Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
media-library093onvuapom94fkfjSt

Зошто Гренланд стана глобална жаришна точка: геополитиката зад амбициите на Трамп

За само неколку недели, Гренланд од маргинална тема се претвори во едно од најжешките прашања на светската геополитика. Клучната улога во тоа ја има актуелниот американски претседател Доналд Трамп, чија отворена желба Соединетите Американски Држави да го преземат островот го постави Гренланд во центарот на глобалните тензии.Климатските промени, новите поморски рути, пристапот до критични суровини и безбедносната архитектура на НАТО одамна го прават најголемиот остров во светот простор каде што се преклопуваат интересите на големите сили, регионалните актери и локалното население. Но, со најавите од Вашингтон, Гренланд прерасна во потенцијална кризна точка што може сериозно да го наруши трансатлантското сојузништво.Трамп неодамна отворено им се закани на сите држави што се противат на идејата за американско преземање на Гренланд, доведувајќи го во прашање и суверенитетот на Данска. Тој изјави дека фактот што Данците пристигнале на островот пред 500 години не им дава право на сопственост, оценка што предизвика силни реакции во Европа.Правниот и историскиот контекст, сепак, оди во корист на Копенхаген. Данскиот суверенитет над Гренланд не е резултат на класична колонијална доминација, туку на долг континуитет на дипломатски и правни одлуки. По распадот на данско-норвешката круна во 1814 година, Данска ја задржала контролата над островот, а во 1933 година Постојаниот суд во Хаг ги отфрлил норвешките барања за источен Гренланд. Денес, островот е дел од Кралството Данска, но со широка автономија, сопствен парламент, официјален јазик и контрола врз природните ресурси.Жителите на Гренланд на референдуми одлучиле да ја задржат врската со Данска, но со зголемена самоуправа, што претставува геополитички компромис: Данска обезбедува безбедност и меѓународен статус, а Гренланд ѝ носи арктичко влијание и пристап до глобалните форуми. Како што истакнува норвешкиот експерт за одбрана Пал Сигурд Хилде, правниот легитимитет на Данска е исклучително цврст и редок во арктичкиот простор, поради што островот со векови не бил предмет на сериозен спор.Паралелно со американските амбиции, расте и отпорот на Гренланѓаните и Данците. Во неколку дански градови, како и во главниот град Нуук, се најавени протести против идејата за преземање на островот, со порака за почитување на демократијата и основните човекови права.За Данска, Гренланд претставува клучна геостратешка полуга. Со островот, земјата учествува во арктичките безбедносни планови на НАТО и во глобалните климатски дебати, што ѝ дава „стратешка длабочина“ каква што ретко ја имаат малите држави. Иако годишната субвенција за Гренланд изнесува околу 500 милиони евра, во Копенхаген таа сѐ почесто се гледа како цена за геополитичка релевантност, а не како социјален товар.И Европската Унија сѐ поинтензивно го гледа Гренланд како стратешки партнер, особено поради потенцијалот за ретки метали неопходни за зелената транзиција и намалување на зависноста од Кина. Дополнително, топењето на мразот на Гренланд игра клучна улога во диктирањето на климатските промени во Европа, што го прави островот своевидна климатска предстража.Од американска перспектива, Гренланд е незаменлива точка за одбраната на северниот Атлантик и континенталните САД. Контролата врз т.н. GIUK-празнина – просторот меѓу Гренланд, Исланд и Обединетото Кралство – е од суштинско значење за поморскиот и воздушниот сообраќај и за радарската и противракетната одбрана.За самите Гренланѓани, растечката геостратешка важност на островот носи и можности и ризици. Потенцијалниот американски протекторат би можел да донесе инвестиции и економска самостојност, но отвора дилеми за долгорочната политичка контрола. Како што предупредуваат аналитичарите, жителите на островот сакаат независност, а не замена на една метропола со друга.Во услови на зголемени глобални тензии, Гренланд денес се појавува како лабораторија на идната геополитика, место каде што истовремено се судираат климатските, безбедносните и ресурсните интереси на големите сили. Големото прашање што останува е каква цена ќе плати трансатлантското сојузништво доколку борбата за Арктикот дополнително се заостри.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryh6fd8oo6qtl31DPqEPB

„Лансет“: Нема докази дека парацетамолот предизвикува невроразвојни нарушувања кај децата

Земањето парацетамол за време на бременоста е безбедно и не постојат докази дека го зголемува ризикот од аутизам, АДХД или други невроразвојни потешкотии кај децата, покажува нова обемна научна студија, објави BBC.Истражувањето, објавено во престижното медицинско списание The Lancet, претставува сеопфатна анализа на 43 најрелевантни и најквалитетни студии за употребата на парацетамол во бременоста, кои опфатиле стотици илјади жени. Авторите особено се фокусирале на студии што ги споредувале браќа и сестри, методологија која овозможува да се исклучат фактори како генетиката и семејната средина, поради што ваквиот пристап се смета за „златен стандард“ во научните истражувања.Главната авторка на студијата, професорката Асма Халил, изјави дека анализата не покажала никаква поврзаност меѓу употребата на парацетамол и зголемен ризик од аутизам или други развојни нарушувања. Таа нагласи дека пораката од истражувањето е јасна – парацетамолот останува безбедна опција за бремени жени кога се користи според упатствата.Наодите се во согласност со препораките на водечките медицински организации во Обединетото Кралство, САД и Европа. Во студијата се наведува дека претходно пријавуваните поврзаности меѓу парацетамолот и аутизмот најверојатно можат да се објаснат со други фактори, а не со директно дејство на самиот лек.Професорката Халил, која е експерт за фетална медицина на Универзитетот во Лондон, истакна дека парацетамолот е лек од прв избор што им се препорачува на бремените жени при болка или покачена температура. Таа потсети дека нелекувањето на висока температура или болка за време на бременоста може да го зголеми ризикот од спонтан абортус, предвремено породување или развојни проблеми кај детето.Независни медицински експерти ја поздравија студијата, оценувајќи дека ќе придонесе за намалување на стравот и несигурноста кај бремените жени. Професорот Ијан Даглас од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина изјави дека истражувањето е добро спроведено и дека со исклучувањето на студиите со понизок квалитет дава посигурни резултати. Според професорот Јан Хавик од Универзитетот во Берген, студијата нуди силни докази дека употребата на парацетамол во бременоста не го зголемува ризикот од аутизам, АДХД или интелектуални тешкотии.Истражувањето доаѓа по контроверзните изјави на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој во септември 2025 година тврдеше дека неговата администрација го поврзува парацетамолот со аутизмот и ги повика бремените жени да го избегнуваат лекот. По тие изјави, Агенцијата за храна и лекови на САД повика на претпазливост, но истовремено нагласи дека парацетамолот останува единствениот одобрен лек за третман на висока температура во бременоста.Здравствените власти во Обединетото Кралство и понатаму потенцираат дека парацетамолот е најбезбедниот аналгетик достапен за бремени жени, а најновите научни докази дополнително ја потврдуваат таа препорака.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) оцени дека одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не претставува „техничка пауза“, туку сериозно предупредување за насоката во која се движи државата.Од партијата наведуваат дека Македонија ја плаќа цената на, како што велат, погрешните политики на премиерот Христијан Мицкоски, кои водат кон затворање, изолација и губење на довербата кај стратешките партнери, при што земјата се доведува во позиција на држава од „третиот свет“.СДСМ ја обвинува Владата дека нејзината надворешна политика е сведена на антиамерикански активности, посочувајќи го вицепремиерот Стоилковиќ како пример за, според нив, отворени проруски ставови и директни врски со Москва.Истовремено, од опозициската партија предупредуваат на, како што ја нарекуваат, агресивна анти-Европска Унија кампања, при што, наместо спроведување реформи, намерно се продуцираат судири со Грција и Бугарија и повторно се отвораат, како што велат, затворени прашања со цел да се оправда изолацијата и да се избегнат вистински решенија.Според СДСМ, мерката на САД е индикатор за реалната позиција на Македонија на меѓународната мапа, оценувајќи дека државата се движи кон сериозна меѓународна маргинализација.Од партијата посочуваат дека ова се само првите чекори и потсетуваат дека САД веќе носат Закон за Западен Балкан, насочен кон борба против криминалот и корупцијата.СДСМ најави дека ќе продолжи, како што велат, јасно, гласно и одговорно да ја разоткрива „опасната агенда“ на власта и да се бори против политиките на изолација, криминал и нарушување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library4ls0qqbd7i754p9QC0X

Скопје утрово: Магла, азотни оксиди и отрови во воздухот

Скопјани денеска се разбудија со густа магла, токсична мешавина од ПМ честички, азотни оксиди. Денешните вредности на PM10 и PM2.5 значително го надминуваат ЕУ стандардите.Еве ги најновите податоци од мерења на реалното време на меѓународната платформа iQair:PM10 се движат околу 104–150 µg/m³, што е повеќе од два пати над препорачаната граница на СЗО од 45 µg/m³ за дневен просек.PM2.5 исто така се на високи нивоа, со измерени вредности од 76–104 µg/m³ и се драматично над дозволеното на СЗО (15 µg/m³ за 24-часовен просек. Ова е сериозно здравствено ризично ниво и опасен воздух.ПМ2.5 честитките длабоко продираат во белите дробови и крвните садови.Бидејќи никакви маски не помагаат целосно, треба да се избегнува излегување кога е вака загаден воздухот.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library9o8d4bqjar7cbiTOHfR

Ниа Ноар не постои: Вештачка интелигенција измами милиони корисници на „Тик-ток“

Модел создаден со вештачка интелигенција, познат како Ниа Ноар, успеал да измами милиони корисници на социјалните мрежи, собирајќи огромен број прегледи и следбеници. Нејзиниот профил на „Тик-ток“ брои околу 2,7 милиони следбеници, а едно од видеата достигнало речиси 199 милиони прегледи.Иако голем број корисници верувале дека станува збор за вистинска личност, подоцна било утврдено дека Ниа Ноар е целосно генерирана со вештачка интелигенција. Дел од корисниците забележале дека нејзините танци и облека често се идентични со оние на реални креатори, додека позадините во видеата изгледаат статично и неприродно, особено во сцени кои наводно се снимени на отворено.Коосновачот на „Планет ВПН“, Константин Левинзон, објаснува дека содржините создадени со вештачка интелигенција најчесто се препознаваат по неприродно мазна кожа, „стаклен“ сјај на очите, проблеми со екстремитетите и неускладеност меѓу субјектот и позадината. Според него, лицата кај ВИ-содржините често изгледаат „исклесано“, а не фотографирано.Сè уште не е познато кој стои зад профилот, ниту дали ликот е базиран на реална личност. Сепак, и покрај очигледните знаци, содржината била доволно убедлива за да измами милиони луѓе ширум светот.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Студено утро со минусни температури и снег на планините

Утрово во земјава е измерено студено време со минусни температури во повеќе места. Најстудено е на Попова Шапка со –4 степени, а под нулата се и Скопје-Петровец, Тетово, Маврови Анови, Штип и Берово. Во Гевгелија утрово се измерени 6 степени Целзиусови.На планинските места има снежна покривка, и тоа 25 сантиметри на Попова Шапка, како и по 7 сантиметри во Маврови Анови и Крушево.Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со слаб снег. По котлините ќе има појава на магла, а максималната дневна температура ќе се движи од 3 до 8 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време со магла и услови за слаб дожд, со максимална температура до 5 степени.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library093onvuapom94fkfjSt

„Рацете подалеку од Гренланд“: Масовни протести денеска во Данска и Нуук

Големи протести против амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во Данска, како и во главниот град на Гренланд, Нуук.Според најавите на социјалните мрежи, неколку илјади граѓани изразиле намера да учествуваат на протестите што ќе се одржат на Гренланд и во Данска, во Копенхаген, Архус, Олборг и Оденсе, по иницијатива на повеќе гренландски организации.„Целта е да се испрати јасна и едногласна порака за почитување на демократијата и темелните човекови права на Гренланд“, соопшти националната организација на граѓани на Гренланд во Данска – Уагут, на својата интернет-страница.Организаторите, меѓу кои се Уагут, граѓанското движење „Рацете подалеку од Гренланд“ и коалицијата на локални гренландски здруженија Инуити, имаат намера да ја искористат посетата на делегација на американскиот Конгрес во Копенхаген за нивниот глас да биде слушнат на меѓународно ниво.Откако повторно се врати на власт пред една година, Трамп редовно ја споменува можноста за преземање контрола врз огромниот, стратешки важен, но слабо населен арктички остров кој е под суверенитет на Данска. Тој тврди дека Гренланд ќе го преземе „на овој или на оној начин“, со цел, како што вели, да се спротивстави на руските и кинеските интереси на Арктикот.Во петокот навечер, неговиот близок советник Стивен Милер ги потврди американските ставови во врска со територијата.„Гренланд е голем колку една четвртина од САД. Данска, со сета почит, е мала земја со мало стопанство и мала војска и не може да го брани Гренланд“, изјави Милер за телевизијата „Фокс њуз“.Тој додаде дека Соединетите Американски Држави не планираат да „трошат милијарди долари за одбрана“ на територијата, додека суверенитетот би останал во рацете на Данска.Протестите најавени за сабота доаѓаат три дена по состанокот во Вашингтон, на кој данските власти признаа дека во моментов не постои можност за договор со американското раководство за иднината на автономната територија.Иако повеќе европски лидери изразија поддршка за Данска, една од основачките членки на НАТО, американскиот претседател во петокот се закани со воведување царини за земјите што нема да го поддржат неговиот план за стекнување на Гренланд.Повик за протест е упатен и во Нуук, со цел спротивставување на, како што се наведува, „незаконските планови на Соединетите Американски Држави за преземање контрола над Гренланд“.Во меѓувреме, Франција, Шведска, Германија и Норвешка, на кои им се приклучија Холандија, Финска и Обединетото Кралство, оваа недела најавија распоредување воен персонал за извидувачка мисија на Гренланд, во рамки на данската воена вежба „Arctic Endurance“, организирана со сојузниците од НАТО.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryr37gbsk14f7l8YTogSp

Забелешки и критики од правните експерти, бараат да се доработат измените на Кривичниот законик

Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците почна јавната расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.На јавната расправа за збор се пријавени 13 лица од разни области од правосудството – адвокати, професори, истакнати правници, претставници од невладиниот сектор.Дел од нив изнесоа голем број забелешки главно на членот 353 кој се однесува на оние измени кои беа направени во 2023 година со што се амнестираа функционери, како и на измените кои се однесуваат на кривични дела од Сејф сити системот.Ана Чупеска, експотпретседателката на СДСМ, во својство на професор на Правен факултет, смета дека овие измени се правна козметика и инструмент на моќта со цел заштита на политичките елити.„Се воочува свесно амнестирање на службени злоупотреби преку перфидни, би рекла јазични замки и преку субсидијарни клаузули”, вели Чупеска.За Ружица Николовска, адвокат, измените се добри бидејќи во член 353 се додава и искористување на службената положба или овластување на лицето а видно од самата одредба се зголемуваат казните односно се заострува казнената политика.Нејзиниот колега, адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека е потребно доработување на законот бидејќи има одредени недоследности и тоа не само во членот 353 во кој не е предвидено одземање на имотната корист кои би ја стекнале функционерите, туку и во одредбите кои го опфаќаат Сејф сити системот.„Се предвидува кога може да се одземе возило ако вози 50 или 70 километри зависно од местото каде. Но никаде не се предвидува да се одземе возило заради 1,5 промили алкохол или дроги. Луѓе што е поопасно 50 километри или 1,5 промили алкохол? Страшно”, рече Давидовиќ.Измените на Кривичниот законик според образложението, со цел отстранување на слабостите во постојните одредби и постапување согласно Решение на Уставен суд од 12 февруари 2025 година.Tенденцијата на предложените законски измени и дополнувања, според предлагачите е унапредување на одредбите за законските битија и заострување на казнената политика преку зголемување на постојните пропишани казни за кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353, „Злосторничко здружување“ од член 394.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library1fnk5tc6386t98OYBET

Трамп се шегуваше за укинување на изборите, Белата куќа ги смирува реакциите

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил сериозен кога пред неколку дена изјавил дека можеби не треба да има избори за Конгресот.Портпаролката на Трамп, Каролин Ливит, појасни дека претседателот всушност се обидувал да биде хумористичен, а не да го доведе во прашање одржувањето на изборите.„Претседателот се шегуваше“, рече Ливит, одговарајќи на прашања од новинарите. Таа додаде дека Трамп зборувал во контекст на пофалба за работата на неговата администрација, сугерирајќи дека тие „вршат толку добра работа“ што треба само да продолжат.Изјава што предизвика реакцииИзјавата на Трамп дојде за време на получасовното интервју за Ројтерс во Овалната соба на Белата куќа. Разговарајќи за среднорочните избори, претседателот изрази фрустрација од историскиот модел според кој владејачката партија често губи места во Конгресот.„Кога ќе победите на претседателските избори, не ги добивате среднорочните избори“, рече Трамп, додавајќи дека неговата администрација направила толку многу што „кога ќе размислите за тоа, воопшто не треба да имаме избори“.Изјавата предизвика загриженост и критики, бидејќи американскиот устав предвидува одржување избори за Конгресот на секои две години, без можност за претседателска одлука за нивно откажување.Белата куќа се обидува да ја смири ситуацијатаПо реакциите што следеа, Белата куќа истакна дека изјавата на Трамп не била политичка порака или предлог, туку дел од неговиот вообичаен реторички стил. Според Ливит, претседателот сакал да истакне дека неговата администрација ги исполнила очекувањата на гласачите, а не да го доведе во прашање уставниот поредок или да најави промени во изборниот систем.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarykalugn9n1c9c4Y6E7hB

Крај на „дивото“ инфлуенсерство: Инфлуенсерите со над 10.000 следбеници и заработка мора да се регистрираат во АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска, 16 јануари 2026 година, упати јавен повик до сите инфлуенсери, јутјубери и влогери веднаш да го регулираат својот статус. Со последните законски измени, тие веќе не се сметаат само за хобисти, туку официјално се класифицирани како „даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање“ и мора да се впишат во Регистарот на Агенцијата.Обврската произлегува од измените на медиумската легислатива донесени во јули 2023 година, со кои за првпат официјално се признава влијанието на креаторите на содржини на социјалните мрежи.АВМУ прецизираше кои инфлуенсери мора да се регистрираат. Обврската важи за физички лица кои ги исполнуваат сите следни критериуми:Објавуваат видеа на платформи како YouTube, Instagram, TikTok и слично.Имаат повеќе од 10.000 следбеници или претплатници.Остваруваат економски интерес од своите содржини.Во последните 12 месеци објавиле најмалку 24 аудиовизуелни содржини.Целта на содржините е да информираат, образуваат или забавуваат, а креаторот има уредничка одговорност за нив.Агенцијата апелира до сите кои ги исполнуваат овие услови да поднесат пријава што е можно поскоро. Формуларите и потребните документи се достапни на веб-страницата www.avmu.mk, во посебниот банер „Инфлуенсери/Влогери“. За дополнителни информации или нејаснотии, отворена е посебна електронска адреса: influenseri@avmu.mk.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarylivdln3v8gvs3pP8QNS

(Видео) Зеленски : Русија се подготвува за нови големи напади врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разузнавачките податоци покажуваат дека Русија се подготвува за нови големи напади врз Украина. Тој го соопшти ова во своето вечерно обраќање на 16 јануари.„Некои денешни задачи се насочени кон противвоздушната одбрана. Во моментов, разузнавачките податоци укажуваат дека Русите се подготвуваат за огромни нови напади. Отворено разговараме со нашите партнери за противвоздушни ракети и системи кои ни се итно потребни. Залихите се недоволни. Обидуваме се да го забрзаме процесот, и важно е нашите партнери да нè слушнат“, истакна Зеленски.Тој додаде дека Министерството за одбрана на Украина вложува големи напори и ги повика граѓаните да обрнуваат внимание на предупредувањата за воздушни напади.Зеленски претходно, на 8 јануари, исто така предупреди на можен голем руски напад. Во ноќта меѓу 8 и 9 јануари, руски сили со балистички проектил погодиле областа Орешник во Лавовската област, а остатоците од проектилот подоцна ги пронашла Службата за безбедност на Украина. Русите исто така нападнаа и Киев и Киевската област, при што главните цели беа станбени објекти, како и критична и транспортна инфраструктура.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryrgu2akk2b9abcWoHRXf

Откриени нови детали за убиството на Рене Гуд од страна на агент на Службата за имиграција на САД

Нови полициски и медицински документи откриваат дека Рене Никол Гуд, 37-годишна мајка на три деца, била погодена со најмалку три, а можеби и четири куршуми откако агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) пукал во неа додека била во автомобил во Минеполис. Извештаите на итните служби и транскриптите од повиците на 911 детално ја опишуваат хаотичната ситуација по пукањето и состојбата во која ја затекнала брзата помош.Според извештајот на градската противпожарна служба, брзата помош пристигнала неколку минути по првите повици и ја затекнала Гуд без свест, без здив и со многу слаб, неправилен пулс. Имала крв по лицето и горниот дел од телото. Кога била извадена од автомобилот, пулсот ѝ бил „нееднаков, неправилен и едвај опиплив“.Документите покажуваат дека Гуд имала две прострелни рани на десната страна од градниот кош, една на левата подлактица и можно прострелно повредување на левата страна од главата. Крв излегувала од левото уво. Итните служби веднаш започнале реанимација и продолжиле со обиди за спасување за време на транспортот до болница, но околу 10:30 часот лекарите се откажале од обидите за оживување.Пукањето се случило на 7 јануари во 9:38 часот, додека агентите на ICE биле присутни на терен како дел од федералните имиграциски активности во градот. Од достапните податоци не произлегува дека Гуд била цел на планирана операција или дека против неа се спроведувала конкретна акција.Снимките и сведочењата покажуваат дека повеќе агенти се приближиле до автомобилот Honda Pilot кој го управувала Гуд. Додека седела на возачкото место и се обидувала да се помести, агентот Џонатан Рос пукал повеќе пати преку стаклото на автомобилот.Повиците на 911 започнале веднаш и продолжиле повеќе од еден час. Еден сведок изјавил: „Група агенти на ICE пукале во една жена, од непосредна близина, додека била во автомобилот. Пукале бидејќи не сакала да ги отвори вратите. Сè е снимено.“Друг сведок рекол дека автомобилот по пукањето удрил во паркирано возило. Сведоците исто така навеле дека на местото биле правни набљудувачи кои ја следеле работата на федералните агенти.Еден од повиците на 911 дошол и од лице што се претставило како службеник на Министерството за внатрешна безбедност, кој рекол дека „службениците биле заглавени во возилото“ и дека на местото имало „агитатори“, додека пукало од нивните луѓе.Документите покажуваат дека агентот кој пукал го напуштил местото веќе околу 10:04 и бил превезен во федерална зграда. До тој момент локалните власти не знаеле кој ја води истрагата. Сите агенти на ICE ја напуштиле областа до 11:20, а FBI пристигнал десетина минути подоцна и ја презел истрагата.Федералните власти тврдат дека агентот пукал во самоодбрана, наведувајќи дека Гуд се обидела да повреди или да прегази агенти со автомобилот. Министерството за внатрешна безбедност потврдило дека агентот бил повреден во инцидентот.Овие наводи предизвикале силни реакции во јавноста и повеќедневни протести во Минеполис и други американски градови. Демократски политичари и локални власти побарале повлекување на агентите на ICE од градот, предупредувајќи за прекумерна употреба на сила за време на федералните имиграциски операции.Недела дена по смртта на Рене Гуд, друг федерален агент убил маж од Венецуела за кој властите рекле дека побегнал од сообраќаен надзор и физички нападнал агент, што дополнително ја заострило дебатата за употребата на смртоносна сила од страна на федералните служби.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп им се закани со царини на сите земји што се против планот за Гренланд

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се закани дека би можел да воведе царини за земјите кои нема да го поддржат неговиот план САД да преземат контрола над Гренланд, наведувајќи дека островот е од клучно значење за американската национална безбедност.„Би можел да воведам царини за земјите ако не застанат на страната на Гренланд, затоа што Гренланд ни е потребен поради националната безбедност“, изјави Трамп за време на тркалезна маса посветена на здравството во руралните средини, одржана во Белата куќа.Трамп во повеќе наврати нагласи дека САД „апсолутно мора“ да го преземат Гренланд, со што дополнително го засили притисокот врз Данска, на која ѝ припаѓа островот. Неговите изјави доаѓаат по средбата одржана во средата во Белата куќа, на која присуствуваа данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелдт, заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс.Истовремено, американскиот Врховен суд соопшти дека во вторник се очекува да донесе долго најавувана одлука за законитоста на царините воведени од Трамп. Прашањето е дали претседателот има право самостојно да воведува царини или за тоа е потребна согласност од Конгресот.Иако состанокот на кој говореше Трамп формално беше посветен на инвестиции во руралните области, американскиот претседател, како и обично, се осврна и на други политички теми, меѓу кои и Гренланд.Интересот на Трамп за Гренланд датира уште од неговиот претходен мандат, кога јавно ја спомена можноста Соединетите Држави да го купат островот. Данска тогаш остро ја отфрли таа идеја, нагласувајќи дека Гренланд не е на продажба. Островот е автономна територија во рамки на Кралството Данска, со сопствена влада и парламент, а и данските и гренландските власти во повеќе наврати истакнаа дека одлуките за иднината на Гренланд можат да ги носат исклучиво неговите жители.Прашањето за Гренланд последниве години е постојано присутно во односите меѓу Вашингтон и Копенхаген, а дополнително беше актуелизирано и на последната средба во Белата куќа. Американската страна повторно ја нагласи стратешката важност на Гренланд за националната безбедност, военото присуство на САД на Арктикот и поширокиот геополитички контекст во односите со Русија и Кина, додека Данска и Гренланд продолжуваат да ја отфрлаат секоја можност за промена на суверенитетот.Во меѓувреме, Германија, Франција, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство во последните денови испратија војници на Гренланд со цел да го зајакнат присуството во арктичкиот регион, а Данска дополнително ги засили сопствените сили и опрема на островот. Европските влади нагласуваат дека станува збор за одбранбени мерки во рамки на сојузничките обврски и дека политичкиот статус на Гренланд не може да се менува преку еднострани притисоци.Трамп, во исто време, изјави дека не ја исклучува можноста САД да излезат од НАТО во контекст на спорот околу Гренланд, што предизвика дополнителна загриженост кај американските сојузници во Европа.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
maricic-2

Маричиќ се враќа во игра како предлог за претседател на ДИК

Венко Филипче, пресече во последен момент и како предлози за ДИК ги нуди Бојан Маричиќ и Борис Кондарко. Маричиќ, повторно го враќаат во игра и тоа како претседател на ДИК, а досегашниот претседател Кондарко ќе биде само член во ДИК.Иако имаше повеќе конкуренти за позициите во ДИК, сепак последниот збор го имал лидерот Филипче.Од игра испаднаа поранешната заменичк за правда и претседател на Изборната комисија на СДСМ која го прогласи Филипче за нов лидер, Викторија Аврамовска Мадиќ. Таа е државен советник во судскиот совет. Шанси и се даваа и на Марија Митановска од Министерството за правда.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjan8jsf63vo87Moy8Hg

Глобален технички пад на „X“, корисниците останаа без пристап

Социјалната мрежа X, поранешен Твитер, денеска престана да функционира поради, како што се чини, голем технички пад. Веб-страницата и мобилната апликација воопшто не се вчитуваа, а на корисниците им се прикажуваше празен екран.Дел од корисниците пријавиле и појава на страници со Cloudflare грешки, иако проблемот, според информациите, бил во самиот X, а не во Cloudflare, како што беше случај во некои од претходните прекини на услугата, објави британскиот весник The Independent. За време на некои од претходните прекини, страницата се вчитувала, но не прикажувала објави.Според страницата за следење на статусот на дигитални сервиси Down Detector, околу 16 часот е забележан нагол пораст на пријави за проблеми со X. Се чини дека прекинот го зафатил целиот свет и се манифестирал на различни начини, и преку веб-страницата и преку мобилните апликации.За разлика од многу други платформи, X нема јавно достапна страница за статус на услугите преку која би ги информирала корисниците за прекини и технички проблеми. Постоји страница за развојната платформа, на која за време на прекинот било наведено дека „сите системи се оперативни“.Овој пад доаѓа по уште еден голем технички проблем на X во текот на неделава. Двата инцидента се случуваат во период на засилени критики кон платформата, која е во сопственост на Илон Маск, како и кон нејзиниот чатбот Grok, поради создавање насилни и навредливи содржини, вклучително и слики со жени и деца.Откако Маск во 2022 година го купи тогашниот Твитер, дел од корисниците изразија загриженост дека масовните отпуштања на вработени може да го нарушат нормалното функционирање на мрежата. Иако X оттогаш главно остана достапен, платформата повремено се соочува со технички проблеми.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
hrvatski-zatvori-iskustvo

Осуммина завршија во притвор по истрагата за финансискиот криминал во УЈП

Заврши распитот на осумте приведени лица поврзани со вчерашната обемна акција во Управата за јавни приходи, по што Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор во траење од 30 дена.Како што информира Судот, по нивното произнесување, како и по оценка на фактите и приложените докази, бил прифатен предлогот на обвинителството и на сите осум осомничени им е определен притвор поради постоење на сите три законски основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, како и ризик да го довршат или повторат кривичното дело.Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопштија дека истрагата се води под раководство на јавен обвинител од ова обвинителство, а во акцијата учествувале истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на Министерството за внатрешни работи. Во текот на акцијата, до доцните вечерни часови, биле извршени претреси на 16 локации низ државата, при што биле пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените биле обезбедени.Акцијата е резултат на заеднички постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за финансиско разузнавање, по претходно известување од Агенцијата за национална безбедност. Врз основа на обезбедените докази, обвинителството отвори предмет и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица, осомничени дека го оштетиле државниот буџет за 297.733.844 денари, односно околу 4,8 милиони евра.Според обвинителството, првоосомничениот – српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица – заедно со двајца службеници од Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале организирана група со цел вршење на кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба. Во периодот од 2023 до 2025 година, во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.Со прикажување неточни податоци во даночните пријави и со помош од даночни службеници, првоосомничениот во периодот 2023–2024 година избегнал плаќање данок во износ од 11.593.403 денари. Дополнително, други осомничени со лажни пријави побарале и добиле неосновано враќање данок за нерезидентни правни лица, со што на буџетот му е нанесена штета од 31.175.168 денари. Дел од осомничените, пак, вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91.985.197 денари.Досегашните докази, како што соопштува обвинителството, укажуваат дека осомничени вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, меѓу кои и лица на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба нанеле вкупна штета на Буџетот на Република Северна Македонија од најмалку 162.980.076 денари.Јавниот обвинител претходно предложи мерка притвор за десет осомничени, при што судот на осум лица им определи притвор, додека за две лица притворот веќе бил определен во друг предмет поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. За останатите десет осомничени предложени се мерки за обезбедување присуство, меѓу кои и забрана за вршење работни активности поврзани со кривичните дела и забрана за работа како службени лица во УЈП.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarynakg4levke815h1MJe3

Од 20 до 31 јануари калибрација на камерите: кога ќе се тестира, нема да се пропуштаат возила на тие локации

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во рамки на проектот „Безбеден град“ во периодот од 20 до 31 јануари ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди, односно камери за сообраќаен надзор.Како што соопштува МВР, активностите ќе се реализираат секој ден во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот. За време на тестирањата, на локациите каде што се вршат овие постапки, возилата нема да бидат пропуштани додека трае самата техничка проверка и калибрација на опремата.Во првата недела од предвидениот период, тестирањето ќе се спроведува исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Скопје, по што активностите ќе продолжат и на други локации, согласно динамиката на проектот.Од Министерството апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања и упатствата на терен, како и да покажат разбирање и трпение, со цел овие активности да се реализираат безбедно и непречено.Проектот „Безбеден град“ има за цел унапредување на сообраќајната безбедност и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот преку современ систем за автоматски надзор и контрола.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
ambulanta

Ужасно насилство во Гази Баба: Скопјанец удирал и давел партнерка, заканувајќи и се со нож, кршејќи и ребро

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривични дела телесна повреда и загрозување на сигурноста, казниви согласно член 130 став 2 во врска со став 1 и член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според наводите на обвинителството, на 14 јануари, во видно алкохолизирана состојба, осомничениот ја нападнал својата партнерка во дом во скопската општина Гази Баба, каде што таа привремено престојувала. Тој ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот, а ѝ се заканувал и со нож, со кој, според пријавата, замавнал кон неа.Жртвата од натамошно насилство ја спасиле двајца други потстанари во истата куќа, кои успеале да ја извлечат од просторијата и веднаш повикале полиција. По укажаната лекарска помош, кај жената биле констатирани повеќе телесни повреди, меѓу кои и пукнатина на ребро и на градната коска.Имајќи ја предвид тежината на делото и опасноста од бегство, Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library94evntgkk593dPh1tRR

Со торта на три спрата и порака на неа почна мандатот на новиот радоначалник на Општина Маврово и Ростуше

Со свечена торта и симболична порака за чест, одговорност и посветеност кон граѓаните, денеска и официјално започна мандатот на новиот градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски. Фотографијата од настанот, на која Јакупоски ја сече тортата со натпис „Со чест, одговорност и посветеност во служба на граѓаните“ и „Честитки за изборот за градоначалник“, го привлече вниманието во јавноста како несекојдневен почетокот на новиот мандат.Во свечена атмосфера, Јакупоски денеска го прими уверението за градоначалник, со што и формално беше потврдена изборната волја на граѓаните. Уверението му беше врачено од претседателот на Општинската изборна комисија Маврово и Ростуше, Реџеп Агаи.Тортата, поставена во салата за состаноци и украсена со симболот на општината и датумот 15 јануари 2026 година, беше централниот визуелен елемент на настанот и јасна порака за начинот на кој новиот градоначалник сака да го започне својот мандат – со јавен акцент на одговорноста и отчетноста кон граѓаните.При примањето на уверението, Јакупоски порача дека функцијата што ја презема ја доживува како голема чест, но и како обврска што носи сериозна одговорност. Тој најави посветена работа за подобрување на условите за живот во сите населени места во општината и нагласи дека мандатот ќе биде насочен кон интересите на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
IMG_4387

Второто полугодие за учениците почнува на 20 јануари, потврди министерката Јаневска

Учебната година во сите основни и средни училишта на територија на цела држава почнува на 20 јануари, потврди денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип.– Вчера веќе имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема да има пречки за новата учебна година. Апелирам до родителите, учениците да се редовни во училиштето и што е можно поретко да изостануваат. Затоа што сите испитувања и во Македонија и секаде во светот велат дека учениците, кои редовни ги посетуваат училиштата постигнуваат подобри резултати – вели Јаневска.Таа во својот апел до родителите порача да престанат со праксата да ги оправдуваат часовите и да не им дозволуваат на своите деца одмори во текот на учебната година и како што рече „децата треба да се од првиот до последниот ден на училиште, освен кога државата заради некаква поголема сила ќе одлучи дека тоа не треба да се случи“.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања