Кристијан Ландов

palco

(Видео) Палчо седна во судница, Велибор Манев го криеше ликот од медиумите - започна судењето за убиството на Вања и Панче

Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски седнаа на обвинителна клупа. Денешното судење ќе се одржи, ќе се дадат воведни говори, но и обвинетите ќе се произнесат за вина. За првпат, во судница седна Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен како планер и реализатор на убиствата.Велибор Манев беше единствениот кој го криеше својот лик додека медиумите правеа видео-инсерти. За првпат, во судница со Палчо, седна и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања.Палевски, Кешишов, Манев и Видевски се гонат за две кривични дела и тоа: убиство и грабнување. Мозокот на операцијата, според Обвинителството, е Палевски. Таткото Ѓорчевски се гони само за кривично дело грабнување. Палевски досега негираше вина и најави дека има докази за тоа. „Скопје1“ објави детали и за исказот на неговиот сведок во Обвинителство. Видевски призна вина кога беше приведен, дал детали на записник, а потоа, кажал друга верзија за настанот. Непознато е како постапиле Кешишов и Манев, но и дали некој од нив на првото рочиште ќе признае вина.„Скопје1“ дојде до Обвинението. Во него се и доказите предложени од Обвинителството. Десетици записници, вештачења, искази, УСБ и ЦД уреди, одземени телефони, екстрахирани материјали, сигнали од базни станици. Обвинителството ја следело секоја траекторија на движење на лицата во критичниот, односно кобниот период за убиените.Обвинителот останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски, била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката, планот за откупот не се реализирал, бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка. Панче Жежовски, според обвинителот, бил убиен за да му се одземе возилото „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето. Тој имал претходни познанства со дел од обвинетите.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

86124789

Полиција упадна во струмичка „Вила Парк“: Инспектори прават претреси

Инспектори влегле во „Вила Парк“, која се поврзуваше со Заеви, но е сопственост на Ристо Карамазов, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, се прави претрес и се конфискува документација и компјутери, поради финансиски малверзации. Инсепкторите се во објектот подолго време, а неофицијално се испитува даночно затајување, но и други индиции за сторен криминал.„Скопје1“ го контактираше експремиерот Зоран Заев, за тоа дали тој се поврзува со фирмата, но тој не одговори на телефонските повици. Неофицијално, неговото семејство нема поврзаност со оваа фирма. Одговори очекуваме и од Министерството за внатрешни работи, чии инспектори ја испитуваат работата на фирмата, но и детали дали истрагата стигнува и до Заеви.Повеќе детали најавуваме за подоцна.Премиерот Христијан Мицкоски, во вчерашниот поткаст „Претрес со Ландов“ откри дека се водат предистражни постапки за десетици случаи. Детали:?t=4284

Македонија | пред 1 година

vanja-ubijci-osomniceni

Стотици фајлови, куп снимки и материјали: Палевски, Манев, Видевски, Кешишов и Ѓорчевски ќе кажат дали чувствуваат вина за убиствата на Вања и Панче

Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, заедно со Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, кои се товарат дека ги извршиле убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, седнуваат на обвинителна клупа. Судот ќе го одржи првото рочиште за планираното убиство на Ѓорчевска и Жежовски, за што, Обвинителството поднесе обвинение на 16 страници, од кои десет страници се таксативно наведени докази. Во случајот, обвинет е и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, со тврдење на Обвинителството дека тој дал информации за траекторијата на движење на неговото дете и бил во контакт со Палевски.Палевски, Кешишов, Манев и Видевски се гонат за две кривични дела и тоа: убиство и грабнување. Мозокот на операцијата, според Обвинителството, е Палевски. Таткото Ѓорчевски се гони само за кривично дело грабнување. Палевски досега негираше вина и најави дека има докази за тоа. „Скопје1“ објави детали и за исказот на неговиот сведок во Обвинителство. Видевски призна вина кога беше приведен, дал детали на записник, а потоа, кажал друга верзија за настанот. Непознато е како постапиле Кешишов и Манев, но и дали некој од нив на првото рочиште ќе признае вина.„Скопје1“ дојде до Обвинението. Во него се и доказите предложени од Обвинителството. Десетици записници, вештачења, искази, УСБ и ЦД уреди, одземени телефони, екстрахирани материјали, сигнали од базни станици. Обвинителството ја следело секоја траекторија на движење на лицата во критичниот односно кобниот период за убиените.Обвинителот останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски, била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката планот за откупот не се реализирал бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка. Панче Жежовски, според обвинителот, бил убиен за да му се одземе возилото „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето. Тој имал претходни познанства со дел од обвинетите.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

IMG_2106ll

Обвинителството „замижува“ или „глувее“? Арсовска нема потреба да се вознемирува, засега...

Неработата односно нефунцкионалноста на скопските претпријатија и Градот Скопје предводен од градоначалничката, Данела Арсовска, засега не го засега скопското Обвинителство. Тие сметаат дека овие проблеми треба да ги решаваат инспекторатите. Иако Скопје е претворено во мини-депонија, ЈСП не функционира, приватните превозници нема да возат, „Водовод“ го закочи проектот за прочистителната станица – Обвинителството не гледа злоупотреба на службената положба и овластување кај ниту еден од функционерите.„Јавното обвинителство постапува секогаш кога во конкретен настан има обележја на кривично дело. Проблемите кои ги наведувате се во надлежност на соодветни инспекторати и на органите од правосудната полиција кои се надлежни за детектирање, откривање на кривични дела и нивно натамошно процесуирање до Јавното обвинителство или до прекршочен орган. Предмет по допрен глас би можел да биде отворен доколку Јавното обвинителство процени дека во конкретен настан има кривично-правни дејствија, а инспекторатите и органите од правосудната полиција не постапуваат согласно своите надлежности за процесуирање“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Во поткастот „Претрес со Ландов“, во јули, Умејр Мухамеди, екссоветник на Арсовска, сподели информации за кои посочува дека се точни и вистинити, а се однесуваат на злоупотреби од градоначалничката. Стануваше збор за наводни злоупотреби со јавни набавки, пари за патувања, лица на платни списоци на сметка на граѓаните. Обвинителството и тогаш рече дека ги следи информациите, но „глас“ не допре до нив. Тогаш, за „Скопје1“ посочија дека ќе чекаат пријава.„Јавното обвинителство ги следи информациите. Доколку органите надлежни за откривање на кривични дела и контрола на финансиските текови (во конкретниот случај Управата за финансиска полиција, Единицата за финансиски истраги при МВР, Управата за јавни приходи или др.) достават известување или пријава, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности. Инструментот на допрен глас се користи доколку органите надлежни за откривање кривични дела не постапуваат согласно своите надлежности. Исто така, секој што има сознанија за сторено кривично дело истото треба да го пријави кај истражните органи“, кажаа од Обвинителството на 16 јули за „Скопје1“.Од тогаш до денеска, Арсовска смени десетина директори, Скопје е во уште полоша состојба, жителите остануваат без превоз. Решение не е на повидок, бидејќи Советот не и верува на Арсовска за да се изгласа одлука за набавка на нови автобуси, а програмите кои ги излгасаа тешко дека ќе го решат проблемот со мини-депониите.Кривична пријава за Арсовска, најави министерот за локална самоуправа, Златко Пирински. Тој кажа дека тоа ќе го направи како граѓанин, бидејќи смета дека Арсовска прави злоупотреба на службената положба и овластување.Арсовска на прашање од “Скопје1”, дали се плаши од кривична одговорност, на прес одговори со “не”, бидејќи според неа, не сторила ништо спротивно на закон.Бонус видео:

Скопје | пред 1 година

jsp-danela-kusoski-1

ЈСП тоне во проблеми: Директорот си игра „криенка“ со долгот, сервисери откажуваат, не кажуваат ниту колку треба да им се плати на приватните превозници

Градската власт не успева да набави нови делови за расипаните автобуси, а не пак, нови возила. Истовремено, приватните превозници се гневни бидејќи ЈСП не им ги исплаќа фактурите, па решија да кренат рачна и да си ги бараат парите. Во две реченици, ова е состојбата со јавниот превоз во Скопје. Во понеделник, учениците треба да се вратат во училиштата, а во исто време е најавен и стартот на поголемиот хаос во градот.„Скопје1“ пред осум дена побара од ЈСП да кажат, колкав е долгот кој го има претпријатието заклучно со август, но и колку побарувања имаат кои не им се наплатени. Наместо бројки, добивме проширена реченица и криење на информацијата.„Со оглед дека за материјалот кој треба да се прибави од секторот за финансиско работење треба подолг временски период за обработка Ве упатуваме Вашето барање да го упатите преку слободен пристап до информации од јавен карактер, преку соодветната законска постапка“, велат од ЈСП.Истиот однос, го имаа од ЈСП и на прашањата поврзани со приватните превозници. Баравме од претпријатието да кажат колку фактури ЈСП треба да исплати кон приватните превозници (се мисли на сите кои имаат договор со ЈСП) заклучно со 1 август и на кој износ, но и колку фактури досега се исплатени заклучно со истиот период и на кој износ. На ова не добивме никаков одговор.Неколку автобуси се запалија, куп се испорасипаа по градските улици, еден учествуваше и во несреќа за која возачот кажа дека е поради неисправност. „Скопје1“ упати јасно прашање до Драги Кушевски, директорот во ЈСП поставен од Данела Арсовска, дали тој чувствува малку одговорност. На ова, добивме одговор: „Ќе проверам“, за по осум дена – тој да молчи.Претходно, Кушевски, на седница на Совет на Град Скопје самиот призна дека не успеваат да ги сервисираат расипаните автобуси. Тој посочи дека тоа е последица на долгот кој го имаат направено раководствата на ЈСП.

Скопје | пред 1 година

IMG_2111

(Видео) За Арсовска молчењето е злато, но на лагата и се кратки нозете...

Скопската градоначалничка Данела Арсовска четири дена нема одговор на прашањето зошто ја излажа јавноста, но и на прашањето дали ваков политичар треба веднаш да се повлече од функцијата. Како и вообичаено, и овојпат, наместо објаснување, добивме игнорирање на прашањата од граѓаните. Остана нејасно, зошто на прес-конференцијата пред десетици камери и цела македонска јавноста, криеше дека формирала комисија за да го преиспита долгото боледување на разрешениот, па вратениот секретар во Град Скопје, Зоран Глигоров.„Скопје1“ уште во петокот на пладне, покрај потсетувањето дека поканата за гостување во поткастот „Претрес со Ландов“ останува, ја праша и: „Дали сметате дека секој политичар што ќе ја излаже јавноста, треба да се повлече од фукцијата?“. По два часа, откако како и вообичаено не добивме одговори, поставивме ново прашање: „Зошто негиравте дека имате формирано комисија за проверка на боледувањето на Глигоров, кога постојат документи кои го потврдуваат тоа?“. Помина викенд, но ниту стартот на новата работна недела не ги донесе одговорите.Арсовска на прес-конференцијата побара докази, а на прашањето за тоа дали форимирала комисија, одговори: „Не сум формирала, не“. И го пративме и на порака решението според кое се преиспитува привремената спреченост за работа на Глигоров, кое таа го потпишала. Добивме игнорирање.Владеењето на Арсовска без никаква транспарентност, каде градот повеќе наликува на компанија во приватна соспственост трае речиси цел мандат. Освен ПР текстови за да си каже тоа што таа сака, речиси и да нема медиум што добива одговори од Град Скопје на прашања кои граѓаните ги поставуваат и се јавен интерес. „Скопје1“ има пратено над 15 мејлови со теми од јавен интерес – на кои со месеци нема одговори.

Скопје | пред 1 година

arsovska-resenie

(Видео) Арсовска ја излажа јавноста: документот од архивата на Скопје ја покажува вистината

Скопската градоначалничка Данела Арсовска милува да се зборува со докази. А милуваме и ние. Веќе сфативме, таа треба да е секогаш во право.Освен кога ќе ја фатиме дека лаже. Како на пример на прес-конференцијата каде тврдеше дека не формирала комисија за да го преиспита боледувањето на генералниот секретар, Зоран Глигоров.Град Скопје е затворен за одговори на медиумите, но архивата е отворена за „Скопје1“. Ова е решението, потпишано од Арсовска, а заведено во градската архива. Затоа констатираме – Арсовска, излажа!Времето ќе покаже како владеела Арсовска. А нејзе веќе ја прашавме:„Дали сметате дека секој политичар што ќе ја излаже јавноста, треба да се повлече од функцијата?“, стои во пораката до Арсовска од „Скопје1“.Вас ве охрабруваме, секое беззаконие да ни го пријавите со докаази и нам! Анонимно.

Скопје | пред 1 година

mavrovka1111

„Скопје1“ дознава: Осомничените убијци се од исто семејство од Чаир, еден е затвореник кој од април е во бегство

Изнуда е причината за убиството кај Мавровка, каде убиен е 60-годишниот Васил Ефтимов, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Осомничени остануваат три лица, од кои две се уапсени и се на распит, по што Обвинителството ќе одлучи дали ќе се бара притвор.„Скопје1“ дојде до детали околу уапсените лица, осомничени дека го извршиле убиството. Тројцата осомничени доаѓаат од исто семејство, кое живее во Чаир. Неофицијално, еден од осомничените по кој е во бегство и по кој се трага е затвореник, кој порано извршил тешки кражби. Станува збор за лице кое издржува затворска казна во „Идризово“, а кое од април е во бегство.Друг од осомничените, кој веќе е уапсен, е негов внук од брат, додека третиот е нивни роднина. Според непотврдени информации, станува збор за група која и претходно била во судир со законот. Фамилијата е озогласена како склона кон криминални активности.Дел од медиумите објавија дека иницијалите на убиеното лице е В.Е. и дека се работи за адвокат, што набргу беше демантирано. Станува збор за скопјанец кој имал своја фирма, со седиште во скопски Аеродром.По убиството МВР затвори дел од градското подрачје, изврши преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила. Во операцијата беа вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови.Иако дел од медиумите објавија дека возилото со убијците, со белгиски регистерски таблици е пронајдено во Гази Баба, МВР соопшти дека на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило со лица во обид да побегнат, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје.Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода.При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Скопје | пред 1 година

images-5

Се заплеткува: Врховен ќе одлучува за екстрадиција на човек кој воопшто не е достапен за екстрадирање

Обвинителството доставило мислење за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани, соопшти Врховниот суд. Од наши извори, дознаваме дека сега, се проблематизира и евентуалното одлучување по тоа дали екстрадицијата ќе се дозволи или не, со оглед дека лицето не е достапно за органите на прогонот во Македонија. Сепак, од Врховен најавуваат дека одлука ќе донесат.„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека денеска, 20.08.2024 година, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, до Врховниот суд достави мислење за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани.Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно член 68 став 2 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, е должен да одлучи по конкретниот предмет во рок од три дена од доставувањето на мислењето од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, велат од Врховен суд.Највисокиот суд во државава, може да ја запре постапката, со оглед дека Рамадани, ексвојник на ОВК е надвор од нашите граници и Македонија при позитивна одлука нема кого да екстрадира. Сепак, неофицијално се зборува дека одлука на Врховен ќе има, а ќе биде во корист на Рамадани, а која може да послужи за судијата Пајазит Пајазити да ги правда неговите постапки кои се според судска пракса, но не и според закон.

Македонија | пред 1 година

ramadani

Како спинува Кривичен за бегството на Рамадани: се повикуваат на пракса, наместо закони!

Повикувајќи се на судска пракса, а не на закони, Кривичен суд се обидува да го одбрани судијата Пајазит Пајазити, кој го ослободи Блерим Рамадани од екстрадиционен ефективен притвор и го прати во домашен. Пајазити не негира дека при непроменети околности донел одлука за Рамадани да биде пуштен од зад решетки, па вперува прст во МВР оти тие требало да вршат надзор, но не соопштува дека надзор според закон можел да врши и самиот суд – но тоа не било направено. Пајазити се повикува на судска пракса, иако требало да постапува според Законот за меѓународна соработка во кривична постапка.„Факт број два е дека конкретното лице било во активен притвор со решение на Судија на претходна постапка од 17.07.2024 до 01.08.2024 година, или 15 дена, односно, согласно досегашната судска пракса за овие случаи, тоа е максималното време кое некое лица го поминало во екстрадиционен притвор“, вели Кривичен суд.Но вистинскиот факт е дека Законот не му забранува на судијата Пајазити да одреди притвор во должина соодветна за да се спроведе целата постапка за оценување на евентуалната екстрадиција. Дотолку повеќе што Законот посочува дека само при посебни причини, ефективниот притвор може да се замени со друга мерка – што во конкретниот случај и не се наведени дека постојат.„Надлежниот судија на претходната постапка, доколку тоа го оправдуваат посебни причини, наместо притвор може да определи друга мерка за обезбедување присуство на лицето чијашто екстрадиција се бара согласно со закон“, стои во Законот за меѓународна соработка во кривична постапка.Пајазити во одлуката за ослободување од зад решетки на Рамадани, кој потоа избега, се повикува на претпоставка дека досега судовите не дозволувале екстрадиција во слични случаи, па сметал дека тоа ќе биде така и сега.„Факт број три е дека на 01.08.2024 година, по предлог на одбраната на лицето, донесено е решение со кое лицето и понатаму останува обезбедено за органите на прогон преку куќниот притвор, а при донесување на решението, судијата имал предвид дека: имајќи ја предвид веќе воспоставената судска пракса за постапување на нашите судски органи при идентично исти случаи, односно на лица на кои првично им било определена мерка притвор, во сите одлуки на Кривичниот совет при надлежните судови е утврдено дека не се исполнети Законските претпоставки за екстрадиција, а овие одлуки се потврдени од Врховниот суд на РСМ, согласно Законските одредби, може да биде обезбедено со поблаги мерки како куќен притвор, мерки за обезбедување присуство или гаранција. – што е наведено во решението, додека надзорот над куќниот притвор, согласно решението се доверува на МВР односно надлежната полициска станица“, се вели во писанието на Кривичен за правдање на Пајазити.Сепак, Кривичен суд испушта да соопшти неколку клучни моменти. На пример, Законот за кривична постапка предвидува одредување на притвор се додека постои основано сомневање дека Рамадани сторил кривично дело, а тоа значи сѐ додека не се донесе судска одлука која ќе го потврди спротивното. Воедно, Законот посочува дека основа за притвор е можноста лицето да бега и да се крие – што во конкретниот случај се случи при одредување на поблага мерка.„Врз основа на распишана меѓународна потерница, односно врз основа на барање за екстрадиција, а кога се исполнети условите за определување притвор согласно со одредбите на Законот за кривичната постапка“, стои во Законот за меѓународна соработка во кривична постапка, за во Кривичниот законик, член 165 се дообјаснува: „Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело, доколку притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, против тоа лице може да се определи притвор, ако: 1) се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство“.За Судот, последен факт е дека Кривичниот совет донел решение со кое екстрадицијата се одбива, но одлуката била донесена по 8 дена откако Рамадани бил пуштен од зад решетки, а истата и не е конечна бидејќи последната одлука ја носи Врховен суд.„Како последен факт, би сакале да потенцираме дека согласно воспоставена судска пракса и меѓународното право, Кривичниот совет донесе решение според кое не се исполнети Законските услови за ектрадиција и целиот предмет е доставен на надлежно постапување на Врховниот суд на РСМ“, велат од Кривичен суд.„Скопје1“ пишуваше како избега Рамадани.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-18-at-10.15.22

Не му помина теоријата на Палчо дека е невин пред обвинителот: предложил сведок, кој не „пеел“ како што обвинетиот мислел

Без разлика на фактот што има сведоци и докази кои според Обвинителството без резерва докажуваат дека Љупчо Палевски-Палчо е планерот и реализаторот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, тој до последно негира вина. Палчо пред обвинителката презентирал друга теорија, се правдал дека не бил на местата каде се случиле убиствата во посочениот период, тврдел дека за тоа има и докази.„Скопје1“ дознава дека Палевски-Палчо предложил и свој сведок, со кој се обидел да докаже дека во периодот кога Вања и Жежовски биле грабнати и убиени, тој извршувал други обврски. Па така, Палевски кажал дека долг период поминал во банка, но оваа одбрана не поминала кај јавниот обвинител. Кога на распит дошол сведокот посочен од Палевски-Палчо, истиот посочил дека тие биле заедно, но во друг временски период.Според наши извори, Палевски во исказот пред обвинител кажал дека не го познавал обвинетиот татко на Вања, Александар Ѓорчевски. Одговорил и на прашање, дали ја знае мајката на убиеното девојче, со која негирал било каква комуникација. За сѐ друго што раскажал со цел да се спаси од вина, немал никаква материјална поткрепа.Јавноста го памети и моментот кога Палевски-Палчо го спроведуваа во суд, а каде на прашање од „Скопје1“ за тоа дали има докази дека не е сторител на убиствата, тој се насмеа. На повторено прашање, тој одговори: „да“.Палевски делувал со обвинетите Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски. Точноста на нивните искази, обвинителот ја поткрепил со материјалните докази, меѓу кои снимки од триесетина места.Обвинителот останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски, била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката планот за откупот не се реализирал бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка. Панче Жежовски, според обвинителот, бил убиен за да му се одземе возилото „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето. Тој имал претходни познанства со дел од обвинетите.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

direktor-parkovi

(Фото) Данела назначи кадар на ДУИ за нов директор на „Паркови и зеленило“: не одговара која е нејзината врска со Блерим Беџети

Кадар на ДУИ е нов директор во „Паркови и зеленило“ по избор на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Од пред два дена, Јетон Бучи го преземал кормилото на градското претпријатие, со градоначалнички потпис. Негова промоција не направи Град Скопје на социјалните мрежи, но направија членовите на ДУИ преку партиските профили.„За директор на јавното претпријатие ‘Паркови и зеленило’ е именуван Јетон Бучи“, пишува еден од профилите на ДУИ.[caption id="attachment_299674" align="alignnone" width="696"] Screenshot[/caption]„Скопје1“ за врската меѓу Блерим Беџети и Арсовска постави и прашања до Град Скопје, но не добивме одговори. Таму прашавме, кој е договорот меѓу пратеникот на ДУИ, Беџети и скопската градоначалничка, но и зошто кадри на ДУИ ги добиваат директорските позиции во претпријатијата. Овие прашања ги поставивме ден пред Бучи да биде назначен за директор - но како и секогаш, не добивме одговор.Професионалното портфолио на Бучи останува тајна за јавноста, бидејќи за него, до овој момент, од ЈП „Паркови и зеленило“ и Град Скопје, не е објавен ниту збор. Но, затоа, лесно достапно преку социјалните мрежи е дека Бучи сака да се фотографира со експратеникот на ДУИ, Артан Груби.[caption id="attachment_299676" align="alignnone" width="678"] Screenshot[/caption]Интересно е што Арсовска се здружила со кадарникот на ДУИ, иако таа во кампањата за парламентарните избори посочуваше дека ќе го врати името Македонија и е против уставни измени, а токму Бучи се залагал за спротивното. На неговиот профил, не може да се најде ниту збор напишан на македонски јазик.[caption id="attachment_299675" align="alignnone" width="676"] Screenshot[/caption]Претходниот директор на „Паркови и зеленило“, Мартин Ангеловски, крена раце од Арсовска и поднесе оставка.За ова објави „Скопје1“, па неколку дена подоцна, Арсовска излезе со став дека таа го разрешила и дека немало оставка. Дека ова е неточно, повторно објави „Скопје1“, заедно со документот до кој дојдовме преку архивите на Град Скопје.Ваквите потези на Арсовска доаѓаат во време кога скопјани бараат оставка од нејзе, бидејќи ја сметаат за неспособна да се справува со проблемите и да го води градот. Истовремено, таа се крие од јавноста и бега од неа. За тоа сведочи и вчерашниот нејзин потег, кога застана, па замина откако ја виде екипата на „Скопје1“.БОНУС ВИДЕО - АРСОВСКА БЕГА!На Данела, не ѝ чинеше Мицкоски – па сега и е посакуван соговорник и во него гледа спас.

Скопје | пред 1 година

avtobus-policija

(Видео) Контролор на ЈСП се заканува на патничка: Да беше маж, ќе беше тепан, седи мирна!

Снимка од која се слуша како контролор на ЈСП се заканува на девојка со реченицата: „Да беше маж ќе те тепав“, стигна до „Скопје1“. Од неа, се слуша непримерно однесување и закана од контролорот, а откако, патичката одбила да плати карта со укажување дека автобусот го чекала 50 минути и доцнел, а нејзината плата не и дозволува да се вози со такси.„Ти да си маж, нема вака да поминеш, биди сигурна!“, и вика контролорот на патничката, а таа го прашува: „Ќе ме тепаш?“, на што тој враќа: „Сто осто маж ќе биде тепан!“.Патничката го прашува: „Сакаш да те снимам сега?!“, на што контролорот на висок тон продолжува: „Ало, да е маж ќе го тепам биди сигурна, ти кажувам“. Патничката во останатиот дел од снимката ми посочува на контролорот му кажала работи за ЈСП кои побарала да ги пренесе до Централа, дека не се бунтува само таа, туку и други патници, на што тој и приоѓа и вели: „Пшш, седи мирна!“.Дополнително, друг контролор почнува да се жали: „Дали зимаме плата или не зимаме, никого не го интересира!“.Целата драма се одвивала во средата (14.08) во автобус кој се обраќал на линија 4А. Останатите патници сведочат дека контролорот бил дрзок и безобразен кон патничката. Патничката сакала да го сними инцидентот, но не можела.Инцидентот доаѓа во време кога жителите на Скопје чекаат и повеќе од еден час да дојде автобус, а тие се расипуваат низ булеварите, неретко и се запалуваат. ЈСП кубури со кадар, со нафта, но и со делови. Револт поради неисправните автобуси има и кај вработените.За случајот, „Скопје1“ го извести и директорот Драган Кушовски, кој веднаш одговори дека ќе направи проверки и ќе информира за резултатот од истите.

Скопје | пред 1 година

izet-medziti

„Донеле одлука дека нема основа Блерим Рамадани да се спроведе во Србија“, политичарот Меџити соопштува судска одлука која уште не е конечно донесена

Блерим Рамадани не треба да биде екстрадиран во Србија, одлучиле судските истанци, според вицепремиерот Изет Меџити, кој се обрати од партиската говорница на „ВЛЕН“. Тој не сакаше да го коментира бегството, ама сакаше да каже дека Рамадани кој се бара за воени злосторства од Србија, е слободен човек. Се повика на одлука на Судскиот совет, иако ова тело нема никаква поврзаност со тоа дали екстрадицијата на Рамадани ќе биде дозволена или не.„Знам дека Судскиот совет донел одлука дека аргументите на Србија не држат и нема основа Блерим Рамадани да се спроведе во Србија. Тоа е веќе трета одлука, тоа станува судска пракса. Таа судска пракса веројатно треба да не насочи да делуваме како сите европски држави. За овој период, Србија дава неточни информаци кои не треба да се сфатат сериозно во иднина“, рече Рамадани.Интересно е што на денешната седница на Судскиот совет не беше соопштено, ниту може да биде соопштено од нив дека екстрадицијата на Рамадани не е одобрена или одобрена. Дотолку повеќе што конечната одлука ја носи Врховниот суд и истата според информации на „Скопје1“ до овој момент не е донесена.Според Законот за меѓународна соработка во правната материја, кога советот на Кривичен суд ќе пресече дека не се исполнети законските претпоставки за екстраиција, носи решение со кое тоа го утврдува. Но, решението по службена должност се доставува до Врхвеон суд, кој по добиено мислење од јавен обвинител може да го потврди, укине или преиначи. Ова значи дека последната одлука ја носи Врховниот суд. Дотолку повеќе, што информациите на „Скопје1“ се дека советот на Кривичен и обвинителот од кој се барало мислењето имале спротиставени ставови. Обвинителот сметал дека се исполнети законските услови за екстрадиција на Рамадани во Србија.„Предметот не е дојден до нашиот суд“, велат кусо од Врховен суд за „Скопје1“.За потсетување, Блерим Рамадани избега благодарение на судската одлука на судијата Пајазит Пајазити, кој го извади од зад решетки и му одреди куќен притвор. За него е формирана комисија која ќе го испитува постапувањето.

Македонија | пред 1 година

samka1

„Сам донел сам изел“: за граѓаните или да му застарат милионските долгови, за кого бие битка Самка Ибраимовски?

„Сам донел, сам изел“. Вака вели една народна поговорка која изгледа добро ја слушнал и разбрал, експратеникот Самка Ибраимоски. Тој и натаму бара да се бришат долгови постари од десет години, но не дава одговор дали тоа го прави за себе или за граѓаните, како што тоа го претставува во јавноста.„Скопје1“ пишуваше за фирмата на Ибраимоски која треба да врати на државата милионска сума, а тој сака да се спаси со законот кој сам го иницираше додека беше пратеник. Сега го прашавме, дали ќе се откаже од застарување на неговиот долг и ќе ѝ врати на Македонија 29 милиони денари кои неосновано ги добил, што е констатирано со ревизија на пресуда и правосилна одлука на Апелација – но тој не одговара.Ибраимоски е особено активен во делот на застарување на долговите изминатиот период. Тој гласно го критикува тоа што долговите не застаруваат, без разлика дали поминале десет или повеќе години. Но и самиот е должник. „Скопје1“ го праша дали тој има долгови и кон поединци и фирми, кои можат да му застарат со законот чија уставност ја преиспитува Уставниот суд. Ни на ова прашање не добивме одговор. Но истовремено, преку социјалните мрежи бара кривичните пријави против извршителите да се процесуираат во јавното обвинителство.„Кажавте дека законот мора да се почитува без разлика кој и да е. Вие како поранешен адвокат, сегашен министер за правда, ние како еден од иницијаторите за застарување на долговите во Македонија со мојот тим, имаме една замолница...Законот за облигациони односи не се почитува, извршителите како да се паднати од Марс. Дали може вие да покренете постапка за непочитување на закон, бидејќи неспроведување на одлука се казнува парично или со казна затвор. Ве замолувам да преземете обвинанија.... Година дена не почитуваат закон (извршителите)“, вели Ибраимоски во вклучувањето во живо.Но експратеникот кој се бори долговите да застаруваат и да не се плаќаат, не кажува ниту збор за тоа дека ниту тој не почитувал судски одлуки донесени врз основа на закон. Па така не ја испочитувал пресудата донесена од Кривичниот суд во 2006 година, која станала правосилна со одлука на Апелација, а во која стои да врати милиони на државата. Доколку ова било испочитувано, неговата фирма немала да биде дадена на извршител, ниту противизвршувањето чиј доверител е Македонија – ќе биде поднесено до извршител.За потсетување, Ибраимоски беше пратеник во Собранието. Тој, две години откако државата започнува извршување на долг од неговата фирма, го поднесува законот кој и денеска го пропагира.Ние сакавме да ја чуеме и втората страна, па Ибраимоски во два наврати доби покана и за гостување во поткастот „Претрес со Ландов“, но и прашања од наша страна, кои можеби не му се допаѓаат, па ги игнорира. Останува отворено и прашањето кој е главниот мотив на Ибраимоски толку да инсистира на бришење на долговите. Нејасно е и зошто ако приоритет му е интересот на граѓаните, тој не ги врати неговите долгови, сосе милионите кои ги чека државата.Повеќе за случајот:

Македонија | пред 1 година

samkka-ibraimoski

Самка ќарува државни 29 милиони денари: му застаре долгот благодарение на законот кој го иницираше како пратеник

Државата барала да наплати 29 милиони денари од фирмата „УНИУС-ИС“ на експратеникот Самка Ибраимоски, но тоа нема никогаш да се случи, бидејќи тој го искористил законот кој сам го иницираше и долгот му е застарен. Македонија барањето за извршување го поднела во 2006 година, извршителот не успеал да наплати до 2016 година, а со новиот закон, ако долгот десет години не се наплати – се отпишува. Ибраимоски беше еден од иницијаторите на тоа долгот да застарува и да не може да се извршува по одреден период. Сепак во изјава за „Скопје1“ посочува дека целта не му била тој да се спаси. Посочува дека државата му должи нему. Но признава, по основ на застареност на извршување, се спасува од враќање на милионската сума.ЗОШТО ДРЖАВАТА БАРАЛА ДА ГИ ВРАТИ МИЛИОНИТЕПред да стане пратеник, Самка Ибраимоски тврди дека имал мотел во Тетово, кој му бил запален во 2001 година при војната. За ова поднел тужба против државата и барал обесштетување. Судот пресудил дека треба да се обесштети и оваа пресуда, која според неговите зборови станала правосилна. Тој добил средства. Но потоа пресудата подлежела на ревизија – па било одлучено дека „УНИУС-ИС“ на Ибраимоски нема право на пари и требало да ги врати.„Прво добив пресуда за оштета поради тоа што мотелот ми беше запален во 2001 година. Кога требаше да почне наплатата, тие дадоа ревизија на правосилната пресуда. Значи мене ми платиле врз база на правосилна пресуда, не на жими мајка или чесен збор. Поради мојата политичка ангажираност направија мучка и го вратија предметот на повторно судење. На повторното судење, ми рекоа дека немам пасивна легитимација. Тоа беше чиста политичка игра“, вели Ибраимоски.Оттука почнува и присилната наплата на парите од страна на државата.ИБРАИМОСКИ ТРЕБА, НО НЕ ГИ ВРАЌА ПАРИТЕФирмата на Ибраимоски станува должник. Државата бара да ѝ бидат вратени 29.545.277 денари како главен долг. Ова е потврдено и со пресуда од Кривичниот суд во Скопје од март 2006 година, која станала и правосилна со одлука на Апелација.„...со решение на Врховен суд од 2004 година, пресудата од 2003 година е укината, а врз основа на таа извршна исправа, доверителот наплатил вкупно 29.545.277 денари од должникот, судот одлучи како во изреката на ова решение па предлогот за противизвршување го уважи и му наложи на доверителот во рок од 15 дена да го врати на должникот износот од 29.545.277 денари, односно износот што доверителот го добил со извршувањето во извршната постапка“, стои во пресудата изречена од Ангелина Поповска.Доверителот Република Македонија поднесува барање за противизвршување во 2009 година, каде како должник се впишува фирмата „УНИУС-ИС“ сопственост на Ибраимоски.„Врз основа на решение ... од 2006 година на Основниот суд Скопје, уважен е предлогот за противизвршување поднесен од должникот, а сега доверител Република Македонија против доверител, а сега должникот ... УНИУС-ИС ДООЕЛ Тетово со кое решение му се наложува на сега должникот да му врати на сега доверителот износ 29.545.277 денари на име главен долг. Ова решение е потврдено со решение на Апелациониот суд од 2008 година“, стои во  барањето за извршување до кое дојде „Скопје1“.СТАНУВА ПРАТЕНИК ВО 2011 И ПОЧНУВА СО БАРАЊАТА ДА ЗАСТАРУВААТ ДОЛГОВИТЕСамка Ибраимоски е претседател на ПЦЕР, од чија партија беше и пратеник во Собранието. Тој во изјава за „Скопје1“ посочува дека законот за застарување на долгови и стопирање на наплати од извршители го пропагирал во 2011 година – додека всушност, според документите кои ги поседува „Скопје1“ траело извршување на милионите кои државата ги барала назад. Сепак, Ибраимоски посочува дека тој не должел на државата и не се работело за него.„Јас овој закон сум го пропагирал и сум барал во 2011 година, тогаш не се работело за мене. Нема врска тоа што јас должам на државата, јас ништо не должам“, вели Ибраимоски.Тој самиот посочува дека сега нема долг, оти со правосилна пресуда е констатирано дека долгот застарел.„Јас сум сопственик на фирмата, но немам долг, јас имам пресуда добиено, јас немам долг, имам пресуда дека се поништува по два основа, поради застареност и поради тоа што државата треба да ми плати оштета. Тие да сакале да ги извршат, немале да чекаат 15 години“, вели Ибраимоски.Кога ја побаравме пресудата со која се констатира дека државата треба да му плати оштета, прво рече дека му е кај адвокатот, па најави дека дополнително ќе ја достави.ПРИБЕЛЕШКАТА НА МОТЕЛОТ СТОИ, ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОДАВАДека имало прибелешка на мотелот кој го имал Ибраимоски поради долг, потврдува и самиот поранешен пратеник. Тој посочува дека сега има поднесено и кривична пријава против извршителот.„Има прибелешка за мотелот, сега јас барам да се избрише. Тој не ја почитува правосилната пресуда, јас пуштив кривична пријава. Јас имам пресуда дека предметот е застарен“, додава Ибраимоски.Тој најави дека предметот ќе го тера до крај, дека ќе оди до Стразбур.САМКА Е ПРОТИВ ИЗВРШИТЕЛИТЕЕкспратеникот се залага за примена на законот со кој долговите застаруваат, а извршителите мораат да запрат со извршувањето. Тој повикува на протести за утре во 12 часот пред Министерството за правда.„Понесете ги извршните решенија, ќе има барања до министерството за овој закон да почне да се применува“, посочува Ибраимоски во вклучувањето во живо на „Фејсбук“.Тој посочува: „Народот треба да ги ја земе судбината во свои раце“.

Македонија | пред 1 година

ramadani

Како избега Блерим Рамадани: Судијата Пајазити го става и вади од зад решетки при непроменети околности, обвинител се жали, Кривичен совет го враќа - но него го нема!

Судијата Пајазит Пајазити го ставил, па го пуштил поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од ефективен притвор, иако околностите под кои е одреден притворот биле непроменети, дознава „Скопје1“. На МВР им била дадена насока да вршат контроли, кои биле правени секојдневно. Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО-ГОКК) не се согласило и поднело жалба. Денот кога Кривичен совет одлучува по жалбата – Рамадани бега. Вака изгледал текот на настаните кога во прашање е Рамадани, за кого Србија има потерница и го бара за извршени воени злосторства.„Скопје1“ дојде до информации како постапувале судијата Пајазит Пајазити, Кривичниот совет кој одлучува по жалби, Обвинителството кое бараше притвор и се жалеше за куќниот притвор, Министерството за внатрешни работи задолжено да прави контроли на адресата каде Рамадани беше во куќен притвор. Заклучокот е дека МВР не може да го пушти Рамадани да избега, туку судот со неодредување на најстрогата мерка.Рамадани беше уапсен на 18 јули. Судијата Пајазити го праќа во притвор зад решетки. Осомничениот се жали по два основи – дека е противзаконски лишен од слобода, како и дека не треба да биде во притвор бидејќи нема намера да бега, ниту причина. Постапува Кривичниот совет на судот, кој одлучува дека жалбата за противзаконитото апсење му е одбиена оти касно ја поднел, а дека поплаката за притворот му е исто така ненавремена, но и неоснована. Тој останува зад решетки.Пајазити решава да му го укине притворот на Рамадани на 1-ви август. Го испраќа во куќен притвор кај роднина, кој живеел во Чаир. Рамадани е спроведен од полицијата. Ова решение, Пајазити го носи без разлика на фактот што околноста поради која му е одреден притвор е непроменета – а тоа е дека се бара по потерница. Неофицијално дознаваме дека судијата не бара ниту став од обвинителот, иако, тоа се прави пред сѐ поради еднаквост на оружјата во правната постапка. Рамадани излегува на слобода, а обвинителот се уште не е ниту известен за одлуката донесена од судијата Пајазити.Министерството за внатрешни работи е известено за судската одлука и добива задолжување да врши контроли во Чаир, каде Рамадани го издржува куќниот притвор. Не бил определен 24-часовен надзор, иако Пајазити имал таква можност согласно Законот за кривична постапка, туку укажал контроли да се прават еднаш во денот. Полицијата при рандом секоја контрола, го затекнува осомничениот на адресата.По пет дена од одлуката на Пајазити, решението за куќен притвор го прима и обвинителот. Истиот ден, до Кривичниот совет (второстепен орган за жалби по притвор), стигнува жалба од обвинителот кој бара Рамадани да биде вратен во притвор бидејќи околностите не се променети, тој се бара со потерница, а постои оправдана опасност од бегство.Кривичниот совет од тројца судии заседава и одлучува вчера (14 август), и заклучува дека жалбата на обвинителката е оправдана и Рамадани треба да биде вратен во притвор зад решетки. Но, касно. Полицијата оди на адресата за да го спроведе во затворот „Скопје“ во Шутка, но не го наоѓа на адресата каде ја издржувал мерката. Веднаш го известува судот, па има централна потерница. Меѓудругото, колегите судии, констатираат дека судијата на претходна постапка, Пајазити, укинувањето на ефективниот притвор, и одредувањето на куќен притвор, го направил иако немало променети околности и лицето може да се даде во бегство.По осомничениот Рамадани е објавена централна потерница и се трага. „Скопје1“ прати повеќе прашања до Кривичниот суд поврзани со низата правни чекори преземени од судот и судијата Пајазит Пајазити – на кои до овој момент не доби одговор.

Македонија | пред 1 година

safdg

(Видео) Со пиштол извршен грабеж на улица „Македонија“ - снимен моментот и крадецот

Младо лице со пиштол изврши грабеж, среде бел ден, во центарот на Скопје, на улица „Македонија“. Тој со кацига и ракавици, влезе во продажен салон на познат бренд и одзел повеќе часовници.Од снимките кои ги поседува „Скопје1“ се гледа како лицето ги става предметите во ранец и заминува од местото каде се случил грабежот.  Снимено е и како лицето преку плоштадот „Македонија“, се упатува кон Кејот, односно Камени мост.МВР трага по него.„Пријавено е дека во 16.30 часот во продажен објект на подрачје на Центар во Скопје едно лице со закана со огнено оружје одзело повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат кусо од МВР за „Скопје1“.

Скопје | пред 1 година

gsdas

(Документ) И скопјани ја исмејуваат: Арсовска се пофали дека го разрешила, но директорот на Паркови сам се повлекол

Дел од директорите на јавните претпријатија кренаа раце од Данела Арсовска и поднесоа оставки, а градоначалничката, не признава порази, па реши да се пофали дека таа ги разрешила нив. „Скопје1“ преку извори во Град Скопје, дојде до изјавата за отповикување од функцијата на директорот во ЈП „Парови и зеленило“. Арсовска пак, јавно најави и казна за директорот, односно ревизија.Според изјавата, архивирана на 12.08.2024 година од Град Скопје, кога и „Скопје1“ објави дека Мартин Ангеловски ја напушта Арсовска, тој се повлекол од лични причини.„Јас, Ангеловски Мартин, в.д. директор на ЈП Паркови и зеленила-Скопје, на ден 12.08.2024 година, давам оставка од лични причини“, стои во изјавата.Откако веста на „Скопје1“ молскавично се прошири низ јавноста, Арсовска веќе следниот ден (вчера), реши да се фали дека таа го разрешила Ангеловски.Дополнително, му најави и ревизија, а индиректно посочува дека тој е вмешан во корупција.„Поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување од функцијата директор на ЈП Паркови и зеленило е разрешен Мартин Ангеловски. Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП Паркови и зеленило е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела“, објави Град Скопје.Ваквите потези на Арсовска доаѓаат во време кога скопјани бараат оставка од нејзе, бидејќи ја сметаат за неспособна да се справува со проблемите и да го води градот. Истовремено, таа се крие од јавноста и бега од неа. За тоа сведочи и вчерашниот нејзин потег, кога застана, па замина откако ја виде екипата на „Скопје1“.Истовремено, скопјани се исмејуваат со градоначалничката. Таа смени над 30 директори додека го извршува мандатот.

Скопје | пред 1 година

Sequence-09.00_00_24_07.Still001

(Видео) Арсовска избега од јавноста! Тргна да се слика, застана, па замина!

Данела Арсовска скришум, без најави, тргна да прави увид на градежни работи во скопско Волково. Но, не направи фотосесија, откако ја виде екипата на „Скопје1“. Наместо одговори зошто градот тоне во долгови, смрдеа, нечистотија и нефункционалност – таа му даде насока на шоферот да тргне и да избегаат од локацијата. Заедно со неа, во автомобилот, беше и советничката Ирена Витина.„Скопје1“ проба да ја добие и телефонски Арсовска, но таа не одговараше. Нејзиниот тим извиси, а ја чекаше од 09 часот да стигне. Откако Арсовска брутално ги одмина, без поздрав и во брзање со службениот „пасат“, заминаа и тие. Дел беа од фирмата „Жикол“, која е изведувач, други пак градежни службеници од Град Скопје.Скопјани за нејзе велат дека треба да ѝ е срам да се појави во јавност.Куп скандали се врзуваат со Арсовска и нејзиното мандатување со Градот Скопје. Од нејзе и јавно се бара оставка, во спротивно најавуваат и протести. Нејзиниот поранешен советник, Умејр Мухамеди во поткастот „Претрес со Ландов“ тврдеше дека во Градот се местат тендери, се постапува спротивно на законите, а Арсовска врши и тортура врз вработените – кои „плачат“ од неа.[caption id="attachment_299199" align="alignnone" width="1290"] Арсовска не одговори на ниту еден од 17-те повици од „Скопје1“[/caption]Арсовска должи одговори и за долгот кој го направила во Град Скопје и го зголемила за шест пати, за што „Скопје1“ поседува документи. Јавните прашања до неа се и дали ќе негира поврзаност со запаленото возило сопственост на фирма, кое го управувал и Драган Митковски-Книга, соработник со кој таа се скарала пред скоро време.[caption id="attachment_299201" align="alignnone" width="1290"] Не одговори ниту на СМС пораката[/caption]

Скопје | пред 1 година

20220915120831

И директорот на „Дрисла“ крена раце од Данела, а таа дели откази во Градот - избрканите спремаат тужби

Директорот на депонијата „Дрисла“, Александар Кузинаков, крена раце од директорската позиција, дознава „Скопје1“. Но истовремено, скопската градоначалничка Данела Арсовска „на големо“ дели откази низ Град Скопје, тврдат нашите извори. Тоа го прави по разни основи, известувања се закачуваат и на огласната табла. Кузинаков е вториот директор кој не сака да продолжи да ја извршува директорската позиција, откако вчера тоа го направи директорот на ЈП „Паркови и зеленило“. Кој ќе ги наследи - градот кој Арсовска го „приватизираше“, не соопштува.Неофицијално, а во недостаток на официјални информации, дознаваме дека десетина лица останале „на улица“, откако Арсовска решила дека не сака повеќе да соработува со нив. Меѓу нив, блиски соработници, но и лица кои имале договори со Град Скопје. Тоа, според одредени информации го прави поради несогласувања, а не поради проблеми при извршувањето на работните задачи. „Скопје1“ дојде до информации дека ваквото постапување на Арсовска ќе донесе нови тужби кон градот, а со тоа и нови трошоци.„Скопје1“ овие прашања сакаше да ги постави и утрово до Арсовска, но таа, наместо да излезе од автомобилот, кога ја виде новинарската екипа - избега со службениот „пасат“.Претходно, таа ги разреши директорите на „Водовод“, а потоа и на „Комунална хигиена“.Скопјани пак, нервозни. Бараат од Арсовска да поднесе оставка до петок.„Ајде вака да ѝ дадеме можност на “дамата” Данела да биде достојна до петок 16.08.2024 да си поднесе оставка причините се повеќе од јасни, ако почнеме да ги набројуваме немаат крај, нека биде достојна нека си даде оставка, доколку не се случи тоа, неа ке ѝ се случи народ, но не партиски, напротив од незадоволството на секој еден граѓанин на Скопје без разлика на партија вера и нација“, пишува Игор Кнеле, жител на Скопје.Скопје во мандатот на Арсовска наместо модерен – стана град со незадоволни луѓе, наместо метропола – град на заборавени жители.

Скопје | пред 1 година

300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

Директорот на Паркови даде оставка, Арсовска доби повик до петок да се спакува: „Ќе и се случи народ!“

Директорот на градското јавно претпријатие „Паркови и зеленила“, Мартин Ангеловски, поднел оставка од функцијата, дознава „Скопје1“. Според наши информации, оставката е депонирана до скопската градоначалничка Данела Арсовска, за која скопјани би рекле дека единствено што милува и прави е да менува директори.Ангеловски е првиот од триесетината директори, кој сам дава оставка, наместо да биде разрешен. Неофицијално, во оставката стои дека е од лични причини, а доаѓа во време кога Арсовска се крие од јавноста. За него, Арсовска посочуваше дека е лице со 15 години работно искуство.Во изминатите денови, како што објави „Скопје1“, Арсовска го смени директорот на Водовод, а потоа и на Комунална хигиена. Ова го направи тивко, без никакво соопштение како што милуваше да биде праксата во минатото.„Скопје1“ дознава дека промените не биле направени поради нерегуларности или незадоволство, туку поради караница која Арсовска ја имала со нејзин близок соработник, чиј предлог се разрешените.Скопјани пак, нервозни. Бараат од Арсовска да поднесе оставка до петок.„Ајде вака да и дадеме можност на "дамата" Данела да биде достојна до петок 16.08.2024 да си поднесе оставка причините се повеќе од јасни, ако почнеме да ги набројуваме немаат крај, нека биде достојна нека си даде оставка, доколку не се случи тоа, неа ке ѝ се случи народ, но не партиски, напротив од незадоволството на секој еден граѓанин на Скопје без разлика на партија вера и нација“, пишува Игор Кнеле, жител на Скопје.Скопје во мандатот на Арсовска наместо модерен - стана град со незадоволни луѓе, наместо метропола – град на заборавени жители.

Скопје | пред 1 година

tepacka-skopje

Прескокнале и избегале: при броење се припојавиле четворица во затворот во Шутка, фалат уште шест затвореници

Директорот на затворот “Скопје”, во Шутка, Бобан Утковски, за “Скопје1” посочува дека шест лица се пријавени за избегани. Ова значи дека во затворот, во меѓувреме, се вратиле уште четири лица.“Шест се избегани, МВР е во моментов во затворот и постапува согласно со законот. Напуштање на објектот го направиле со прескокнување на оградата. Ако користеле привилегии не би имало квалификација бегство”, вели Утковски за “Скопје1”.Тој додава: “Четворицата во самото броење се имаат појавено, утре ќе се прегледуваат камери за да се произнесеме за нивното движење, биле во кругот или не”.“Скопје1” објави дека првично, недостасувале 14 лица.

Македонија | пред 1 година

skopska-zooloska

Повеќе од месец се молчи дека угинал бизонот во Зоолошка, и други животни се во тешка состојба

Од воспаление на белите дробови угинал бизонот во Зоолошката градина, потврдуваат оттаму за „Скопје1“. Но нема одговор, зошто оваа информација се крие од јавноста, иако ова се случило пред повеќе од еден месец. Ниту известување, ниту соопштение, ниту информирање преку социјалните мрежи. Информацијата ја добивме по упатени прашања до скопската ЗОО – за која голем дел од граѓаните бараат да се затвори.„Согласно извршената обдукција и патохистолошкиот наод, од стручни лица по патолошка морфологија при факултетот за ватеринарна медицина, заклучено е дека бизонот угинал како резултат на хронично граниломатозно воспаление на белите дробови-actinomykocis, на возраст од околу четиринаесет година, просечна старост на бизоните е од десет до дваесет години“, велат од ЗОО-Скопје.Во тешка состојба се шимпазото Мими, јагуарката, но и морскиот лав Кан. Од ЗОО-Скопје се пожалија дека најчестите животни кои ги чуваат се стари и изнемоштени.„Имајќи во предвид дека не сме дел од Европската унија, а согласно политиките и стратегијата од ЕАЗА, кои до последно ги добивавме од нив, а сеуште постапуваме по истите, кај нас најчесто и во најголем број доаѓаа или исто полови групи или стари, изнемоштени и спасени животни.  Таков е примерот со циркуските слоници Дуња и Даела, дел од шимпанзата од лабораторија, во сериозна старост е нашата шимпанза Мими која со години прима терапија за срце, во иста таква старост е и нашата јагуарка, а во сериозна возраст е и нашиот морски лав Кан“, додаваат од ЗОО-Скопје.Откако беше евтаназирана слоницата во ЗОО, јавноста се крена на нозе. Таа е трето тропско животно за една година, по двете жирафи, кои зоолошката ги узгуби. Ова пак, предизвика и лавина реакции од јавноста.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska-1

Арсовска со четврта среќа во „Комунална хигиена“, пак промени директор - дел од вработените изненадени

Скопската градоначалничка Данела Аросвска по третпат разрешува директор на „Комунална хигиена“, дознава „Скопје1“. Одлуката е донесена денеска, велат наши извори од Град Скопје. Сега, претпријатието ќе си ја проба четвртата среќа. За нов според информации на „Скопје1“, назначен е извесен Јетон Незири.Непознато е која е причината за разрешувањето на Гоце Трајковски, кој Арсовска го назначи во октомври минатата година, откако се скара со Косана Мазнева-Николиќ, со која се на суд. Бидејќи Арсовска не комуницира со медиумите и јавноста, градот функционира како „приватна фирма“, не можеме да добиеме детали.Познато е дека Комунална хигиена има голем недостаток на кадар, па затоа беше тешко и чистењето на скопските улици. Граѓаните имаа жестоки реакции за задоцнетото собирање отпад, а комуналците во трка со времето пробуваа тоа да го поправат.Арсовска во изминатиот период двапати беше забележана на јавен настан. Но освен оставање букети, не чувме ниту збор што прави со Скопје, со оглед дека поплаките ги има во секој дел – од нечистотија до транспорт. Најголем дел од проектите од програмата „За модерно Скопје“ останаа само на хартија.Досега, со Комунална хигиена раководеа Зуди Енуз, кој беше од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, па сменет поради пукањето кај Мавровка од неговиот брат. Потоа, дојде Косана Мазнева-Николиќ, за која Арсовска имаше само пофални зборови, кои по кратко време станаа критики и обвинувања.Последен во низата беше Гоце Трајковски, кој денес е разрешен. Вработени во „Комунална хигиена“ сведочат дека во претпријатието се појавил и новиот директор, кој кажал дека е назначен од Арсовска. Во претрпијатието имало и изненадени, бидејќи никој не очекувал промена на Трајковски со оглед дека тој е назначен за директор со менаџерски договор.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања