Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2025-03-31-at-21.51.11

Безбедноста на Мицкоски не е загрозена, истрагата е во тек, вели Митева по апсењето на обезбедувачот на премиерот

Безбедноста на премиерот Христијан Мицкоски не е загрозена, вели портпаролката на Владата, Марија Митева, за „Скопје1“, а по апсењето на Ангел Самараков од Велес, член на неговото обезбедување, кој се сомничи дека од МВР извлекол материјали кој требало да ги предаде на трети лица. Засега останува непознато за какви материјали станува збор.„Не е загрозена безбедноста на премиерот. Истрагата е во тек. За првпат во историјата на државата, уапсен е човек од обезбедувањето на премиерот поради сомневање за сторено кривично дело“, вели кусо Митева за „Скопје1“.Обезбедувачот на Мицкоски беше фатен во акцијата спроведена од Обвинителството за гонење на корганизиран криминал и корупција. Обвинителот направил повеќе истражувања, меѓу кои и претреси во неговиот дом и возила. Самараков, според МВР, незаконски поседувал материјали од Минситерството, кои ги оддавал на трети лица.„При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода. Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ“ велат од МВР.

Македонија | пред 1 година

taravari

Таравари: Од 100 километри се гледа неусогласеноста на ВЛЕН во Владата

Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата ВЛЕН, во интервју за 360 степени, настапи со јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата. Според него, коалицијата функционира „тромо“ и треба да се најде модел за подобра синхронизација.„Јас мислам дека имаме многу недостатоци. Тоа не е толку до премиерот Мицкоски, колку што е до нас. Постои некаква неусогласеност што се гледа од 100 километри, дека многу бавно функционираме. Впечаток е на народот, што е најлошо за нас, дека ВЛЕН има многу слаба позиција во Владата. Само што направив три анкети, кај Албанци генерално анкетирани. Впечатокот на околу 70% од населението Албанци е дека ВЛЕН не функционира добро, не е задоволувачко претставувањето на Албанците во Владата“,вели тој.Во интервјуто Таравари дообјасни дека кога зборува за претставувањето на Албанците во Владата не мисли на квантитетот, туку на квалитетот.„Ако земете во квантум, значи број на министри, број на директори, океј е претставувањето на ВЛЕН во Владата. Меѓутоа, ако го земете квалитативно, тоа не е баш како што треба, не функционира баш како што треба и тоа е генерален впечаток на повеќето, зборувам за Албанците“,додава Таравари.Ваквите ставови на Арбен Таравари доаѓаат во период на сѐ погласни шпекулации дека тој е со една нога надвор од ВЛЕН, а се поблиску до ДУИ. Првиот вистински, а можеби и последен тест на коалицијата се претстојните локални избори.ВЛЕН, засега, не успева да се договори дали ќе настапи со заеднички листи за советници и кандидати за градоначалници. Таравари, додава, тоа прашање има историја уште од лани, кога се отвора идејата за ВЛЕН од коалиција да прерасне во една партија.„Заедничка констатација наша во јули или август минатата година беше дека подобро да одиме со четири партии до локални избори и после локални избори да се обидеме да бидеме една партија. Меѓутоа, тогаш, баш на тој состанок, јас кажав – доколку одиме со четири партии, тогаш и советничките листи добро би било да ги имаме секој за себе. Оти јас знам, 2021 година со Алтернатива ние бевме заедно на локални избори и колку мака имавме две партии да се усогласиме за иста советничка листа. И замислете, сега ќе дојдеме во ситуација четири партии за една советничка листа“,вели тој.Таравари беше прашан и за последната средба во Приштина на лидерите на ВЛЕН со косовскиот премиер Албин Курти. Го повтори претходно кажаното дека Курти е пријател и ги советува и дека, спротивно на написите во медиумите, средбата поминала во коректна атмосфера.На прашањето, пак, дали неговите чекори се инспирирани од премиерот на Албанија, Еди Рама, поради загриженост за статусот на Албанците во земјата, Таравари одговори – не. Во продолжение, го пофали премиерот Христијан Мицкоски, а ја критикуваше некомпетентноста на кадровските решенија на ВЛЕН.„Јас мислам дека статусот на Албанците не е лош во Македонија. Никогаш не се случило да има еден ваков коректен однос на премиер спрема коалициските партнери. Ова е суперкоректно, да бидам искрен до крај. Меѓутоа, директорите, заменик-директори, заминик-министри, јас мислам дека не функционира баш како што треба… Меѓутоа, генерално, пак да речам, тој рапорт, тој однос со премиерот е сосема коректен и ова секаде сум го кажал – од Приштина, до Тирана и секаде каде што одам. Меѓутоа, подолу, нас ни треба, на пример, ете ќе земам табли се ставаат по патишта, од тројазични – двојазични и треба ние со медиуми да се занимаваме по три дена, два дена, со прес-конференции ДУИ, па ВЛЕН, за работи коишто се навистина банални. Меѓутоа, за среќа, овој период немало ни монтирани случаи, ни апсења по нарачка, ниту скандали што се направени од претставниците на Владата. И во овој контекст, јас мислам дека е океј функционирањето. Меѓутоа, подолу кога одиме, не е тоа мој впечаток, тоа е генерален впечаток, дека не е баш како што треба, а може многу подобро да биде“,рече Таравари во интервјуто.

Македонија | пред 1 година

20250331192001

ФФМ отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија: За нелуѓе нема место во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.„Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.За вакви нелуѓе нема место во фудбалот.Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите - без исклучок.Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство“ велат од ФФМ.

Македонија | пред 1 година

vandaliziran-avtobus

(Фото) Вандализиран автобусот на Чаир 2030 во Куманово на кошаркарскиот натпревар: Ситуацијата ескалираше надвор од паркетот

Кошаркарскиот натпревар меѓу Куманово и Чаир 2030 помина со низа инциденти во салата. Навивачите на Куманово беа избркани од салата поради навредите на национална основа кон гостите од Чаир. Прекинот на мечот траече 40 минути, а за тоа време, полицијата ги бркаше најжестоките фанови на домаќините.Чаирчани преку соопштение се пожалија за тоа што го доживеаа во Куманово и побараа реакција од надлежните.„Кошаркарскиот клуб Чаир 2030 вчера го одигра својот следен натпревар во рамките на Првата лига на Република Македонија против домаќинот, КК Куманово. Натпреварот се одвиваше во исклучително тензична атмосфера, при што за жал се слушнаа навреди и омаловажувања на етничка основа, што е апсолутно неприфатливо во која било сфера, а особено во спортот. Како резултат на навредите и пцовките на етничка основа, делегатот нареди веднаш празнење на салата. Покрај недостигот на соодветна организација од страна на домаќинот – вклучително и технички проблеми со семафорот и осветлувањето – ситуацијата ескалираше надвор од паркетот. По завршувањето на натпреварот, навивачи на домашниот тим се обидоа да го вандализираат автобусот на нашиот клуб, оставајќи и натписи со националистичка и навредлива содржина. КК Чаир 2030 најостро го осудува ова срамно и антидржавно однесување. Спортот треба да биде место на почит, здраво ривалство и обединување, а не омраза и вандализам. Апелираме до надлежните институции веднаш да преземат соодветни мерки и да го истражат овој инцидент, за ваквите појави да не се повторат во нашите спортски арени“, реагира Чаир 2030.

Спорт | пред 1 година

07012025-Mickoski

Обезбедувач на премиерот Мицкоски е уапсен: бил фатен со материјали од МВР кои не законски ги поседувал, го гонат за оддавање тајна

Ангел Самараков од Велес, кој е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е уапсен под сомнение дека оддал службена тајна. Тој падна во акцијата спроведена од Обвинителството за гонење на корганизиран криминал и корупција. Обвинителот направил повеќе истражувања, меѓу кои и претреси во неговиот дом и возила. Самараков, според МВР, незаконски поседувал материјали од Минситерството, кои ги оддавал на трети лица.„При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода“ велат од МВР.Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.„Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ“, додаваат од МВР.Засега останува непознато за какви материјали станува збор.

Македонија | пред 1 година

15.12.2021

СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му, реагира ВМРО-ДПМНЕ

“СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација?, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ каде реагираа дека роднина на вработен добил тендер.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат:Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките?Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега.Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше.Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините.СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства.

Македонија | пред 1 година

puls-2

Шест од повредените во Кочани вратени од странските болници, на шест лица им е пресадена кожа во Македонија

Шест пациенти го завршија лекувањето во странство и се враќаат во државата. Пет од нив се лекуваа во Србија, а еден во Италија. Пациентите ќе бидат примени на клиниките каде се лекувале пред да бидат транспортирани во странство. Таму ќе бидат задржани за тријажа, по што, ако нивната состојба дозволува, ќе бидат пуштени на домашно лекување.Според информациите на МЗ, кај дел од пациентите што се лекуваат во странство има подобрување, но неколкумина се уште се интубирани и се наоѓаат во потешка здравствена состојба.Во скопските болници се лекуваат 16 пациенти, кои се во добра општа состојба. По шест пациенти се сместени во болницата „8 Септември“ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, а во приватните болници има четири пациенти. Кај 6 пациенти кои се на лекување во хируршката клиника Св. Наум Охридски веќе е извршена трансплатација на кожа.Од Министерството за здравство велат дека ја следат состојбата на повредените пациенти, како и дека се посветени на обезбедување на повредените од несреќата во Кочани.Од странските болници доаѓа и понудата за помош, доколку е потребна подолга рехабилитација на потешките пациенти. Во наредните денови, министерот за здравство, Арбен Таравари ќе каже каде би можело да се сместат овие пациенти.

Македонија | пред 1 година

Pecakov

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ

„Упатувам честитки до сите мои сограѓани од муслиманска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.– Посакувам празнувањето да ви мине во добро здравје, душевен мир , радост во срцата, љубов и семејна хармонија. Вашите домови нека се исполнат со човечка топлина и среќа, а секоја грижа и тага да стане минато. Со своите ближни да ги почуствувате сите радости на овој голем ден и деновите од големиот пост што претходеа. Месецот Рамазан е месец на добронамерност и солидарност кој поттикнува добри дела водени од љубовта кон Бога.Во нашето мултиетничко и мултикултурно општество секогаш се негувале вековитите традиции и големите верски празнувања. Со вас празнуваат и нашите срца и души. Уште многу години сложно и задно да се радуваме на вакви големи денови.Bajram Serif Mubarek Olsun“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

ОО | пред 1 година

Screenshot-2025-03-31-at-15.28.36

(Видео) Казнет возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило "ауди" со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. "Гоце Делчев" на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците.Снимка од настанот беше споделена и на социјалните мрежи.Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-03-30-at-12.46.07

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се скараа, овојпат за сечењето ленти од премиерот Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се скараа, овојпат за шечењето на ленти од страна на премиерот Христијан Мицкоски. Први кои „нападнаа“ беа СДСМ кои го обвинија Мицкоски дека се кити со туѓи перја.Мицкоски вчера од Штип повторно се обиде да се накити со туѓи перја и да ги промовира инвестициите на СДСМ како свои. Гордо Мицкоски наајави дека оваа недела започнува со работа фабриката на канадската компанија „Магна“, најавувајќи ја како „нова странска инвестиција“. Но, штипјани имаат подобра меморија од него – тие знаат дека оваа инвестиција беше најавена уште во мај 2023 година, од тогашниот премиер Димитар Ковачевски и Владата на СДСМ. Фабриката на „Магна“ е резултат на стратешките економски политики на СДСМ. Обидот на Мицкоски да ја претстави оваа инвестиција како сопствен успех е евтин ПР трик – очајнички обид да се прикаже некаква работа, откако речиси една година не успеа да донесе ниту една нова значајна странска инвестиција. Реалноста е дека Мицкоски и неговата Влада речиси една година тапкаат во место кога станува збор за економијата. Единственото нешто што го „промовираат“ се проекти започнати од претходната Влада, а граѓаните гледаат сечење ленти на проекти кои биле целосно реализирани од претходната влада. СДСМ беше и останува партија што носи реални резултати за граѓаните и економијата. Во време на нашето владеење, Северна Македонија беше препознаена како стабилна и атрактивна дестинација за странски инвестиции. Не со лажен ПР на веќе започнати проекти, туку со вистински нови фабрики, вработувања и економски раст“, велат од СДСМ.Веднаш, вратија од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат „И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот“.„И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи. Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата. И наместо да очајуваат зошто Владата работи, треба да излезат и да ги пофалат проектите кои се од корист за граѓаните. За 10 месеци се направи повеќе од 7 години власт, Филипче, Заев и Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

struga-divogradbi-6

Стружанец градел на државно земјиште, узурпирал дел од Охридското Езеро - си доби кривична

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(51) од Струга поради постоење основи на соменение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.Во текот на 2024 и 2025 година во Струга, пријавениот, во својство на инвеститор, на државно земјиште прогласено за „Заштитено подрачје - Споменик на природата Охридско Езеро“ узурпирал дел од Охридското Езеро со цел да го заземе во владение, при што изградил потпорен ѕид од тврд материјал и без соодветно одобрение од надлежен орган“, велат од МВР.

Охрид | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Во скопско Радишани: Скопјанец најден мртов во возило сопственост на фирма

„На 30.03.2025 во 16.24 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Радишани, во патничко возило „мерцедес“, сопственост на правно лице, бил пронајден починат С.М.(71) од Скопје.Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, велат од МВР.

Скопје | пред 1 година

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Маж пронајден мртов во Богданци, немал траги на насилство

На 30.03.2025 во 17.20 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека во с.Стојаково, општина Богданци, во семејниот дом бил пронајден починат Б.С.(66) од с.Стојаково.Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-31-at-13.28.41

Осудена лидерката на најголемата опозициска партија во Франција: ја гонеа за злоупотреба на јавни пари, не може да биде кандидат на избори во 2027 година

Марин Ле Пен, клучна фигура на француската и европската десница, ја поздрави одлуката на парискиот кривичен суд за тоа дали таа и нејзината партија се виновни за злоупотреба на јавните пари. Судот ја прогласи за виновна во случајот во кој таа и уште десетина членови на нејзината партија беа обвинети дека користеле европски пари за финансирање на активностите на партијата во Франција.За Ле Пен, одлуката значи разлика помеѓу политичкиот живот или смртта бидејќи париските обвинители побараа од судот да и забрани да извршува политичка функција на пет години. Судот го прифати предлогот на обвинителството, што значи дека Ле Пен не може да се кандидира на претседателските избори во 2027 година. Таа ја напушти судницата пред да биде изречена пресудата.Работата да биде уште полоша, Ле Пен беше осудена и на четири години затвор, од кои две беа условни. Сепак, прашање е дали ќе мора да оди во затвор или да носи електрична нараквица.За потсетување, лидерката на Националниот митинг, најголемата опозициска партија во францускиот парламент, најави дека ќе се кандидира за претседател на Франција во 2027 година. Ле Пен не даде никакви изјави по пристигнувањето во судот, но во интервју за La Tribune Dimanche, објавено во саботата, рече дека не била нервозна додека ја чекала одлуката на судот и дека очекува „милост“ од нив.„Судиите имаат моќ да одлучуваат за животот или смртта на нашето движење, но не верувам дека ќе одат толку далеку“, рече Ле Пен во интервјуто.Ден претходно стана јасно колку е пресудна одлуката на судот за неа. Имено, францускиот Уставен суд минатиот петок пресуди дека на локалните политичари може веднаш да им се забрани да извршуваат политички функции доколку се осудени за кривично дело. Ова практично ја отвори вратата за блокирање на обидот на Ле Пен да се кандидира за највисоката политичка функција во земјата во време кога таа води на изборите. „Монд“ напиша дека исто така е нејасно што би значело таквата пресуда за нејзиното место како пратеник во францускиот парламент.Парискиот суд, за потсетување, одлучуваше за случајот со лажна асистентка во Европскиот парламент. Како шеф на Националниот митинг, Ле Пен беше обвинета за „злоупотреба на јавни средства и соучесништво во криминално дело“. Обвинителството на 13 ноември 2024 година побара од судот да ја осуди на пет години затвор, вклучително и три години условна, и веднаш да и изрече петгодишна забрана за вршење политичка функција.Ле Пен и нејзините поддржувачи, се разбира, го прогласија судењето за политички мотивирано со цел да се елиминира можноста Ле Пен да се кандидира за претседател на Франција. Тие рекоа дека тоа е лов на вештерки, термин кој го прослави Доналд Трамп, актуелниот американски претседател, кој се соочи со повеќе обвиненија за импичмент за време на неговата кампања, од кои повеќето беа отфрлени.Судиите кои ја донеле одлуката добивале дури и смртни закани. Нејзините партиски функционери пред пресудата рекоа дека не очекуваат да добијат забрана за учество на избори. Џордан Бардела, нејзиниот голем фаворит и кандидат за премиер, изјави дека ќе го заземе нејзиното место доколку ѝ биде забрането да се кандидира. Експертот на екстремната десница Жан-Ив Ками истакна дека петгодишната забрана може да ги налути нејзините приврзаници.„Тие имаат тенденција да мислат дека партијата е жртва на политичките елити. Ова би го засилило чувството дека тие се отфрлени“, рече тој.Кандидатурата на Ле Пен и евентуалната победа на претседателските избори би била исполнета цел и крунско достигнување во историјата на семејството Ле Пен, остварување на сонот за кој пред многу децении сонувал и нејзиниот татко Жан Мари, основачот на партијата, познат француски десничар и антисемитист. Неговата ќерка е се поблиску до таа цел во последните 15 години. На претседателските избори во 2022 година, таа влезе во вториот круг против актуелниот претседател Емануел Макрон и освои 41,5 отсто од гласовите, што беше нејзин најдобар резултат до тој момент. На изборите во 2017 година таа влезе во вториот круг со Макрон, што беше историски успех, а потоа доби 33,9 отсто од гласовите.Таа ја презеде партијата од нејзиниот татко во 2011 година, а на претседателските избори во 2012 година го освои третото место со околу 18 отсто од гласовите. Ова беше значаен резултат и показател за зголемената популарност на крајната десница во Франција.На европските избори во 2014 година, Националниот фронт, како што тогаш се нарекуваше партијата, доби најмногу гласови, што беше огромен успех и показател за неговото влијание на европско ниво.Марин го избрка својот татко Жан-Мари од партијата во 2018 година бидејќи не сакаше да се дистанцира од радикалното минато на партијата, што и самата го направи, а со тоа помогна да се зајакне поддршката меѓу Французите.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-18-5280PM

Шведска се вооружува, троши се повеќе пари за ракетна артилерија, сателитска навигација и воздушна одбрана

По прогнозата дека светот се движи кон точка каде што САД повеќе нема да придонесуваат за одбраната на Европа, Шведска се подготвува да потроши значително повеќе пари на своите вооружени сили - како и на украинската армија.Десетици милијарди долари во текот на шест години ќе финансираат многу работи кои Америка веројатно веќе нема да може да ги обезбеди: ракетна артилерија, сателитска навигација и воздушна одбрана. Инвестициите во одбраната, мерките против хибридните закани и зголемената поддршка за Украина се главните ставки во зголемувањето на буџетот што минатата среда го објави шведската влада, пишува Форбс.„Руската агресија против Украина е клучна за безбедноста на Шведска и цела Европа“, објасни владата на премиерот Улф Кристерсон.Милијарди долари од шведскиот буџет за одбрана на Украина 37-месечната војна на Русија против Украина ја наведе Шведска да се приклучи на НАТО минатата година по продолжениот период на пристап, кој беше искомплициран со приговорите од Турција. Истата агресија ја поттикна претходната шведска влада да ги зголеми трошоците за одбрана од помалку од два отсто од бруто домашниот производ на нешто над два отсто.Доколку се спроведе планот на Кристерсон, Шведска ќе потроши 3,5 отсто од БДП за одбрана до 2035 година, што претставува тројно зголемување на трошоците за одбрана во текот на една деценија. Ова е големо зголемување, со милијарди долари наменети за Украина.Шведска, некогаш неутрална земја и главно воено самодоволна, веќе има широка и разновидна воена индустрија која произведува борбено возило CV90, борбен авион Грипен, мобилна хаубица Арчер и модерни подморници и воени бродови.Сепак, како и сите членки на НАТО, Шведска во голема мера се потпира на САД за одредени клучни способности. Швеѓаните го користат американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ за одбрана од закани од долг дострел, навигација со помош на американскиот сателитски систем ГПС и користат широка мрежа на американски сателити за разузнавачки информации.Еден од приоритетите е да се намали зависноста на шведската војска од американскиот систем за навигација ГПС, делумно преку поголеми инвестиции во европската алтернатива - системот Галилео. Вториот приоритет е зајакнување на ракетната артилерија, со оглед на тоа што НАТО веќе не може да смета на американските ракетни системи ХИМАРС.Најголемиот предизвик за Швеѓаните може да дојде од замена на системот Патриот. Всушност, постои само една алтернатива на системот Патриот со домет од околу 150 километри: француско-италијанскиот SAMP/T. Сепак, производителот на ракети МБДА произведува само неколку такви батерии годишно.Ако шведската влада е навистина сериозна во врска со намалувањето на воената зависност од Соединетите Држави, треба да се очекува дека Шведска ќе ги истражи можностите за стекнување и проширување на програмата SAMP/T.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-31-at-13.10.12

Потребни сме: Теодора (10), четири години се бори за својот живот, треба да и се трансплантира срце во странство

Теодора Колева е 14-годишно девојче кое 4 години ја чека надежта и среќата наречена СРЦЕ. Девојче кое 4 години се бори за својот живот и која итно и е потребна трансплантација на срце во странство, за да може да ја добие шансата за живот што ја заслужува.Tеодора е во состојба на срцева слабост и има потреба од интензивна кардиосупортивна терапија. Веќе е хоспитализирана неколку пати, но за да се спаси, мора да се направи трансплантација во педијатриски кардиохируршки центар во странство.Додека не се најде соодветен донор, Теодора мора да прима терапија на приватно, која ја одржува во живот, а месечно истата чини околу 2.500 евра. Семејството е финансиски исцрпено и не е во можност повеќе да ги покрие овие трошоци поради што се обраќа до сите нас хумани граѓани за помош.Вашата финансиска поддршка, без оглед на износот, може да ѝ даде нова надеж на Теодора и нејзиното семејство.Додека се чека да се најде соодветен донор и срце за Теодора сите заедно, можеме да ѝ помогнеме да ја продолжи својата борба за живот и да се обезбедат потребните парични средства за потребната терапија и трошоци кои ги има ова семејство.ДОНИРАЈТЕ ТУКА

Македонија | пред 1 година

IMG_6201

(Видео) Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања, вели Петрушевски

„Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Според информациите кои стигнаа до нас од свиркачи од ССМ, Стојанче Кашиковски, претседател на синдикатот на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбено стопанство остварува и дополнителни годишни примања покрај платата. Вкупните примања на Кашиковски во 2023 година, во кои влегува неговата плата и примања по други основи, биле над 810.000 денари.Ова се синдикалците на Трендафилов и ССМ, не се знае кој од кој поголеми примања има.Според свиркачите од ССМ, кои се разочарани од актуелното раководство, Трендафилов и луѓето околу него го претвориле синдикатот во приватна фирма.Трендафилов и луѓето околу него одработуваат за нивните позиции по ноти на СДС, кои и ги поставија на нелегитимен начин.Ова се луѓето кои додека ги лажат работниците за минималец, тие земаат плати неколку пати поголеми од тоа од синдикатот.

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Му ја одзеле возачката, па го фатиле како пијан не пропуштил пешаци

На 29.03.2025 во 23.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.А.(40) од Кавадарци.Тој на улица „Илинденска“ во Кавадарци управувал патничко возило „пасат“ со бугарски национални ознаки со голема брзина и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин. Од страна на полициски службеници бил сопрен и возилото било привремено одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.Од извршените проверки било утврдено дека лицето го управувало возилото под активна забрана за „Б“ категорија, а воедно е утврдено дека има 1.7 промили алкохол во крвта.Љ.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 година

Untitled-3-01-01-scaled-1

Нема да се одржи „Марш на видливоста“ во Скопје, откажана поради трагедијата во Кочани, објави „Тансформа“

Организацијата „Тансформа“ објави дека оваа година нема да има марш за правата на ЛГБТ луѓето. Ваква одлука донеле поради трагедијата која се случи во Кочани.„На 31 март ширум светот ги славиме животите, отпорот и придонесот на трансродовите луѓе. Овој ден не е само момент за прослава, туку и за јасно адресирање на маргинализацијата, дискриминацијата и насилството со кои се соочуваме како заедница. Тој е повик за правда, за промени и за солидарност. Во Македонија, ТрансФормА веќе седма година по ред го организира Маршот на видливост. Но, оваа година, само две недели по трагедијата во Кочани, не можеме да маршираме со срца обвиени во болка. Ова не е избор за невидливост. Напротив, нашиот глас, нашата борба и нашата солидарност остануваат силни. Но, не сакаме да чекориме низ улиците како ништо да не се случило. Оваа година сведочевме за систем кој не само што нè маргинализира како заедница, туку и ги обезвреднува сите животи. Транс заедницата знае што значи да се биде напуштен, игнориран и оставен сам на себе. Затоа, повикуваме на солидарност и меѓусебна грижа – бидејќи тие нè одржуваат во живот кога системот нè напушта. Иако оваа година нема да маршираме, нема да молчиме“, велат од „Тансформа“Тие велат дека ќе се обраттат до јавноста, стоејќи заедно со сите што бараат правда, со сите што сакаат систем кој ќе ги вреднува човечките животи подеднакво.„Видливоста е клучна во борбата за нашите права. Во општество како македонското, каде стереотипите и предрасудите сè уште имаат силно влијание, видливоста е предизвик што ги разобличува заблудите и создава простор за прифаќање. Седум години по ред, Маршот на видливост докажа дека транс луѓето одбиваат да бидат избришани или замолчани. Продолжуваме да се бориме за место во општеството кое нè признава како негов интегрален дел. Но, не смееме да ја игнорираме опасноста што ја носат конзервативните анти- родови движења, кои шират страв, дезинформации и омраза. Нивната реторика има за цел да ги поткопа нашите права и достоинството на транс луѓето. Мораме да се спротивставиме на оваа штетна агенда и да ги поддржиме вистинските семејни вредности – емпатијата, разбирањето и безусловната љубов. Семејните вредности не подразбираат омраза, исклучување или неприфаќање на различностите. Тие значат поддршка, почит и инклузивност за секоја индивидуа, без разлика на родовиот идентитет. Како општество, имаме заедничка одговорност да осигуриме дека трансродовите лица ги имаат истите права и можности како сите други. Треба да се спротивставиме на предрасудите и дискриминацијата, каде и да се појават. На овој ден апелираме до целата јавност: да се обидеме заедно да ги прифатиме транс луѓето како рамноправни членови на општеството, кои заслужуваат љубов, почит и заштита. Да се залагаме за иднина каде што ќе можеме да живееме автентично, без страв од насилство или дискриминација. Заедно можеме да придонесеме транс луѓето ќе бидат видени, чуени и вреднувани како сите останати. Заедно можеме да создадеме свет кој ги вреднува сите животи. Не заборавајте: Транс правата се човекови права“, додаваат тие.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-17-at-08.50.54

(Видео+документи) Дали има нов скандал во министерството на Андоновски – тендер добиле родители на негов вработен?, прашува СДСМ

„По објавувањето на скандалот за судир на интереси во Министерството на Стефан Андоновски, каде тендер доби сопругот на Државната секретарка, ДКСК отвори предмет“, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава:Граѓаните сеуште чекаат да постапи Јавното обвинителство за случајот, за истиот да добие разрешница.Додека целата јавност беше во тага и болка за несреќата во Кочани, каде што загинаа 59 млади луѓе а речиси 200 беа повредени, на само три дена по трагичниот настан Андоновски побара извинување од СДСМ.Шокантно е што барањето за извинување пристигна на 19 март на самиот ден на погребот на загинатите од несреќата кога целата нацијата беше во шок.Тоа го покажува степенот на загриженоста на министерот за трагичниот настан.СДСМ е одговорна партија која се бори секогаш да излезе вистината на виделина, и да зборува во насока на заштита на јавниот интерес пред се!Токму затоа, наместо извинување До Министерот Андоновски, денес ќе објавиме индиции за уште еден скандал.Се работи за тендер од 600.000 денари за набавка на систем за контрола на пристап, добиен од фирмата „БОКИ СИМПЛ ТЕК СОЛУШНС“ ДОО Скопје.Според информации од свиркачи кои ги добивме, сопственици на оваа фирма се родителите на Борче Младеновски, инаку вработен во ИТ секторот на истото министерство.Го повикуваме Андоновски да излезе и да одговори дали е ова точно?Дали тендерот тежок 600.000 денари завршил кај родителите на вработен во министерството?Индикативен е називот на меилот кој правното лице го има дадено во доставената документација за контакт со министерството кој гласи borce002@gmail.comСДСМ се обиде го најде список на вработени во Министерството за дигитална трансформација, но на сајтот на министерството тој податок не е достапен, таму стои дека сеуште тој документ е во изработка.Дали на повидок е уште еден скандал на непотизам и конфликт на интереси во министерството на Андоновски?Селективноста и селективната правда е потребна за сите други случаи на власта кои ги прави, а не само за трагедијата во Кочани.Институциите не смеат да молчат за тендерските мрежи на ДПМНЕ бидејќи станува збор за пари на граѓаните.Одговорност мора да има!“.

Македонија | пред 1 година

kazni-policija-policaec

Гостиварец возел со 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час - полицијата го уапси

На 30.03.2025 во 14.55 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од с.Вруток, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека управувал патничко моторно возило „голф“ со брзина од 173 километри на час на место каде што дозволената брзина е 80 километри на час.Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-31-at-11.32.51

Крстевски не разговарал за градоначалничката функција во Кочани: Владата прво треба да каже дали ќе има избори

Венко Крстевски, кој втор мандат е независен советник во Општина Кочани, вели дека нема со никого разговарано за да биде кандидат или в.д. градоначалник. Тој посочува дека за информацијата дека тој се споменува како можен кандидат, ја дознал од медиумите.„Нема ништо официјално, утре има седница на Влада и од таму треба да кажат прво дали ќе има избори или ќе се бира од редот на советниците. Инаку со никого немам разговарано“, вели Крстевски за „Скопје1“.Инаку, Крстевски е едно од лицата кое беше во дискотеката „Пулс“ кобната вечер. Тој за „Претрес со Ландов“ раскажа детали. Посочи дека стоел до сопственикот на објектот, па просведочи за тоа дека пожарот се гаснел и со погрешен ПП апарат, што направило дополнителна штета.?t=3006Тој во „Претрес“ раскажа и за дивоградбите кои ги има градот. Посочи дека станува збор за необезбедни објекти, кои според него се опасни и можат да допридонесат да се случи нова трагедија како во дискотеката. Според него, пицериите во центарот на градот, кои работат со плин, ако се запалат, може да изгорат цели згради во кои се сместени.?t=3798Според Законот за локална самоуправа, по оставката на градоначалникот, треба да се извести Министерството за локална самоуправа, а пак министерот да ја извести Владата во рок од 15 дена. Советот пак, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на одлуката на Владата за распишување на нови избори, ќе избере еден од членовите на советот кој ќе ја врши должноста на градоначалникот до изборот на нов градоначалник.

Македонија | пред 1 година

6f6b196a-a9e0-44ad-bbcd-2f82f1ff669a

Во Бангкок итно се евакуираат луѓето од облакодери и згради во центарот на градот: „Се слуша како пукаат ѕидовите!“

Неколку згради во Бангкок беа евакуирани утрово поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавија во зградите, пишува Бангкок пост. Исто така, беше објавено дека се слушнало пукање во ѕидовите, што предизвикало паника кај бројните жители, како и кај владините службеници кои живеат во одредени згради во строгиот центар на Бангкок.Евакуацијата започна околу 10 часот. Меѓу погодените се зградите на владиниот комплекс на патот Чаенг Ватана, Министерството за труд во областа Дин Даенг и судските згради на патот Рачадафисек.Луѓето беа евакуирани и од седиштето на Државната банка за домување во областа Хуаи Кванг, Кривичниот суд во Рачадафисек и Канцеларијата за социјално осигурување во Дин Даенг.Во исто време, во Мјанмар, оддалечен 1.000 километри, каде што беше епицентарот на земјотресот, расте надежта дека повеќе преживеани ќе се најдат во урнатините на Мандалај, каде што некои жители ја поминаа третата ноќ спиејќи на отворено. Последните информации покажуваат дека загинале најмалку 1.700 луѓе.Спасувачките напори беа помалку активни во централниот град Мјанмар со повеќе од 1,7 милиони луѓе рано во понеделникот, но условите остануваат тешки - се очекува температурите да достигнат околу 40 степени Целзиусови.Лепливата топлина ги исцрпи спасувачите и го забрзува распаѓањето на телата, што може да ја отежне идентификацијата.Муслиманските верници, пак, се собраа во понеделник наутро во близина на уништената џамија во градот на првата молитва на Рамазан Бајрам, празникот што следи по исламскиот пост Рамазан.Во понеделник се очекуваат и погреби за стотици жртви.Првичниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала се случи во петокот рано попладне во близина на Мандалеј, по што неколку минути подоцна следеше последователен потрес со јачина од 6,7 степени.Земјотресите уништија згради и мостови и оштетија патишта, а некои од најголемите штети се случија во центарот на Мјанмар.Последните потреси продолжија да се чувствуваат во Мандалеј во текот на викендот, поради што жителите во неколку наврати панично бегаа на улиците.Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во неделата упати итен апел за повеќе од 100 милиони долари за помош на жртвите.Најголемата светска хуманитарна мрежа соопшти дека потребите се зголемуваат од час во час, бидејќи порастот на температурите и наближувањето на сезоната на монсуните го зголемуваат ризикот од „секундарни кризи“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Трамп е лут на Путин: Има „психолошки рок“ Русија да се согласи на прекин на огнот

По враќањето во Вашингтон, Доналд Трамп им се обрати на новинарите и повтори дека е лут на Владимир Путин.– Има „психолошки рок“ Русија да се согласи на прекин на огнот во Украина. Секогаш се согласував со него, но сега сум лут на него, како што кажав и претходно“, рече Трамп.Тој зборуваше за Украина и Русија по уште еден голем напад на руските сили на Харков, во кој беспилотни летала погодија болница, трговски центар и станбени блокови, при што загинаа две лица, а десетици беа ранети.

Свет | пред 1 година

napadi-vo-ukraina-678x381-1

Русија ја нападна Украина со 131 беспилотно летало

Во текот на ноќта, украинската противвоздушна одбрана собори 57 од 131 беспилотни летала од типот Шахед и беспилотни летала лансирани од Русија, соопшти украинското воздухопловство во своето секојдневно ажурирање.Во објава на Телеграм, воздухопловните сили соопштија дека руските беспилотни летала биле „соборени на север, исток и во центарот на земјата“.Околу 45 беспилотни летала-мамки биле изгубени при летот и не предизвикале никаква штета, се наведува, додавајќи дека регионите Суми, Доњецк, Харков, Киев и Житомир биле погодени од рускиот напад.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања