Отишол на натпревар, па им се заканувал на играчите: Приведен 60-годишен скопјанец
Шеесетгодишен скопјанец е приведен поради нарушување на јавниот ред и мир за време на спортски натпревар во Ѓорче Петров.Од МВР информираат дека на 29 август во 18:30 часот, на стадион во подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ.Т. (60) од Скопје.Според пријавеното, тој за време на натпреварот се однесувал агресивно и упатувал закани кон играчите.По целосното документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе следува соодветен поднесок.
Скопје | пред 1 месец