Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library4097e5t1147h6PuE8ww

Родителите на дел од загинатите во „Пулс“: Спомен-обележјето не е за оплакување, туку за почит и сеќавање кон децата

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, основано од родителите и семејствата на трагично загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“, јавно реагира на петицијата што деновиве се промовира преку социјалните мрежи и дел од медиумите, а која се однесува на предложената локација за спомен-обележје на улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.Од здружението посочуваат дека имаат обврска јасно да укажат на неколку клучни факти кои, како што наведуваат, се во директна спротивност

Македонија | пред 10 месеци

badnik-i-bozhikj-praznici-na-semejstvoto-214496

Лепчето со паричка – на Бадник или на Василица: што вели традицијата

Лепчето или питата со паричка е еден од најпрепознатливите обичаи во македонската народна и православна традиција, но со текот на времето сè почесто се поставува прашањето дали таа се крши на Бадник или на Василица. Иако денес постојат различни практики, етнолошките и црковните толкувања укажуваат на јасна разлика меѓу овие два празника и нивното значење.Во најголемиот дел од Македонија, според старата народна традиција, лепчето со паричка се крши на Василица, на 14 јануари, односно на денот пос

Македонија | пред 10 месеци

media-librarysg32rpfbia6l0UWb02m

Пресврт: Американското обвинителство се откажа од тезата дека Мадуро водел „нарко-картел“

Американското Министерство за правда се откажа од една од најконтроверзните и најчесто повторувани тврдења што со години ја следеа политиката на администрацијата на Доналд Трамп кон Венецуела – дека претседателот Николас Мадуро бил водач на наводен нарко-картел познат како „Картел де лос Солес“ (Картел на сонцата).Оваа теза беше централна во обвинението поднесено во 2020 година и служеше како основа групата да биде прогласена за терористичка организација – најпрво од американското Министерство з

Свет | пред 10 месеци

media-library45u48gk628ql433HmOL

САД ја укинаа препораката за задолжителна вакцинација на децата против грип и уште три болести

Соединетите Американски Држави ја укинаа долгогодишната препорака сите деца да се вакцинираат против грип и уште три заразни болести, што претставува значаен пресврт во американската здравствена политика и чекор кон реализација на долгогодишните заложби на министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди.Со новата одлука се повлекуваат универзалните препораки за вакцинација на децата против ротавирус, грип, менингококна болест и хепатитис А. Наместо тоа, родителите се повикуваат да донесуваат одлуки по

Свет | пред 10 месеци

media-library4t785b7ibsru8dPnv3B

Од преговори до апсење: Како Трамп за шест месеци ја смени стратегијата кон Мадуро

Само шест месеци пред да испрати американски сили за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, американскиот претседател Доналд Трамп всушност настојувал да постигне договор со Каракас, а не насилно да го собори режимот. Како што објавува The Wall Street Journal, на состанок во Овалната соба во јули, Трамп им порачал на своите советници дека сака да продолжат преговорите со власта на Мадуро, со цел да се склучи спогодба која би им дала приоритет на американските нафтени компании.По сер

Свет | пред 10 месеци

media-libraryesk5h62s5mth33aYbYF

Божиќна порака од претседателката: Да ги отвориме срцата и да го градиме доброто општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат овој светол ден, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан, како и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев.Во честитката, претседателката истакнува дека Рождеството Христово е денот на раѓањето на Богомладенецот и Спасителот на светот, во кого се споиле бож

Македонија | пред 10 месеци

media-librarysum6llsaumf23sSza9P

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајки

Ледените временски услови денес опфатија делови од Европа, а снегот и мразот доведоа до откажување на стотици летови во Холандија и до петмина загинати на француските патишта.Внатрешниот железнички сообраќај во Холандија утрово беше целосно запрен, откако прекин во ИТ-системот ги влоши веќе постојните проблеми во железничката мрежа. Возовите почнаа делумно да сообраќаат по неколку часа, но нарушувања и понатаму имаше во регионот околу Амстердам, една од најпознатите туристички дестинации.Откажан

Свет | пред 10 месеци

media-librarydd62f77tkvnkfTbFVYS

Македонија останува надвор од ЕУ-роаминг зоната, додека Украина и Молдавија веќе зборуваат „како дома“

Додека европската зона без роаминг одлучно се проширува, Македонија, заедно со Србија и Босна и Херцеговина, останува на чекање. Украина и Молдавија веќе од 1. јануари 2026 година станаа полноправен дел од режимот „Roam Like at Home“, со што нивните граѓани добија можност да користат мобилни услуги низ ЕУ без дополнителни трошоци.Овој премин значи дека Украинците и Молдавците – и обратно, граѓаните на ЕУ кои патуваат таму – од сега плаќаат исто како дома за повици, пораки и мобилни податоци. Одл

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryqnlp874d96gr3BxtArg

Самопрогласен хипнотерапевт во Франција ги дрогирал, a потоа ги силувал жените, почна судењето

На југот на Франција започна судење на маж обвинет дека со години ги дрогирал и сексуално злоупотребувал жените, како и дека дел од нападите тајно ги снимал, пренесува BBC.Станува збор за Сирил Затара, наставник по танц и самоук хипнотерапевт, кој е обвинет за силување на 14 жени во период од десет години, како и за тајно снимање на околу 20 други жени. Затара е во притвор од 2021 година, а според BBC, признал вина за 10 точки од обвинението што се однесуваат на силување.Судење зад затворени вра

Свет | пред 10 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-46-0730PM

Прегазен пешак во Гостивар, повредени тинејџери во Скопско – две тешки сообраќајни несреќи за еден ден

Во текот на 5 јануари се случиле две сериозни сообраќајни несреќи во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, меѓу кои и малолетници.Во село Бојане, скопско, 47-годишен возач од тетовското село Рогле управувајќи возило „Ауди“ со италијански регистарски таблички изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид. Во несреќата тешко бил повреден 17-годишен сопатник од Тетово, а 14-годишна сопатничка се здобила со телесни повреди. Повредените се пренесени во Клиничката болница во Тетово и на Клиники

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj

Европските лидери директно до Трамп: „Гренланд им припаѓа на неговите жители, само Данска и Гренланд одлучуваат за неговата иднина“

Европските лидери штотуку објавија заедничка изјава во која порачуваат дека Гренланд им припаѓа на неговите жители и дека исклучиво Данска и Гренланд имаат право да одлучуваат за неговата иднина. Изјавата беше објавена откако американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот клучен советник Стивен Милер изминатите денови повторно го отворија прашањето за евентуално американско преземање на овој арктички териториј.Изјавата следува откако Трамп во интервјуа порача дека Соединетите Држави „имаат по

Свет | пред 10 месеци

media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

И во Швајцарија фатални пропусти на институциите: Пет години без контроли во барот во Кран-Монтана каде што загинаа 40 лица

Новите информации за катастрофалниот пожар во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот алпски центар Кран-Монтана откриваат сериозен системски пропуст: објектот не бил подложен на ниту една редовна безбедносна и противпожарна инспекција цели пет години — од 2020 до 2025 година.Ова официјално го потврди градоначалникот Никола Феро, кој на прес-конференција призна дека општината не била свесна дека задолжителните контроли престанале да се спроведуваат. „Искрено жалиме поради овој пропуст,“ изјави

Свет | пред 10 месеци

media-libraryie9gigosmruh92pMbWy

„Данска ја зајакна безбедноста на Гренланд со уште една санка за кучиња“, рече Трамп, ЕК предупреди дека анексијата на островот ќе значи крај на НАТО

„Дали знаете што направи Данска неодамна за да ја зајакне безбедноста на Гренланд? Додадоа уште една санка за кучиња.“Со оваа подбивна изјава американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја разгоре дебатата околу идниот статус на Гренланд — автономна територија на Кралството Данска, која за Вашингтон има сериозно стратешко значење.Трамп отворено изјави дека САД „имаат потреба од Гренланд“ поради националната безбедност и дека островот е клучен за контрола на Арктикот, особено во услови кога,

Свет | пред 10 месеци

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Шок во Борча: Пиштол од дедото, куршум во соседот, малолетник осомничен за обид за убиство

Малолетно лице на возраст од 16 години е уапсено поради сомнение дека ранило 19-годишен тинејџер во населбата Борча, Србија.Според неофицијални информации, осомничениот пукал со пиштол кој му припаѓал на неговиот дедо.Напаѓачот и повредениот, како што се наведува, биле соседи, а причина за настанот била претходна расправија меѓу 19-годишниот Маринко К. и двајца соседи.Полицијата го идентификувала и уапсила осомничениот синоќа. Станува збор за малолетник со иницијали Б. Ш. (16), против кого е под

Свет | пред 10 месеци

Putin90099

Трамп за половина час направи тоа што Путин не може за четири години

Брзата американска операција во Венецуела, во која силите на САД го уапсија долгогодишниот лидер Николас Мадуро, нанесе сериозен политички и симболичен удар врз Русија на Владимир Путин и ги разоткри слабостите на Кремљ како сојузник, пишува „Политико“ (Politico) во опсежна анализа на глобалните последици од овој потег.Толку од Путиновиот концепт за меѓусебна заштита на авторитарните режимиКако што се наведува во анализата, американскиот претседател Доналд Трамп покажа дека Путиновиот концепт за

Свет | пред 10 месеци

media-librarymvdc02phtbl7fk6KvoN

(Видео) Куќи и возила под вода, поплави во Херцеговина

Излеани реки, поплавени куќи и возила, проблеми со струјата. Поплавите пустошат во Херцеговина.Граѓаните се уплашени од свлечиштата на земјиштето и од прогнозите за нови, уште пообилни врнежи од дожд.Според метеоролозите локално се очекуваат повеќе од 200 литри дожд на квадратен метар, што може да предизвика нови проблеми.Потсетуваме дека толкава количина на врнежи од дожд е забележана во есента 2024 година, кога последиците во БиХ беа трагични со 27 смртни случаи.

Свет | пред 10 месеци

media-librarysgico3dcdnpvabcTvWd

(Видео) Мачадо ја пофали акцијата, но Трамп е јасен: „Таа нема да ја води Венецуела, народот не ја сака“

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која минатата година со месеци се криеше, изјави дека е благодарна за акцијата на Доналд Трамп во Венецуела, нарекувајќи ја „огромен чекор за човештвото, за слободата“.Таа го пофали американскиот претседател Доналд Трамп поради апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро. „Трети јануари ќе влезе во историјата како ден кога правдата ја победи тиранијата“, изјави Мачадо синоќа за Фокс њус.„Ова е пресвртна точка“, рече таа во видео-клип од и

Свет | пред 10 месеци

media-librarygi2o542feiqv4JXh7ez

Мирот почнува дома: Што се прави, а што се избегнува на Бадник

Во христијанската народна традиција постојат бројни верувања и обичаи поврзани со најсветлиот празник – Божиќ, празникот над празниците, кој го симболизира раѓањето на Исус Христос. Во пресрет на оваа најрадосна вест, ден пред Божиќ се слави Бадник – ден на бдеење, тишина и исчекување на Христовото раѓање.„Кај и да си за Бадник и Божиќ дома да си!“, гласи познатата народна изрека, која ги отсликува вредностите што ги носат овие празници: семејството, заедништвото, љубовта и светлината во човечка

Македонија | пред 10 месеци

media-library56ijk1ms0g8aa7EMewh

Украина не е воодушевена: Дали апсењето на Мадуро е руско-американски договор кој ја комплицира глобалната политичка сцена?

По апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, светската јавност интензивно го анализира настанот и неговите можни последици врз регионалната и глобалната политика.По неколку дена, јасно е дека станувало збор за прецизно испланирана операција чија главна цел била приведување на Мадуро и неговата сопруга. Операцијата беше спроведена без класична копнена инвазија и без нанесување сериозна воена штета на Венецуела.Руски–американски договор?Паралелно со шпекулациите дека Мадуро бил „предаден“, с

Свет | пред 10 месеци

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје поради „Бадниковите поворки“

По повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје денеска ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.Од тие причини Единицата за безбедн

Скопје | пред 10 месеци

media-libraryjoq4o1us0tg458Hc2iP

Сопругата на Мадуро има повреди во пределот на ребрата: Пред судот во Њујорк рече - „Не сум виновна, тие дела не се мои“

Силија Флорес, сопруга на поранешниот претседател на Венецуела Николас Мадуро, во своето прво појавување пред федералниот суд во Њујорк изјави дека не е виновна за обвиненијата што ѝ ги припишуваат американските власти. Таа беше уапсена заедно со Мадуро по операцијата на САД во Венецуела и моментално се соочува со низа сериозни обвиненија.На рочиштето, нејзиниот адвокат соопшти дека Флорес претрпела телесни повреди при апсењето и дека има модринки во пределот на ребрата. Тој додаде дека таа ќе д

Свет | пред 10 месеци

grenland

Сè би можело да започне со објава на Truth Social: Едно ценарио како Трамп би можел да го анектира Гренланд и да го доведе НАТО во криза

Во безбедносните кругови во Копенхаген веќе постои детално разработено сценарио за тоа како Доналд Трамп би можел да се обиде да го преземе Гренланд – територија што формално е дел од Кралството Данска. Според проценките, сè би можело да започне со објава на Truth Social, во која американскиот претседател би прогласил дека островот станува „протекторат“ на САД. Со ваков потег би се довела во апсурдна ситуација алијансата НАТО – затоа што една нејзина водечка членка би тврдела дека има суверено п

Свет | пред 10 месеци

vucic-41421

Вучиќ од Требиње: Подобро еден ден живот како сокол, отколку како 100 години како глушец

Александар Вучиќ во Требиње кажа дека како држава нема молчат, да се додворуваат или да се срамат од вистината. Тој вети дека Србија ќе направи сè што е можно за да го зачува мирот во регионот, и покрај, како што оцени највалканата кампања што се води против неговата земја од Приштина и Загреб, од Сараево и Подгорица.Ова тој го кажа во говор во Требиње, Република Српска. Присутен беше и поранешниот претседател на српскиот ентитет, Милорад Додик.„Ќе се грижиме да го зачуваме мирот. Мали сме, не

Свет | пред 10 месеци

media-libraryabgblhiv5mg4epP6Guc

Коледе, леде: Бадник – Ден на радосната вест!

Денес е Бадник – ден исполнет со радост, молитва и тивка возбуда пред празнувањето на Христовото раѓање. Православните верници го одбележуваат овој ден како вовед во Божик, еден од најголемите христијански празници, посветен на раѓањето на Исус Христос и на надевањето за нов почеток, мир и благосостојба.Од раното утро низ населбите, дворовите и зградите одекнуваат коледарски песни. Децата со радосни лица тропаат на вратите и ја носат веста за празникот, пеејќи и посакувајќи здравје, среќа и бери

Македонија | пред 10 месеци

sneg1

Од Божик, постудено со дожд и наместа снег

Денеска, во најголемиот дел од земјава ќе биде облачно со температури околу 10–14°C; локално се можни краткотрајни попладневни врнежи во западните и северозападните краишта.Од Божик, Македонија влегува во поладен и влажен период поради продор на студен воздух од север. Врнежите од дожд кои се очекуваат деновиве во одредени делови на Македонија, постепено ќе се претворат во снег, најпрво на повисоките населени места и планини, а потоа и во градовите.Температурите од 8 јануари, нагло ќе опаднат,

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања