Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
media-librarye0eukejjvjoqbWaC73X

Петрова: „Мој ДДВ“ не ги исполни целите, но укинување засега не се разгледува

Мерката „Мој ДДВ“, со која граѓаните добиваат поврат на дел од платениот данок преку скенирање фискални сметки, не ги дала очекуваните резултати во борбата против сивата економија, оцени директорката на Управа за јавни приходи, Елена Петрова.Во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма, Петрова истакна дека иако бројот на корисници на мерката континуирано расте, анализите на институцијата покажуваат дека таа не го постигнала основниот ефект поради кој била воведена – значително намалување на сивата економија и зголемување на фискалната дисциплина.Таа нагласи дека во моментов не постои одлука, ниту конкретна иницијатива за укинување на „Мој ДДВ“, но дека е неопходно сериозно да се разговара за нејзината ефикасност, имајќи предвид дека станува збор за значителни јавни средства.„Кога се работи за мерка што се финансира од буџетот, мора да се направи анализа дали ги испорачува целите за кои е воведена. За 2025 година, на квартално ниво, за оваа мерка се издвојуваат околу 14,5 милиони евра за приближно 502.000 корисници. Тоа изнесува околу 4 проценти од годишната наплата на ДДВ или еквивалент на половина месечен приход од ДДВ“, рече Петрова.Според неа, иако и износот што се издвојува и бројот на корисници растат од година во година, тоа не значи дека мерката ја постигнува својата суштинска цел. „Мој ДДВ“, воведена во 2019 година, требаше секој граѓанин да го стави во улога на даночен инспектор и да придонесе за сузбивање на нерегистрираната економска активност.„Ако мерката се оценува токму од тој аспект, податоците што ги имаме и состојбите што ги гледаме на терен јасно укажуваат дека посакуваниот ефект не е постигнат“, заклучи директорката на УЈП.Во наредниот период, како што најави, ќе следуваат анализи и разговори за тоа како мерката може да се унапреди или прилагоди, со цел јавните средства да се користат поефикасно и да се постигнат подобри резултати во борбата против сивата економија.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library6hurthps495s1YRnAsc

Експеримент со кучиња по белградските протести: Српски и руски експерти тестирале реакции за звучните топови!

Речиси две недели по антивладините протести во Белград, кои демонстрантите ги опишаа како насилно прекинати со силен и разорен звучен удар, српските власти спровеле контроверзни тестирања со моќни акустични уреди – овој пат врз животни. Документи до кои дојде Политико укажуваат дека експериментите биле дел од истрага чија цел била да се оспорат тврдењата на граѓаните дека против нив биле употребени таканаречени „звучни топови“.Тестирањата биле организирани од српската Безбедносно-информативна агенција – БИА, со вклученост на српски и руски експерти. Како тест-субјекти биле користени кучиња, избрани поради нивната висока чувствителност на звук, а експериментите се одвивале на полигон на БИА.Според документите, животните биле изложени на два типа далекусежни акустични уреди (LRAD), способни да емитуваат звук до 150 децибели – јачина споредлива со млазен авион при полетување. Уредите биле активирани на различни растојанија, од 200 до само 25 метри.Официјалната верзија: „Нема промени“Во извештајот на руската служба за безбедност – ФСБ – се наведува дека кај кучињата не биле забележани знаци на непријатност или промени во однесувањето за време на тестовите, ниту пак здравствени последици при прегледите неколку дена подоцна. Овој заклучок, според документите, бил користен како аргумент дека симптомите пријавени од демонстрантите не можат да се поврзат со употреба на звучни уреди.Српската влада претходно негираше дека употребила звучни топови за време на протестите, но призна дека полицијата располага со таква опрема и најави истрага за настаните од 15 март 2025 година, кога илјадници луѓе пријавија мачнина, вртоглавица, главоболки и паника по ненадеен силен звук во центарот на Белград.Сомнежи за законитоста на тестирањатаЕкспериментите, сепак, отворија нов фронт на критики. Српското Министерство за земјоделство соопшти дека никогаш не добило барање за одобрување вакви тестирања врз животни, што значи дека тие можеби биле спроведени без законска дозвола. Српските закони, како што потсетуваат правниците, строго бараат претходно одобрение и забрануваат тестирање оружје и воена опрема врз животни.Адвокатот за човекови права Данило Ќурчиќ изјави дека случајот може да претставува сериозно кршење на Законот за благосостојба на животните, оценувајќи дека кучињата биле изложени на злоупотреба под изговор на истрага.Политички реакции и обвинувањаОпозицијата во Србија оди чекор понатаму. Според опозицискиот политичар Радомир Лазовиќ, тестирањата врз кучиња се дел од обидите на власта на Александар Вучиќ да ја релативизира или прикрие употребата на звучни уреди против демонстрантите.„Илјадници луѓе минатата година директно ги почувствуваа ефектите од ова оружје. Наместо одговорност, гледаме експерименти врз животни за да се докаже дека граѓаните лажат“, изјави Лазовиќ.Истрагата што требаше да донесе одговори за настаните на протестите, наместо тоа, отвори нови прашања – за односот на државата кон сопствените граѓани, но и кон животните, како и за границите што институциите се подготвени да ги поминат во одбрана на официјалната верзија на настаните.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

СДСМ: Поради политиките на Мицкоски, САД ја ставаат Македонија во иста група со Сомалија

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ја обвини власта на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека ја довеле државата до сериозно влошување на меѓународната позиција, откако Соединетите Американски Држави донеле одлука за суспендирање на обработката на визи за македонските државјани.Според соопштението на СДСМ, Македонија е опфатена со одлуката заедно со уште 75 земји, меѓу кои се наведуваат Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран и Русија.СДСМ потсетува дека ова, според нив, е продолжение на негативните чекори од страна на САД кон Македонија, наведувајќи дека минатата година биле зголемени царините за македонските производи, а сега следува и ограничување на визниот режим.Од опозициската партија директно ја посочуваат владата предводена од Мицкоски како одговорна за состојбата, оценувајќи дека со своите политики ја довела Македонија во ист ранг со земји со сериозни безбедносни и институционални проблеми.„Толку е периметарот на Мицкоски – ја доведе Македонија во ранг со Сомалија“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarypi9a7b31a8j21ZVFnxl

(Видео) Голема несреќа во Словенија, горат автомобили, затворен автопатот

Поради тешка сообраќајна несреќа, Штаерскиот автопат во Словенија е целосно затворен за сообраќај во двата правца, на делницата меѓу клучките Словенске Коњице и Словенска Бистрица – југ. Информацијата ја соопшти Сообраќајно-информативниот центар на Словенија, од каде апелираат возачите строго да ги следат упатствата на надлежните служби.Поради прекинот на сообраќајот, се создаваат долги колони и застои како на автопатот, така и на регионалните сообраќајници. Од Сообраќајно-информативниот центар апелираат возачите кои се заглавени во колоните да формираат итен, односно спасувачки коридор, со цел непречено движење на службите за итна помош.За товарните возила кои сообраќаат меѓу Марибор и Љубљана, во двата правца се препорачува користење на обиколен правец преку Хрватска.Според неофицијални информации што ги пренесува Радио Рогла, во сообраќајната несреќа експлодирала цистерна, а детонацијата наводно се слушнала во поголем дел од Словенска Бистрица. Според истите извори, во несреќата учествувале повеќе возила.Се очекуваат официјални соопштенија од полицијата и противпожарните служби со повеќе детали за причините и последиците од несреќата.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library39dflsih7c5a5msiKCq

(Видео) ТикТок-рециклирање на стара снимка: колку чини стајлингот на Сашо Мијалков во Монако

Минатогодишната снимка на која се гледа поранешниот директор на УБК и осуденик во предметот „Империја“, Сашо Мијалков, како се движи низ улиците на Монако, повторно се најде во фокусот на јавноста, овојпат во преработена верзија на социјалните мрежи. Профилот на ТикТок „officialstellarspace“ ја реобјави снимката пред два дена, додавајќи наратив во кој се анализира и проценува вредноста на облеката и модните додатоци што Мијалков ги носи во видеото.Според тврдењата изнесени во преработената снимка, станува збор за комбинација од луксузни парчиња од познати модни брендови, при што поединечните елементи од стајлингот се претставени како исклучително скапи. Во видеото се наведува дека целокупниот изглед достигнува сума која за просечниот граѓанин е недостижна.Реобјавената снимка за кратко време стана вирална, со над 300.000 прегледи и илјадници споделувања. Дел од тие кои коментираат се воодушевуваат, други критикуваат.Иако станува збор за стара снимка, нејзината нова интерпретација покажува дека ликот на Мијалков и натаму предизвикува силни реакции, особено кога е поврзан со демонстрација на раскош и луксуз.

Настани | пред 1 месец

1 мес.
media-librarysrqdsjlbl57j27jO1sw

Белата куќа објави слика: „По кој пат, гренландски човеку“

Белата куќа вчера објави контроверзна слика од која произлегува дека на Гренланд му се нудат само две опции: американско или руско-кинеско влијание.На сликата се прикажани две санки со кучиња со гренландско знаме, кои стојат пред патокази. Едниот пат води кон Белата куќа под ведро сино небо, додека другиот е прикажан со темни олујни облаци, молњи и знамиња на Русија и Кина.Сликата е придружена со пораката: „По кој пат, гренландски човеку?“Трамп: Гренланд е клучен за Златната купола што ја градимеОваа објава следува по повеќекратните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп дека арктичкиот остров е од клучно значење за безбедноста на САД, при што порача дека Соединетите Американски Држави ќе го „добијат на овој или на оној начин“. Данска и Гренланд, сепак, ја отфрлија таа идеја, нагласувајќи дека огромниот, стратешки важен и ретко населен остров не е на продажба.Белата куќа повторно ја сподели и изјавата на Трамп во која тој дополнително ја истакнува намерата за преземање на Гренланд, прикажувајќи ја како неопходен предуслов за националната безбедност.„На Соединетите Американски Држави им е потребен Гренланд поради националната безбедност. Тој е клучен за Златната купола што ја градиме“, порача Трамп. Тој додаде дека НАТО би бил поефикасен доколку Гренланд биде под американска контрола и предупреди дека, доколку САД тоа не го направат, островот би можеле да го преземат Русија или Кина.„НАТО станува далеку посилен и поефикасен со Гренланд во рацете на СООДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ. Сè помалку од тоа е неприфатливо. АКО НИЕ ТОА НЕ ГО НАПРАВИМЕ, ЌЕ ГО НАПРАВАТ РУСИЈА ИЛИ КИНА, А ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ“, изјави Трамп.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп со проценка за Техеран: претстои интересно и неизвесно раздобје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти режимот во Техеран би можел да падне, оценувајќи дека актуелните протести имаат потенцијал да доведат до сериозни политички промени во земјата. Неговите коментари доаѓаат откако Иран утринава соопшти дека Ерфан Солтани е уапсен, но не и осуден на смрт, што е спротивно на тврдењата на неговото семејство и на една организација за човекови права, објави Reuters.Во интервјуто, Трамп изрази уверување дека протестите би можеле да резултираат со пад на режимот кој е на власт од Исламската револуција во 1979 година. „Секој режим може да падне“, изјави тој, додавајќи дека „без разлика дали ќе падне или не, ова ќе биде интересно раздобје“.Трамп воедно изрази скепса околу можноста власта во Иран да ја преземе иранскиот прогонет престолонаследник Реза Пахлави, кој во последниот период се наметна како еден од погласните поддржувачи на демонстрантите. Американскиот претседател оцени дека Пахлави „изгледа многу симпатично“, но додаде дека не е сигурен „како би се снаоѓал во сопствената земја“.Американскиот претседател вчера изнесе и тврдење дека „убивањето во Иран запира“, без притоа да навлезе во дополнителни детали за основата на таа проценка.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Трамп: Потенцијалната акција во Иран мора да биде брза и решителна

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп им соопштил на членовите на својот тим за национална безбедност дека евентуална американска акција во Иран треба да биде брза и решителна, со цел да се избегне долготраен воен судир. Ова го објави NBC News, повикувајќи се на американски функционер, две лица запознаени со внатрешните разговори и извор близок до Белата куќа.Според изворите, Трамп нагласил дека, доколку се одлучи на интервенција, таа треба да претставува јасен и конечен удар врз режимот во Техеран, без вовлекување на САД во продолжен конфликт.„Ако нешто преземе, сака тоа да биде завршно“, изјавил за NBC еден од соговорниците упатени во разговорите.Во исто време, се наведува дека Трамп е подготвен да го исполни и своето претходно ветување дадено на иранските демонстранти, дека САД ќе застанат зад нивните напори и ќе интервенираат како поддршка, доколку процени дека за тоа постојат услови. Изјавите доаѓаат во период на засилени регионални тензии и зголемено меѓународно внимание кон односите меѓу Вашингтон и Техеран.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library1v1s0vhsm6113mPftCO

(Видео) Роџер e тивкиот терапевт на Kлиниката за психијатрија

ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија од неодамна има нов член на тимот. Станува збор за Роџер, 2,5-годишен „чоколаден“ лабрадор, кој за многу кратко време стана омилен и меѓу персоналот и меѓу пациентите. Неговото присуство не е случајно, туку дел од внимателно осмислена практика насочена кон унапредување на менталното здравје.Роџер е вдомен со цел имплементација на Animal Assisted Activities – активности поддржани од животни, кои обезбедуваат емоционална поддршка, чувство на сигурност и подобрување на психосоцијалната благосостојба на пациентите. Според директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија, проф. д-р Славица Арсова, ваквите активности се структуирани, но неформализирани и се спроведуваат исклучиво со согласност на пациентите и под постојан надзор на стручен тим.Присуството на куче во терапевтскиот процес, како што посочува Арсова, придонесува за полесно воспоставување доверба, подобра емоционална регулација и поголема мотивација за вклучување во терапијата. Роџер учествува во индивидуални и групни средби со пациенти, секогаш под контрола и со јасно утврдени протоколи.Покрај терапевтската улога, со вдомувањето на Роџер Клиниката испраќа и порака за одговорно однесување кон животните, охрабрувајќи ја јавноста да им даде втора шанса на напуштените кучиња и да придонесе кон намалување на бројот на бездомни животни.За лабрадорот е обезбедена соодветна инфраструктура – бокс и куќичка пред влезот на Клиниката, редовна ветеринарна грижа и целосно уреден здравствен и вакцинален статус. За него секојдневно се грижат вработените, а постепено, под надзор, во грижата се вклучуваат и пациенти од дневната болница кои доброволно го посакуваат тоа.Активностите на Роџер започнуваат во утринските часови, а неговото движење е строго ограничено – нема контакт со простории каде што се подготвува храна или се чуваат лекови. Во текот на денот има и долги прошетки, најчесто со вработени или со пациенти-доброволци.Лабрадорите, како раса, се меѓу најчесто користените во активности поддржани од животни поради нивната смиреност, трпеливост и висока социјална интелигенција. Тие интуитивно ги препознаваат човечките емоции и нудат присуство и утеха без наметливост, што ги прави исклучително погодни за терапевтска средина.Сите овие карактеристики ги поседува и Роџер – куче кое, без зборови, веќе стана важен дел од секојдневието на Клиниката и симбол на една поинаква, похумана поддршка во третманот на менталното здравје.

Настани | пред 1 месец

1 мес.
873x400-1-16

Почна финансиската експлоатација на венецуелските нафтени резерви: САД реализирале продажба вредна околу 500 милиони долари

Само неколку недели по драматичната промена на власта во Каракас, првите количини венецуелска сурова нафта веќе завршија на меѓународниот пазар. Според потврда од висок претставник на администрацијата, САД реализирале продажба вредна околу 500 милиони долари, со што практично започна финансиската експлоатација на венецуелските нафтени резерви, објави CNN.Од Вашингтон најавуваат дека ова е само почеток и дека во наредните денови и недели ќе следуваат нови трансакции, додека се расчистуваат логистичките и правните детали околу пласманот на нафтата.Овој развој доаѓа откако американските сили на почетокот на месецот извршија воена акција во Венецуела и го уапсија претседателот Николас Мадуро. Американскиот претседател Доналд Трамп веќе јавно порача дека САД имаат намера да ги стават под контрола и во функција најголемите докажани нафтени резерви во светот.Големи бројки, мал ентузијазамИако Трамп најави дека приватниот сектор ќе инвестира најмалку 100 милијарди долари во обнова на венецуелската енергетска инфраструктура, ваквите проекции засега остануваат без цврста поддршка од индустријата. На состанок во Белата куќа, раководители на водечки американски енергетски компании отворено ја довеле во прашање исплатливоста на таквите вложувања.Извршниот директор на ЕксонМобил, Дарен Вудс, предупредил дека Венецуела моментално нема стабилни правни и комерцијални рамки што би овозможиле сигурен поврат на инвестициите. Слични резерви изразиле и други директори, наведувајќи дека долготрајната институционална криза претставува сериозен ризик.По средбата, според извори блиски до разговорите, администрацијата не добила конкретни обврски за милијардски вложувања.Нафта со попуст за побрз пласманДеталите околу првата продажба, реализирана во средата, не се целосно објавени. Белата куќа соопшти дека се водат „интензивни и конструктивни разговори“ со компании подготвени да учествуваат во обновата на нафтениот сектор.Во исто време, Ројтерс објави дека венецуелската сурова нафта се нуди на трговците по пониски цени од конкурентните сорти на пазарот, вклучително и нафтата од Канада, што укажува на обид за брзо обезбедување приходи и ликвидност.Првата продажба од 500 милиони долари испраќа јасен сигнал: Вашингтон не чека долгорочни договори и стабилизација, туку веќе почна да ја претвора венецуелската нафта во готовина — додека политичките и економските последици допрва ќе се пресметуваат.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
nasa

Астронаутите од Меѓународната вселенска станица тргнаа кон Земјата поради здравствен ризик: Прва медицинска евакуација во историјата на НАСА

Без јавни детали за дијагнозата, четворица астронаути ја напуштија Меѓународната вселенска станица и се упатија кон Земјата, откако кај еден член на екипажот се појавила потреба од медицинска процена што не може да се спроведе во орбита. Станува збор за прва медицинска евакуација во историјата на НАСА.Екипажот, составен од астронаути од САД, Русија и Јапонија, ја напушти орбиталната лабораторија во среда со капсула на SpaceX, а слетувањето во Тихи Океан во близина на Сан Диего се очекува во четврток наутро. Со ова, нивната мисија е скратена за повеќе од еден месец.Од агенцијата појаснија дека здравствената состојба на астронаутот е стабилна и не станува збор за итна, животозагрозувачка ситуација, но проценката е дека е побезбедно медицинските испитувања да се направат на Земјата, каде што постои целосна дијагностичка инфраструктура. Идентитетот на астронаутот и природата на здравствениот проблем не се соопштени, повикувајќи се на медицинска приватност.Командантот на станицата, Мајк Финке, изјави дека одлуката е донесена исклучиво од претпазливост и дека болниот астронаут е „безбеден и добро згрижен“. Тој нагласи дека ризикот да се продолжи престојот во орбитата уште еден месец е поголем од привременото намалување на екипажот на станицата.Мисијата започна во август и требаше да трае до крајот на февруари. Во екипажот беа и астронаутката Зина Кардман, јапонскиот астронаут Кимија Јуи и рускиот космонаут Олег Платонов. На почетокот на јануари, NASA ненадејно откажа планирана вселенска прошетка, а неколку дена подоцна донесе одлука за предвремено враќање.Агенцијата соопшти дека здравствениот проблем не е поврзан со вселенска прошетка или со тековни операции на станицата. Сепак, по заминувањето на екипажот, во орбитата остануваат само тројца астронаути, што значи дека сите планирани и итни вселенски прошетки ќе бидат одложени додека не пристигне нов тим.NASA и SpaceX веќе работат на прилагодување на распоредот за лансирање на нов четиричлен екипаж од Флорида, планирано за средината на февруари. До тогаш, орбиталната лабораторија ќе функционира со минимален персонал.Иако компјутерските модели предвидувале дека медицинска евакуација од станицата може да се случи еднаш на секои неколку години, ова е прв ваков случај во повеќе од шест децении американски летови со човечки екипаж. Во историјата, слични инциденти имало само во советската програма, кога во 1985 година космонаут бил предвремено вратен од станицата „Саљут 7“ поради сериозна инфекција.Одлуката ја донесе новиот администратор на NASA, Џаред Исакман, кој ја презеде функцијата во декември. „Здравјето и благосостојбата на астронаутите секогаш се апсолутен приоритет“, порача тој, ставајќи јасна граница меѓу научната мисија и човечкиот ризик.Оваа евакуација, иако без спектакуларни сцени, испрати јасна порака: и во вселената, човечкото здравје останува поважно од секоја мисија.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
Screenshot-2025-01-21-at-14.36.31

„Киев е проблемот, а не Москва“! Трамп ја префрла вината за застојот во мировните преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја обвини Украина дека го кочи мировниот процес со Русија, тврдејќи дека Киев покажува помала подготвеност за договор отколку Москва. Со оваа изјава, дадена во интервју за Ројтерс, Трамп директно се судри со ставот на европските сојузници, кои со месеци предупредуваат дека Кремљ нема искрена намера да ја заврши војната.Од Овалната соба, Трамп порача дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да стави крај на речиси четиригодишниот конфликт, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски, според него, покажува резерви. На прашањето зошто напорите на САД досега не довеле до мировен договор, Трамп одговори со едно име: Зеленски.Овие изјави повторно ги изнесоа на површина тензичните односи меѓу двајцата лидери, кои со години се движат меѓу отворена недоверба и привремено затоплување. Иако контактите меѓу Вашингтон и Киев се подобрија по враќањето на Трамп на функцијата, американскиот претседател и натаму покажува поголема склоност да им верува на уверувањата од Москва, што предизвикува незадоволство во Украина, Европа и дел од американскиот Конгрес.Истовремено, американските разузнавачки служби продолжуваат да предупредуваат дека Путин не се откажал од своите стратешки цели во Украина и поширокиот регион. Тие проценки, објавени од Ројтерс во декември, беа јавно оспорени од директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард, што дополнително ги збуни сигналите што доаѓаат од Вашингтон.По серија неуспешни рунди, разговорите предводени од САД во последните недели се фокусираат на безбедносните гаранции за Украина по евентуален мировен договор, со цел да се спречи нов руски напад. Во тој контекст, според дипломатски извори, американската страна врши притисок Киев да се откаже од источниот Донбас, што украинското раководство категорично го отфрла.Во преговорите активно учествуваат и специјалниот претставник на САД Стив Виткоф и Џаред Кушнер, близок соработник и зет на Трамп. Дел од европските партнери, сепак, изразуваат сомнеж дека Москва би прифатила компромис, дури и ако Киев се согласи на болни отстапки.Трамп изјави дека не бил информиран за можната посета на Виткоф и Кушнер на Москва, за која претходно објави Блумберг. Во однос на можната средба со Зеленски на Светскиот економски форум во Давос, американскиот претседател рече дека е отворен за таква средба, но без конкретен договор.Зеленски, пак, останува на ставот дека Украина нема уставно право да се откаже од ниту еден дел од својата територија, јасно ставајќи до знаење дека компромис на сметка на украинската земја не доаѓа предвид – без разлика на притисоците од Вашингтон.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarycnt2t4m6h0d9dPg0lLl

Откриен е таен договор меѓу Израел и Иран: Го постигнале со посредство на Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно, со посредство на Русија, размениле пораки со кои меѓусебно се уверувале дека нема први да започнат напад. Неколку дена пред крајот на декември, кога во Иран избија протести, израелски претставници преку Москва го информирале Техеран дека Израел нема да го нападне Иран доколку прв не биде нападнат. Иран по истиот канал одговорил дека исто така ќе се воздржи од превентивен напад, наведуваат дипломати и регионални функционери запознаени со комуникацијата, пишува „Вашингтон пост“.Оваа комуникација е невообичаена со оглед на непријателството меѓу двата блискоисточни ривали, кои во јуни минатата година водеа 12-дневна војна. Според дипломатите, контактите ја одразувале желбата на Израел да избегне ескалација во период кога се подготвувал за воена кампања против Хезболах, либанската милиција поврзана со Иран.Приватните уверувања биле во спротивност со јавната реторика на израелските претставници кон крајот на минатата година, кога отворено навестувале можност за нови напади врз Иран со цел да се запре обновувањето на резервите на балистички ракети.Внимателност во ТехеранИако иранските претставници позитивно одговориле на израелската иницијатива, тие останале внимателни, изјавиле двајца функционери запознаени со размената на пораки. Иран сметал дека, дури и ако израелските гаранции се искрени, останува можност американската војска да изведе напади врз Иран како дел од координирана кампања, додека Израел би ја насочил својата воена моќ исклучиво кон Хезболах.Сепак, „за Иран тоа беше добар договор“ да остане надвор од можен судир меѓу Израел и Хезболах, изјавил висок регионален функционер под услов на анонимност. Американски претставници навеле дека иранската поддршка за Хезболах ионака ослабела, додека Техеран се соочува со внатрешни немири.Влијанието на протестите и американските заканиНе е јасно како протестите во Иран во последните недели ги промениле пресметките на двете страни и дали тие и понатаму ќе се придржуваат до приватниот договор. Аналитичарите сметаат дека ситуацијата дополнително може да ја искомплицира и фактот што американскиот претседател Доналд Трамп разгледува напади врз цели на иранскиот режим како одговор на задушувањето на протестите, што би можело да го испровоцира Иран на одмазда кон Израел.Висок ирански функционер изјавил за Ројтерс дека, доколку Иран биде нападнат, ќе возврати со удари врз американски воени бази на Блискиот Исток, без да го спомене Израел меѓу потенцијалните цели.Улогата на Москва во посредувањетоПоследната размена на пораки се случила кон крајот на декември, недолго откако иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ја посетил Москва. Русија и претходно се обидувала да посредува меѓу двете земји. Според руски академик близок до дипломатските кругови, Кремљ претходно му понудил посредување на Трамп, но тој ја одбил понудата, порачувајќи им на Русите „прво да се позанимаваат со Украина“.Не е познато дали размените во декември се одвивале со знаење на Вашингтон. Израелската јавна телевизија КАН минатата недела објави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху неодамна побарал од рускиот претседател Владимир Путин да пренесе пораки до Иран. Портпаролот на кабинетот на Нетанјаху и портпаролот на Кремљ не одговориле на барањата за коментар.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library1ohkeph0adifcQtAmvL

Данска по состанокот со САД: „Не се согласуваме“ – земјите од ЕУ испраќаат војници во Гренланд

Соединетите Американски Држави, Данска и Гренланд ниту по денешниот состанок во Вашингтон не се приближија до договор за иднината на Гренланд. Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, изјави дека и натаму постои, како што рече, „темелно несогласување“ со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која се залага за американска контрола врз овој автономен териториј во состав на Кралството Данска.Состанокот беше одржан со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио, откако Трамп изјави дека „сè помалку од американска контрола над Гренланд е неприфатливо“.По разговорите, Расмусен рече дека тој и претставниците на Гренланд со Венс и Рубио воделе „искрена, но конструктивна расправа“, но дека ставовите и понатаму суштински се разликуваат.„Претседателот јасно го изнесе својот став, а ние имаме поинаква позиција“, изјави Расмусен на прес-конференција во Вашингтон. Тој нагласи дека Данска смета оти долгорочната безбедност на Гренланд може да се обезбеди во рамки на постојниот политички и уставен поредок.„Идеите што не би го почитувале територијалниот интегритет на Кралството Данска и правото на гренландскиот народ на самоопределување се целосно неприфатливи“, порача тој.Расмусен додаде дека е договорено формирање работна група на високо ниво, која треба да се обиде да најде заеднички пат напред, иако, како што истакна, „темелното несогласување останува“. Првиот состанок на оваа група се очекува во наредните недели.Шведска и Германија испраќаат војнициПаралелно со дипломатските разговори, Данска и нејзините сојузници го зајакнуваат военото присуство на Гренланд поради, како што наведуваат, влошените безбедносни услови на Арктикот.Шведска денеска, на барање на Данска, испрати неодреден број војници на Гренланд. Шведскиот премиер Улф Кристерсон соопшти дека шведските офицери ќе бидат дел од поширока група сојузнички сили кои ќе учествуваат во подготовките за претстојната воена вежба „Operation Arctic Endurance“.Германското Министерство за одбрана објави дека Германија во четврток испраќа извиднички тим од 13 припадници на Бундесверот во Нук. Станува збор за тридневна мисија, од 15 до 17 јануари, чија цел е проценка на условите за можни идни воени придонеси за безбедноста на регионот, вклучително и надзорот на поморскиот простор. Германските војници доаѓаат на покана на Данска и во соработка со други европски земји.Данското Министерство за одбрана претходно потврди дека го зголемува военото присуство на Гренланд поради „безбедносни тензии“, додека расправата со САД за иднината на територијата продолжува без приближување на ставовите.„Се согласуваме дека не се согласуваме, но ќе продолжиме да разговараме“, заклучи Расмусен, истакнувајќи дека Данска нема да отстапи од црвените линии кои вклучуваат почитување на територијалниот интегритет и правото на гренландскиот народ на самоопределување.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryl0gp33vl1g7d9vAZyLC

Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков истакна дека лидерската средба иницирана од претседателот на Владата, премиерот Христијан Мицкоски, претставува одговорен и државнички чекор насочен кон градење заеднички ставови за клучните реформски процеси и законите неопходни за напредокот на државата на патот кон Европската Унија.Лефков нагласи дека за разлика од претходните лидерски средби, кои се одржувале поради конкретни политички причини, оваа средба има за цел да отвори суштински дијалог меѓу сите политички чинители кои се чувствуваат одговорни за иднината на државата, со фокус на стабилноста, институционалната доверба и политичката зрелост.„И во минатото сме имале лидерски средби, меѓутоа тие лидерски средби се одржувале поради една, друга или трета причина. Оваа лидерска средба доаѓа по иницијатива на претседателот на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски и е за градење на заеднички ставови, токму за реформската агенда, оние закони коишто се важни за исполнување на патокзаот кон ЕУ, за да можеме да седнеме на заедничка маса сите политички чинители коишто себе се доживуваат како одговорни политички субјекти во државата и се загрижени за иднината да можеме да формулираме заеднички ставови и начин на којшто ќе одиме нанапред“, истакна Лефков.Пратеникот Лефков, во реплика на пратеникот од опозициската СДС, Фатмир Битиќи, истакна  дека критиките упатени кон лидерската средба се неосновани и дека напуштањето на дијалогот и оставањето празно столче не придонесуваат кон градење доверба. Тој истакна дека токму Владата презема иницијатива за обединување околу реформската агенда, без потреба од ад-хок политички конструкции, како што беше т.н. пржинска влада.„Користевте тешки зборови за лидерската средба, суфицит на волја, камуфлажа, инженеринг и рековте дека вака не се креирала доверба, жестоко бранејќи ја пржинската влада, меѓутоа таа влада е нешто за коешто денеска практично сите коишто учествуваа на таа лидерска средба се изјаснија дека е нешто коешто е вишок, коешто е непотребно и потребно е да се гради доверба во институциите и нема потреба од оваа реторика“, рече Лефков.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryc04a59qnuu2adj61Zf9

Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција по завршувањето на лидерската средба рече дека  на граѓаните им е веќе јасно дека сѐ што досега го зборувавме се покажува како вистина.„Сѐ што најавивме практично се случува. Нема ни збор за главните проблеми во државата“, истакна Филипче.Тој нагласи дека на лидерската средба наместо да се зборува за клучните проблеми со кои се соочува државата, се покажало дека власта има единствена цел, што побрзо да оди на избори поради недостиг на финансиски средства.„На власта ѝ се брза да направи избори затоа што пари нема. Дупката во буџетот е огромна, а следно што доаѓа, како што предупредивме, е проектот за мигранти за пари“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ Венко Филипче презентираше конкретни бројки за, како што рече, драматичната состојба со јавните финансии.„Дупката во буџетот е огромна, недостасуваат од околу 2 милијарди евра, и тоа конкретно на страна на приходите кусок од 500 милиони евра, дефицит во буџетот680 милиони евра, доспеани и неподмирени обврски кон стопанството од околу 700 милиони евра, неисплатен поврат на ДДВ кон компаниите меѓу 100 и 150 милиони евра“, рече Филипче.Притоа тој истакна дека следуваат нови задолжувања, еврообврзница, нови кредити.„Сето тоа ќе се пополнува на грбот на народот. Во 2026 година нема да има пари за раст на платите“, предупреди Филипче.Претседателот на СДСМ се осврна и на состојбите во земјоделството, потенцирајќи дека скандалот со ИПАРД програмата го потврдува сомнежот за злоупотреба на европски средства.„Се потврди кражба на европски пари. Ние сме ставени на црната листа на Европа“, заклучи претседателот на СДСМ.„Понатаму, како што кажавме и како што разобличивме се случува силна антиевропска кампања. Се провоцираат судири со Грција и со Бугарија, се наметнуваат националистички теми, се измислуваат изговори за земјава да се држи во изолација. Ги спомнавме и активностите против нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави, вицепремиерот на нашата влада Стоилковиќ на средба со ноќните волци блиски до рускиот претседател Путин. “ рече Филипче.Понатаму алармираме за огромниот степен на криминал и корупција којшто се случува изминатите година ипол, додаде тој.„Фирми блиски на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и знам тендер коалицијата. 161 тендер на една фирма, 51 тендер една фирма во бројни општини каде градоначалници се ВМРО-ДПМНЕ. 1,2 милиони евра тендер во пошта и уште безброј многу други корупциски скандали коишто ќе ги објавуваме во следниот период.“ рече Филипче.Ги разоткривме буквално сите планови на оваа власт. Укажавме дека се сузбива демократијата, дека се партизираат институциите, дека се ограничува слободата на говорот. се донесе резолуција во собранието со коешто замислете како во Третиот рајх се ограничува што може, а што не може да каже опозицијата. И да не биде предоцна, ќе повториме уште еднаш за мигрантите дека и за тоа сме биле во право, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
infektivna_klinika-610x400

Грипот ја зема првата жртва годинава, почина пациентка на Инфективна клиника

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 75-годишна жена. Кај неа лабораториски била потврдена инфлуенца А.Според директорот на клиниката, д-р Фадил Цана, починатата пациентка имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.Од Клиниката соопштуваат дека во моментов се хоспитализирани и други пациенти со тешка клиничка слика, при што доминираат повозрасни лица со компликации, главно со респираторно засегање. На Клиниката се лекуваат 25 пациенти.Институтот за јавно здравје бележи нагорен тренд на заболени од грип и заболувања слични на грип. Во првата недела од 2026 година, во периодот од 29 декември 2025 до 4 јануари 2026, биле пријавени 1.725 случаи или 2,2 пати повеќе во однос на претходната недела.Највисока инциденца е забележана кај децата од 5 до 14 години.Здравствените власти апелираат лицата од ризичните групи навреме да се консултираат со матичен лекар, да избегнуваат близок контакт со лица со симптоми и да ја разгледаат вакцинацијата како превентивна мерка, особено кај хронично болните и возраснте лица.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library8206qpgac7r548muQ0t

„Пирамид билдинг солушнс“ ги отфрла обвинувањата на СДСМ: Тендерите се законски и транспарентни

Компанијата „Пирамид билдинг солушнс“ ДООЕЛ Скопје остро ги демантира обвинувањата изнесени од Антикорупцискиот тим на СДСМ, оценувајќи дека станува збор за селективно и тенденциозно прикажување на податоци со цел да се наруши угледот и деловната репутација на фирмата.Во писмено соопштение доставено до медиумите, од компанијата наведуваат дека во последните денови се соочуваат со јавни напади и клевети изнесени од претставници на СДСМ, во кои, како што велат, намерно се изоставуваат клучни факти и се создава искривена слика за нивното работење.„Пирамид билдинг солушнс“ посочува дека повеќе од 15 години успешно и континуирано работи на македонскиот пазар, без ниту еден утврден скандал, постапувајќи исклучиво согласно законите, прописите и правилата за јавни набавки, во услови на реална пазарна конкуренција.Од компанијата нагласуваат дека во јавните настапи на СДСМ е премолчано дека значителен дел од договорите за јавни набавки биле склучени и реализирани токму во период кога СДСМ ја имала власта, а институциите биле раководени од нивни функционери. Според „Пирамид билдинг солушнс“, тие договори биле законски добиени, целосно реализирани и претставуваат доказ за континуираниот раст и развој на компанијата во изминатите години.Во прилог на своите тврдења, компанијата доставува детална табела со реализирани договори за јавни набавки по години и по договорни органи, вклучително и институции управувани од кадри на СДСМ, што, како што наведуваат, јасно ја потврдува транспарентноста и законитоста на нивното работење.Во однос на тврдењата за наводни поврзаности со политички структури и ангажмани на блиски лица до функционери, од „Пирамид билдинг солушнс“ наведуваат дека таквите обвинувања се неосновани, непроверени и во функција на дневнополитички пресметки, додавајќи дека доколку постојат конкретни докази, тие треба да бидат доставени до надлежните институции, а не да се пласираат во јавноста како инсинуации.Компанијата апелира бизнис-секторот да не биде вовлекуван во политички конфликти и предупредува дека ваквите неосновани напади нанесуваат директна штета не само на конкретни компании, туку и на целокупната деловна клима и економијата во државата.Од тие причини, „Пирамид билдинг солушнс“ бара јавно извинување во рок од 24 часа од објавувањето на демантот, во спротивно, како што најавуваат, ќе ги искористат сите расположливи правни механизми за заштита на својот углед, интегритет и деловна репутација.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
sad-makedonija

САД го замрзнуваат издавањето имигрантски визи и за Македонија

САД привремено го запираат процесирањето на имигрантски визи за државјани од вкупно 75 земји, меѓу кои и Македонија, јавува „Фокс њуз“, повикувајќи се на интерен меморандум на американскиот Стејт департмент.Според документот, конзуларните службеници добиле насока да ги одбиваат апликациите за имигрантски визи согласно постојниот закон, додека трае преоценка на процедурите за проверка и селекција на апликантите. Паузата ќе започне на 21 јануари и ќе трае на неопределено време, сè додека американските власти не ја завршат ревизијата на целиот систем за издавање имигрантски визи.Како причина за мерката се наведува намерата да се спречи влез на лица за кои се проценува дека би можеле да станат товар за американскиот социјален систем, односно да зависат од државна помош. Во тој контекст, повторно ќе се применува т.н. одредба за „јавен товар“, која им овозможува на конзуларните службеници да одбијат виза врз основа на проценка дека апликантот веројатно ќе користи јавни средства.Проценката, според упатствата, ќе се врши врз широка лепеза критериуми, меѓу кои се возраста, здравствената состојба, финансиската стабилност, познавањето на англискиот јазик, како и можната потреба од долготрајна медицинска нега. Меѓу факторите што може да влијаат негативно се наведуваат и претходно користење на парична социјална помош или институционална грижа.Од Стејт департментот појаснуваат дека исклучоци од оваа мерка ќе има „во многу ограничени случаи“ и само откако апликантите ќе ја поминат проценката за ризик од станување јавен товар.За македонските граѓани ова значи дека апликациите за имигрантска виза кон САД ќе бидат ставени во мирување, без јасна временска рамка кога постапката би можела повторно да продолжи. Во листата на опфатени држави, покрај Македонија, се наоѓаат и земји од регионот и пошироко, како Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, но и Русија, Иран, Ирак, Египет, Нигерија и други.Американските медиуми потсетуваат дека одредбата за „јавен товар“ постои со децении, но нејзината примена варирала во зависност од администрацијата. Таа беше значително проширена во времето на Доналд Трамп, потоа делумно укината, а сега повторно се активира во построга форма, со што директно се засегаат и апликантите од Македонија кои планирале трајно иселување во САД.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

САД стопираат издавање визи за државјани од 75 земји

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп од 21 јануари ја запира обработката на визи за посетители од вкупно 75 земји, објави „Фокс њуз“, повикувајќи се на интерен допис на американскиот Стејт департмент.Според информациите, меѓу земјите за кои ќе се применува оваа мерка се Сомалија, Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија и Тајланд. Со дописот, американските дипломатски претставништва добиле насока привремено да ги одбиваат апликациите за визи во согласност со постојните законски одредби, сè додека Стејт департментот не изврши анализа и ревизија на актуелните правила.Одлуката се вклопува во строгата имиграциска политика што Трамп ја спроведува од стапувањето на функцијата, со фокус на ограничување на влезот во САД од земји кои администрацијата ги оценува како безбедносен ризик.Во ноември минатата година, Трамп најави дека ќе се залага за „трајно запирање“ на миграциите од, како што ги нарече, земји од „третиот свет“, по инцидентот во кој авганистански државјанин отвори оган во близина на Белата куќа и усмрти припадник на Националната гарда.Истовремено, потсетува „Фокс њуз“, дел од авганистанските државјани кои аплицирале за азил во САД по 2021 година добиле специјални имигрантски визи, наменети за лица кои соработувале со американската армија за време на дваесетгодишната воена мисија во Авганистан.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања