Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryitk0hbd9he31bwOhrmG

Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери

Скопјанецот Игор Јуруков јавно го сподели своето искуство со системот „Безбеден град“, откако, како што тврди, добил казна за пречекорување на брзина што, според него, не ја сторил. Наместо возилото што навистина се движело со поголема брзина, казната завршила на негово име, поради, како што објаснува, начинот на кој функционира системот за автоматско препознавање на регистарски таблички.Според неговото сведочење, инцидентот се случил додека се движел во група возила по булеварот „Илинденска“, кога сите забавиле поради црвено светло. Во тој момент, меѓу возилата поминало моторче, по што на неговиот телефон пристигнала СМС-порака за пречекорување на брзина и казна од 15 евра. Јуруков тврди дека радарот ја регистрирал брзината на моторот, а софтверот од камерата ја поврзал со неговата регистрација, бидејќи моторите немаат предна регистарска табличка.Следувала низа административни чекори. На шалтер за „сејф-сити“ во МВР бил упатен да се обрати во полициска станица, од каде што, пак, бил насочен кон судот за прекршоци. Таму му било објаснето дека треба да поднесе жалба во два примероци, но бидејќи возилото било службено, од него било побарано дополнително да даде изјава во полиција дека токму тој управувал со автомобилот.По повторни одења во полициска станица и доставување на патен налог и полномошно, Јуруков вели дека службено лице го советувало да ја плати казната со 50 отсто попуст, бидејќи „нема шанси системот да згреши“. Тој одбил и инсистирал на поднесување изјава, по што требало да добие нов записник на свое име.И покрај најавите дека новата документација ќе пристигне веднаш или најдоцна следниот ден, тоа не се случило, па Јуруков повторно се вратил во полициската станица. По неколкудневна упорност, конечно добил нов записник со нов датум.Потоа следувала нова посета на судот, каде наместо две, од него биле побарани три копии од документацијата. По дополнително враќање со потребниот број примероци, жалбата била примена, но без јасен одговор дали рокот од осум дена за плаќање на казната ќе биде стопиран.Јуруков оценува дека случајот за стручно лице од областа на сообраќајот би бил едноставен, но укажува дека постапката за поднесување жалби е бавна и административно оптоварена. Според него, потребно е системско решение што ќе овозможи поедноставна и поефикасна постапка, наместо, како што вели, „шетање по шалтери и копии на хартија“.Тој изрази надеж дека судската постапка ќе донесе разрешница и дека ваквите случаи ќе придонесат кон подобрување на системот.

Македонија | пред 1 месец

Nevreme-skopje

Предупредување за силни налети на ветер во текот на ноќта и утре

Управа за хидрометеоролошки работи попладнево издаде итно предупредување за претстојната ноќ и утрешниот ден, 18 февруари, поради најавата за силен северозападен ветер кој ќе зафати делови од државата.Според прогнозата, се очекува умерен до засилен ветер, при што на одредени места брзината ќе надминува 60 километри на час. Најсилни удари се најавуваат во источните делови на земјата, како и во Пелагонискиот регион.Метеоролозите апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движење на отворен простор, особено во подрачја изложени на силни налети. Се препорачува обезбедување на предмети на тераси и во дворови кои би можеле да бидат однесени од ветерот или да предизвикаат материјална штета.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Пропадна обидот со 350.000 евра да добијат слобода, онкологот Васев и директорот остануваат во притвор

Екс-директорите на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, остануваат во притвор, откако Кривичниот совет го одби предлогот на одбраната за нивно ослободување. И покрај тоа што адвокатите понудија имотна гаранција во вредност од над 350.000 евра, судијката Славица Наумова-Јосифовска оцени дека околностите не се променети и дека и натаму постојат причините поради кои претходно беше определена мерката притвор.Судот дополнително појасни дека во оваа фаза од постапката нема надлежност да одлучува за понудената гаранција, упатувајќи ги странките на Советот кој го потврдил обвинението. Со ова, двајцата обвинети во предметот „Онкологија 2“ остануваат во истражниот затвор до понатамошна одлука.На денешното рочиште сведочеше претставник од Државен завод за ревизија, кој изнесе наоди од ревизијата на Клиниката за 2021 година. Според ревизорскиот извештај, биле констатирани слабости и неусогласености во финансиското работење и во примената на законските прописи.Ревизијата утврдила дека планот за набавка на биолошка терапија не бил резултат на стручен колегиум, туку се темелел на историски податоци за потрошени количини лекови, што, според сведочењето, создава ризик од селективно определување на терапијата без соодветна стручна анализа. Констатирани биле и разлики во сметководствената евиденција, односно несогласување меѓу месечните податоци за издадени лекови од аптеката и примените лекови во организациските единици на Клиниката.Според сведокот, дел од биолошката терапија била набавувана на реверс, при што во моментот на прием и издавање не била внесена цена во материјалната евиденција. Тој посочи дека во 2021 година одлуките за тоа кои пациенти ќе примаат биолошка терапија ги носеле докторите, со одобрение од медицинскиот директор, без претходна проценка дали има доволни количини за сите пациенти на кои им е препишана терапијата. Дополнително, на Клиниката не биле донесени медицински протоколи и критериуми за примена на биолошка терапија, што, според ревизијата, создава ризик од нееднаква достапност на лековите.Во извештајот се наведува и дека во 2021 година била набавувана биолошка терапија во период кога постапката за јавна набавка не била спроведувана од Министерство за здравство. Дел од лековите, според ревизијата, ги продавал единствен економски оператор со ексклузивно право, а начинот на набавка, како што беше посочено, влијаел врз почитувањето на начелото на конкуренција.Судењето продолжува со вкрстени прашања од одбраната.Во предметот „Онкологија 2“, Васев и Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што, според обвинението, го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата ја негираат вината и тврдат дека процесот има политичка заднина.

Македонија | пред 1 месец

media-library58a43f3eh3v8ernCFdM

Шведска нуди „сопствен остров“ на користење, но не и на милијардери

Visit Sweden започна необична туристичка кампања со која нуди можност за користење на еден од пет приватни острови во Шведска, со цел да ја претстави „шведската перспектива за слободата и одговорноста во природата“. Организаторите изрично наведуваат дека милијардери не можат да се пријават, бидејќи концептот на луксуз во оваа иницијатива се дефинира преку мирот и едноставноста, а не преку материјалното богатство.Извршната директорка на организацијата, Сузане Андерсон, изјави дека Шведска има повеќе острови од која било друга земја во светот и дека целта е да се понуди искуство на „најискрената форма на луксуз“ – тишина и спокој во природна средина.Иако кампањата го носи називот „Ваш шведски остров“, добитниците нема да станат сопственици на островот, ниту ќе имаат право да го преименуваат. Наместо тоа, ќе ја добијат титулата официјален чувар на островот во период од една година, со диплома што го потврдува статусот. Во тој период ќе можат да го користат островот за кампување, пливање и дружење, со обврска да го почитуваат природното опкружување и дивиот свет.Во Шведска, правото на јавен пристап до природата е законски загарантирано, што значи дека и други лица ќе можат да го посетат или поминат низ островот.Во рамки на натпреварот се доделуваат пет острови: Медбодан, Флисан, Сторбергет, Тјувхолмен и Марстен. Наградата вклучува повратен авионски билет за две лица до Шведска, но не и превоз до самиот остров, кој учесниците ќе треба сами да го организираат со кајак, даска за веслање или чамец.За учество е потребно да се сними видео во траење до една минута во кое кандидатот објаснува зошто токму тој заслужува да стане чувар на островот. Пријавите се отворени до 17 април 2026 година, а победниците ќе ги избере стручно жири врз основа на креативноста на пријавите. Кампањата е отворена за сите меѓународни патници постари од 18 години, со единствен исклучок – милијардерите.

Свет | пред 1 месец

media-libraryjuk50l1f1gln07wkmze

ЕУ отвора официјална истрага против Шеин поради сомнежи за нелегални производи

Европска комисија покрена официјална истрага против кинеската интернет-платформа за трговија Shein поради сомнежи за кршење на европското законодавство, вклучително и продажба на нелегални производи и недоволна заштита на корисниците. Одлуката следува откако минатата година од компанијата беа побарани дополнителни информации за начинот на работење.Истрагата ќе се фокусира на три спорни сегменти од услугите на платформата. Покрај наводната продажба на нелегални производи, Брисел ќе го испитува и таканаречениот „зависнички дизајн“, кој вклучува бонус-програми, елементи на игри и награди што, според европски претставници, може да претставуваат ризик за менталното здравје на корисниците. Дополнително, посочени се извештаи за облека, козметика и електронски производи кои не се во согласност со прописите на Унијата.Третото подрачје на интерес се системите за препораки на производи, за кои постои сомнеж дека не се доволно транспарентни и дека можат да ги преплават корисниците со персонализирани понуди. Според правилата од Акт за дигитални услуги, платформите мора да понудат лесно достапна алтернатива на системите засновани на профилирање. Европската унија оценила дека Шеин досега само општо објаснил како функционира неговиот систем за препораки.Од компанијата соопштија дека сериозно ги сфаќаат обврските од европското законодавство и дека целосно соработуваат со Европската комисија и ирскиот регулатор Coimisiún na Meán, кој ќе ја води истрагата. Посочуваат дека презеле мерки за зајакнување на усогласеноста со правилата, вклучително и проценка на системските ризици и подобрена заштита на малолетните корисници.Европската истрага е одвоена од постапките што претходно ги водеше Франција, каде што се испитуваше законитоста на поединечни производи. Според европските претставници, сегашната истрага се однесува на целокупниот систем на функционирање на платформата.ЕУ првпат побара информации од Шеин во април 2024 година, при што компанијата оценила дека нејзините услуги се со „низок ризик“, додека европските институции сметаат дека постои висок ризик од продажба на производи што ги прекршуваат правилата на Унијата. Како можна крајна мерка, доколку не се постигне усогласување со прописите, останува и опцијата за ограничување или блокирање на продажбата во Европа.

Свет | пред 1 месец

media-libraryae5pp36ld8i67XUSXCa

СДСМ бара одговор: Колку чинело летот на Мицкоски до Јадран и кој патувал со него?

СДСМ јавно го повика премиерот Христијан Мицкоски да одговори колку средства од буџетот чинело неговото патување со владин авион до Јадранското Море и со кого бил на тоа патување.Од партијата тврдат дека користењето на владин авион за, како што наведуваат, приватно луксузирање претставува „вистинското лице на власта“, оценувајќи дека додека граѓаните се соочуваат со економски притисоци, извршната власт демонстрира непримерен однос кон јавните пари.СДСМ наведува дека во исто време Владата одбива зголемување на минималната плата на 600 евра, кратела средства за земјоделците во висина од 40 милиони евра, како и пет милиони евра во спортот, додека, според нив, се користат буџетски средства за луксузни патувања.Во соопштението се прави паралела и со поранешниот премиер Никола Груевски, со тврдења за претходни набавки на луксузни предмети, како и со наводи дека дел од членовите на Владата патувале со владин авион во Будимпешта.Партијата дополнително реагира и на информациите за можноста за набавка на нов владин авион, оценувајќи дека станува збор за непотребен трошок во услови на буџетски дефицит. Според СДСМ, ваквите приоритети се спротивни на реалните потреби на граѓаните, кои се соочуваат со зголемени трошоци за живот.„Нека не се крие Мицкоски, да излезе пред граѓаните и да каже колку чинело неговото возење со авион до море и кој бил со него“, порачаа од СДСМ, барајќи транспарентност и отчетност за трошењето на јавните средства.

Македонија | пред 1 месец

media-library3u33jdl9ah1b3ZIQFlk

Барал брза заработка, добил упатства за експлозив: Украинските служби уапсија маж кој разнел автомобил по налог на руски служби

Служба за безбедност на Украина и Националната полиција уапсија 33-годишен невработен маж, осомничен дека на 16 февруари во Одеса извршил бомбашки напад врз теренско возило по налог на руски тајни служби. Во експлозијата, која се случила во киевска градска четврт, бил повреден сопственикот на возилото. Станува збор за втор ваков инцидент во ова подрачје во последните десет дена.Според истрагата, осомничениот бил регрутиран преку канали на апликацијата Телеграм, каде што барал начини за брза заработка. Откако стапил во контакт со лица поврзани со руските служби, добил детални упатства за изработка на импровизирана експлозивна направа од лесно достапни материјали. Потребните делови ги набавил во продавници за техничка опрема, по што ја составил направата и ја поврзал со мобилен телефон за далечинско активирање.По извидување на локацијата, осомничениот ја поставил експлозивната направа под автомобилот. Во близина сокрил паметен телефон преку кој, според тврдењата на истражителите, руските оперативци го надгледувале подрачјето и ја активирале експлозијата од далечина.При претрес на неговиот дом биле запленети компоненти за изработка на експлозивни направи и мобилни телефони преку кои комуницирал со нарачателот. Истражителите на СБУ поднеле пријава против него за кривично дело терористички чин. Одреден му е притвор, а му се заканува казна до 12 години затвор, како и одземање на имот.

Свет | пред 1 месец

media-libraryqqdkehfnmg4e9SCxmKG

(Видео) 24 министри живеат на грбот на 530 илјади работници, вели Трендафилов од протестот пред Владата барајќи минимална плата од 600 евра

Претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, од протестот пред Владата порача дека работниците нема да отстапат од своите барања и дека синдикалната борба ќе продолжи сè додека не се обезбеди достоинствен животен стандард.Тој истакна дека присуството на голем број работници пред Владата е јасна порака дека незадоволството е реално и дека институциите повеќе не смеат да го игнорираат гласот на оние што ја создаваат вредноста во државата. Според него, барањата на синдикатот не се политички, туку егзистенцијални и произлегуваат од потребата за фер плати и подобри услови за работа.Трендафилов нагласи дека Владата мора да покаже подготвеност за конкретни решенија, а не само за декларативна поддршка. Тој порача дека синдикатите се отворени за дијалог, но дека нема да прифатат одолговлекување и празни ветувања.„Работниците бараат правда, сигурност и плата со која може да се живее достоинствено. Нема да се повлечеме додека тоа не стане реалност“, истакна Трендафилов, додавајќи дека протестите се легитимен демократски инструмент за притисок кога институциите не реагираат.Од ССМ најавуваат дека синдикалните активности ќе продолжат и во наредниот период доколку не се постигне конкретен договор со Владата.

Македонија | пред 1 месец

puls-kocevski

(Видео) „Со 33 обвинети предметот за Пулс мора да трае“ – Давидовиќ лоцира одговорност кај разрешениот Коцевски за напнатата атмосфера

Адвокатот Звонко Давидовиќ во емисијата „Претрес“ изнесе сериозни забелешки за текот на судскиот процес „Пулс“, оценувајќи дека начинот на кој бил поставен предметот од самиот почеток придонел за напната атмосфера во судницата.Според него, со оглед на бројот на обвинети – 33 или 34 лица – и обемот на доказниот материјал, било јасно дека постапката ќе трае подолг временски период. Давидовиќ посочи дека сменетиот јавен обвинител Љупчо Коцевски не покажал доблест отворено да им укаже на семејствата и на јавноста дека станува збор за комплексен предмет што не може да заврши брзо.„Кога обвинителите одговарале за она што го направиле, а завршило многу лошо? Со 33-34 обвинети и со една хрпа докази, предметот мора да трае“, изјави Давидовиќ, додавајќи дека на едно рочиште се сослушуваат најмногу двајца до четворица сведоци.Тој ја опиша атмосферата во судницата како „наелектризирана“,што, според него, не е коректно и не придонесува за фер постапка.Во разговорот, новинарот го праша дали смета дека коренот на ваквата состојба лежи кај обвинителот Коцевски, на што Давидовиќ одговори кратко и недвосмислено: „Апсолутно.“За целиот судски случај, но и за други ексклузивни теми:

Македонија | пред 1 месец

media-librarythkgmffbbch25lRScqL

Трагичен крај на потрагата, МВР со детали: Пронајдено безживотното тело на прилепчанецот Виктор Илиоски

„Почина син ми“, со овие зборови Роза Илиоска ја сподели најтешката вест – дека трагично завршила потрагата по нејзиниот син, прилепчанецот Виктор Илиоски.Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ информираа дека на 16 февруари 2026 година во 16:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница-Прилеп е пронајден В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот.Од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција. Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Потрагата започна откако на 15 февруари во 16:15 часот во ОВР Прилеп, Д.И. (69) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син. Семејството претходно упати јавен апел за помош, наведувајќи дека му се губи секаква трага од претходниот ден околу 14 часот, кога последен пат бил виден.Случајот предизвика големо внимание во јавноста, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата и обдукцијата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryepes0qlc9721dvZO8KL

ССМ утре со 21 синдикалец ќе ја блокира Владата: „Минимална плата од 600 евра или генерален штрајк“

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека утре во 11 часот ќе ја блокира Владата со точно 21 синдикален претставник, во рамки на третата активност од втората фаза синдикални притисоци за зголемување на работничките плати.Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека бројот од 21 учесник е избран согласно Законот за јавни собири, како законски минимум за блокирање институција или сообраќајница.„Ќе бидеме 21 човек и затоа што некој кажа дека ќе ги заокружуваат луѓето што протестираат и ќе ги оцрнуваат. Не се откажуваме сѐ додека не се зголеми минималната плата на 600 евра и не се зголемат сите останати плати за најмалку 6.000 денари“, рече Трендафилов.Според него, блокадата е реакција на тоа што Владата и работодавачите не постигнале договор до 31 декември 2025 година за зголемување на минималната плата. Тој посочи дека, иако работодавачите биле подготвени да ги зголемат платите за најмалку 6.000 денари, побарале временски период да бидат ослободени од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување во износ од околу 3.000 денари по работник.Трендафилов оцени дека одбивањето на ова решение, според ССМ, го чини државниот буџет најмалку 10 милиони евра месечно, односно околу 120 милиони евра годишно.Тој нагласи дека вредноста на синдикалната минимална кошница во меѓувреме се зголемила за 9.250 денари, што, според него, значи дека четиричлено семејство е посиромашно за истиот износ.Во однос на можен генерален штрајк, Трендафилов најави дека ССМ е пред донесување одлука за 24-часовен генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор на територија на целата држава.„Секој работник ќе има право да дојде на работа, но да не ги извршува работните задачи и да ни се придружи на протестот. Колку повеќе излезат, толку повеќе ќе добијат“, изјави тој.Одлуката за евентуалниот генерален штрајк, како што посочи, ќе биде донесена по утрешната блокада, пред или по седницата на Владата. Синдикатите очекуваат Владата да ја искористи можноста и на седница да донесе одлука за зголемување на платите и за прифаќање на нивните предлози.

Македонија | пред 1 месец

media-librarygc872iaj0her6KOTKt0

(Видео) Маж бегаше од глутница кучиња која повторно се појави во Карпош 4, жителите стравуваат за безбедноста

Глутница бездомни кучиња повторно се движи низ населбата Карпош 4, и тоа во реонот кај Скопје Сити Мол, Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2, како и во близина на мостот „Влајко“. Ова следува откако претходно, по поплаки од жителите, интервенираше ЈП Лајка со заловување на кучиња од овој дел на општината.Жителите изразуваат загриженост, особено поради снимка на која се гледа како дел од кучињата се движат кон минувач на пешачката патека спроти трговскиот центар и лаат, по што тој со трчање бега. Дополнителен ризик, според нив, претставува фактот што во овој реон често се шетаат граѓани со своите домашни миленици, при што постои страв од можен напад.Се појавија и сомневања дека кучињата повторно се донесени од друга локација, иако за тоа засега нема официјална потврда од надлежните институции.Од Општина Карпош е побарано формирање кризен штаб и преземање конкретни мерки за трајно решавање на проблемот. Барањето го иницираше советничката група „Независни за Карпош“. Во текот на денешниот ден се очекува повторна интервенција на ЈП „Лајка“ на терен.

Скопје | пред 1 месец

media-library3jvakpkgctumdqVADgD

И полицијата трага по исчезнатото лице од Прилеп

Министерството за внатрешни работи информира дека на 15 февруари 2026 година во 16:15 часот во ОВР Прилеп, Д.И. (69) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син В.И. (39). Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.Претходно, семејството на Виктор Илиоски од Прилеп објави апел за помош, наведувајќи дека му се губи секаква трага од пред два дена. Според објавата на неговата мајка, Роза Илиоска, тој последен пат бил виден околу 14 часот.Во моментот на исчезнувањето бил облечен во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики.Случајот е пријавен во полиција, а семејството ги повикува сите граѓани кои имаат каква било информација да се јават на телефонскиот број 076 303 292.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypa17r3qt3aoa2m8hyD9

(Фото) Нема саботирани камери на „Сејф сити“, фотографијата со платното е дело на вештачката интелигенција

Министерството за внатрешни работи соопшти дека фотографијата која се споделува на социјалните мрежи, а на која наводно се гледаат камери од системот „Безбеден град“ во Тетово покриени со платно, не соодветствува со реалната состојба на терен.Од МВР информираат дека во СВР Тетово не е регистриран ваков настан, ниту е утврдено какво било оштетување или попречување на камерите поставени во рамки на системот.Според извршените проверки, станува збор за компјутерски генерирана слика или манипулирана фотографија која има за цел да создаде погрешна перцепција во јавноста.Од СВР Тетово апелираат до граѓаните да не наседнуваат на дезинформации кои, како што наведуваат, имаат цел да ја вознемират јавноста или да ја нарушат довербата во безбедносниот систем. Полицијата повикува на одговорно користење на социјалните мрежи и проверка на информациите пред нивно споделување.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Тензии меѓу Будимпешта и Киев пред унгарските парламентарни избори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски директно се вклучил во предизборната кампања во Унгарија со напади врз унгарската влада, изјави премиерот на Унгарија Виктор Орбан.Унгарските граѓани на 12 април ќе гласаат на парламентарни избори на кои Орбан, кој е на власт од 2010 година, го бара својот петти мандат. Анкетите покажуваат дека негов главен предизвикувач е опозициската партија Тиса, предводена од неговиот поранешен сопартиец Петер Маѓар.Орбан оцени дека политичките напади од Украина достигнале ново ниво.„Кога претседателот Зеленски лично ме напаѓа затоа што не го поддржуваме забрзаното пристапување на Украина во Европската унија, тој всушност ја доведува во прашање суверената одлука на унгарскиот народ“, изјави лидерот на Фидес, пренесува МТИ.Според Орбан, унгарските граѓани веќе се изјасниле против членството на Украина во ЕУ преку националното советување „Вокс2025“, спроведено минатата година. Владата тврди дека во анкетата учествувале 2,2 милиони луѓе, во земја со околу 9,6 милиони жители.„Како премиер на Унгарија, моја должност е да ги спроведувам одлуките на унгарскиот народ. Тоа ќе го правам повторно и повторно, без разлика дали му се допаѓа на претседателот Зеленски или не“, порача Орбан.Во изминатиот период, унгарскиот премиер ја нарече Украина „непријател“ на Унгарија, обвинувајќи ја дека во Брисел бара прекин на снабдувањето со евтина руска енергија за Будимпешта. Унгарија, која пред војната беше силно зависна од руските енергенси, и натаму одржува контакти со Москва, а Орбан од почетокот на руската офанзива врз Украина најмалку трипати ја посети руската престолнина.Орбан изборите во април ги претставува како одлука „за војна или за мир“, додека аналитичарите оценуваат дека прашањето за Украина е во фокусот на кампањата, во услови кога унгарската економија се соочува со стагнација по периодот на висока инфлација.

Свет | пред 1 месец

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Голема грешка е да му се дозволи на агресорот да земе нешто, не сакам да ги повторам грешките на претходниците, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави остра порака на платформата X, во која ги повика западните лидери да не ги повторуваат, како што наведе, грешките од минатото во односот кон Русија. Тој предупреди дека дозволувањето отстапки кон агресор, според него, носи долгорочни последици и ја охрабрува понатамошната експанзија.„Голема грешка е да му се дозволи на агресорот да земе нешто. Тоа беше голема грешка уште од самиот почеток, почнувајќи од 2014 година. И претходно, за време на нападот и окупацијата на делови од Грузија. Па и порано, кога Чеченија беше окупирана, со целосно разорување и милион жртви – загинати и ранети“, напиша Зеленски.Тој посочи дека не сака да биде претседател кој ќе ги повтори грешките на своите претходници, ниту, како што нагласи, на лидерите од други држави кои дозволиле Русија да навлезе на нивна територија. Според него, попустливоста не е начин за запирање на рускиот претседател Владимир Путин.„Путин не може да се запре со бакнежи или со цвеќе. Јас никогаш не сум го правел тоа и не мислам дека тоа е вистинскиот пат. Мој совет до сите – не го правете тоа со Путин“, наведе украинскиот претседател.Во продолжение, Зеленски изнесе тврдење дека руската армија трпи значителни загуби на фронтот, оценувајќи дека Русија во моментов губи меѓу 30.000 и 35.000 луѓе месечно. Тој предупреди дека во случај на отстапки, Москва би можела во рок од неколку години повторно да ја обнови и зајакне својата воена моќ.„Во спротивно, тоа ќе биде прв чекор, а потоа за пет години ќе ја обнови својата војска и ќе го зголеми бројот на војници. Сега губи 30-35 илјади луѓе месечно. Можете ли да го замислите тоа во 21 век?“, напиша Зеленски.Русија ја започна целосната инвазија врз Украина во февруари 2022 година, а војната наскоро ќе влезе во петтата година. И двете страни редовно изнесуваат процени за загубите на противникот, но независната проверка на тие податоци често е отежната.Објавата на Зеленски доаѓа во период кога во западните престолнини повторно се отвора дебата за натамошната воена и финансиска поддршка за Украина, како и за можните сценарија за идни преговори. Украинскиот претседател и претходно предупредуваше дека секој компромис со Москва, според неговата оценка, може да ја охрабри натамошната агресија.

Свет | пред 1 месец

media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Нови блокади на граничните премини: ЕУ ги одби барањата на превозниците од Западен Балкан

Европска Унија ги отфрли сите предлози доставени од транспортните здруженија од земјите од Западен Балкан во обид да се најде решение за проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната. Од Брисел порачале дека нема можност за отстапување од правилото „90/180“, според кое државјаните на земји што не се членки на Унијата можат да престојуваат најмногу 90 дена во период од 180 дена.Претседателот на деловното здружение „Меѓународен транспорт“, Неѓо Мандиќ, изјавил дека последната средба со претставниците на европските институции била „катастрофална“, бидејќи ниту еден од предлозите на превозниците не бил прифатен.„Не прифатија ништо што предложивме, само рекоа – вклопете се во правилото 90/180, поинаку не може“, изјавил Мандиќ за Танјуг.Транспортните здруженија бараа воведување посебни визи или модел со кој времето поминато во транзит и на пат не би се третирало како класичен престој во Шенген-зоната. Сепак, одговорот од европските институции бил дека таквите предлози се „невозможни, премногу креативни и спротивни на шенгенското законодавство“. Како алтернатива, било предложено возачите да пријават престој во некоја од поблиските земји-членки на ЕУ, што за превозниците било неприфатливо, пренесува Вијести.Превозниците веќе донеле одлука за повторна блокада на товарните гранични премини, но точниот датум сè уште не е утврден. Според Мандиќ, неопходна е координација со здруженијата од другите земји од регионот, по што ќе биде соопштен и терминот за новите блокади.„Одлуката е донесена, но мора да се усогласиме со колегите од другите земји од Западен Балкан и да ги договориме сите детали. Дури потоа ќе биде познат точниот датум“, изјавил тој.Протестите на транспортерите започнаа на 26 јануари 2026 година, со барање професионалните возачи да не се третираат како туристи, туку да добијат посебен статус поради природата на нивната работа. Блокадите беа прекинати на 29 јануари по најавата дека Европската комисија ќе ги разгледа можните корективни мерки. Откако беше објавен официјалниот став дека нема да има измени на правилата, меѓу превозниците повторно се засили незадоволството.Транспортниот сектор предупредува дека без системско решение, дел од компаниите од регионот би можеле да се соочат со сериозни финансиски последици, бидејќи професионалните возачи брзо го достигнуваат лимитот од 90 дена престој и по неговото исцрпување се изложени на ризик од забрана за влез во ЕУ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrdgeivpthgl09aSwgua

(Видео) Поплави во Сарај: Над 30 домови се поплавени, се пребројуваат штетите

Општина Сарај се соочи со сериозни последици од обилните врнежи, при што над 30 објекти беа поплавени, а дел од улиците останаа под вода. Екипи на терен интервенираа за испумпување на водата и спречување на дополнителни штети.Градоначалникот Мухамет Елмази информираше дека од денес започнува организирано справување со последиците од поплавите, со интензивна работа на терен и координација со надлежните служби.„Од денес – справување со последиците од поплавите и интензивна работа на терен. Заедно го надминуваме секој предизвик“, порача Елмази.Од Општината апелираат до граѓаните да пријавуваат штети и да ги следат насоките на службите, додека надлежните најавуваат проценка на штетите и дополнителни мерки за стабилизирање на состојбата.

Скопје | пред 1 месец

Screenshot-2024-02-26-at-22.50.06

Москва возвраќа: Западот манипулира со смртта на Навални

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја оцени како „лажна“ заедничката изјава на пет европски држави во која се тврди дека опозицискиот лидер Алексеј Навални починал како последица на труење со токсин добиен од отровна жаба.Во интервју за руски медиуми, Захарова изјави дека западните земји се обидуваат да го пренасочат вниманието од сопствените внатрешни проблеми. Таа нагласи дека без официјални резултати од испитувањата и без прецизна формула на супстанцијата, сите обвинувања се шпекулации.„Ќе има резултати од анализите, ќе има формула на супстанцијата – тогаш ќе има и коментари. Без тоа, сите изјави и разговори се лажни и насочени кон одвлекување на вниманието од горливите проблеми на Западот“, изјави Захарова.Таа додаде дека изјавата доаѓа во момент кога, според неа, требало да бидат објавени резултатите од истрагата за експлозијата на гасоводот Северен тек. Саботажата на гасоводот во 2022 година беше оценета како невиден напад што предизвика значителна штета на инфраструктурата што ја поврзува Русија и Германија под Балтичкото Море.Во меѓувреме, поранешен украински воен офицер, Серхиј Кузњецов, осомничен за учество во саботажата, беше уапсен во Италија, додека украинската влада повеќепати негираше каква било вмешаност.Во саботата, Германија, Обединето Кралство, Холандија, Шведска и Франција објавија заедничка изјава во која наведуваат дека Навални бил отруен со епибатидин – токсин извлечен од кожата на еквадорска отровна жаба. Заклучокот, според нив, бил донесен врз основа на анализа на примероци од биолошки материјал на Навални.Москва претходно соопшти дека Навални починал во сибирски затвор во февруари 2024 година, каде што издржувал 19-годишна затворска казна по обвиненија за екстремизам.

Свет | пред 1 месец

media-libraryr3d7tn2112ete0IwLyv

(Видео) Кавадарци испрати помош за поплавеното Кичево: Две возила, шест пожарникари и пумпи за испумпување вода

По насока на градоначалникот Митко Јанчев, Општина Кавадарци испрати помош за граѓаните во Кичево по поплавите што зафатија повеќе објекти.Како што информира Јанчев, на терен се упатени две противпожарни возила со шест пожарникари и шест пумпи, како и дополнителна опрема неопходна за испумпување на водата и санирање на последиците од поплавите.„Солидарноста е нашата најголема сила – кога е најтешко, заедно сме на терен“, објави кавадаречкиот градоначалник.Со оваа интервенција, Кавадарци се приклучува кон активностите за поддршка на засегнатите семејства во Кичево, каде по обилните врнежи беа поплавени домови, дворови и инфраструктура.Локалните служби продолжуваат со активности за расчистување на теренот и стабилизирање на состојбата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr25thq0ag6m8e34qqdT

(Видео) „Прво средете ја сигнализацијата, па применувајте ‘Сејф сити’“, Давидовиќ за предноста, но и проблемите на новиот систем

Адвокатот Звонко Давидовиќ во емисијата „Претрес“ посочи дека системот „Сејф сити“ може да даде резултати само доколку претходно се создадат јасни и фер услови за негово спроведување.Според него, основен предуслов е поставување соодветна сообраќајна сигнализација на сите улици, со јасно означенао ограничување на брзината.„Прво пред сѐ, на сите улици треба да има сообраќајни знаци со ограничување на брзината. Ние на дел од улиците немаме ограничување и едноставно не знаете колку треба да возите“, рече Давидовиќ.Тој укажа и на, како што оцени, нелогичности на автопатот од Скопје кон Велес, каде на одредени делници има значително намалување на дозволената брзина.„На излез од Скопје имате 50, па 70, а потоа кон Велес, иако Законот за јавни патишта забранува брзината на автопат да се спушти под 80 километри на час, имате ограничување од 50 кај тунелот, а по тунелот 60-70. Тоа не е автопат“, нагласи тој.Давидовиќ смета дека ваквите решенија создаваат конфузија кај возачите и ја доведуваат во прашање оправданоста на санкционирањето.Во однос на „Сејф сити“, тој посочи дека системот покажува како функционираат правилата кога постои реална и неизбежна санкција.„Во мигот кога имате извесна репресија, односно закана дека ќе платите глоба и никој не може да ви помогне, затоа што камерата не можете да ја ‘ургирате’, се почитува прописот“, истакна Давидовиќ.Тој оцени дека со вистинска и неселективна примена на законот, многу брзо би се воспоставил ред во сообраќајот, но додаде дека за тоа е потребна институционална посветеност.„Со вистинска примена на законот, без селективност, многу брзо ќе доведете во ред многу работи. Но некој треба да се потруди за да го спроведе тоа, а во нашиот правосуден систем очигледно го немаме тоа“, заклучи Давидовиќ.Зборувавме и за одземањето на возила, цел поткаст е тука:

Македонија | пред 1 месец

media-librarytrjort3mva9k3yKMqH7

Не се движете низ поплавените подрачја, не ја попречувајте механизацијата и алармирајте ако има нова опасност, вели градоначалникот на Кичево

По обилните врнежи од дожд и наглото влошување на состојбата, Општина Кичево организирала координирана интервенција за справување со последиците од поплавите и заштита на граѓаните и нивниот имот, информира градоначалникот Александар Јовановски.Тој посочи дека на терен се ангажирани екипи и механизација, со активности насочени кон најкритичните точки во градот и околината. Се работи на расчистување на одводни правци и критични делници, отстранување наноси, кал и отпад што го блокираат одливот, како и чистење и пробивање канали и пропусти. Паралелно се врши испумпување вода и обезбедување пристап до загрозени домаќинства, каде што условите тоа го дозволуваат.Интервенциите се реализираат во директна координација со ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијалната противпожарна единица – Кичево. На лице место присутни се и командирот Филип Митрески, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, како и директорот Бојан Стојкоски, со цел навремено донесување одлуки и поефикасна распределба на ресурсите.Општина Кичево упати апел до граѓаните да не се движат низ поплавени подрачја, да избегнуваат ризични делници и да не ја попречуваат механизацијата и екипите при работа. Воедно, се повикуваат граѓаните да пријават доколку забележат нови критични точки или опасност за домаќинствата.Од локалната самоуправа велат дека остануваат целосно ангажирани и дека активностите ќе продолжат сè додека состојбата целосно не се стабилизира, а јавноста редовно ќе биде информирана преку официјалните канали.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq0iftrmm7pdueAWsgxF

Катастрофалните поплави во Кичево се поради долгогодишна негреижа и отсуство на превенција, вели Сајкоски

Кичево денес се соочи со сериозни поплави по обилните врнежи од дожд, при што излевањето на речното корито предизвика материјална штета и ги загрози домовите, инфраструктурата и безбедноста на граѓаните. Според Сајковски, состојбата е резултат на, како што наведува, долгогодишна негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од претходното раководство.Тој истакна дека, за разлика од минатото, денес институциите покажале одговорност и подготвеност. Актуелниот градоначалник на Кичево, д-р Александар Јовановски, заедно со екипите на комуналната и противпожарната служба, како и со поддршка од општествено одговорни компании, веднаш излегле на терен и активно се вклучиле во санирање на последиците.Со координирана работа, во краток рок било спречено понатамошно ширење на штетите и започнало расчистување на погодените подрачја. Сајковски оценува дека оваа акција претставува показател оти со, како што наведува, волја, одговорност и лидерство, можат да се надминат и најсериозните предизвици.Тој посочи дека, и покрај тешката состојба, постои надеж за постепена нормализација на секојдневието на граѓаните и дека градот ќе излезе посилен од ова искушение.Службите остануваат на терен и во текот на ноќта, со приоритет на безбедноста на граѓаните и заштитата на нивните домови, а состојбата се следи континуирано.

Македонија | пред 1 месец

jane-cento

Судењата беа наптревар за издржливост, системот беше вклучен, а одлуките беа синхронизирани, вели Ченто за 27 април

Јане Ченто, осуден во предметот за настаните од 27 април, повторно излезе со јавна реакција во која го оспорува начинот на кој се водел судскиот процес и улогата на судијката Добрила Кацарска. Во објава на социјалните мрежи, Ченто наведува дека се обидува да се создаде впечаток дека постапката била целосно законита и потврдена од повисоките судови, но, според него, постојат сериозни сомнежи во текот и исходот на процесот.Тој посочува дека рочиштата траеле по 12 до 15 часа дневно, што, според него, директно влијаело врз правото на ефективна одбрана. Ченто тврди дека правично судење не смее да се претвори во „натпревар во издржливост“ и дека долготрајните и исцрпувачки рочишта оставиле сериозни последици врз обвинетите.Во својата реакција, Ченто обвинува и за селективна оценка на доказите, наведувајќи дека судот прифаќал само докази што, како што тврди, одговарале на однапред изградена теза, додека другите биле игнорирани или минимизирани.Како проблематичен го наведува и темпото на постапката, посочувајќи дека процесот се одвивал во период на значајни политички промени во државата. Според него, брзината на донесување на пресудата не била случајна, туку синхронизирана со политички рокови.Ченто реагира и на ставот дека евентуалните пропусти би биле коригирани во повисоките судски инстанци. Тој потсетува дека, додека обвинетите биле во притвор повеќе од 28 месеци, барањата за одбрана од слобода биле одбивани со, како што наведува, идентични образложенија. Според него, дел од судиите кои одлучувале во втор степен подоцна биле унапредени во Врховниот суд, каде што ја потврдиле пресудата.Во објавата се прави и споредба со настаните во американскиот Конгрес, при што Ченто тврди дека казнената политика во македонскиот случај била максималистичка и имала за цел да испрати порака за одвраќање од протести.Тој посочува дека довербата во судството е исклучително ниска и дека јавноста препознава шема на притисоци, брзање во постапките и последователни унапредувања на вклучени лица.„Ова е приказна за човечки судбини. Системот беше вклучен. Одлуките беа синхронизирани. А унапредувањата дојдоа потоа“, наведува Ченто во својата реакција.

Коментари | пред 1 месец

Screenshot-2024-09-10-at-08.49.15

Утре ќе биде облачно, а од вторник нови врнежи на дожд и снег

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места, претежно во западните и северните делови од земјата, врнежите ќе бидат од снег.Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе се движи од 1 до 5 степени, додека максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а кон крајот на денот се очекува повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 11 степени.Во вторник се очекува заладување со нови, пообилни врнежи, кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова снежна покривка се очекува и во дел од повисоките населени места. Потоа, во наредните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно се најавуваат врнежи од дожд и снег.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања