Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
media-libraryvb521bqp23r12I3ihBI

Трамп се заканува дека во Минесота ќе го прогласи Законот за побуна од 19 век – што значи тоа?

Претседателот Доналд Трамп повторно ја спомена можноста да се повика на ретко користен закон од 19 век за да распореди војска во Минеаполис, во сојузната држава Минесота.Во градот илјадници луѓе протестираат против зголеменото присуство на службеници на Американската имиграциска и царинска служба (ИЦЕ), а демонстрациите се интензивираа откако минатата недела службеник на ИЦЕ ја усмрти демонстрантката Рене Гуд во нејзиниот автомобил. Оваа недела федерални агенти застрелаа маж во ногата, што властите го опишаа како самоодбрана, пренесува Би-би-си.Во објава на социјалната мрежа Трут соушал, Трамп наведе: „ако корумпираните политичари во Минесота не го почитуваат законот и не ги запрат професионалните агитатори и бунтовници кои ги напаѓаат патриотите од ИЦЕ, кои само се обидуваат да ја вршат својата работа, јас ќе го прогласам ЗАКОНОТ ЗА ПОБУНА“. Тој додаде дека со примена на законот „брзо ќе ја заврши фарсата што се случува во оваа некогаш голема држава“ Минесота.Што е Законот за побуна?Законот за побуна од 1807 година му овозможува на американскиот претседател да користи активен воен персонал за извршување задачи на спроведување на законот внатре во Соединетите Држави. Претседателот може да се повика на законот ако утврди дека „незаконски опструкции, здружувања или собири, или побуна“ против властите го прават „неизводливо спроведувањето“ на американските закони преку редовна судска постапка.Откако ќе бидат повикани, воените сили, вклучително и Националната гарда, можат да добијат задача да ги сузбиваат граѓанските немири, да спроведуваат судски налози и да апсат и задржуваат мигранти. Бидејќи законот е формулиран општо, со малку конкретни насоки, на претседателите им дава голема слобода во одлучувањето кога да ја мобилизираат војската за домашни операции.Зошто Трамп сака да го користи?За време на својата изборна кампања, Трамп вети дека ќе ја сузбие нелегалната имиграција, нарекувајќи ја ситуацијата на јужната граница „национална вонредна состојба“ која, според него, би можела подобро да се контролира со повикување на овој закон. Уште на првиот ден од мандатот во јануари минатата година тој побара „препораки за дополнителни чекори што можеби ќе бидат потребни за постигнување целосна оперативна контрола на јужната граница, вклучително и дали треба да се повика Законот за побуна од 1807 година“.Неговата администрација веќе воведе низа опсежни мерки на границата, вклучувајќи национална акција за депортации и преместување на наводни членови на венецуелски банди во затвор во Ел Салвадор, одлука што се оспорува во повеќе судски процеси.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
259152317_476073507554637_2827034187181442103_n

Изменет режим на јавниот превоз на 19 јануари поради Богојавление

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека во понеделник, 19 јануари 2026 година, поради верскиот празник Богојавление – Водици, јавниот превоз во главниот град ќе функционира по неделен возен ред.Исклучок од овој режим ќе бидат автобуски линии 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои на празничниот ден ќе сообраќаат според саботен возен ред.Од ЈСП дополнително соопштуваат дека на Водици, во периодот од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар, додека жичницата нема да биде во функција.Воедно, од претпријатието потсетуваат дека жичницата не работи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот, согласно редовниот распоред за одржување и работа.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryg2hfnt9p5bu5bEiRA0G

Семејна драма во Чучер Сандево: маж со автомат се заканувал дека ќе ја убие сопругата и ќерките

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, казниво според член 396 став 5 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик.Според наводите на обвинителството, осомничениот на 13 јануари во својот дом во Чучер Сандево неовластено држел автоматско оружје STEN MKII, кое е целосно забрането за поседување од страна на граѓани, како и 71 куршум муниција со калибар 9 милиметри „Пара“, наменета за испалување од таков вид автоматско оружје.Оружјето и муницијата биле пронајдени откако сопругата на осомничениот ги известила полициските службеници кои пристигнале во домот по пријава дека тој ѝ се заканувал нејзе и на нивните две ќерки, родени во 2006 и 2010 година, дека ќе ги убие. Според пријавеното, најпрво упатувал закани кон сопругата дека ќе ја запали, по што искршил дел од покуќнината и со нож им се заканувал и на ќерките.Поради ваквите дејствија, со кои кај оштетените предизвикал чувство на сериозна загрозеност и страв, осомничениот се гони и за кривично дело загрозување на сигурноста, согласно член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Имајќи ја предвид тежината на делата, опасноста од бегство и можноста осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarykftdgf8vq9lddyckKp3

Персискиот Залив на раб на неизвесност: носачот „Абрахам Линколн“ се движи кон регионот

Блискиот Исток влезе во нова фаза на напнатост откако Соединетите Држави почнаа да префрлаат значителни воени капацитети кон Персискиот Залив, додека Иран накратко го затвори воздушниот простор и повторно го отвори по неколку часа. Потезите се случуваат во атмосфера на контрадикторни пораки од Вашингтон и стравувања на регионалните држави дека секоја погрешна проценка може да предизвика војна со далекусежни последици.Клучен сигнал за ескалацијата е насочувањето на ударната група на носачот на авиони „Абрахам Линколн“ од Јужното Кинеско Море кон Блискиот Исток. Истовремено, дел од персоналот на најголемата американска база во регионот, Ал Удеид во Катар, беше повлечен како превентивна мерка. Американските и британските власти издадоа нови предупредувања за патување, а повеќе држави, меѓу кои и Македонија, ги повикаа своите граѓани да го напуштат Иран.На терен, Техеран изгледа како град под тивка опсада. Сведоци зборуваат за зголемено присуство на Револуционерната гарда, контролни пунктови и патроли со мотоцикли. Антивладините протести, кои траат две недели, во последните денови се смирија. Дел од аналитичарите тоа го поврзуваат со исклучувањето на интернетот, други со засилена репресија.Американскиот претседател Доналд Трамп со денови испраќа мешани пораки. Од една страна зборува за илјадници убиени демонстранти и најавува можност за интервенција, а од друга тврди дека добил уверувања дека масовни егзекуции нема и дека ситуацијата се смирува. Токму тие изјави накратко ги спуштија цените на нафтата, но не и нервозата на берзите.Паралелно се води интензивна дипломатија. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи разговараше со колегите од Обединетите Арапски Емирати, Турција, Саудиска Арабија, Кина и Индија. Ријад предупреди дека секоја ескалација би го потресла целиот Залив, додека Анкара потсети на искуството од сириската војна и можниот нов бран бегалци. Кина се спротивстави на употребата на сила, а Индија ја истакна потребата од стабилност поради енергетските и трговските врски.Техеран во писмо до Обединетите нации ги обвини САД и Израел за поттикнување насилство и мешање во внатрешните работи. Пакистан, кој дели долга граница со Иран, пријави зголемен број повратници и стравува од прелевање на немири и вооружени групи.Во сенка на воените движења се одвива и економски притисок. Вашингтон ја суспендираше обработката на имигрантски визи за десетици држави, меѓу кои и Иран, со образложение дека сака да го намали товарот врз американскиот буџет.Регионалните сојузници на САД – Саудиска Арабија, Катар и Оман – предупредуваат дека напад врз Иран би отворил период на долготрајна нестабилност, со непредвидливи последици за енергетските пазари и глобалната безбедност. Засега, единственото што е извесно е напнатата тишина во која секој следен потег може да го смени текот на настаните.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library11b3gk4h51qq1Vws45J

Норвешки институт: Трамп ќе го анектира Гренланд, мора да се подготвиме за најлошото

Норвешкиот институт Фритјоф Нансен, кој се занимава со меѓународна политика во областите на животната средина, климата и енергетиката и биодиверзитетот на Арктикот, во четвртокот свика конференција за тоа што Данска и Европа можат да направат за да го запрат Трамп и колку е веројатна воена инвазија на Гренланд.Учесниците на конференцијата не беа премногу оптимистични. Директорот на институтот Ивер Нојман верува дека Трамп ќе го анектира Гренланд: „Трамп нема ни трошка дипломатска вештина. Размислува како магнат за недвижности и постојано бара нови луѓе што ќе ги искористи.“Нојман смета и дека Трамп не може да си дозволи губење на образот откако од Гренланд направи огромен проблем: „Движењето МАГА бара и очекува насилник и силен маж како водач. Трамп нема излез. Треба да се подготвиме за најлошото.“Ниту раководителот на истражувања во Институтот Фритјоф Нансен, Андреас Остхаген, не верува дека Трамп е заинтересиран за Свалбард, но е загрижен дека Путин би можел да го насочи вниманието кон норвешките арктички острови.„Свалбард е темпирана бомба која нема нужно веднаш да експлодира, но може да експлодира ако ситуацијата на Гренланд ескалира. Ако трансатлантската безбедносна гаранција дополнително се влоши, односно ако се покаже дека САД нема да ни притекнат во помош, Европа нема да има доволно капацитет да се одбрани“, изјави Остхаген за норвешкиот весник Дагбладет.Додека во Норвешка засега само се дискутира за заканите кон суверенитетот на Арктикот, во Данска постои сериозен страв од американска анексија на Гренланд. Средбата на данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и на гренландската министерка за надворешни работи Вивијан Моцфелд со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио во средата во Вашингтон донесе нови тензии.Договорено е формирање заедничка работна група која треба да најде решение за американските „безбедносни грижи“, а истовремено да го зачува данскиот суверенитет над најголемиот остров во светот. Меѓутоа, портпаролката на Белата куќа Каролин Левит изјави на прес-конференција дека задачата на работната група е технички да дискутира за „американското преземање на Гренланд“.„Не договоривме никаква техничка работна група која ќе разгледува како САД може да го заземат Гренланд. Работната група мора да испита дали воопшто е можно да се излезе во пресрет на американските барања без нарушување на данскиот суверенитет“, изјави Расмусен за данскиот телевизиски канал ТВ2.Покрај дипломатските активности, данската страна се обидува барем симболично да пружи отпор на претензиите на Трамп, па така во четвртокот на палатата Кристијансборг во Копенхаген, седиштето на данскиот парламент, владата и врховниот суд, беше истакнато гренландското знаме.Данските медиуми објавуваат емотивни пораки од граѓани кои бараат заштита на суверенитетот и изразуваат презир кон администрацијата на Трамп. Се јавуваат и разочарани дански војници кои рамо до рамо со американските сојузници, со значителни жртви, учествувале во интервенциите во Ирак и Авганистан, а имаше и повици Данска да се повлече од квалификациите за Светското првенство во фудбал во 2026 година во САД.Ааја Кемниц, една од двете гренландски пратенички во данскиот парламент, избрана од листата на социјалдемократската партија Инуит Атаqatigiit, за данските медиуми зборуваше за загриженоста и неизвесноста во својата татковина.„Луѓето доаѓаат на работа плачејќи, децата во училиштата зборуваат за анексија, постарите лица не можат да спијат. Гледаме знаци на дестабилизација на гренландското општество. Тоа создава огромна количина неизвесност. И деловната заедница на Гренланд е погодена и делумно парализирана од несигурната иднина. Тешко е да се започнуваат нови работи кога не знаеш што те очекува“, изјави Кемниц.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library07rsk17h23nr6R4vmpn

(Видео) Драма на Шар Планина: Диви ратраци ги загрозиле животите на ренџерите

Од Јавната установа Национален парк Шар Планина информираат дека директорот на установата, заедно со раководството на Одделението за заштита на природата и ренџерската служба, реализирал проширени теренски контроли во рамки на Националниот парк, конкретно во зоната на Попова Шапка, со цел надзор над почитувањето на законската регулатива и заштитата на природните вредности.При контролите било утврдено дека на државен имот се врши дејноста скијање со пет специјализирани возила – ратраци, од страна на оператор кој нема склучено договор, односно соодветна спогодба со Јавната установа Национален парк Шар Планина. Таквото постапување е спротивно на Одлуката за режимот на движење со моторни возила на територијата на паркот и на Планот за управување со заштитеното подрачје.Како директен резултат на контролите, надлежните служби веднаш изрекле мерка за забрана на движење на ратраците на операторите кои не ги исполнуваат законските и договорните услови за вршење туристичка дејност во рамките на паркот.Од Националниот парк посочуваат дека за време на извршувањето на службените задачи, вработените биле попречени од операторот со движењето на ратраците, со што било оневозможено спроведувањето на надлежностите предвидени во член 112 од Законот за заштита на природата. Според институцијата, ваквите постапки создале директен ризик по животот и безбедноста на вработените и го нарушиле нормалното функционирање на институционалните активности и почитувањето на законската регулатива.По настанот, како што се наведува, ќе биде поднесена пријава до Министерството за внатрешни работи и до Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање.Јавната установа потсетува дека скијањето со ратраци во Националниот парк Шар Планина е дозволено исклучиво во зони определени за активно управување, надвор од зоните на строга заштита и само со целосна согласност со законските и договорните обврски. Со договорниот однос, како што наведуваат, се воспоставува јасен режим на движење, надзор и одговорност на операторите, со цел минимизирање на влијанието на моторизираните активности врз чувствителните живеалишта, зачувување на биодиверзитетот и одржување на еколошката рамнотежа.Ренџерската служба најавува дека ќе продолжи со редовни и интензивирани теренски контроли и со преземање законски мерки за секоја утврдена повреда, во рамки на надлежностите утврдени со Законот за заштита на природата. Од Националниот парк Шар Планина порачуваат дека остануваат цврсто посветени на одржливо управување со заштитеното подрачје, развој на одговорен туризам и зачувување на природните вредности во интерес на јавноста и идните генерации.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library0ina52vt0431eY8L1Vs

(Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица

Царинска управа информира дека е спречен обид за сериозен меѓународен криминал, при што се запленети девет пиштоли, од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор.Како што соопштува Царинската управа, случајот бил откриен во вторникот вечерта на граничниот премин Богородица, на излез од државата. При детален претрес на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, царинските службеници во кровната конструкција на возилото, помеѓу лимот и тапацирот, пронашле девет пиштоли од марката „Црвена Застава“.По откривањето, случајот бил предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое го лишило од слобода осомниченото лице. По преземањето на предистражните дејствија, против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за кривично дело неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, казниво според Кривичниот законик.По наредба на јавен обвинител, осомничениот се наоѓа во притвор, а истрагата за утврдување на потеклото и намената на оружјето, како и евентуалните поврзани лица, е во тек. Царинската управа најавува дека ќе продолжи со засилени контроли на граничните премини со цел спречување на шверц и други облици на организиран криминал.

Настани | пред 1 месец

1 мес.
kompjuter

Лажни СМС-пораки и мејлови демнат граѓани: Апел од МВР за зголемена внимателност, по над 50 пријави за интернет измами

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период е забележано зголемување на фишинг напади, кои се изведуваат преку лажни СМС-пораки, електронска пошта, веб-страници и пораки на социјалните мрежи, со цел измама на граѓаните и злоупотреба на нивните лични и финансиски податоци.Од МВР посочуваат дека пораките најчесто се дизајнирани така што изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како банки, државни институции или реномирани компании. Особено зачестени се лажните СМС-пораки за наводно пристигнати поштенски пратки, со кои примателите се наведуваат да кликнат на сомнителен линк или да внесат лични податоци на лажни интернет-страници, што може да резултира со дополнителни злоупотреби.Според податоците на Секторот за компјутерски криминал, во текот на изминатата година се евидентирани повеќе од 50 пријави поврзани со ваков вид интернет-измами, што, како што наведуваат од МВР, укажува на сериозноста и распространетоста на проблемот.Министерството апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при користењето на интернет, да не отвораат сомнителни линкови и пораки и никогаш да не споделуваат чувствителни лични податоци, како броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали. Дополнително, се препорачува да се проверува адресата на испраќачот, бидејќи официјалните институции и компании користат службени домени, како и да се користи двофакторска автентикација како дополнителен слој на заштита на корисничките сметки.Од МВР информираат дека Секторот за компјутерски криминал и понатаму активно работи на истраги и презема мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами, при што граѓаните се повикуваат секој сомнителен обид за измама да го пријават кај надлежните институции или во својата банка.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryt35loso5kg6qckWa1Xe

Жерновски: Мицкоски ја стави државата на црната листа на САД

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, денеска на прес-конференција остро ги критикуваше политиките на Владата, оценувајќи дека одлуката на Соединетите Американски Држави за суспендирање на обработката на визи за македонските граѓани претставува сериозен политички сигнал и дипломатско предупредување.Жерновски изјави дека премиерот Христијан Мицкоски „го надминал Никола Груевски“ и, како што рече, „за жал ја ставил целата држава на црната листа на САД“. Според него, мерката не може да се третира како техничка пауза, туку како јасна порака дека Вашингтон внимателно ја следи состојбата во земјата и детектира сериозни проблеми.Тој нагласи дека митот за наводно „одлични и специјални односи“ со САД се распаднал, оценувајќи дека Македонија е ставена во ист контекст со земји од т.н. трет свет, што, според него, претставува тежок удар за меѓународниот углед на државата. Жерновски потенцираше дека земјата ја плаќа цената на погрешните политики кои водат кон затворање и изолација, што директно ја зголемува недовербата на граѓаните во институциите.Во своето обраќање, тој посочи дека недостигот од економска перспектива и реформска насока ги тера младите да ја напуштаат државата, бидејќи не гледаат иднина во сопствената земја. Според Жерновски, одлуката на САД е порака дека постои сериозна недоверба во капацитетот на институциите и дека се очекуваат реформи кои, како што рече, Владата не ги спроведува.Жерновски повтори дека СДСМ подолг период предупредува дека политиките на, како што ја нарече, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ го загрозуваат стратешкото партнерство со САД и процесот на интеграција во Европската Унија. Тој како проблематични ги посочи и надворешнополитичките активности на најблискиот соработник на Мицкоски во Владата, Иван Стоилковиќ, поврзувајќи ги со групи блиски до рускиот претседател Владимир Путин.Дополнително, Жерновски предупреди дека во јавноста сè почесто се појавуваат поранешни дипломати и политички актери блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои, како што рече, отворено ги напаѓаат Соединетите Американски Држави и го доведуваат во прашање стратешкото партнерство. Според него, паралелно се води и активна анти-ЕУ кампања, преку намерно продуцирање судири со Грција и Бугарија, со повторно отворање на затворени прашања, со цел да се оправда меѓународната изолација.На крајот, Жерновски оцени дека мерката на САД претставува јасен дипломатски аларм и индикатор за позицијата на Македонија на меѓународната мапа. Тој порача дека СДСМ ќе продолжи, како што рече, јасно и гласно да ја разоткрива „опасната агенда“ на власта и да се спротивставува на политиките кои го загрозуваат стратешкото партнерство со САД и европската иднина на државата.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
mickoski-ahmeti

Законот за прекршоци ќе помине со двотретинско мнозинство без Бадентер, „Сејф сити“ стартува од февруари, Ахмети не условува, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на лидерската средба било договорено безусловно да се поддржат измените на Законот за прекршоци, со што ќе се овозможи старт на системот „Сејф сити“. Тој појасни дека иако од Али Ахмети биле спомнувани наводни поднесени амандмани, подоцна било констатирано дека такви не постојат, по што било договорено координаторите на пратеничките групи да одржат посебен состанок.Според Мицкоски, очекувањата се Законот за прекршоци да биде усвоен на следната собраниска седница со двотретинско мнозинство, без примена на Бадентеровиот принцип. Тој најави дека проектот „Сејф сити“ би требало да започне со имплементација од февруари, при што најпрвин ќе следува фаза на нивелирање, која може да трае неколку месеци, а потоа и влегување во следната оперативна фаза.Прашан за евентуалните услови на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за поддршка на законските измени, Мицкоски истакна дека не очекува политички калкулации кога станува збор за прашања што директно се поврзани со заштита на човечки животи. Тој додаде дека е можно да има средба со Ахмети, но дека засега не е утврден конкретен датум.Премиерот повтори дека „Сејф сити“ е проект од суштинско значење за безбедноста во сообраќајот и јавниот простор и дека очекува политичка зрелост и одговорност од сите парламентарни субјекти за негово конечно ставање во функција.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Планот за Украина предизвика тревога во ЕУ: „Тоа е стапица поставена од Путин и Трамп“

Брисел разгледува предлози за напуштање на системот за пристапување кон Европската Унија кој се користи уште од Студената војна и негово заменување со контроверзен „двослоен модел“, со цел да се забрза влезот на Украина во ЕУ. Иако планот за реорганизација, за кој дискутира Европската комисија, е во почетна фаза, веќе предизвикува загриженост во европските престолнини поради пристапот на „олеснето проширување“ и неговите далекусежни последици, тврдат за Фајненшл тајмс седум високи функционери вклучени во разговорите.Членството како дел од мировен договорУкраина, која доби кандидатски статус веднаш по почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, членството во ЕУ го гледа како клучен елемент на својата повоена иднина и конечна потврда на прозападната ориентација.Во нацртите на мировниот план од 20 точки, за кој се преговара под водство на САД, наводно се споменува влез на Киев во ЕУ во 2027 година, и покрај проценките на официјални лица од Унијата дека на земјата би ѝ требале и цела деценија реформи за да ги исполни строгите критериуми за членство.Функционери на Комисијата сметаат дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе може да прифати други аспекти од можниот мировен договор, како откажување од територии во корист на Русија, само ако членството во ЕУ може да го претстави како позитивен исход.Како би изгледало „олеснетото“ членствоПрелиминарниот план би ѝ овозможил на Украина да се приклучи на блокот, но со значително помала моќ во одлучувањето. Според изјави на функционери, Киев во почетокот не би имал вообичаени гласачки права на состаноците на лидерите и во министерските совети.Според предлозите што сè уште се разработуваат, Украина би добивала постепен пристап до делови од единствениот пазар, земјоделските субвенции и финансирањето на внатрешниот развој дури по исполнување на одредени услови по самото пристапување.Со тоа драстично би се промениле правилата за пристапување договорени во 1993 година, кои од земјите бараат да исполнат огромен број прописи на ЕУ во низа области пред да станат полноправни членки.Длабока нелагодност во европските престолнини„Вонредни времиња бараат вонредни мерки… Не го поткопуваме проширувањето. Го прошируваме концептот на проширување“, изјави еден висок дипломат на ЕУ запознаен со идејата. „Правилата се напишани пред повеќе од 30 години и мора да бидат пофлексибилни. Ова е момент што се случува еднаш во генерација и мора да бидеме подготвени да одговориме.“Сепак, дипломати од земјите членки и од другите држави кандидатки изразија длабока нелагодност околу концептот. Некои стравуваат дека тоа би можело негативно да влијае врз идната стабилност на блокот, да ја намали вредноста на членството и да ги вознемири другите земји кои тежнеат кон влез.„Тоа е стапица поставена од Путин и Трамп, а ние влегуваме во неа“, изјави друг дипломат на ЕУ, предупредувајќи на ризик за единството на Унијата.„ЕУ повторно е меѓу чекан и наковална“, рече Муџтаба Рахман, директор за Европа во групата Евразија. „Нема избор освен да го забрза пристапувањето на Украина, но тоа ќе отвори Пандорина кутија со политички и стратешки ризици кои никој во Брисел целосно не ги разбира.“Поделби внатре во УнијатаНапредокот на Украина низ постојниот процес на членство моментно е блокиран од Унгарија, која го спречува едногласното одобрување потребно за отворање и затворање на секое од 35-те пристапни поглавја. Функционери на ЕУ и Украина веруваат дека учеството на САД во мировниот договор би можело да ја принуди Будимпешта да попушти.Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен неодамна го поврза пристапувањето на Украина со мировните преговори. „Пристапувањето е и клучна безбедносна гаранција за Украина, но и главен двигател на идниот раст и просперитет“, изјави таа. Сепак, голема група постојни членки на ЕУ, иако ја поддржуваат Украина, остро се противат на какви било мерки што би создале дупки во правилата или би воспоставиле двослоен систем на членство, потврдија четворица дипломати.„Не можете да имате процес заснован на заслуги со фиксен датум на завршување“, рече еден од нив. „Обидете се ова да им го наметнете на државите членки и тие никогаш нема да го прифатат“, предупреди друг висок функционер на ЕУ, истакнувајќи дека тоа би создало штетен јаз меѓу Брисел и престолнините.Последици за другите кандидати и партнериФункционерите истакнуваат дека секој обид за прилагодување на процесот на проширување би ги нарушил и амбициите на другите кандидати за членство и би отворил пошироки прашања за односите на ЕУ со соседите. Црна Гора и Албанија, кои се најнапред во преговорите, би можеле да сметаат дека им се нуди помалку привлечна награда.Исто така се поставува прашањето дали на други држави кои во последните години постигнаа мал или никаков напредок, како Босна и Херцеговина и Турција, би им била понудена истата опција на „олеснето проширување“.Нејасно е и како тоа би се одразило врз земјите од Европскиот економски простор, како Норвешка, кои се дел од единствениот пазар без право на глас, или врз други блиски партнери како Обединетото Кралство. „Со вакво нешто поставувате огромни, тешки прашања. Можни се толку многу непредвидени исходи“, заклучи трет висок дипломат на ЕУ.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library7nl5ctdvc17ffXEglZL

Мицкоски апелира на трпеливост: Следуваат позитивни сигнали од Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека актуелните информации поврзани со визните ограничувања на САД кон Македонија се однесуваат исклучиво на емигрантските визи, а не на туристичките посети или студентските визи, и порача дека во наредните денови очекува позитивни вести за македонските граѓани во односите со Соединетите Американски Држави.Според Мицкоски, нема простор за вознемиреност кај јавноста, бидејќи станува збор за тесно дефинирана категорија визи, која не ги засега граѓаните што патуваат туристички или поради образование. Тој истакна дека комуникацијата со стратешките партнери продолжува и дека очекува разврска која ќе биде во интерес на државата и на граѓаните.Премиерот упати и критика до опозицијата, оценувајќи дека по претходните реакции и критики поврзани со Обединетото Кралство, сега неоправдано се отвораат и прашања за односите со САД.Тој нагласи дека Владата останува посветена на зачувување и унапредување на односите со стратешките партнери и повтори дека очекува „многу добри вести“ за македонските граѓани во блиска иднина.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library7qb9aumko5bg1i5BjMN

Хајрулахи влегува во трка за републички обвинител: Со отстранување на десет луѓе ќе се пресече рекетот

Поранешниот виш јавен обвинител и адвокат Мустафа Хајрулахи најави дека ќе се кандидира за функцијата Републички јавен обвинител, уверувајќи дека ги исполнува сите законски услови и дека има јасна визија за реформирање на институцијата.Во изјава дадена во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Хајрулахи оцени дека состојбата во Јавното обвинителство е сериозна и дека се потребни радикални чекори за негово прочистување.„Десет обвинители ако се тргнат од тоа обвинителство и тек-тук некои нивни инсталации, за шест месеци до една година Јавното обвинителство ќе се крене на нозе. Ги интересира рекетот, ги интересира да стават некого во притвор, да го држат месец-два, па после да го пуштат за добар договор“, изјави Хајрулахи.Со ова тој официјално го најави својот влез во процесот за избор на нов републички обвинител.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
policija-2457

Полицијата со низа интервенции за нарушување на јавниот ред: Закани, напад врз полицаец и приведувања на граница

Надлежните полициски служби изминативе денови интервенираа во повеќе случаи поврзани со закани, напади и нарушување на јавниот ред. Во Дебар, против 35-годишен жител е поднесена кривична пријава поради сомнение за загрозување на сигурноста, откако преку мобилна апликација упатувал закани кон 52-годишно лице.Во Гостивар, пак, кривична пријава е поднесена против 59-годишен маж, осомничен дека во семејниот дом ѝ се заканувал на својата сопруга. Во Скопје, на подрачјето на Драчево, 41-годишен маж бил лишен од слобода откако физички нападнал полициски службеник за време на вршење службени дејствија.На граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода 34-годишен државјанин на Косово, откако било утврдено дека се наоѓа на „стоп-листа“ по барање на СВР Скопје.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
policija-rekord-avtobus

Полициски акции во Скопје, Штип и Горно Количани против нарко-криминал

Полициските служби во изминатиот период спроведоа повеќе акции против нелегалната трговија со дрога, при што беа лишени од слобода повеќе лица на различни локации низ државата. СВР Скопје поднесе кривична пријава против 28-годишниот А.Ј. од Скопје, кај кого на 5 март 2025 година, при полициска контрола на улицата „Февруарски поход“, била пронајдена и одземена марихуана.Кривична пријава е поднесена и против 28-годишниот И.Е. од Скопје, кај кого на 31 декември 2025 година во селото Горно Количани бил пронајден кокаин при претрес на неговото возило, а еден ден подоцна, при претрес во неговиот дом, биле откриени и одземени околу 800 куршуми калибар 9 милиметри.Дополнително, на 16 јануари 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници лишиле од слобода три лица – двајца скопјани и еден државјанин на Холандија со престој во Скопје, кај кои биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. Во Штип, пак, двајца 17-годишници биле приведени откако биле затекнати како фрлаат марихуана на улицата „Сутјеска“. По целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Провала и кражба во трговски центар во Скопје

На 16 јануари 2026 година во раните утрински часови било пријавено дека со употреба на сила било влезено во простории на финансиско друштво во трговски центар во скопската општина Карпош, при што биле одземени пари.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryapfd00nrm84dcFMaVsK

Ги воделе ‘Тот’, ‘Тамара’, ‘Трансмет’, ‘Двојник’, „Тенковски делови“: меѓу исксутвото и контроверзиите, кои се петте кои сакаат да шефуваат

Обвинителите Дејан Петрески, Спасенка Андонова, Тања Трајчевска, Анел Фидоски и актуелниот шеф Гаврил Бубевски се имињата што се споменуваат како потенцијални кандидати за нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје. За пет дена, Советот на јавни обвинители треба да донесе одлука кој ќе застане на чело на најголемото обвинителство во државата.Изборот се одвива во период на институционална чувствителност, по оставката на поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски и назначувањето на вршител на должноста јавен обвинител Анита Тополова Исајловска. Скопското обвинителство, кое постапува по најголем број и најкомплексни предмети во земјава, добива ново раководство во момент кога довербата во правосудниот систем е под силен јавен притисок.А кои се кандидатите...Анел Фидоски како обвинител во скопското Обвинителство е познат по неколку високопрофилни случаи, а меѓу нив е гонењето на обвинетите за убиството на Никола Сазодвски, член на групата „Комити“ и експремиерот Владо Бучковски за „Тенковски делови“ кој застаре благодарение на преквалификацијата на делото која ја направи Фидоски. Додека обвинителот ја водеше истрагата и утврдуваше факти, еден од обвинетите и осудените, Јетон Љужа, избега од Макеоднија. Тој беше вклучен и во судскиот процес за гонењето на 12 чоктори и членови на комисии за малата Тамара од Влеес, која почина додека чекаше државата да и помогне за лекувањето во странство.Дејан Петрески е обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје и е ангажиран на предмети поврзани со напади врз новинари. Тој го водеше предметот за упадот во М-НАВ, во кој осомничен беше Беким Незири, како и предметот за пожарот во модуларната болница во Тетово. Токму за тој случај, поранешната обвинителка, а денес адвокатка Лејла Кадриу, јавно изнесе сериозни критики, наведувајќи дека Петрески бил користен како „поштар“ преку кој се контролирале дејствијата во истрагата и се штителе одредени лица.Тања Трајчевска го водеше предметот за убиството на ракометарот Денис Тот, во кој обвинетите беа осудени и на по 18 години затвор. Таа постапуваше и во предметот за смртта на диџејот Љупчо Лешко, за кој родителите на починатиот изнесоа серија забелешки поради непокренување обвинение покрај доказите за сопствениците на објектот каде младото момче загина. По тие реакции, Вишото јавно обвинителство донесе одлука случајот повторно да се преиспита.Спасенка Андонова беше обвинителка во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и го водеше предметот „Двојник“, поврзан со незаконско издавање пасоши на странски криминалци. Во овој случај, судените добиваа релативно ниски казни од судот. Во минатото Андонова беше дел и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде не беше реизбрана.Гаврил Бубевски, актуелен шеф на скопското Обвинителство, дојде од Специјалното јавно обвинителство, каде што беше избор на Катица Јанева во 2015 година, како млад обвинител со шестгодишен стаж. Во СЈО работеше на предмети што произлегоа од прислушуваните разговори, меѓу кои „Трансмет“, „Шамарите во Центар“, „Титаник 2“, „Моќник“, како и истрагите за „Актор“ и „Подарок“. Тој беше дел и од постапката за случајот „Монструм“. Бубевски беше обвинуван дека со наводно непостапување, овозможил Сеад Кочан и компанијата „Трансмет“ да префрлат имот на трето лице, а кој што требало да биде предмет на конфискација. Тој јавно тврдеше дека не направи грешка во постапувањето.Кандидатите за функцијата имаат обвинителско искуство кое се движи од шест до повеќе од дваесет години и зад себе носат серија јавни и општествено значајни предмети, дел од нив и со силни контроверзии. Одлуката на Советот на јавни обвинители ќе биде внимателно следена, бидејќи изборот на нов шеф на скопското Обвинителство се смета за клучен тест за насоката и кредибилитетот на обвинителскиот систем во период на институционални превирања.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
278630190_541392414018340_5258819745201078676_n

Македонија го отвора Европското првенство против светскиот и олимписки шампион Данска

Седумнаесеттото Европско првенство во ракомет за мажи, кое се одржува во Данска, Норвешка и Шведска, официјално започна вчера, а денеска на терен ќе излезе и македонската репрезентација. За Македонија ова е деветто учество на континенталните шампионати, осмо по ред, а најдобриот пласман останува петтото место освоено на ЕП 2012 година.Титулата на шампион ја брани Франција, која со евентуално ново злато би се израмнила со рекордерот Шведска, со по пет европски титули. Македонија е сместена во групата Б и шампионатот го започнува вечерва од 20:30 часот во данскиот град Хернинг, каде ќе се соочи со актуелниот олимписки и светски првак Данска. Вториот натпревар македонските ракометари ќе го одиграат в недела против Португалија од 18 часот, додека во вторник следува дуелот со Романија, исто така од 18 часот. Пласман во следната фаза обезбедуваат двете првопласирани селекции од секоја од шесте групи.Македонија и Данска последен пат се сретнаа во групната фаза на Европското првенство 2022 година, кога Данците славеа со 31-21. Сепак, македонската јавност сè уште го памети триумфот од 33-29 во квалификациите за истото првенство, остварен во Скопје, на дебито на Кирил Лазаров како селектор, што воедно беше еден од ретките порази на Данска во изминатата деценија, како што потсетува Европската ракометна федерација.Селекторот Кирил Лазаров пред почетокот на шампионатот истакна дека неговиот тим влегува во натпреварот без притисок, но со голема желба да се надигрува со најдобрите. Тој оцени дека Данска е најдобрата репрезентација во светот во последните десет години, дека игра пред домашна публика и дека тоа ќе биде огромен предизвик, но нагласи дека Македонија нема што да изгуби и треба да ужива во ваков натпревар. Лазаров посочи дека промената на генерацијата е тежок и долг процес, особено за мала земја како Македонија, но изрази задоволство од напредокот што е направен во изминатите две години и од фактот што тимот веќе покажал дека може да одигра добар натпревар, иако континуитетот на големите турнири останува најголемиот предизвик.Македонската репрезентација во подготовките одигра пет контролни натпревари, на кои забележа три победи, едно реми и еден пораз. Подготовките започнаа во Пореч, каде Хрватска славеше со 26-23, по што следуваше турнирот во Винтертур, на кој Македонија го освои второто место со победи над Бахреин и Украина, како и реми со домаќинот Швајцарија. Генералната проба пред шампионатот беше победата над данскиот прволигаш Митјиланд со 35-27.Шефот на македонската делегација и поранешен репрезентативец Филип Миркуловски оцени дека последната проверка била исклучително корисна за тестирање на тактичките замисли и нагласи дека Македонија е во тешка група, но дека целта е да се изненадат фаворитите. Тој потенцираше дека иако станува збор за млада репрезентација, играчите зад себе имаат повеќе големи турнири и дека овој состав има потенцијал да расте и да постигнува резултати во иднина, како што пренесе Ракометната федерација на Македонија.Од другата страна, Данска, која според ракометните експерти е прв фаворит за златниот медал, со оптимизам влегува во шампионатот. Селекторот Николај Јакобсен изјави дека почетните натпревари секогаш носат одредена трема, но дека искуството и поддршката од околу 15.000 навивачи во арената Јуске Банк Боксен ќе бидат огромен ветер во грб. Тој оцени дека Македонија има млад и талентиран тим, но дека Данска влегува со јасна цел и самодоверба дека, ако игра на своето ниво, ќе биде тешко да биде поразена.Годинешното Европско првенство е прво за Данска без легендите Никлас Ландин, Хенрик Мелгард и Микел Хансен. И покрај тоа, Данците досега на европските првенства имаат освоено осум медали, а Јакобсен, кој е селектор од 2017 година, зад себе има четири светски титули и една олимписка. Македонија, пак, со млад состав и процес на постепена генерациска смена, влегува на шампионатот со амбиција за чекор напред и со надеж дека токму ваквите натпревари се патот кон идни успеси.

Спорт | пред 1 месец

1 мес.
apsenje

Финансиска истрага на 16 локации: 20 осомничени за штета од 4,8 милиони евра врз буџетот

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, до доцните вечерни часови вршеа претреси на вкупно 16 локации низ државата. При претресите биле пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени.Како што информираат од обвинителството, акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за финансиско разузнавање, по известување од Агенцијата за национална безбедност, при што биле обезбедени докази за основано сомнение за сторени кривични дела од финансиска природа. Врз основа на прибраните докази, обвинителството отворило предмет и донело наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица, кои, според сомневањата, го оштетиле државниот буџет за 297.733.844 денари, односно околу 4,8 милиони евра.Првоосомничениот, српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале организирана група со цел извршување кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службената положба. Во периодот од 2023 до 2025 година, во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.Според наодите на истрагата, со прикажување неточни податоци во даночните пријави и со помош на даночни службеници, во периодот 2023–2024 година првоосомничениот избегнал плаќање данок во износ од 11.593.403 денари. Останатите осомничени сопственици и управители на правни лица поднесувале лажни барања за враќање данок за нерезидентни правни лица, кои осомничени вработени во УЈП неосновано ги одобрувале, со што на буџетот му била нанесена штета од 31.175.168 денари.Дополнително, дел од осомничените во истиот период вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на пари прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91.985.197 денари. Досегашните докази укажуваат дека осомничените вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, меѓу кои и лица на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба нанеле вкупна штета на Буџетот на Република Северна Македонија од најмалку 162.980.076 денари.Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, утврдил дека се исполнети условите за определување мерка притвор за десет осомничени. До судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор за осум лица, додека за две лица мерката притвор веќе е определена во друг предмет поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. За преостанатите десет осомничени предложени се мерки за обезбедување присуство, меѓу кои и забрана за вршење работни активности поврзани со кривичните дела, како и забрана за извршување службени должности во Управата за јавни приходи.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library2b9jsevuo03q4b14Enr

Предвремени парламентарни избори во Бугарија, на Радев сите му го вратија мандатот

Политичката криза во Бугарија доби нов пресврт откако и Алијансата за права и слободи експресно го врати мандатот за состав на влада. Претседателот Румен Радев веднаш по средбата со партиските претставници констатираше дека државата оди кон предвремени парламентарни избори.Радев објасни дека одлуката да го довери мандатот токму на АПС имала симболична тежина, но дека во изминатите денови партијата била изложена на сериозни притисоци. Според него, врз членови и симпатизери биле вршени различни форми на влијание кои не се во духот на владеењето на правото.Претседателот предупреди дека обидите за политичка инструментализација на етничките теми се опасни и служат исклучиво на теснопартиски интереси. Тој порача дека во Бугарија нема реална основа за такви поделби и дека мандатот го дал како знак за зачувување на националното единство.Лидерот на АПС, Хајри Садков, пак, оцени дека сегашниот состав на парламентот е нефункционален и неспособен да произведе стабилна власт. Според него, политичката конфигурација во Собранието е „генетски модифицирана“ и не нуди услови за одржливи решенија.Садков нагласи дека партијата не сака да учествува во експерименти кои би можеле дополнително да ја продлабочат кризата и дека одговорноста кон државата и демократијата е поголема од желбата за формално учество во власта.Со враќањето на мандатот, се затвора и последната уставна можност за редовно формирање кабинет, што практично ја отвора вратата за нов изборен циклус во земјата.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања