Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
woman-using-smartphone-technology

Австралија во првиот месец од забраната деактивираше 5 милиони профили на лица помлади од 16 години

Компаниите што управуваат со социјалните мрежи колективно деактивирале речиси пет милиони кориснички сметки кои им припаѓале на австралиски тинејџери, само еден месец по стапувањето на сила на првата ваква забрана во светот за лица помлади од 16 години, соопшти интернет-регулаторот во Австралија. Ова, според надлежните, е показател дека мерката имала брз и сеопфатен ефект.Комесарката за интернет-безбедност, Џули Инман Грант, изјави дека досега се отстранети околу 4,7 милиони профили во сопственост на малолетници, со цел усогласување со законот што стапи на сила на 10 декември. Дел од платформите најавиле дека започнале со затворање на ваквите профили и неколку недели пред рокот.Ова се првите официјални владини податоци за почитувањето на законот, кои укажуваат дека платформите преземаат сериозни чекори за да ги исполнат обврските, бидејќи во спротивно би можеле да се соочат со казни до 33 милиони американски долари. Одговорност, пак, не сносат децата и нивните родители.Иако бројката е значително повисока од претходните проценки и укажува дека секој Австралиец на возраст од 10 до 16 години имал повеќе од два профили, дел од сметките на малолетници сè уште се активни. Компанијата „Мета“ претходно соопшти дека отстранила околу 550.000 профили на малолетници од Инстаграм, Фејсбук и Тредс.Минималната возраст за користење социјални мрежи се однесува и на платформите Јутјуб на „Гугл“, ТикТок, Снепчет и Икс, поранешен Твитер, во сопственост на Илон Маск. „Редит“ соопшти дека го почитува законот, но истовремено покрена тужба против владата барајќи укинување на забраната, на што владата најави дека ќе одговори со одбрана на мерката.„Јасно е дека регулаторните насоки и ангажманот на службата за интернет-безбедност со платформите веќе даваат значајни резултати“, изјави Инман Грант, додавајќи дека сè уште е рано да се прогласи целосна усогласеност.Комесарката нагласи дека ќе биде потребно време за целосно воспоставување ефикасни системи за проверка на возраста, но дека досегашните повратни информации од давателите на вакви услуги укажуваат на релативно непречено спроведување на забраната, поткрепено со претходна јавна едукација.Надлежните соопштија и дека ќе ги следат таканаречените миграциски трендови, откако некои помали апликации забележале пораст на преземања во пресрет на воведувањето на забраната. Сепак, според регулаторот, почетниот раст не се претворил во долгорочно користење. Долгорочното влијание на мерката ќе го следат специјалисти за ментално здравје во рамки на повеќегодишна студија.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarynonj0rjvaef72bfwkCx

Претреси на повеќе локации низ државата и во УЈП, истрага за перење пари и даночни измами од големи размери

Во моментов се вршат претреси на повеќе локации низ државата поради сомнежи за перење пари и даночни измами од големи размери, информираат надлежните институции.Според неофицијални информации, претреси се спроведуваат и во Управата за јавни приходи (УЈП).Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопштија дека од попладневните часови, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од обвинителството, со асистенција на полициски службеници од Министерството за внатрешни работи, вршат претреси на повеќе локации во државата.Како што наведуваат, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.Од Обвинителството најавуваат дека повеќе информации ќе бидат соопштени во текот на денот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Малолетник со автомобил прегазил пешак во Чаир

Доцна синоќа, околу 22:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која бил повреден пешак, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И. (57), исто така од Скопје.Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен на укажување лекарска помош.На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот, како што соопштуваат од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryq8b106n5kdvg4sq3MhW

„Власта „најде решение“ за младите да останат во Македонија - со суспендирани визи за САД“: Жерновски со саркасточен стил упати критики до власта

Поранешниот амбасадор на Македонија во Романија и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, остро ја критикува владината политика по одлуката на САД за суспендирање на имигрантските визи, оценувајќи дека таа е директна последица на лоша дипломатија и лажно прикажани „специјални односи“ со Вашингтон. Според него, наместо со подобри услови за живот, младите се „задржуваат“ во државата преку рестрикции и меѓународна изолација, што претставува пораз за надворешната политика и сериозен удар врз перспективата на земјата.НЕМА ВИЗА НИ ЗА ПЕРИМЕТАРОТБраво за Мицкоски!Конечно најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – така што САД нема да им даваат визи.Не со подобри плати, не со квалитетно образование, не со сигурни институции, туку со меѓународни рестрикции.Од една страна, владата зборува дека ќе направи сè младите да останат дома. Од друга страна, под нејзино водство, Македонија завршува на листа на земји за кои САД ја суспендираат имигрантската политика. Ако ова е планот – тогаш навистина функционира: не заминуваш затоа што сакаш, туку затоа што не можеш.Ова не е политика за младите, туку политика на затворање. Наместо да создаде услови поради кои младите би избрале да останат, власта создава услови поради кои светот им ги затвора вратите.Мицкоски ветува иднина во Македонија, а испорачува изолација.Ветува надеж, а носи рестрикции.Ветува перспектива, а добивме повик за будење од реалноста.Неговите „одлични, специјални односи“ со САД и со Трамп се толку одлични, што реалноста ни донесе повисоки царини за македонските производи и суспендирани визи за македонските граѓани.Мицкоски веќе втора година нè убедува дека е „во периметарот на Трамп“, па затоа сето ова е резултат на лажно прикажаните односи и слабата дипломатија.Погубно е вината да ја бараме во САД, бидејќи проблемот лежи во митот за „прв другар со Трамп“, кој мит е креиран и постои само во домашната пропаганда. Затоа, ова не е проблем на Вашингтон, туку на неспособната и саморекламерска надворешна политика, која повеќе служи за па-ар стратегија, отколку за заштита на интересите на македонските граѓани.Вистинската опозиција денес има обврска да го каже ова јасно:додека Мицкоски зборува за пријателства, Македонија плаќа цена.А тоа е најсилниот доказ дека „специјалните односи“ постојат само во неговите изјави – не и во реалниот свет, пишува Жерновски.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
grip

Бројот на заболени од грип расте, но без основа за вонредни мерки: Второто полугодие за учениците ќе почне навреме!

Бројот на заболени од грип во земјава бележи раст, но состојбата засега е под контрола и не налага воведување дополнителни рестриктивни мерки, оценуваат здравствените власти.Во периодот од 5 до 11 јануари се евидентирани 2.322 случаи на грип, што претставува зголемување од 34,6 отсто во споредба со претходната недела. Според Драган Кочишки, раководител на Одделот за епидемиологија при Институт за јавно здравје, на национално ниво вирусот има средна активност.Тој појасни дека иако зголемувањето започнало нешто порано од вообичаеното, бројките се типични за овој дел од зимата. „Се работи за очекуван сезонски пораст. Во моментов немаме индикации за мерки како продолжување на зимскиот распуст, но состојбата внимателно се следи“, изјави Кочишки.Најголем дел од заболените се лица на возраст од 15 до 64 години, вкупно 1.378 случаи, додека највисока инциденца е регистрирана кај децата до четиригодишна возраст и кај групата од пет до 14 години. Истовремено, забележано е и зголемување на бројот на хоспитализации и кај децата и кај возрасните, но, како што нагласи Кочишки, болничките капацитети не се целосно исполнети.Комисијата за заразни болести веќе одржала состанок и се очекува во наредните денови да излезе со препораки во согласност со епидемиолошката состојба.Од аспект на превенцијата, здравствените експерти апелираат граѓаните да избегнуваат престој во затворени простории со голем број луѓе, особено доколку има лица со симптоми на респираторни инфекции. Се препорачува редовно проветрување и затоплување на просториите, носење соодветна облека, како и грижа за имунитетот. При појава на симптоми, се советува останување дома, а децата со знаци на акутно респираторно заболување да не се носат во градинка или училиште.Најмногу случаи на грип се регистрирани во Скопје – 556, потоа следуваат Тетово со 308, Куманово со 266 и Охрид со 202 случаи. Во Берово, Делчево и Пехчево засега нема пријавени заболени.Во текот на втората недела од годината е регистриран и еден смртен случај поврзан со грип. Станува збор за 75-годишна жена кај која бил лабораториски потврден грип од типот А и која починала на Клиниката за инфективни болести во Скопје.Лабораторијата на Институтот за јавно здравје во истиот период анализирала 99 примероци, од кои 26 биле позитивни на грип, седум на респираторен синцициски вирус и еден на ковид-19. Од почетокот на октомври до 11 јануари вкупно се регистрирани 6.147 случаи на грип, што е зголемување за 2,6 пати во споредба со истиот период минатата година. Во земјава доминира вирусот на грип од типот АХ3.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
brza-pomos

Малолетник со автомобил удрил пешак во Скопје

На 14.01.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
aerodrom-skopje-1

Тепачка во авион што слетал од Германија на аеродромот во Скопје

На 14.01.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library234ev5js27l79KcOhGy

Османи: Стратешкиот дијалог со САД е клучен за безвизен режим

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска се осврна на развојот на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, потенцирајќи дека процесот, започнат во 2022 година, отвори пат за продлабочена политичка, безбедносна и институционална соработка, како и за чекори кон олеснет визен режим и безвизно патување за македонските граѓани.Пред неполни четири години, со посета на Вашингтон на 2 јуни 2022 година, започна Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД како надградба на Стратешкото партнерство од 2008 година. Тоа го отвори патот за висок политички дијалог, но и за длабока меѓуресорска и меѓуинституционална соработка меѓу двете земји.Една година подоцна, во јуни 2023 година, Владата го усвои десетгодишниот план за активности во рамките на стратешкиот дијалог со период на реализација од 2023-2033 година, кој претходно беше усогласен (no objection) и со Стејт департментот на САД. МНР беше задолжена институција за следење на реализацијата на овој план, преку хоризонтална координација на останатите ресори и институции.Во рамките на Стратешкиот дијалог, во текот на следната 2024 година, беа започнати активности за приклучување на земјата кон „Global Entry“ програмата на САД., со која требаше да се обезбеди непречен влез во САД на државјани на Северна Македонија со американска виза без спроведување на вообичаените безбедносни и царински проверки на граничните премини.Во една подолгорочна процедура, во Стратешкиот дијалог беа предвидени и во соработка со МВР и другите безбедносни служби, беа започнати активности за усогласување на земјава со безбедносните системи на САД, со цел постигнување на критериумите за влез во т.н. Visa Waiver програмата на САД, која во еден подолг процес на крајот треба да резултира со воведување на безвизен режим меѓу двете земји, пишува Османи.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryp11dlpmfiskv2nINtSK

Подготовки за Водици: Се уредува пристаништето во Охрид пред фрлањето на крстот

Во Охрид почнаа подготовки за Водици со акција за уредување и чистење на пристаништето и езерските води, каде традиционално се одржува фрлањето на светиот крст. Активностите се насочени кон обезбедување безбедни услови и непречен пристап за сите верници и учесници во празничната манифестација.Во пресрет на еден од најголемите христијански празници Богојавление - Водици, денес екипите работеа на терен за целосно чистење на пристаништето. Спустот во езерските води, од каде што традиционално влегуваат капачите, е исчистен од наноси на камења, песок и отпад.Целта е да се обезбеди безбеден и непречен пристап за сите оние кои годинава ќе бидат дел од празничната манифестација и ќе се обидат да го фатат светиот крст, објави на ФБ градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjstb4j4npjgd4WSTYzO

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана

Авион на Туркиш ерлајнс, кој летал од Истанбул, принудно слетал на аеродромот Барселона-Ел Прат поради неодредена закана, соопшти шпанскиот управител на аеродромите АЕНА, додавајќи дека сообраќајот на аеродромот се одвива нормално.Шпанската полиција информираше дека го истражува инцидентот, но засега не изнесе дополнителни детали. Претставници на Туркиш ерлајнс во моментот на објавувањето не биле достапни за коментар, пренесува Ројтерс.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
655-402-bebe

Повраќало, но имало уредни анализи - што се случувало пред смртта на бебето во Кавадарци

Од Општа болница Кавадарци соопштија дека лекарските тимови 35 минути се обидувале да го реанимираат двомесечното бебе кое почина по нагло влошување на здравствената состојба. Информацијата ја соопшти директорката на болницата, Гордана Ѓорчева Камчева, која во писмено обраќање изрази сочувство до родителите на починатото дете.Според нејзиното објаснување, доенче со иницијали У.М., на возраст од два месеца, било примено на Одделот за педијатрија на 12 јануари 2026 година, поради обилно повраќање по хранење. Во деновите на болнички престој, детето било со уредни витални параметри и уредни лабораториски анализи, без повторна појава на повраќање.На 14 јануари 2026 година, по итен повик од мајката дека бебето престанало да дише, веднаш бил повикан дежурниот педијатар, а истовремено и анестезиолог. Како што информира директорката, веднаш била започната реанимација со соодветна терапија, која траела околу 35 минути, но, за жал, без успех.По констатирањето на смртта, согласно законските процедури, биле известени Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство. Земени биле изјави од родителите и од дежурниот медицински персонал, по што телото на доенчето било предадено на обдукција, со цел утврдување на точната причина за смртта.Од Општата болница Кавадарци посочуваат дека ќе соработуваат целосно со надлежните институции во понатамошната постапка.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library9hgvvo1eq8ub52ZiCEb

Удрил со автомобил во полицаец, па и го натепал и избегал: драма во кумановско, имало пукање

Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи, односно од СВР Куманово, на 14 јануари 2026 година во 23:30 часот во селото Романовце, кумановско, лишиле од слобода 28-годишно лице од истото село, поради сериозно нарушување на јавниот ред и напад врз полициски службеник.Според информациите од МВР, околу 22:30 часот во селото Отља, липковско, лицето не застанало на даден знак за запирање од страна на полицијата и со патничко возило „ауди А3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувало, удрило во полициски службеник, по што продолжило со движење.Во близина на селото Романовце, возачот застанал, го напуштил возилото и се обидел да побегне пеш. При обидот за бегство, еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух, по што осомничениот бил стигнат и фатен. При приведувањето, лицето пружало отпор и физички нападнало полициски службеник.Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryiqhfr5sq9egc1XgoYzT

Осомничениот за смртната несреќа во Капиштец имал досие во МВР уште како малолетник

Осумнаесетгодишниот Саит Саитов, кој е во бегство по сообраќајната несреќа со смртен исход во скопската населба Капиштец, има досие во Министерството за внатрешни работи, потврдуваат од полицијата. Според МВР, Саитов уште минатата година, кога бил малолетен, бил санкциониран поради управување моторно возило без положен возачки испит, исто како и во случајот кога ја усмрти Љуба Јаковлеска.Од МВР за „Скопје1“ информираат дека за Саитов, по барање на СВР Скопје, во 2025 година му била изречена санкција по член 225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за управување возило без положен возачки испит. Истовремено, за неговиот татко Берти Саитов била поднесена прекршочна пријава по член 317 став 14, поради давање возило на управување на лице без возачка дозвола.Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишниот осомничен за кривичните дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, поврзани со несреќата што се случи на 9 јануари на улицата „Народен фронт“ во Капиштец. Според обвинителството, осомничениот управувал патничко возило „фолксваген пасат“, извршил непрописно поместување налево, навлегол во лента од спротивен правец и возел со брзина неприлагодена на условите, при што немал важечка возачка дозвола.Во тие околности, со возилото удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која го преминувала коловозот, а по ударот и падот на асфалтот таа се здобила со тешки телесни повреди. Наместо да ѝ укаже помош, осомничениот го напуштил местото на настанот. Повредената била пренесена во Ургентниот центар, каде подоцна починала и покрај укажаната медицинска помош.Обвинителството информира и дека уште две лица, маж и жена, се осомничени дека му помогнале на возачот по извршувањето на кривичното дело, пренесувајќи го со свој автомобил преку граничниот премин Табановце и овозможувајќи му да ја напушти државата. По нивното враќање во земјата тие се лишени од слобода, а за нив е побарана мерка притвор.Притвор е побаран и за осомничениот возач, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, а мерката ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази, по него е распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за кривично дело казниво по член 300 од Кривичниот законик.Од надлежните институции упатуваат апел до граѓаните, доколку имаат какви било сознанија за движењето или престојот на осомничениот, веднаш да ја известат полицијата.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
mucunski-sednica

Муцунски за запирањето на визите за САД: Студентските, бизнис и туристичките визи не се засегнати

Одлуката на Соединетите Американски Држави за привремено запирање на одредени визни постапки не значи ограничување за македонските граѓани кои патуваат поради образование, бизнис или туризам, туку се однесува исклучиво на имигрантските визи, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.По средбата со раководството на МАСИТ, Муцунски одговараше на новинарски прашања поврзани со одлуката на Стејт департмент за привремена суспензија на постапките за имигрантски визи за околу 75 земји, меѓу кои и Северна Македонија.Министерот нагласи дека во јавноста погрешно се создава впечаток дека станува збор за поширока забрана. „Не станува збор за никаква црна листа, ниту за прекин на визниот режим во целина. Станува збор за привремена суспензија само на имигрантските визи, што не ги засега другите категории“, рече Муцунски.Тој појасни дека македонските граѓани и понатаму можат непречено да аплицираат за визи за студии, деловни активности, туризам или други краткорочни престои во САД. „Доколку сте бизнисмен, студент или турист, аплицирањето за виза се одвива без никаква промена“, истакна министерот.Муцунски информираше дека институциите се во постојана комуникација со Амбасадата на САД во Скопје, како и преку македонската амбасада во Вашингтон со американските власти. Според информациите што ги добиле, имигрантските визи претставуваат најмал дел од апликациите од македонски државјани, а најчесто се однесуваат на лица од повозрасната популација.Тој додаде дека фокусот на државата во однос на визната политика е насочен кон категории што придонесуваат за економски и општествен развој. „Наш приоритет се визите за бизнис, наука, студенти и туризам. Во тој сегмент нема никаква промена“, рече Муцунски.Министерот направи паралела со претходните реакции околу царинските тарифи, оценувајќи дека и тогаш, според него, имало избрзани и неосновани критики. „Кога беа објавени тарифите, слушавме дека сме меѓу најлошо третираните земји. Подоцна се покажа дека за клучните индустрии договоривме едни од најповолните услови, но тогаш критиките стивнаа“, изјави тој.Муцунски изрази уверување дека во наредниот период ќе следуваат позитивни поместувања и во визната политика. „Во следните неколку месеци очекувам конкретни решенија за прашања што се отвораат со децении. Имаме одлична соработка со нашиот стратешки партнер и верувам дека тоа ќе даде резултати“, рече министерот.Тој повтори дека актуелната одлука на САД нема практично влијание врз најголемиот дел од граѓаните и дека приоритетите на земјата – бизнисот, науката, туризмот и студентите – остануваат целосно незасегнати.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
grenland

Шведскиот министер Пал Јонсон: Трамп ја преувеличува заканата на Путин кон Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп ја преувеличува заканата што, според него, руските и кинеските бродови ја претставуваат за Гренланд, изјави шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон. Иако потврди дека големите сили имаат намера да го прошират своето присуство во арктичкиот регион, Јонсон ги отфрли тврдењата на Трамп дека островот е опкружен со голем број руски и кинески бродови, пишува Телеграф.Трамп во повеќе наврати го користеше овој аргумент за да ги оправда своите планови за анексија на островот, богат со ретки метали, во наредните недели или месеци.Прва директна критика од НАТОЕвропските лидери досега беа претпазливи во отвореното критикување на тврдењата и стратегијата на Трамп за преземање на островот од Данска. Јонсон е првиот висок функционер на НАТО кој, во знак на поддршка за соседна Данска, јавно изрази сомнеж во изјавите на американскиот претседател дека Гренланд е „насекаде опкружен со руски и кинески бродови“.На прашањето дали Трамп го претерува бројот на непријателски бродови околу Гренланд, Јонсон одговори дека таквите тврдења не се совпаѓаат со проценките што ги прават за регионот. Тој наведе дека, иако има зголемување на бројот на кинески истражувачки бродови во Арктикот, обемот на тоа присуство е „ограничен“.„Не мислам дека со тоа треба да се претерува, во најголем дел станува збор за истражувачки бродови“, додаде Јонсон. Неодамнешните податоци од системите за следење на бродови не покажале присуство на кинески или руски бродови во близина на Гренланд. Дански безбедносни експерти, исто така, остро ги отфрлија тврдењата на Трамп, оценувајќи дека бродовите за кои зборува се „плод на неговата фантазија“.Воен одговор на АрктикотЈонсон изјави дека нордиските земји се свесни дека Русија има „намера повторно да воспостави присуство во неколку воени капацитети што Москва порано ги имаше на Арктикот“. Сепак, тој нагласи дека Шведска, заедно со сојузниците од НАТО, е подготвена да распореди специјални единици и воени сателити.„Имаме арктички и субарктички капацитети. Едно е да се преживее во таква средина, а друго е да се води борба, а нашите војници – како и норвешките и финските – ги поседуваат тие способности“, рече Јонсон. Тој додаде дека Шведска инвестира во набавка на до 10 воени сателити за подобар увид во состојбата на терен.Како одговор на потенцијалните закани, Данска во средата испрати војници на Гренланд на воена вежба и најави проширување на военото присуство со поддршка од сојузниците. Германија, Франција, Шведска и Норвешка ќе ѝ помогнат на Данска во зајакнувањето на безбедноста на Гренланд. Обединетото Кралство испрати еден воен офицер, додека Германија најави испраќање на 13 воени лица.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Трагедија во Кавадарци: Починало двомесечно бебе во кавадаречката болница, наредена обдукција

Двомесечно бебе починало во Општата болница во Кавадарци, а причините за смртта ќе се утврдуваат со обдукција.– Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца. Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, соопшти СВР Велес.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library8qusogn8ncusesx96xa

Суспендирани визи од САД - Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија, вели Фрчкоски

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, денеска остро реагираше на одлуката на Соединетите Американски Држави да ја опфатат Македонија со мерката за суспендирање на обработката на визи, оценувајќи дека ваквиот чекор ја става државата во ист ранг со земји како Сомалија и Сирија.Според Фрчкоски, одлуката на САД, со која Македонија се најде на листата на уште 75 држави за кои привремено се суспендира обработката на визи, е директна последица на, како што ги нарече, погрешните политики на актуелната власт и „периметарот на Христијан Мицкоски“. Тој потсети дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега, од 21 јануари, следува и суспензија на визната обработка, што според него претставува сериозен дипломатски сигнал.Фрчкоски нагласи дека СДСМ подолг период предупредува на штетните последици од политиките на, како што ја нарече, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ, кои, според него, го загрозуваат стратешкото партнерство со САД и европската интеграција на државата. Во тој контекст, тој го посочи Иван Стоилковиќ како еден од најблиските соработници на Мицкоски во Владата, обвинувајќи го за отворени проруски ставови и директни врски со Москва.Како дополнителен аргумент, Фрчкоски наведе дека пред неколку дена Стоилковиќ бил виден на прослава со припадници на групата „Ноќни волци“, која важи за блиска до рускиот претседател Владимир Путин. Според него, ваквите активности се во директна спротивност со интересите на државата и со нејзините стратешки сојузништва.Паралелно со, како што рече, антиамериканските активности, Фрчкоски ја обвини Владата и за водење анти-ЕУ кампања, преку намерно отворање судири со Грција и Бугарија, повторно активирање затворени прашања и создавање изговори за блокирање на преговорите со Европската Унија. Според него, ваквото однесување има за цел да ја оправда изолацијата на државата и отсуството на суштински реформи.Фрчкоски предупреди дека САД веќе најавиле носење специјален закон за Западен Балкан, насочен кон борбата против криминалот и корупцијата, оценувајќи дека актуелните мерки се само првите чекори. Тој најави дека можно е следување на т.н. црни листи и воведување дополнителни санкции.На крајот, Фрчкоски порача дека СДСМ ќе продолжи да ја, како што рече, разоткрива оваа агенда, потенцирајќи дека стратешки партнери на Македонија се САД, а единственото место на државата е во НАТО и Европската Унија.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library6hs004j6anuiav7ZoZK

„Нема да го бесиме“! Кој е Ерфан Солтани, младиот демонстрант кој стана симбол на отпорот против исламистичкиот режим

Светот живееше во страв дека уште еден млад човек во Иран е погубен во тишина. Наместо потврда за егзекуција, од Техеран пристигна спротивна порака – дека смртна казна, наводно, никогаш не постоела.Станува збор за 26-годишниот Ерфан Солтани, момче од Иран, сопственик на мала продавница за облека од градот Фардис, близу Техеран, кој стана симбол на стравот од нов бран репресии по антивладините протести.Солтани беше уапсен на 8 јануари во својот дом. По апсењето, неговото семејство со денови немало никакви информации – ниту каде е задржан, ниту каква постапка се води против него. На 12 јануари, властите ги известиле дека е осуден на смрт и дека казната ќе биде извршена со бесење на 14 јануари.Токму таа информација ја крена меѓународната јавност на нозе.Но, на денот кога се очекуваше потврда за егзекуцијата, пристигна нов пресврт. Иранското судство соопшти дека казната е одложена, а потоа излезе со тврдење дека Солтани никогаш не бил осуден на смрт – без објаснување како и зошто семејството добило спротивни информации.Организациите за човекови права алармираат дека целиот случај е обвиткан со сериозни прекршувања. Според извештаите на Хенгау и Иран хуман рајтс, постапката била спроведена со екстремна брзина, без почитување на основните правни стандарди.Солтани, според нив, немал пристап до адвокат, ниту пак му било овозможено судење. Дополнително, на неговата сестра – која е адвокат по професија – ѝ било забрането да го види предметот, со образложение дека „нема активен случај“.Првично, против момчето од Иран било покренато обвинение за делото мохаребе – „водење војна против Бога“, едно од најтешките кривични дела во иранскиот правен систем, кое често завршува со смртна казна.Иако властите сега тврдат дека таква пресуда не постоела, судбината на Ерфан Солтани останува неизвесна. Тој и понатаму е во притвор, без јасни информации за правниот статус, а неговиот случај останува уште еден пример за нетранспарентноста и стравот што владеат во Иран по протестите.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjggcf0j684e95lxcmQB

„Сејф сити“ да казнува и за фрлање на отпад преку прозорец, бараат над 1.000 граѓани преку интернет-петиција

Неформалната граѓанска група За почиста Македонија соопшти дека над 1.000 граѓани ја поддржале петицијата за унапредување на системот „Сејф Сити“, со воведување казни за фрлање отпад на јавни површини. Од иницијативата информираат дека петицијата денеска била лично доставена до Влада на Република Северна Македонија и до Министерство за внатрешни работи.Според иницијаторите, поддршката од граѓаните претставува јасен сигнал дека постои широка јавна согласност за поодлучна борба против загадувањето и неодговорното однесување во јавниот простор. Тие нагласуваат дека системот „Сејф Сити“ може да има значајна улога не само во сообраќајната безбедност, туку и во заштитата на животната средина, доколку се искористи за санкционирање на фрлањето отпад.Од групата „За почиста Македонија“ порачуваат дека ќе продолжат внимателно да го следат одговорот од институциите и очекуваат нивните барања да бидат сериозно разгледани.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryonq0m7cgv0f51Uv2oha

Царина фатила фирма која нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, заплениле стока од 240 илјади денари

Царински инспектори од Одделението за истраги при Царинска управа, во координирана акција со Министерството за внатрешни работи, Управа за јавни приходи, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес во фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и се сомничи за криумчарење стока.При претресот биле пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, чија вкупна вредност изнесува речиси 240 илјади денари. Пронајдената стока е запленета, а инспекторите поднеле кривична пријава против едно правно и едно физичко лице, поради сомнение за сторено кривично дело прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.Според информациите од Царинската управа, фирмата вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца. Пратките биле внесувани во државата со возила преку граничен премин, без да бидат пријавени кај царинските органи, по што нелегално биле складирани во магацин во сопственост на фирмата. Од таму, стоката требало да биде транспортирана до крајните нарачатели, за што бил предвиден паричен надомест.Од Царинската управа најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилени контроли и координирани активности со другите надлежни институции, со цел откривање и спречување на сите облици на криумчарење и незаконско работење, заштита на државните финансиски интереси и обезбедување фер и рамноправна конкуренција на пазарот.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања