот кога навистина ќе зборуваме за изборите, што е за неколку месеци, цените ќе бидат во многу подобра состојба“, изјави Трамп во интервјуто. Минатиот месец тој укина царини за повеќе од 200 прехранбени производи, како одговор на растечката загриженост кај американските потрошувачи поради високите цени на храната. Сепак, не прецизираше дали ќе следуваат дополнителни олеснувања за друга стока.Според последната анкета на Ројтерс/Ипсос, рејтингот на Трамп пораснал на 41 отсто, но само 31 отсто од испитаниците позитивно го оцениле неговото влијание врз трошоците за живот. Во меѓувреме, демократите забележаа серија победи на државни и локални избори во Вирџинија, Њу Џерси и Њујорк, каде што клучна тема беше загриженоста на гласачите за животниот стандард и високите цени на храната.Од Белата куќа најавија дека Трамп активно ќе се вклучи во предизборната кампања низ земјата во наредната година, со цел да им даде поддршка на републиканските кандидати и да ги истакне, како што вели, успесите на својата економска политика. Претседателот повтори дека намалувањето на даноците и царините за странска стока, според неговите проценки, ќе донесат повеќе пари во џебовите на американските семејства.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvkj8hpr58jjm25ctTqx

(Видео) Пукање на Универзитетот Браун: Двајца студенти убиени, девет ранети, напаѓачот во бегство

Полицијата во американскиот град Провиденс трага по осомничен напаѓач по смртоносна пукотница на Универзитетот Браун, во која загинаа двајца студенти, а деветмина се ранети. Инцидентот се случил во саботата попладне во зградата за инженерство „Барус и Холи“, по што целиот кампус и поширокото градско подрачје беа ставени под строги безбедносни мерки.Според официјалните информации, полицијата била повикана околу 16:05 часот по локално време, а улиците околу кампусот со часови биле блокирани и преполни со возила на итната помош. Градоначалникот на Провиденс, Брет Смајли, изјави дека осомничениот сè уште е на слобода, поради што безбедносните сили ја засилиле контролата низ целиот град и апелирале граѓаните да останат во своите домови.Полицијата објави кратка снимка од надзорни камери на која се гледа осомничениот како се движи по улица и свртува зад агол, облечен во темна облека. Властите наведуваат дека станува збор за лице на возраст од околу 30 години, но засега објавија многу ограничени информации за неговиот идентитет. Едно лице било приведено во текот на истрагата, но подоцна било пуштено откако било утврдено дека не е поврзано со пукотницата.Од болницата во Род Ајленд соопштија дека примиле девет пациенти со прострелни повреди. Шестмина се во критична, но стабилна состојба, едно лице е во критична состојба, а две лица се стабилни. Едно од повредените лица веќе било пуштено на домашно лекување. Болницата, иако под зголемени безбедносни мерки, продолжува да прима итни случаи.

Свет | пред 2 месеци

pilesko-meso

Стопиран увоз на замрзнато пилешко на Ќафасан поради ризик од птичји грип

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спречија влез на пратка од над 26 тони небезбедно замрзнато пилешко месо на македонскиот пазар, со што беше избегнат потенцијален ризик по здравјето на граѓаните и домашниот живинарски фонд. Пратката била стопирана на граничниот премин Ќафасан и веднаш вратена во земјата на потекло – Бразил.Според информациите од АХВ, станувало збор за замрзнат пилешки батак без коска, спакуван во 2.167 пакувања од по 12 килограми, што вкупно изнесува повеќе од 26 тони месо наменето за увоз во земјава. При извршената контрола, официјалните ветеринари утврдиле дека пратката не ги исполнува пропишаните ветеринарно-здравствени услови.Причината за забраната е поврзана со мерките за заштита од високо патогена авијарна инфлуенса, односно птичји грип. Увозот бил во спротивност со важечкото решение со кое е забранет увоз на живи животни и производи од животинско потекло од Бразил, доколку тие потекнуваат од животни кои биле заклани, натоварени или сертифицирани пред 1 август 2025 година. Бидејќи спорната пратка спаѓала во овој забранет временски период, таа автоматски била оценета како ризична.По констатирањето на неправилностите, инспекциските служби на АХВ донеле решение за целосна забрана на увоз, а пратката била вратена кај извозникот. Од Агенцијата нагласуваат дека контролите на граничните премини се засилени и дека нема компромис кога станува збор за безбедноста на храната и заштитата на јавното здравје.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5ga6qpktlnppcVL56Pz

Ангелов пред протестот на ДУИ: Воени злосторства не се бранат со протести, целта им се тензии и враќање на власт

Лидерот на политичката партија Достоинство и бранител од конфликтот во 2001 година, Стојанче Ангелов, остро реагираше во пресрет на денешниот протест што го најави ДУИ во поддршка на поранешните припадници на УЧК. Во објава на својот Фејсбук профил, Ангелов порача дека сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства мора да одговараат согласно меѓународното право, без разлика каде и кога тие злосторства биле сторени.Тој нагласи дека тоа важи и за припадниците на УЧК кои, како што наведува, извршиле воени злосторства во Македонија во 2001 година, оценувајќи дека е апсурдно да се бара ослободување на лица кои се осомничени, обвинети или осудени за дела опфатени со меѓународното хуманитарно право. Според Ангелов, злосторствата не смеат да се релативизираат ниту да се користат за политички цели.Во продолжение на објавата, Ангелов ја проблематизира политичката позадина на протестот, тврдејќи дека вистинската цел на Али Ахмети и ДУИ е создавање меѓуетнички тензии со цел партијата повторно да се врати на власт. Тој посочи дека протестот нема реално да влијае врз одлуките на Специјализираниот суд во Хаг, што, според него, отвора сериозно прашање за скриената агенда зад неговото организирање.Ангелов се запраша зошто протестот се одржува токму во Скопје и дали станува збор за спонтан настан или за внимателно осмислено сценарио насочено кон напад врз актуелната власт, владејачката коалиција и премиерот Христијан Мицкоски. Тој оцени дека протестот може да претставува перфиден обид да се ослабне власта, ставајќи го и албанскиот коалиционен партнер во незавидна позиција – доколку не учествува, се зајакнува ДУИ, а доколку учествува, се создава услов за политичка нестабилност.Според Ангелов, можноста за разгорување на меѓуетничка нетрпеливост и дополнително нарушување на веќе кревката меѓуетничка доверба претставува „бонус“ за ДУИ во ова сценарио, што, како што заклучува, покажува дека протестот е повеќе политичка алатка отколку искрена борба за правда.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjtbe97enq6r01x2dL8H

(Видео) Кузеска најави „разоткривање“: СДСМ тврди дека ДПМНЕ преку медиумски „кујни“ шири лаги и манипулации

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, најави дека денеска јавно ќе биде прикажано, како што рече, функционирањето на „медиумските кујни“ на ВМРО-ДПМНЕ, кои, според неа, систематски продуцираат лаги, лажни вести и манипулации со цел да се одвлече вниманието на јавноста и да се изврти вистината.Кузеска оцени дека секогаш кога власта е соочена со криминал, скандали или, како што наведе, „предавства“ – како случајот со договорите за мигранти за пари – се активира добро воспоставен механизам за дефокусирање на граѓаните преку медиумски напади. Според неа, токму тоа се случувало и во изминатиот период, кога три теми доминирале во јавноста: објавувањето на таканаречените „бомби“ од Антикорупцискиот тим на СДСМ за, како што тврдат, криминални тендери на ВМРО-ДПМНЕ, наводниот договор за мигранти за пари и нападот врз новинарите на „Инфомакс“.Таа истакна дека професионалните медиуми известувале коректно и ги пренесувале ставовите на сите засегнати страни, но дека, според СДСМ, медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ систематски ги игнорирале позициите на опозицијата и сите негативни информации поврзани со власта. Наместо тоа, како што рече, биле пласирани серии од текстови со полувистини и манипулации со цел да се „поклопат“ темите што не ѝ одговараат на власта.Како конкретен пример, Кузеска го посочи денот 10 ноември, кога, според неа, само десет минути по прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, започнала координирана медиумска офанзива. Таа наведе дека наместо да се пренесе содржината на прес-конференцијата, биле објавувани текстови со наслови во кои се тврдело дека Филипче „избегал“ од сопствената прес-конференција или дека СДСМ манипулира со темата за мигрантите, без воопшто да се наведе што било кажано на настанот.Според Кузеска, во тие објави немало ниту збор за ставовите на СДСМ за мигрантите, за Резолуцијата, за осудата на нападот врз новинарите на „Инфомакс“, ниту за тврдењето дека напаѓачот бил член на ВМРО-ДПМНЕ. Таа тврди дека резултатот бил повеќе од 70 различни објави во еден ден, насочени кон напади врз СДСМ и Филипче и кон целосно дефокусирање на јавноста.Кузеска оцени дека ваквиот модел, според СДСМ, е добро познат и потсетува на практиките од времето на Никола Груевски, со лажни вести, манипулации, извртување на вистината, политички притисоци и напади врз новинари. „Вака се одвлекува вниманието на граѓаните и вака власта се обидува да ја промени реалноста“, порача Кузеска, најавувајќи дека јавноста ќе има увид во конкретни примери и анализи.

Македонија | пред 2 месеци

media-library2hl79ehjdajiadU7zoW

(Видео) Нови детали: Жената во гостиварско била убиена со пиштол, пред да ја закопаат во дупката

Обдукцијата на починатата жена, чие тело беше пронајдено закопано во атарот на гостиварското село Неготино, е завршена и според првичните наоди, таа била лишена од живот со огнено оружје, соопштија од Обвинителството. По наредба на надлежен јавен обвинител, во тек е вештачење на трагите подигнати од повеќе локации, а паралелно се спроведуваат претреси и други истражни дејствија со цел целосно расветлување на случајот.Краткотрајниот притвор од 48 часа за осомничениот е продолжен за уште 48 часа, додека јавниот обвинител до надлежниот суд доставил предлог за определување истата мерка и за второто лице кое претходно беше задржано во полициска станица.Случајот излезе на виделина откако јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, во текот на ноќта, изврши увид на терен каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка. Поради сомневања дека станува збор за жена која претходно била пријавена за исчезната, со индиции за противправно лишување од слобода, беше наредена обдукција, идентификација на телото и прибирање материјални докази од лице место.Во текот на ноќта биле преземени повеќе истражни активности, по што за едно лице беше определен краткотраен притвор за обезбедување докази, додека уште едно лице беше задржано на дополнителни проверки. Од Обвинителството информираат дека истрагата продолжува интензивно и дека се преземаат сите законски мерки за целосно испитување на околностите под кои е сторено убиството.ВИДЕО ОД ПРОНАОЃАЊЕТО:

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryiiu884ensbio9AydqW3

(Видео) Полни кесички, сортирана во засебни пакувања: уапсена нарко-двојка во Скопје

Две лица од Скопје се лишени од слобода поради сомнение за недозволена трговија со дрога, информира Министерството за внатрешни работи. На 12 декември 2025 година, околу 19:55 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, ги привеле М.М. (36) и К.М. (29), двајцата од Скопје.По претходно обезбедена судска наредба, бил извршен претрес во домот на К.М. на подрачјето на Карпош, при што биле пронајдени и одземени повеќе видови наркотични дроги, меѓу кои амфетамин, екстази и марихуана, како и дигитална вага.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против приведените лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Скопје | пред 2 месеци

1703841883-Tan2023-12-2909351972_7-1536x1152-1

Масовни прекини на струја во Одеса по руски напад врз енергетскиот систем на Украина

Јужниот украински пристанишен град Одеса и поширокиот регион останаа без електрична енергија по масовен руски напад врз електроенергетскиот систем на Украина, соопштија украинските власти. Нападот предизвика сериозни прекини во снабдувањето со струја, особено во јужните делови на земјата.Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку објава на Телеграм информираше дека Русија лансирала повеќе од 450 дронови и над 30 ракети, при што најголемиот удар бил насочен токму кон енергетската инфраструктура. Според него, најпогодени биле јужните региони, вклучително и Одеската област.Зеленски соопшти дека илјадници домаќинства во најмалку седум региони останале без електрична енергија, а екипите на терен работат на санација на штетите и обновување на снабдувањето. Украинските власти оценуваат дека станува збор за еден од најмасовните напади врз енергетскиот систем во последниот период, додека ситуацијата и понатаму се следи, јавува Ројтерс.

Свет | пред 2 месеци

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

ЕУ замрзнува 210 милијарди евра руски средства

ЕУ го направи тој потег за да осигури дека Унгарија и Словачка, кои се блиски до Кремљ, не можат да ја спречат поддршката за Украина, што предизвика негодување кај лидерите на тие земји.Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, изјави дека високи европски претставници во октомври ветија дека ќе „ги задржат руските неподвижни средства сè додека Русија не ја заврши својата агресивна војна против Украина и не ја надомести предизвиканата штета“.„Денес ја исполнивме таа обврска“, додаде тој.Шефот на европската дипломатија, Каја Калас, напиша на „X“ дека Унијата продолжува да го зголемува притисокот врз Москва „сè додека не ги сфати сериозно преговорите (за завршување на војната во Украина)“.Следната недела, лидерите на ЕУ ќе елаборираат за користењето на средствата на руската централна банка за доделување кредити и помош на Украина во следните две години.Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Европската комисија за „систематско кршење на европското право“, како и дека „владеењето на правото во Европската Унија завршува и европските лидери се ставаат над правилата“.„Европската комисија систематски го крши европското право. Го прави ова за да ја продолжи војната во Украина, војна која очигледно е неизбежна“, напиша Орбан на социјалните мрежи, додавајќи дека Унгарија „ќе направи сè што е во нејзина моќ за да го врати правниот поредок“.Словачкиот премиер Роберт Фицо во писмо до Кошта изјави дека ќе одбие да поддржи каков било потег „што би вклучувал покривање на воените трошоци на Украина во наредните години“.„Употребата на замрзнати руски средства би можела директно да ги загрози мировните напори на Соединетите Американски Држави (САД), кои директно сметаат на користењето на тие ресурси за обнова на Украина“, додаде тој.Поголемиот дел од 210-те милијарди евра замрзнати средства се во белгиската финансиска институција „Евроклеар“, која, сепак, се спротивставува на планот за таканаречени репарациски кредити, тврдејќи дека тоа „повлекува последователни економски, финансиски и правни ризици“.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryjpljrul457pq5Ml74AC

СДСМ предупредува: Плановите за мигранти и изолацијата од ЕУ ја загрозуваат безбедноста и иднината на државата

СДСМ предупреди дека во Европа се случуваат сериозни процеси поврзани со миграциските политики, кои директно можат да имаат последици и за Македонија, особено во контекст на, како што наведуваат, намерната изолација на државата од Европската Унија и најавите за прифаќање мигранти. Според партијата, дури 27 земји членки на Советот на Европа побарале ревизија на Европската конвенција за човекови права, со цел да се олесни депортацијата на мигранти, вклучително и на лица осудени за тешки кривични дела.Како што наведуваат од СДСМ, во Стразбур неодамна била потпишана заедничка декларација со која се бара нова правна рамка, бидејќи постојната Конвенција, според потписниците, не ги одразувала современите миграциски предизвици. Дел од земјите бараат можност за депортација на странци осудени за сериозни кривични дела, дури и во случаи кога нивните семејства живеат во земјата домаќин.Според СДСМ, клучното прашање е каде би биле депортирани овие мигранти, при што се укажува дека најчесто станува збор за земји кои не се членки на ЕУ, како што се Македонија, Албанија и Косово, каде, како што тврдат, веќе започнало нивно сместување.Од партијата оценуваат дека ова прашање е исклучително сериозно од две причини – најпрво поради најавите и разговорите за евентуално прифаќање мигранти во Македонија, а потоа и поради политиките на актуелната власт кои, според нив, ја држат државата надвор од европските интеграции. СДСМ смета дека изолацијата на Македонија од ЕУ е опасна и од безбедносен аспект, бидејќи би можела да ја претвори земјата во дестинација за мигранти осудени за тешки кривични дела.Според нивните наводи, евентуалното доаѓање на ваков профил на лица би имало сериозни последици по безбедноста и стабилноста на државата, а дополнително би го блокирало и процесот на европска интеграција. Од СДСМ посочуваат дека доколку Македонија стане членка на ЕУ, автоматски би се отвориле вратите кон Унијата, што би овозможило овие лица повторно да се вратат во земјите од кои биле депортирани, поради што тие не ја гледаат Македонија како крајна дестинација, туку како транзитна точка кон побогатите европски држави.Во реакцијата се наведува дека токму затоа, на ВМРО-ДПМНЕ, како што тврдат од СДСМ, ѝ одговара Македонија да остане изолирана од европските механизми, контроли и правосудни стандарди, што, според нив, овозможува непречено продолжување на коруптивни практики и избегнување одговорност. Од партијата сметаат дека одолговлекувањето на европскиот пат и создавањето нови изговори нема врска со заштита на националните интереси, туку со свесно оддалечување од Европската Унија.„Резултатот е двоен ќар за ВМРО-ДПМНЕ – Британија добива можност да депортира мигранти за пари, а ВМРО-ДПМНЕ изолирана држава во која може непречено да владее без контрола“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека губитници во ваквиот сценарио се граѓаните и иднината на Македонија.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

(Вознемирувачка снимка) Деца од Сарај разменија боксови и клоци пред училиште, други гледаа и снимаа

Тепачка меѓу ученици во скопско Сарај е прикажана во видео кое последните денови интензивно се споделува на социјалните мрежи и предизвикува реакции во јавноста.На снимката се гледа како група ученици, неофицијално, од централното основно училиште „Дитурија“ физички се пресметуваат во училишниот двор со боксови и клоци, додека други деца стојат настрана и го набљудуваат инцидентот.Во видеото јасно се забележува дека дел од присутните ученици не се обидуваат да ја спречат тепачката, туку пасивно ја следат, а некои од нив и ја снимаат со мобилни телефони. Сцените отворија прашања за безбедноста во училиштата и улогата на возрасните во вакви ситуации.Засега нема официјални информации кога точно е направена снимката.Редакцијата на „Скопје1“ побара официјален став и информации од Министерството за внатрешни работи, од каде посочија дека полицијата веќе постапува.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryv3cg2dfgigin4xViLX3

Лукашенко не штедеше пофалби за Трамп: Импресиониран сум, велат дека Трамп сака ласкање, но тоа не е мојата намера

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера во Минск оствари средба со американскиот специјален пратеник за Белорусија, Џон Коул. На почетокот од средбата, Коул го поздрави Лукашенко со зборовите „Ми е драго што ве гледам“, на што белорускиот претседател одговори: „И мене исто така“.Лукашенко му честиташе на Коул за неговото именување за специјален пратеник на САД за Белорусија, нагласувајќи дека со тоа станува клучна личност за односите меѓу двете земји. Тој побара од Коул да му пренесе порака на американскиот претседател Доналд Трамп дека оваа средба ги обврзува двете страни на конкретни резултати. „Кажете му на господинот Трамп дека ова нè обврзува да постигнеме одредени резултати. И ние ќе го сториме тоа“, изјави Лукашенко за време на разговорот.Белорускиот претседател позитивно ги оцени и последните потези на Трамп, истакнувајќи дека бил силно импресиониран од неговите неодамнешни активности. „Велат дека Трамп сака ласкање, но тоа не е мојата намера. Морам да кажам дека навистина бев импресиониран од неговите последни чекори“, рече Лукашенко, додавајќи дека светот се менува многу брзо и дека се појавуваат нови проблеми за кои е неопходно да се разговара и да се бараат решенија.Поголемиот дел од средбата меѓу Лукашенко и американскиот пратеник се одржал зад затворени врати, без дополнителни детали за содржината на разговорите.Претходно, во средата, Лукашенко на седница на Советот за безбедност на Белорусија повторно ја нагласи улогата на Доналд Трамп во обидите за постигнување мирно решение за војната во Украина. Тој оцени дека, без оглед на обидите на дел од јавноста да ја минимизира улогата на Трамп, американскиот претседател работи сериозно на запирање на конфликтот. „Неговите изјави нема да поминат незабележано. Тој сака да ја запре војната за да спречи луѓето да гинат. Може околу тоа да се крева врева и да се зборува што било, но што може да се каже против она што Американците денес го прават“, изјави Лукашенко.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања