Скопје1.мк

uploads_thumbs_resize_800x420_713219

Се затвора обиколницата околу Солун- важно соопштение за оние кои патуваат на Халкидики

Вечерва од 22:15 до 5:00 часот наутро, ќе бидат воведени привремени мерки на обиколницата на Солун на исток, кон Халкидики, која ќе биде привремено затворена, а целиот сообраќај ќе биде пренасочен низ центарот на градот.„Сообраќајната полиција во Солун, исто така, наведе во известувањето дека работите за одржување на осветлувањето на западниот дел од обиколницата ќе се извршуваат во вторник и среда, 19 и 20 август, од 7:00 до 16:00 часот. Сообраќајната полиција ќе го регулира сообраќајот за време на работата, со наизменично делумно затворање на десната лента во двата правци“, рече таа.Полицијата препорачува возачите да користат алтернативни правци во овој период, низ центарот на градот.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5168

Загина 20-годишен охриѓанец во сообраќајка на патот Ресен – Битола

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 13:00 часот на патот Ресен – Битола, кај месноста Слечиште, на еден километар после Макази во правец кон Битола.Во несреќата учествувале два автомобила – мерцедес со странски регистарски ознаки, управуван од 52-годишен маж од Битола со живеалиште во Германија, и опел со охридски регистарски таблици во кое се превезувале двајца 20-годишни охриѓани.Според СВР Битола, возачот на мерцедесот починал на лице место, додека едно од двете млади лица од опелот им подлегнало на повредите во Клиничка болница Битола. Другиот патник е хоспитализиран.Од полицијата велат дека увидот е во тек и дека наскоро ќе бидат познати повеќе информации за причините за несреќата.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.43

Трамп вети поддршка за Украина по завршување на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по завршување на војната, Украина ќе може да смета на силна поддршка и заштита од европските партнери, со помош на САД.На новинарско прашање дали би прифатил американски војници да бидат дел од „НАТО-слична“ заштита со цел да се охрабри украинскиот претседател Володимир Зеленски да прифати мировен договор, Трамп одговори:„Имаме луѓе кои токму сега чекаат во друга просторија. Сите се од Европа – најважните луѓе од Европа – и тие сакаат да ѝ пружат заштита на Украина. Многу им е важно тоа, и ние ќе им помогнеме“.Тој додаде дека смета оти е од суштинско значење да се постигне договор за мир, оценувајќи дека стабилноста на Украина по завршувањето на конфликтот е клучна за регионот и пошироко.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.12.15

„За време на војна нема избори“ – Зеленски за можноста за гласање во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека избори во Украина нема да се одржат сè додека трае војната со Русија. Одговарајќи на новинарско прашање, тој нагласи дека е отворен за изборен процес, но единствено во услови на безбедност.„За време на војна не можете да организирате избори“, рече Зеленски, додавајќи дека за тоа би било потребно примирје. Според него, тоа би требало да опфати копно, море и воздушен простор за да се овозможи „демократски“ и „законит“ изборен процес.На ова реагираше американскиот претседател Доналд Трамп со саркастична забелешка: „Значи, велите дека за време на војна не може да има избори? Па ако за три и пол години ние случајно бидеме во војна со некого – значи нема да има избори?“Зеленски се насмевна, а и Трамп возврати со насмевка додека еден на друг си упаѓаа во збор. Украинскиот претседател му возврати: „Ви се допаѓа таа идеја?“Коментарот на Трамп индиректно се однесува на следниот американски изборен циклус, во кој според важечките закони тој не би можел повторно да учествува како кандидат.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-09-at-10.27.31

Трамп е уверен дека ќе заврши војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен оти војната во Украина ќе заврши наскоро, бидејќи – според него – „целиот свет е веќе уморен од тоа“.На прашање дали разбира кои се „темелните причини“ за конфликтот – фраза што често ја користи рускиот претседател Владимир Путин за да ја оправда својата инвазија – Трамп одговори:„Војната ќе заврши. Овој господин (Зеленски) сака да заврши, Владимир Путин сака да заврши, мислам дека на целиот свет му е доста и ние ќе го прекинеме“.Трамп повторно се пофали со својата улога како „мировен лидер“:„Јас завршив шест војни. Мислев дека оваа ќе биде најлесна, но не е така – тешка е и има многу причини за тоа. За тоа ќе се зборува уште долго.“Тој додаде дека има „самодоверба“ и верува дека решението е достижно, иако не откри детали околу можните договори или услови.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.13

Хамас прифатил предлог за 60-дневно примирје и пуштање на заложници?

Хамас ја прифати последната понуда за примирје од 60 дена, со размена на заложници, изјавил денеска египетски извор познат до Ројтерс.Повисок функционер од организацијата, Басем Наим, објави на Фејсбук дека „Движењето ја дало својата согласност за предлогот што го претставиле посредниците“.Согласно договорот, ќе се прекинат воените операции на Израел во траење од 60 дена, а Германија и Катар помогнаа да се формулира рамка за целосен мировен договор по ова примирје.Иако Хамас го прифати предлогот, официјален одговор од Израел сè уште нема. Премиерот Нетанјаху само потврди дека „гледа информации во медиумите“, кои сугерираат дека Хамас се наоѓа под голем притисок

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.15.54

Трамп: Украина ќе добие безбедносни гаранции

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Украина ќе добие одреден вид безбедносни гаранции од САД.Говорејќи во Белата куќа, Трамп изјави: „Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. И ние ќе бидеме вклучени“.Изјавата доаѓа во пресрет на серијата разговори што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги има во Вашингтон, а кои се оценуваат како клучни за иднината на американско-украинската соработка и за исходот од војната со Русија.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.59.16

Зеленски ѝ се заблагодари на Меланија Трамп за писмото до Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешниот самит во Вашингтон се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп, но упати и посебна благодарност до првата дама, Меланија Трамп.Зеленски откри дека Меланија потпишала писмо упатено до рускиот претседател Владимир Путин, кое ѝ било предадено минатиот петок.„Ви благодарам многу, господине претседателе. Пред сè, благодарам за поканата и за вашите напори да се прекинат убиствата и да се стави крај на овој војна. Сакам да ја искористам оваа прилика да ѝ се заблагодарам и на вашата сопруга, првата дама на САД. Таа потпиша писмо до Путин во врска со нашите киднапирани деца,“ изјави Зеленски седејќи до Трамп во Овалната соба.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.13.53

Украинската делегација во Белата куќа – со мапа во рака?

Украинската делегација денеска пристигна во Белата куќа на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп.Како што забележа BBC, заменик-шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Сергиј Палица, бил фотографиран додека влегувал во Белата куќа носејќи свиткан лист хартија.Од далечина, документот изгледал како мапа, што веднаш предизвика шпекулации во медиумите дали станува збор за карта со бојни линии, територијални предлози или дипломатски белешки што треба да се презентираат на денешните разговори.Детали околу содржината на документот засега не се познати.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски: Усогласивме заеднички ставови со ЕУ и НАТО пред средбата со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека непосредно пред состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, одржал координациска средба со европските лидери и генералниот секретар на НАТО во амбасадата на Украина.„Мора да ги запреме убивањата и им се заблагодарувам на нашите партнери кои работат на тоа, и на постигнување сигурен и достоинствен мир“, напиша Зеленски на „Телеграм“.Тој појасни дека со лидерите на Финска, Велика Британија, Италија, претседателката на Европската комисија и со генералниот секретар на НАТО, биле усогласени заедничките ставови пред средбата со Трамп.„Украина е подготвена за вистинско примирје и за воспоставување нова безбедносна архитектура. Мирот ни е потребен“, додаде Зеленски.Оваа средба доаѓа во моменти кога растат тензиите околу барањата на Трамп за територијални отстапки и неговите пораки дека членството на Украина во НАТО не доаѓа предвид.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.11.52

Што да се очекува од состанокот помеѓу Трамп, Зеленски и европските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово испрати остри пораки до украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на нивната средба во Вашингтон.„Можеш да ја завршиш војната ако тоа го сакаш – или можеш да ја продолжиш“, порача Трамп на социјалните мрежи, додавајќи дека „Крим е изгубен“ и дека членството на Украина во НАТО е „исклучено“.Овие изјави се толкуваат како дополнителен притисок врз Зеленски пред преговорите, особено по шпекулациите дека Трамп на самитот во Алјаска минатата недела попуштил под влијанието на рускиот претседател Владимир Путин.Состанокот во Вашингтон, прв по нивниот конфликтен состанок во февруари, ќе биде обележан и со силно европско присуство. Зеленски ќе има поддршка од:британскиот премиер Кир Стармер,претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен,францускиот претседател Емануел Макрон,италијанската премиерка Џорџа Мелони,германскиот канцелар Фридрих Мерц,финскиот претседател Александар Стуб,како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.Очекувањата се големи, но и тензиите – особено поради јасниот став на Трамп дека територијалните отстапки се клуч за мир, додека украинскиот устав строго забранува откажување од суверенитетот и територијалниот интегритет.

Македонија | пред 5 месеци

zelenski-pregovori

Зеленски: Трамп има сила да ја натера Русија на мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека учествувал на состанок во Вашингтон, организиран на покана од американскиот претседател Доналд Трамп. Станува збор за прв ваков собир во кој, покрај Украина, учествуваа и повеќе европски лидери.„Кога се разговара за мир за една земја во Европа, тоа значи мир за цела Европа. Подготвени сме да продолжиме да работиме со максимален напор за да го завршиме војната и да обезбедиме сигурност. Тоа се клучните прашања“, напиша Зеленски.Тој додаде дека заедно со американскиот генерал Кит Келог и Трамп разговарал за состојбата на фронтот и за можностите за заеднички дипломатски настап на Украина, Европа и САД.„Русија може да се принуди на мир само со сила, а претседателот Трамп ја има таа сила. Мораме да направиме сè за да оствариме мир“, порача Зеленски.Во истата објава се осврна и на синоќешните руски напади. Според него, погодени биле неколку градови во кои загинале и две деца, а десетици луѓе биле ранети. „Луѓето едноставно спиеја кога руската армија изврши удари“, додаде украинскиот претседател.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-04-28-at-10.52.51

Трамп: Решив шест војни за шест месеци, знам што правам, а медиумите немаат поим

Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали со своите, како што ги нарече, „мировни достигнувања“ во пресрет на денешните преговори за Украина.„Точно знам што правам“, порача Трамп во нова објава на социјалните мрежи.Во текот на својот втор мандат, Трамп повеќепати се претставуваше како „главен мировник“, нагласувајќи ја својата улога во решавањето на глобалните конфликти. Во најновата објава тој наведе дека за шест месеци решил шест војни, „од кои една можела да заврши со нуклеарна катастрофа“.„Сепак, морам да читам и слушам како Wall Street Journal и многу други, кои навистина немаат поим, ми велат дека сè правам погрешно во врска со руско-украинскиот хаос“, напиша Трамп.Тој повторно го обвини својот претходник Џо Бајден за избивањето на војната во Украина, иако руската инвазија ја започна Владимир Путин.„Нарекувајте ме како сакате – главен мировник, реалист, човек кој мисли со своја глава – но точно знам што правам. Решив шест војни за шест месеци. Една од нив можеше да заврши со нуклеарна катастрофа. А пак морам да слушам исти луѓе кои тврдеа дека Бајден знае што прави. Погледнете каде нè доведе тоа! Да не беше Бајден, војна немаше да има“, напиша Трамп.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-10-05-at-11.05.19

Трагична сообраќајка кај Макази: Загинат маж од Битола, повеќе повредени

Попладнево на регионалниот пат Битола–Ресен, кај месноста Макази, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина 52-годишен битолчанец. Според првичните информации, има и други лица со повреди.Судирот се случил меѓу две патнички возила – едното со странски, а другото со охридски регистерски ознаки. Ударот бил толку силен што едно од возилата целосно изгорело.Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на несреќата. Сообраќајот на овој дел од патот е во прекин од 13:20 часот и ќе остане затворен сè додека трае истрагата.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп: Голема чест за Америка! Ќе видиме какви ќе бидат резултатите?

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалните мрежи дека денешниот ден е „голем ден во Белата куќа“.„Америка никогаш не имала толку европски челници овде во исто време“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social.Тој додаде: „Голема чест за Америка!!!! Ќе видиме какви ќе бидат резултатите???“Во меѓувреме, според извештајот на агенцијата „Укринформ“, украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна во Вашингтон со американскиот изасланик Кит Келог, во пресрет на разговорите со претседателот Трамп.

Свет | пред 5 месеци

nafta-pristaniste

Украина ја погоди нафтената станица во Русија, прекината испораката кон Унгарија

Украинската армија потврди дека извршила напад врз станица за пумпање нафта во Тамбовската област во Русија, со што привремено е прекината работата на нафтоводот „Дружба“.Веста доаѓа откако Министерството за надворешни работи на Унгарија претходно ја обвини Украина за саботажа, наведувајќи дека поради ударот е запрен дотокот на руска нафта кон земјата.„Овој најнов удар врз нашата енергетска безбедност е срамен и неприфатлив“, изјави шефот на унгарската дипломатија на социјалната мрежа X.На обвинувањата реагираше украинскиот министер за надворешни работи, кој истакна дека „Русија, а не Украина, е таа што го започна војната и одбива да ја заврши“. Тој додаде дека Унгарија „веќе со години била предупредувана“ дека Москва не е сигурен партнер во енергетската сфера.Нападот дополнително ги усложнува односите меѓу Киев и Будимпешта, која иако е членка на Европската унија, често зазема ставови поблиски до Москва отколку до своите западни сојузници.

Свет | пред 5 месеци

Nevreme-skopje

Невреме зафати делови на Скопје: силен дожд, грмежи и ветер – УХМР со предупредување

Делови од Скопје попладнево ги зафати силно невреме проследено со грмежи, дожд и засилен ветер. На одредени локации веќе врне интензивно, а жителите сведочат на краткотрајни, но силни удари на ветер и силни електрични празнења.Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека до крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Во текот на ноќта, како што додаваат, ќе има услови за повремен дожд.„Во Скопје до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град,“ информираат од УХМР.Според прогнозата, утре ќе има повеќе сончеви периоди, но повторно со услови за нестабилна облачност и локални врнежи. Минималните температури ќе се движат меѓу 12 и 19, а максималните ќе достигнат од 26 до 32 степени. Во Скопје утрешниот ден ќе донесе променливо облачно време со сончеви периоди, слаб до умерен северен ветер и температури од 18 до 32 степени.Од среда до петок се очекува стабилизација и пораст на температурите, додека за време на викендот повторно ќе има услови за локални врнежи и ретки грмежи, со пад на дневните температури.

Скопје | пред 5 месеци

sud-krivicen

Кривичен: Обвинителниот акт за несреќата во Кочани сè уште во фаза на оцена, пристигнати 40 приговори

Основниот кривичен суд – Скопје информира дека обвинителниот акт поврзан со несреќата во Кочани е во постапка на оцена пред Советот за оцена на обвинителен акт. Досега се доставени 40 приговори од обвинетите и нивните бранители, кои веќе се испратени до надлежното обвинителство. Судот посочува дека станува збор за обемен предмет со 37 обвинети физички и правни лица и голем број оштетени и докази, нагласувајќи дека сите законски рокови и права на странките мора да бидат почитувани за да не се загрози процесот.-Обвинителниот акт КООА 155/25 е во фаза на оцена пред Совет за оцена на обвинителен акт. До овој момент до судот доставени се 40 приговори од обвинетите и нивните бранители кои веќе се експедираат на надлежното јавно обвинителство. Примените приговори се во фаза на анализа од советот за оцена по што треба да биде донесена одлука за која странките и јавноста ќе бидат известени.Како што посочивме и во соопштението од 18.07.2025 година, станува збор за обемен обвинителен акт со голем број докази и оштетени лица, како и 37 обвинети правни и физички лица и судот ги презема сите Законски обврски за навремена оцена со доследно почитување на правата на странките. Заради појаснување на медиумите, но и на целокупната јавност како пример ќе посочиме други обвинителни кати кои се однесувале на 30 и повеќе обвинети лица па така:Обвинителен предмет КОК ООА 21/25 во јавноста познат како „Адитив“ против 36 обвинети правни и физички лица, поднесен на 27.02.2025 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 06.05.2025 год.,Обвинителен предмет КОК ООА 5/24 во јавноста познат како „Синџир“ против 41 обвинети правни и физички лица, поднесен на 23.01.2024 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 22.04.2024 год.,Обвинителен предмет КОК ООА 10/18 во јавноста познат како „27 ми април“ против 30 обвинети лица, поднесен на 27.03.2018 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 22.06.2018 год.Односно предмети кои биле и со помал број на обвинети лица, а бил оценувани вон судска ферија и годишни одмори кои ги користат адвокатите, потребни биле околу 3 месеци за нивна оцена.Судот апсолутно го разбира интересот на јавноста за оваа постапка, но Законодавецот предвидел прецизни рокови и права кои мора да бидат испочитувани како од странките во постапката така и од судот, се со цел да не се случат пропусти во постапката кои во иднина може да ја компромитираат судскиот процес, се наведува во соопштението на судот.

Македонија | пред 5 месеци

zavoi-kocani

Support Kocani ја обезбеди третата донација на компресивна облека во износ од над два милиона денари за повредените од пожарот во Кочани

Граѓанската иницијатива Support Kocani ја реализира и третата пратка компресивна облека, наменета за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување.Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а средствата се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари.Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи корисници на компресивна облека. Во оваа донација вкупно се обезбедени 176 парчиња специјализирана компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за секој од засегнатите лица.„Благодарение на секој поединец, компанија и пријател кој се вклучи со своја донација, успеавме да ја обезбедиме оваа донација. Воедно, голема благодарност упатуваме до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 кои кои што овозможија квалитетна и навремена медицинска помош. Солидарноста и хуманоста се силата што нè движи напред,“ порачуваат од Support Kocani.Иницијативата Support Kocani и понатаму останува посветена на транспарентност, заедничка поддршка и грижа за повредените, сè додека постои потреба.

Македонија | пред 5 месеци

ARMIJA

Армијата го прослави Денот со визија за НАТО клинички центар во Штип, во мирнодопски услови би бил достапен за македонските граѓани!

Армијата на Македонија денеска прослави 33 години од своето постоење со пораки за иднината и најави за модернизацијаЦентрална свеченост што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип, беше проследена од државниот и воениот врв, а во фокусот беа пораките за безбедност, стабилност и нови планови за модернизација.Претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, истакна дека Армијата повеќе од три децении ја гради својата улога како чувар на татковината и гаранција за стабилноста. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Армијата е основа за развој и создавање на сигурна иднина за граѓаните. И опозициската СДСМ го честиташе празникот, нагласувајќи дека армиските припадници се симбол на безбедност и сигурност.Модернизација и нов кадарМинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, најави продолжување на процесот на модернизација, кој ќе опфати набавка на нови возила, униформи и хеликоптери. Дополнително, е планиран прием на 300 нови професионални војници. Овие мерки се дел од континуираните напори за усогласување со НАТО-стандардите, во кои е вклучена и набавката на оклопни возила од САД.Безбедносни ризици и евроинтеграцииСиљановска-Давкова предупреди дека застојот во евроинтеграциите претставува сериозен безбедносен предизвик не само за Западен Балкан, туку и за Европската Унија. Таа подвлече дека државата мора да ги развива своите капацитети за кризен менаџмент и да ги усогласи со оние на НАТО, имајќи предвид глобалните нестабилности.Предлог за НАТО клинички центарНа свеченоста, претседателката предложи Штип да биде избран како локација за изградба на хибриден клинички центар на НАТО. Според идејата, центарот во мирнодопски услови би бил достапен за македонските граѓани, додека во услови на конфликт би имал функција во рамките на Алијансата.ФОТО: ФБ

Македонија | пред 5 месеци

ivanovska

Кандидатката за градоначалник на Центар, Билјана Ивановска, утре ќе даде исказ во Обвинителството

Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалник на општина Центар од движењето „Независни заедно“, утре ќе се појави во Јавното обвинителство поради кривична пријава поднесена против неа. Таа изјавува дека не знае кој ја поднел пријавата и за што конкретно станува збор.Обвинителството минатата недела соопшти дека станува збор за приватна кривична пријава, поднесена на 18 февруари годинава.Во изјава за „Независен“, Ивановска нагласи дека одбила да ја прифати понудата на Обвинителството распитот да биде одложен по завршувањето на локалните избори, бидејќи тоа би можело да се сфати како политички притисок.Кривичната пријава ѝ беше врачена истиот ден кога ја објави својата кандидатура за изборите, што во јавноста беше протолкувано како политичка порака. Таа откри дека полицијата ја побарала дома, а откако не ја затекнала, самата отишла во Обвинителството за да ја подигне пријавата.„Ме повикуваат на разговор на 19 август. Немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација“, изјави Ивановска.Таа додаде дека главната цел на нејзината кампања е враќањето на моќта кај граѓаните и заштита на нивното достоинство.

Македонија | пред 5 месеци

deponija

Депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер - СОС Охрид алармира за проекти без јавна контрола

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагира на најавените измени на Правилникот за урбанистичко планирање, предупредувајќи дека тие овозможуваат реализација на одредени проекти само со урбанистички проект, без да се помине низ постапката за урбанистички план.Според иницијативата, ваквата промена ја отстранува јавната контрола и го потиснува јавниот интерес и заштитата на животната средина.Предложеното решение предвидува урбанистички проект вон опфат на урбанистички план да може да се користи за изградба на објекти од државно и локално значење – како фотоволтаични централи, мали хидроелектрани или депонии за опасен отпад. Овие проекти би се носеле врз основа на просторни планови, без задолжителна јавна анкета, без партиципативно тело и без одлука од Советот на општината.-Фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали и депонии за опасен отпад се предвидуваат со урбанистички проект, а не со урбанистички план! Урбанистичкиот проект вон опфат, како урбанистичко – планска категорија, го сметаме за тежок упад во урбанистичкото планирање и за бришење на јавниот интерес со потпис од градоначалник и министер, а предлог-измените не се во насока на корекција, туку на уште поголеми отстапки.Да појасниме, зад овој концепт се крие легализирана експлоатација на земјоделско, шумско и крајбрежно земјиште. Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план ова земјиште го претвора во градежно без да се помине целата процедура на урбанистички план што опфаќа вклучување на јавноста на неколку начина: преку јавна анкета, преку партиципативното тело и преку Советот како претставничко тело на граѓаните. Урбанистички проект вон опфат поминува само со потпис од градоначалникот или министерот, зависно дали е од локално или државно значење. Со кое право?!Правилникот е таков уште откако првпат е донесен во оваа верзија во 2020 година. Со најновите измени на член 58 став (3), се додава точка 15 со што со урбанистички проект вон опфат на урбанистички план меѓу другото се уредуваат и „други градби од државно и локално значење од групите на класи на намени В, Г, Д и Е што ги задоволуваат условите за поединечни градби, односно групи на градби и инфраструктурни градби вон населени места“.Она што фрапира е што точка 15 постоела во член 58 на правилникот од неговото донесување во 2020 година сè до 17.7.2025 година кога била отстранета. Единствена разлика е што во претходната верзија беа опфатени и градбите од класите А и Б. Дали се работи за несмасно отстранета точка пред еден месец, па сега треба да се врати назад или за нешто друго?Ако Министерството за транспорт имало намера со измените да ги елиминира штетните последици од оваа можност во правилникот, тогаш мора комплетно да ги преработи измените и целосно да ја елиминира опасноста, меѓу другото, фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали, гасоводи, нафтоводи, депонии за неопасен и ОПАСЕН отпад да може да се прават со урбанистички проект.Од „Охрид СОС“ велат дека станува збор за директен удар врз урбанистичкото планирање, бидејќи одлуките ќе се носат само со потпис на градоначалник и министер, без можност граѓаните да имаат увид или да влијаат врз процесот. Според нив, тоа ќе доведе до претворање на земјоделско, шумско и крајбрежно земјиште во градежно, без соодветна процедура и без контрола.Иницијативата бара од Министерството за транспорт да ги повлече предложените измени, нагласувајќи дека урбанистичкото планирање мора да биде транспарентно, инклузивно и партиципативно, а не да се заснова само на економски интерес на инвеститори.„Охрид СОС“ повикува јавноста да биде вклучена во процесот на донесување одлуки и институциите да ја преземат одговорноста пред граѓаните, историјата и идните генерации.фото: ФБ

Охрид | пред 5 месеци

MixCollage-18-Aug-2025-01-38-PM-4515

Борче Стаменов и д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија се добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година, која ќе им биде врачена на 26 август во Собранието.-Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во 2025 година да им се додели на Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и на доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, се наведува во соопштението..Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 26. август година во 11 часот (вторник) во Собранието на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 месеци

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Од полноќ поевтини и бензините и дизелот

Од вечерва на полноќ, бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Новата цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе изнесува 74 денари за литар, додека цената на „еуросуперот-98“ ќе изнесува 76 денари за литар.Цената на дизелот се намалува на 67,50 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 67 денари за литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,143 денари килограм и ќе изнесува 38,643 денари

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

„Скопје знае за него“ - Левица оваа недела ќе го објави кандидатот за градоначалник на Скопје

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи најави дека партијата во текот на оваа недела ќе го соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје:„Скопјани, а бе не ви е доста од истите хоштаплерски и нехаризматични сурати од двете најголеми партии, кои сакаат да се докопаат до градската власт, за да после им шибаат бизнисите и тендерите!?Не мислите дека е дојдено времето за свежа крв во главниот град на местото од овие рециклирани транзициски ликови кои се слуги на урбаната мафија?Затоа Левица оваа недела ќе го обзнани нашиот кандидат, а ваш сограѓанин, за градоначалник на Скопје.” - напиша тој објавувајќи слика со натпис „Скопје знае за кого”.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања