Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryia1methfrgl58RG8bva

Претседателот на Колумбија: Каракас е бомбардиран, Венецуела е нападната

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро, на социјалната мрежа X изјави дека Венецуела е нападната и дека главниот град Каракас е под бомбардирање.„Во овој момент го бомбардираат Каракас… го гаѓаат со проектили“, напиша Петро, повикувајќи на итно свикување на седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.Тој потсети дека Колумбија од вчера е членка на Советот за безбедност на ОН и нагласи дека токму поради тоа мора веднаш да се одржи итна седница.„Потребно е итно да се свика Советот за безбедност и да се утврди меѓународната законитост на агресијата врз Венецуела“, наведе колумбискиот претседател.Засега нема официјална потврда од меѓународни институции за наводите за ракетни напади, додека ситуацијата во и околу Каракас и натаму е нејасна.

Свет | пред 2 месеци

media-library9s2cs3tla49q45kdbkR

(Видео) Експлозии и воени авиони над Каракас, Венецуела прогласи состојба на надворешна закана

Рано утринава во венецуелската престолнина Каракас биле слушнати звуци од воени авиони и повеќе експлозии, додека над делови од градот бил видлив густ столб од чад, јавуваат светските новински агенции. Во јужниот дел на градот, во близина на голема воена база, било регистрирано и прекинување на електричната енергија. Засега не се познати точните локации и причините за експлозиите.Видеоснимки што кружат на социјалните мрежи прикажуваат повеќе детонации на различни локации низ Каракас, што дополнително ја засили загриженоста кај населението. Настаните се случуваат во период кога Соединетите Американски Држави неодамна распоредија значајни воени сили во регионот, вклучително и носач на авиони, воени бродови и напредни борбени авиони.Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави „блокада“ на венецуелската нафта, воведе дополнителни санкции и одобри низа операции против пловила за кои Вашингтон тврди дека се вмешани во трговија со дрога во Тихиот океан и Карипското Море. Минатата недела Трамп изјави дека САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела каде, според американските информации, бродови биле користени за товарење дрога, што претставува прв познат удар на копно од почетокот на кампањата за зголемен притисок врз Каракас.По утринските настани, венецуелската влада соопшти дека „одлучно ја отфрла и осудува“ она што го нарече американска „воена агресија“. Во официјалната изјава, властите во Каракас ги обвинија Соединетите Држави дека се обидуваат да ги преземат стратешките ресурси на Венецуела, пред сè нафтата и минералите, со цел насилно да ја поткопаат политичката независност на земјата.„Оваа агресија претставува сериозна закана за меѓународниот мир и стабилност, особено во Латинска Америка и Карибите, и директно ги доведува во опасност животите на милиони луѓе“, се наведува во соопштението на венецуелската влада.Претседателот Николас Мадуро прогласи „состојба на надворешна закана на целата национална територија“, со образложение дека мерката е неопходна за заштита на населението, непречено функционирање на државните институции и, како што наведе, подготвеност за вооружен отпор.„Целата земја мора да се мобилизира за да ја порази оваа империјалистичка агресија“, порача Мадуро, повикувајќи на национално единство во услови на ескалација на тензиите.

Свет | пред 2 месеци

275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Денеска облачно со температури до 9 степени

Утринските температури во Македонија се движат од – 13 во Берово, до – 4 во Кичево, а максималните дневни од 3 во Велешко, до 9 степени во Пелагонија. Во нашата држава, денеска ќе биде студено и променливо, со температури што се очекува да бидат од 3 до 9°C во текот на денот, особено во котлините и низинските делови.На планините ќе има облачно време со повремени услови за слаб дожд и снег.Во Скопје дневните температури ќе бидат до 9 степени.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygikvth9795cn16iDLNY

(Видео) „Луд танц” на згради за време на земјотресот во Мексико

Мексиканската национална сеизмолошка служба објави дека е регистриран земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во јужната држава Гереро, на брегот на Тихиот Океан.Според првичните, неофицијални информации, има пријави за повредени лица, а медиумите пренесуваат и за најмалку една жртва, иако официјалните податоци се очекуваат.По силниот удар регистрирани се и повеќе последователни потреси. Има оштетени патишта, паднати столбови, дрвја, прекини на струја, појава на клизишта и оштетувања на здравствени установи.Земјотресот го прекина и првиот новогодишен брифинг на мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.Веднаш на социјалните мрежи се појавија видеа од згради што се тресат.„Погледнете го овој облакодер во Мексико Сити како прави луд танц повеќе од 20 секунди за време на денешниот земјотрес“, пишува на социјалните мрежи.Земјотресите беа почувствувани и во мексиканските федерални држави Морелос, Халиско, Оахака, Табаско и Колима.

Свет | пред 2 месеци

media-library7inkvk7f5gnc1K9k18n

Претседателката на Европската централна банка годишно ,,кешира” по 726.000 годишно

Кристин Лагард, претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) е најплатен функционер во ЕУ.Според ,,Фајненшл тајмс“, таа заработила сума која е за околу 56 проценти повеќе од нејзината основна плата од 466.000 евра, што ЕЦБ го наведе во својот годишен извештај.Спорред угледниот Фајненшл тајмс“, покрај основната плата, Лагард добива дополнително околу 135.000 евра за домување и други потреби, а добива и околу 125.000 евра како член на одборот на директори на Банката за меѓународни порамнувања.Нејзиниот приход е речиси четири пати поголем од приходот на претседателот на американските Федерални резерви Џером Пауел, а годишната основна плата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е за 21% пониска од платата на Лагард.

Свет | пред 2 месеци

media-librarye35hcikj9c8h1ypVqdD

Внимателно: Студен бран и вистинска зима на Балканот

На Балканот се очекува студен бран со големи снегови. За Македонија нема најава за поголеми врнежи од снег.Метеоролозите предупредуваат дека до среда снегот може да предизвика сериозни тешкотии во Хрватска и Босна и Херцеговина, додека снежни врнежи се очекуваат и во Истра и северниот Јадран. Деливи од Црна Гора, Херцеговина и Далмација ќе бидат погодени од обилни дождови, со можност за локални поплави и лизгање на земјиштето.Според локалните и регионални прогнози, во БиХ и Србија локално може да наврне до половина метар снег, додека во планинските области снегот може да надмине еден метар. Србија во наредните денови ја очекува вистински метеоролошки хаос.Во континенталните делови на Хрватска и Словенија веќе има натрупан снег.На возачите им се орепорачува внимателно возење и почитување на сообраќајните правила.

Балкан | пред 2 месеци

media-libraryirbu9k8hjuv89UykJ7q

(Видео) Страотниот пожар во Кран-Монтана предизвикан од прскалки на шишиња шампањ

Како што изјави локален обвинител, првичните резултати од истрагата упатуваат дека пожарот кој зафати бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, избувнал кога прскалките прикачени на шишињата шампањ биле подигнати високо и премногу блиску до таванот.,,Најверојатно пожарот започнал од запалени свеќи или прскалки што биле прикачени на шишиња шампањ. Ги ставиле премногу блиску до таванот. Оттаму, започнал брз, многу брз и широк пожар“, изјави обвинителката Беатрис Пилу.Од фотографиите на француската телевизија BFMTV, се гледа жена со кацига на главата, која седи на рамената на маскиран маж, а ви раката држи две шишиња шампањ со прицврстени прскалки, од кои едното е многу блиску до таванот.Се гледаат и гости со шишиња со прскалки во воздух и пламен на таванот.Во пожарот има повеќе од 40 жртви и стотина повредени.Идентификацијата на жртвите продолжува, и ова за властите е приоритет, но процесот може да потрае бидејќи некои од телата тешко се идентификуваат.

Свет | пред 2 месеци

toskovski

Рекордна заплена на кокаин: „Ова е количина колку за цел мандат на претходната власт“, вели Тошковски

Околу 10 килограми кокаин, со улична вредност од приближно еден милион евра, наменети за македонскиот пазар и за младите, се тргнати од улица во координирана полициска акција, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Според Тошковски, станува збор за исклучително значајна заплена, која, како што нагласи, по обем е еднаква на количината дрога што претходната влада ја запленила за целиот свој седумгодишен мандат.„Оваа акција е јасен показател за променетиот пристап и за зголемената оперативна ефикасност на институциите“, изјави Тошковски, потенцирајќи дека дрогата била директно наменета за домашниот пазар.Тој додаде дека борбата против организираниот нарко-криминал ќе продолжи континуирано, системски и без отстапки, со цел трајна заштита на безбедноста и здравјето на граѓаните, со посебен фокус на заштитата на младите од штетните последици на дрогата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryikqov6kcgh3sd52KFU4

Нема трага од Македонецот Стивен Ивановски: проверени болници во Швајцарија, надежта сега е во Франција и Италија

Нема никакви нови информации за судбината на младиот Стивен Ивановски, кој исчезна за време на катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, потврдува блиска роднина за „Скопје1“. Тие се надеваат дека ќе го најдат во болниците во Франција и Италија, бидејќи низ болниците во Швајцарија го нема.„Сè уште немаат никакви информации. Семејството живее и работи таму повеќе од 20 години. Проверени се болниците низ Швајцарија и го нема. Се надеваат дека можеби ќе се појави информација од болниците во Франција и Италија“, вели роднината за „Скопје1“.Од МНР вчера потврдија дека кај нив е пријавено дека се трага по Стивен, а посочија и дека отворени се телефонските линии од амбасадата за секого кој има потреба од помош.Стивен последен пат бил виден во новогодишната ноќ, кога избувна пожарот во барот, во кој загинаа десетици лица, а стотици беа повредени. Од тој момент, од него нема никаква трага.Според апелите што ги објавија неговите најблиски на социјалните мрежи, во моментот на исчезнувањето Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер, а постои можност со себе да ги имал и препознатливите очила за сонце што се гледаат на фотографиите кои кружат на интернет.Семејството и пријателите упатуваат итен повик до сите кои можеби го виделе Стивен, имаат каква било информација за него или знаат дали бил примен во некоја од болниците во Женева, Цирих или во други европски земји, веднаш да се јават на следните телефонски броеви:076 415 0868076 385 7165078 229 5745„Братучед ми е исчезнат во пожарот во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот што го споделуваат неговите најблиски.Во меѓувреме, болниците во регионот на кантонот Вале и понатаму се под силен притисок поради големиот број повредени. Претседателот на кантонот, Матијас Рејнар, утринава за швајцарските медиуми изјави дека значителен дел од медицинскиот персонал доброволно се вратил на работа за време на слободните денови, а во тек се разговори за ангажирање дополнителни специјалисти за лекување на изгореници од Франција.Семејството на Стивен Ивановски, и по неколку дена неизвесност, сè уште се надева дека ќе се појави каква било трага што ќе помогне во неговото пронаоѓање.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarylkkv0ikbcjfj3SFfZBh

(Видео) Го расклопија возилото да му ја најдат дрогата на скопјанец кој е фатен со 10 килограми кокаин

Полициски службеници запленија околу 10 килограми кокаин скриени во импровизиран бункер во патничко возило „БМВ Х5“, а возачот на автомобилот е лишен од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.Настанот се случил на 31 декември 2025 година околу 14:30 часот во селото Горно Количани, скопско, кога полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје сопреле возило со скопски регистарски таблички, управувано од И.Е. (26) од Скопје. Поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, возилото било одземено за понатамошна проверка.Следниот ден, на 1 јануари 2026 година, по претходно обезбедена судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР и службеници од Царинската управа со службено куче, извршиле деталeн претрес на возилото. При прегледот, во специјално изработен бункер во подвозјето биле пронајдени и одземени околу 10 килограми кокаин.Возачот И.Е. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Настани | пред 2 месеци

media-librarykpkv72gk1ldc5ZiHa3j

Дадена наредба за обдукција на двегодишното дете кое почина на Клинички, по повреда на новогодишната ноќ

Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, утринава им подлегна на повредите на Клиниката за детска хирургија во Скопје. И покрај интензивните напори на медицинските тимови, лекарите констатирале смрт, потврдија од надлежните институции.Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека во однос на случајот е издадена наредба за обдукција на телото, со цел целосно расветлување на причините и околностите под кои настанала трагедијата.Според досегашните сознанија од истрагата, детето било надвор со својата мајка, каде присуствувале на новогодишна прослава и огномет, кога било погодено од метален проектил, за кој се сомнева дека станува збор за залутан куршум. По инцидентот, детето веднаш било пренесено во болница, најпрво во Градската општа болница, а поради сериозноста на повредите било итно транспортирано на Детската клиника.Лекарите утврдиле тешки повреди на мозокот и состојба директно опасна по живот. Детето било сместено на одделението за интензивна нега, но повредите се покажале како фатални.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно потврди дека случајот е под истрага и дека надлежните служби ги испитуваат сите можни сценарија.„Станува збор за тешко телесно повредено детенце од две години, со присуство на метален фрагмент. Во овој момент не можеме со сигурност да кажеме како точно дошло до повредата. Постојат повеќе теории и јавноста ќе биде информирана откако ќе се утврдат фактите“, изјави Тошковски.За инцидентот засега не се соопштуваат официјални податоци за точната локација и конкретните околности под кои настанал, ниту лични податоци за семејството, со цел заштита на истрагата.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryocu304qdsv9p1jq2aEX

(Видео) „Беше апокалипса“: Сведоштва од градот погоден од трагедијата во новогодишната ноќ

Стотици граѓани синоќа во тишина се собраа во Кран Монтана, полагајќи цвеќе и палејќи свеќи во спомен на жртвите од катастрофалниот пожар што ја зави во црно оваа швајцарска туристичка дестинација. Дел од присутните стоеја со поглед вперен кон местото на трагедијата, додека разговорите, доколку воопшто ги имаше, се водеа шепотејќи.„Не бев во барот, но многу мои пријатели и роднини беа таму. Некои загинаа, други се во болница“, изјави млад човек кој дошол да положи цвеќе во знак на почит. „Нека почиваат во мир“, додаде тој, видно потресен.Во близина, групи пријатели се прегрнуваа во солзи, додека мажи стоеја немо, со солзи во очите. Матијс, жител на соседното место Шермињон-д’ан-Ба, за агенцијата АФП изјави дека барот бил едно од главните места за дружење на младите. „Тоа е барот каде што се среќаваме со многу пријатели, практично секој викенд“, рече тој.Тој сведочеше дека првично помислиле оти станува збор за мал пожар, но реалноста била сосема поинаква. „Кога стигнавме таму, беше како војна. Тоа е единствениот збор со кој можам да го опишам – апокалипса. Беше ужасно“, истакна Матијс.Пауло Мартинс, француски државјанин кој живее во регионот повеќе од 24 години, изјави дека трагедијата можела директно да го погоди и неговото семејство. „Мојот син многу лесно можеше да биде внатре. Не беше далеку. Беше со девојката и планираа да влезат, но на крајот не отидоа. Кога се врати дома, беше во целосен шок“, рече Мартинс.Поради интензитетот на пожарот и тешките изгореници, идентификацијата на жртвите се одвива бавно и со големи тешкотии. Меѓу исчезнатите има француски и италијански државјани, вклучувајќи и 16-годишно момче од Болоња, чија мајка јавно апелира за помош. Како исчезнати се водат и двајца тинејџери од Милано.Барот бил особено популарен меѓу младата популација, а голем дел од жртвите се тинејџери. Преживеани раскажуваат за застрашувачки моменти на бегство од пламените јазици, при што некои биле принудени да кршат прозорци за да излезат од објектот.Повредените се згрижени во болници низ Швајцарија, но и во странство, а здравствената состојба на многумина од нив се оценува како критична.

Свет | пред 2 месеци

media-librarysdcs49uqho91fXOoqEd

(Видео) Расте бројот на загинати и повредени: 47 мртви во пожарот во бар во Кранс-Монтана за новогодишната ноќ

Најмалку 47 лица загинаа, а 115 се повредени во катастрофалниот пожар што избувна за време на дочекот на Новата година во барот „Ле Констелејшн“ во познатиот швајцарски скијачки центар Кранс-Монтана, на југозападот од Швајцарија. Трагедијата се случи околу 1:30 часот по полноќ, кога објектот бил преполн со гости од различни националности.Надлежните институции соопштија дека случајот се третира како пожар, а можноста за терористички или друг насилен напад е целосно исклучена. Регионалната обвинителка изјави дека истрагата е насочена кон утврдување на причините за избувнувањето и брзото ширење на огнот, како и кон безбедносните услови во објектот.Француските медиуми објавија дека сопствениците на барот, Џесика и Жак Морети, се живи. Станува збор за брачен пар со потекло од Корзика, кој го презел барот во 2015 година. Покрај „Ле Констелејшн“, тие управуваат и со ресторанот „Ле Вје Шале“ во местото Ленс. Според информациите, во моментот кога избувнал пожарот, во објектот се наоѓала само Џесика Морети, 40-годишна жена, која претрпела изгореници на раката.Под водство на Морети, некогаш запуштениот локал бил трансформиран во еден од најпопуларните ноќни клубови во Кранс-Монтана, редовно посетуван за време на туристичката и скијачката сезона. И покрај тоа, медиумите досега не успеале директно да стапат во контакт со сопствениците.Еден од вработените во барот изјавил дека целиот колектив се наоѓа во длабок шок. „Изгубивме дел од нашето персоналот. Денес е навистина тешко да се зборува за тоа“, рекол тој, додавајќи дека трагедијата оставила длабоки последици кај сите кои биле поврзани со објектот.Швајцарските власти најавија дека истрагата ќе биде темелна и ќе опфати проверка на противпожарните системи, евакуациските излези и безбедносните протоколи, со цел да се утврди дали трагедијата можела да биде спречена. Во меѓувреме, продолжува идентификацијата на жртвите и информирањето на нивните семејства.

Свет | пред 2 месеци

Mucunski_7112024_2

Муцунски до швајцарскиот амбасадор: Подготвени сме да прифатиме повредени пациенти

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која бил активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот Тимчо Муцунски, по претходна консултација со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу, попладнево остварил телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.Во рамки на разговорот, министерот Муцунски изразил искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и солидарност со народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.Во таа насока, Република Северна Македонија ја изразила подготвеноста да прифати повредени пациенти од несреќата, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи, доколку за тоа постои потреба од швајцарска страна.Дополнително, министерот Муцунски изразил подготвеност, во случај на потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.Од Министерството потенцираат дека Северна Македонија останува целосно на располагање за натамошна соработка и поддршка во рамки на европските механизми за солидарност и заеднички одговор при вакви трагични настани.

Свет | пред 2 месеци

media-library9nnmfbrltujk6LfcgSD

Во април ново линеарно зголемување на пензиите

Линеарно зголемување на пензиите ќе има и во април, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека Владата останува доследна на политиката на континуирана поддршка на пензионерите како една од најранливите категории во општеството.„Во април ќе има линеарно покачување на пензиите. Продолжуваме со тоа“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека ваквиот пристап е директно поткрепен со последните статистички податоци за нивото на сиромаштија во државата.Според премиерот, стапката на сиромаштија кај пензионерите е еден од клучните индикатори што ја оправдуваат одлуката за линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите, со цел да се постигне поголема социјална праведност.„Сакаме да го намалиме нивото на сиромаштија кај оваа група“, истакна Мицкоски, додавајќи дека Владата ќе продолжи со мерки што имаат директен и мерлив ефект врз животниот стандард на пензионерите.Најавата за априлското зголемување доаѓа во период кога Владата ја нагласува својата заложба за стабилен социјален систем, предвидливи политики и заштита на граѓаните со најниски приходи, во услови на економски предизвици и зголемени трошоци за живот.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4097e5t1147h6PuE8ww

(Фото) Стар парк во Кочани можна локација за меморијал центар за 63-те жртви од „Пулс“, идејата е да се изгради патека на бесконечноста

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ поднесе официјална граѓанска иницијатива до Општина Кочани со барање да се определи локација за изградба на спомен-обележје во чест на жртвите од трагедијата што ја одбележа 2025 година. По разгледувањето на иницијативата, Советот на Општина Кочани побара локалната самоуправа да организира јавна трибина, на која граѓаните, а особено жителите што живеат во непосредна близина на предложената локација, ќе можат јавно да го изнесат своето мислење.Во таа насока, Општина Кочани закажа јавна трибина за 12 јануари 2026 година, со почеток во 17 часот, во големата сала на Мултикултурниот центар. На настанот, граѓаните ќе можат да се произнесат по однос на поднесената иницијатива за поставување спомен-обележје на локацијата Стар парк во Кочани, поточно на триаголниот простор меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на револуцијата“.Покрај непосредното учество на јавната трибина, од 2 до 11 јануари 2026 година ќе биде овозможено и електронско изјаснување на граѓаните преку дигиталната алатка мЗаедница, со цел да се овозможи поширока и подостапна јавна консултација. Собраните мислења, предлози и забелешки, како од јавната трибина така и од електронската анкета, Советот на Општина Кочани ќе ги земе предвид при донесувањето на конечната одлука за поднесеното барање.Во рамки на иницијативата, Здружението „16 март 2025 – Кочани“ го претстави и идејното решение за спомен-обележјето, под наслов „Патека на бесконечноста за 63-те ангели“. Според објавениот концепт, меморијалниот простор е замислен како мирна и ненаметлива целина, без масивни бетонски конструкции, со фокус на тишина, достоинство и човечка мера.Централниот елемент на решението е пешачка патека во форма на бесконечност, изведена од природен камен или бел мермер, со благо извивање и без остри агли, наменета за бавно движење и личен момент на размисла. Покрај патеката се предвидени седум мермерни плочи, на кои ќе бидат врежани вкупно 63 имиња со години на раѓање, распоредени едноставно и без визуелна натрупаност.Проектот предвидува дискретно ноќно осветлување од подлогата, со топла светлина која ненаметливо ги следи патеката и имињата, како и уреден централен простор за оставање цвеќе и кратка тишина. Во еден од мирните агли е замислена и фонтана со скулптура на Богородица, како симбол на утеха и молитва, со тивок шум на вода и без доминантно присуство.Од Здружението истакнуваат дека зеленилото на Стариот парк би било целосно зачувано, без огради и без ограничувања, со цел просторот да остане отворен и достапен за сите – место за тивка почит, за прашања, за сеќавање и за незаборавање. Според нив, не станува збор за споменик што се набљудува, туку за споменик што се чувствува.

Македонија | пред 2 месеци

media-library65d7i3vghbbh0CsW5DR

(Видео) „Мирис на палеж и хаос пред болницата“: Сведоштво за драмата по пожарот во бар во Сион, сомнежот е дека го предизвикала петарда

Очевидка која ноќта ја поминала во болницата во Сион заедно со својата мајка, за локалниот весник „Le Nouvelliste“ ја опиша драматичната атмосфера во моментите кога во здравствената установа почнале да пристигнуваат повредените од пожарот што избувнал во бар за време на новогодишната прослава.Според нејзиното сведоштво, медицинска сестра им наредила на сите лица кои се наоѓале во чекалната веднаш да ја напуштат просторијата, откако болницата била информирана дека пристигнуваат десетици повредени лица.„Медицинската сестра нè замоли сите да си заминеме и да се вратиме следниот ден, бидејќи доаѓаа околу триесет повредени по експлозијата“, изјавила жената за локалниот медиум.Таа раскажува дека излегла надвор за да го ослободи пристапот до итниот прием, по што настанал целосен хаос.„Луѓе доаѓаа од сите страни, тешко повредени лица пристигнуваа со автомобили, се чувствуваше силен мирис на палеж. Возилата беа оставани среде пристапната рампа, без никаква контрола“, вели очевидката.Во меѓувреме, истрагата за причините за пожарот сѐ уште е во тек, а официјалните информации остануваат ограничени. Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, за телевизијата Sky TG24 изјави дека првичните сознанија укажуваат на трагедија предизвикана од пожар и можна експлозија.„Се чини дека станува збор за трагедија предизвикана од пожар, некаков вид експлозија, можеби од петарда фрлена за време на новогодишните славења“, изјави Тајани.Тој информираше дека италијанскиот амбасадор е на пат кон местото на несреќата и дека конзуларните служби формирале кризен штаб со цел да се утврди дали меѓу настраданите има италијански државјани. „Во овој момент не можеме да го исклучиме тоа, бидејќи сѐ уште немаме потврдени информации“, додаде Тајани.Италијанскиот министер нагласи дека Владата на Италија внимателно ја следи ситуацијата „од минута во минута“ и дека е во постојан контакт со италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Свет | пред 2 месеци

pozarna-avtobus-nokje

МВР со биланс: Напади, агресивно однесување и пожар во новогодишната ноќ

Во текот на последниот ден од 2025 година и првите часови од 2026 година, на подрачјето на Скопје биле регистрирани повеќе инциденти поврзани со физички напади, нарушување на јавниот ред и мир и еден пожар, информира Министерството за внатрешни работи.На 31 декември во 10:40 часот, во СВР Скопје била пријавена физичка пресметка во парк во населбата Влае, при што, според пријавата на 42-годишна жена од село Волково, нејзината 16-годишна ќерка била нападната од двајца малолетници кои ги познавала. Настанот се случил претходната вечер околу 22:30 часот, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Истото попладне, во 17:10 часот, полициски службеници го привеле 42-годишниот С.Т. од Радовиш, кој на подрачјето на Општина Аеродром се однесувал агресивно и предизвикал нарушување на јавниот ред и мир во конфликт со три лица од Скопје. Кратко потоа, во 17:45 часот, во катна гаража во централното градско подрачје, по претходна расправија, избила физичка пресметка меѓу четири лица, од кои едно е државјанин на Сојузна Република Германија.Во 19:30 часот, по расправија за паркинг-место во центарот на градот, полициски службеници привеле тројца скопјани кои учествувале во меѓусебна физичка пресметка. Нешто подоцна, во 20:20 часот, 30-годишна жена пријавила дека била физички нападната од друго женско лице пред угостителски објект во централното подрачје на Скопје.Во првите часови од Новата година, во 04:15 часот, по завршување на забава во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, полицијата го привела 34-годишниот Д.М. од Валандово поради агресивно однесување кон полициски службеници за време на извршување на службени дејствија.Покрај нарушувањата на јавниот ред и мир, на 31 декември во 22:20 часот, во СВР Скопје било пријавено и дека во населбата Гази Баба избувнал пожар во штала во сопственост на 41-годишен скопјанец. Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид од надлежните служби.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 2 месеци

media-library39pj8tati59m4wEXqqz

Тешко повреден 12-годишник од петарда во парк во Скопје

Дванаесетгодишно дете од Скопје било тешко повредено од петарда во последните минути од 2025 година и е хоспитализирано на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 31 декември 2025 година во 23:26 часот, во СВР Скопје од Ургентниот центар било пријавено дека кај нив е донесен малолетник со тешки телесни повреди. Според пријавеното, повредата настанала околу 23:00 часот во парк на подрачјето на Општина Аеродром.Првичните информации укажуваат дека петарда, фрлена од негов соученик, пукнала во раката на детето откако тој се обидел да ја тргне за да не му падне на главата. Повредениот малолетник бил итно пренесен на лекување, каде му била укажана медицинска помош.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Маж без документи пронајден мртов во првите минути од Новата година

Починато машко лице било пронајдено во првите минути од Новата година на автобуска постојка во централното градско подрачје на Скопје.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 јануари 2026 година во 00:05 часот, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Општина Центар е пронајдено починато машко лице без лични документи. Според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за бездомно лице.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. По насоки на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, со цел утврдување на причините за смртта.Од МВР информираат дека се преземаат дополнителни активности за идентификација на лицето и целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

ubistvo-noz

МВР со детали за убиството во Старата чаршија: Жртвата починала на лице место

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во крвав инцидент што се случи во првите часови од Новата година во Старата скопска чаршија.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 јануари 2026 година во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при што биле употребени остри предмети.Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде што со повреди од остар предмет биле пронајдени две лица – А.М.Д. (22) и Ч.Е. (23), двајцата државјани на Турција. Кај А.М.Д., во 01:30 часот, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, додека второто повредено лице било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување медицинска помош.За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со убиството.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhv2eabhl41837NKYkKm

Десет лица приведени во Скопје за поседување и трговија со дрога

Полициски службеници од СВР Скопје, во периодот од 31 декември 2025 до 1 јануари 2026 година, на повеќе локации низ главниот град лишиле од слобода десет лица поради сомнение за недозволена трговија и поседување наркотични средства.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, приведени се О.Р. (42), Б.М. (45), А.Т. (36), К.Г. (28) и С.С. (25), сите од Скопје, како и К.Г. (19) од селото Катланово, скопско, А.П. (37) од Кавадарци, Р.П. (31) и К.С. (27) од Куманово, како и Г.С.Ф. (23), државјанин на Турција.При полициските контроли кај приведените биле пронајдени и одземени различни видови наркотични материи, меѓу кои бела и розева прашкаста материја, марихуана, дробилка, како и други предмети поврзани со извршување на кривични дела.Од МВР информираат дека по целосно документирање на настаните ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежните обвинителства.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytjeq14861dhc957FZdx

(Видео) Двегодишно дете се бори за живот на Клинички, има повреда на главата за која постои сомнеж дека е од оружје

Двегодишно дете е примено на лекување на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, откако било тешко повредено со огнено оружје. Детето се наоѓа во животозагрозувачка состојба и е сместено на одделението за интензивна нега.Според првичните информации, станува збор за прострелна рана во пределот на главата, при што лекарите констатирале присуство на метален фрагмент. Засега не е со сигурност утврдено како точно настанала повредата, а надлежните институции разгледуваат повеќе можни сценарија.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека случајот е под истрага.„Тешко телесно е повредено детенце од две години, кое е во животозагрозувачка состојба. Станува збор за метален фрагмент, но во овој момент не можеме со сигурност да кажеме како точно дошло до повредата. Постојат повеќе теории за настанот и штом бидат утврдени причините, јавноста ќе биде информирана“, изјави Тошковски.За инцидентот засега нема официјални информации за местото и околностите под кои настанал, ниту се соопштуваат лични податоци за детето.Овој случај е само еден од низата тешки инциденти што ја одбележаа бурната новогодишна ноќ, по која хируршките оддели во Скопје беа преполни со тешко повредени пациенти.Во критична состојба е и 30-годишен маж, пронајден во реонот на Буњаковец по пад од висина. Тој веднаш бил подложен на итна хируршка интервенција поради сериозни повреди на ’рбетот.Меѓу потешките случаи што биле згрижени на хируршките клиники се и 17-годишна девојка од Тетово, која итно била оперирана по тешка сообраќајна несреќа, како и уште еден пациент со прострелна рана во пределот на лактот, регистриран во Прилеп.Покрај повредите од огнено оружје и физичко насилство, сериозен број повреди биле предизвикани и од употреба на пиротехнички средства. Според болничките податоци, дури 20 лица биле повредени од петарди, меѓу кои две деца на возраст од 12 и 13 години, како и 69-годишен маж со тешки повреди на дланката.Здравствените и безбедносните служби и натаму апелираат на одговорно однесување и строга контрола на употребата на оружје и пиротехника, особено во периоди на масовни прослави.

Настани | пред 2 месеци

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

(Видео) Убиство во Старата чаршија за време на новогодишната ноќ: Турски државјанин загина, убиецот во бегство

Едно лице e убиено, а друго се здоби со тешки телесни повреди при инцидент што се случил во скопската Стара чаршија, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според неговите изјави, жртвата е турски државјанин, а кривичното дело било извршено со остар предмет.„Имаме едно лице кое е починато и едно лице со тешки телесни повреди. И убиството и тешката телесна повреда се извршени со остар нож. Постојат осомничени лица, но во овој момент не можам да изнесам повеќе детали, бидејќи едно од нив е во бегство“, изјави Тошковски.Министерот посочи дека во настанот учествувале повеќе лица и дека сите инволвирани биле странски државјани. Истрагата е во тек, а Министерството за внатрешни работи презема мерки за пронаоѓање на осомниченото лице.Покрај убиството, во текот на новогодишната ноќ во Скопје биле регистрирани и седум лица повредени при употреба на пиротехнички средства.Тошковски информираше дека во истиот период на територијата на главниот град се случиле вкупно 23 сообраќајни несреќи, од кои две завршиле со тешки телесни повреди.

Настани | пред 2 месеци

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Бугарија со евро, но со поделено општество – порака од новогодишното обраќање на Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев оцени дека одлуката за усвојување на еврото претставува стратешки избор донесен во контроверзен момент, истакнувајќи дека за ваква одлука требало да се одржи референдум. Ова Радев го порача во своето новогодишно обраќање до јавноста, пренесуваат бугарските медиуми.Според него, воведувањето на еврото е последната голема пресвртница во процесот на интеграција на Бугарија во Европската Унија и чекор што земјата го заслужува врз основа на својата милениумска култура и цивилизациски придонес. Сепак, Радев оцени дека одбивањето да се побара мислењето на граѓаните за ова прашање е еден од најсериозните симптоми на длабокиот раскол меѓу политичката класа и народот.Претседателот посочи дека токму ваквиот јаз бил потврден со масовните протести што се одржаа низ целата земја и кои, според него, ја казниле владејачката коалиција. Радев истакна дека првиот буџет изготвен во евра го ослободил акумулираното незадоволство кај граѓаните, наталожено поради корупцијата, растечката инфлација и самоволието на властите.Тој нагласи дека протестите испратиле јасна порака за промената во расположението на општеството, при што младите Бугари, наместо да бараат индивидуален спас, почнале да размислуваат како да ѝ помогнат на државата. На плоштадите, како што рече, излегле и генерациите што ја преживеале транзицијата, што, според Радев, го прави ова најзначајниот политички настан во 2025 година.Радев додаде дека граѓаните барале фер избори, јасна перспектива и достоинствен живот, нагласувајќи дека претстојните парламентарни и претседателски избори ќе бидат тест за тоа дали политичките елити ќе научат од досегашните грешки или ќе продолжат да се вртат во круг.Бугарија на полноќ официјално го воведе еврото како своја валута.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања