Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

putin

ЦИА: Украина не ја таргетирала резиденцијата на Путин

Американската Централна разузнавачка агенција проценила дека Украина не ја таргетирала резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во неодамнешниот напад со беспилотни летала, и покрај тврдењата што самиот Путин му ги соопштил на американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор. Проценката, за која директорот на ЦИА Џон Ратклиф го информирал Трамп, директно го доведува во прашање официјалниот наратив на Кремљ, пренесуваат американски медиуми.Русија во понеделникот јавно ја обвини Украина дека се обидела да ја нападне резиденцијата на Путин, по што Трамп пред новинарите потврди дека рускиот претседател лично му го изнел тоа тврдење. Во тој момент, Трамп изјави дека наводниот напад го вознемирил, нагласувајќи дека „не му се допаѓа“ и дека „не е добро“, додавајќи дека бил „многу лут“. Иако призна дека е можно тврдењето да е неточно, тој истакна дека Путин му рекол оти нападот навистина се случил.По брифингот од страна на директорот на ЦИА, ставот на Трамп очигледно се променил. На социјалната мрежа Truth Social, тој сподели линк до уреднички текст на „Њујорк пост“ во кој се оценува дека Русија е таа што го попречува патот кон мир. Во текстот се наведува дека е иронично Путин, кој води војна со огромни човечки жртви речиси четири години, да очекува посебна осуда за наводен напад врз него, а дополнително се посочува дека таков напад најверојатно воопшто не се случил.Во уредничкиот коментар се потсетува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ги негирал обвинувањата, додека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков признал дека Москва не може да обезбеди докази, повикувајќи ја јавноста „да му верува на зборот на Кремљ“, нешто што, како што се наведува, медиумите не се подготвени да го направат.Белата куќа не даде коментар за информациите што ги објавија американските медиуми, додека од ЦИА одбија да ја коментираат проценката.Тврдењата на Путин и американската разузнавачка проценка доаѓаат во чувствителен момент, кога администрацијата на Трамп интензивно работи на обиди за постигнување прекин на војната во Украина. Обвинувањето за напад беше изнесено само еден ден по средбата меѓу Трамп и Зеленски во Мар-а-Лаго, на која американскиот претседател изрази оптимизам за можноста од мировен договор. Дел од европските претставници оценуваат дека изјавите на Путин претставуваат обид да се нарушат мировните напори без директна конфронтација со Трамп. Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика Каја Калас оцени дека станува збор за намерно одвлекување на вниманието.Од Москва, пак, Министерството за одбрана соопшти дека 91 беспилотно летало биле лансирани од северна Украина кон резиденцијата на Путин во близина на Валдај, во Новгородската област. Според нив, повеќе од половина од дроновите биле соборени на стотици километри оддалеченост, без притоа да биде објаснето како е утврдено дека нивната крајна цел била резиденцијата на рускиот претседател. Министерството тврди дека останатите дронови биле пресретнати над регионот Новгород во раните утрински часови и објави мапа со наводни патеки на леталата.Сепак, жителите на градот Валдај не пријавиле никакви звуци од дејствување на противвоздушната одбрана во ноќта меѓу 28 и 29 декември. Аналитичарите посочуваат дека бројка од 91 беспилотно летало би подразбирала масовна и интензивна противвоздушна активност, што би било тешко да остане незабележано од локалното население.

Свет | пред 2 месеци

media-librarysc773bl7kjr7aqKN48G

Трамп го одложи зголемувањето на царините за мебел и кујнски елементи

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука да го одложи најавеното зголемување на царините за тапациран мебел, кујнски елементи и елементи за бањи за период од една година. Одлуката е потпишана само неколку часа пред истекот на 2025 година, со што примената на повисоките царински стапки, кои требаше да стапат во сила денеска, се поместува за почетокот на 2027 година, соопшти Белата куќа.Со оваа одлука се стопира планираното поскапување на увезените производи, кое требаше директно да влијае врз увозниците и потрошувачите во Соединетите Американски Држави. Потсетување дека во септември минатата година беа воведени царини од 25 проценти за овие производи, со план тие од почетокот на 2026 година да се зголемат на 50 проценти за кујнските елементи и на 30 проценти за тапацираниот мебел. Со одложувањето, царините засега остануваат на постојното ниво од 25 проценти.Од Белата куќа како причина за одлуката ги наведуваат тековните трговски преговори со меѓународните партнери. Во официјалното соопштение се посочува дека Соединетите Држави продолжуваат со продуктивни разговори со трговските партнери со цел решавање на прашањата поврзани со трговскиот реципроцитет и националната безбедност во контекст на увозот на дрвни производи. Сепак, не е прецизирано зошто одлуката за одложување е донесена токму во последните часови од годината.Одлуката доаѓа во чувствителен момент за администрацијата на Трамп, која се соочува со зголемени критики поради растот на цените и неможноста да се стабилизира инфлацијата. Дел од јавноста и економските аналитичари зголемувањето на цените го поврзуваат токму со царините воведени за широк спектар увозна стока откако Трамп ја презеде функцијата на почетокот на 2025 година. Цените на мебелот веќе претходно пораснаа поради царините за производи од Кина и Виетнам, кои се меѓу најголемите светски извозници во оваа индустрија.И покрај загриженоста кај американските домаќинства, претседателот Трамп и понатаму за инфлацијата ја обвинува претходната администрација на Џо Бајден, тврдејќи дека неговата царинска политика на долг рок ќе доведе до намалување на трошоците за граѓаните.При воведувањето на царините во септември, Трамп како главни аргументи ги наведе заштитата на домашната дрвна индустрија и националната безбедност. Одлуката следеше по истрага спроведена од американското Министерство за трговија за увозот на дрвна граѓа. Во месеците пред тоа, Трамп повеќепати ја критикуваше Канада поради големиот извоз на дрвни производи во САД, оценувајќи дека таквата трговска пракса може да претставува ризик за националната безбедност.

Свет | пред 2 месеци

media-librarynbkmigeivr319BZnKOH

(Видео) Првите огномети за 2026 година го осветлија Пацификот

Пацифичката држава Кирибати прва ја пречека Новата 2026 година, ставајќи го симболичниот почеток на глобалното новогодишно одбројување. Најголемиот остров во земјата, Киритимати, официјално влезе во новата година во 11 часот по средноевропско време.По Кирибати, од 2025 година се прости и Нов Зеланд. Во Окленд, илјадници граѓани и посетители ја дочекаа Новата година со спектакуларен огномет над Скај Тауер, највисоката зграда во земјата, кој традиционално претставува централна точка на новогодишната прослава.Набргу потоа, Новата 2026 година ја пречекаа и пацифичките островски држави Самоа и Тонга, како и Токелау – територија под управа на Нов Зеланд, лоцирана околу 3.500 километри северно од Окленд. И во овие земји Новата година беше одбележана со јавни прослави и свечена атмосфера, продолжувајќи го глобалниот синџир на новогодишни дочекувања.

Свет | пред 2 месеци

media-library695l9qmg2kg08skNv5l

Каде ќе се слави Новата година: Објавени програмите од градовите, еве кој и каде настапува

Организиран дочек на Новата 2026 година на градските плоштади во Македонија е најавен во Скопје, Кавадарци, Охрид и Кичево, додека во дел од другите градови ќе се одржат алтернативни или дневни празнични програми без централен ноќен дочек.Скопје годинава ќе ја дочека Новата година без традиционален огномет. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека главниот град се насочува кон поинаков, модерен и семеен концепт на прослава. За музичката програма ќе се погрижат Каролина Гочева, Тамара, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Лара и Пајак, Два Бона, Куку Леле и Лина Пејовска, кои ќе настапат во рамки на целовечерната програма на плоштадот „Македонија“.И Охрид традиционално ќе организира јавен дочек на Новата година на плоштадот „Свети Климент Охридски“. Забавата ќе започне во 20 часот, а на сцената ќе настапат Влатко Лозановски, Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески, како и диџеите Yuxell и Bagzi. На 1 јануари, на истата локација, со почеток во 20 часот, охриѓани ќе имаат можност да уживаат во настапите на групата „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“.Кавадарци, пак, Новата година ќе ја дочека на Градскиот плоштад со настап на Марјан Коцев и неговиот бенд. Програмата ќе започне во 22 часот.Богата предновогодишна програма најави и Општина Крива Паланка, со повеќедневни настани и пладневна журка на 31 декември. Општината, сепак, нема да организира централен јавен дочек во новогодишната ноќ.Општина Кичево најави голем дочек на Новата година на 31 декември пред Домот на културата. Програмата ќе започне со богата детска новогодишна забава, со настапи на „Академија Кристина“, детските ликови Биби и Боби, пристигнување на Дедо Мраз и доделување новогодишни пакетчиња. Вечерната музичка програма, која започнува во 20 часот, ќе вклучи настапи на Ани Малинкова, Елвис Зенкоски, Јасмин Хусоски, Сузана Спасовска, Rozafa Etemi & Black Jack, како и групите „Љубојна“, „Фолтин“, Addicted Band, Phoenix Band, Future Band и други изведувачи.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Инцидент во скопско Глуво: по вербален конфликт следела физичка пресметка

Во селото Глуво, во скопскиот регион, утрово бил нарушен јавниот ред и мир по претходна расправија која прераснала во физичка пресметка меѓу четири лица, при што бил употребен и тврд предмет.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 30 декември 2025 година во 08:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека по вербален конфликт дошло до тепачка помеѓу М.М.Б. (52) и М.Б. (28), двајцата од селото Глуво, од една страна, и С.Ч. (66) и Б.Ч. (44), двајцата од селото Мирковци, од друга страна.Според пријавеното, во текот на физичката пресметка бил употребен и тврд предмет, по што случајот бил пријавен во полиција. Засега не се соопштуваат детали за евентуални повреди кај учесниците во инцидентот.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните институции.

Скопје | пред 2 месеци

karticki

Провалил во Центар за дијализа и украл картички, со помошник подигнал 40.300 денари

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица поради кражба и неовластена злоупотреба на банкарски платежни картички во Центарот за дијализа во Кочани, при што биле подигнати над 40 илјади денари.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Одделението за внатрешни работи Кочани поднело кривична пријава против О.С.А. (42) од Штип поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, како и две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Дополнително, кривична пријава е поднесена и против Д.Т. (39) од Кочани за продолжено кривично дело „помагање“ во врска со неовластеното навлегување во компјутерски систем.Според наводите од пријавата, на 4 октомври 2024 година, првопријавениот неовластено влегол во просториите на Центарот за дијализа во Кочани и од заклучен шкаф одзел паричник со пари, две банкарски платежни картички и лични документи кои им припаѓале на две вработени лица.Истата вечер, второпријавениот, со помош на украдените платежни картички, извршил повеќе трансакции и подигнал парични средства во вкупен износ од 40.300 денари, со што им овозможил корист за себе и за првопријавениот.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека против лицата се преземени законски мерки и дека случајот е целосно документиран и процесуиран до надлежното јавно обвинителство.

Македонија | пред 2 месеци

pari

Се претставил дека работи во Кувајт и измамил скопјанец за 5.000 евра

Осумдесет и петгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен и останал без 5.000 евра, откако бил доведен во заблуда од две лица кои му оставиле лажни дијамантски алки како наводна гаранција.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 30 декември 2025 година околу 16 часот во СВР Скопје, оштетениот пријавил дека измамата се случила неколку часа претходно, околу 11 часот, на подрачјето на општина Центар. Според неговото сведоштво, бил пресретнат од две непознати лица, при што едниот од нив се претставил како лице од Хрватска кое работи во Кувајт.Тие му побарале да им покаже евра за да ги споредат со парите кои наводно ги поседувале. Оштетениот, верувајќи во нивната приказна, заминал во својот дом, ги земал парите и им ги предал. За возврат, како „гаранција“, му оставиле три алки за кои тврделе дека се дијамантски, со објаснување дека ќе се вратат и ќе му ги вратат парите.Откако лицата не се појавиле повторно, скопјанецот сфатил дека бил измамен и дека алките се без реална вредност, по што случајот го пријавил во полиција.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.

Скопје | пред 2 месеци

arheolozi-strumica

Кривична пријава во Кочани: Во приватен објект чувани археолошки артефакти од Османлискиот период

Основното одделение за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против В.П. (56) од Кочани, сопственик и управител на правно лице од истиот град, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при извршени проверки во просториите на правното лице, кај пријавениот биле пронајдени три мермерни плочи. По извршена стручна идентификација од страна на Комисија формирана во Националната установа Археолошки музеј на Република Северна Македонија, било утврдено дека плочите претставуваат оригинални археолошки наоди кои потекнуваат од Османлискиот период и дека се дел од културното наследство на државата.Според наводите во пријавата, осомничениот неовластено ги чувал артефактите, а истовремено вршел и неовластени истражувања, со намера преку нивно јавно презентирање да одржува предавања и активности поврзани со таканаречен „македонизам“, при што се сомничи дека сакал да оствари имотна и друга корист.Од МВР наведуваат дека со ваквите дејствија биле повредени законските одредби за заштита на културното наследство, а случајот е доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 месеци

IMG_6897

Возач на трактор загина во несреќа во гостиварско

Трагичен настан се случи вчера попладне во гостиварското село Долна Бањица, каде што едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа со трактор.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 30 декември 2025 година околу 15:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека М.К. (69) од селото Долна Бањица, управувајќи трактор „ИМТ“ со приколка, изгубил контрола над возилото, по што тракторот се превртел.Од здобиените повреди, лицето починало на самото место на настанот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Гостивар.По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, со цел утврдување на точните причини за смртта, додека увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.Околностите под кои дошло до трагичната несреќа се предмет на натамошна истрага.

Македонија | пред 2 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Тешка сообраќајна несреќа кај Желино: Едно лице тешко повредено, меѓу повредените и две деца

На регионалниот пат меѓу селото Желино и Тетово, вчера наутро се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице се здоби со тешки телесни повреди, а повеќе лица, меѓу кои и две деца, се повредени.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Тетово на 30 декември 2025 година во 10:35 часот. Во судирот учествувале патничко возило „БМВ“ со италијански национални ознаки, управувано од Љ.П. (44) од селото Голема Лешница, тетовско, и патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Љ. (40) од селото Добарце, тетовско.По меѓусебниот судир, возилата удриле и во паркирано патничко возило „Јагуар“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на А.З. (31) од селото Требош, тетовско.Во сообраќајната несреќа, возачот на „БМВ“-то, Љ.П., се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобиле и неговиот сопатник Ј.Е. (20), возачот на „Голф“-от, како и неговите сопатници Г.Ј. (41), Л.С. (43) и две деца на возраст од пет и шест години.Сите повредени биле пренесени и згрижени во Клиничката болница во Тетово, каде им биле констатирани повредите.На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Тетово, а причините и околностите под кои дошло до судирот се предмет на натамошна истрага.

Македонија | пред 2 месеци

kompjuter

Кривична пријава за злоупотреба на софтверска лиценца: Истата користена во 16 клубови

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против едно правно лице со седиште во селото Кадино, општина Илинден, како и против В.А. (53) од селото Мирковци, скопско, во својство на управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“.Како што информира Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава произлегува од акциска контрола спроведена на 29 јануари 2025 година во подружница на пријавеното правно лице во Тетово. При контролата било утврдено дека лиценцата која ја поседува правниот субјект била инсталирана и користена на 16 клубови на територијата на државата, иако според законските и договорните услови, истата може легално да биде инсталирана само на еден уред и не смее да биде пренесувана или мултиплицирана на други уреди.Со ваквото постапување, според МВР, пријавените го повредиле правото на користење на заштитен технолошки пронајдок, со што е нанесена штета на носителот на правото, а воедно е нарушен и правниот поредок во областа на заштитата на интелектуалната сопственост.По целосното документирање на случајот, кривичната пријава е доставена до надлежното јавно обвинителство, кое ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

Македонија | пред 2 месеци

media-library01l7sgf90tpeaNzKLQ1

Денеска се гаснат канали на MTV: Крај на една телевизиска ера

Денеска започна исклучувањето на музичките канали на MTV, при што на екраните веќе се појави пораката „MTV 80s is now closed. Thank you for watching.“, со што симболично се затвора едно од најпрепознатливите поглавја во историјата на музичката телевизија.По повеќе од четири децении емитување, музичките канали MTV Music, MTV 80s, MTV 90s, Club MTV и MTV Live ќе престанат со работа во Обединетото Кралство по 31 декември 2025 година. Одлуката не го опфаќа главниот канал MTV HD, кој во последните години е насочен кон реалити-содржини и нема музички формат.Оваа одлука се толкува како директна последица на драматичната промена во навиките на публиката, која денес музичките спотови речиси целосно ги консумира преку YouTube, социјалните мрежи и стриминг-платформи, наместо преку традиционалната телевизија. Затворањето доаѓа и во период по спојувањето на Paramount со компанијата Skydance Media, предводена од Дејвид Елисон, кој неодамна најави план за најмалку 3 милијарди долари заштеди и намалување на работната сила за околу 1.600 вработени.MTV беше лансиран во САД во 1981 година како канал целосно посветен на музиката, а првиот спот што беше емитуван симболично беше „Video Killed the Radio Star“ од The Buggles. Каналот со децении беше културен феномен – од премиерата на спотот за „Thriller“ на Мајкл Џексон, преку легендарниот Live Aid маратон во 1985 година, до создавањето на MTV Video Music Awards.MTV Europe започна со работа во 1987 година, додека Велика Британија доби сопствен музички MTV канал во 1997 година, што дополнително ја зацврсти улогата на брендот во европската поп-култура.Поранешната MTV водителка Симон Анџел, која работеше за MTV Europe и MTV UK во деведесеттите, за BBC изјави дека е „искрено тажна“ и „во неверување“ поради ваквата одлука. Таа порача дека MTV бил местото каде што музиката, уметниците и публиката се среќавале на едно место, а не во изолирани дигитални простори, оценувајќи дека со ова се губи еден заеднички културен простор.Со затворањето на музичките канали, MTV дефинитивно става точка на ерата во која телевизијата беше главниот прозорец кон светот на музиката, оставајќи ја таа улога на дигиталните платформи и новите медиуми.

Магазин | пред 2 месеци

media-librarylo5ktri7hsu5ehmSTI4

44 кривични пријави и милијарди под истрага – годишен биланс на Финансиската полиција

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, оцени дека изминатата година донела конкретни и мерливи резултати во борбата против финансискиот криминал, при што со истраги биле опфатени над 3,36 милијарди денари јавни средства.Според Ивановски, институцијата работела фокусирано, со јасно утврдени приоритети и со целосна посветеност кон заштита на јавниот интерес. Тој нагласи дека професионалниот пристап и ангажманот на вработените резултирале со видливи ефекти во заштитата на јавните финансии и јакнењето на владеењето на правото.Во текот на годината, Управата за финансиска полиција поднела 44 кривични пријави против вкупно 206 лица, од кои 147 физички и 59 правни лица. Преку спроведените постапки е утврдена штета од речиси 3 милијарди денари, како и противправна имотна корист од над 400 милиони денари, што, според податоците на институцијата, претставува значителен финансиски удар врз незаконските практики.Покрај оперативната работа, Ивановски посочи дека посебен акцент бил ставен и на јакнење на институционалната и меѓународната соработка, при што поддршката од меѓународните партнери и координацијата со домашните институции придонеле за зголемување на капацитетите и зацврстување на позицијата на Финансиската полиција како кредибилна и доверлива институција.Директорот истакна дека во изминатиот период било постигнато и подобрување на условите за работа на вработените, вклучително и зголемување на платите, како и набавка на нова опрема и средства. Според него, овие чекори претставуваат значаен мотивирачки фактор за поголема ефикасност и професионалност во извршувањето на задачите.Ивановски нагласи дека Управата за финансиска полиција работи врз принципот на неселективна правда, потенцирајќи дека институцијата мора да остане отпорна на какви било влијанија и целосно посветена на јавниот интерес. Тој порача дека лично ја презема одговорноста Финансиската полиција да функционира со висок степен на интегритет и транспарентност.Во однос на идните активности, директорот најави дека во 2026 година институцијата ќе продолжи уште поодлучно, со засилени истраги, поголема институционална координација и јасен фокус на заштита на јавните финансии и владеењето на правото, нагласувајќи дека борбата против финансискиот криминал и корупцијата останува врвен приоритет.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

ВМРО-ДПМНЕ со нови прашања за патувањата на Филипче и неговата поврзаност со Заев

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со ново партиско соопштение, во кое повторно отвора прашања за патувањата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и неговата наводна поврзаност со поранешниот партиски лидер Зоран Заев. Повод за реакцијата, како што наведуваат од партијата, се тврдењата на СДСМ дека Филипче не се наоѓа во Дубаи, што ВМРО-ДПМНЕ го оценува како избегнување одговори за неговите движења и приватни патувања.Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали Филипче, заедно со Заев, престојува на зимување во луксузни и скапи алпски туристички центри, конкретно во Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен, обвинувајќи дека станува збор за елитистичко однесување и раскошен начин на живот. Во соопштението се поставува и прашањето дали Новата година ќе ја дочекаат токму во Гармиш-Партенкирхен, каде во тој период се одржува познатата скијачка турнеја „Четири скокалници“.Партијата повторно ја актуелизира и темата за таканаречената „златна виза“ за Дубаи, тврдејќи дека, според нив, СДСМ индиректно признала дека Филипче ја поседува, но без да даде јасни одговори за нејзината цена, валутата во која е платена и изворот на средствата. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали таа виза е поврзана со наводни градежни проекти, вклучително и изградба на објект од 42 ката, и како, според нив, ваков трошок може да се покрие со примања од лекарска плата.Во завршницата на соопштението, ВМРО-ДПМНЕ саркастично се осврнува и на реакциите на СДСМ во врска со пејачот Харис Џиновиќ, наведувајќи дека не прашувале каде настапува, туку дали ќе настапува приватно за Заев и Филипче, обвинувајќи ги нивните политички противници за, како што велат, преголем интерес за естрадни теми наместо за суштински прашања од јавен интерес.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryesk5h62s5mth33aYbYF

(Видео) Претседателката со новогодишна порака: Трагедијата во Кочани е трајна обврска за правда

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати новогодишна честитка до граѓаните, во која направи осврт на годината што изминува, оценувајќи ја како период обележан со длабоки глобални и домашни предизвици, но и со започнување на важни реформски процеси.Според Сиљановска-Давкова, 2025 година ќе остане запаметена по драматичните промени во меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната милитаризација, како и по продлабочените климатски, еколошки и енергетски кризи. Таа посочи дека во такви услови, меѓународните институции биле маргинализирани, а меѓународното право сериозно доведено во прашање.Во обраќањето, претседателката истакна дека надворешната и безбедносна политика на државата во изминатата година била јасно европска и усогласена со заедничката европска надворешна и безбедносна политика, при што земјата се позиционирала како видлив и почитуван меѓународен актер. Во евроинтеграциските процеси, како што наведе, фокусот бил ставен на исполнување на Копенхашките критериуми.На внатрешен план, Сиљановска-Давкова оцени дека 2025 година била година на почеток на реформи во правосудството, отворање на битка со корупцијата и криминалот, креирање национална развојна стратегија, воспоставување нови стратешки партнерства за економски и структурни реформи, како и засилена инфраструктурна активност. Таа ги посочи и напорите за долгорочно решавање на енергетските прашања и системско унапредување на соработката со дијаспората.Како најтежок момент во годината, претседателката ја издвои трагедијата во Кочани, нагласувајќи дека таа ќе остане трајна сенка и обврска за целото општество. Таа порача дека не смеат да бидат заборавени семејствата на загинатите, повредените, но и барањето за правда, оценувајќи дека нивната жртва мора да резултира со подобар политички и правен систем кој нема да дозволи нови невини жртви.Во честитката, Сиљановска-Давкова изрази надеж дека Новата година ќе донесе исчекор кон траен светски мир заснован на меѓународното право и меѓународните институции, како и напредок на државата на патот кон членство во Европската Унија, во услови на владеење на правото, демократија, економски развој и здрава животна средина.На крајот, таа упати лична порака до сите граѓани, посакувајќи секому Нова година исполнета со здравје, мир и лична среќа, со посебни честитки до децата, младите и до сите граѓани.

Настани | пред 2 месеци

media-libraryvghf8bntf4ibbu2Xao7

По три дена, пансионот „Ав ав хепи дог“ негира присуство на парвовирус, иако сопственичка тврди дека таму и било заразено кучето кое угина

По три дена молк, пансионот за кучиња „Ав ав хепи дог“ се огласи во јавноста, негирајќи дека во објектот е утврдено присуство на парвовирус и наведувајќи дека, како што тврдат, не постои официјален наод што укажува на заразна болест кај кучињата згрижени во пансионот.Во писмената реакција, управителката на „Ав ав хепи дог“ ДООЕЛ Скопје, Наде Богоевска, наведува дека актуелниот инспекциски надзор не се однесува на постоење вирус, туку на технички и административни аспекти од работењето на објектот. Од пансионот информираат дека со Агенцијата за храна и ветеринарство соработуваат целосно и транспарентно и дека ги почитуваат сите пропишани процедури, апелирајќи граѓаните да се воздржат од шпекулации и информации што, според нив, не се потврдени од надлежните институции.„Во врска со информациите што се шират на социјалните мрежи, информираме дека во нашиот објект не е утврден парвовирус, ниту пак постои официјален наод кој укажува на заразна болест. Инспекцискиот надзор се однесува на технички и административни точки, а не на постоење вирус. Со АХВ соработуваме целосно и транспарентно и ги почитуваме сите пропишани процедури.Ги молиме граѓаните да се воздржат од шпекулации. Сите официјални информации ќе ги соопштат надлежните институции — не социјалните мрежи. АВ АВ Хепи Дог секогаш работи по строг режим на хигиена и биосигурност и останува посветен на заштита на животните. Единствена овластена институција која треба да го даде конечниот одговор е Агенцијата за храна и ветерина која тоа ќе стори во најкус можен рок, бидејќи постапката пред оваа агенција е во тек“, се наведува во соопштението, во кое се посочува и дека секое, како што велат, лажно информирање на јавноста ќе биде пријавено до МВР и надлежното Јавно обвинителство.Истовремено, од Агенцијата за храна и ветеринарство за „Скопје1“ претходно информираа дека по добиени иницијативи и претставки, официјален ветеринар во моментот спроведува вонреден инспекциски надзор во пансионот лоциран во скопската населба Бардовци, поради сомнеж за циркулирање на заразна болест кај кучињата. Наводите во претставките, според АХВ, се однесуваат на сомнеж за појава на парвовироза.Од Агенцијата појаснија дека со постојната законска регулатива работата на пансиони и хотели за домашни миленици не е системски регулирана, односно тие не се регистрираат и не се одобруваат од АХВ, поради што постапуваат исклучиво од аспект на здравствена заштита и спречување на ширење заразни болести кај животните. Воедно, беше најавено дека во новиот закон за здравствена заштита и благосостојба на животните, кој е во финална фаза на подготовка, оваа област ќе биде регулирана, а пансионите ќе мора да исполнуваат одредени услови и да добијат одобрение од АХВ.Агенцијата упати и апел до сопствениците на кучиња да бидат одговорни, да ги микрочипираат своите миленици, да поседуваат валиден пасош, да ги вакцинираат против заразни болести и редовно да ги третираат со средства против паразити. Од АХВ најавија дека јавноста дополнително ќе биде информирана за наодите од надзорот, потенцирајќи дека единствена институција која може да даде конечен одговор е токму Агенцијата за храна и ветеринарство, бидејќи постапката сѐ уште е во тек.Случајот излезе во јавноста по сведочењето на Ана Пејковска, која јавно тврдеше дека нејзиното куче починало откако било оставено на чување во пансионот „Ав ав“. Таа наведе дека кучето било вратено во тешка здравствена состојба и дека, според ветеринарната дијагноза, било заразено со парвовироза. Пејковска на социјалните мрежи ги повика сопствениците итно да ги земат своите кучиња, тврдејќи дека во објектот има присуство на парво вирус.Според нејзиното сведоштво, кучето по име Мајло престојувало десет ноќи во пансионот, а по преземањето на 25 декември било во критична состојба, со повраќање и губење на свеста. Таа тврди дека ветеринарите утврдиле дека болеста била во напредна фаза и дека, и покрај обидите за лекување, животното починало. Пејковска смета дека доколку навреме била информирана и доколку било реагирано порано, кучето имало шанса да преживее.Во меѓувреме, таа објави и комуникации со други сопственици на кучиња, кои, според нејзините тврдења, по престој во истиот пансион добиле позитивни резултати на парвовироза. Дополнително сведоштво објави и лице кое тврди дека било на пракса во пансионот, опишувајќи, како што наведува, загрижувачки услови за чување на животните, наводи што пансионот досега не ги коментираше поединечно.Редакцијата на „Скопје1“ во изминатите три дена безуспешно се обидуваше да добие одговор на конкретни прашања упатени преку нивниот официјален профил на социјалните мрежи.Парвовирозата е исклучително заразно вирусно заболување кај кучињата, кое може да има фатален исход, особено доколку не се реагира навреме. Ветеринарите предупредуваат дека изолацијата на заболени животни и строгите мерки за дезинфекција се клучни за спречување на ширење на вирусот, а институционалната контрола на објектите за згрижување животни останува прашање од сериозен јавен интерес.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryb3p1eeth5jr9bjE6nKJ

Запленети над 40 илјади петарди и огномети на Блаце, кривична пријава за едно лице

Царинската управа спречи обид за нелегално тргување со пиротехнички средства, при што беа запленети вкупно 40.872 парчиња петарди и огномети, за кои надлежните оценуваат дека претставуваат сериозна закана по здравјето и безбедноста на граѓаните. За случајот е поведена кривична постапка против едно лице, македонски државјанин од Гостивар.Како што информираат од Царинската управа, заплената била реализирана во акција на мобилен царински тим на граничниот премин Блаце, при контрола на патничко возило со швајцарски регистарски таблички. При деталниот преглед, царинските службеници утврдиле дека задните седишта на возилото биле спуштени, а целиот простор зад нив, како и багажникот, бил исполнет со пиротехнички средства.Во текот на постапката било утврдено дека осомничениот ги набавил пиротехничките средства во Приштина и се обидел противзаконски да ги внесе на територијата на државата, со намера за нелегална трговија. Против него е поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, кривично дело предвидено и казниво според Кривичниот законик.Од Царинската управа предупредуваат дека употребата и трговијата со нелегални пиротехнички средства претставуваат сериозен ризик по јавната безбедност, особено за децата и младите, и можат да предизвикаат тешки телесни повреди и материјални штети.Надлежните најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилени контроли и координирани активности со другите институции, со цел спречување на нелегалната трговија со пиротехнички средства и заштита на безбедноста на граѓаните, особено во периодот на празници.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

(Фото) Апасиев си доби опомена од „Сејф сити“ за 51 километар на час

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи објави дека добил опомена од системот „Сејф сити“ поради возење со 51 километар на час на делница каде дозволената брзина е 50 километри на час. Според неговата објава, прекршокот бил регистриран на клучката Хиподром во правец кон Ченто.Апасиев, со саркастичен тон, напиша дека сам ќе ја „извади“ опомената на јавност, алудирајќи на настапите на премиерот во Собранието и нивните кавги, но и на, како што наведе, прекумерната контрола и бирократизација.Во меѓувреме, од Министерството за внатрешни работи информираа дека по пробното пуштање во употреба на системот „Сејф сити“ е забележано намалување на бројот на регистрирани прекршоци. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека системот сè уште не е целосно усогласен со новите законски правила.Тошковски појасни дека, согласно измените, во градска средина прекршок треба да се евидентира при надминување на брзината од 57 километри на час, наместо досегашната граница од 50 километри на час, но дека техничката адаптација на системот сè уште не е завршена. Поради тоа, дел од прекршоците, како што е и случајот со Апасиев, се регистрираат според старите параметри.Надлежните најавуваат дека во наредниот период ќе следи целосно усогласување на „Сејф сити“ со законските измени, по што системот ќе функционира согласно новите прагови за санкционирање, со цел поголема правна прецизност и еднаков третман на сите учесници во сообраќајот.

Македонија | пред 2 месеци

media-library31fortp4isre65BMIRd

Опозициска реакција: Каде е фотографијата од Дубаи со Филипче?

Опозициската СДСМ реагираше на, како што ги нарекува, континуираните лаги и манипулации што, според партијата, доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со наводното патување во Дубаи и т.н. „златна виза“. Од СДСМ велат дека обвинувањата се целосно неконзистентни и се менуваат од ден во ден, што, според нив, ја разоткрива паниката и изгубеноста на владејачката партија.„Толку многу лажат што веќе и самите се загубија во сопствените лажни вести“, наведуваат од СДСМ, посочувајќи дека дури и износот на наводната виза постојано се менува. Според нив, првично се зборувало за половина милион долари, потоа за половина милион евра, а веќе следниот ден сумата, како што тврдат, прераснала во половина милијарда евра.Во реакцијата се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ во обид да ја одржи приказната, започнала да вклучува и јавни личности кои, според СДСМ, немаат никаква врска со настаните. Како пример го посочуваат името на Харис Џиновиќ, за кого велат дека со едноставно јавно пребарување може да се утврди дека новогодишната ноќ ја поминува во Херцег Нови, а не во Дубаи.Од СДСМ оценуваат дека ваквите обвинувања претставуваат обид за дефокус од, како што наведуваат, сериозните теми поврзани со криминални тендери и договори за мигранти, за кои тврдат дека актуелната власт избегнува да даде одговори. Според партијата, станува збор за систематска политичка манипулација која прераснува во директна навреда на интелигенцијата на граѓаните.Во реакцијата, СДСМ повторно прашува кога ВМРО-ДПМНЕ ќе објави конкретен доказ за своите тврдења, односно фотографија од наводното патување во Дубаи, оценувајќи дека до тогаш сите обвинувања остануваат на ниво на неосновани инсинуации и лажни вести.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj9p1u80284hobNohmns

Русија тврди: Украина се обидела со масовен дронски напад врз резиденцијата на Путин

Руските власти тврдат дека Украина извршила темелно подготвен, но неуспешен напад со беспилотни летала врз една од официјалните резиденции на рускиот претседател Владимир Путин, лоцирана во Новгородската област. Според руската страна, станувало збор за повеќеслоен и целно насочен напад, кој бил навремено откриен и целосно неутрализиран од системите за противвоздушна одбрана.Генерал-мајор Александар Романјенков, командант на руските противвоздушни ракетни сили, на брифинг изјави дека формата на нападот, бројот на употребени летала и нивното дејствување од југ, југозапад и запад, директно кон претседателската резиденција, укажуваат дека нападот бил внимателно испланиран. Според неговите тврдења, беспилотните летала биле лансирани од украинските области Суми и Чернигов, а обидот за напад бил изведен од повеќе правци.Романјенков наведе дека нападот бил детектиран во неделата околу 19:20 часот по московско време и дека сите дронови биле соборени над територијата на Брјанската, Смоленската и Новгородската област. Тој истакна дека нема причинета материјална штета врз резиденцијата, ниту пак има загинати или повредени лица, додавајќи дека руската армија постапила координирано и ефикасно.Од Кремљ соопштија дека, според нивните податоци, во нападот биле употребени вкупно 91 беспилотно летало, а сите биле уништени од противвоздушната одбрана. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека поради овој настан Москва ќе го преиспита своето преговарачко позиционирање во однос на Украина.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека ваквите, како што ги нарече, провокации од страна на Киев имаат цел да ги поткопаат напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за посредување во мировниот процес. Тој додаде дека инцидентот нема да влијае врз дијалогот меѓу Русија и САД и дека руската војска знае како, кога и со кои средства да одговори.Од украинска страна, обвинувањата беа категорично отфрлени. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи напиша дека нема никакви докази за ваков напад и дека станува збор за лажни тврдења, кои, според него, се дел од вообичаената руска тактика. Тој оцени дека Русија често ги обвинува другите за активности кои самата планира да ги спроведе.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека обвинувањата се измислени и дека Кремљ со нив подготвува оправдување за нови напади врз Украина. Според него, целта е создавање изговор за удари врз Киев и државните институции, предупредувајќи дека постои ризик од нова ескалација.Скептицизам изразија и од Соединетите Американски Држави. Американскиот амбасадор при НАТО, Метју Витакер, изјави дека не е јасно дали нападот навистина се случил и дека е потребно да се видат разузнавачките информации за инцидентот. Тој оцени дека би било нелогично Украина, во момент кога се зборува за напредок во мировните преговори, да преземе чекор што би можел да се толкува како непромислен.Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека рускиот претседател лично го информирал за наводниот напад во телефонски разговор. Трамп изјави дека таков потег не би бил добар и нагласи дека напад врз дом на државен лидер не е соодветен во ваков момент, додавајќи дека допрва ќе се утврдува дали навистина постојат докази за случувањето.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryk99qcogt0r754bDxVMX

Година без олеснување: Како 2025 ја затекна Македонија неподготвена

Годината што изминува ја остави Македонија во состојба на длабока политичка, институционална и општествена преиспитувачка фаза, обележана од трагедии, политички пресврти, остри судири околу одговорноста и сè погласно незадоволство кај граѓаните. Наместо стабилизација, 2025 година донесе чувство дека државата чекори по тенка линија меѓу формалната демократија и реалниот институционален застој.Најтешкиот и најтрауматичен настан што ја обележа годината беше пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади лица, а над 200 беа повредени. Трагедијата не само што ја потресе јавноста, туку ја разоткри и целата мрежа на системски пропусти, институционален молк и долгогодишна неказнивост. Објект кој со години работел без минимално-технички услови, без противпожарна заштита и со незаконски реконструкции, стана симбол на држава што реагира дури кога е предоцна. Судскиот процес што следеше, со десетици обвинети – од сопственици, обезбедување и инспектори, до поранешни министри и градоначалници – ја претвори Кочани во лакмус-тест за владеењето на правото. Барањето за неселективна правда стана доминантна порака на јавноста, додека скепсата дали системот ќе ги санкционира вистинските виновници остана присутна.Паралелно со ова, политичката сцена влезе во нова турбулентна фаза. По локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ завзеде повеќе општини, додека СДСМ се најде во длабока внатрешна криза, проследена со јавни судири, заминувања на истакнати функционери и отворени обвинувања за авторитарен начин на водење на партијата. Изјави на поранешни функционери дека партијата се оддалечува од своите вредности дополнително ја продлабочија недовербата кај гласачите. Политичкиот дијалог се сведе на меѓусебни обвинувања.Неминовен детал беше дебатата дали ќе ни се населат мигранти. Владата склучи договор со Велика Британија за взаемна соработка, а СДСМ ја отвори темата дали ќе се носат мигранти кои таа земја не ги прифаќа. По еден месец препукувања, а додека граѓаните не знаеја на кого да веруваат - предновогодишната атмосфера ги стиши ривалите.Економската состојба во 2025 година беше обележана со раст на трошоците за живот, стагнација на платите и зголемен притисок врз средната класа. Инфлацијата, иако формално стабилизирана, во пракса се чувствуваше преку високите цени на храната, енергенсите и кириите. Младите сè поотворено зборуваа за иселување, додека недостигот од јасна стратегија за задржување на работната сила остана нерешен проблем.Безбедноста и јавниот ред исто така беа во фокусот на годината. Проектот „Сејф сити“, кој требаше да донесе поголема безбедност преку видео-надзор, се најде на удар на критики дека камерите не можат да ја заменат физичката присутност на полицијата, особено по серијата сообраќајни несреќи и дивеење по улиците. Граѓаните сè почесто поставуваа прашање дали безбедноста се сведува на казни или на реална превенција.На надворешнополитички план, Македонија продолжи да тапка во место во процесот на европска интеграција. И покрај декларативната заложба за ЕУ, конкретен напредок беше речиси незабележлив, а разочараноста кај граѓаните растеше. Чувството дека земјата е заглавена меѓу ветувањата и блокадите стана доминантно расположение.Годината беше обележана и со граѓански реакции и јавен отпор – од протести по трагедии, до бурни реакции на социјалните мрежи за случаи на институционална негрижа, злоупотреби и неправди. Јавниот простор стана место на гласно незадоволство, но и на поделби, со сè помалку доверба дека институциите навистина слушаат.Во текот на цела година, од власта слушавме дека се работи на проекти кои биле во застој, се отвораа делови од автопатот Кичево-Охрид кој се гради повеќе од една деценија, нѐ убедуваа дека утре ќе биде подобро од вчера.На крајот од годината, Македонија не излезе посилна, но излезе поосвестена. 2025 година не беше година на напредок, туку година на разоткривање – на слабостите, на пропустите и на цената што ја плаќаат граѓаните кога системот не функционира. Останува прашањето дали научените лекции ќе се претворат во реформи, или ќе останат само уште една болна статистика во историјата на пропуштени шанси.

Македонија | пред 2 месеци

media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

ВМРО-ДПМНЕ со новогодишна порака: Заедништво, стабилност и одговорност за иднината

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на Новата година, упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, со порака за заедништво, стабилност и одговорност кон иднината на државата.Во честитката, од партијата посочуваат дека новата година започнува во период на сериозни општествени, економски и национални предизвици, при што нагласуваат дека се свесни оти секојдневието на голем број семејства не е лесно и дека од политиката се очекуваат конкретни резултати, а не декларативни изјави. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека нивната заложба е насочена кон работа за секој поединец, за секое семејство и за сите делови на државата, со ветување дека довербата на граѓаните нема да биде изневерена.Во пораката се потенцира дека, според партијата, политичката борба не е само прашање на власт, туку на принципи, вредности и визија за државата. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека станува збор за спротивставување меѓу одговорното градење на државните темели и, како што наведуваат, импровизациите и краткорочните калкулации, при што посочуваат дека националните интереси мора да бидат заштитени и водени со јасна визија и почит кон граѓаните.Како клучна вредност се истакнува заедништвото, кое, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува најголемата сила на општеството. Во честитката се наведува дека само преку обединетост, заемна почит и солидарност може да се изгради стабилна, сигурна и праведна држава, која ќе го вреднува трудот, ќе го почитува достоинството на човекот и ќе создава еднакви можности за сите.Партијата нагласува дека останува посветена на одговорно управување, економски развој, социјална сигурност и унапредување на животниот стандард, посочувајќи дека целта е создавање цврсти и трајни темели за иднината на младите генерации.Во завршниот дел од честитката, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека во Новата година влегува со вера во сопствените сили, со почит кон минатото и со јасна визија за иднината, изразувајќи уверување дека со чесна работа, принципиелност и заедништво, Македонија може да биде подобро место за живеење. На граѓаните им се упатуваат желби за здравје, мир, семејна топлина и поголема сигурност во секој дом, со порака Новата година да биде година на стабилност, сплотеност и напредок.

Македонија | пред 2 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ со жестока критика кон СДСМ: Без реформи и со старо раководство во слободен пад

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагираше на состојбите во опозициската СДСМ, оценувајќи дека партијата се наоѓа во, како што наведуваат, длабок внатрешен хаос, додека нејзиниот лидер Венко Филипче, според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, престојува во Дубаи „по инструкции од поранешниот премиер Зоран Заев“.Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека јавноста сè уште не добила одговори за, како што тврдат, инвестициите поврзани со Заев во Дубаи, изградбата на објект со 42 ката, како и за наводна „златна виза“ на Филипче. Според партијата, додека овие прашања остануваат без одговор, раководството на СДСМ се луксузира, користејќи средства кои, како што обвинуваат, биле стекнати за време на седумгодишното владеење на СДСМ и ДУИ.Во соопштението се наведува дека по, како што го оценуваат, „пустошот“ што го оставиле СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ успеала да ја стабилизира државата и економијата. Како аргумент, од партијата потсетуваат на резултатите од локалните избори, на кои, според нив, ВМРО-ДПМНЕ остварила убедлива победа, освојувајќи 54 општини и градот Скопје, додека СДСМ, како што наведуваат, останала со шест општини и значително помал број гласови и советници.Посебно се истакнува дека победите во општини како Кичево, Карпош и Струга претставувале историски пресврт, додека резултатите на СДСМ се оценуваат како најтежок пораз во историјата на партијата, со губење на нејзините, како што се наведува, традиционални упоришта.ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ не спроведува вистински реформи и дека во партијата и понатаму доминира, како што го нарекуваат, „заевизмот“, што, според нив, ја води партијата кон натамошен пад. Во соопштението се наведува дека доколку Филипче и неговиот, како што тврдат, политички ментор продолжат да управуваат со СДСМ, партијата ризикува целосно да исчезне од политичката сцена.Во контраст на тоа, од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Владата предводена од нивната партија носи стабилност, економски раст и подобрување на животниот стандард. Како резултати се наведуваат зголемување на платите, раст на пензиите за 7.000 денари, стабилизирање на инфлацијата која, според нив, сега е во рамките на европскиот просек, како и континуиран раст на индустриското производство.Партијата наведува дека се зголемени платите во образованието, здравството, културата, полицијата, социјалната заштита и јавната администрација, како и дека пензиите се зголемени значително повеќе во споредба со периодот кога на власт била СДСМ.Во соопштението се посочува и на инвестиции во енергетиката, изградба на патна инфраструктура, воведување нови авиолинии и подобрување на поврзаноста на државата за бизнис и туризам. Посебно се нагласува мерката со која студентите добиле ваучери од 250 евра за електронски уреди, која, според ВМРО-ДПМНЕ, опфатила околу 55.000 студенти.Дополнително, се наведува дека платите во образованието пораснале за над 12 проценти, дека се градат нови училишта, спортски сали и факултетски објекти, како и дека буџетот за наука во 2025 година бил двојно зголемен во однос на 2024 година. Како поддршка за науката и иновациите, се посочува обезбедувањето на 274 милиони денари за научно-истражувачки проекти на јавните установи, МАНУ и компании кои соработуваат со академската заедница.ВМРО-ДПМНЕ наведува дека е воспоставен механизам за континуиран раст на платите на здравствените работници, кои, според плановите, во текот на мандатот треба да се зголемат за повеќе од 40 проценти, како и дека е зголемен капитациониот бод за матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите.На крајот од соопштението, ВМРО-ДПМНЕ порачува дека останува посветена на борбата против корупцијата и криминалот, воспоставувањето на правна држава и владеење на правото, како и на создавање подобра иднина и повисок животен стандард за сите граѓани.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ обвинува за репресија и политички прогон: Власта влегува во последна фаза пред избори

Опозициската СДСМ обвини дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ влегла во, како што наведуваат, „последната фаза од политичката кампања“, која, според нив, се темели на репресија, политички прогон и обиди за замолчување на опозицијата.Од СДСМ тврдат дека по, како што го нарекуваат, „декретот со кој се ограничува слободата на говорот“, следува нов чекор – обиди за апсења и директен притисок врз партијата, со цел да се запре, како што велат, нивната борба против криминалот и корупцијата на владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.Во соопштението се наведува дека станува збор за веќе видено сценарио, со јасно дефинирани фази: прво, јавни обвинувања и напади врз СДСМ преку, како што тврдат, лажни вести и надворешни притисоци; потоа, ограничување на слободата на говорот; и конечно, репресија и политички прогон. Овој модел, според СДСМ, е „копија на сценарија применувани во други држави од регионот“.Партијата оценува дека целта на ваквите активности е заштита на, како што ги нарекуваат, „криминалците во власта“ од кривична одговорност, особено поради серијата објавени информации за сомнителни тендери. Како примери, од СДСМ ги посочуваат тендерите во вредност од 5,3 милиони евра доделени на една фирма преку 161 постапка, договори од 9 милиони евра за фирма со, како што наведуваат, минимален број вработени, како и тендери од 1,2 милиони евра поврзани со Македонска пошта.Во обвинувањата се тврди дека власта воспоставила целосна контрола врз судството и обвинителството, дека се спроведува координирана медиумска кампања против СДСМ, како и дека постои организиран обид за внатрешно уривање на партијата преку поединци и медиумски написи кои, според нив, имаат за цел јавно дискредитирање на раководството и политиките на СДСМ.Дополнително, од партијата наведуваат дека дел од јавните средства, преку тендерски постапки, се користат за политички договори со коалициски партнери, што тие го оценуваат како „исплата за политичка лојалност“.СДСМ смета дека ваквите потези се подготовка за изборниот период што следува и за, како што тврдат, контроверзни политички одлуки поврзани со мигрантските политики. Од партијата порачуваат дека нема да се откажат од, како што велат, борбата против криминалот и корупцијата и дека, според нив, „одговорност ќе има“.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-02-27-at-20.23.18

Ексдиректорот на затворот во Шутка осуден на затворска казна, другите вработени на условна за давање на погодности вон закон на затвореници

Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 98/25, кој се однесува на злоупотреби сторени од вработени во КПУ Затвор Скопје. Судот ги огласи обвинетите за виновни за кривичните дела што им се ставаа на товар, оценувајќи ги сите олеснителни и отежителни околности.Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на казна затвор во траење од осум месеци за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување. Судот утврди дека делото е сторено во соизвршителство и во продолжено траење.На обвинетиот П.А., исто така за злоупотреба на службената положба и овластување, му е изречена условна осуда од шест месеци затвор, која нема да се изврши доколку во рок од две години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.Обвинетиот Ѓ.Р. е огласен за виновен за кривичното дело несовесно работење во службата и му е изречена условна осуда од три месеци затвор, со рок на проверка од една година. Иста санкција, условна осуда од три месеци затвор со рок од една година, судот му изрече и на обвинетиот С.П. за истото кривично дело.За обвинетиот Т.Н., кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење во службата, судот утврди единствена санкција – условна осуда од осум месеци затвор, која нема да се реализира доколку во наредните три години не стори ново кривично дело.Обвинетиот Е.О. е осуден за несовесно работење во службата и му е изречена условна осуда од шест месеци затвор, со рок на проверка од две години, додека обвинетиот К.В. доби условна осуда од три месеци затвор со рок од една година.Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.Претходно, Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на затворот „Скопје“ и против повеќе затворски надзорници и полициски службеници. Според обвинението, осум лица беа опфатени со постапката, додека за две лица истрагата беше запрена поради недостиг на докази.Од обвинителството информираа дека првообвинетиот, во својство на директор, заедно со двајца полициски службеници, како соизвршители, сторил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Дополнително, еден од полициските службеници е обвинет и за несовесно работење во службата, кривично дело за кое се обвинети и останатите петмина службеници.Според наводите во обвинението, во периодот од март до јули 2024 година, обвинетите со умисла извршиле повеќе меѓусебно поврзани дејствија при вршење на службените овластувања, со што на петмина осуденици им овозможиле незаконски погодности. Осудените биле спроведувани до своите домови и до други локации за приватни потреби, спротивно на пропишаната постапка за спроведување лица лишени од слобода надвор од казнено-поправна установа.Истрагата за овој предмет беше отворена во февруари годинава против десет лица, но за две од нив постапката беше запрена поради немање доволно докази.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања