Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-35-0950PM

Одземени пасоши и забрани за работа: Кривичниот суд определи мерки за претпазливост за 10 лица поврзани со акцијата во УЈП

Во врска со вчерашната акција на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, која е поврзана со истрага за незаконски дејствија во Управа за јавни приходи, до Основниот кривичен суд Скопје бил доставен предлог за определување мерки за претпазливост против вкупно 10 лица.Од Кривичниот суд информираат дека девет од осомничените биле спроведени пред судија на претходна постапка, каде што дале свое произнесување по предлогот на обвинителството. По разгледување на наводите, судијата го прифатил предлогот и на сите девет лица им определил мерки за претпазливост.Станува збор за мерки согласно точките 2, 3, 6 и 7 од Законот за кривична постапка, кои опфаќаат одземање на патната исправа, обврска за редовно јавување во суд, забрана за комуникација со определени лица, како и забрана за вршење одредени работни активности поврзани со предметот на истрагата.За десеттото лице, како што соопштуваат од Судот, постапката за определување мерки ќе се спроведе дополнително, согласно законските процедури. Од Основниот кривичен суд Скопје нагласуваат дека мерките се определени со цел обезбедување непречено водење на кривичната постапка и спречување можни влијанија врз сведоци или повторување на делото.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryk737qpffia9adBXMWqr

Нов протест за Усје следната недела, граѓаните не отстапуваат од борбата за чист воздух

Жителите од населбите околу цементарницата „Усје“ на 21 јануари повторно излегуваат на улица. Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави мирна блокада во 18 часот на крстосницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, тврдејќи дека загадувањето на воздухот и понатаму се игнорира од институциите.Клучното барање останува поставување независни мерни станици со јавно достапни податоци во реално време, 24 часа дневно. Според иницијативата, без ваков систем граѓаните немаат можност да проверат што навистина дишат.Од цементарницата, пак, и понатаму се повикуваат на еколошките дозволи и на постојните мониторинг-рамки. Компанијата во повеќе наврати нагласува дека работи согласно законските стандарди и дека контролите на државните институции го потврдуваат тоа.Инаку, на седница одржана кон крајот на декември 2025, Советот на Град Скопје со 41 глас „за“ од вкупно 45 советници донесе заклучок со кој се задолжува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да побара од Владата да започне постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и други големи индустриски загадувачи надвор од скопската котлина.Иницијативата, поднесена од советниците од „Зелен хуман град“, беше едногласно прифатена, со вкучен акцент на тоа дека Град Скопје нема директни ингеренции да ја дислоцира фабриката, но може да побара од Владата официјално да ја разгледа можноста и да започне со следење на исполнувањето на еколошките стандарди.Советот исто така се обврза да побара од Државниот инспекторат за животна средина да спроведе низа контроли за да се утврдат фактичките емисии и дали „Усје“ ги почитува условите од своите дозволи.Новата блокада доаѓа во момент кога институционалниот процес е отворен, но без конкретни чекори. За жителите, како што порачуваат, прашањето е едноставно – право на чист воздух пред сè друго.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library2bmltvfnk1mqcFZ2578

Симболичен гест во Белата куќа: Мачадо му го врачи Нобеловиот медал на Трамп

Необичен дипломатски момент се случи во Вашингтон кога венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо му го предаде својот Нобелов медал на американскиот претседател Доналд Трамп. Таа го опиша чинот како знак на благодарност за поддршката што, според неа, Трамп ја дава за „слободата на Венецуела“.Средбата се одржа во Белата куќа, во период на длабоки политички превирања во Венецуела, откако американските сили го уапсија Николас Мадуро. Мачадо изјави дека настанот има историска тежина за венецуелскиот народ и дека очекува нова фаза во односите со Вашингтон.Трамп јавно го поздрави потегот, нарекувајќи го израз на заемно почитување и ја пофали улогата на Мачадо во политичките промени во земјата. Паралелно, неговата администрација веќе воспостави работни контакти и со Делси Родригез, која положи заклетва како претседателка и засега задржува дел од структурите поврзани со поранешниот режим.Идејата медалот да стане „заеднички“ симбол меѓу двајцата, сепак, наиде на правна пречка. Нобеловиот комитет потсети дека самата награда не може да се пренесе на друго лице, ниту да се дели по нејзиното доделување.Од Нобеловиот центар за мир појаснија дека физичкиот медал може да се подари, но статусот на лауреат останува трајно врзан за првичниот добитник. Со тоа, гестот на Мачадо останува политички симбол, а не формална промена на сопственоста на наградата.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryihaq269kfcdkbbaN0WI

„Венецуела ќе соработува со САД, Русија и Кина без туѓа диктатура“, прача Делси Родригез

Венецуела има суверено право да гради односи со сите држави во светот, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, Русија и Кина, порача привремената претседателка Делси Родригез во годишното обраќање до нацијата.Таа нагласи дека надворешната политика на Каракас ќе се темели на заемно почитување и на принципите на меѓународното право, без прифаќање ограничувања што произлегуваат од внатрешните политички интереси на други земји.„Венецуела не прифаќа условувања кога станува збор за нејзините дипломатски и економски односи. Нашата соработка мора да се заснова на достоинство, независност и еднаквост“, изјави Родригез.Претседателката посочи дека енергетската и дипломатската соработка со Кина, Русија, Куба и Иран останува приоритет, но дека вратата е отворена и за конструктивни односи со Соединетите Држави.Родригез порача дека земјата ќе продолжи да бара партнерства со сите народи, без оглед на геополитичките разлики, и дека интересите на Венецуела ќе бидат водечки критериум во секоја идна соработка.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryvsh6drtjbalken9P2TK

Тетово воведува викенд автобус до Попова Шапка – повратен билет 200 денари

Општина Тетово од сабота, 17 јануари, повторно воведува јавен превоз на релација Тетово – Попова Шапка – Тетово. Линијата ќе ја одржува јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ и ќе функционира само за време на викендите.Граѓаните ќе имаат на располагање два термини за поаѓање од Тетово – во 08:00 и во 10:00 часот, додека враќањата од Попова Шапка се предвидени во 14:45 и во 16:00 часот. Цената на повратниот билет ќе изнесува 200 денари.„Ги повикуваме сите граѓани да го користат јавниот превоз и да придонесат кон намалување на сообраќајниот метеж и заштита на животната средина“, соопшти Општина Тетово.Во споредба со претходната скијачка сезона, бројот на линии е намален. Во јануари 2025 година кон Попова Шапка сообраќаа четири автобуси дневно со поаѓања во 08:00, 10:00, 12:00 и 15:30 часот, а враќањата кон градот беа еден час подоцна од овие термини.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library3k31prn2nm477Q4z21h

(Видео) Посмртните останки на телохранителите на Мадуро пристигнаа на Куба

Кубанската државна телевизија вчера наутро во живо го пренесуваше враќањето на посмртните останки на 32 кубански државјани кои загинаа во американските напади врз Венецуела за време на операцијата изведена во раните утрински часови на 3 јануари, чија цел беше заробување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро.Останките пристигнаа во кутии помали од ковчези, прекриени со кубанското знаме. Со години Куба испраќа илјадници свои граѓани во Венецуела, а за возврат добиваше испораки на нафта. Меѓу испратените Кубанци има наставници и лекари, но и разузнавачки агенти и припадници на обезбедувањето.Кубанскиот претседател изјави дека луѓето не стануваат големи поради материјалното богатство.Њујорк тајмс во декември објави дека, соочен со растечки американски воен притисок, Мадуро ја проширил улогата на кубанските телохранители во сопственото обезбедување и распоредил дополнителни кубански контраразузнавачи во венецуелските вооружени сили.Посмртните останки на меѓународниот аеродром во Хавана ги пречекаа кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел, министерот за внатрешни работи Ласаро Алберто Алварес Касас и други високи функционери на Комунистичката партија на Куба.„Непријателот еуфорично зборува за високопрецизни операции, за елитни сили, за надмоќ. Ние, од друга страна, зборуваме за семејства кои изгубија татко, син, сопруг, брат. Луѓето не стануваат големи поради материјалното богатство, туку поради способноста да го зачуваат споменот на своите херои“, изјави Алварес на аеродромот.Трамп: Венецуела повеќе не треба заштита од насилници и уценувачиСоборувањето на Мадуро претставува тежок удар за Куба, која во голема мера се потпираше на венецуелската нафта за одржување на економијата. Испораките на нафта од Венецуела практично престанаа. Економистите оценуваат дека кубанската економија е во слободен пад откако американската влада го прекина дотокот на венецуелска нафта.Во неделата американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи порача дека „повеќе нема да има ниту нафта ниту пари“ кои од Венецуела одат кон Куба. „Венецуела повеќе не треба заштита од насилници и уценувачи кои со години ја држеа како заложник. Венецуела сега ги има Соединетите Американски Држави, најмоќната војска во светот, да ја штитат – и ние ќе ја штитиме“, најави Трамп.Губењето на венецуелската нафта би било катастрофално за Куба, смета Хорхе Пињон, поранешен нафтен менаџер во Мексико и експерт за енергетика на Универзитетот во Тексас во Остин. Тој наведува дека Венецуела ѝ обезбедувала на Куба приближно една третина од нејзините дневни потреби за гориво.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarykek3pk288lge2303SPX

Левица: „Запирање на имигрантските визи од САД - стратешки шамар за домашните вазали“ 

Партијата Левица ја обвини Владата дека со својот, како што наведуваат, вазалски однос кон САД директно придонела за одлуката да се запре постапката за издавање имигрантски визи за македонските граѓани.Во соопштението, партијата тврди дека актуелната власт со години градела илузија за наводно „стратешко партнерство“ со Вашингтон, но дека реалноста покажала отсуство на каква било вистинска поддршка. Според Левица, надворешната политика на Владата се свела на симболични средби и фотографии со американски функционери без влијание врз клучните одлуки.Партијата потсетува дека на запирањето на визите му претходело воведување трговски маржи и царини од страна на САД, по што Владата, како што се наведува, „во немоќ и коленичење“ одлучила целосно да ги укине царините кон американските производи.Левица ја критикува и серијата надворешнополитички потези на власта – гласањето против укинувањето на санкциите кон Куба, поддршката на американските резолуции за Украина и ставовите околу Венецуела – оценувајќи дека тие го нарушуваат угледот на Македонија без да донесат каква било корист.„Мицкоски и Муцунски не можат да научат дека вазалскиот однос кон САД не е и не може да биде стратешко партнерство“, се наведува во соопштението.Според Левица, ваквата политика ја внесува државата во „стратешки ќорсокак“, а излезот го гледаат во промена на надворешнополитичкиот курс и отворање кон други глобални партнери. Партијата заклучува дека актуелната власт нема капацитет за таков пресврт и дека последиците ги трпат граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryqkd6bvftg02ndOxZnwy

Германија ja гради најмоќна војска во Европа, во Франција се шири чувство на страв

Историското вложување на Германија во вооружените сили во Франција се следи со восхит, но и непријатност. Во Париз расте загриженост дека политичкото тежиште на Европа се поместува кон исток, додека Берлин ги зголемува трошоците за одбрана на нивоа што сојузниците тешко можат да ги следат.Берлин се обврза да потроши повеќе од 500 милијарди евра за одбрана до 2029 година и да ја достигне новата цел на НАТО од 3,5 отсто од бруто-домашниот производ шест години пред предвидениот рок. Иако НАТО го поздравува јакнењето на Германија, во некои европски престолнини повторното издигнување на Бундесверот како доминантна сила предизвикува преиспитување, пишува Блумберг.Ова е особено изразено во контекст на рекордниот раст на поддршката за крајно десната, националистичка партија во Германија, што буди стравови дека проевропската влада не може да се зема здраво за готово.Непријатност во ПаризВо Франција, единствената нуклеарна сила во Европската Унија и земја со една од најсилните армии, расположението е поделено. Од една страна се чувствува олеснување што Германија презема поголем товар во одбранбените прашања, но истовремено расте вознемиреност дека германската индустрија би можела да го надмине францускиот одбранбен сектор. Оваа информација ја потврдија четворица француски функционери.Францускиот пратеник во Европскиот парламент Франсоа-Ксавие Белами изјави: Франција е во кревка позиција, а фактот што Германија со ваква решителност се обврзува, природно ќе создаде динамика што може да нè остави настрана. Домашната кревкост ја слабее француската геополитичка тежина.Белами, член на Европската народна партија, се залага за пристап купувај европско и смета дека Франција, како еден од водечките светски извозници на оружје, треба да се насочи кон извоз во европските соседи. Мораме да бидеме доследни, рече тој, додавајќи дека Франција долго време се жалела дека товарот го носи сама.Промена на европската рамнотежаСпоред Клаудија Мајор, виша потпретседателка на Германскиот Маршалов фонд, Германија по историските конфликти се задоволувала со споредна политичка улога, дури и додека нејзината економија јакнела. Сега, додека повторно се вооружува, тежиштето на континентот се поместува кон Берлин, што предизвикува нервоза во Франција.Постоеше широко прифатена рамнотежа во Европа дека Франција ќе биде геополитичка сила, а Германија економска сила, рече Мајор. Германија не сакаше да биде политички гигант. Сега таа станува и едното и другото и вложува напори новата моќ да ја вгради во европските рамки. Тоа ја става Франција во тешка позиција. Нивната вознемиреност кажува повеќе за самата Франција отколку за Германија.Под водство на канцеларот Фридрих Мерц, Германија ги укина строгите ограничувања за задолжување за одбранбени трошоци со цел да обезбеди средства за повторно вооружување и за одвраќање на Русија. Иако нордиските земји, Балтикот и Полска исто така значително вложуваат во одбраната, малку држави можат да се мерат со германската брзина и обем. Наспроти тоа, традиционалните одбранбени сили како Франција, Италија и Шпанија имаат ограничен фискален простор за поголемо зголемување на трошоците.Военото јакнење на Германија е тесно координирано со сојузниците. За време на посетата на Берлин во декември минатата година, генералниот секретар на НАТО Марк Руте ја пофали Германија, велејќи: Ова е токму онаа решителност што ни е потребна за да ја обезбедиме нашата безбедност. Германија води со пример.Несогласувања околу заедничките проектиИ покрај соработката, се појавија и точки на раздор. Кога поранешниот канцелар Олаф Шолц ја претстави Иницијативата Европски небесен штит, замислена за зајакнување на противракетната одбрана, Франција се почувствува исклучена. Фрустрациите дополнително пораснаа по најавата за купување 35 американски борбени авиони Ф-35 за 10 милијарди евра наместо европски летала. Иако под Мерц набавката на американско оружје е забавена, одбранбената соработка со Франција и натаму е сложена.Најамбициозниот европски одбранбен проект, развојот на борбен авион од шеста генерација, се наоѓа пред распад. По години преговори, индустриските партнери – француската компанија Дасо и Ербас, која ја претставува германската страна – не успеаја да се договорат за поделбата на производството.Нова стратешка улога и погледи од соседствотоНовата воена сила ѝ дава на Германија поголемо влијание во рамките на ЕУ и НАТО. Во Полска подемот на Германија внимателно се следи, но, како што изјави вицепремиерот Радослав Сикорски, сè додека Германија е членка на ЕУ и НАТО, повеќе се плашам од германската одбивност кон вооружување отколку од германската војска.Германија е и индустриски и економски најдобро позиционирана да обезбеди таканаречени стратешки овозможувачи, како противвоздушна одбрана, вселенски разузнавачки податоци и логистика. Европа во моментов за тие способности речиси целосно се потпира на САД.Се надеваме дека Германија дополнително ќе ги развива стратешките овозможувачи за сојузот, изјави генералот Маркус Лаубентал, еден од највисоките германски генерали во НАТО. Од перспектива на НАТО, и во поглед на знаењето и индустрискиот капацитет, има смисла да се работи со клучните европски сојузници. Заедно сме посилни. Треба да можеме да се договориме за барањата и да испорачуваме побрзо, бидејќи како корисник ми се потребни.Политичка неизвесност во БерлинИ покрај сè, германската внатрешна политика предизвикува нервоза во Европа. Крајно десната партија Алтернатива за Германија води во некои анкети и би можела да оствари значителни победи на локалните избори во источна Германија оваа година. Иако Клаудија Мајор напоменува дека популистички политичари јакнат и на други места во Европа, комбинацијата од воена моќ и политички екстремизам предизвикува посебна загриженост.Постои сè поголема вознемиреност што би можело да се случи со оваа исклучително силна германска воена моќ доколку Алтернатива за Германија го преземе политичкото водство, изјави Јана Пуглиерин од Европскиот совет за надворешни односи.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library6p21p0pmug1rckUQz1R

НАТО се распоредува на Гренланд, Трамп не се откажува од сопствената желба да го има островот

Европските престолнини влегоа во фаза на дискретна мобилизација откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно навести дека не ја исклучува употребата на воена сила за преземање на Гренланд. Според пишувањата на „Политико“ (Politico), во Брисел, Париз и Берлин веќе се водат неформални консултации за тоа како да се реагира доколку Вашингтон тргне во отворена конфронтација со Данска – членка на НАТО и на Европската Унија.Иако никој во Европа не верува дека утре ќе избие директна војна меѓу сојузниците, дипломати признаваат дека сценариото повеќе не се третира како научна фантастика. На маса се ставени мерки што до вчера се сметаа за незамисливи: ограничување на пристапот на САД до европските воени бази, преиспитување на разузнавачката соработка и намалување на купувањето американско оружје.Европски претставници приватно поставуваат едноставно прашање – зошто Соединетите Држави би продолжиле да уживаат целосна воена и логистичка поддршка на континентот ако се обидат да одземат суверена територија на сојузничка држава. Американските бази во Европа се клучни за операциите во Африка и на Блискиот Исток, што на Брисел му дава значајна преговарачка моќ.Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека какво било загрозување на европскиот суверенитет ќе има последици без преседан и најави целосна солидарност со Данска. Во исто време, Копенхаген и властите во Гренланд водат разговори со администрацијата на Трамп, но данскиот министер за надворешни работи призна дека постои длабоко и фундаментално несогласување, бидејќи американскиот претседател отворено ја повторил желбата САД да го преземат островот.Дел од дипломатите сметаат дека кризата веќе нанела тешка штета на НАТО и дека довербата меѓу двете страни на Атлантикот е сериозно разнишана. Сепак, многумина стравуваат дека радикалните мерки би можеле да доведат до целосен распад на трансатлантското партнерство, во момент кога Европа зависи од американската поддршка за безбедносните гаранции за Украина и за одвраќање на Русија.Еден висок европски функционер мрачно заклучува: трансатлантските односи влегуваат во нова ера и стариот модел на безусловно сојузништво веќе не постои. Европа, сакала или не, ќе мора да научи да се брани сама.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjsfop62gugjddsJyboc

(ВИДЕО) Брижит Макрон ги изненади сите: Застана зад диџеј-пултот и направи журка

Француската прва дама Брижит Макрон повторно се вклучи во хуманитарна акција, но овојпат на навистина невообичаен начин.Во рамки на долгогодишната кампања „Pièces Jaunes“, која собира средства за деца на болничко лекување, на настан одржан во Дизниленд во близина на Париз, Брижит Макрон накратко ја презеде улогата на диџеј.На дружењето, кое се одржа во опуштена атмосфера, присуствуваа околу 300 деца, а меѓу гостите беше и селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешан, кои имаа можност да се запознаат и дружат со познатите личности.Во еден момент, на изненадување на сите присутни, Брижит Макрон застана зад DJ-пултот и ја крена атмосферата пуштајќи ја песната „Forever Young“ од групата Alphaville. Снимките од нејзиниот танц и добро расположение брзо се проширија на социјалните мрежи и беа пречекани со воодушевување.Хуманитарната кампања „Pièces Jaunes“ трае до 7 февруари, а собраните средства се наменети за подобрување на условите и квалитетот на животот на децата и адолесцентите кои се лекуваат во болници.

Магазин | пред 1 месец

1 мес.
media-library1t41dhskauv96tipxic

Акција за организиран криминал и корупција: приведени вработени во УЈП и бизнисмени

Според повеќе медиуми во денешната акција на органите на прогонот се уапсени поранешна вработена во Управа за јавни приходи, сопственик на бензински пумпи, сопруга на познат доктор, како и вработен во УЈП поврзан со политичката партија ЗНАМ. Акцијата, според истите извори, продолжува и во текот на вечерта, а дел од приведените веќе се спроведени во полициската станица Пролет.Вечерва детали за акцијата соопшти и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, информирајќи дека под раководство на јавен обвинител од ова обвинителство, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од Министерството за внатрешни работи, од попладневните часови вршат претреси на повеќе локации низ државата.Како што наведуваат од Обвинителството, акцијата се спроведува во Управа за јавни приходи и во други институции, а насочена е кон лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Во рамки на постапката се преземаат повеќе истражни дејствија, се вршат претреси и се обезбедуваат осомничени лица.Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција најавуваат дека акциите ќе продолжат и понатаму, додека по завршување на истражните активности ќе биде соопштено повеќе информации за обемот на предметот, бројот на осомничените и евентуалните кривични пријави. Надлежните институции уверуваат дека постапката се води со целосна примена на законските овластувања и во интерес на заштита на јавните финансии и правниот поредок.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library9bp6f2s84opb8cvI8cn

Гугл тестира персонализиран асистент што „знае повеќе за вас“

Компанијата Гугл претстави нова бета-функција наречена Personal Intelligence во рамки на својата Gemini AI апликација, чија цел е да овозможи значителна поперсонализирана помош за корисниците.Новата функција им дозволува на корисниците, со сопствена согласност, да поврзат одбрани Гугл сервиси како Gmail, Google Photos, Search и YouTube, со што Gemini може да користи личен контекст за да дава попрецизни и порелевантни одговори.Со Personal Intelligence, Gemini повеќе не се потпира само на општи информации, туку може да „разбира“ претходни активности, пораки, пребарувања или фотографии и врз основа на тоа да предлага поконкретни решенија. На пример, асистентот може да комбинира податоци од различни сервиси за да одговори на прашања поврзани со минати планови или активности.Од Гугл нагласуваат дека корисниците имаат целосна контрола – функцијата е исклучена по дифолт, а секој сам одлучува кои апликации ќе ги поврзе. Компанијата уверува дека приватноста е клучен приоритет и дека се користат само податоците за кои корисникот дал дозвола.Во моментов, Personal Intelligence е достапен во бета-верзија во САД, првенствено за претплатниците на Google AI Pro и AI Ultra, со најави дека во наредните месеци ќе се прошири и во други земји и за бесплатни корисници.Овој чекор се смета за директен одговор на конкурентските AI решенија, при што Google ја користи предноста на својот силно поврзан дигитален екосистем.

Магазин | пред 1 месец

1 мес.
media-librarynser3jouil780KDIzCf

(Фото) Експлозија во станбена зграда во Утрехт: Изби пожар и се урнаа повеќе згради

Најмалку четири лица се повредени по силната експлозија која попладнево во четврток предизвика голем пожар во зграда во центарот на Утрехт, еден од поголемите градови во Холандија.„Неколку згради се урнаа по експлозијата. Четири лица се повредени и пренесени во болница на лекување“, соопштија локалните власти.Пожарот продолжи и во вечерните часови, а пожарникарите во одредени моменти не можешеа да влезат во погодените објекти поради опасност од ново урнување. Засега не е потврдено дали има уште лица заробени под урнатините.„Не сме сигурни дали има уште луѓе заробени под урнатините. Полицијата интензивно работи на истрагата“, изјави градоначалничката на Утрехт, Шарон Дајксма.Во овој густо населен дел на градот е забележана голема материјална штета. Повеќе згради делумно се урнале, се скршени излози и оштетени кровови, а штетата е видлива и надвор од непосредната зона на експлозијата поради силниот ударен бран.Жителите кои мораа привремено да ги напуштат своите домови поради безбедносни причини се сместени во блискиот хотел. Градот соопшти дека нивниот престој ќе биде обезбеден колку што ќе биде потребно.Едно повредено лице е лекувано во болница во Утрехт, додека не е познато каде се згрижени останатите три лица. Болницата во меѓувреме го затвори вонредниот режим на работа.Службите за безбедност засега не претпоставуваат намерен чин. Како можен причинител на експлозијата се разгледува истекување на гас, но официјален заклучок сè уште нема.На терен се присутни и работници на организациите за помош на жртвите, кои обезбедуваат психолошка поддршка на повредените и сведоците на настанот. Градоначалничката Дајксма се очекува вечерва да се обрати до јавноста со нови информации.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
zabrana

Деактивирани речиси пет милиони тинејџерски профили на социјалните мрежи во Австралија

Социјалните мрежи во Австралија деактивирале околу 4,7 милиони профили на корисници помлади од 16 години, само еден месец откако стапи на сила првиот закон во светот што им забранува пристап на тинејџерите до овие платформи, соопшти австралискиот регулатор за интернет безбедност.Комесарката за е-безбедност Џули Инман Грант изјави дека бројот на затворени профили е значително поголем од претходните процени и укажува дека платформите сериозно пристапиле кон усогласување со законот, кој важи од 10 декември, пренесува Ројтерс.Законот предвидува казни до 49,5 милиони австралиски долари за компаниите што нема да го почитуваат, додека децата и нивните родители не сносат одговорност.Компанијата Meta претходно соопшти дека отстранила околу 550.000 профили на помлади корисници од Instagram, Facebook и Threads. Забраната за минимална возраст важи и за YouTube, TikTok, Snapchat и X.Од американската платформа Reddit потврдија дека го почитуваат правилото, но најавија и тужба против австралиската влада, која, пак, соопшти дека ќе ја брани регулативата.

Магазин | пред 1 месец

1 мес.
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Белата куќа потврди дека САД се насочуваат кон Гренланд: „Нема врска што таму има европски војници“

Гласноговорничката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, јасно истакнал дека сака Соединетите Американски Држави да ја „преземат“ контролата над Гренланд, додавајќи дека присуството на европски сили на оваа територија нема да влијае врз неговата одлука.Левит изјави дека разговорите помеѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марк Рубио биле „продуктивни“.„Беше добар состанок. Двете страни се согласија да формираат работна група која ќе продолжи со техничките разговори за преземањето на Гренланд“, изјави Левит. Таа додаде дека овие разговори треба да се одржуваат на секои две до три недели.„Ова е дијалог кој администрацијата има намера да го продолжи со Данците и со делегацијата од Гренланд“, рече Левит.Таа нагласи дека претседателот многу јасно го поставил својот приоритет: „Тој сака Соединетите Американски Држави да го преземат Гренланд, бидејќи смета дека тоа е најдоброто решение за националната безбедност.“Левит посочи дека испраќањето европски сили на Гренланд нема да го промени ставот на Трамп за преземање на оваа територија.Претходно беше објавено дека сили од Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија, Норвешка и Шведска се упатиле кон Гренланд. Данска соопшти дека операцијата „ќе ја зајакне нашата способност за делување во регионот“, додека Трамп претходно тврдел дека само американската контрола може да го заштити арктичкиот регион од Русија и Кина.Неколку часа пред изјавите на Левит, министрите за надворешни работи на Гренланд и Данска одржаа разговори со Венс и Рубио, но по состанокот посочија дека и понатаму постои „темелна несогласност“ околу иднината на оваа данска територија.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryve45g5au529bfaGJZi5

(ФОТО) Туристки слепо ја следеле навигацијата, па завршија на ски патека во Андора

Необична интервенција е забележана во местото Бордес д’Енвалира во Андора, каде што итните служби примиле повеќе пријави за автомобил кој излетал од патот и заглавил среде скијачка патека.На терен било утврдено дека три млади туристки од Тајван буквално ги следеле насоките на GPS-навигацијата и завршиле директно на ски патека, во близина на зададената дестинација.Жената која го управувала возилото не застанала сè додека автомобилот целосно не се заглавил во длабок снег. Извлекувањето на возилото било исклучително сложено и траело повеќе од три часа, при што биле употребени три метални дигалки.За среќа, во овој необичен инцидент нема повредени.Пред да бидат спасени, трите туристки дури и се фотографирале покрај својот изнајмен Мерцедес, кој станал атракција на скијачката патека.

Магазин | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryg9sl1qlofg1c5Q5exrz

Канаѓанец загина во протестите во Иран: „Страдаше од раката на режимот“

Канаѓански државјанин загина во Иран за време на антивладините протести што ја зафатија земјата, потврдија властите во Отава. Канадската министерка за надворешни работи, Анита Ананд, соопшти дека жртвата настрадала од дејствувањето на иранските власти.„Тукушто дознав дека канадски државјанин загинал во Иран од раката на иранските власти“, изјави Ананд, додавајќи дека канадските конзуларни службеници се во контакт со семејството на жртвата во Канада.Таа нагласи дека мирните протести на иранскиот народ, кој бара неговиот глас да биде слушнат во услови на репресија и континуирани кршења на човековите права, довеле до флагрантно непочитување на човечкиот живот од страна на режимот. Ананд повика на итен прекин на насилството врз демонстрантите.Изјавата доаѓа во време на зголемени регионални и внатрешни тензии, вклучително и антивладините протести во Иран и засиленото меѓународно внимание кон состојбите во земјата.Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати вети поддршка за демонстрантите во Иран, каде, според различни извештаи, илјадници луѓе загинале во репресијата на властите. Министрите за надворешни работи на земјите од Г7, меѓу кои и Канада, ја осудија „намерната употреба на насилство“ против демонстрантите, повикувајќи на воздржаност и почитување на човековите права, со предупредување за можни дополнителни мерки.Во меѓувреме, иранските власти ги обвинија САД и Израел дека стојат зад, како што наведуваат, немирите и терористичките активности поврзани со протестите. Официјални податоци за бројот на загинати не се објавени, додека организации за човекови права тврдат дека од почетокот на протестите кон крајот на декември, илјадници луѓе биле убиени или повредени.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст

Бројот на заболени од грип во земјава бележи значителен пораст, при што само во изминатата недела бројката на новозаразени е зголемена за 34 проценти. Од Институтот за јавно здравје информираат дека годинава порастот на заболени започнал порано од вообичаеното.Најголем број случаи се регистрирани во Скопје и Тетово, додека во Берово, Пехчево и Делчево досега не е евидентиран ниту еден случај. Според анализите, доминантен е вирусот Инфлуенца АХ3, но паралелно се регистрираат и случаи на ковид-19, како и инфекции со респираторен синцицијален вирус.Највисока инциденца се забележува кај децата. Сепак, од Институтот за јавно здравје посочуваат дека засега нема потреба од воведување дополнителни мерки за заштита, ниту од продолжување на зимскиот распуст за учениците.Како превентивна мерка, здравствените власти апелираат децата со симптоми на грип да не се носат во училиште или во градинка, со цел да се спречи ширењето на вирусот.Во текот на неделата е регистриран и еден смртен случај од грип. На Клиниката за инфективни болести починала 75-годишна жена, која имала и други хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.Истовремено, се зголемува и бројот на хоспитализации. На Инфективната клиника во Скопје моментално се хоспитализирани 25 пациенти, од кои неколку се на кислородна поддршка.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library753l9u9pj4g359nNunx

Нов инцидент со Службата за имиграција во САД: Агент застрелал маж, откако бил нападнат со лопата

Федерален агент во Минеаполис пукал во ногата на маж откако бил нападнат со лопата за време на обид за апсење, соопшти Министерството за домашна безбедност на САД (DHS). Инцидентот дополнително ги зголеми тензиите во градот, кои се веќе високи по смртта на жена застрелана од агент на Службата за имиграција и царина (ICE) минатата недела, настан што предизвика протести низ целата земја, објави Би-Би-Си.Според DHS, на пукањето му претходела автомобилска потера по државјанин на Венецуела кој нелегално престојувал во земјата. Потерата завршила со сообраќајна несреќа, по што на осомничениот му се придружиле уште две лица и заедно го нападнале службеникот. Повредениот маж бил пренесен во болница со повреди кои не се животозагрозувачки, додека медицинска помош добил и агентот на ICE.Во соопштението се наведува дека за време на физичката пресметка на земја, од близок стан излегле уште две лица кои го нападнале службеникот со лопата за снег и со дршка од метла. Додека агентот бил нападнат од повеќе лица, првичниот осомничен успеал да се ослободи и повторно да го нападне. Стравувајќи за сопствениот живот, службеникот испукал одбранбени истрели. Двајца од напаѓачите биле приведени.Според информации објавени од Си-Би-Ес њуз, ранетиот маж по пукањето се забарикадирал во куќа заедно со уште три лица. Специјализиран тим на ICE упаднал во објектот и ги привел сите затекнати лица. ФБИ отвори истрага за случајот, а дел од деталите сè уште не се независно потврдени.По инцидентот избувнаа нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во населбата Хоторн. Шефот на полицијата, Брајан О’Хара, изјави дека полицајците биле гаѓани со пиротехника, мраз и снежни грутки. Локалните медиуми јавија и за оштетени возила за кои се верува дека припаѓаат на федерални агенции.Градските власти на Минеаполис повикаа на смирување на состојбата, истовремено повторувајќи го барањето ICE веднаш да го напушти градот и државата. Градоначалникот Џејкоб Фреј оцени дека состојбата е „неодржлива“ поради присуството на федерални агенти спротивно на волјата на локалните власти.Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, се закани со повикување на Законот за побуна доколку локалните власти не преземат мерки за запирање на, како што ги нарече, „професионалните агитатори“. Од друга страна, гувернерот на Минесота, Тим Волц, побара прекин на, како што рече, „окупацијата“ од страна на ICE, нагласувајќи дека гневот во јавноста е оправдан.Тензиите во Минеаполис траат од 7 јануари, кога агент на ICE ја уби 37-годишната Рене Никол Гуд. Случајот, како и најновиот инцидент, е предмет на истрага од страна на ФБИ.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Две години по ред нема никакво зголемување на платите во Армијата на Република Северна Македонија, што е директна последица на неспособното и неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, соопштуваат од СДСМ.Од партијата потсетуваат дека во периодот кога СДСМ беше на власт, платите континуирано растеа во сите сектори, вклучително и во одбраната. Во текот на седум години, платите редовно се зголемуваа, а парите завршуваа кај граѓаните, а не во сомнителни шеми и криминални тендери.„Денес, со ВМРО-ДПМНЕ, парите завршуваат во криминални договори и коруптивни зделки. Владата на Мицкоски нема средства за повисоки плати во Армијата, нема пари за зголемување на минималната плата, ниту за раст на платите во јавниот сектор“, велат од СДСМ.Според партијата, криминалот и корупцијата, заедно со политиките на изолација што ги води актуелната влада, директно придонесуваат за влошување на економската состојба во земјата. Тоа значи помалку пари во буџетот, преполовени инвестиции и зголемена економска несигурност за граѓаните.Од СДСМ предупредуваат дека буџетската дупка е огромна и изнесува околу две милијарди евра, што дополнително ја влошува финансиската стабилност на државата.„Антиевропските политики и кампањите против ЕУ и САД ја туркаат државата во изолација. Поради ваквите политики, Македонија се доведува во иста група со најсиромашните и нестабилни земји во светот“, се наведува во реакцијата.Од партијата нагласуваат дека одбраната на државата е едно од најважните прашања и дека, како членка на НАТО, Македонија мора да има силна и стабилна одбрана, како и задоволни и мотивирани припадници на Армијата.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања