Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
media-library3ptvpdfumpn1dsGDqEi

(Видео) Вучиќ со жестока реакција по инцидентот со Ана Бекута во Чачак: Таа не бегаше и не се скри од теророт

Српскиот претседател Александар Вучиќ со остра реторика реагираше по инцидентот во Чачак, каде што пејачката Ана Бекута беше гаѓана со снег за време на новогодишниот концерт, организиран на градскиот плоштад.Во објава на социјалните мрежи, Вучиќ жестоко ги осуди граѓаните кои, како што наведе, „од чиста мира“ нападнале жена која, според него, „на секој од нив може да му биде мајка, баба или сестра“. Тој употреби навредливи квалификации за учесниците во протестот, нагласувајќи дека нема право јавно да ги изговори сите зборови што, како што рече, „народот би ги употребил“.Претседателот посебно ја пофали Бекута за, како што оцени, нејзината храброст и одлуката да не го прекине настапот и да не се повлече од сцената.„Таа не сакаше да бега, не сакаше да се крие и не дозволи теророт и дивјаштвото да ја натераат да се повлече“, напиша Вучиќ.Инцидентот се случи во услови на сериозни временски непогоди во Србија, кога делови од земјата беа зафатени од обилни снежни врнежи, прекини во снабдувањето со електрична енергија и прогласена вонредна состојба во одредени општини. Дел од граѓаните изразија незадоволство што, во такви околности, од буџетот биле издвоени околу 40.000 евра за концертот на пејачката, што и беше повод за протестите за време на нејзиниот настап.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Америка го запира издавањето визи за 75 земји – апликациите ќе бидат одбивани по ред

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на сите визи за посетители од 75 земји, почнувајќи од 21 јануари, објави „Фокс њуз“, повикувајќи се на интерен допис на американскиот Стејт департмент.Според информациите, меѓу земјите кои се опфатени со оваа мерка се Сомалија, Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија и Тајланд.Во дописот, кој бил испратен до американските амбасади ширум светот, се наложува визите да се одбиваат во согласност со постојните закони, додека Стејт департментот врши анализа и ревизија на важечките правила за издавање визи.Оваа одлука се вклопува во строгата имиграциска политика што републиканскиот претседател Доналд Трамп ја спроведува од стапувањето на функцијата во јануари минатата година. Во ноември, Трамп најави дека ќе ги „трајно запре“ миграциите од, како што ги нарече, „земјите од третиот свет“, по инцидентот во кој авганистански државјанин пукаше во близина на Белата куќа и уби припадник на Националната гарда.Инаку, по повлекувањето на американските сили од Авганистан во 2021 година, голем број авганистански државјани кои поднеле барања за азил во САД добија специјални имигрантски визи, наменети за лица кои соработувале со американската војска за време на дваесетгодишниот конфликт во земјата.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryc04a59qnuu2adj61Zf9

Ние сме спремни да настапиме на избори, кога и да се случат, а ќе има предвремени, вели Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека неговата партија нема намера да прави политички договори со власта, нагласувајќи дека единствениот договор што СДСМ го признава е оној со граѓаните. Изјавата ја даде на прес-конференција, одржана по лидерската средба на која СДСМ одлучи да не учествува.„СДСМ е спремна за избори, годинава, следната, па и во редовни избори. Јас сум сигурен, а со оглед на тоа што се случува, дека избори предвремени ќе има. Дали годинава, пролет, есен, на крајот од годината“, рече Филипче.Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во коалиција.„Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Наша обврска е да ја вратиме власта кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нека се договараат меѓу себе“, рече Филипче, образложувајќи ја одлуката на партијата да не биде дел од средбата свикана од премиерот.Тој изнесе серија обвинувања кон актуелната власт, наведувајќи дека наместо реформи се спроведуваат политики кои, според него, ја оддалечуваат државата од Европската Унија. Филипче посочи на, како што рече, сомнителни тендери, запирање на европската агенда и сè поизразено приближување кон Русија.„Еден закон беше донесен непосредно пред Нова година и тоа не може да се нарече реформска агенда“, оцени лидерот на СДСМ, додавајќи дека институциите се повторно целосно партизирани, на начин кој потсетува на периодот на владеењето на Никола Груевски.Според Филипче, се злоупотребува полицијата, а под сомнеж е и користењето на ИПАРД фондовите, што, како што истакна, претставува сериозен удар врз владеењето на правото и европските стандарди. Тој јасно порача дека СДСМ се спротивставува на укинувањето на таканаречената пржинска влада, оценувајќи дека во услови на нарушена демократија таа сè уште има своја улога.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5

(Видео) Заклучоци од лидерската средба: „Техничката влада треба да замине во минатото, но укинувањето нема да важи за следните избори“

Лидерската средба што се одржа денеска отвори простор за приближување на ставовите по повеќе клучни политички прашања, оцени премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека фокусот бил ставен на решенија, а не на меѓупартиски конфликти.Според него, за значаен дел од темите постоело усогласување меѓу присутните, а таму каде што имало разлики, биле понудени конкретни идеи како дебатата да продолжи на институционално ниво. Како следен чекор, договорено е дел од отворените прашања да се разгледуваат во Собранието, преку координаторите на пратеничките групи.На средбата, како што информираше, била искажана заедничка подготвеност техничката влада да се напушти како модел. Сепак, поради отсуството на СДСМ, предложено било укинувањето да не се применува на претстојните избори, туку да важи за некои од наредните изборни циклуси, со што би се избегнале наметнати решенија.Денеска видовте дека една коалиција отсуствуваше. Мојот предлог беше да не го правиме укинувањето на техничката влада насила без нивна согласност, туку да донесеме измени со кои нема да се опфатат следните избори, туку некои следни кои ќе следат потоа. Некои измени треба да се направат затоа што сега има поделби на ресори како што се, на пример, во Министерството за администрација и Министерството за труд и за економија. Треба да се допрецизира каде овие заминик министри ќе бидат номинирани. Сме подготвени ако веќе нема согласност кај сите да се избрише техничката влада, барем тоа да се направи за изборите потоа – рече Мицкоски.Премиерот ја оцени средбата како позитивен сигнал за политичка зрелост, нагласувајќи дека ваквиот пристап – со отворена дебата и фокус на решенија – треба да стане практика и во иднина.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryi2ank3pflsf01DmTgCG

Костадин Костадинов го одмрзна членството во СДСМ, но останува на неговите претходни ставови и позиции

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека по подолг период и лична одлука го одмрзнува членството во СДСМ, кое претходно го замрзна откако лидерот на партијата, Венко Филипче, не го предложи за уште еден мандат на локалните избори.По доволно поминато време и по донесена лична одлука, одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ.Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување.Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно.Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во имe на секој еден социјалдемократ, напиша Костадинов.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryf0sbov5iolvu2vYo96Q

Нема друго решение - „Златната купола“ на Гренланд е клучна за моќта на САД и зајакнувањето на НАТО, порача Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја актуализираше идејата за американска контрола врз Гренланд, оценувајќи дека тоа е неопходен чекор за националната безбедност на САД и за зајакнување на воената моќ на НАТО.Во објава на својата платформа Truth Social, Трамп порача дека секое решение што не вклучува американска контрола врз островот е, како што напиша, „неприфатливо“. Според него, вклучувањето на Гренланд во американската безбедносна архитектура би ја направило Алијансата посилна и поефикасна.Трамп тврди дека Гренланд има клучна улога во новиот систем за ракетна одбрана што го развива Пентагон, познат како „Златна купола“, и дека без таа територија безбедносните капацитети на САД би биле значително ослабени. Тој отиде чекор понатаму, оценувајќи дека НАТО треба активно да се заложи за такво сценарио, во спротивно, според него, празнината би можеле да ја искористат Русија или Кина.Американскиот претседател истакна дека воената моќ на САД е клучниот столб на Алијансата и дека без американското присуство и капацитети, НАТО не би можел да функционира како сериозен одвраќачки фактор. Во таа насока, тој потсети дека воениот потенцијал бил значително зајакнат за време на неговиот прв мандат и дека сега се подигнува на уште повисоко ниво.Изјавите на Трамп доаѓаат во момент кога американскиот потпретседател Џ.Д. Венс треба да одржи средба со данскиот министер за надворешни работи и претставници на Гренланд, на која ќе присуствува и државниот секретар Марко Рубио. Гренланд, кој има широка автономија, формално е дел од Кралството Данска.Само еден ден претходно, Трамп остро реагираше на изјавата на премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, кој јавно порача дека островот нема намера да стане дел од Соединетите Американски Држави и дека сака да остане во рамки на Данска. Американскиот претседател ја отфрли таа позиција, оценувајќи дека несогласувањето со неговите ставови ќе создаде, како што рече, „голем проблем“.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library3hn9onm4ofu66wE6Ai1

(Видео) Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави реконструкција на симболот на Скопје, култната фонтана „Лотос“

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено.Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.Ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува.Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела.Скопје го правиме заедно. По скопски! - изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
ujp

„Мој ДДВ” не се укинува

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува „МојДДВ“.„Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на „МојДДВ“. мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани можат да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права согласно законските одредби. За спроведување на мерката „МојДДВ“ се предвидени средства во Буџетот за 2026 година, со што се обезбедува нејзино непречено и континуирано спроведување“, велат од УЈП.На сметките на граѓаните во 2025 година по основ на редовна и дополнителна исплата на средства преку „МојДДВ“, исплатени се вкупно 3.473.172.970 денари или 56,4 милиони евра.УЈП ги известува граѓаните дека веќе ги подготвува налозите за исплата на средства за скенирани сметки во последниот квартал од 2025 година, која треба да се реализира во февруари 2026 година.„Апелираме граѓаните да не потпаѓаат под шпекулации и да ги следат исклучиво официјалните информации и соопштенија на Управата за јавни приходи. Истовремено, УЈП ја информира јавноста дека апликацијата „Мој ДДВ“ функционира редовно. Во рамки на тековните технички подобрувања на системот, можно е повремено забавување при најавување на апликацијата од страна на корисниците или при вчитување на фискалните сметки. Овие појави се привремени, а надлежните технички служби континуирано работат на нивно отстранување, со цел да се обезбеди подобро корисничко искуство. Со ова уште еднаш потврдуваме дека апликацијата „Мој ДДВ“ останува во функција и не се разгледува нејзино укинување“, се вели во соопштението на УЈП.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryesjluo5rjtfs9OSTlov

Груевски од Будимпешта честита Василица и Сатара Нова Година: „Честит именден на сите кои го носат името на Св. Василиј“

Поранешниот премиер кој пребега во Унгарија, Никола Груевски, во објава на Фејсбук честиташе Василица и Стара Нова Година, која се слави по Јулианскиот календар.Денес е Нова Година по стариот календар по кој се води и МПЦ-ОА. Нека донесе мир, напредок и успеси!Денес е и денот на Свети Василиј Велики. Нека донесе здравје и среќа во домовите.Честит именден на оние кои го носат неговото име и честита слава на оние кои на овој ден имаат куќна слава.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarysdsu98m23hf380uVp1o

За новогодишно китење, општините платиле 785.000 евра, најголем „трошаџија” Општина Штип

За новогодишно разубавување, општините платиле 785 илјади евра. 78 отсто од вредноста отишле во рацете на една фирма.Ова се резултатите на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за трошоците на единиците на локална самоуправа за новогодишно украсување.„Истражувањето покажува дека: тендери за новогодишно украсување имале 36 општини; најмногу пари потрошила Општина Штип, 81 илјада евра; Градот Скопје и пет други скопски општини заедно потрошиле 185 илјади евра, сите работеле со една иста фирма; Штип потрошил за украсување 111 денари по жител, а Скопје 8 денари; На 81 % од тендерите за украсување немало конкуренција, односно учествувала само по една фирма; Една иста фирма, Линк Медиа Плус, добила 78 % од вредноста на сите тендери за украсување во земјава; 94 % од договорите за јавна набавка за украсување се склучени во декември, на нецели две недели од новата година“, стои во соопштението.Вкупната вредност на веќе склучените и објавени договори за украсување изнесува 48.297.986 денари, односно 785.333 евра. Сепак, наведуваат од Центарот за граѓански комуникации, се очекува вредноста на трошоците за новогодишно украсување да расте со доставување на информациите од сите преостанати општини, како што се Гостивар, Струга, Пробиштип, Пехчево и Крива Паланка), како и Општина Новаци која има набавка на услугата за новогодишен огномет.Општина Штип склучила договор со фирмата Линк Медиа Плус од Скопје во вредност од 4.998.480 денари, односно 81.276 евра.Градот Скопје е на второ место со договор склучен со истата фирма во вредност од 4.271.600 денари, односно 69.457 евра.Доколку кон трошоците за украсување на Градот Скопје се додадат и трошоците од другите скопски општини (Центар, Чаир, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Карпош) произлегува дека во Скопје за украсувањето за дочек на новата година се потрошени 17.521.584 денари, односно 284.904 евра. Ова е повеќе од една третина од сите пари потрошени за украсување во земјата.Покрај Град Скопје и сите други 6 општини од градот склучиле договор со фирмата Линк Медиа Плус од Скопје.Гледано според бројот на жители произлегува дека Штип потрошил по 111 денари по жител за оваа намена, а Град Скопје 8 денари по жител.Тендерите се спроведувани главно без конкуренција.„Просечниот број понуди по еден тендер изнесува само 1,15 што е далеку под препорачаниот минимум за обезбедување пазарна конкуренција. Притоа, во дури 27 од вкупно спроведените 32 тендерски постапки била доставена по само една понуда. Вредноста на договорите во кои била доставена по само една понуда изнесува дури 91 %. Отсуството на конкуренција ја доведува во прашање реалноста на трошоците на украсувањето. Од вкупно склучените 32 договори за украсување на единиците на локалната самоуправа, дури 15 се со Линк Медиа Плус, во вкупна вредност од 37.825.726 денари, односно 615.052 евра. Произлегува дека Линк Медиа Плус добила 78 % од вредноста на сите вакви договори“, се наведува во соопштението.Повеќе од еден договор успеале да добијат уште две фирми, ДИМЕНЗИЈА 360 од Скопје за трите општини од југот Валандово, Гевгелија и Дојран, како и фирмата ГРИН ВЕЈ од Битола, која освен со Општина Битола склучила договор за украсување и со Општина Ресен.Останатите 12 фирми кои имаат склучено договор за новогодишно украсување се носители на по само еден договор.Центарот за граѓански комуникации наведува дека тендерите за новогодишно украсување традиционално се склучуваат доцна во годината што сериозно ја ограничува можноста за учество на повеќе фирми, бидејќи кратките рокови ги фаворизираат фирмите кои и претходно биле ангажирани и веќе располагаат со соодветна опрема.„Дури 30 од 32 договори се склучени во декември, со тоа што на дел од нив потписот е ставен нецели 2 недели пред новата година. Ваквото постапување е проследено и со непочитување на законската обврска до Електронскиот систем за јавни набавки да се достави известување за склучениот договор, најдоцна 10 дена од денот на склучувањето. Голем дел од општините не го почитувале овој законски рок. Доцното објавување на огласите за јавна набавка, и оттука склучување на договорите во декември, сериозно ја ограничува можноста за учество на повеќе фирми, бидејќи кратките рокови ги фаворизираат фирмите кои и претходно биле ангажирани и веќе располагаат со соодветна опрема“, стои во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Повеќе кривични пријави и приведувања за дрога во Гостивар, Скопје и Охрид

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.И.(23) од с. Дебреше, гостиварско и Ј.Х.(27) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘. На 11.08.2025 на паркинг простор пред угостителски објект на магистралниот пат Гостивар- Кичево, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, при што кај пријавените била пронајдена и одземена марихуана.На 13/14.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.М.(22), М.И.(39) и Б.А.(33), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.СВР Охрид до Основното јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против Р.В.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.04.2025 на паркинг простор на хотел во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршиле преглед во патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот, а во кое имало уште три лица, при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
bolnica-tetovo

Во пожар во стан во Тетово загинал 76-годишниот сопственик, неговиот син се здобил со изгореници

На 13.01.2026 во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.,,180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О.С.(76) од Тетово, кој починал на местото. Лекар констатирал смрт.При обид да го изгаси огнот, со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово,кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово, соопшти МВР

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
apasiev-sobranie

Апасиев: Немаме проблем да ја укинеме Пржинската влада, нас ни е сеедно кои се на власт, ние секако го ,,јадеме стапот”

Лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, пред почетокот на лидерската средба изјави дека очекува конструктивен дијалог.„Левицата е првпат поканета да учествува на лидерска средба. Ова ги задоволува нашите претходни барања, дека ние ќе учествуваме на лидерска средба само ако е во рамки на институциите, а не во хотели во Маврово, во европски или американски амбасади. Нашите барања веќе ги кажавме - промена на Изборниот законик неминовно за следните избори зашто Левица е единствената досега цензурирана партија во овие 35 години плурализам. Бидејќи првпат доаѓаме, не очекуваме ништо, знаејќи го досегашниот лицемерен однос на властодршците од ДПМНЕ, но секогаш има прва шанса, па така ние како веќе опозициска профилирана партија која единствена е во раст во минатите локални избори, очекуваме дека ќе има конструктивен дијалог и дека наредните месеци ќе се променат законите што ние ги бараме”, изјави пред почетокот на средбата Апасиев.За Левица нема проблем да се укине Пржинската влада.„Сметаме дека тоа е бирократски остаток од едно време кога Македонија беше третирана како протекторат и оттука ни е сеедно дали се ДПМНЕ или СДСМ на власт. Ние секако го јадеме стапот па не ни е неприфатливо да ја укинеме Пржинската влада и по тоа прашање немаме никакви дилеми, но за другите прашања ќе инсистираме комплетно да се прифатат нашите барања особено при шпекулациите дека ќе се распишуваат предвремени избори. Доколку се распишат со овој Изборен законик ние повторно ќе бидеме цензурирани и оттука е нашиот интерес да присуствуваме на оваа средба”, рече Апасиев.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
aerodrom-vardariste

Рекордни казни за загадувачите во Скопје: до 53.000 евра за два месеца

Интензивните инспекциски контроли што ги спроведува Град Скопје во зимскиот период резултирале со високи парични казни за загадување на животната средина. Во периодот од 6 ноември до 1 јануари, изречени се глоби во износ од 1.000 до 53.000 евра, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Според податоците што ги објави тој, инспекциските служби во овој период издале 90 прекршочни платни налози и глоби, донеле 33 решенија за задолжување, спровеле 35 вонредни надзори и упатиле 290 опомени. Контролите биле насочени кон индустриски капацитети, градилишта и критични локации низ градот.Посебен фокус бил ставен на подрачјата околу поранешните фабрики ОХИС и Стаклара, како и на територијата на општина Сарај, каде што инспекторите за животна средина извршиле над 45 вонредни проверки на правни субјекти. Одговорни лица во компании биле казнувани со по 3.000 евра, додека физички лица затекнати при палење или неправилно одлагање отпад добиле глоби од 250 до 500 евра.Паралелно, биле извршени и контроли во делот на патниот сообраќај и градежните активности. Инспекцијата за патишта и сообраќај извршила надзори на девет градилишта, при што за седум бил издаден налог за воведување времен режим на сообраќај. На едно градилиште е изречена глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице.Комуналната инспекција, пак, спровела 240 контроли на градилишта низ Скопје. На 25 објекти им биле изречени опомени, а на 11 глоби од по 1.300 евра. Комуналните редари, преку редовни обиколки на јавните површини и плоштадите, изрекле повеќе од 60 дополнителни казни.Ѓорѓиевски информира и дека во буџетот за 2026 година за заштита на животната средина се планирани 64 милиони денари, што е речиси тројно повеќе во споредба со 24 милиони денари обезбедени за оваа намена во 2025 година. Според него, зголемувањето на средствата е показател за засилен пристап кон борбата против загадувањето и заштитата на здравјето на граѓаните.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Петорка на заедничка маса без Филипче и Зајкова, Минчев, наместо Димитриевски и Касами без Меџити

Во Клубот на пратениците започна лидерската средба што ја бараше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски е придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПНМНЕ Никола Мицевски.Во клубот на заедничка маса седнаа: наместо лидерот на ЗНАМ тука е генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација Горан Минчев, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ, но го нема градоначалникот на Чаир и претседател на Демократското движење, Изет Меџити.Од опозициските пратенички групи присутни се лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.Своето остуство јасно го најави лидерот на СДСМ Венко Филипе, со став дека тие што ќе дојдат на средбата ја легитимираат корупцијата, но по нејасните ставови отсустува и лидерката на ЛДП, партија која немаше негативен став кон иницијативата на Мицкоски. Но изгледа чашата се прели по вчерашната кавга на Зајкова со ВМРО-ДПМНЕ за измените на Кривичниот законик.На средбата не дојде претставник на двете крила на Алијансата за Албанците, иако не се знае дали добиле покана.Али Ахмети дојде на лидерската со свои барања:Бадентер за избор на Влада и во Уставен суд, уставните измени Македонија да излезе од ќор-сокакот кон ЕУ, Апасиев пак бара Македонија да биде една изборна единица и еднаков третман при медиумското претставување.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Лидерска средба: На маса со премиерот Христијан Мицкоски седнаа лидерите на ДУИ и Левица, Филипче не дојде

Во тек е лидерската средба во Клубот на пратениците, но без учество на опозициската СДСМ. На маса со премиерот Христијан Мицкоски седнаа претставници на владејачкиот блок, како и лидерите на ДУИ и Левица.Од партијата на Венко Филипче уште претходно ставија до знаење дека нема да присуствуваат на состанок чија главна тема е укинувањето на техничката влада. Филипче јавно порача дека не гледа легитимна основа за вакви разговори и дека иницијативата ја оценува како политички притисок во пресрет на можни избори.Дополнително, од СДСМ денеска повторија дека техничката влада е неопходен механизам за контрола на извршната власт, особено во чувствителни периоди. Според нив, укинувањето би значело исклучување на опозицијата од институционален увид и надзор.Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, инсистира дека моделот на техничка влада е застарен и воведен во време на длабока политичка криза, која, според нив, одамна е надмината. Од партијата порачуваат дека државата има потреба од стабилен систем, а не од привремени решенија.На средбата, која сè уште е во тек, се отвораат и други прашања – од реформите во правосудството и изборната регулатива, до изборот на народен правобранител и идниот институционален распоред.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Пропадна и вториот обид за влада во Бугарија, и ПП-ДБ го врати мандатот на Радев

Политичката криза во Бугарија продолжува, откако коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) веднаш го врати вториот мандат за состав на влада што денеска ѝ беше доделен од претседателот Румен Радев.Мандатот формално ѝ беше врачен на Надежда Јорданова во претседателската палата на булеварот „Дондуков“ 2, но без одлагање беше вратен како нереализиран, со што пропадна и вториот обид за формирање влада по парламентарните избори.Овој потег не дојде како изненадување, бидејќи од ПП-ДБ уште минатата недела најавија дека нема да се обидуваат да состават кабинет и дека мандатот ќе го вратат веднаш по неговото добивање. Претходно, истото го направи и Росен Жељазков, кандидат за премиер од ГЕРБ-СДС, кој го врати првиот мандат без да предложи влада.Според Уставот на Бугарија, по неуспехот на првиот и вториот мандат, претседателот Радев треба да го додели третиот и последен мандат на една од останатите парламентарни групи, по сопствен избор. Доколку и овој обид не резултира со избор на влада, следи назначување службена влада и распишување предвремени парламентарни избори во рок од два месеца.Во меѓувреме, најголем дел од парламентарните партии – меѓу кои и ПП-ДБ, Преродба, ДПС – Нов почеток и БСП – веќе јавно соопштија дека излезот од сегашната блокада го гледаат исклучиво во нови избори. Дел од нив дури оценија дека актуелниот парламентарен состав нема легитимитет да изнесе стабилна влада.Доколку се оди на гласање, тоа ќе бидат осми парламентарни избори во Бугарија од 2021 година наваму, што дополнително ја нагласува продлабочената политичка нестабилност во земјата.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
nafta

Сомерс: Американските нафтени компании побрзо би влегле во Иран, отколку во нестабилната Венецуела

Американската нафтена индустрија прави јасна разлика меѓу Иран и Венецуела кога станува збор за можни идни инвестиции по евентуални политички промени. Според проценките на водечки претставници од секторот, Иран има далеку поголем потенцијал за брзо рестартирање на производството отколку Венецуела, каде што состојбата се смета за долгорочно ризична.Американските нафтени компании би реагирале многу побрзо во Иран отколку во Венецуела доколку дојде до политички пресврти, смета Мајк Сомерс, извршен директор на Американски институт за нафта.Според Сомерс, иранскиот енергетски сектор, и покрај долгогодишните санкции, останал во функција и не доживеал институционален распад. Тоа, како што вели, ѝ дава на индустријата реална можност за брзо зголемување на производството доколку се отворат политички и регулаторни услови.Тој нагласува дека ситуацијата во Венецуела е суштински поинаква. Освен безбедносните ризици, клучен проблем се слабите институции, правната несигурност и долгогодишното запоставување на нафтената инфраструктура, што значително го обесхрабрува странскиот капитал.Сомерс дополнително истакнува дека американската нафтена индустрија не поддржува сценарија во кои државата би имала сопственички удели во компании што би инвестирале во Венецуела, оценувајќи дека таквиот пристап би создал дополнителни ризици наместо стабилност.Неговите ставови беа изнесени во Вашингтон, во контекст на дискусиите за иднината на глобалното снабдување со енергија и можните последици од политичките турбуленции во земјите производители на нафта.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryid83gcu8ab0d0PYykaJ

Осум возачи приведени поради „алкохол зад волан“, еден во Битола предизвикал сообраќајка

На 14.01.2026 во 00:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип втори македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(36) од Битола и патничко возило „дачиа сандеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(61) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „дачиа сандеро“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките Ј.Т.(24) и Ф.Т.(24) од возилото „дачиа“, двете од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по преземени мерки е констатирано дека возачот на патничкото возило „форд ескорт“ го управувал возилото под дејство на алкохол, односно во организмот имал 1,81 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.На 13.01.2026 во 23:35 часот на крстосница од ул.„Лесковачка“ и ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.П.(28) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.На 14.01.2026 во 00:52 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.О.(50). При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шевролет“ со италијански национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.На 14.01.2026 во 02:50 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Б.(38) од Неготино. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.На 13.01.2026 во 19:30 часот на ул.„28 Август“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода Д.Р.(72) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,27 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.На 13.01.2026 во 21:40 часот на магистралниот пат А2 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода И.К.(44) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.На 13.01.2026 во 21:13 часот на ул.„Јусуф Багери“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Љ.М.(60) од Дебар. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,83 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.На 13.01.2026 во 20:58 часот на ул.„Довлеџик“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.А.(58) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,92 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarygfr51l0lud7p26M1rOU

Скопјанецот што го скрши стаклото на влезната врата на бугарската амбасада доби 8 дена притвор

На 55-годишен скопјанец му е одреден осумдневен притвор поради оштетување на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје, информираат од Основниот кривичен суд.Притворот е изречен по предлог на обвинителството, поради опасност од бегство и можност осомничениот повторно да го стори делото.Според обвинителството, инцидентот се случил на 11 јануари, кога мажот со камен го скршил стаклото на влезната врата на амбасадата и веднаш го напуштил местото на настанот.Наредниот ден, полициски службеници го пронашле и привеле осомничениот на подрачјето на Центар, по што против него е поведена кривична постапка.Истрагата продолжува.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања