2 нед.
media-libraryamnv31vi0dvpf3Q0GVs

Имаме чувство дека власта го контролира правосудството, вели СДСМ

Од СДСМ изразија сериозна загриженост дека актуелната власт воспоставува контрола врз правосудството, оценувајќи дека наместо вистински реформи, се спроведува процес на политизација на судиите и обвинителите, што директно ја загрозува европската перспектива на државата.Според СДСМ, Европска унија ѝ обезбедила на Македонија околу 200 милиони евра финансиска поддршка за владеење на правото и реформи во правосудството, но премиерот Христијан Мицкоски, како што наведуваат, започнал процес на поставување свои обвинители и судии, со што се поткопуваат сите досегашни напори за независно судство.Од партијата прашуваат како ќе реагира Европската унија кога ќе види усвоени закони за правосудството кои не се усогласени со европските препораки и кога ќе се соочи со, како што тврдат, партиски и семејни поставувања во судските и обвинителските структури. Според нив, ваквите практики отвораат дилема дали државата се движи кон интеграција во ЕУ или кон самоизолација.СДСМ потсетува дека Европска комисија во последниот извештај за Македонија нотирала сериозни слабости во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и функционирањето на Собранието. Наместо да ги адресира овие забелешки, Владата, според опозицијата, намерно отвора конфликти со соседите за да ја оправда изолацијата и да ги блокира преговорите со ЕУ.Во реакцијата се наведува дека се води анти-ЕУ кампања во која Европа се обвинува за сите проблеми, додека, како што тврдат од СДСМ, вицепремиерот и близок соработник на Мицкоски, Иван Стоилковиќ, присуствува на настани со отворено анти-европски политичари и со групи кои се поврзуваат со рускиот претседател Владимир Путин.Според СДСМ, додека во соседна Србија одредени функционери се соочуваат со судски постапки, кај нас се носат закони со кои се овозможува целосна контрола врз судиите и обвинителите, на што, како што потсетуваат, Европската унија веќе реагирала со критики.Опозицијата прашува дали ова е патот по кој Македонија сака да оди – кон модел на изолација и авторитаризам, или кон членство во европското демократско семејство. Тие потсетуваат дека дури 71 процент од граѓаните ја поддржуваат интеграцијата во Европската унија, што, според нив, значи дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се спротивни на јасно изразената волја на народот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library0mv0rf26868n3JRgapR

(Видео) „Профит за нив, болести за нас“: Протест за затворање на „Усје“ пред три институции

Со транспаренти со пораки „Профит за нив, болести за нас“, „Дишеме отров“, „Воздухот не е луксуз, тоа е право“, „Профит за Усје, болест за народот“ и „Стоп за Усје“, граѓани денеска протестираа барајќи затворање на цементарницата, посочувајќи дека економскиот профит не смее да биде над здравјето на луѓето.Протестот започна пред Влада, по што демонстрантите се упатија кон Собрание и продолжија пред Министерство за животна средина и просторно планирање. Учесниците порачаа дека институциите имаат одговорност кон граѓаните и дека барањата за заштита на здравјето и животната средина мора да добијат конкретен и итен институционален одговор.Дел од пораките упатени преку транспарентите се однесуваа и на прашањето за мерењето на загадувањето, со критики дека реалната состојба не се прикажува соодветно и дека граѓаните со години се изложени на штетни емисии. Присутните истакнаа дека не можат да прифатат состојба во која, како што рекоа, „не можеме да дишеме од профит“, нагласувајќи дека правото на чист воздух е основно човеково право, а не привилегија.Според „Усје“, тие повеќе од месец се цел на неосновани напади.Со став се јави и премиерот Христијан Мицкоски.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ со остра порака до Владата: Минималната плата не го покрива ни основното преживување

Од СДСМ порачаа дека платите на работниците мора да се зголемат веднаш, а не по најави и проекции за две или четири години, оценувајќи дека актуелната економска политика не одговара на реалните животни трошоци и секојдневните потреби на граѓаните.„На работниците не им требаат изговори ниту најави за 2028 година. Платите треба да се покачат сега, затоа што парите не им стигаат од први до први“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека животниот стандард е сериозно загрозен, а минималната плата не обезбедува основна егзистенција.Од партијата реагираат и на изјавите и настапите на премиерот Христијан Мицкоски, прашувајќи дали тој чекал две години кога купувал часовници во вредност од 65.000 евра, додека работниците се принудени да преживуваат со примања што не ги покриваат ниту основните трошоци.Според последните податоци, минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јануари 2026 година изнесувале 66.413 денари, што, како што посочуваат од СДСМ, значи дека ниту две минимални плати не се доволни за покривање на основните потреби. Со сегашното ниво од околу 400 евра, минималната плата, според опозицијата, не обезбедува заштита на животниот стандард и не ја следи реалната структура на трошоците во едно просечно домаќинство.„Работниците буквално се борат за парче леб и не можат да чекаат до 2028 година“, велат од СДСМ, оценувајќи дека Македонија денес има најниска минимална плата не само во регионот, туку и во Европа.Во реакцијата се споредуваат и состојбите во соседството. Во Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази, во Албанија од 1 јануари 2026 година минималната плата ќе изнесува 500 евра, во Србија со владина одлука е зголемена на 500 евра, додека во Црна Гора се движи од 600 до 800 евра.СДСМ предупредува дека последиците од ниските плати веќе се видливи, со масовно заминување на квалификувани работници и млади луѓе во странство, додека во земјата се увезува работна сила. Според партијата, ваквите политики водат кон дополнително намалување на вредноста на трудот, доколку тоа, како што наведуваат, не е и свесна цел на актуелната власт.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
soobrakajka-634

Судир на „рено“ и „џип“ на патот Кичево–Охрид: Повредени двајцата возачи и пет сопатници

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, во 23:17 часот, на магистралниот пат Кичево–Охрид, во близина на кичевското село Подвис, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила.Во незгодата учествувале патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (51) од Прилеп, и патничко возило „џип“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.У. (33) од кичевското село Зајас.Како последица на судирот, повредени се двајцата возачи, како и сопатниците од возилото „рено“ – О.А. (47) и М.Г. (55), двете од Прилеп, како и сопатниците од возилото „џип“ – Б.Ф. (45), Ј.Ч. (31) и едно шестгодишно малолетно лице, сите од селото Зајас.Сите повредени лица биле пренесени во Општата болница во Кичево, каде што им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на сообраќајната незгода извршиле полициски екипи, а причините за несреќата се утврдуваат.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library649377a2c8tsdwFByP5

Лицемерието на СДС се гледа и во ССМ – бараат повисоки плати, а кога ќе ги добијат ги одбиваат, Манасиевски

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека лицемерието на СДСМ се пресликува и преку Сојузот на синдикати на Македонија, посочувајќи дека тие јавно бараат повисоки плати, но кога им се нуди конкретно и остварливо решение, истото го одбиваат.Манасиевски оцени дека СДСМ и Венко Филипче излегле со предлог за минимална плата од 600 евра, но без јасен и подготвен законски модел, без техничка подготвеност и без одговор на прашањето од каде ќе се обезбедат средствата. Според него, на дополнителните прашања, одговорот бил дека „ќе биде“, што, како што рече, не е сериозен пристап кон економската политика и кон работниците.Тој посочи дека и ССМ, предводен од Слободан Трендафилов, излегол со исто барање за минимална плата од 600 евра и зголемување на платите, но кога Владата понудила тие барања да бидат исполнети до крајот на мандатот, синдикатот одбил да го прифати предлогот. Според Манасиевски, причината за тоа е политичка зависност, а не заштита на интересите на работниците.Тој нагласи дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ не ветуваат нереални решенија, туку настапуваат со, како што рече, искрен, чесен и достоинствен пристап кон подобрување на животниот стандард. Манасиевски потсети дека пред околу две години државата била затекната со уништена економија, сериозни буџетски дупки, исцрпени институции и систем на работ на финансиски колапс, како последица на, според него, лошите економски политики на претходната власт.Во тој период, додаде Манасиевски, ССМ и неговото раководство молчеле и не реагирале на состојбата во која се наоѓале работниците и јавните финансии. Затоа, тој повторно ги повика синдикалните претставници да го прифатат предлогот на Владата и да го потпишат новиот колективен договор.Според предложената динамика, како што информира Манасиевски, работниците во април 2026 година би добиле зголемување на платите од околу 15 проценти, односно најмалку 3.580 денари, а со ова темпо јавниот сектор би достигнал минимална плата од 600 евра до 2028 година, што, според него, е реален и одржлив модел за подобрување на животниот стандард.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-50-7110PM

Пијан возач удрил во друго возило на кејот во Охрид, полицијата го уапсила со 2,48 промили алкохол

Полициски службеници од СВР Охрид на 31 јануари 2026 година, во 02:55 часот, го лишиле од слобода Л.С. (52) од Охрид, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување моторно возило“ по член 297 од Кривичниот законик.Според информациите од полицијата, на пресекот на кејот „Македонија“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, Л.С., управувајќи патничко возило „нисан“ со охридски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „голф“, исто така со охридски регистарски таблици, кое го управувала Г.А. (22) од Охрид.По извршеното алкотестирање, полициските службеници кај Л.С. констатирале 2,48 промили алкохол во крвта, по што веднаш му биле одземени возачките документи и бил исклучен од сообраќај.По целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryag70lrms86u80RiAsJi

Мицкоски за протестот „Стоп за Усје“: Секој има право да го искаже незадоволството

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека протестите се легитимно демократско право и дека секој граѓанин има право јавно да го искаже своето незадоволство, коментирајќи го денешниот протест под мотото „Стоп за Усје“.„За денешните протести многупати сум кажал дека секој има право да го изнесе своето незадоволство преку протест. Ние како Влада правиме сѐ за граѓаните да имаат здрава и чиста животна средина. Тоа што со децении ништо не е правено – немам што да кажам“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека актуелната Влада презела конкретни чекори за подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина, меѓу кои и потпишување договори за изградба на когенеративни централи и системи за далечинско греење, како и донесување одлуки за набавка на електрични автобуси, кои, како што нагласи, не се наменети само за Скопје.Според Мицкоски, институциите работат на сите можни начини за да им се обезбеди на граѓаните поздрава и почиста средина, потенцирајќи дека граѓанските реакции и протести се составен дел од демократското општество.„Тоа што сега група граѓани излегува да протестира, јас го поддржувам секој протест, и тоа мора сите да го правиме“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека правото на протест е клучен механизам преку кој граѓаните го искажуваат својот став и бараат промени.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library9307n6sskfl07MWd1vI

Европратеничката Јовева со жестока порака за Бугарија: Правната држава не функционира „одвреме-навреме“

Европратеничката Ирена Јовева остро реагираше по дводневната работна мисија на политичката група „Обнови ја Европа“ во Софија, оценувајќи дека проблемот во Бугарија не е недостигот од закони, туку системското отсуство на одговорност и фактичкото разградување на правната држава.Повод за нејзината реакција била изјавата на бугарскиот министер за правда, кој на прашање за игнорирањето на судските одлуки одговорил дека тие „не се игнорираат постојано“. Според Јовева, токму оваа формулација ја отсликува суштината на проблемот – како правната држава да е прашање на фреквенција, а не на принцип. Таа посочува дека владеењето на правото не може да функционира повремено, туку или постои, или не постои.За време на мисијата, Јовева остварила средби со новинари кои, како што наведува, се соочуваат со системско ускратување на основни информации, додека истовремено се изложени на серија тужби и притисоци. Според нивните сведоштва, физичките напади станале непотребни, бидејќи заплашувањето само по себе е доволно ефикасно средство.Средбите со поранешни и актуелни судии, како што пренесува европратеничката, откриле судски систем во кој кариерите зависат од лојалност, но не од лојалност кон законот или интегритетот, туку кон центрите на моќ. Привремените функции траат со години, мандатите на одредени носители никогаш формално не завршуваат, а со тоа никогаш не започнува ниту одговорноста.Јовева посебно ја издвојува средбата со претседателката на Врховниот суд, пред чии очи, како што наведува, се урива легитимноста на правната држава. Во момент на силна емоција, претседателката, според Јовева, се извинила што е вознемирена. Но, европратеничката оценува дека тоа не е слабост, туку тежина на системот што ги крши оние кои сè уште се обидуваат да истраат.Во разговорите со претставници на граѓанскиот сектор и антикорупциските организации, Јовева посочува дека постојат документи, снимки и сведоштва, но дека недостигаат епилози. Според неа, системот не ја бара вистината, а уште помалку правдата.Најдиректната критика е упатена кон министерот за правда во заминување, од кого Јовева побарала објаснување зошто се игнорира јасна судска одлука дека главниот државен обвинител е незаконски на функцијата, како и зошто политички неподобни лица лесно се лишуваат од слобода, додека институциите се разградуваат. На прашањето дали ваквата состојба е во согласност со европските обврски на една земја-членка и кој ќе понесе одговорност, одговорот, според неа, бил релативизирачки и загрижувачки.Јовева оценува дека проблемот во Бугарија е и европски проблем. Таа потсетува дека Европската унија располага со механизми за условување и алатки за дејствување, но дека недостасува политичка храброст тие да се применат кога тоа е непријатно. Без реални последици, нагласува таа, нема ниту реални промени.Најавува дека извештајот од мисијата ќе биде остар, без разубавување и цврсто заснован врз факти, а доколку биде потребно, ќе следат и конкретни мерки. Не за да се казни Бугарија, туку затоа што, како што порачува, никој не е должен да живее во систем во кој правото важи само „одвреме-навреме“.„Кога судијка се извинува што е човек, а власта се извинува што ги игнорира пресудите, ги толерира киднапираните институции и ги дисциплинира критичките гласови – јас знам кому му верувам“, порачува Јовева, заклучувајќи дека правната држава не може да постои селективно: или функционира целосно, или воопшто ја нема.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library0r5mopp3lokh6tgB8Ve

Мицкоски ја осуди пресудата за новинарката Вејсели оти споменала судија: Ограничувањето на слободата на говор е неприфатливо

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најостро ја осуди пресудата со која новинарката Љиридона Вејсели е казнета поради спомнување на името на судија во новинарско известување, оценувајќи дека станува збор за недозволиво ограничување на слободата на говор и напад врз новинарската професија.„Не можам да побарам од судијата одговорност, не сум тој што именува судии. Најостро ги осудувам ваквиот тип на ограничување на слободата на говорот. Новинарите треба етички да се однесуваат, да ја информираат јавноста и за тоа да служат, и било кој напад врз новинар, вклучително и овој, најостро го осудувам, без разлика дали е од политичар, јавна личност или судија“, изјави Мицкоски.Претходно, Обвинителството ја гонело новинарката, а судијката Магдалена Мишоска од Основниот суд во Гостивар ја осудила Вејсели на парична казна од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пресудата е донесена затоа што во новинарско известување било спомнато името на судијата Назиф Илјази од Основниот суд во Тетово.Вејсели за Скопје1 изјави дека пресудата се однесува на тема што ја обработувала за сериозен кривичен случај во кој возрасно лице уценувало малолетник, му испраќало порнографски материјали и му се заканувало. Во тој предмет, како што наведе, судијата Илјази изрекол казна од три месеци ефективен затвор.„Осудена сум затоа што го спомнав името на судијата во контекст на судска одлука за сериозен кривичен случај. Казната е 700 евра за наводна злоупотреба на лични податоци“, изјави Вејсели.Во писменото образложение на пресудата, судијката Мишоска наведува дека на 28 октомври 2024 година новинарката, без согласност на судијата Назиф Илјази, ги користела неговите лични податоци – име и презиме – преку објави на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок, со што, според судот, му била нанесена штета на честа и угледот во неговата професионална дејност, која ја извршува повеќе од 37 години. Судот заклучил дека со ваквите дејствија се исполнети битните елементи на кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“ од Кривичниот законик.Од Обвинителството беа побарани одговори за тоа кој обвинител го поднел предлогот за издавање казнен налог и зошто е покрената постапка против новинарка која објавила име и презиме на судија, носител на јавна функција. До објавувањето на овој текст, одговор не беше доставен.Пресудата предизвика остри реакции во јавноста. Меѓу оние што реагираа е и заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, кој оцени дека случајот е сериозен показател за состојбата со слободата на говор и довербата во судството.Според Исени, сведочењето на Вејсели покажува дека полицијата ѝ била на располагање за заштита во моментите кога била изложена на притисоци, но дека денес се случува, како што наведе, „најголемиот парадокс“, при што судството, кое со години било политизирано и деградирано, се прикажува како жртва. Тој оцени дека довербата во правдата паднала на историски минимум, како последица на политички влијанија и континуирани вмешувања, додавајќи дека истите актери кои денес зборуваат за слобода на медиумите, во минатото молчеле или вршеле притисок врз критичките гласови.Во продолжение е објавено и видеото во кое е споменато името на судијата, а кое е основата врз која новинарката е осудена.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library5gikv49c63qj8Z6V51f

Објавени тешки обвинувања против Трамп: се споменуваат силувања, оргии, забави...

Американското Министерство за правда на САД во петокот објави нова обемна транша документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, во која се вклучени и листи со пријави и предлози за постапување што го споменуваат и американскиот претседател Доналд Трамп. Во еден од документите се наведува дека станува збор за „непроверени и неутврдени наводи“, а материјалот кратко бил отстранет од службената страница, по што повторно бил објавен.Материјалите произлегуваат од интерна комуникација и табели на ФБИ од август 2025 година и ги сумираат пријавите примени преку Националниот центар за дојави. Во табелите, покрај описот на секоја дојава, се бележи и реакцијата на ФБИ, како обид за контакт, процена на веродостојност или препраќање до други надлежни единици.Во повеќе пријави Трамп се доведува во врска со кругот околу Епстин и Гислејн Максвел, со тврдења за сексуално злоставување, забави со млади девојки и наводна трговија со луѓе. Документите јасно нагласуваат дека дел од информациите се пренесени посредно и дека во бројни случаи не постојат проверливи докази.Меѓу наведените пријави се споменува сведоштво за наводен настан од пред околу 35 години во Њу Џерси, како и тврдење дека подносителка, кога била малолетна, била принудена на сексуални дејствија. Во белешките на ФБИ стои дека контакт со наводните жртви не бил воспоставен или дека не постојат информации што може да се потврдат. Во друга пријава се опишува настан од 1987 година поврзан со хотел во Атлантик Сити, при што идентитетот на жртвата не е потврден и не се обезбедени дополнителни докази.Повеќе дојави ги споменуваат забавите на Епстин во Њујорк и Флорида, со тврдења за масовни собири и присуство на јавни личности, при што Трамп се наведува меѓу имињата. Во една онлајн-пријава се опишува и наводна мрежа на сексуална експлоатација на голф-терен во Калифорнија, со тврдења за закани од обезбедување, без потврда од надлежните служби. Дел од пријавите се однесуваат и на наводни настани во Мар-а-Лаго, при што ФБИ не наведува потврда за изнесените тврдења.Во исказите повремено се појавуваат и други јавни имиња, меѓу кои Бил Клинтон и Илон Маск, при што документите изречно наведуваат дека станува збор за информации од втора рака.Објавените материјали не претставуваат обвиненија ниту судски наоди, туку интерни резимеа на дојави, комбинација од директни искази, посредни тврдења и непроверени обвинувања. Во делот што се однесува на Трамп, документите содржат сериозни наводи, но истовремено покажуваат дека во најголем број случаи ФБИ оценил дека нема доволно проверливи информации за понатамошно постапување.По објавата реагираше Министерството за правда на САД, наведувајќи дека објавен е целиот материјал што јавноста му го доставила на ФБИ и дека може да содржи лажни или фалсификувани содржини. Во изјава за The Guardian беше посочено дека дел од тврдењата се невистинити и сензационалистички и дека доколку имало барем минимална веродостојност, тие одамна би биле искористени против претседателот.Поради делумно редактираните документи не може со сигурност да се утврди кога точно биле поднесени пријавите, иако електронските пораки во материјалот датираат од август 2020 година, неколку месеци пред претседателските избори во САД. Претходни извештаи, пак, покажуваат дека уште во 1996 година најмалку една жртва на Епстин пријавила во ФБИ сексуално злоставување на малолетно лице поврзано со него и со Максвел.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryrtunvs14cr7q776I3EC

(Видео) „Овој народ не заслужува да има држава, не би излегол пак да го бранам“, вели бранителот Трајковски, осуден за 27 април

Осудениот за настаните од 27 април, Влатко Трајковски, кој во 2001 година учествувал како бранител во конфликтот, гостуваше во „Претрес со Ландов“, каде упати една од своите најостри и најразочарани јавни пораки досега.На директното прашање на водителот Кристијан Ландов дали повторно би излегол да ја брани татковината доколку се појави таква потреба, Трајковски одговори:„Kога, ќе погледнам вака од времеска дистанца за ова што ми се случува, не. Овој народ не заслужува да има држава. Додека ние јадевме песок во конзерви, луѓето се сончаа во Грчка на плажите. После завршувањето на оваа казна, ќе ја напуштам Македонија“.Првото појавување во јавност на Трајковски гледајте го тука:

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library6o9ig4ddmpbj2iJm8rI

(Видео) Вучиќ се вклучи на лајв со Бака Прасе на „Тикток“, па следуваше необчен разговор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа за првпат направи TikTok лајв, во кој директно се вклучи и еден од најпознатите српски јутјубери, Бака Прасе. Во разговорот, кој предизвика големо внимание на социјалните мрежи, се зборуваше од даночната политика, преку локалната власт, до конфликтите во медиумскиот простор.Пред вклучувањето на Бака Прасе во лајвот, Вучиќ погледна негова вирална снимка во која јутјуберот кажува што би го прашал доколку добие можност да се вклучи во TikTok пренос.„Не сум ниту за вашата, ниту за другата страна, не ме интересира политика, ама дали може да се укине данокот за инфлуенсери?“ прашува Бака Прасе во видеото, на што Вучиќ со насмевка одговори дека данок не може да се укине и додаде дека државата функционира токму преку наплатата на даноци.Неколку моменти подоцна, Бака Прасе директно се вклучи во лајвот, шеговито забележувајќи дека, доколку стане градоначалник, би поделил откази затоа што лајвот не бил технички добро подесен. На прашањето на Вучиќ за кој град станува збор, тој одговори дека мисли на Белград и праша дали претседателот смета дека би бил подобар градоначалник од актуелниот, Александар Шапиќ. Вучиќ со насмевка возврати дека не мисли така, но дека одлучувачко е мислењето на граѓаните.Во продолжение на разговорот, Бака Прасе побара од Вучиќ да го контактира Доналд Трамп за да му бидат вратени неговите Јутјуб канали, кои, како што тврди, му биле згаснати поради масовни пријави. Вучиќ одговори дека ќе има разговори со американски претставници и дека може сериозно да го постави прашањето, но истовремено праша и што точно било причината за гасењето на каналите.Јутјуберот објасни дека каналите биле пријавувани поради конфликт со Жељко Митровиќ. Вучиќ тогаш зазеде советодавен тон, посочувајќи дека изјавите насочени кон семејството на Митровиќ биле „застрашувачки“ и дека смета оти е коректно прво да се извини за тоа. „Не мешај семејства, тоа не ти прилега. Извини се за тоа, па потоа расправај се колку сакаш“, порача Вучиќ.Бака Прасе возврати дека никогаш не го навредувал семејството на Митровиќ и дека, според него, првично бил нападнат неговиот татко. Вучиќ, сепак, оцени дека изговореното од страна на јутјуберот било потешко и повтори дека извинувањето би било фер чекор.Во завршницата на разговорот, Вучиќ го праша Бака Прасе како решил да се занимава со Јутјуб и што го мотивирало да влезе во тој свет. Јутјуберот одговори дека почнал со гејминг, дека пријателите го охрабриле и дека, откако не запишал факултет, решил да оди „на сè или ништо“, што, како што рече, на крајот му се исплатело.Лајвот, кој комбинираше политика, поп-култура и интернет феномени, предизвика бројни реакции и коментари, отворајќи нов простор за комуникација меѓу политичките лидери и дигиталните инфлуенсери.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск реагира по објавата на новите досиеја за Епстин: ‘Мојата преписка може да се злоупотреби’

Илон Маск се огласи на социјалните мрежи откако неговото име се појави во нов пакет објавени досиеја поврзани со починатиот финансиски магнат и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.Според електронската преписка што стана јавно достапна, Маск и Епстин разменувале е-пораки во периодот меѓу 13 декември 2013 година и новогодишната ноќ истата година, во кои се споменува можен престој на Маск на карипскиот остров на Епстин. Во посебна размена на пораки, се наведува дека Епстин уште во февруари истата година договарал ручек со Маск.По објавувањето на документите, Маск одговори на коментар на корисник на социјалната мрежа X, чиј сопственик е тој самиот, посочувајќи дека бил свесен оти дел од неговата преписка со Епстин може да биде погрешно протолкувана.„Ниту една личност не се залагала посилно од мене за целосно објавување на досиејата за Епстин и драго ми е што тоа конечно се случи“, напиша Маск. Тој додаде дека имал многу малку комуникација со Епстин и дека повеќепати ги одбил поканите да го посети неговиот остров или да патува со неговиот авион, познат како „Лолита експрес“.Маск призна дека бил свесен оти ваквата преписка може да се искористи за напади врз неговиот углед, но нагласи дека тоа не го загрижува.„Она што навистина ме загрижува е дали барем ќе се обидеме кривично да ги гониме оние кои со Епстин извршиле тешки кривични дела, особено кога станува збор за брутална експлоатација на малолетни девојчиња“, напиша Маск.Објавувањето на новите досиеја повторно го актуелизира прашањето за одговорноста на моќните и влијателни личности кои имале контакти со Епстин, како и за тоа дали институциите ќе преземат конкретни чекори за расчистување на неговата мрежа на соработници и можни соучесници.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryej53alpv9r1k7KD6i2A

(Видео) „‘Луѓето умираат, испратете помош’: Француска телевизија објави аудиоснимки од повиците за помош при трагедијата во Швајцарија“

Француска телевизија објави вознемирувачки аудиоснимки од повици упатени до швајцарската итна медицинска служба за време на смртоносниот пожар во барот „Ле Констелацион“ во Кран-Монтана, трагедија што се случи за време на новогодишната ноќ и во која загинаа 40 лица.Снимките, објавени речиси еден месец по несреќата, го откриваат хаосот и паниката што владееле во критичните часови. За само час и половина, центарот за итни повици на бројот 144 примил вкупно 171 повик. Првите дојави биле регистрирани околу 1 часот по полноќ, а во гласовите на јавувачите јасно се слуша страв и очај.„Ве молам, дојдете, итно е во Констелацион“, се слуша во првиот повик, додека во позадина одекнуваат врисоци. Во друг повик, жена во целосен очај моли за помош: „Гори, има повредени, мора да испратите екипи, премногу се повредените“.Повиците продолжиле да пристигнуваат сè до 3 часот по полноќ. Многумина, во состојба на шок, со прекинати реченици се обидувале да ја опишат драмата што ја преживеале.„Едвај извлеков жива глава. Мислам дека изгорев. Целиот Констелацион изгоре. Мислам дека моите пријатели останаа внатре“, сведочи еден од преживеаните, молејќи операторката веднаш да повика брза помош.По масовните дојави, првите спасувачки екипи пристигнале на местото на настанот и се соочиле со исклучително тешка ситуација.„Се наоѓам на местото на пожарот во Кран-Монтана“, јавил еден од првите спасувачи со задивен, но професионален тон. „Првична проценка: три лица со тешки изгореници“.Во текот на ноќта, повиците овозможиле координација меѓу спасувачите на терен и болничките установи. Операторка од центарот 144 го известила дежурниот лекар за сериозноста на состојбата.„Имавме експлозија, четири лица се загинати и најмалку триесет се повредени“, му соопштила. „Го активираме планот за катастрофи“, одговорил лекарот без двоумење.Во меѓувреме, повиците станувале сè подраматични. Сведоците барале итна дополнителна помош и воздушна евакуација.„Испратете хеликоптери, луѓето умираат. Има лица со тешки изгореници, без кожа“, предупредувал еден од јавувачите.Ужасот бил дополнет и со повици од членови на семејства кои, откако дознале за пожарот, очајно се обидувале да дознаат што се случило со нивните најблиски. „Нашата ќерка беше таму, немаме никаква информација“, рекол татко во еден од повиците. Операторката немала одговор. „Не можам да ви кажам каде е вашата ќерка ниту дали била таму“, му соопштила смирено, додавајќи дека немала дополнителни информации.Истрагата е насочена кон утврдување кривична одговорност за смртта на 40 лица. Обвинети се четири лица, меѓу кои сопственикот на објектот, управителот на барот, електричарот кој ги изведувал работите на инсталациите и општински инспектор задолжен за безбедносните контроли.Тие се товарат за убиство од небрежност и тешко кршење на безбедносните прописи, откако првичните наоди покажале дека објектот немал функционален систем за противпожарна дојава, ниту соодветни и проодни излези за евакуација.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Од утре „Сејф сити“ почнува да казнува: за почеток само четири прекршоци ќе се регистрираат

Од утре официјално започнува примената на системот „Сејф сити“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во полна функција. Станува збор за интегриран техничко-информациски систем кој преку камери и софтверски алатки ќе ги регистрира прекршоците во сообраќајот, без потреба од директно присуство на полициски службеници на терен.Во првата фаза, „Сејф сити“ ќе санкционира четири видови прекршоци: пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, управување возило со истечена регистрација и непрописно запирање или паркирање. Камерите поставени на клучни сообраќајници и раскрсници автоматски ќе го регистрираат прекршокот, ќе ја идентификуваат регистарската табличка и ќе ја процесираат снимката преку централен систем за верификација.Откако прекршокот ќе биде утврден, сопственикот на возилото ќе добие известување за сторениот прекршок, со фотографски доказ, време и локација на настанот, како и соодветна прекршочна санкција. Постапката е целосно дигитализирана, а човечкиот фактор е сведен на минимум, со цел да се избегнат селективност, субјективност и можни злоупотреби.Казните за прекршување на брзинскиот лимит се определуваат според тоа колку километри на час е надмината границата:-до 20 km/h над дозволеното: 20 евра во денарска противвредност-од 20 до 30 km/h: 45 евра-од 30 до 50 km/h: 300 евра и забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци-над 50 km/h: 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување најмалку 12 месециВо населено место, казните се построги и може да достигнат 500 евра со задолжителна забрана за управување.Системот автоматски санкционира минување на црвено светло со:-250 евра парична казна-забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месециДоколку прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода, се применува и кривична одговорност.За возење со истечена сообраќајна дозвола:-100 евра казна за возачот-250 евра казна за сопственикот, ако е друго лицеСистемот автоматски проверува преку регистрите на МВР.Казни за непрописно запирање или паркирање:-30 евра за стандардни прекршоци-45 евра ако возилото го попречува сообраќајот-50 евра ако возилото е паркирано на место за лица со попреченост-Во случаи каде што возилото претставува ризик, се применува и подигнување со пајак-служба со дополнителни трошоци.Ако казната се плати во рок од 8 дена, сторителот плаќа само 50% од износот. По истекот на рокот, казната се наплатува во целост, со можност за присилна наплата.Надлежните институции уверуваат дека целта на „Сејф сити“ не е репресија, туку превенција и зголемување на сообраќајната безбедност. Очекувањата се дека со автоматското санкционирање ќе се намали бројот на сообраќајни несреќи, особено оние со тешки последици, како и дека ќе се воведе повисоко ниво на сообраќајна дисциплина.Со стартот на системот, „Сејф сити“ практично означува нова ера во контролата на сообраќајот – ера во која камерите паметат сè, а прекршоците повеќе не зависат од тоа дали во близина има полициска патрола, туку од тоа дали возачите ги почитуваат правилата.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Ирански генерал му се закани на Трамп

Иранската армија издаде јавно предупредување дека секој нов чин на агресија против Иран ќе наиде на итен и решителен одговор, истакнувајќи дека искуствата од јунискиот дванаесетдневен судир суштински го промениле воениот пристап и правилата на дејствување. Според официјалните пораки од Техеран, повеќе нема простор за одложување доколку противникот повторно направи, како што беше оценето, „погрешна проценка“.Портпаролот на иранската армија, бригадниот генерал Мохамад Акрамнија, во телевизиска емисија изјави дека иранските вооружени сили сега постапуваат според јасни и недвосмислени насоки. Тој нагласи дека секој нов, неразумен потег од страна на противникот ќе биде дочекан со моментален одговор, потенцирајќи дека во последниот вооружен судир Иран научил дека колебањето и оставањето простор за маневрирање на противникот се апсолутно неприфатливи.Осврнувајќи се на дванаесетдневниот конфликт во јуни, кој вклучуваше директен судир со Израел и учество на Соединетите Американски Држави, Акрамнија оцени дека клучната грешка на Вашингтон и Тел Авив била погрешната проценка на иранските воени способности, националното единство и општествената кохезија. Според него, очекувањата дека со брза воена операција ќе се создаде хаос и ќе се дестабилизира државата целосно пропаднале, бидејќи наместо тоа, единството во Иран дополнително се зацврстило.Во своите изјави, портпаролот посвети значително внимание и на политиката на САД под водство на Доналд Трамп, оценувајќи ја како непредвидлива и заснована врз застарени доктрини на притисок. Тој изјави дека за време на конфликтот биле испратени пораки за капитулација на Иран, но дека по неколку дена бил направен обид за запирање на агресијата, откако станало јасно дека иранските сили располагаат со сериозна способност за одвраќање.Акрамнија оцени дека претставите за кратка и брза војна се илузорни и дека евентуален напад врз Иран би предизвикал широка регионална ескалација. Според неговите зборови, Техеран веќе ги има финализирано оперативните планови за различни сценарија и издал соодветни наредби, при што ниту еден, дури ни најмал удар врз Иран, нема да остане без одговор.Тој предупреди дека во случај на конфликт, опсегот на војната би се проширил на целата регија, вклучително и земјите каде што се наоѓаат американски воени бази, кои, според него, се целосно во домет на иранските ракети и беспилотни летала. Дополнително, беше посочено дека и американските носачи на авиони и поморската инфраструктура не се имуни, бидејќи, како што тврди Техеран, се ранливи на ракетните и хиперсоничните капацитети на Исламската Република Иран.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
kriumcharenje-migranti

Турски државјани криумичарат мигранти низ Македонија, вчера уапсени на автопатот Гевгелија-Скопје

Полициски службеници денеска (31 јануари) ги лишиле од слобода С.А.О. (35) и К.Х. (32), двајцата државјани на Република Турција, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.Околу 02:30 часот, на автопатот Гевгелија–Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица сопреле патничко моторно возило „шкода октавија“ караван, со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од С.А.О., при што како сопатник во возилото се наоѓал К.Х.При извршениот преглед на возилото, биле пронајдени четири илегални мигранти од Египет, на возраст од 15 до 35 години.По наредба на јавен обвинител, двете лица се задржани во Полициската станица Гевгелија, додека мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“. По целосно документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library4097e5t1147h6PuE8ww

Советот на Кочани едногласно „за“: ќе се гради спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“

Со порака дека сеќавањето мора да добие трајна форма, Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба и уредување на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“. Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ и произлегува од иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“.Со одлуката, градоначалникот е овластен да го формира работното тело во најкраток можен рок, со оглед на тоа што целта е меморијалот да биде реализиран навреме за едногодишното одбележување и оддавање почит на жртвите од трагичниот пожар во клубот „Пулс“.Работното тело ќе биде составено од градоначалникот, претставник на Советот, претставник на Здружението – предлагач, член од општинската администрација, како и надворешен експерт со соодветна стручност. Целта, како што беше образложено, е процесот да се води транспарентно, координирано и без простор за пропусти.Според усвоениот план, спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ ќе биде изградено во Стариот парк, во централното градско подрачје, на локацијата меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
ljutkov

СКРМ со остра реакција до министерот Љутков: Задоволен е тој од себе, но дали се задоволни работниците во културата?

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) со остро соопштение реагира на изјавите на министерот за култура Зоран Љутков, кој од собраниската говорница изрази задоволство од, како што ја нарече, „победата“ по одлуката на Апелациониот суд во Битола, поврзана со една од судските постапки што ги води СКРМ.Од Синдикатот посочуваат дека, за разлика од министерската интерпретација, судската одлука е јасна и недвосмислена – предметот е вратен на повторно судење, што, како што нагласуваат, е вообичаена судска пракса и не претставува поништување на пресуда во корист на Министерството.СКРМ потсетува дека секогаш постапувал одговорно и информирал јавноста дури по официјален прием на судските одлуки, и иронично констатира дека овојпат министерот очигледно бил побрз од нивната пошта. Воедно, Синдикатот го потсетува Љутков на периодот кога биле донесени првите пресуди во корист на културните работници, кои, според нив, тој ги игнорирал и тогаш тврдeл дека не бил запознаен со нив.„Тие пресуди вешто ги релативизиравте, баравте алиби и тврдевте дека судиите биле партиски наклонети, сведувајќи ги судските одлуки на политичка волја“, наведуваат од СКРМ, прашувајќи реторички дали оваа одлука, која веднаш била јавно истакната од министерот, сега одеднаш е прифатлива затоа што одговара на неговата волја.Синдикатот нагласува дека нема намера да ги игнорира судовите и пресудите, туку напротив – ќе продолжи јавно да ги коментира, бидејќи јавноста има право и обврска да дебатира за општествените процеси, вклучително и за судските одлуки. Од СКРМ додаваат дека е сосема очекувано дел од постапките да продолжат пред Апелациониот и Врховниот суд, а доколку е потребно и пред Судот за човекови права во Стразбур.Членството на СКРМ, како што се наведува, е свесно дека станува збор за долг и исцрпувачки процес, но и уверено дека правдата на крајот ќе биде на нивна страна, по што ќе се бара и јавно и судско утврдување на одговорноста.„Дотогаш, министре, дозволете да Ви честитаме за задоволството што го покажувате. Но од вашата работа треба да бидат задоволни сите вработени во културата, а не само Вие“, порачуваат од Синдикатот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Документи од американското Министерство за правда: Илон Маск имал поблиски контакти со педофилот Епстин отколку што јавно признавал

Американското Министерство за правда објави документи кои откриваат дека комуникацијата меѓу Илон Маск и финансискиот магнат и осуден педофил Џефри Епстин била значително поинтензивна и поприсна отколку што досега беше познато во јавноста, објави „Гардијан“.Објавените електронски пораки од 2012 и 2013 година покажуваат дека Маск и Епстин во пријателски тон договарале можни посети на озлогласениот остров Little St James, во сопственост на Епстин. Иако во кореспонденцијата се наведуваат конкретни датуми и логистички детали, според документите, ниту една од планираните посети на крајот не се реализирала, главно поради организациски причини.Во една од пораките од декември 2013 година, Маск го информира Епстин дека ќе се наоѓа во регионот на Британските Девствени Острови и прашува кога би било соодветно да го посети. Епстин му одговара дека има простор „во секое време“, по што двајцата разменуваат пораки за можен термин. Посетата, сепак, била откажана откако Епстин соопштил дека мора да остане во Њујорк.Во друга комуникација од ноември 2012 година, Епстин го прашува Маск колку луѓе би патувале со хеликоптер до островот, на што Маск одговара дека веројатно би бил само тој и неговата тогашна сопруга. И овој план бил откажан поради, како што навел Маск, логистички проблеми.Овие откритија се во спротивност со јавните изјави на Маск од минатото. Во интервју од 2019 година, тој го опиша Епстин како „вознемирувачка личност“ и тврдеше дека повеќепати одбил покани да го посети неговиот остров. Новообјавените пораки, пак, покажуваат дека постоеле конкретни договори и пријателска комуникација, и тоа по 2008 година, кога Епстин веќе бил осуден на Флорида за кривични дела поврзани со малолетничка проституција.Во документите се споменува и електронска порака од асистентката на Епстин, во која се договара ручек во седиштето на SpaceX во 2013 година. Не е потврдено дали средбата навистина се одржала, ниту дали Маск бил присутен.Епстин беше повторно уапсен во 2019 година под федерални обвиненија за трговија со луѓе за сексуална експлоатација, а истата година беше пронајден мртов во својата ќелија. Неговите врски со влијателни личности со години се предмет на истраги и шпекулации.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања