Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryd9pops6u80lj6lr8Cyw

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со серијата директни средби со граѓаните и презентацијата на отчетот за работата на своите избрани и именувани функционери во Владата и Собранието.На панел-дискусија во Велес, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача дека политиката, според него, треба да биде во функција на државата и интересите на граѓаните, а не борба за позиции.„Не влеговме во Владата за фотелји. Влеговме затоа што веруваме дека Македонија може да биде подобро место за

Македонија | пред 1 месец

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

Филипче: Огромната буџетска дупка е резултат на катастрофалното управување на Мицкоски

Огромната буџетска дупка е резултат на катастрофалното управување на Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Струга. Филипче посочи дека проблемот со Буџетот веќе не е само проекција, туку состојба која се реализира порано од предвиденото.„Огромна е дупката во Буџетот која што се создава и која што според промашените проекции на оваа власт веќе сега се реализира, иако таа дупка требаше да биде проекција до крајот на годината, за жал, има нови задолжувања кои што ги

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

(Видео) Инцидент во Унгарија: Маж истури пијалак врз премиерот Петер Маѓар

Инцидент се случил за време на фестивал во унгарскиот град Сексард, каде маж истурил вино врз унгарскиот премиер Петер Маѓар.Маѓар, кој присуствувал на „Сексардските денови на бербата“, објавил видео од инцидентот на својот профил на Фејсбук. На снимката се гледа како маж со чаша во раката му истура пијалак на Маѓар додека тој се наоѓа покрај штанд со храна.По инцидентот, обезбедувањето реагирало и го одвело мажот од местото, додека Маѓар продолжил да разговара со присутните и да нарачува храна.

Свет | пред 1 месец

media-libraryrj7tq889vtg65qMiQkM

Крадец провалил во кафуле во Германија, но не ја допрел касата – украл торта и сладолед

Необична кражба се случила во кафуле во германскиот град Бад Залцуфлен. Непознат крадец провалил во објектот, но наместо пари од касата, со себе однел торта и две пакувања сладолед.Провалата се случила во ноќта меѓу петок и сабота, околу 2:30 часот, во кафуле на улицата Паркштрасе, во непосредна близина на градскиот бањски парк.Од полицијата во Липе соопштиле дека провалникот од кафулето однел „необичен плен“ – една торта и две кутии сладолед.Според германската агенција ДПА, крадецот воопшто не

Свет | пред 1 месец

media-library6e42aqrvhlkk4upjTP4

Филипче: Владата внесува кинески пари и ги поткопува партнерствата со САД и ЕУ

Владата внесува кинески пари и ги поткопува партнерствата со САД и ЕУ, предупреди во претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава од Струга. Филипче посочи дека на САД добро им се познати политики на Мицкоски, кои се спротивни на стратешкото партнерство. „Очигледно е дека Американската администрација добро знае дека Христијан предводи Влада која што во земјава носи кинески пари, спротивно на заедничките наши интереси на нашиот партнер со Соединетите Американски Држави“, рече Фил

Македонија | пред 1 месец

101013308-147590

17-годишна девојка загина во сообраќајка кај Битола, четворица тешко повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила на патот Битола–Прилеп, кај местото викано „Туланата“, при што животот го загубила 17-годишна девојка.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 19 септември 2026 година во 18:29 часот во СВР Битола. Во несреќата учествувале патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф. (28) од село Канатларци, прилепско, и патничко возило „форд“, исто така со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (48) од село Долно Српци, оп

Македонија | пред 1 месец

media-librarysfb0mrdknnhr8ORrY5B

Швајцарка уапсена во Куманово, попречувала полицајци при службени дејствија

Шеесет и петгодишна државјанка на Швајцарија е лишена од слобода во кумановското село Проевце, откако спречувала полициски службеници во извршување на службени дејствија и се однесувала агресивно кон нив.Според информациите од МВР, случајот се случил на 19 септември 2026 година околу 23:40 часот.Полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.К. (65) од Швајцарија, поради нејзиното однесување и попречување на полицајците при извршувањето на службените дејствија.Од полицијата информир

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Пијан Мексиканец уапсен во Ѓорче Петров: Нападнал полицаец со тврд предмет

Триесет и едногодишен државјанин на Мексико е лишен од слобода во Скопје, откако одбивал да се легитимира, се однесувал агресивно и физички нападнал полициски службеник.Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 19 септември во 21:00 часот, во парк во Ѓорче Петров, каде што се одржувала манифестација.Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.И.Б.Л. (31) од Мексико, откако тој одбивал да се легитимира и се однесувал агресивно. Потоа, додека полицаецот извршувал службени д

Скопје | пред 1 месец

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Жена пријавила физички напад и недозволено допирање во угостителски објект во Гази Баба

Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната и недозволено допирана од едно лице во угостителски објект на подрачјето на општина Гази Баба.Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 19 септември 2026 година во 20:00 часот во СВР Скопје.Жената пријавила дека во угостителскиот објект била ангажирана заедно со нејзината мајка за вршење хигиеничарски услуги, кога едно лице физички ја нападнало и ја допирало по телото.Од СВР Скопје информираат дека се п

Скопје | пред 1 месец

1120507507

ЦУК со пресек на пожарите: Еден под контрола, два изгаснати

Во текот на денешниот ден, до 13:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно три пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.Од нив, нема активни пожари, еден пожар е под контрола, додека два се целосно изгаснати.Пожарот кој е под контрола е на подрачјето на општините Македонски Брод и Сопиште, поточно во месноста Кајорец кај селото Белица, од каде што се проширил кон Јасен. Зафатена е нискостеблеста и мешана шума.Во текот на денот се изгаснати уште два пожари. Во општин

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj108ua3vl58qdunDf2A

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари – во Македонија стана невозможно да се живее

Во Македонија стана невозможно да се живее поради огромниот раст на трошоците и катастрофалното управување со економијата од страна на Владата на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, при денешната посета на Струга.На средбите граѓаните ги споделуваат своите секојдневни проблеми, пред сè поврзани со животниот стандард, семејните финансии и растот на цените, рече Филипче.„Синдикалната кошничка за само еден месец е зголемена за речиси 1.000 денари. Кога ќе се додадат

Македонија | пред 1 месец

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Струга рече дека премиерот Христијан Мицкоски не е на објавениот список на државници и функционери кои ќе остварат средба со американскиот претседател Доналд Трамп.„Гледаме огромна делегација во посета на САД, за која, според нашите информации, брои над 50 луѓе. Граѓаните имаат право да знаат кој ги плаќа високите трошоци за ова патување. Денеска е објавен списокот на државници и функционери со кои ќе се сретне претседателот Трамп, а Христијан

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuvdqa3m1slpf8gV5Mdp

82-годишен маж почина по расправија за лежалка на плажа во Атина

82-годишен маж починал во болница откако бил вмешан во расправија околу користење лежалка на плажа во јужниот дел на Атина, објавија грчки медиуми.Инцидентот се случил во раните утрински часови на плажа во Вулијагмени.Според досегашните информации, во расправијата биле вмешани 76-годишен маж и 21-годишна жена. 82-годишниот маж наводно бил повреден во инцидентот, по што бил пренесен во болница, каде подоцна починал.76-годишниот маж и 21-годишната жена биле приведени на распит, како и вработен во

Свет | пред 1 месец

media-libraryc0u26p09ga1h3SdRvYz

Висок полски функционер паднал од трет кат во Љубљана, околностите нејасни

Висок функционер на полското Министерство за надворешни работи е тешко повреден откако во текот на ноќта паднал низ прозорец од третиот кат на зграда во близина на полската амбасада во Љубљана, објавија полски медиуми.Полското Министерство за надворешни работи ја потврдило несреќата, но засега не се разјаснети околностите под кои дошло до падот.Станува збор за функционер на Одделот за дипломатска безбедност при полското МНР. Полскиот портал „Niezależna“ објави дека тој веќе неколку дена се наоѓа

Свет | пред 1 месец

media-library3anhuv4fmvv7dq8e4Ew

(Фото) Трагедија во Словенија: Дете паднало во кањон, таткото тргнал по него и загинал

Трагедија се случила во близина на водопадот Савица во Бохињ, Словенија, откако седумгодишно момче паднало во провалија, а неговиот 44-годишен татко, откако ги слушнал неговите крици, тргнал кон него и исто така паднал.Според словенечката полиција, станува збор за четиричлено семејство од странство, кое било во посета на водопадот Савица. Засега не е соопштено од која земја е семејството.На враќање од водопадот, семејството застанало кај одморалиште со маса и клупи. Во еден момент седумгодишното

Свет | пред 1 месец

media-libraryp6gadh67tn2kdE8GhFH

(Видео) Четири лица загинаа во американска операција против шверцери на дрога на Карибите

Американската војска во саботата извршила напад врз брз чамец на Карибите, за кој според разузнавачки информации се сомневало дека бил вклучен во шверц на дрога. Во операцијата загинале четири лица, соопшти Јужната команда на американската војска (SOUTHCOM).„Заедничката оперативна група за западната хемисфера изврши смртоносен кинетички напад врз брз чамец кој се движел по познати рути за шверц на наркотици на Карибите“, објави SOUTHCOM на платформата „Икс“.Од командата наведуваат дека разузнава

Свет | пред 1 месец

media-library41ji43kvqb3jcna5ThH

Се претставил како Италијанец со фалсификувани документи, уапсен на Ќафасан

На 18.09.2026 година, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Ш.(38), кој при гранична контрола приложил фалсификувани документи, со кои се претставил како италијански државјанин.Околу 17:30 часот, при излез од Македонија со патничко моторно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, од страна на полициски службеници била извршена гранична контрола, при што било констатирано дека лицето приложило фалсификувани документи - патна исправа, возачка дозво

Македонија | пред 1 месец

media-librarype4piq7rjdd6fFcWSjR

Чонески: Крушево се развива во подобро место за живеење и атрактивна спортско-туристичка дестинација

Пред вас денес сакам да ja презентирам дел од работата и активностите што ги реализиравме и што се во тек, со една јасна цел – Крушево да биде подобро место за живеење, атрактивна, туристичка и спортска дестинација, вели Нико Чонески, градоначалник на Општина Крушево.„Во изминатиот период работевме на повеќе полиња – од патната и комуналната инфраструктура, преку водоснабдувањето и уредувањето на јавните простори, до урбанистичкото планирање, спортот и туризмот.Еден од нашите приоритети е подобр

Македонија | пред 1 месец

media-libraryskpmlvoq2fr801ovCfZ

„Task Force“ фати Унгарец со марихуана кај автокампот „Треска“ во Радожда

Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ пронашол марихуана кај 23-годишен државјанин на Унгарија во близина на автокампот „Треска“ во Радожда.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера (19.09.2026) во 20:45 часот, во рамки на мерките за сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници извршиле контрола над П.А.Л. (23).При извршениот преглед кај него била пронајдена марихуана.За случајот биле известени јавен обвинител

Македонија | пред 1 месец

zanaet45253_original

Левица: УЈП им создаде долг на занаетчиите, па сега ќе им блокира сметки и одзема здравственото осигурување поради грешка на институциите

Државата смисли навистина “генијален модел за поддршка на занаетчиите“ - прво им ја одзема можноста сами да си ги пресметуваат придонесите и ја презема таа обврска преку УЈП, а потоа, според сведоштвата што пристигнуваат до Левица, со месеци не им ги доставува пресметките и на крај им испраќа опомени затоа што не платиле нешто што самата институција не им овозможила уредно да го платат! Иронијата е уште поголема што УЈП законската промена од јули ја рекламираше како наводно олеснување на процеду

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl0309m0hbvukerWzKfp

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името. Филипче ги лаже граѓаните дека Македонија не е на продажба, а токму тој го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт, вели  Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери и да зема провизии.Филипче освен својот интерес друго ништо не го интересира.Филипче сака да добива  Ауди Q8  од фирмите на кои им мести тендери, сака п

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv9qvjv1lf90097kQbs8

Вучиќ: Во недела на 27 септември ќе поднесам оставка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повторно најави дека во недела, 27 септември, ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија, по што планира да се вклучи во кампањата за предвремените парламентарни избори закажани за 25 октомври.„Во недела на 27-ми поднесувам оставка“, изјави Вучиќ утрово во интервју за Радио Белград.Вучиќ оставката ја најави и минатата недела, кога рече дека по неа во предизборната кампања ќе влезе „како обичен граѓанин“. РТС на 14 септември објави дека тој п

Свет | пред 1 месец

soobrakjajka-tajmishte-960x720-1

Тешка сообраќајка на патот Охрид–Ресен: Две лица тешко повредени, уште три со телесни повреди

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште три со телесни повреди во сообраќајна несреќа што вчера се случила на магистралниот пат Охрид–Ресен, во близина на охридското село Опеница.Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 19 септември 2026 година во 17:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „Сузуки Витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 67-годишен државјанин на Велика Британија, и патничко возило „Опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo8hkgvivp45rewf9U72

(Видео) Кесиќ со нова сезона на YouTube: „Тргнати сме токму пред пресудните избори“

По 13 години на телевизија, сатиричната емисија „24 минути со Зоран Кесиќ“ остана без термин на телевизијата Нова С, но Кесиќ тврди дека одлуката има политичка заднина. Новата сезона сепак започна во саботата навечер на YouTube, со поддршка од бројни јавни личности од Србија и Хрватска.Одлуката следува по сопственичките промени во Adria News Network (ANN). Alpac Capital и United Group на крајот на мај објавија договор за продажба на ANN, мрежа во која, меѓу другите, се наоѓаат N1, Нова С и „Дана

Свет | пред 1 месец

media-library7f5dqmhpk4698N168Wk

Трагедија на автопатот Куманово – Скопје: Загинаа две лица, уапсен возачот на „мерцедесот“

Две лица загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово – Скопје, во близина на Агино Село.Од СВР Куманово информираат дека несреќата била пријавена на 19 септември 2026 година околу 21:35 часот. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот М.М. од Скопје, и „опел корса“, исто така со скопски регистарски ознаки, управувана од 27-годишниот С.Н. од Скопје.На местото на несреќата почи

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања