ДОЖД

dozd-1

ЦУК: Одрони и поплавени објекти во Битолско, екипите на терен

Состојбата во државата по обилните дождови останува стабилна, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), според последните податоци од РЦУК 7/24. Водостоите на водотеците се движат во рамки на нормалата, со благо зголемување, но без сериозни ризици.На повеќе локации се регистрирани одрони и локални поплави, а надлежните служби веднаш интервенирале. На патниот правец Битола – Прилеп, кај селото Лознани, има појава на одрон, а за случувањето се известени битолската полиција и јавното претпријатие задолжено за одржување на патиштата.Голем камен се одронил и на патот Ресен – Охрид, кај селото Буково, а екипите на МВР и патното претпријатие се упатени на терен. Во Битолско се регистрирани и два поплавени објекти – фарма во селото Породин и визба во урбаниот дел на градот.Одрон од околу 15 метри е пријавен и на патниот правец Близанско – Македонски Брод, каде што е известено надлежното јавно претпријатие.Од ЦУК информираат дека сите служби се усогласени и активно работат на расчистување на теренот и следење на состојбата. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, уверува дека во моментов нема поголеми ризици за населението и инфраструктурата.

Македонија | пред 2 месеци

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Пороен дожд утрово во Скопје, најавени обилни врнежи и силен јужен ветер низ државата

Утринава делови од Скопје беа зафатени од поројни дождови, по што продолжува периодот на нестабилно и влажно време што ќе ја погоди целата држава во текот на денот и ноќта. Во Скопје ќе биде облачно со повремени поинтензивни врнежи, а низ котлината ќе дува умерен, на моменти и засилен јужен ветер.Според најавите на метеоролозите, на повеќе локации ширум земјата врнежите ќе бидат пообилни и во едно деноноќие може да надминат 30 литри на квадратен метар. Можно е и формирање на краткотрајно невреме проследено со засилен јужен ветер, кој локално ќе достигнува над 60 km/h, како и повремена појава на грмежи.Температурите ќе варираат во широк опсег: минималните ќе се спуштаат до околу 6 степени, а максималните во појужните и пониските региони ќе достигнуваат и до 18 степени Целзиусови.Метеоролозите апелираат на внимателност, особено во сообраќајот, поради можни локални поројни врнежи, засилен ветер и привремено отежнати услови на патиштата.

Скопје | пред 2 месеци

vrnezi-dozd-vreme

Обилни дождови, но топло, температурта во Скопје до 17 степени

Целата територија на Македонија денеска ќе биде во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни и поројни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Локално ќе наврне поголемо количество на воден талог за 24 часа (над 30 литри на метар квадратен дожд). Токму поради ова можни се  и локални поројни поплавувања.Според УХМР во за изминатите 24 часа до 07 часот во најмногу дожд наврнало:42 литри на метар квадратен во Струмица, 36 Гевгелија, 30 Пожар-Радовиш, 29 Претор, 26 Битола, 24 Крушево, 23 Тополчани, 18 Попова Шапка, Маврови Анови, 17 Прилеп, 16 Демир Капија, 15 Берово, 14 Пожаране, Виница, 12 Тетово, 10 Штип, Ѓуриште, 9 Лазарополе, Кавадарци, Крива Паланка, Кавадарци, Велес, 8 Скопје–Петровец, Куманово, 6 Скопје-Зајчев Рид.Сето ова е поради влијанието на серијата на влажни воздушни бранови од Медитеранот кои кај нас условуваат да имаме обилни и поројни врнежи од дожд.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):6 Крушево, Маврови Анови, Лазарополе, 8 Претор, 9 Берово, Крива Паланка, Прилеп, Битола, 10 Тетово, 11 Скопје–Петровец, Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Виница, Куманово, 12 Велес, Штип, 13 Гевгелија, Струмица, 14 Демир Капија.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАПретежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Скопје | пред 3 месеци

dozd-1

Поројни дождови од вечерва, дневни температури до 22 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.Од вечерва се најавува можност за поројни врнежи, но и дневни температури до 22 степениВремето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Македонија | пред 3 месеци

viber_image_2025-08-30_18-35-54-228

(Видео) Скопје попладнево зафатено од невреме и повеќе пожари, има сомнежи и за подметнување на дел од нив

Скопскиот регион денес попладне беше погоден од силно невреме проследено со ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе пожари на отворен простор, видливи од голем дел од градот и предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека за дел од пожарите постојат сомневања дека биле намерно подметнати.Во моментите кога огнената стихија беснееше на повеќе локации, силниот ветер и дожд во регионот на аеродромот Скопје не дозволија ер тракторите на ДЗС и армискиот хеликоптер, кои беа ставени во готовност, да полетаат и да помогнат во гаснењето.Пожари беа регистрирани во општина Сарај, во селото Крушопек кон падините на Водно, каде беа зафатени ниска вегетација и мешана шума, во општина Карпош кај спортската сала „Борис Трајковски“, во Гази Баба кај селата Виниче и Црешево, во Бутел кај последна 57 и во Инџиково.Надлежните соопштија дека сите пожари се изгаснати или ставени под целосна контрола.„Голема благодарност до екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита за брзата и пожртвувана реакција. Благодарност и до тимовите на ДЗС, како и доброволното противпожарно друштво од Чаир. Посебна благодарност до повеќето граѓани кои се затекнаа на местата на пожарите и несебично помогнаа на пожарникарите,“ објавија од ДЗС.

Скопје | пред 5 месеци

solun-poplava

(Видео) Невреме го потопи северот на Грција: Солун поплавен, улиците во Халкидики непроодни

Солун е поплавен по силното невреме што го зафати регионот во четвртокот наутро, оставајќи драматични сцени во центарот на градот. За само еден час наврнале врнежи во количина што одговара на целокупната просечна месечна сума за јули – дури 37 литри на квадратен метар, објавија експертите од „Weather Analysis“.Голем дел од улиците во централното градско подрачје беа под вода, што доведе до хаос во сообраќајот и интервенции на службите за итна помош. На авенијата Цимиски, едно од најпрометните места во градот, мотоциклист паднал поради лизгавиот асфалт и се здобил со повреди. Неговата здравствена состојба сè уште не е целосно позната.Според информациите на локалниот медиум „ToVima“, под притисокот на надојдената вода попуштиле шахтите, што дополнително го влошило поплавувањето на главните улици. Дел од сообраќајот бил привремено прекинат, а улиците се претворија во порои. Временските неприлики не зафатија само Солун – силни врнежи беа регистрирани и во делови од Халкидики, како и во региони како Кукуш, Епир, Тесалија, Спорадите и Тракија.Во Неа Флогита, на Халкидики, улиците беа поплавени, што го отежна движењето низ туристичкото место. Посетители кои таму летуваат споделуваат фотографии на социјалните мрежи од водата што надоаѓа, а според „grtimes.gr“, цивилната заштита останува во состојба на готовност поради најавите за натамошна нестабилност на времето.

Свет | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Циклонската активност над Македонија: Во изминатите 24 часа наврнаа дури 65 литри дожд на м/2

Циклонската активност над Македонија во изминатите 24 часа услови обилни врнежо од дожд во поголем дел од Македонија. Најмногу дожд до 8 часот утринава наврна во Лазарополе и во Пожаране, дури 65 литри дожд на м/2.Во Крушево и Прилеп утринава е најсвежо со 11 степени, додека најтопло е во Гевгелија со измерени 17 степени.На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 8 часот утринава, како и количеството на врнежи во изминатите 24 часа, и тоа на мерните станици на УХМР.Инаку, викендов и понатаму ќе бидеме под влијание на циклонска активност, па така и понатаму ќе има повремени врнежи од дожд на повеќе места, локално пообилни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Македонија | пред 1 година

301876588_639375227401437_7872121129142364216_n

„Овој дожд во Скопје е ништо во однос на она што го очекуваме во следните 20-тина години“, вели Милевски

Професорот Ивица Милевски се огласи по вчерашното невреме во Скопје. Тој вели дека уште во 2016 предупредувале за вакви појави на пороен дожд кои во иднина ќе ги има се почесто и поинтензивно, а последиците ќе бидат жестоки.„Веројатно многумина се сеќаваат дека катастрофалната Скопска поплава во 2016-та година, за тогашните (партиски послушници) беше „Божја работа“, „Божја казна“, „чудо невидено“. Кога пишувавме и кажувавме дека страшните последици се и ради човечката „аљкавост“, „неодговорност“ и „нестручност“, истите тие не отераа во 300 пм. Уште тогаш (но и претходно), предупредувавме дека вакви појави на пороен дожд, ќе има се почесто и поинтензивно, а последиците ќе бидат жестоки. Всушност еве што напишавме тој август 2016, ама кај нас нели, секое чудо за три дена. Се правеше по нешто ваму-таму, но се пропушти приликата да се направи една сеопфатна, интегрална, вистинска мултидисциплинарна студија за целиот регион и да се спроведат соодветни мерки (ама тоа е посебна тема).И само да напоменам дека денешниот дожд во Скопје и неговиот интензитет, „не се ништо“ во однос на дождот од 6.08.2016 (>90 mm/4h; 43 mm/h peak; 2 mm/min/15 min max), а особено во однос на она што го очекуваме во следните 20-тина години“, вели Милевски.

Коментари | пред 3 години

3

Денес повторно дожд, какво време не очекува следната недела

Денеска повторно не очекува прoменливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи.Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и услови за појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Се најавува дека ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.Согласно најавите на УХМР, и во понеделник не очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, и со услови за град.Во вторник ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а од среда ќе настапи стабилизација.Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Македонија | пред 3 години

gradnevreme

Николовски: Рекордно искористени палки за еден ден, спречена појава на град во над 80% од прогнозите

Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, синоќа објави дека авионите искористиле рекорден број на палки за засејување на градоносни облаци, со што била спречена штета по земјоделските посеви во поголемиот дел од прогнозите.„Преку навремената реакција на УХМР со активирање на воздухопловите за авионско засејување на градоносните облаци и со вкупно 262 палки беше дејствувано врз градоносни облаци. Ова е рекордно дејствување на авионите со рекорно искористени палки за еден ден, при што е спречена појава на град во над 80% од прогнозите, со што е спречено предизвикување на поголеми штети на земјоделските посеви“, објави министерот на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања