Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

migranti_kola

Уапсен Албанец кој криумчарел мигранти од Египет и Судан

На 08.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(21) од Албанија. Околу 01:55 часот на излез од Гевгелија кон автопатот А1, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од Б.С. и при контрола било утврдено дека во возилото превезува пет лица мигранти, од кои четири од Египет и еден од Судан. По документирање на случајот, ќе биде поднсена соодветна пријава

Македонија | пред 9 месеци

media-library9vdd0vlq5cqs3wLxE2Y

Уапсен струмичанец кој вршел измами за лажни сообраќајки и операции, му нашле над 15.000 евра

На 07.02.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.В.(38) од Струмица. Тој се сомничи дека на 06.02. и 07.02.2025 година во два наврати учествувал во извршување на кривични дела измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица. Имено, откако едно лице им се јавувало на фиксни телефонски броеви на пријавителките и претставувајќи се како медицинско лице у

Македонија | пред 9 месеци

media-library4onh518qipl0bsfoi1v

Петрушевски: Заев и Филипче вмешани и во последниот случај со заплена на марихуана, дали Заев се интересирал во државни институции и за запленетата марихуана во Србија?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе сериозни обвинувања на сметка на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поврзувајќи ги со, како што рече, низа скандали и сомнежи за криминал поврзани со производство и трговија со марихуана.Петрушевски изјави дека, според ВМРО-ДПМНЕ, името на Зоран Заев се појавува во речиси сите случаи во кои постои сомнеж за криминал, заедно со Венко Филипче, кого го нарече негов близок соработник. Тој оцени

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е заробена партија

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска остро ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека партијата функционира како „заробен систем“ управуван од еден човек – лидерот Христијан Мицкоски.Според СДСМ, со последните одлуки Мицкоски ги отстранил сите потпретседатели и целосно ја укинал внатрепартиската рамнотежа, воспоставувајќи авторитарен модел на раководење во кој, како што тврдат, сите одлуки зависат исклучиво од него. Како дел од тие промени, од функциите биле тргнати Тимчо Муцунски, А

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryod8jha00559t6yk7q50

Димитријевиќ: Одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога води директно до врвот на власта

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција нагласи дека одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на власта, затоа цела недела нема информации, а а јавноста е сведок на организирана владина медиумска кампања  за дефокусДимитријевиќ посочи дека цела недела нема одговор на клучното прашање, како толкава количина дрога поминала преку македонската граница и кој ќе одговара за тоа.„

Македонија | пред 9 месеци

media-library0j0rimdeo8383mlg4u1

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродорм Стенковец.„Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни

Македонија | пред 9 месеци

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ: Пет тони дрога не минуваат граница без политичка заштита

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира дека и по една недела од заплената на пет тони дрога во соседна Србија, која според информациите потекнува од Македонија, јавноста сѐ уште не добива одговори како толкава количина наркотик поминала преку македонската граница.Од СДСМ прашуваат како е можно пет тони дрога да бидат транспортирани преку граничните премини без никој да понесе одговорност, потенцирајќи дека државата располага со системи како „Сејф сити“, скенери, мобилна царина и редовн

Македонија | пред 9 месеци

media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

ВМРО-ДПМНЕ до Заев: Го браниш својот криминал кој се запленува во форма на дрога во родната Струмица

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на јавниот статус на поранешниот премиер Зоран Заев, обвинувајќи дека тој, како што наведуваат, се јавил во одбрана на криминал поврзан со големите заплени на дрога во струмичкиот регион. Од партијата тврдат дека последните денови јавноста сведочи на конфискација на значителни количини дрога која, според нивните наводи, потекнува од фирми и лица блиски до Заев и неговото политичко опкружување.„Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СД

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykdobgsm4jilr9zopxjB

Над две третини од запленетата дрога во Струмица поврзани со фирми блиски до СДС и Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе сериозни обвинувања во врска со големата заплена на дрога во струмичкиот регион, оценувајќи дека случајот по своите размери и начинот на функционирање потсетува на најмрачните периоди од светската криминална историја. Според партијата, над две третини од вкупно 27 тони запленета марихуана се поврзуваат со фирма блиска до СДС и до поранешниот премиер Зоран Заев.„Струмица како Колумбија, над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма блиска на СДС и Зоран ЗаевСкандалот со

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryrihvs9fumart7TOhgYL

Српски медиуми тврдат: Даниел Кајмакоски киднапиран во Белград, наводно барани 20.000 евра

Десетина српски портали објавија дека македонскиот пејач Даниел Кајмакоски е киднапиран во Белград, повикувајќи се на српски Курир. Според објавените тврдења, инцидентот се случил во близина на Бетон хала, каде, како што се наведува, Кајмакоски бил присилно внесен во автомобил.Според написите, непознати лица го врзале и го возеле во неговото возило, при што од него наводно барале сума од 20.000 евра. Извор за „Курир“ тврди дека осомничените се странски државјани и дека не е исклучена можноста да

Свет | пред 9 месеци

saso-klekovski

Клековски: Дебатата за минималната плата се води со погрешни споредби, Македонија не е на дното

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, вели дека јавната расправа за минималната плата во земјава е оптоварена со погрешни споредби и неточни заклучоци, при што, како што оценува, се „мешаат баби и жаби“. Во контекст на барањата минималната плата да достигне 600 евра нето и тврдењата дека Македонија е на дното во регионот, Клековски посочува дека клучниот проблем лежи во мешањето на нето и бруто платите, како и во игнорирањето на паритетот на куповна моќ.Тој

Коментари | пред 9 месеци

zaev-2

Се огласи Заев, се закани со тужба: Не сум поврзан со канабисот, немам облакодери во Дубаи, ниту сум вршел притисок на Жан Митрев

Експремиерот Зоран Заев јавно ги демантира, како што ги оценува, лагите и клеветите што, според него, со години ги пласира ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, партиските портпароли и медиуми блиски до партијата. Тој истакнува дека веќе пет години е целосно надвор од политиката, откако поднел оставка од сите политички и државни функции, но и покрај тоа, неговото име, како што вели, континуирано се злоупотребува во јавноста.„Веќе пет години сум надвор од политиката, откако поднесов оставка од сите

Македонија | пред 9 месеци

media-librarymabr7ksfgr4acNB2T6r

Под возачко седиште кокаин, во презерватив марихуана, ДНК-траги и „снепчет“ комуникација: Обвинителството докажува вина кај Штекли

ДНК траги, скриена дрога и „Снепчет“ комуникација: цилиндрична кутија и кесичка со кокаин најдени под возачко седиште, траги од крв на кесички со дрога, листи од телефонска комуникација меѓу дел од обвинетите и марихуана скриена во презерватив се дел од материјалните докази што денеска се презентираат пред судот во постапката за нарко-групата на Раде Трајковски – Штекли.Пред судот се изведуваат докази поврзани со претрес на патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryvaj191t0469hbWksSvL

Нестабилно време со врнежи и пад на температурите

Денеска времето е променливо облачно. Претпладне има повремени локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови врнежите се од снег. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој е поизразен долж Повардарието.Во Скопје времето е променливо облачно, со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Утре времето е облачно, со повремени врнежи од дожд кои се поинтензивни во југоисточните делови од земјата, додека на пла

Македонија | пред 9 месеци

nciekfkwrml819bwf0tg

Парадоксот на биткоинот: Зошто цената паѓа и кога има побарувачка

Биткоинот има строго ограничена понуда и никогаш нема да надмине 21 милион монети, што со години се истакнува како неговата клучна вредност и основа за споредбата со „дигитално злато“. И покрај тоа што бројот на биткоини е фиксен, пазарот овозможува тргување со изложеност чија вкупна вредност повеќекратно ја надминува реалната количина на постоечките монети.Токму тука се создава парадоксот: биткоинот истовремено е средство со ограничена понуда и пазар на кој изложеноста може да се создава и укин

Свет | пред 9 месеци

makedosnki-vojnik

Случаи на шуга во касарната во Велес: војниците пуштени дома, се отворија прашања за условите и хигиената

Кај најмалку двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест шуга, информираа од Канцеларијата за воени односи со јавноста при Генералштабот на Армијата, во координација со Министерството за одбрана. Како превентивна мерка, сите новопримени професионални војници кои се обучуваат во Командата за обука и доктрини викендов се пуштени дома, а во понеделник во касарната треба да се вратат сите, освен двајц

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryak15htu5rbsccjBORE1

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети изнесени во јавноста од страна на опозициската СДС, која тој ја оцени како полу распадната партија и воедно со јавноста сподели и прикажа дека го поседува највисокиот национален безбедносен сертификат – државна тајна, кој патем е издаден во времето на СДС и ДУИ.„Во делот на НАТО

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykdtnl4ipddmncXC89I0

САД и Бугарија ги запленуваат домените на ArenaBG, Zamunda и Zelka во координирана акција

По повеќе од две децении опстојување под постојан правен и политички притисок, најпознатите бугарски сајтови за споделување фајлови, периодов се соочуваат со најсериозен удар досега. Во, како што се оценува, координирана меѓународна операција, органите за спроведување на законот од САД и Бугарија ги запленија домените ArenaBG.com, Zamunda.net и Zelka.org, со што овие страници стануваат недостапни за корисниците.Посетителите на трите платформи, наместо содржината затекнуваат банер за заплена, на

Свет | пред 9 месеци

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Непознатото име што ги менува односите меѓу САД и Европа

Иако ретко се појавува во јавноста и речиси е непознат надвор од тесните политички кругови во Вашингтон, Енди Бејкер станува една од клучните фигури во креирањето на надворешната политика на Републиканската партија. Како заменик-советник за национална безбедност во Советот за национална безбедност на САД, тој има сè поголемо влијание врз одлуките на Белата куќа, особено преку блиската соработка со потпретседателот Џеј Ди Венс. Според „Политико“, токму Бејкер стои зад дел од најконтроверзните ста

Свет | пред 9 месеци

media-libraryesms3nf31g9j1nLGof4

Илјадници се собраа кај Бранденбуршката порта во поддршка на народот на Иран

Илјадници луѓе денеска демонстрираа во Берлин во знак на поддршка на иранското национално востание, на денот кога се одбележува годишнината од револуцијата во Иран од 1979 година, со која беше соборена монархијата. Собирот следува по националните протести во Иран што започнаа во декември поради економски тешкотии, а брзо добија политичка димензија и беа задушени во најжестокиот судир со безбедносните сили од Исламската револуција наваму.Според берлинската полиција, околу 8.000 луѓе се собрале ка

Свет | пред 9 месеци

IMG_4867

Без возачка – без возило: за пет дена одземени 21 автомобил низ државата

Во периодот од 1 до 5 февруари 2026 година, на територијата на целата држава, по насоки на јавен обвинител, одземени се вкупно 21 возило, информира Министерство за внатрешни работи во одговор за „Скопје1“.Од МВР појаснуваат дека возилата биле управувани од лица кои немале положено возачки испит, односно управувале без возачка дозвола, што претставува тешко прекршување на сообраќајните прописи.Одземањето на возилата се врши согласно измените на Законот за прекршоци, со кои е предвидена построга с

Македонија | пред 9 месеци

ukraina-kiev-1

Рекорден број пријавени силувања во руската област Белгород, најмногу во целата земја

Руската област Белгород во 2025 година бележи рекорден број пријавени силувања, повеќе од кој било дел во земјата. Според податоците на проектот „Биди прецизен“, полицијата во Белгород регистрира 199 случаи на силување, што е речиси трипати повеќе во споредба со претходната година. Независниот руски портал „Верстка“ наведува дека станува збор за највисока бројка забележана во оваа област уште од 2008 година.Податоците на Министерството за внатрешни работи на Русија покажуваат дека бројот на приј

Свет | пред 9 месеци

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека најавената заплена на 40 тони марихуана, масло од канабис и биомаса од страна на Министерството за внатрешни работи не го одговара клучното прашање – кој дозволил пет тони дрога да поминат преку македонската граница.Од СДСМ оценуваат дека власта води медиумска кампања за дефокусирање на јавноста, додека МВР молчи за одговорноста на институциите. Според партијата, за транспорт на пет тони дрога потребни се повеќе камиони, што, како што наведув

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryshum7vlh2lco1nPXhKL

Иран во нов бран протести, отстапките на режимот не го смируваат народот

Нов бран народен гнев се шири во Иран, каде граѓаните, револтирани од масовните убиства на демонстранти минатиот месец, сè поотворено му пркосат на режимот и покрај заканите со одмазда. Ожалените семејства, студентите и здравствените работници учествуваат во протести и тивки акти на непослушност, додека властите продолжуваат со масовни апсења.Погреби и комеморации низ земјата се претворија во собири на отпор, на кои се извикуваат слогани против врховниот лидер Али Хамнеи. Протести и бојкоти се б

Свет | пред 9 месеци

media-library465pivf4os151y257RZ

Орбан: Добив покана за седница на Одборот за мир на Трамп во Вашингтон

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во саботата најави дека „за две недели“ ќе отпатува во Вашингтон, каде што ќе присуствува на инаугуративниот состанок на „Одборот за мир“, иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на вооружените судири во светот.Говорејќи на предизборен собир во Самботел, во западна Унгарија, во пресрет на парламентарните избори во април, Орбан изјави дека добил официјална покана за повторна средба со американскиот претседател. Според неговите зборови,

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања