Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-library0dv64te3r3crbhMvNl2

Во остатоците од Хирошима откриена метална легура каква досега не била забележана на Земјата

Во микроскопските остатоци од атомската експлозија што на 6 август 1945 година ја уништи Хирошима, научници откриле ситно зрно метална легура со комбинација на состав и кристална структура каква досега не била забележана на Земјата.Откритието го направил тим предводен од геологот Лука Бинди од Универзитетот во Фиренца, а резултатите се објавени во списанието „Science Advances“.Материјалот бил пронајден во микроскопски стаклести честички од песокот во заливот кај Хирошима, создадени при екстремни

Свет | пред 1 месец

1 мес.
policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка пред куќа во Двориште, употребени тврд и остар предмет

Физичка пресметка пред куќа во беровското село Двориште завршила со употреба на тврд и остар предмет и со повредено лице.Според пријавеното, тројца мажи околу 4:30 часот дошле пред куќата на К.С.(46), по што започнала физичка пресметка.Во пресметката К.С. употребил тврд и остар предмет и повредил едно од лицата.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
tepacka

Тепачка меѓу роднини, полицијата приведе четири лица

Четири лица од Шуто Оризари се приведени по семејна физичка пресметка во која од едната страна биле двајца мажи, а од другата нивниот чичко и уште едно лице.Инцидентот се случил синоќа околу 23 часот во семеен дом на подрачјето на Шуто Оризари.Полицијата ги привела И.М.(29), П.М.(27), С.М.(49) и Ф.М.(48) на улицата „Бутелски Венец“.По целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
maxresdefault

Работник повреден при превртување багер во Морани

Четириесет и седумгодишен работник бил повреден при превртување багер во скопското село Морани.Случајот бил пријавен вчера во 17:20 часот од комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што повредениот бил донесен за лекарска помош.Според пријавеното, П.Д.(47) се повредил при превртување на работна машина во сопственост на приватна фирма.Увид извршиле полициска екипа и трудов инспектор.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library3hilpabs12vi2QdWWcO

Два случаи со залутани зрна во скопско, полицијата истражува од каде било пукано

Залутани зрна од огнено оружје биле пронајдени на балкон во Визбегово и во автомобил во скопското село Морани.Во Визбегово, 69-годишна жена пријавила дека на балконот од својата куќа пронашла залутано зрно. Полицијата извршила увид на местото.Во Морани, 53-годишен маж пријавил дека додека седел во дворот забележал оштетување од залутано зрно на автомобил „мерцедес“, сопственост на неговиот брат.Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаја.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
IMG_4867

Со остар предмет во раката им се заканувал на полицајци, приведен 76-годишник

Седумдесет и шестгодишен струмичанец е приведен откако со остар предмет во раката агресивно се однесувал кон полициски службеници.Инцидентот се случил половина час по полноќ во Струмица, додека полицајците извршувале службени задачи.Љ.С.(76) бил задржан во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител.По целосното документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library3v441ivihsja208Z9sU

Два нови случаи на семејно насилство, нападнати две млади жени

Двајца мажи се приведени во Велес и Радовиш по одделни пријави дека физички ги нападнале својата невенчана сопруга и сестра.Во Велес бил приведен О.А.(37), откако било пријавено дека во домот физички ја нападнал и ѝ се заканувал на својата 33-годишна невенчана сопруга.Во Радовиш полицијата го привела Ј.А.(25), по пријава дека во семејниот дом ја нападнал својата 20-годишна сестра.За двата настана биле известени јавни обвинители, а по документирањето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarynmmk7lv8h7ggct7J0EU

Се судрија „цитроен“ и „пасат“, тешко повреден 58-годишен возач

Двајца мажи се повредени во судир меѓу автомобили на регионалниот пат од Струмица кон селото Баница, а едниот од нив се здобил со тешки телесни повреди.Несреќата се случила вчера околу 13 часот меѓу „цитроен“, управуван од К.М.(58) од Радово, и „пасат“, управуван од Џ.А.(31) од Баница.Тешко бил повреден 58-годишниот возач, додека другиот учесник се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица.Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryah3d8l7bsqub1PWUfT8

Полицијата на Табановце приведе 39-годишен Словенец оти превезувал марихуана

Словенечки државјанин е приведен на граничниот премин Табановце откако полицијата пронашла марихуана во неговиот личен багаж.М.Д.(39) бил приведен вчера во 8:30 часот при влез во Македонија.При проверка на автомобилот со словенечки регистарски ознаки и личниот багаж на возачот била пронајдена и одземена марихуана.По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarylcrm0krqlluc1ZAc7k8

Серија приведувања поради дрога во Скопје, Прилеп, Велес, Берово и Струга

Пет лица се приведени во Скопје, Прилеп, Велес, Берово и Струга откако кај нив биле пронајдени марихуана, бела и кафеава прашкаста материја.Во Скопје биле приведени С.Б.(32) и Д.П.(26), двајцата од Скопје, кај кои била пронајдена марихуана. Во казино во Прилеп бил приведен Р.Р.(55), исто така поради пронајдена марихуана.Во Велес полицијата го привела Е.М.(30), кај кого била пронајдена кафеава прашкаста материја, додека кај Ѓ.Т.(22) во објект во Берово била пронајдена бела прашкаста материја.Во В

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
grabez

Татко и син ограбиле и со остар предмет нападнале маж, па ја тепале и неговата сопруга

Татко и неговиот 18-годишен син се приведени по пријава дека во барака во Скопје ограбиле и нападнале маж, а потоа физички ја нападнале и неговата сопруга.С.Г.(33) пријавил дека му одзеле пари од чантата, по што го нападнале со остар и метален предмет.Според пријавата, Х.А.(47) и неговиот син А.А.(18) потоа ја нападнале и сопругата на пријавителот.Двајцата биле приведени на улицата „Вангел Тодоровски“. По целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryckfk0sgo0jp0cNc0dil

Малолетник со мопед не застанал на полициски знак, при бегството паднал и тешко се повредил

Седумнаесетгодишен малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако со нерегистриран мопед избегал од полициска контрола и паднал на булеварот „Србија“ во Скопје.Според МВР, малолетникот претходно не застанал на даден знак од полицајци на булеварот „Борис Трајковски“.Тој продолжил да се движи, а околу 2:30 часот паднал од мопедот. Бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.Полицијата утврдила дека малолетникот

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library6acp6g9eikev5DwJIzZ

Семејна драма во Македонска Каменица: Фрлила нож кон свекорот, тој ја удрил со тврд предмет

Дваесет и тригодишна жена од Македонска Каменица е приведена по семејна расправија во која ја нападнала свекрвата и фрлила нож кон свекорот, по што и тој ја удрил со тврд предмет.Според пријавеното, на инцидентот му претходела расправија меѓу жената и нејзиниот сопруг.Таа најпрво физички ја нападнала свекрвата, а потоа фрлила нож кон свекорот и го удрила во ногата. Потоа свекорот ја удрил со тврд предмет.Полицијата ја привела жената синоќа во 21:35 часот. По целосното расчистување на случајот ќе

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarygc8gc5o15a70cg3qHJz

Трагедија во Елшани: Вработен во телекомуникациска компанија паднал од бандера и загинал

Четириесет и осумгодишен работник загинал откако паднал од бандера додека извршувал работни задачи во охридското село Елшани.Несреќата вчера во 14:40 часот била пријавена во СВР Охрид.Станува збор за Н.К.(48) од селото Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.Увид извршиле јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите.

Охрид | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Договорила средба со маж, тој ја нападнал и ѝ одзел два телефона: Венецуелка ограбена во апартман во центарот на Скопје

Триесет и седумгодишна државјанка на Венецуела пријавила дека била нападната и ограбена во апартман во центарот на Скопје од маж со кого телефонски договорила средба.Според пријавата поднесена во Полициската станица Центар, нападот се случил вчера околу три часот по полноќ.Жената навела дека физички ја нападнал Б.Џ. од Косово, кој живее во Лондон, а потоа ѝ одзел два мобилни телефона.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarytplgk73t27g53DmGrm3

Возел „голф“ без положен возачки испит, полицијата го приведе

Дваесет и едногодишен жител на гостиварското село Градец е приведен откако полицијата утврдила дека управувал автомобил без возачка дозвола.Полициски службеници го сопреле Н.А.(21) утрово во 00:55 часот во Боговиње, додека управувал автомобил „голф“ со гостиварски регистарски ознаки.По извршените проверки било утврдено дека тој не поседува возачка дозвола. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Тројца албански државјани приведени по напад врз жител на Чегране

Тројца албански државјани се приведени по физички напад врз 44-годишен жител на гостиварското село Чегране, а кај двајца од нив било утврдено присуство на алкохол.Полицијата ги привела Д.Д.(32), С.Е.(35) и Џ.Д.(35) пет минути по полноќ, постапувајќи по пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир и физички го нападнале З.А.(44).Кај Д.Д. биле измерени 2,57 промили алкохол, а кај Џ.Д. – 1,47 промили.Тројцата биле задржани во просториите на ОВР Гостивар. По целосното документирање на случајот ќе след

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarygie3r8ces75vex5smBO

Се судрија „мерцедес“ и мотоцикл, тешко повреден 16-годишен сопатник

Шеснаесетгодишник се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл на локалниот пат меѓу тетовските села Горно Седларце и Синичане.Несреќата се случила вчера околу 15:22 часот, меѓу автомобил „мерцедес“, управуван од М.И.(54), и мотоцикл „јамаха“, управуван од Л.И.(20), двајцата од Горно Седларце.Тешко бил повреден 16-годишниот сопатник на мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди.Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово и

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryfbrbdul0mgjl9yWVpq8

Приведен по објава на туѓи фотографии со обвинување за долг на социјална мрежа

Триесет и двегодишен жител на Боговиње е приведен откако на социјална мрежа објавил фотографии од 38-годишен маж со тврдење дека му должи пари.Случајот претходно го пријавил мажот чии фотографии биле објавени, по што полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 20 часот го лишиле од слобода Н.И.(32).Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library9rdrrl87i5108rSVih5

Речиси 500 жртви во поплавите, но Непал сè уште не прифаќа странски спасувачи

Непал засега не планира да прифати странски спасувачки тимови по разорните поплави што погодија повеќе области во земјата, иако помош понудиле неколку држави чии граѓани се меѓу исчезнатите.Поплавите особено го погодија округот Расува, во близина на границата со Кина, каде што се уништени населени места, оштетени се хидроелектрани, а бројот на загинати се приближува до 500. Стотици странски државјани и натаму се водат како исчезнати.Од непалското Министерство за надворешни работи соопштија дека

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryi9pmkah76rme99hUaeE

Новинарот Бранко Героски пријави закана: Загрижен сум за мојата и безбедноста на семејството

Новинарот Бранко Героски соопшти дека го известил директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, за закана што, според него, му била упатена преку социјалната мрежа Фејсбук и која кај него предизвикала загриженост за сопствената и за безбедноста на неговото семејство.Геровски наведува дека заканата дошла од лице кое го именува како Илија Ико Стаменов, во коментари под неговата објава со содржина: „Само трговски центри, дата центри никако“.Тој нагласува дека во самата објава

Коментари | пред 1 месец

1 мес.
BARDOVCI

(Видео) Не еден, туку пет тендери за фирма поврзана со братучедот на директорот на „Бардовци“, вели ДУИ

ДУИ излезе со нови обвинувања за јавните набавки во Психијатриската болница „Бардовци“, тврдејќи дека компанијата „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, која ја поврзува со братучедот на директорот Иса Авдулаи, не добила еден, туку вкупно пет тендери од институцијата откако тој ја презел директорската функција.Според партиското соопштение, првиот договор бил потпишан на 15 октомври 2024 година, околу три месеци по именувањето на Авдулаи за вршител на должноста директор, а бил во вредност до 600.000 денари.Д

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarym30rofrhld2220GP5jD

(Фото) Ниту моторџиите не се „невидливи“ за камерите: „Безбеден град“ почна да ги казнува и моторите, ги лови задните таблици

Системот „Безбеден град“ почна да евидентира прекршоци и кај мотоциклистите, а првите известувања за казни покажуваат дека камерите можат да ја регистрираат и табличката поставена на задниот дел од моторот.Од фотографиите од материјалот за прекршок се гледа мотоцикл снимен од една позиција, при што системот ја издвојува зоната во која се наоѓа задната регистарска табличка.Тоа е особено значајно кај мотоциклите, бидејќи за разлика од автомобилите, регистарската ознака најчесто е поставена само од

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library7k5ngmouk0sm28bkNKc

Објавен возниот ред: Осум возови дневно меѓу Зелениково и Скопје од први септември

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе сообраќа осум пати дневно во двата правца.Возот од Зелениково ќе застанува на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајната станица ќе биде Железничката станица Скопје.Првото поаѓање од Зелениково ќе биде во 6:20 часот, а потоа возови ќе има во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот.Во обратен правец, од Железничката станица Ско

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library18fv0cigbj8q4jFktz4

(Видео) Кина под удар на тајфун: Над 820.000 евакуирани

Тајфунот Саудел утрово ја погоди источната обала на Кина на две локации, поради што властите наредија масовни евакуации и привремено го прекинаа железничкиот и траектниот сообраќај.Според државните медиуми, тајфунот прво го погодил градот Тајџоу околу 8 часот по локално време, а околу еден час подоцна и Венџоу. Ова е трет тајфун што годинава ја погодува кинеската провинција Жеџијанг.Се очекува Саудел да донесе обилни врнежи во Жеџијанг и во соседната крајбрежна провинција Фуџијан, а додека се дв

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања