Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryic9ibit1iueddQlGya6

(Видео) Запленетите 40 тона марихуана биле за улиците во Македонија или Европа, а била незаконски произведувана и чувана, вели Тошковски

Марихуаната била за македонските улици или за улиците низ Европа, а била незаконски произведувана и чувана, посочи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Таа е произведувана, складирана, чувана надвор од утврдените протоколи. Неазконски е истата третирана од фирмите од каде беше одземена. Истата е во рамки на простории на МВР за да биде искористена во тек на доказната постапка“, рече Тошковски.Според него се преземаат сите чекори за да се утврди фактичката состојба.

Македонија | пред 9 месеци

media-library752h05roicf34cJytLV

По години на неактивност, Владата бара извештаи од државната комисија за борба против дроги

Владата најави дека ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги.Комисијата, формирана во 2017 година, до сега не била активна и нема постигнати резултати, поради што Владата ќе бара редовни извештаи за нејзиното работење во иднина.Ова е дел од стратегијата за засилена контрола и превенција на незаконските активности поврзани со дроги.

Македонија | пред 9 месеци

kanabis

Владата нареди вонредни контроли на сите производители на медицински канабис

На денешната 149-та седница, Владата на Република Северна Македонија разгледа информација во врска со лиценците за производство на канабис за медицински цели.Со цел да се спречи нелегално индустриско производство и пласман на канабис на домашниот и меѓународниот пазар, Владата ги задолжи сите надлежни институции да преземат законски утврдени мерки и да извршат вонредни контроли на сите правни лица кои поседуваат дозвола за одгледување и производство на медицински канабис.Институциите имаат рок о

Македонија | пред 9 месеци

media-librarysf6djr6ekrv7cPPad2X

(Видео) Старите дискотеки заминуваат во историјата, почна уредувањето на просторот за Луна парк

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека започнува расчистување на просторот наменет за изградба на Луна паркот, при што старите, бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк ќе бидат целосно отстранети.Според најавата на градоначалникот, станува збор за воведување ред и враќање на јавниот простор во функција на граѓаните, со што, како што истакна, нелегалните објекти што со години го узурпирале просторот заминуваат во историјата. Расчистувањето, како дел од пошироките активно

Скопје | пред 9 месеци

media-library85usucb7nrfndt7ylwx

Тензии во Собранието: одбиен предлогот за минимална плата, СДСМ ја напушти салата

Пратениците на СДСМ ја напуштија денешната собраниска седница откако владејачкото мнозинство одби предлог-законот за минимална плата да биде ставен на дневен ред, и покрај тоа што пред Собранието истовремено се одвиваше протестната блокада организирана од Сојуз на синдикати на Македонија со барање минималната плата да се зголеми на 600 евра и останатите плати да пораснат за 100 евра.Од СДСМ информираа дека нивната пратеничка група побарала дополнување на дневниот ред со законското решение кое ги

Македонија | пред 9 месеци

media-library0tbsmrtjnn0c9Qhos0r

Вонредни инспекции за канабис, нов паркинг за Клинички, одлучи Владата

Владата ќе спроведе вонредни контроли на сите правни лица што имаат лиценца за одгледување и производство на канабис за медицински цели, со цел спречување индустриско нелегално производство и пласман на канабис на домашниот и меѓународниот црн пазар. Ова го соопшти владината портпаролка Венера Азизи, информирајќи за заклучоците донесени на 149. седница на Владата.Како што истакна Азизи, институциите се задолжени, во рамките на своите надлежности, да ги преземат сите законски утврдени мерки и акт

Македонија | пред 9 месеци

media-library9nkgo16hcdcd9nBiyvN

Меморандум со Сингапур: Македонија го поврзува воздухопловството со светски авијациски центар

Во рамките на престижниот глобален авијациски самит „Changi Aviation Summit 2026“, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски и генералниот директор на Управата за цивилно воздухопловство на Сингапур, Хан Кок Јуан, официјализираа нов, сеопфатен Меморандум за разбирање.Овој чин, реализиран за време на посетата на г. Стојаноски како висок делегат на специјална покана од сингапурските власти, означува суштинско унапредување на билатералните односи и директно поврзување на

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2022-01-20-163627

Полицијата се вклучува во европска акција: На мета автобуси и товарни возила

Сообраќајната полиција ќе се приклучи на европската кампања за зголемена контрола на автобуси и товарни возила, која ќе се спроведува во периодот од 9 до 15 февруари, информираат од полицијата.Кампањата се реализира во координација со европската асоцијација на сообраќајни полиции, а целта е подобрување на безбедноста во сообраќајот и заштита на сите учесници, со посебен акцент на професионалните возачи.Во рамки на засилените контроли, полицијата ќе врши проверки на:техничката исправност на автоб

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryjlnc3tfhfeedaWjFAWL

Повлечени серии Аптамил формули за доенчиња

Врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил.„Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување. Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои

Македонија | пред 9 месеци

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ: Стручното мислење на експерт од Словенија не може да биде доказ во постапкатаза случајот Онкологија

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на д-р Симонида Црвенкова, оцени дека стручното мислење од словенечки експерт не може да биде валиден доказ во постапката за случајот Онкологија, бидејќи е изготвено врз основа на нецелосна медицинска документација и европски онколошки препораки што не се дел од македонскиот правен систем. Тој тврди дека македонските лекари постапуваат според домашни протоколи одобрени од Министерството за здравство и дека извештајот на обвинителството е пристрасен.„Како бра

Македонија | пред 9 месеци

media-library0s73q91qbcm11CJwwaO

Измени во урбанистичкиот правилник за поттик на инвестиции и развој

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање.Целта на истата е на најтранпарентен начин со стручната јавност да се продискутираат предложените измени и дополнувања, велат од министерството.Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да го поттикнат развојот на туризмот, енергетскиот и здравствениот сектор, преку создавање на услови за нови

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryf1fesf9aaf81cuZHfaq

(Видео) Владата ќе формира тим за истрага по заплената на 40 тони марихуана

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени 40 тони запленета марихуана и најавија детална истрага за случајот.„Денес, заедно со претседателот на владата, со директорот на Бирото за јавна безбедност и остатокот од тимот од МВР, имаме прилика да ги видиме овие 40 тони марихуана запленети во првата фаза од истрагата. Марихуаната е произведувана, складирана и чувана надвор од оние утврдени протоколи, значи

Македонија | пред 9 месеци

media-librarysa5ctmpu3097acuDYje

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради посета на Курти

Денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Скопје | пред 9 месеци

media-libraryf9gi9e312e8geutlewf

Не е возможно правосудниот испит да се полага на албански јазик, додека не се променат законите, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик мора да се решава суштински и исклучиво во рамки на Уставот и законите, нагласувајќи дека со постојната законска регулатива тоа не е возможно.Мицкоски посочи дека Уставот јасно утврдува оти официјален јазик во државата и во меѓународната употреба е македонскиот јазик, но истовремено признава и официјален јазик на заедницата која е повеќе од 20 проценти, односно албанскиот јазик. Според него,

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryv20bb6gepsal0JNGG97

Индициите упатуваат на многу поголем криминал, ова е само почеток, рече Мицкоски најавувајќи проширена истрага

Владата денеска ќе донесе задолженија за спроведување проверки и во други фирми кои се занимаваат со производство на марихуана, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека актуелната акција е само почеток на многу поширока истрага.„Не би се изненадил ако дојдеме до сто тони заплена“, изјави Мицкоски.Прашан дали марихуаната што завршила во Србија поминала преку граница како пломбиран товар, пријавен во документацијата како друг производ, Мицкоски одговори дека засега нема такви информац

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryuk2hccu240u42Ht8UqN

Јаневска: Автономијата на универзитетите не е чепната, но треба да бидат отчетни кон Владата

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека новиот закон за високото образование не ја загрозува автономијата на универзитетите, туку воведува обврска за отчетност кон Владата за средствата што ги добиваат.„Автономијата на универзитетите со овој закон никако не е чепната, но универзитетите треба да се свесни дека голем дел од нив треба да бидат отчетни кон Владата за средствата кои ги примаат од Владата. Ние во автономијата воопшто не навлегуваме но од сега натаму ќе бараме отчетност.

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryopp6j16cgu649Cxn1R6

Студентите нека не се надеваат на бесплатно високо образование

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека во моментов не постојат услови за позитивен одговор на барањата за бесплатно високо образование, посочувајќи дека станува збор за сериозна финансиска и системска тема која не може да се решава без стабилна основа.„Да работеше повеќе минатата власт, ќе можеше да дискутираме и на таа тема. Кога ќе дојде време и кога оваа држава ќе може тоа да го издржи, ќе дискутираме и на таа тема“, изјави Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за можнос

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryd8b47pvfua35c6nHj0D

(Видео) Не свирете кај Клинички, не го решавате метежот а создавате дополнителен стрес кај најранливите, алармира доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров, кој работи на Клиниката за гинекологија и акушерство, јавно апелира до возачите да се воздржат од неконтролирано и агресивно свирење на улицата Водњанска и на паркингот во Клиничкиот центар. Тој посочува дека ваквото однесување не придонесува за расчистување на сообраќајниот метеж, ниту на улицата ниту на паркингот, туку создава дополнителна бучава и стрес.„Џабе е, нема да ја расчистите гужвата ни на улица ни на паркингот со манијакално свирење“, порачува Лазаров, нагласува

Скопје | пред 9 месеци

lavrov-951

Лавров: До мир во Украина има уште долг и тежок пат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека нема простор за ентузијазам околу притисокот што американскиот претседател Доналд Трамп го врши врз Европа и Украина, нагласувајќи дека патот до мир е сè уште долг и неизвесен. Неговите пораки доаѓаат неколку дена по разговорите во Абу Даби, кои Соединетите Американски Држави, Украина и Русија ги оценија како тешки, но конструктивни, иако Москва јасно сигнализира дека конечен договор ќе биде исклучително тешко да се постигне.Русија,

Свет | пред 9 месеци

media-libraryd4ol2p1100lcfVMwKKm

Пуштени семафорите на „црната точка“ кај училиштето „Љубен Лапе“

Семафорите на крстосницата на улица „Васко Карангелевски“ со улица „Ангел Димовски“, во близина на училиштето „Љубен Лапе“, се пуштени во нормална работа. Оваа раскрсница долго време беше сметана за „црна сообраќајна точка“ поради честите сообраќајни несреќи, особено во текот на минатите месеци.Граѓаните, особено родителите на учениците од „Љубен Лапе“, претходно реагираа дека раскрсницата е небезбедна и бараа ревидирање на сообраќајното решение. Со пуштањето на семафорите, се очекува значително

Скопје | пред 9 месеци

media-library68lqudr5j7e8cXu0JBy

Студентите во студ, струја и натаму нема: што го предизвика прекинот кој трае повеќе од 24 часа?

И по повеќе од едно деноноќие, во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид сè уште нема електрична енергија, а студентите остануваат без основни услови за престој. Од управата на домот нема конкретни информации за причините за прекинот, ниту пак одговор на телефонските повици и барањата за појаснување од јавноста.Единствената достапна информација е јавната објава дека проблемот треба да биде решен во текот на денешниот ден, но без прецизирање кога настанал дефектот, зошто дошло до прекин и во ко

Охрид | пред 9 месеци

media-libraryq7jvrte2iq6i8TLoH7a

„Грокипедија“ на Илон Маск го претставува Гоце Делчев како Бугарин

Контроверзна содржина поврзана со Гоце Делчев се појави на „Grokipedia“, платформа што се претставува како АИ-верзија на Википедија и е поврзана со компаниите на Илон Маск. На страницата посветена на Делчев, револуционерот е опишан како „бугарски револуционерен лидер“, при што целосно се игнорира македонската историографска и научна традиција која го третира како централен лик на македонското националноослободително движење.Во објавениот текст, „Грокипедија“ го става акцентот на образованието на

Македонија | пред 9 месеци

odzak-zapalen

Гази Баба субвенционира чистење на оџаци – по 1.200 денари за секое домаќинство

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово информираше дека е објавен Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците во своите домаќинства.„Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ10 и ПМ2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на животната средина“, истакна Стефковски во објавата на Фејсбук.Висината на субве

Скопје | пред 9 месеци

netanjahu

Израелскиот премиер бара ограничување на ракетните и терористичките активности на Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе отпатува во Вашингтон за да се обиде да влијае врз текот на преговорите со Иран, во момент кога Техеран сигнализира подготвеност за ограничени отстапки, но го одбива разговорот за ракетната програма.Нетанјаху, како што јавува „Тајмс оф Израел“, ќе се сретне со американски официјални лица и им изјавил дека неговата цел е да „врши влијание врз преговорите со Иран“.Според израелскиот функционер, премиерот смета дека секој договор не само што треба да го спр

Свет | пред 9 месеци

media-librarybrg8t16mqv1c3yGAniB

Интензивно хортикултурно уредување во Ново Лисиче – зеленило, цвеќе и нов плочник

Комуналните екипи на Општина Аеродром спроведуваат интензивно хортикултурно уредување на една од најфреквентните локации во населбата Ново Лисиче, што се наоѓа во делот меѓу станбените згради, паралелно со булеварот „Видое Смилевски-Бато“.Како што информираа од Општина Аеродром преку социјалните мрежи, за првпат по подолг период, се засадува ново зеленило, декоративни растенија и цвеќе, се оформуваат тревни површини и се уредува просторот со цел да се создаде пријатна и уредна урбана целина.Прос

Скопје | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања