Кристијан Ландов

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Времето неделава: Дожд, ветер и пустинска прашина

Во текот на оваа работна седмица во Македонија следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд, повремено и локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.И во Скопје и околината следува период на променливо бреме со услови за појава на повремен локален дожд, повремено пороен и со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.Сето ова е поради влијанието на циклонската активност (поле со низок возушен притисок) со потекло од западна Европа, а потоа и над Џеновскиот Залив.Сепак, и покрај ова останува топло времето, односно со пролетни температури на воздухот кои преку ден на многу места ќе се искачуваат до близу, или околу 20 степени. На повеќе места тие ќе надминуваат и 20 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие повремено ќе се искачуваат и до околу 25 степени, а повремено истите би можеле да надминуваат и 25 степени.Во Скопје и околината во текот на оваа работна седмица останува пролетно топло со температура која ќе надминува 20 степени.Поради изразеното јужно воздушено струење, оваа работна седмица се очекува сахарска прашина и во Македонија.

Македонија | пред 9 месеци

spasovski-vanja513512

Таткото учествувал во киднапирањето на Вања, целта била да се изнудат пари од мајката - девојчето било закопано, вели Спасовски

Вања Ѓорчевска освен убиена, била и закопана во околината на Скопје. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Според него, МВР ги има извршителите на двете убиства.„Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, за три лица има мерка притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице, таткото на малолетничката, приведено е, извршен е распит, ќе се преземаат мерки по насока на Обвинителството. Мотивот е користољубие, при што едно од лицата, во договор и со знаење на член на семејството, го организирало извршувањето на кривичното дело, за да се изнудат пари од мајката, за понатаму, сите инволвирани да имаат материјална корист“, вели Спасовски.Било одземено возилото на Панче Жежовски, исто така убиен од групата, и била киднапирана Вања.„Поради нерасчистени односи со еден од осомничените, неговото возило е одземено за извршување на кривичното дело, за потоа да биде опожарено. Токму со тоа возило е земена малолетничката, од влезот на живеалиштето, откако претходно, според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторот за излегувањето на малолетничката сама од дома“, додаде Спасовски.Главниот организатор, бил Љупчо Палески-Палчо кој е избеган.„Ќе сториме се за да го најдеме, му ја следиме трагата“, додаде Спасовски.

Македонија | пред 9 месеци

vjolca-4141

Обвинителка барала пониска казна за возачот кој ја усмрти Теодора по првата пресуда, иако претходно бил даден предлог да се потврди затворот од 3,6 години

Вишата обвинителка од Гостивар, Вјолца Елмази, прво барала да му се потврди казната од три години и шест месеци, а потоа се предомислила и барала пониска казна за обвинетиот Менсур Пајазити, кој ја усмрти Теодора Ристовска на пешачки премин. Ова го покажува пресудата на гостиварска Апелација, која беше изречена, а потоа Врховен суд ја укина. Обвинителката до судот доставила писмен предлог за одбивање на жалбата на обвинетиот возач, а потоа на јавна седница предложила делумно да се уважи и тоа во  делот на санкцијата. Па така, судиите Шефајет Хајдари, Даут Рустеми и Емине Мурати одлучиле да ја намалат казната на две години затвор. Од Обвинителството за „Скопје1“ потврдуваат дека барале да се намали казната, па се правдаат дека не очекувале дека ќе му намалат толку многу. Сепак, пресудата се темели и на предлогот.  Но немаат одговор зошто тоа не било направено преку писмениот предлог, туку прво Вишото обвинителство барала да се потврди казната, па се предомислило.„Вишото јавно обвинителство Гостивар, до овој суд достави писмен предлог со кој се предлага да се одбие како неоснована жалбата на обвинетиот Менсур Пајазити, изјавена преку бранителот Александра Богданоски, против пресудата на Основниот суд Тетово. На јавната седница Јавниот обвинител од ВЈО Гостивар, изврши измена на писмениот предлог со тоа што предложи делумно да се уважи жалбата на обвинетиот Менсур Пајазити изјавена преку бранителот Александра Богданоски адвокат и тоа во делот на изречената кривична санкција спрема обвинетиот на начин што на обвинетиот да му се изрече поблага кривична санкција, имајќи ги во предвид олеснителните околности што стојат на страна на обвинетиот, а кои околности не биле во доволна мера ценети од страна на првостепениот суд“, стои во сега укинатата пресуда на Апелација, по која се водеше судијата во претходната постапка.Ваквиот обвинителски предлог, кој е ист како на адвокатот на обвинетиот, го олеснило патот за пониска казна за возачот. Па судиите решиле дека тоа што обвинетиот е семеен човек и неосудуван, притоа тоа што после несреќата одел на психијатар, не биле доволно ценети околности, по што, му ја намалиле казната на две години.„Овој суд смета дека наведените олеснувачки околности упатуваат на тоа дека во конкретниот случај постојат услови да на обвинетиот му се изрече поблага казна затвор, имајќи го во предвид и држењето на обвинетиот во текот на јавната седница пред овој суд, а воедно и предлогот од страна на Вишото јавно обвинителство Гостивар, во конкретниот случај оправдано би можело да се очекува дека и со поблага казна и тоа со казна затвор во траење од 2- две години“, стои во пресудата од гостиварска Апелација.„Скопје1“, вчера испрати прашања до Обвинителството. Оттаму признаваат дека побарале намалување на казната, па се правдаат дека не очекувале тоа да биде речиси за половина од претходно изречената.„Во однос на претходната постапка пред Апелацискиот суд, јавната обвинителка од ВЈО Гостивар на рочиште дала свој предлог во однос на попрецизно одмерување на казната, имајќи ја предвид пред сѐ околноста дека обвинетиот непосредно пред завршување на првостепената постапка признал вина, како и претходната пракса во слични предмети. Меѓутоа, предлогот на обвинителката не е задолжителен за Апелацискиот суд и тој предлог во ниту еден момент не се однесувал на намалување на казната за речиси половина од првостепената пресуда, како што досуди Апелација во својата одлука“, стои во одговорот на Обвинителството до „Скопје1“.Прашани дали ќе се жалат на сегашната казна, од Обвинителството одговорија дека има основ.„Основното јавно обвинителство Тетово сѐ уште не го примило писменото образложение на донесената пресуда. Меѓутоа, имајќи ја предвид висината на изречената казна, надлежниот јавен обвинител смета дека има основ за жалба. Конечната одлука ќе биде донесена по разгледување на образложението“, одговараат од Обвинителството за „Скопје1“.Сепак, судијата од Тетовскиот суд, Ељведин Ферати, при донесување на пресудата во повторената постапка, која е две години затвор за возачот, не требало да се води од претходната пресуда и постапка. Истата е укината од Врховен суд. Истовремено, возачот кој ја усмрти Теодора, веќе две и пол години и натаму е на слобода.

Македонија | пред 9 месеци

porse

(Видео) Газда на „Поршето“ во Дебар маало е ексамбасадорот Срѓан Керим: Нема потреба од никакви коментари, постапено е според прописите

Поршето паркирано во Дебар маало не е на полицаец, туку е во сопственост на Срѓан Керим, ексминистер за надворешни работи, амбасадор на Македонија во Обединетите нации и во Германија, дознава „Скопје1“. Неговите иницијали се најдоа и во информацијата од МВР, од каде може да се заклучи дека тој го управувал возилото бидејќи стои: „на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог“.„Скопје1“ се обрати до Керим. Откако не ни одговори на телефонскиот повик, ни испрати порака „Ве молам пишете порака“. Па му се обративме писмено. Испративме повеќе прашања, меѓу кои и: „Зошто полицаецот требаше да влезе во кафеаната каде седевте и да разговара со вас, за да може да постапи согласно законот?“. Потоа го прашавме: „Бевте министер, амбасадор во ОН и Германија, имате меѓународна кариера. Зар вака се паркира ширум светот и вака се постапува кога полицијата го спроведува законот?“.На ова, тој не одговори конкретно. До „Скопје1“ испрати став во кој стои: „Нема потреба од никакви коментари. Постапено е според позитивните прописи што важат во вакви случаи“.Снимката со неговиот автомобил наиде на бура реакции од јавноста, особено бидејќи полицаецот се симна, па се повлече со екипата од ПОЦ со намера да не го санкционира Керим. По жестока реакција на граѓани, полицаецот влезе до кафеаната, па го крена возилото. Сега, полицаецот е под истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола на МВР за да се утврди дали направил пропусти.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-02-03-at-09.10.21

Заврши истрагата за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки, посебен предмет има за тоа како дошол до автомобилот

Истрагата за возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, прегазувајќи ја додека поминуваше на пешачки премин е завршена. Обвинителот ги собрал сите докази, а завршени се и сите вештачења, според кои е утврдена вина кај Јованов. На ред е обвинетиот и неговиот адвокат Сашко Дуковски да направат увид во доказите, по што ќе следува обвинение.„Истрагата е завршена. Течат законските рокови за увид во доказите“, велат кусо од Обвинителството за „Скопје1“.Јованов е осомничен дека со усмртувањето на Кулакова, под дејство на алкохол, неприлагодена брзина и со поминување на црвено светло сторил кривично дело - тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според кое, најниската казна е четири, а може да добие и најмногу 20 години.Предметот за тоа како дошол до возилото кое било сопственост на неговата мајка, се води засебно, дознава „Скопје1“ и е во тек. До негово отворање дојде откако се дозна дека Васил Јованов има повеќе казни за сообраќајни прекршоци, односно дека повеќе пати го управувал возилото без дозвола. Родителите на прес-конференција кажаа дека го земал без нивно знаење и дозвола. Ова наиде на многу реакции, со оглед дека истото се случувало во повеќе наврати.Истрагата за усмртувањето на Фросина, е завршена за месец и половина. Досега Обвинителството кажа дека Јованов возел со зголемена брзина, а вештачењето точно утврдило и со колку.„Не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка. Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала“, соопштија од Обвинителството по несреќата.Јованов е во притвор во затворот во Шутка.

Македонија | пред 10 месеци

frosina-jovanov

Возачот Јованов се противел на притворот, се бранел дека не може да го повтори делото оти бил психички паднат

Возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, преку неговиот адвокат барал Кривичен суд да не му одреди притвор, дознава „Скопје1“. Тој вчера го убедувал судот дека нема да бега, ни да влијае на сведоци, ниту да го повтори делото.Јованов, преку адвокатот Сашко Дуковски, посочил дека не може да влијае на постапката бидејќи сите докази потребни на истрагата веќе се собрани. За можноста да избега, посочил дека е невозможно бидејќи пасошот му бил во судот. Тврдел и дека не може да го повтори делото, бидејќи, бил психички паднат, како и дека го погодил настанот, дознава „Скопје1“.Овие аргументи не го убедија Кривичен суд, каде судија на претходна постапка одлучи да му одреди 30-дена притвор на Јованов. Тој е спроведен на издржување на притворот во затворот во Шутка.Ова не му е првпат на Јованов да оди во затворска ќелија. Тој минатиот април завршил во притвор, кој му бил изречен додека траела истрагата за дрогата пронајдена во неговиот дом. По три и пол месеци, односно крајот на јули, тој излегува во притвор со одлука на судијката Даниела Алекосвска-Стојановска.

Македонија | пред 11 месец

ljupco

Ди-џејот Љупчо во Радишани починал од насилна смрт: Семејството гневно, по пет месеци обвинителката сега пак ќе вештачи

Младиот ди-џеј Љупчо Лешко загинал од насилна смрт додека пуштал музика на приватна забава во скопско Радишани. Ова е конечниот став на Судска медицина по скоро пет месеци откако ја започнаа обдукцијата. Со ова, се потврди тврдењето на родителите дека нивниот син не починал од срцев удар како што, им тврдел вработен инспектор од МВР. Иако е утврдена причината за смртта, и натаму, не е утврдено од што е предизвикана и што било неисправно. Нема осомничени, ниту лица кои биле во притвор. Родителите, Раде и Кети Лешко, го вперија прстот во сопствениците на приватниот објект. Обвинителката Тања Трајчевска наредила нови вештачења.„Обезбедени се сите апарати кои биле поставени за пуштање на музика. Испитани се сведоци заради разјаснување. На сите прашања е дадена наредба за електро-техничко вештачење пред една недела. Дадена е наредбата за вештачењето да биде завршено во рок од 30 дена“, кажа обвинителката Трајчевска на брифинг со новинарите.На забелешката од „Скопје1“ зошто требало да поминат пет месеци за да се даде наредба за ново вештачење дури сега, кога за пет месеци може да се смени цела инсталација во објектот – таа одговори: „ Кога се случи настанот имаше електро-инженер присутен, беше направен увид, и вештото лице сега ќе има во предвид се од настанот, сликани се таблите. Нема да има проблеми. Мислам дека ќе има соодветно електро-техничко вештачење“, додаде обвинителката.Болката на семејството Лешко е уште поголема. Неговата сестра, Стефанија Лешко, ги прашува институциите што планираат понатаму, бидејќи се сигурни дека постојат доволно докази за да се покрене кривична постапка против газдите на објектот.„Денес,по нецели 5 месеци добивме извештај од судска медицина во кој сомнежите на мене и моето семејство се потврдија. Причината за смрт на мојот брат е струен удар.Покрај сите докази и изјави би сакала јавно да ги прашам институциите "понатаму што?". Уверени сме и сигурни дека не е несреќен случај и мислиме дека ЈО има доволно докази за да поведе кривична постапка против сопствениците на објектот. Исто така,сакам да упатам апел до јавноста,особено до родителите дека во Скопје и цела Македонија има премногу објекти кои работат без дозвола за вршење на таква дејност,со кои државата и инспекторатите би требало да се позанимаваат најмногу поради постоење на голем ризик од вакви случаи со смртен исход“, вели Стефанија Лешко за „Скопје1“.Во поткастот „Претрес“, родителите на Љупчо, отворено зборуваа за сѐ што се случило кобната ноќ. Сметаат дека постојат пропусти при увидот, но имаат и сомневање дека не се преземени сите мерки за да се утврди точната причина, па потенцираа дека објектот никогаш не бил запечатен. Тие посочија дека дури им била вратена миксетата од која Љупчо пуштал музика, па ја донесоа во студио. Иако тоа е возможно, останува отворено прашањето, зошто миксетата им била вратена од МВР, кога, истата е дел од доказен материјл, кој подоцна, може да биде предмет и на ново вештачење. Целиот разговор погледнете го тука:?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=5108

Македонија | пред 1 година

sudski-sovet-2-2-copy-pretresi

Претреси во Судски совет

МВР влезе во Судски совет и врши претреси, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, во моментов се прават контроли, а кои се поврзуваат со постапувањето на членовите во делот на предметите.„Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело“, велат од МВР за „Скопје1“Ова доаѓа откако Владата најави реформи во правосудството, а премиерот Христијан Мицкоски најави негово распуштање. Притоа, дел од составот на Судски совет е истиот кој изгласа апелациониот судија Енвер Беџети да не биде разрешен поради чувањето во фиока на предметот „Таргет-тврдина“, туку само да му биде намалена платата.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Потврдени се сомнежите за несоодветно лекување на Онкологија, а опостојуваат и сомнежите дека пациенти не добивале терапија, вели Обвинителството

Пациенти биле несоодветно лекување на Онкологија, потврдиле вештачењата кои Обвинителството ги добило од соседна Србија. Ова на брифинг со новинарите, го соопшти скопското Обвинителство, кои посочија дека се чека и второ вештачење кое се прави во Словенија. И натаму опстојуваат сомнежите дека на некои пациенти не им е давано терапија, иако е препишувана на нивно име.„Испративме истории во Србија, околу 16 истории со што тоа вештачење е изготвено и ние доставено на нас. Другото вештачење по однос на останатите 51 историја – тоа се уште не е готово и имаме прелиминарен извештај дека до крајот на јануари ќе биде готов и тој извештај“, велат од скопското Обвинителство и додаде:„Нашите сомнежи по однос на несоодветно лекување се потврдени со вештачењето од Србија, а другото вештачење не можам да го коментирам. Се надевам дека тогаш би ја затвориле истрагата“.Непотврдени останале сомнежите дека имало продажба на скапата биолошка терапија во странство. Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, посочи дека истрагата за овој случај е при крај.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-12-02_11-01-55-637

(Видео) Претседателката на Судскиот совет, Дамева, поднесе оставка од функцијата

Весна Дамева, претседателка на Судскиот совет, поднесе оставка од функцијата. Таа се заблгодари на членовите на Советот, за кои рече дека имаат интегритет. Според неа, мнозинство во советот се професионалци. Најголем респект посочи дека има за судиите кои не се додворуваат на политичарите. За неа, клучно за повлекувањето биле текстови по портали, со кои се оцрнувала. Текстовите биле за постапка во која странка е компанија на нејзниот сопруг.„Изминатиот период нема слух кај извршната и законодавната власт за да се обезбеди брза и ефикасна власт, која треба да се обезбеди со финансии, согласностите за 2024 година беа одбиени, финансиите скратени. Политичарите, претсдателот на Владата, изразуваат критики за Судскиот совет, негативен став за судиите.. И сметам дека единственото нешто што ми останува е да го зачувам мојот мир и спокојство. Затоа, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата. Од политичарите, од собраниска говорница се правеа обиди да се наруши мојот интегритет. Мицкоски изнесе наводи дека во Судскиот совет има кланови и се фалсификуваат записници“, рече Дамева.Според неа, пратеник во Собрание, Антонијо Милошоски, биле изнесени закани со кривична одговорност, толкувајќи правна ситуација. Посочи дека од политичар во власта било најавено дека треба да има измени во Судски совет, а на место на сегашните членови да бидат донесени „нивни луѓе“.Дамева рече дека кога незакоски ја разрешиле, се мислела дали воопшто да се врати во Судскиот совет.„Долго, многу долго се мислев дали да се вратам како претседател и да останам на функцијата, бидејќи знаев дека поради однесувањето на одредени членови на советот, ќе има критики и опструкции. На тие членови, ставот не им бил самостоен, иако преку образложенијата, изгледало така“, посочи Дамева.Според неа, политичарите треба да сфатат, дека судската власт е самостојна и независна.„Длабоко во себе верувам дека судиите се професионални и непристрасни. На тие кои не се, им порачувам: не си играјте со огнот, ја девалвирате судиската функција која не е занает и трговија, туку значи правораздавање. Очекувано е голем број судии кои правораздаваат сами да се огласуваат, а кацерот од нивните редови, сами да го отстрануваат“, рече Дамева.Таа ги пофали медиумите за реалното информирање врз основа на факти. Според неа, Судскиот совет бил транспарентен и отчетен во изминатата година.„Пред вас и само за вас, застанува јавноста, која вистинито треба да се информира. Недозоволиво е да се објави напишан текст од политичар, адвокат, со цел некому да му нарушите углед, да го претставите како нечесен, а уште повеќе да обвинувате судии и јавни обвинители и да влијаете врз нив. Тоа не е дозволиво во секоја демократска држава. Не го зборувам ова бидеќи и јас бев изложена на таква ситуација, туку од почит кон судиите и обвинителите, како и јавноста. Слободата на изразување да се почитува треба од секого“, рече Дамева.

Македонија | пред 1 година

stef-dimovski-velesani-1

(Видео) Велешаните за трговија со дете и силување добија вкупно 31 година затвор: Слушавме алиби на обвинетите како никогаш претходно

Групата велешани кои сексуално злоупотребувале малолетничка, се осудени на затворски казни, освен еден обвинет кој доби условна осуда. Пет лица се осудени за „трговија со дете“, шест се осудени за кривично дело „силување“, а едно лице за „Прикажување на порнографски материјал на дете“. Вкупно 13 обвинети седнаа на обвинителна клупа, само еден обвинет призна вина. Пред почетокот на објавувањето на пресудата, обвинетите се бунтуваа против снимањето на медиумите и бараа да излезат надвор. Судечкиот совет рече дека Врховниот суд го дозволил снимањето и дека немаат намера да ги попречуваат снимателите: „Дали ќе останете или излезете е ваша работа, не можеме ние да одговараме за вашето однесување“.По ова, дел од обвинетите ја напуштија судницата, па влегоа кога камерманите излегоа. Највисоката казна е за обвинетиот Димовски кој доби пет години и шест месеци кој беше обвинет дека со закани врз жртвата која имала 15 години, овозможил на другите обвинети да вршат полови дејствија врз неа.1. Првообвинетиот Стефан Димовски доби казна затвор од пет години и шест месеци.2. Дејан Спасиќ кој има малолетно дете, судот го осуди на четири години и шест месеци.3. Димитар Наков кој има 27 години судот го осудува на четири години и шест месеци.4. Тино Илиевски кој има 24 години судот го осудува на четири години затвор.5. Савен Неделковски кој има 26 години го осудува судот на четири години.6. Александар Филиповски кој има 24 години го осудува судот на 1 година и шест месеци.7. Бојан Филиповски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци.8. Антонио Зогравски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци.9. Трајче Лазов кој има 28 години, судот го осудува на затвор од една година и шест месеци.10. Ристо Вељанов кој има 22 години, судот го осудува на една година и шест месеци.11. Кристијан Дончев судот го осудува 1 година и три месеци.12. Борче Коцев кој има 32 години, судот го осудува на условна казнаСудечкиот совет рече и: „Како никогаш претходно слушнавме алиби на обвинетите. Овој предмет има многу повеќе од една жртва“, па додаде:„Овој предмет покрена многу прашања, каде се движат малолетните деца, дали кокаинот е единствено нешто што ги прави среќни. Пред овој суд се изведоа многу докази. Техниките кои овие обвинети ги користат се со метод на “љубовник”, кога жртвата емоционално ќе се поврзе, се користат сите други методи“.Во овој случај, Обвинителството според Кривичен суд докажа дека во декември 2021 година осомничениот Димоски од Велес остварил комуникација со жртвата преку Инстаграм и по неколку дена континуирана комуникација, стекнал доверба кај неа, доведувајќи ја во заблуда да започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед.Обвинителката Милица Гаврилова докажа дека првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите, како што се наведуваше во соопштението за истрага, присуствувале осомничени и други машки лица, кои прво консумирале наркотична дрога и алкохолни пијалаци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги, иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.Диспозитивот нема да биде јавно објавен, за да се заштити детето-жртва.„Судот ја имаше во предвид помеѓу обвинетите и жртвата која била на возраст од 15 години. Судот го имаше во предвид дека сите биле неосудувани“, рече судечкиот совет при соопштување на одлуката.Според Кривичниот законик, за кривичното дело „трговија со дете“ се предвидува минимална казна од осум години. Според истиот член, став 3, тој што користи или овозможува на друг сексуални услуги, се казнува со најмалку осум години. За кривично дело „силување“ казната е најмалку три години. За „прикажување на порнографски материјал на дете“ казната е од три до пет години затвор.

Македонија | пред 1 година

rade-stekli

Штекли е вон животна опасност по експлодираната бомба во неговиот дом

Раде Трајковски-Штекли е надвор од животна опасност и нема тешки повреди, дознава „Скопје1“ од извори во болницата. Според нив, тој поминал со помали телесни повреди по експлозијата на бомба, фрлена во неговата семејна куќа. Сепак, директорот на болницата „св. Наум Охридски“, Небојша Настов, каде бил пренесен Трајковски-Штекли, вели дека се прават и дополнителни анализи.„Стабилна здравствена состојба, вон животна опасност, доиследувања се прават во моментов“, вели доктор Настов за „Скопје1“.Засега не се фатени лицата кои ја фрлија бомбата во семејната куќа. Според МВР, други повредени нема. Ова е трет напад врз Штекли.Претходно, во него два пати беше пукано додека шеташе низ трговскиот центар „Ист гејт мол“. Беше погоден и во белодробното крило, но се спаси. Двете ликвидации биле добро планирани, а од беа објавени и снимки од моментот на пукање.Штекли е добро познат во скопското подземје и криминалните кругови. Еден период се поврзуваше со т.н. група „Барон“ од Чаир.

Македонија | пред 1 година

gjorce-park

Драма во паркот во Ѓорче: Мајка пријавила дека жена се обидела да и го киднапира детето

Драма се одвивала во паркот во Ѓорче Петров во текот на вчерашниот ден. Мајка пријавила обид за киднапирање на нејзиното дете, од страна на жена која седела на една од клупите во парк. Според информациите кои „Скопје1“ ги доби и од очевидци, жената прво го викнала детето и му дала да јаде, потоа го фатила за рака и го носела со неа, надвор од паркот.Кога мајката забележала што прави, почнала да вика да застане, а поради сомнежот дека се обидува да и го киднапира детето, почнала да вика и „полиција, полиција“. Жената застанала и и рекла да престане да се дере. Случајот е пријавен и во полиција, а жената која го земала детето посочила дека целта и била да го однесе кај нејзините деца додека го најде родителот - иако мајката била цело време близу со детето.„Ддодека била со нејзините две деца, М.М.(46) од Скопје, која била со своето дете, викнала едно од децата на А.Б. да седи со нејзиното дете и им дала да јадат. Потоа М.М. со детето на А,Б. тргнала накај пазарот, по што А.Б. истрчала по нив и си го земала детето. Со М.М. е извршен службен разговор во ПС Ѓорче Петров и посочила дека сакала да го однесе детето кај своите деца додека да го најде родителот“, велат од МВР за „Скопје1“За случајот е известен и јавен обвинител.

Скопје | пред 1 година

B630A5ED-6BF9-4200-ACFE-74B8D3D5B613_1_105_c

На Зоолошка и се заканува клуч на врата, без Управниот одбор, кажа и Јанчева

Советничката на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, рече дека лошите состојби во Зоолошка градина се нешто ново, а не стара состојба. Со изгласување на оставките на Управниот одбор, Зоолошката ќе остане без орган на управување и тоа според неа е клуч на врата.„Со тоа што го изгубивме кандидатскиот статус на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) имаме мораториум, а денеска со изгласување на оставките на Управниот одбор - сами ќе и ставиме мораториум. Со ова приморано, ќе ставиме катанец на Зоолошка, без орган на управување. Ако сакате мерка и ја нарекувате мораториум, треба да дадете рок. Вака, во преносна смисла е катанец на Зоолошка. Не можеме да одиме против актот на основање. Нема потреба од квалификации кој сака и не сака животни, тоа е лично. Зоолошка е бренд и овде беше кажано дека ќе слави 100 години, прва е на Балканот“, рече Јанчева.Според неа, Советот има одговорност за состојбата во Зоолошка градина.„Укажувавме дека имаме директори кои законски не смеат да бидат в.д. директори, не слушнав од членовите на Советот кој не се партиски определени - аргумент да нѐ поддржат дека вршителот на должност е противзаконски поставен, траеше тоа еден или два мандати“, додаде Јанчева.

Скопје | пред 1 година

utkovski-sutka

Бегство и пукање во затворот во „Шутка“: Осуденик враќан од суд, ги избуткал полицајците и прескокнал ограда

Осуденик од затворот „Скопје“ во Шутка избега при спровод од суд во ќелија. Ова се случило попладнево и тоа откако полицајците кои го обезбедувале го извадиле од затворското комбе и се доближувале кон црната капија, дознава „Скопје1“. Според нашите информации, осуденикот се движел пред тројцата полицајци кои го обезбедувале, но успеал да им се оттргне и да избега. Директорот Бобан Утковски не споделува детални информации за случајот, бидејќи истиот се уште е во фаза на проверки.„Информацијата за бегството е точно. Се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот. Лицето избегало при спровод од суд во полуотворениот дел од затворот. Доколку бидат утврдени пропусти при спроводот, ќе следуваат санкции“, вели директорот Бобан Утковски за „Скопје1“.Станува збор за осуденик кој издржува пет годишна затворска казна, но истовремено, се гони и за други пет дела за кои постапките му се во тек. При враќање од суд, тој се движел пред полицајците, но во дел од секунда скренува десно и почнува да трча кон затворската ограда. Според информации на „Скопје1“, сите тројца полицајци кои го обезбедувале трчале кон него, но ниту еден не го стигнал. Еден од полицајците пукал и во воздух за да го заплаши, но осуденикот не се поколебал.Доброупатени извори за „Скопје1“ тврдат дека иако го бркале, а само еден кој бил на чекор до него, во моментот кога се обидува да го фати, се сопнува и паѓа. Во овој дел од затворот има видео-надзор, кој ќе треба да го прегледа управата, но и МВР каде бегството е пријавено.Истото лице во текот на месецот, барало да биде спроведен од затвор на погреб, но тоа не било дозволено, бидејќи управата проценила дека ризикот за бегство е голем. Спроводите во суд се задолжителни, по налог на судија.Пријава за бегството има и во МВР, потврдија од таму за „Скопје1“. Посочуваат дека активно се трага и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Македонија | пред 1 година

ljupco

(Видео) По „Претрес“ ќе се вештачи миксетата на починатиот Љупчо: од што почина? Родителите талкаат по одговори

Институциите се размрдаа откако мајката и таткото на 19-годишниот диџеј Љупчо Лешко јавно во поткастот „Претрес со Ландов“ ги изнесоа сите сомнежи и чудни околности за смртта на нивниот син. Три месеци не знаат што е причината за смртта бидејќи Судска медицина нема изработено обдукциски наод. Љупчо почина во приватна вила во Радишани. МВР објави дека причината е струен удар. Но, миксетата наместо на вештачење - останала кај сопственикот на вилата, кој ја вратил кај родителите, а родителите ја донесоа и во студиото на „Претрес“. Осум дена по поткастот - таа е одземена од нив.Раде Лешко, татко на диџејот Љупчо Лешко, за „Скопје1“ откри дека од нив била побарана медицинска документација и комплетната опрема на неговиот син, за која претходно се разговараше во „Претрес“. Од нив се одземени шест предмети, меѓу кои и лаптопот и ДЈ-контролерот преку кои Љупчо пуштал музика критичната ноќ.„По налог на јавен обвинител доставивме целокупна медицинска документација на Љупчо и неговата комплетна опрема, земена за вештачење во Крвни деликти“, вели Лешко за „Скопје1“.?t=4915Сепак, и натаму недостига причината за смртта. Семејството Лешко и натаму талка по одговорот - како почина Љупчо. Три месеци чекаат за обдукцискиот наод, кој Судска медицина не го изготвија. Наместо тоа, добија најава за можна кривична пријава, оти честото јавување со прашања, за директорот е притисок.Според директорот на Судска медицина, Александар Станков, ова е само укажување, а не закана.„Родителите и блиски роднини на покојниот во повеќе наврати се примени на разговор во Институтот за судска медицина, со нив е дополнително разговарано и им е дадено објаснување. Закани за кривична пријава кон нив немало од ниту еден вработен во Институтот, туку им е укажано дека вршењето на притисок врз службено лице може да резултира со кривична пријава. Работата на нашиот Институт не е брзо завршување на обдукционите наоди, туку нивно прецизно, точно и со докази и анализи поткрепено изготвување“, вели директорот Станков за „Скопје1“.Сепак, родителите тврдат дека не биле на никаков разговор. Единствено таму била сестрата на Љупчо, Стефанија. Тие пак, посочуваат дека секојпат кога ќе се јавеле им велеле да ги побараат за два-три дена. Кети Лешко, мајка на починатиот Љупчо, бара Судска медицина да го докаже ова со снимки од надзорните камери, дека тие навистина биле таму на разговор.„Како одговор на изјавата на директорот на судска медицина сакам да ви потврдам дека ние како родители никогаш не сме биле физички во судска медицина, туку од страна на доктор беше повикана нашата ќерка на информативен разговор само околу срцето на нашиот син, но не и за информации за причината за смртта, што беше изречито кажано од истата докторка. Понатаму, ако зборовите 'Дека ако повторно пратиме блиско лице, или досаѓаме по телефон', дека како службено лице вработено во таа институција има право да поднесе кривична пријава за вршење притисок и мешање во истрагата не е закана, тогаш не знам што е, ама укажување секако не е. Ако прашањата дали има резултати се мешање во истрагата или вршење притисок, во ред, ќе прифатиме. Сепак, мислиме дека не се. И ако е така, тогаш би го замолил директорот да им укаже на неговите вработени, кога ќе се јавиме да не ни викаат јавете се за два дена, три дена, другата недела итн. Нашата ќерка беше таму и имаше краток разговор за кој она ќе ви пише и ќе ви каже каков одговор добила“, вели Раде Лешко, татко на починатиот Љупчо.Родителите посочија и дека вработен во МВР, уште на стартот на истрагата која го бара одговорот од што починал Љупчо, им кажал дека случајот ќе се затвори како незнајна смрт.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-11-at-13.46.43

Обвинетиот за убиството на Вања и Панче, вратен во ќелија: добро му е здравјето, останува во притвор

Боре Видевски, обвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка. Ова доаѓа откако тој претходно беше задржан на Клиниката за нефрологија, поради проблеми со бубрегот. Директорот на затворот, Бобан Утковски за „Скопје1“ посочува дека сега обвинетиот е во добра здравствена состојба.„Притвореникот за кого покажувате интерес е вратен од болничко лекување во затворот ‘Скопје’ и е во добра здравствена состојба“, вели Утковски за „Скопје1“.Видевски остана околу осум дена на болничко лекување. Извори ни тврдат дека Видевски има еден бубрег и тоа дониран, за кој треба да прима терапија. Ова не е првпат Видевски да биде носен на проверки на Клиника, по негови поплаки за влошена состојба.Поради влошената здравствена состојба на Видевски, беа одложени две рочишта за убиството на Вања и Панче. Претходно, сите обвинети, сосе оние кои во текот на истрагата признаа вина – пред судот, негираа дека ги сториле делата.Обвинителот останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски, била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката, планот за откупот не се реализирал, бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка. Панче Жежовски, според обвинителот, бил убиен за да му се одземе возилото „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето. Тој имал претходни познанства со дел од обвинетите.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-at-15.23.19

Понеделник е последен ден: Академијата која продуцира судии и обвинители не избра свој директор, оти претставник од Министерство за правда не дојде

Седницата на Академијата за судии и јавни обвинители, на која требаше да се избере нов директор, се одложи. Причината е отсуството на претставник од Министерството за правда. Според судијата Зоран Герасимовски, член на Управниот одбор на Академијата која продуцира судии и обвинители, предложи седницата да се закаже за друг датум, оти сега можело гласовите да бидат 4-4 и огласот да пропадне.„Сакам да укажам дека, како што и самите заклучивте, претставникот од правда не е присутен. Согласно Законот за академија за судии и јавни обивнители, укажува дека кога се носат одлуки од круцијално значење, како именување на директор, треба да има полн состав од девет членови. А ние сме осум членови. За да не дојде до ситуација да пропадне огласот и да има 4/4 гласови, предлагам точката од дневниот ред денеска да се тргне или седницата да се одложи“, рече судијата Зоран Герасимовски, член на Управниот одбор на Академијата.Предлогот за одлагање беше едногласно изгласан.Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, во јули поднесе неотповиклива оставка до Управниот одбор (УО) на Академијата. По стопирањето на тестовите за 130 места за последната, најголема генерација на Академијата, според Габер-Дамјановска остварено преку политичко влијание и со помош на контроверзна одлука на Управниот суд, таа смета дека повеќе нешто не ја врзува за функцијата директорка.

Македонија | пред 1 година

ljupco-sudska

„Нема закана, туку укажување“ - судска медицина под притисок од прашања, Лешко три месеци ја чека обдукцијата за починатиот син

Потрагата по одговори на семејството Лешко за нивниот починат син, за кој трет месец немаат обдукциски наод, за Судска медицина е притисок. Ова е објаснувањето на директорот, проф. д-р Александар Станков за „Скопје1“, кога го прашавме зошто се упатени закани кон мајката Кате Лешко, која се јавила да бара одговори – дали од струен удар, природна смрт или трета причина, таа го закопа нејзиниот 19-годишен Љупчо. Станков децидно негира дека станува збор за закани, туку укажување.„Родителите и блиски роднини на покојниот во повеќе наврати се примени на разговор во Институтот за судска медицина, со нив е дополнително разговарано и им е дадено објаснување. Закани за кривична пријава кон нив немало од ниту еден вработен во Институтот, туку им е укажано дека вршењето на притисок врз службено лице може да резултира со кривична пријава. Работата на нашиот Институт не е брзо завршување на обдукционите наоди, туку  нивно прецизно, точно и со докази и анализи поткрепено изготвување“, вели директорот Станков за „Скопје1“.Побаравме одговор, зошто три месеци по аутопсијата, се уште немаат изготвено наод од што почина диџеј Љупчо, на приватна забава во Скопје, каде бил најмен да пушта музика.„Се работи за многу комплексен случај за кој е потребно подолго време за анализи, се со цел да се обезбедат квалитетни и прецизни докази според кој ќе се донесе заклучок за причината за смртта. Се работи за случај кој е во фаза на истрага која според Законот за кривична постапка е тајна“, додава директорот Станков за „Скопје1“.Го прашавме и колку обдукциски наоди се несработени, иако аутопсиите се завршени, на што не добивме конкретен одговор.„Тоа е мојот одговор на сите ваши прашања. Друго немам што да додадам“, посочува Станков.Наместо одговор од што починал нивниот син, родителите на починатиот Љупчо добиле закани од Судска медицина. Ова го просведочи мајката Кети Лешко во „Претрес“.Три месеци поминаа од трагедијата кога на приватна забава во Радишани, Љупчо почина од засега недокажан струен удар.Мајката во поткастот „Претрес со Ландов“ кажа дека нема да престане да трага по одговори и детали за смртта на нејзиниот син. Посочи дека никакви, како што кажа, закани, нема да ја заплашат или поколебаат. Споменувањето на кривична одговорност од страна на вработена во Судска медицина за неа е закана, а не „укажување“ како што велат оттаму.Родителите сведочат како работат институциите:?t=4878

Македонија | пред 1 година

filipovic

Правна голгота и тромозење: Правдата за загинатиот пешак кај мостот „Гоце Делчев“ не е ни на повидок, откако пресудата беше укината

Нецели три години се развлекува постапката во која се лоцира одговорноста кај кумановката Гордана Филиповиќ, која со „БМВ Х5“ удри во сега загинатиот Слободан Ангеловски на мостот „Гоце Делчев“ кај МНТ.  Судијката Елена Илиевска Јосифова во октомври 2023 изрече затворска казна од 3 години која во мај 2024 година беше укината бидејќи во предметот нема супервештачење, а до денеска судењето не може да започне да се суди одново. Судијката Џенета Бектовиќ која требаше да ја суди повторената постапка во Кривичен суд, замина да биде член на Судски совет, па денешното рочиште беше одложено. Кој и од кога ќе почне да го суди овој судски процес – засега никој не знае.За цело ова време, семејството Ангеловски очекува да се дознае вистината за загинатиот Слободан, кој бил во „Водовод“ да плати сметки, а дома не се вратил и загина на пешачки премин. Апелација смета дека пресудата не може да опстои, бидејќи во предметот има три вештачења, од кои двете на Обвинителството и оштетеното семејство се совпаѓаат, а третото кое го нарачала обвинетата - носи сосема други факти и околности. Па затоа, предметот го укина и побара Кривичен суд да го суди одново, но, прво да обезбеди супервештачење.“Судот пропуштил да ги утврди сите решителни факти во предметот кои се од битно влијание за одлучување во конкретниот кривично-правен настан, прадо што, обжалената пресуда не може во целост и со сигурност да се испита во однос на нејзината правилност и законитост.... Првостепениот суд ќе треба да нареди супервештачење, при што со сигурност ќе  ја утврди брзината на движењето на возилото на обвинетата, како и да го утврди придонесот на учесниците за настанување на сообраќајната незгода, како и правецот, мстото на кој дел од пешачкиот премин и на која сообраќајна лента пешакот изгубил рамнотежа и паднал, евентуалните причини кои довеле до губење на рамнотежата и пад на истиот, како и дали доказот доставен од законскиот записник на покојниот изготвениот вешт наод и мислење може да биде релевантно ценет со оглед дека оваа постапка се води по службена должност на ЈО, каде единствен овластен да предложи и побара изготвување на вешт наод и мислење има јавниот обвинител“, стои во пресудата на Апелација.Ова образложение ќе значи ново тормозење на семејството Ангеловски. Прво ќе треба да чекаат да се најде нов судија кој ќе го земе предметот во работа. Потоа, да се одреди рочиште за прво судење. Предметот нема да биде приоритет на судијата бидејќи не е притворски, а тоа значи дека може да се одржува и по едно рочиште и на два месеци. Судијата по воведните зборови и изјаснувањето за вина на обвинетата Филиповиќ, ќе треба да нареди супервештачење. И тука има нова кочница, бидејќи супервештачењето може да се изработува и неколку месеци – со оглед на праксата која се гледа низ судовите изминативе години.Овој предмет, во претходната постапка во Кривичен суд, стоеше девет месеци во фиока, додека се чекаше судот да го оцени, а АКМИСОТ да го распредели кај судија.Обвинетата Филиповиќ е мајка на кумановката Јелена која имаше 17 години, а пред три години исто така загина во сообраќајна несреќа. Возачот кој ја прегази доби 7,5 години затвор.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-20-at-12.53.32

Чувствувам болка и агонија, се ставам на располагање на судот и кога се ќе се потврди, тогаш ќе ја барам Вања, рече обвинетиот татко пред судот

Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска и обвинет во процесот за нејзиното грабнување и убиство, побара од судот да му дозволи да помогне во расветлување на целиот случај. Ѓорчевски, кој кога Вања беше исчезната самиот водел истрага за да го најде девојчето, рече дека работата би ја расчистил со имиња и презимиња. Смета дека тоа му е должност како родител.„Чувствувам болка и агонија која не може да се објасни со зборови. Но сепак, од друга страна чувствувам и обврска и кон Вања и кон Мина, нели... Дека се ставам на располагање, за да се разреши целата оваа работа и конечно во детали, со имиња и презимиња. Со тоа што го наведе мојот адвокат, кога дефенитивно ќе се потврди, тогаш ќе бидам слободен. Тогаш нема да бидам на располагање на судот, тогаш ќе ја барам Вања“, рече Ѓорчевски.Тој е обвинет дека му дал информации на Љупчо Палевски-Палчо, обвинет како планер и реализатор на убиствата, со давање информации кога Вања ќе биде сама и кога да ја грабнат. Но и двајцата, негираа дека се познаваат и дека некогаш имале било каков контакт. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, посочи дека тоа го говорат и доказите на Обвинителството, а во детали образложуваше за случајот.

Македонија | пред 1 година

palevski-palco

Адвокатот на Палчо го брани клиентот, а ги нападна другите: Од нив има биолошки траги, а од него не!

Адвокатот Маријан Витановски, кој го брани првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, покажа со прст кон другите обвинети во процесот, обвинувајќи дека од нив се најдени биолошки траги, но не и од неговиот клиент. Според Витановски, за другите има докази, но за Палевски – никаков доказ.„Тој немал никаква врска и контакт со останатите обвинети за планирање на овој чин. Тој имал по друг основ. Тој не бил на наведената дата во Велес, нема никаков траг дека бил таму. Нема никаков траг дека е тоа тој, како што е наведено во обвинението, дека го зел телефонот на Панче Жежовски и го фрли. Пронајдени се траги, ама од друго лице. Да се оди во два правци, до Велес, па назад, а да не се пронајде ниту еден доказ, а за останатите обвинети има биолошки траги кои се предмет на вештачење, и се потврдени дека тие траги потекнуваат од тие лица, а нема траги од него“, рече адвокатот Маријан Витановски, кој го брани Љупчо Палевски.Според адвокатот Витановски, потврда дека Палевски нема никаква врска со убиството на Жежовски е што на снимките кои ќе се презентираат, во автомобилот имало три лица, како што тврди, а не четири.„Има траекторија на движење и за тој ден. Барав да ми кажат по базни станици каде бил остварен секој телефонски контакт“, рече Витановски, иако обвинителката во воведен збор кажа дека при секое убиство, обвинетите не ги носеле телефоните со нив.Витановски вика дека Палевски бил во банка кога се извршило убиството.„Има видео надзор во Халк банка, таму бил, судот може да добие такви податоци. Бараме судот да ги прибави тие податоци. Побаравме и од Улици и патишта, со десет локации да ни каже податоци за тоа, добивме одговор дека преку надлежен орган може само. Тоа е доказ“, рече Витановски.

Македонија | пред 1 година

obvineti-vanja

(Видео) Никој од обвинетите за убиството на Вања и Панче не чувствуваат вина, таткото Ѓорчевски: Се ставам на располагање

Ниту еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не се чувствува виновен. Иако претходно, дел од обвинетите имаа признанија на вина при извршување на грабнувања и убиствата, тие сега, посочуваат дека ќе докажуваат дека немаат вина поврзана со сите дела.„Не се чувствувам виновен“, рече првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо.Адвокатот на Велибор Манев рече дека тие ќе ги дискредитираат доказите, како и дека не учествувал во сите настани.„Не се чувствувам виновен“, рече Велибор Манев кој го криеше ликот од јавноста.И Боре Видевски ќе докажува дека не ги сторил кривичните дела.„Не се чувствувам виновен за кривичното дело“, рече Боре Видевски.Одбарана ќе дава и Влатко Кешишев.„Јасна ми е содржината, јасно ми е за што сум обвинет. Не се чувствувам за виновен“, рече Влатко Кешишев.Александар Ѓорчевски, татко на Вања, кажа дека не гледа вина кај себе, како и дека се става на располагање на судот за да се расчисти случајот.„Се ставам на располагање, наместо молчење“, рече Александар Ѓорчевски.

Македонија | пред 1 година

vanja

(Видео) Медиумите ќе го следат судењето за убиствата на Вања и Панче: Палчо за првпат прозборе во судница

Јавноста останува во судница за случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова доаѓа откако обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска истакна ваков предлог по барање на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска. Адвокатите на дел од обвинетите се противеа на ваквиот предлог, а судијата Ивица Стефановски реши предлогот да го одбие.„Постои јавен интерес за овој предмет затоа што превише е веќе експониран и мислам дека сите податоци за кои би требало да биде исклучена јавноста, се познати и не се од таков карактер, па мислам не се исполнети законските претпоставки. Децидно се противиме“, рече Марјан Витановски, адвокат на Љупчо Палевски-Палчо.По ова, се изјасни и Палевски, кој е првообвинет како планер и реализатор на убиството.„Дополнително се противам на предлогот и се откажувам, нема да барам да сведочи мајката токму од овие причини кои ги кажа Обвинителството, за да не ја вознемируваме и да не влијае...“, рече кратко Палевски-Палчо.На ваков предлог се противеше и адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој е бранител на Александар Ѓорчевски, татко на Вања кој е обвинет во постапката.„Сметам дека судот одлуката треба да ја заснова врз основа на јавниот интерес кој е присутен за овој кривичен предмет и во таа насока и таа смисла сметам дека не постојат законски пречки ниту законски основ за исклучување на јавноста во текот на целата главна расправа, имајќи во предвид, пред сѐ, како и на кој начин е информирана јавноста во досегашниот тек на оваа постапка. Оттаму оставам на судот, но потенцирам, раководејќи се од интересот и на таткото кој во оваа постапка е оштетен и жртва“, рече Туфегџиќ.

Македонија | пред 1 година

obvinitelka-palco

(Видео) Мајката на убиената Вања бара судењето да биде зад затворени врати, без медиуми: Медиумското известување ја продлабочуваат болката

Исклучување на јавноста и судење зад затворени врати на случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побарала мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска. Ова во судница го посочи обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска. Според неа, мајката на Вања сакала да го заштити нејзиниот приватен живот, но и животот на втората ќерка, а притоа и здравјето оти медиумските известувања за овој случај ѝ влијаеле.„Пред да одржам воведен говор, сакам да истакнам предлог за исклучување на јавноста од целата главна расправа, бидејќи исклучувањето на јавноста е потребно за заштита на приватниот живот на оштетената Зорица Ѓорчевска, мајка на починатото дете Вања Ѓорчевска, кое како дете жртва на кривично дело има права кои треба да се почитуваат“, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска.Според неа, мајката Ѓорчевска сакала јавноста да ја нема додека се суди и се обелоденува како се случило убиството на нејзината ќерка Вања Ѓорчевска.„Имено од страна на полномошникот на Зорица Ѓорчевска и Мина Ѓорчевска, сестра на Вања, поднесено е барање до Обвинителството за поднесување на предлог за исклучување на јавноста од целата главна расправа имајќи ги во предвид сериозните последици од интензивното медиумско известување од настанот врз починатото дете Вања Ѓорчевска, заради заштита на приватиот живот на Зорица и Мина Ѓорчевски, кое медиумско известување придонесло кон продлабочување на болката и стравот кај оштетената Зорица, како и кај Мина а сериозно влијаело и врз нивната целокупна здравствена состојба. Трпеле пост-трауматско растројство, за што доставувам извештај од специјалист по психијатрија и препорака од психотерапевт“, рече Жаклина Крстевска-Јосифовска.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања