Кристијан Ландов

sase-dimovski1

(Документ) Саше Димовски бил суспендиран од ЗНМ, никаде не стои дека останува придружен член - раководството ја заобиколи вистината!

Новинарот Саше Димовски бил суспендиран од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), покажува дописот кој „Скопје1“ го доби по три дена преписки со раководството, а му бил испратен и нему. Во него, не стои дека тој останува „придружен член“ како што тврди ЗНМ во одговорите до нашата редакција, туку јасно се посочува: „...тој го губи статусот на полноправен член на ЗНМ“, а потоа му појаснуваат на Димовски дека одредбата значи суспендирање на членството за време на извршување на работните ангажмани.„Согласно член 10 од Правилникот за членството и чланарината, со именувањето на Саше Димовски во Комисијата за помилување како постојано работно тело во служба на Претседателот, тој го губи статусот на полноправен член на ЗНМ. Оваа одредба предвидува суспензија на членството за време на извршувањето на ангажманите во органите на државната управа како и други државни органи. Бидејќи Комисијата за помилување е работно тело на Претседателот на државата, именувањето во неа спаѓа под овие одредби“ стои во дописот кој го доби „Скопје1“ од ЗНМ, а испратен до Димовски.[caption id="attachment_298833" align="alignnone" width="1288"] Дописот кој претсдателот на ЗНМ го испратил до Димовски за суспензија на членството, а кој „Скопје1“ го доби од раководството[/caption]Ова е спротивно на ставот кој претходно го кажа ЗНМ, кога „Скопје1“ прашуваше дали Димовски бил исклучен од здружението.„...Беше констатирано дека членството на Димовски во ЗНМ продолжува како придружен член, како што имало бројни други случаи и во минатото. Димовски не бил исклучен од ЗНМ, неговиот придонес во новинарството и во ЗНМ беше исклучителен...“, стои во одговорот од ЗНМ до „Скопје1“.[caption id="attachment_298834" align="alignnone" width="1988"] Одговори од ЗНМ во кои тврдат дека Димовски од редовен станува придружен член од 06 август испратени до „Скопје1“[/caption]Бидејќи нашата редакција имаше пристап до документот и пред ЗНМ да ни го испрати официјално, неколку пати ги препрашавме дали Димовски останал или не е член на ЗНМ. Па така, во одговорот од вчера јасно посочуваат: „Како што е појаснето во претходните одговори, не станува збор за исклучување на членство како што имате наведено, туку за промена на статус во придружен член согласно член 10 од истиот правилник“.[caption id="attachment_298835" align="alignnone" width="1960"] ЗНМ во секој одговор до „Скопје1“ го тврдеше истото - дека Димовски не е исклучен од членството[/caption]Бидејќи раководството и претседателот Младен Чадиковски се повкуваат на седница на Управен одбор каде било констатирано дека Димовски не може да биде член, ги побаравме, но не ги добивме записниците. За ова имаа свое оправдување во кое се вели: „Во однос на прашањето за записници и дневен ред, истите служат за потребите на Управниот одбор на ЗНМ и за подобро организирање на тековните активности со кои здружението раководи или има обврски да ги исполнува. Освен ова, записниците не се стенографски туку се куси и концизни и истите дополнително служат за евидентирање на текот на седниците на членовите на Управниот одбор“.[caption id="attachment_298836" align="alignnone" width="1992"] ЗНМ не го дава записникот од седницата на Управниот одбор[/caption]„Скопје1“ веќе објави дека ако се следи Статутот и Правилникот за членство на кој се повикува ЗНМ, Управниот одбор може да заседава за прием и престанок на членство, но не и за трансферирање. Здружението се повикува на член 10 кој објаснува во кој случај се суспендира членството. Овој случај предизвика револт кај новинарската фела.Испративме и покана до претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски за гостување во вонредно издание на поткастот „Претрес со Ландов“, но тој кажа дека не е во можност, како и дека објасниле опширно сѐ што имале.

Македонија | пред 1 година

sase-dimovski

Го избришаа ли Саше Димовски од ЗНМ додека беше на болничка постела: здружението тврди дека е лага, а се правда со член за супспензија од Правилник за членство

Новинарите се простија од колегата Саше Димовски. Но, дел од нив се шокирани и револтирани од односот на Управниот одбор на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Едните информации се дека Димовски бил исклучен од здружението додека бил во болница, додека од раководството на ЗНМ посочуваат дека тоа не е точно. Од здружението велат дека имало само трансферирање на членство од редовен во придружен член. За ваквата одлука наоѓаат оправданост поради ангажманот кој Димовски го доби кај претседателката на државата, во Комисијата за помилување. Прво велат дека консултирале адвокати, потоа дека заседавал Управниот одбор. Кога побаравме да ни достават изработена одлука, ни кажаа дека таква не постои. Не ни е пратен ниту дневниот ред за седницата од кој може да се увиди дали ова била специјална седница за Димовски или се разгледувале други точки. Иако од претседателот Младен Чадиковски побаравме датум на закажување на седницата, добивме само датум на одржување.Сепак, ако се следи Статутот и Правилникот за членство на кој се повикува ЗНМ, Управниот одбор може да заседава за прием и престанок на членство, но не и за трансферирање. Здружението се повикува на член 10 и велат: „Не станува збор за исклучување на членство како што имате наведено, туку за промена на статус во придружен член согласно член 10 од истиот правилник. Согласно член 10 од Правилникот за членство и членарина, со именувањето во Комисијата за помилување како постојано работно тело во служба на Претседателот, тој добива статус на придружен член на ЗНМ. Оваа одредба предвидува трансформација на членството“.Ако се провери правилникот може да се утврди дека членот е за суспензија на членството. Во него не се предвидува никакво трансферирање туку суспензија и се вели: „Членството се смета за суспендирано за време на и една година по завршувањето на извршувањето на функцијата Пратеник во Собранието на Република Македонија, Министер во влада, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија или органите на локалната самоуправа...“.[caption id="attachment_298807" align="alignnone" width="657"] Членот 10 од Правилникот за членство на кој се повикува ЗНМ[/caption]Од ЗНМ го побаравме и записникот кој би требало да се води за време на седница на Управен одбор. Тој не ни е доставен и ни е посочено: „Пред да се утврди дневниот ред на наредната седница, се усвојува записникот од претходната седница и секој член може да стави забелешка и да бара измени или дополнувања. Ова значи дека записникот не се смета за формален до неговото усвојување на наредната седница на Управниот одбор“, па ја објаснуваат неговата форма и што содржи.„За прашањата што го уредуваат членството, согласно статутот на ЗНМ, Управниот одбор не носи одлуки туку констатира состојба. Во предвид беше земен и Законот за помилување како и објавената информација на веб страната на претседателот на РСМ што укажува дека станува збор за постојано работно тело во служба на претседателот на државата“, тврдат од ЗНМ.Оттука се отвори прашањето, кој и што му соопштил на Димовски за неговиот статус во ЗНМ, ако Управниот одбор нема таква надлежност туку само констатира. Прашавме и што претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски му соопштил на Димовски поврзано со членството, во петокот, на што не добивме конкретен одговор туку коментар за начинот на кој сме го поставиле прашањето.„На начинот на кој е поставено последното прашање, се создава перцепција дека некој имал намера да го вознемирува Димовски, а тоа е целосно неточно и погрешно особено поради тоа што негувавме пријателски и професионален однос со единствена цел, а тоа е градење на посветена новинарска заедница. Таков беше односот на сите тела и органи во ЗНМ вклучително и на УО и на Советот на честа“, посочуваат од ЗНМ.Доколку членството на Димовски било трансферирано од редовно во придружно, тогаш, тој не можел да биде избран во органите и телата на ЗНМ. Оттука, отворено остана и прашањето дали Димовски бил отстранет од функцијата претседател на Советот на честа додека бил во болничка постела.„Под придружно членство се подразбира членство во ЗНМ кое во однос на правата и обврските е изедначено со редовното членство, со исклучок на правото да избираат и да бидат избрани во органите и телата на ЗНМ и немаат право да одлучуваат за Статутот на ЗНМ“, стои во Правилникот.[caption id="attachment_298808" align="alignnone" width="722"] Услови за придружно членство[/caption]Од ЗНМ посочуваат дека Димовски не е прв член кој бил дел од Комисијата за помилување на кого му е трансфериран статусот во здружението. Посочуваат дека и во претходниот состав на Комисијата за помилување, кога новинар бил дел од неа, било постапено од нивна страна.Новинарката и главна и одговорна уредничка на „Телма“, Снежана Лупевска-Созен, простувајќи се со колегата Димовски, прва обзнани за потегот на ЗНМ преку јавен статус.„Вечна слава колега Саше! Беше борец и како човек и како новинар. Критичен и со остро перо. Почивај во мир. А колку што ме вознемири веста за неговата смрт ме вознемири и односот на Управниот Одбор на ЗНМ кој вчера најбезобразно му соопштил на Саше дека не е веќе член  на здружението (за 5 години) оти бил член на државна комисија за помилување во која и претходно членувал наш колега, но не беше избришан од списокот на ЗНМ. За мене раководството на  ЗНМ е збир на група луѓе со лични агенди и двојни аршини особено дрско кон новинарите како Саше кои немаат влакна на јазикот“, напиша Лупевска-Созен.Новинарката Емилија Мисерлиевски од „Телма“, која е дел од Советот на честа со кој раководеше Димовски, преку јавна објава сведочи за неговата вознемиреност во петокот, кога веќе бил примен во болница.„...Во ниеден момент не помислив дека разговорот во петокот ќе ни биде последен! Беше толку вознемирен! Ах, бе Саше! Ќе ми недостига твојата острумност, мудрост и бунтовност, нема друг во еснафот со таков порив да ги оправа работите во новинарството! Нека ти е вечна слава, другарче, остави силен печат во Советот на честа, колку тоа некому да пречеше!“, напиша Мисерлиевски.Погребот на Димовски беше извршен денеска. Тој почина на 47-годишна возраст по долги и тешки здравствени проблеми. Ја следеше работата во правосудниот систем и важеше за најдобар правник меѓу новинарите и пошироко.Саше Димовски работеше како новинар од 1996 година во телевизиите Сител, Канал 5 и ТВ 24 Вести. Работел во неделникот и дневниот весник „Фокус“ на позиција новинар и уредник. Соработувал со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални тв медиуми. Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот СВЕДОК од 2015 година.

Македонија | пред 1 година

tepacka-skopje

Голема тепачка избила во затворот во Шутка: Десет души натепале двајца затвореници, кои биле однесени во болница

Голема тепачка избила во затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје“ од свои извори. Според првичните информации, вербална расправија прераснала во пресметка каде 10 лица физички натепале двајца затвореници. Натепаните се однесени во болница, потврдува и новиот директор на затворот, Бобан Утковски.Утковски за „Скопје1“ потврдува дека се употребени и предмети за да се нанесат удари на сега повредените затвореници. Според првичните информации, станува збор за држачи од кревети и вентилатори, кои имаат остри агли. Причината била поради банална вербална расправија.„Физичката пресметка била околу 14 часот. Две лица се однесени во болница. Тие се прегледани и според досегашните информации имаат полесни повреди. По враќањето ќе бидат сместени во посебни простории“, вели Утковски за „Скопје1“.Затворот „Скопје“ во Шутка беше мета на критики по доаѓањето на новото раководство во Управата за санкции и управната зграда. Утковски во повеќе наврати посочи дека работи на средување на состојбите и условите.

Македонија | пред 1 година

slonica-1

(Ажурирана) Вознемирувачко видео: Евтаназирана слоницата во ЗОО-Скопје: обид за тајно да се изнесе и однесе во Дрисла од директорот на Арсовска

Евтаназирана била слоницата во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според наши информации од ЗОО, и покрај тоа што евтаназирана се случило измиантиот ден, јавноста не беше известена, а постапката за исфрлање на телото во депонијата Дрисла - испланирано. Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ и тајно изнесување на слоницата.Од снимките на „Скопје1“ ќе видите како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла. До моментот на објавување на оваа вест, немаше никакви информации од ЗОО и Градот за тоа што се случило со слоницата, а исфрлањето на телото се реализираше.Во минатото кога жирафите угинаа, за тоа се објавуваше јавно. Но не и сега.Сега, Зоолошката остана со еден слон. Причните за угинувањето не се познати за јавноста, ниту зошто тоа се крие од јавноста.Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни. Во мај угина жирафата Каспер, додека крајот на ноември угина и жирафата Флопи.Според извршената обдукција, Каспер, жирафа стара 13 години, угинала како последица на инфекцијата од бактеријата салмонела естеридис. Флопи, починала како последица на малиген тумор на епителот на жолчните канали во црниот дроб и метастази на белите дробови.Угинале и тигрица, лемури, прежевалски коњи, црн лебед, пинвини, џуџеска коза... Поморот на животни во ова установа трае подолго време, откако за градоначалничка дојде Данела Арсовска, која до сега смени тројца директори.ЗОО-Скопје неодамна го изгуби статусот на членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.Кога зо Зоолошка раководеше Кристијан Стаменов беа заклани 10 коњи, со образложени дека се болни. Потоа беше поставен Драган Илиевски, а по него актуелниот, Зоран Попов. Во неговиот мандат угинаа и трите ретки пржевалски коњи, а сомнежите беа дека биле намерно отруени.Одговорност за сите угинати егзотични животни не понесе ниту раководството на ЗОО, ниту градоначалничката Данела Арсовска која го назначува.*видеото и фотографијата се замаглени бидејќи се вознемирувачки.Ажурирано:

Скопје | пред 1 година

arsovska-1

По петти пат Арсовска смени директор во Водовод: приватизираниот Град не кажува зошто

Градоначалничката Данела Арсовска по петти пат во нејзиниот мандат го менува директорот на „Водовод и канализација“, дознава „Скопје1“. По Виктор Панчевски на кого вчера му истече мандатот како в.д. директор, назначен е нов в.д. директор.„Скопје1“ ја праша Арсовска зошто пак менува директор на претпријатието, а оттаму, не очекуваме одговор, со оглед дека таа градот го приватизираше и не дава отчет никому.Претходно, Арсовска го разреши Драган Илиевски додека тој беше на боледување. Панчевски го наследи на 6-ти февруари. По доаѓањето на функцијата градоначалник, Арсовска го назначи Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, но го разреши по кавгата со Христијан Мицкоски. На негово место го стави Марјан Митовски, по неколку месеци го смени и него и го назначи за директор Илиевски, кој претходно беше в.д. во Зоолошката градина. По Илиевски, дојде Панчевски.Ваквото менување на директори не е само во ова претпријатие. „Скопје1“ дознава дека против некои претпријатија има и тужби за незаконско разрешување на директори од страна на Арсовска.

Скопје | пред 1 година

ahmeti-grubi

ДУИ и Ахмети не слават Илинден, зафатени се со извинување кон Косово и црвенеење

Наместо честитка за Илинден, ДУИ, Али Ахмети и челниците на партијата решија да го заборават најголемиот македонски празник – Денот на Републиката и да и го посветат целото внимание на косовската претседателка Вјоса Османи и Косово. Ниту една објава на социјалните мрежи нема од довчерашната власт, која по 16 години замина во опозиција. Наместо тоа, се сожалуваат со Османи и бараат прошка од Косово. Пратениците на ДУИ не беа ниту дел од делегациите пред Собрание, на Мечкин Камен или Прохор Пчински.Од три објави на официјалната фејсбук страница на ДУИ, два се посветени на косовската претседателка, а еден на амбасадорот на Албанија со кого днеле заклучок: „Албанците се презираат, потребна е платформа за легитимитет“.На истото прашање коментирал и Ахмети. Се жали како поцрвенува од срам поради претседателката Османи и скандалот, но не и за непочитта кон Илинден и Македонија, чиј пратеник е.На иста бранова должина е и однесувањето на ексминистерот за надворешни работи, Бујар Османи. Ги прогласи ВЛЕН за неспособни, ама „заборави“ дека е Илинден и дека е ред да честита.Крешник Бектеши, поранешен министер за економија, посветил внимание за да ја критикува Владата, за да се извинува на Косово, а знаел и дека се слави Илинден. Посветил објава на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, но за да ја искритикува, а не за да честита.<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=476&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMinisterKreshnikBekteshi%2Fvideos%2F472217848919122%2F&show_text=false&width=380&t=0" width="380" height="476" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share" allowFullScreen="true"></iframe>Артан Груби, во негов стил, реши националистички да раскажува како Албанците сега се понижени, а во нивно време биле лица кои одлучувале во Македонија. Илинден, не слави.„Косово, прости ни!  Од газда во станар, од одлучувач до слуга, од горд до рако-бакнувач, од достоинствен до безрбетен, од бел браз до црнило, од учен до неук, од храбар до кукавица, од владеење во служење, од победник во губитник, од Европа и Америка во Русија и Србија, од Али Ахмети во Иван Стоилковиќ!“, напиша Груби.Собраниска делегација, беше предводена од потпретседателката Весна Бендевска, во состав: Емил Спасовски, Љупчо Николовски и Драган Недељковиќ, а положи свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Марија Петрушевска, Оливер Спасовски и Бобан Карапејовски, положија свежо цвеќе во Скопје: на Споменикот на Методија Андонов-Ченто, Плоштад „Македонија“; Споменикот на АСНОМ, Парк „Жена борец“; Споменикот на Никола Карев, пред Собранието.

Македонија | пред 1 година

nefi-useini-660x330-1

Пица наместо правда: Нефи Усеини посилен од државата и охридскиот суд

Си ги рекламира бизнисите, си го полни чекмеџето, за обвиненијата „уво не го боли“. Вака од прилика многумина го доживуваат охридскиот бизнисмен Нефи Усеини дел од структурите на ДУИ. Во Охрид ќе ви кажат: „никој ништо не му можит“. Интересно е што тоа така изгледа и во пракса, до сега. Усеини важи за тендераш, но и тепач. Но, натепаните креваат раце од желбата за правда. Особено интересно е што и државата крева раце пред Усеини, ако се има во предвид дека тој уште пречекува гости во дивоизграден објект во чаршијата.Речиси секоја вечер, пицеријата на Нефи Усеини нагостува странци, но и домашни туристи. Некои со пица, други со чорба, трети со по некое виски. Не наздравуваат за дивоградбата во која седат, оти сигурно не ни знаат каков е објектот, а ниту чиј е. Знае државата, обвинителката Викторија Коваческа Мандулоска, но охридскиот суд е „тежок за убедување“.Овој август, Нефи Усеини може да прослави две години откако започнаа судењата против него за дивоизградениот објект во старото охридско јадро, но и пет години откако е покренато обвинение против него. Пресуда нема. Дали правдата е спора или никогаш нема да дојде – не се знае. „Скопје1“ во континуитет ја следеше постапката против Усени, која ја суди судијата Бојан Мариноски. Последно го прашавме претседателот на судот, Васил Баткоски, до каде е постапката – но не добивме одговор.Нефи Усеини не треба да биде загрижен ниту за истрагата која се води против него за бетонската база која ја стави и тргна на локација близу Охридското Езеро, на стариот пат Охрид-Струга. Одолговлекувањето на неговиот распит го развлекуваше предметот, па обвинителот е далеку од обвинение.Веќе познато е дека Усеини за тепањето на советник во Општина Охрид беше парично казнет, додека натепан сограѓанин (Спиро Топаловски) кој сведочеше јавно – се откажа од гонење и пред судот изјави дека се пријатели.Особено интересно е што додека траат сите овие процеси, Нефи Усеини почнал да се рекламира и по дискотеки. „Скопје1“ дојде до материјал од кој се гледа како во едно познато диско во Охрид, на еден од ѕидовите виси напис „Нефи-ИК“, фирма со која Усеини добиваше милионски тендери.Охриѓани ќе искоментираат: „мојт да ја рекламират и охридскава (не)правда“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-13.00.30

Драма во затворот во Шутка: Затворски полицаец кој обезбедувал притвореници заврши во притвор, фатен е со дрога

Затворски полицаец од затворот „Скопје“ во Шутка заврши во притвор, откако кај него била најдена дрога, дознава „Скопје1“. Според информации до кои дојдовме, завчера вечерта, командир на смена во јакна на полицаецот нашол материја за која констатирал дека е дрога. Сѐ се случувало во дежурната просторија во притворскиот дел.Тој ги известил надлежните органи, по што дошла и полиција, а полицаецот бил приведен. „Скопје1“ дознава дека обвинител од одделение за униформирани лица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побарал притвор, кој бил одобрен од судија на претходна постапка во Кривичниот суд.Детали за случајот се очекуваат од полицијата.БОНУС ВИДЕО:

Македонија | пред 1 година

vanja-ubijci-osomniceni

(Видео) Палчо е петтиот обвинет за убиството на Вања и Жежовски: тој пукал во нив и го координирал процесот

Љупчо Палевски-Палчо е петтиот обвинет во случајот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а истражната постапка против него е завршена, дознава „Скопје1“ од извори во Обвинителството. Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска ги собрала сите докази со кои тврди дека Палевски ги извршил директно двете убиства со пиштол, пукајќи во пределот на главата на Ѓорчевска, но и Жежовски. Обвинението ќе биде предадено во судот, каде по оценката на судиите, треба да прејде во фаза на судење.Според информации на „Скопје1“, овој предмет ќе се спои со претходно одобреното обвинение каде за грабнување и убиство се гонат Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, а таткото Александар Ѓорчевски за давање информации за движењето на Вања, односно помагање при грабнување.Обвинителката Крстевска-Јосифовска останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката планот за откупот не се реализирал бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка.Жежовски пак, пет дена претходно бил грабнат и убиен. Обвинителката ќе докажува дека тоа го сториле истите обвинети – Палевски, Кешишов, Манев и Видевски. Целта според неа била да се земе возилото со кое подоцна се грабнува Вања. Жежовски бил изнесен од неговиот дом со „цитроенот“ и однесен во околината на Велес. Заедничко е што и тој, како и Вања е убиен со куршум со иста големина. Претходно, при спровод во суд, Палевски негираше вмешаност во убиствата и тврдеше дека не ги сторил. Тој дури се насмеа додека ги слушаше прашањата. Посочи и дека има докази за неговите тврдења. Инаку, по неговата екстрадиција од Турција, каде беше во бегство, беше спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Македонија | пред 1 година

bogoev-stolici

Сполај му на сертификатот: Пет фирми отфрлени од тендер, само чаирската за 10 милиони е компетентна да носи мебел во Царина

Царина отфрлила пет понуди, пред да ја прифати понудата од 10 милиони денари за набавка на мебел, потврдуваат и оттаму. Четири од овие фирми, понудиле и пониски цени, но ниту една го немала клучниот сертификат за да ги инкасира милионите во замена за столиците, бироата и кујната. Сертификатот, според Институтот за стандардизација е нов во правниот промет и во Македонија се имплементира од 30.12.2023 година, а не е познато кои сертификати се еквивалентни на овој.Царинската управа не се ни потрудила да ја измени техничката спецификација, со цел да ги постигне истите ефекти, а за да не се случи неоправдано да ја ограничува конкуренцијата меѓу економските оператори. Сертификатот ги парализираше останатите понудувачи, а само чаирската фирма „Макс флам“ го поседувала истиот.„Тендерот е спроведен согласно сите законски процедури. Ве известуваме дека од добиени 6 понуди, пет од нив се одбиени поради некомплетна документација, односно истите не ги доставиле бараните сертификати за квалитет, безбедност, цврстина и издржливост, а дел од нив не доставиле ниту валидна потврда за платени даноци кон државата што е услов за прифаќање на понудите“, велат од Царинска управа за „Скопје1“.Понудата на „Макс флам“ е втора по скапотија, ако се земат во предвид останатите понуди. „Скопје1“ праша и очекува одговор, која е фирмата која ја има поднесено највисоката понуда. Истовремено, Царина со помош на сертификатите кои ги поседува само една фирма, се правда за тоа зошто не е избрана најниската понуда.„За понудата од 3,8 милиони денари којашто е наведена во вашиот текст беа приложени неважечки сертификати и сертификати од лабораторија која не е акредитирана, за што имаме и официјален допис од Лабораторијата за тестирање мебел при Факултетот за дизајн и технологии на мебел до коишто официјално се обративме“, додаваат оттаму.Тие посочуваат дека ниту една од фирмите кои имале пониски цени не поднела жалба.„Фирмата која што е избрана за најповолен понудувач е единствениот понудувач кој ја има целокупната потребна документација за понудата да биде валидна и ги поседува бараните сертификати за квалитет, безбедност, цврстина и издржливост согласно тендерската документација, за што исто така е добиена потврда од Лабораторијата за тестирање мебел“, посочуваат од Царина.Побаравме одговор и зошто не е спроведена е-аукција со која цените на производите би можеле да бидат и пониски, на што добивме одговор: „Во однос на вашето прашање зошто набавката на канцелариски мебел е спроведена без е-аукција сакаме да ве известиме дека е постапено согласно укажувањето и препораката на Бирото за јавни набавки добиено во јануари 2023 година, договорните органи да го ограничат користењето на е-аукција“.Извесен Игор од Царинската управа, кој контактираше со редакцијата на „Скопје1“, а не сакаше да го каже ни презимето, посочува дека наодите кои ги објавивме во текстот „Во Царина ќе се седи на „позлатен“ мебел? Избрана понуда од 10 милиони за столици и бироа, отфрлена фирма која ќе ги набавела за 3,8 милиони“ има неточни наводи, а во реакцијата нема наведено кои се тие. Тој кажа дека нив им треба подолго време од 20 минути за да дадат одговори, но иако им дадовме час и половина, тие не дадоа одговори на новиот сет прашања, меѓу кои: дали неоправдано е ограничена конкуренцијата помеѓу економските оператори, зошто немало е-аукција со оглед дека истата не е забранета, зошто сертификатот кој не го поседуваат повеќето од фирмите не се замени со други сертификати или документи за гаранција, но и како очекуваат фирмите кои биле исфрлени да се жалат на одлуката за избор на најповолен понудувач, кога е јасно дека не го поседуваат сертификатот кој го има само чаирската фирма.Царинската управа ќе набавува столици поскапи и за 300% од вообичаената пазарна цена, преку договорот вреден над 10 милиони денари. Директорот во заминување, Стефан Богоев, успешно го заврши тендерот со кој набавува канцелариски мебел и кујна. Со него, Царина ќе добие нови канцелариски ротирачки столици на тркалца, конференциски столици, канцелариски бироа, конференциски маси, ормари и кујна.На тендерот имало шест понуди, најниската понуда била 3,8 милиони денари. Не се познати понудите на другите фирми, но и дали учествувале на тендерот или биле отфрлени. Среќлија била фирмата „Макс флам“ од Чаир, која ќе го набави мебелот за Царинската управа. „Скопје1“ направи споредба на цените по кои фирмата која го доби тендерот треба да ги наплати производите, со цените за исти или слични производи на пазарот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-08-at-00.16.49

Пратениците си останаа во Собрание и по полноќ: долги говори на опозицијата и противење за реорганизација на министерствата

Дебатата за реорганизација на министерствата и формирање на нови, во Собранието, трае и по полноќ. Опозициските пратеници се пријавени за збор, а на говорница излегуваат еден по еден. Во салата се присутни сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Левица и СДСМ веќе најавија дека нема да го гласаат законот.Долг говор имаше Димитар Ковачевски, за првпат како пратеник. Тој упати низа критики и кажа дека реорганизацијата на министерствата не треба да биде ваква. Потоа, на говорница излегоа и пратениците на Левица – кои посочија дека се прават низа процедурални кршења поради тоа што седницата не е закажана на време.По него, излезе и Венко Филипче кој е пратеник. За него главно прашање е зошто предлог-законот се носи по скратена постапка, па критикуваше. По него, истото го направи и Фатмир Битиќи, па и други пратеници од СДСМ.Собранието вечерва ја продолжи втората седница на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка.Според Предлогот, на Министерството за економија ќе му биде додаден сегментот труд, а досегашното Министерството за труд и социјална политика ќе биде министерство за социјална политика, демографија и млади. Агенцијата за млади и спорт нема да постои и ќе има посебно министерство за спорт. Дел од надлежностите кои ги имаше досега министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на ново министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, ингеренциите за туризмот ќе ги има ново министерството за култура и туризам. Меѓу останатото, ќе се формира и министерство за дигитализација кое ќе ги наследи обврските ба досегашното министерство за информатичка технологија и администрација, а ново ќе биде и министерството за администрација.

Македонија | пред 1 година

IMG_4338

Палчо за првпат однесен во Обвинителство: ја раскажува својата верзија за убиствата на Вања и Панче

Првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е спроведен во скопското Обвинителството на распит, дознава „Скопје1“. Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска за првпат ќе го сослуша, откако тој беше екстрадиран од Турција каде беше во бегство. Според информации на „Скопје1“ тој повеќе од час е во обвинителските простории.Палевски веќе кажа дека нема да се брани со молчење, а кога беше однесен во суд посочи и дека има доказ дека не е виновен за убиствата. Тој отфрли поврзаност, иако исказите на осомничените и доказите кои ги имаат во Обвинителството го кажуваат спротивното.Обвинение веќе има за Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, за две кривични дела убиства и грабнување. За помагање се гони и Александар Ѓорески, татко на убиената Вања.Обвинителниот акт се темели на вербални и материјални докази во однос на дејствијата на обвинетите, но со оглед на тоа што постапката против првоосомничениот кој неодамна беше екстрадиран од Република Турција продолжува, јавното обвинителство не е во можност да споделува детали во однос на доказниот материјал.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

IK

(Видео) Сведоштво за присила од Лидија Димова и детали за трошењето буџетски пари: Знаеше дека фалат од благајна!

Сведокот Александар Гочев, ангажиран во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од разрешената директорка Лидија Димова, во судница раскажа за што се потрошиле 15.000 евра од благајната, зошто не се вратени, но и како спроведувал насоки од директорката. Пред Димова да го земе во Агенцијата, тој бил со неа и во Собрание, па сведочи дека на новото работно место бил канал за комуникација меѓу Димова и вработените. Призна дека ги подигал парите од благајна, па кажа дека Димова со присилба го натерала да потпише изјава дека таа не знаела.Гочев тврди дека парите се потрошени за опремување на новиот простор за Националната агенција, гориво и организирање на три настани. Кажа дека не постоел план како да се вратат парите потрошени за гориво и опремување, а за средствата потрошени за настаните посочи дека требало да ги даде фирмата која отпосле добила тендер – што според законите е исто така злоупотреба.„Од аспект на буџетски средства имаше предвидено, меѓутоа во процесот на формирање на јавната набавка, дел од работите кои се изведуваа не беа предвидени. Дел од средствата од благајната што недостасуваа се употребени за реновирање на зградата“, рече Гочев.Објасни и како фалеле пари за гориво. Бидејќи во таа ставка од буџетот немале средства, се земале од ставката за патувања.„Во буџетот за 2018 година не предвидела дилема дека ќе има четири возила, и предвидела гориво за околу 100.000 денари. Со оглед дека износот обезбеден не беше доволен за сите четири возила, горива за тие возила се дополнуваше со средствата кои беа во благајна, за кои можам да кажам дека до последен ден имало уредно, фискални сметки, кога и колку е наточено. Во вкупен износ од околу 8.000 евра“, додаде тој и објасни како тоа може да се докаже најлесно: „Во моментот кога возилата од моја страна се предадени, километражата vs искниженото гориво - има енормна разлика од тоа колку е платено...и таа разлика е платена од овие средства...“.Гочев имал факсимил од Лидија Димова, за кој сведочеше дека таа му го давала уште откако е истиот изготвен. Го користеле и други вработени. Со него, биле подигнувани средствата.„Писмена одлука за факсимилот никогаш немало за негова употреба. Тој е изработен во почетокот на нашето работење, за што има документи во Агенцијата, има фактура како е платен, нарачан, изработен. Факсимилот во мое ракување се наоѓа сѐ до мај 2018 година, а од самата изработка. Оттогаш, сум го користел, но не сум го поседувал. Директорката знаеше како се употребува овој факсимил“, објасни сведокот.Објасни и како со тие 15.000 евра биле покривани трошоци за настаните.„Во износ од 4.000 евра беа покриени и три настани кои беа одржани во Скопје. Имаше материјали за настаните, како се одржани, но никаде немаше информација како се платени. Тие се платени во кеш од благајната. Сметките се во агенцијата. А не фигурира дека се платени од агенцијата. Со моето заминување оставив папка со фактури и сметки, заедно со лаптопот кој го вратив. Знам дека формално не се искнижени ниту горивото, ниту настаните, како трошок на агенцијата. Фирмата која ги покриваше настаните, требаше да ги покрие настаните кои беа пред фирмата да започне да работи. За ниту едно подигање немало документација. Веројатно требало да има документација“, додаде Гочев.Пред да замине од Агенцијата, а со цел вината да не се префрли на други лица, Гочев објасни дека сакал да подигне кредит и да ги врати средствата, но Лидија Димова одбила да му потпише барање за кредит.„Заради моја лична грешка, кога сум имал намера да ги вратам назад во агенцијата, тоа е десет дена пред да заминам, поднесов барање за кредит, но не ми беше потпишан од директорката. Ова е откако видов кај кого ќе падне вината, поднесов барање за одобрување на кредитот“, додаде тој.Лидија Димова цело време знаеше дека фалат пари од благајна, тврди Гочев, па беше прашан од обвинетата зошто пред да замине од Агенцијата потпишал изјава дека таа не знаела, на што даде одговор.„Под присила ваша и на адвокатот присутен во канцеларијата, Стевица, доставив писмо. Миа Ношпал не беше. Апсолутно и под присила тогаш ме теравте да кажам дека Ана Павлиду и Дарко Димитров знаеле за тоа“, објасни Гочев.Во ова сведочење, тој кажа и дека секогаш ја известувал директорката за парите од благајната и недостатокот, дека истата ги одобрувала.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

(Видео) Носам помала одговорност за лошиот изборен резултат, за разлика од другите потенцијални кандидати за претседател на СДСМ, вели Петровска

Пратеничката од СДСМ и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска, ексклузивно во „Претрес со Ландов“, откри дека влегува во трката за наследник на Димитар Ковачевски. Таа беше носител во шестата изборна единица каде СДСМ имаше историски најлош резултат, истовремено имаше и партиска функција – претседавач со Централниот одбор.„Како член на СДСМ, чувствувам одговорност за секој пораз, исто како и како што се чувствувам горда кога има победа“, рече Петровска во „Претрес со Ландов“, па одговараше и дали мисли на Венко Филипче, Петре Шилегов, Јован Деспотовски како потенцијални противкандидати.Прашана зошто се кандидира за претседателка наспроти лошиот резултат кој го донела, одговори: „Јас слободно би рекла дека носам помала одговорност, ако ја мериме, за разлика од некои од носителите на функции кои подолго време биле носители на државни функции, а потенцијално се кандидати“.Во подкастот „Претрс“ одговараше и на други прашања како што се теновите и хеликоптерите дадени на Украина, критиките од партиските другари дека молчела во Собрание, дали СДСМ е секта или партија, се плаши ли од затвор, за замерките од граѓаните, но и за приватни моменти.?t=1298

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-27-at-20.24.30

(Видео) Новинарите добија нов колега-министерот за здравство наместо одговори имаше прашања

Илир Демири, министерот за здравство, по една недела молк излезе на прес конференција за да каже зошто се затворени хируршките сали во Клинички центар.Не лоцирајќи конкретна одговорност, Демири ја откри професијата која најмногу му лежи.Наместо да одговара на новинарски прашања за колапсот и хаосот, тој се обиде да им го земе лебот на новинарите. И тој, иако е предложен од политичка партија за министер, не ја научил основната лекција дека треба да одговараат на прашања кои се од интерес за јавноста, а не да се расправа и да им поставува прашања на новинарите?Па, на секое нивно прашање имаше контра-прашање.Не му беше јасно и побара одговор зошто би ја сменил економската директорка, Бесија Иљази која не знае македонски јазик, не е редовна на работа и против која протестираа лекарите од оваа Клиника.„Зошто да ја разрешам? Сте се фатиле околу Бесија. Таа не ги вработила тие 18 лица, туку се вработени во 2023. Каде бевте вие и останатите директори и министрите да кажувате за квалитет и неквалитет? Зошто дозволувате тие луѓе да се на список на дежурства и смени, а месец дена пред изборите, реагирате зошто се вработени”, ги праша министерот новинарите.Од нив бараше одговори до каде е изградбата на Клинички центар, болницата Штип, модуларните болници.Ги подучи новинарите:„Драги мои новинари, бидете коректни, не се занимавајте со цевки во парното, занимавајте се со суштински работи. Не се занимавајте со луѓето кои се оставени без леб, туку кој ги остави без леб. Спротивно поставете ги прашањата”.Се налути и зошто податоците од ДСЗИ ги добиваат новинарите пред министерот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-23-at-12.26.57

(Видео) Врховниот судија Наке Георгиев ќе си остане во затворот во Шутка, познато каде е сместен

Кривичен совет ја одби жалбата на врховниот судија Наке Георгиев со која бараше да се брани од слобода односно да излезе од истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје1“. Судиите ја потврдиле одлуката на судијата на претходна постапка кој најде оправданост во одредување на ваква мерка поради опаност од бегство, влијание врз сведоци и поради опасност да го повтори делото.Георгиев е веќе два дена во притвор. Тој во затворот во Шутка е класифициран како лице со висок безбедносен ризик. Сместен е во притворското одделение. Директорот Филип Андов за подкастот „Претрес“ зборуваше за третманот, а ексклузивно снимивме и во каква ќелија е сега веќе сместен.?t=1359Георгиев се сомничи за противзаконито влијание за што примил поткуп од 10.000 евра. МВР го фатило со парите, по што го задржаа во станица.Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-22-at-16.08.20

Боро „Марлборо“ се спогодил за затворската казна, истиот ден кога им ја скрои судбината на судијата и членот на СЈО

Ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој во јавноста го доби прекарот Боро Марлборо, се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корпуција за предметот во кој се гони за продажба на дрога, дознава „Скопје1“. Според судски извори, обвинителката предложила Стојчев да биде осуден на 5,3 години затвор, санкција која судијата ја прифатил и му ја изрекол.Стојчев е лицето чиј син го пријави врховниот судија Наке Георгиев за примање награда за противзаконито влијание, заедно со членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети. Георгиев беше затекнат со 10.000 евра во него и уапсен од полицијата. Според информации на „Скопје1“ ова е истиот ден кога Стојчев бил и правосилно осуден.Со спогодбата која ја направил со обвинителката, Стојчев признал дека продавал марихуана во повеќе наврати, на повеќе места. Со дрогата тргувал заедно со други лица кои се обвинети во предметот.Затворската казна за која се спогоди Стојчев е речиси и најниската која може да ја добие, согласно Кривичниот законик. Тој се гони за неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, дело извршено со мрежа на препродавачи – за кое е предвидена казна од најмалку пет години. Стојчев доби три месеци повеќе од најниската.Тој издржува притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. Екипата на подкастот „Претрес“ влезе таму и вечерва во 21 часот ви носи најнови информации поврзани со неговиот престој, здравствената состојба и нечуени детали.

Македонија | пред 1 година

fgdgsdfg

И обвинител вплеткан во земањето 10.000 евра со судијата: синот на ексградоначалникот пријавил и второ лице

Обвинител, член на Советот на јавни обвинители е вториот пријавен во случајот каде врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за земање на 10.000 евра со цел вршење на противзаконито влијание, дознава „Скопје1“. Пријавата за ова лице доаѓа од страна на синот на ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, кој пак, одлежува затворска казна за трговија со марихуана.Засега кај него немало претреси - обвинителот се обидува да дојде до докази.Станува збор за лице кое е поранешен обдусман, но и министер за правда во периодот на широката владејачка коалиција, за време и по воениот конфликт во 2001 година. Во 2003 година, тој беше и втор мандат министер за правда, во првата Влада на СДСМ и на ДУИ, а краток период беше и член на Уставниот суд.Од 2020 година, овој обвинител е дел од Советот на јавни обвинители.Повеќе информации во текот на денот.Претходно: 

Македонија | пред 1 година

51345134

Врховниот судија Наке Георгиев однесен во станица, пред Врховен неуиниформирани полицајци

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“ потврдува дека врховниот судија Наке Георгиев е задржан на распит во полициска станица. Според информации на „Скопје1“ тој околу 17 часот е донесен во полициската станица во Кисела Вода, со полициско присуство.„Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО-ГОКК, МВР презема дејствија“, велат кратко од ОЈО-ГОКК и најавуваат информации во текот на утрешниот ден.Крим-полицајци има и пред зградата на Врховниот суд ова попладне. Засега не се открива каде е уапсен Георгиев, освен дека тоа било во Скопје.Претходно, „Скопје1“ објави дека Георгиев е уапсен поради сомнежи за тргување со влијание за судски предмет во Врховниот суд.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-20-at-18.33.08

Како врховниот судија се заплетка со 10.000 евра: пријавата е од роднина на ексградоначалник

Близок рoдонина на ексградоначалник кој одлежува затворска казна е лицето кое го пријавило врховниот судија, Наке Георгиев за примање награда за противзакотино влијание, дознава „Скопје1“. Според информациите на нашата редакција, биле побарани 10.000 евра за да се влијае врз судска постапка однсоно за нејзино олесување во полза на ексградоначалникот.Пријавата за парите кои биле побарани стигнала полицијата, по што, во точно утврдено време и место, кога се случувало примо-предавањето, судијата бил затекнат. Во тој момент, по насоки од јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија, била дадена насока на полицајците судијата да биде однесен во станица, а банкнотите да бидат одземени. Тие ќе бидат дадени на вештачење.Според информации на „Скопје1“, судијата Георгиев бил затекнат во сторување на кривично дело околу 15 часот. Во полициска станица е однесен околу 17 часот, каде што ќе биде задржан. Тој ужива судиски имунитет, на кој може да се повика, а да му биде симнат само доколку така одлучи Судскиот совет. Засега во највисокото судско тело, нема закажано итна седница од страна на претседателката Весна Дамова.Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.„Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат кратко од МВР.Од Обвинителството за „Скопје1“ посочуваат дека акцијата е со нивна координација.„Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО-ГОКК, МВР презема дејствија“, велат кратко од ОЈО-ГОКК и најавуваат информации во текот на утрешниот ден.Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Македонија | пред 1 година

Untitled-1

Палчо бара тројца адвокати за да го бранат, барањето е во рацете на Кривичен суд

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побарал од Кривичен суд да му се обезбедат тројца адвокати за да го застапуваат, дознава „Скопје1“. Според нашите извори, двајца од нив, на кои Палевски сака да му се правен тим се Тони Менкиновски и Славко Секулов. Третото име засега е непознато.Правото на одбрана му е загарантирано на Палевски, а два дена по екстрадицијата тој реши да побара и правен застапник, во спротивно ќе треба да му одреди државата по службена должност. За ова ќе треба да одлучи судијата на претходна постапка, а адвокатите да кажат дали ќе прифатат или не.„Скопје1“ објави дека однесувањето на Палчо во притвор било ладнокрвно, без никакви поплаки. Сместен е во притворското одделение на затворот во Шутка.Објавивме и дека дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.Тој треба да биде повикан и во Обвинителството каде за првпат ќе треба да даде исказ за убиството на Вања и Панче.Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов претходно кажа дека посебни протоколи важат за Палевски-Палчо. Од начинот на негово обезбедување со лица кои се посебно одредени, до крилото каде се наоѓа, но и неговата исхрана.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-17-at-11.51.23

Ги исконтактиравме тројцата адвокати кои Палевски ги бара за бранители: ќе прифатат или не

„Скопје1“ ги исконтактира тројцата адвокати, за кои Љупчо Палевски-Палчо бара од судот да ги исконтактира за да му бидат бранители во постапката каде што е осомничен како планер и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Адвокатот Тони Менкиновски, за „Скопје1“ посочи дека не е заинтересиран за тој предмет.„Но, не е ништо стигнато“, рече Менкиновски во кратката изјава.Го исконтактиравме и адвокатот Славко Секулов, кој е вториот што Палчо го бара да го застапува. На телефонот од адвокатската канцеларија ни одговори службеник кој посочи дека бранителот не е таму и дека не може да даде негов телефонски број. И покрај нашето инсистирање да го искомуницираме, до моментот на објавување на овој текст – тоа не се случи.Јовица Страшевски е третиот адвокат на кого Палевски сака да му поклони доверба. Исто како Менкиновски и тој досега нема добиено вакво барање.„Не сум добил барање, не сум размислувал“, рече Страшевски за „Скопје1“.Правото на одбрана му е загарантирано на Палевски, а два дена по екстрадицијата тој реши да побара и правен застапник, во спротивно ќе треба да му одреди државата по службена должност. За ова ќе треба да одлучи судијата на претходна постапка, а адвокатите да кажат дали ќе прифатат или не.„Скопје1“ објави дека однесувањето на Палчо во притвор било ладнокрвно, без никакви поплаки. Сместен е во притворското одделение на затворот во Шутка.Објавивме и дека дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.Тој треба да биде повикан и во Обвинителството каде за првпат ќе треба да даде исказ за убиството на Вања и Панче.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-16-at-12.21.58

Првата ноќ на Палчо во притвор: ладнокрвно однесување, со себе имал мемориски дискови, камери и картици

Со ладнокрвно однесување, без никакви поплаки, Љупчо Палевски-Палчо е сместен во притворското одделение на затворот во Шутка. „Скопје1“ дознава дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.Извори за „Скопје1“ откриваат дека со во него, освен пари, имал документи, мемориски дискови, но и картици и камери. Овие материјали турските власти ги предале на македонските, при екстрадицијата. Непознато е дали истите завршиле во МВР, Обвинителство или со него во затворот во Шутка.Првите две локации во Македонија каде ќе биде носен Палчо се очекува да бидат Кривичниот суд, а потоа и на сослушување во Обвинителство.Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов кажа дека посебни протоколи важат за Палевски-Палчо. Од начинот на негово обезбедување со лица кои се посебно одредени, до крилото каде се наоѓа, но и неговата исхрана.При приемот се извршени редовни проверки кои се прават за сите притвореници, Палчо немал поплаки на неговото здравје.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Укината и пресудата за пожарот во ковид-болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот на слобода

Укината е пресудата изречена за двајцата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими кои добија условни казни затвор, а потврдена за докторот Бобан Вучевски кој доби ослободителна пресуда, во случајот за пожарот во тетовскиот Ковид центар во кој загинаа 14 луѓе. Одлуката ја донела гостиварска Апелација. Според истата, предметот ќе се суди одново. Судиите од Апелација-Гостивар велат дека првостепениот суд не постапил со должно внимание и додаваат: „за да биде во можност со сигурност да ги утврди сите правно релевантни факти, со единствена цел да даде одговор на сите спорни прашања и да ги утврди сите решителни факти за постоење на кривичните дела и кривичната одговорност на страна на обвинетите Флирин Бесими, Артан Етеми“.„Судот ги разгледа жалбените наводи на ОЈО Т. за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 од ЗКП, меѓутоа истите не ги прифати за основани со оглед да обжалената пресуда во делот под точка II не содржи такви недостатоци поради кои не би можела да се испита по однос на нејзината правилност и законитост. Изреката на пресудата е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за утврдените решителни факти и завземените правни ставови на судот. Советот на овој суд смета дека сите погоре наведени жалбенинаводи наведени во жалбата на Основното јавно обвинителство Т. се неосновани“, стои во образложението за ослободувањето на докторот Вучевски.Второстепените судии образложуваат и зошто ги ослободиле Етеми и Бесими кои беа осудени.Основани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на одредбите на постапката од член 415 став 1 точка 11 од ЗКП, наведени вожалбите на обвинетите во делот на сегаобжалената пресуда пдо точка I од истата, кои се однесуваат на отсуство на образложени причини за решителните факти и наполна нејасност на дадените причини, што ја прави првостепената пресуда во делот под точка I нејасна, неразбирлива и противречна сама на себе си, па како таква и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност и законитост. Ваквата воопштена и нејасна констатација на првостепениот суд, укажува на постапување на судот спротивно на член 408 став 6 од ЗКП, според кој во образложението на пресудата судот е должен да ги изнесе причините за секоја точка од изреката, а особено фактите што ги цени како докажани или недокажани и од кои докази ги утврдил тие факти, од кои причини не уважил одделни предлози на странките, од кои причини се раководел при решавање на правните прашања и кои околности ги зел предвид при одмерувањето на санкцијата, односно отсуството на образложени причини за решителни факти, ја прави обжалената пресуда нејасна, неразбирлива и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност, на што основано се укажува во изјавените жалби на обвинетите“, стои во образложението за ослободувањето на директорите Етеми и Бесими.Минатата година кога се изрече првостепената пресуда, условни казни добија поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми, кои беа обвинети за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој во 2021 година загинаа 12 пациенти кои се лекуваа од Ковид-19 и уште двајца посетитиели. Докторот Бобан Вучевски беше ослободен од вина, а на Клиничката болница во Тетово ѝ е изречна парична казна од еден милион денари.

Македонија | пред 1 година

slaveski45123531

(Видео) Славески во „Претрес“: Ќе нема нов Сашо Мијалков, блиски роднини доведоа до криза во партијата и државата

Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во „Претрес со Ландов“ кажа дека Сашо Мијалков нема да се повтори, а ниту да се дозволи, партијата да биде раководена од лица со роднински испреплетени релации.„Грешките оние покрупните, произлегуваа од начинот на раководење со партијата, кој што премина во автократски, еден тесен круг на луѓе кои стапија и во роднински врски, дали станаа кумови, да се коптираат блиски роднини, братучеди, нешто што ми непоимливо. Блиски роднини да ве поклопат и да ја поклопат партијата, да доведат до таква криза во партијата и државата е адекватно на казната која уследи и персонална, а за жал и за партијата и до некаде за државата Република Македонија“, рече Славески во „Претрес со Ландов“. Тој додаде: „Тоа нема да се повтори, ќе нема нов Сашо Мијалков и другите околу неговата свита, не смее да се повтори, тоа е прво и единствено, јас верувам во Мицкоски, дури тој покажа дека тоа не е негов стил на раководење“.Во подкастот тој објасни и низ личен пример за тоа како семејните реалции не дозовлил да влијаат во професионалниот живот, говореше за Мицкоски и за владеењето на Груевски.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=7375

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања