Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ИЗБОРИ25

Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

Мециновиќ од Левица најавува револуција во јавниот превоз и урбанизмот во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во своја објава порача дека скопјани, кои го изградиле градот, денес не можат да обезбедат сопствени домови поради енормните цени и неконтролираната урбанизација.„Не можат да се движат низ Скопје поради колапсот на јавниот превоз, ниту да се социјализираат без плаќање поради недостаток на јавни простори. Животот во Скопје не мора да биде ваков, но политичарите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ токму тоа го сакаат – за да креираат урбанистички п

Скопје | пред 11 месец

FB-ZHG

Зелен хуман град ја откажа промоцијата на кандидатката за градоначалник на Скопје

Прес-конференцијата што требаше да се одржи попладнево, на која Зелен хуман град планираше да ја претстави својата кандидатка за градоначалник на Скопје, е откажана поради здравствени причини.Според последната најава, кандидатката на коалицијата се повлекла од настапот, но и од самата кандидатура, поради здравствени проблеми.Од Зелен хуман град не го открија нејзиното име, туку ја опишаа како личност со искуство во борбата за јавниот интерес и со визија за град кој ќе биде дом за сите, а не мест

Скопје | пред 11 месец

sajtovi-sajt-portal

И фантомски портали во регистарот за изборно рекламирање: 6,5 милиони евра на маса, нефункционални портали со „Account suspended“ страници во регистар

Во регистарот на медиуми за изборно рекламирање на локалните избори 2025, освен телевизии, радиостаници и печатени медиуми, се најдоа и 245 интернет портали. Меѓу нив, како што покажа проверката на „Скопје1“, најмалку десетина портали воопшто не функционираат или никогаш не биле регистрирани како домени. За овие избори, „Скопје1“ дознава дека имало и случај каде една фирма регистрирала дури 12 портали преку кои сакала да рекламира избори, а најголем дел - непостоечки.Од порталите „Мкд.мкд“, „Кан

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Локалните избори ќе бидат поскапи

Тековниот изборен циклус веројатно ќе чини повеќе од претходните, но институциите имаат должност да овозможат учество на сите кандидати и политички субјекти, изјави вчера претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, во интервју за Радио Слободна Европа.Тој појасни дека конечната слика ќе биде позната по 13 септември, кога завршува рокот за поднесување кандидатски листи, но ДИК веќе се подготвува за прилагодување на формата и содржината на гласачкото ливче.„Можно е процесот

Македонија | пред 11 месец

petrusevski-apasiev

Пресметка меѓу Апасиев и Петрушевски: размена на остри критики пред изборите

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со објава на социјалните мрежи го нападна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, велејќи дека има „мањак од 100-150.000 гласа“ од последните избори и додавајќи дека „ароганцијата е автодеструктивна на долг рок“. Апасиев порача дека Мицкоски ќе зажали за ваквото однесување и најави дека изборите се ближат.На ова реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој жестоко возврати на Апасиев. Тој му порача дека како универзитетски професор треба

Коментари | пред 11 месец

kaja-shukova

Шукова го нападна Ѓорѓиевски - почнаа предизборните пресметки за гласови

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на прес-конференција остро ја критикуваше работата на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека последните четири години биле период на хаос, корупција и целосно игнорирање на интересите на граѓаните.„Граѓаните точно знаат кој го доведе Скопје во оваа состојба. Никогаш градот не бил подалеку од своите граѓани. Наместо одговорно управување, Скопје стана заложник на партиските интереси и на пресметките на ВМРО-ДПМ

Скопје | пред 11 месец

mickoski-medziti

Меџити најави апсолутна победа во Чаир, уште во прв круг

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, кој е и актуелен прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, изјави дека очекува апсолутна победа на октомвриските избори и дека битката ќе заврши уште во првиот круг.„Очекувам апсолутна победа во Чаир и убеден сум дека визијата на ВРЕДИ ќе обезбеди развој на општината за наредните 50 години“, порача Меџити.Во интервју за МИА, Меџити нагласи дека довербата од граѓаните ќе ја бара со конкретна

Скопје | пред 11 месец

mecinovic-51346

Што планира Мециновиќ со Скопје: мора да се ослободи од политичките притисоци

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, во гостување на Сител телевизија изјави дека главниот град мора да се развива во интерес на граѓаните, ослободен од политички притисоци.„Над луѓето кои се креативниот потенцијал на Скопје само треба да се тргнат политичките пранги и политичкиот притисок, за да можат да дишат, да функционираат и да создаваат прилики. Тоа се приликите кои му се потребни на нашиот град,“ истакна Мециновиќ.Тој најави дека во наредните два м

Скопје | пред 11 месец

orce

Ѓорѓиевски: Обезбедивме 70 километри патна инфраструктура, изградивме над 20 спортски терени и обезбедивме градинки за згрижување на сите дечиња во Кисела Вода

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел дискусијата имаше градоначалникот на Кисела Вода и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој образложи што е направено изминатите 4 години за општината односно ги истакна клучните проекти кои се направени изминатиот период како вложувањето во патната инфраструктура, изградба на градинки, инвестирање во образованието со изградба на основни училишта и спортски терени, притоа истакн

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2025-08-23-at-12.09.26

(Видео) Мицкоски за неговите градоначалници: Четири години работа без афери, со чесен образ пред граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ изјави дека локалните власти предводени од градоначалници на партијата успеале да се справат со сериозни предизвици, иако најголемиот дел од мандатот го поминале без поддршка од централната власт.„Поминавме низ еден тежок период, ги вадевме општините од бездна. Од овие четири години, три години градоначалниците имаа Влада која немаше слух, а имаше приоритети кои не беа локалните проблеми. Градоначал

пред 11 месец

Screenshot-2025-08-23-at-11.28.13

На 329 медиуми ќе се рекламираат кандидатите на локалните избори

Од вкупно 352 пристигнати барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали за претстојните локални избори, Државната изборна комисија (ДИК) регистрираше 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали.Средствата што ќе се потрошат за платено политичко рекламирање за медиумите изнесуваат 66 проценти од буџетот на ДИК за локалните избори, односно 397.763.000 денари (околу 6,5 милиони евра) од вкупно 600.489.000 дена

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-08-23-at-11.06.04

Османи најмил „светска куќа“ и остава телефонски број по граѓани, за да дојде до градоначалничката функција во Чаир

Ексминситерот и актуелен кандидат за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, речиси секојдневно одржува прес-конференции и преку објави се промовира пред престојните локални избори, иако кампањата не е започната. На новинарско прашање, тој рече дека ова не е забрането.„Јас мислам дека ова е период кога треба да се разговара со граѓаните на Чаир, мислам дека визијата за новиот Чаир бара почести контакти. Освен светска куќа за нов изглед, јас тропам од врата на врата, давам телефонски број. Врвна све

Скопје | пред 11 месец

kucinja-kuce

Како Ѓорѓиевски би го решил проблемот со уличните кучиња

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, информира дека имал средба со претставници на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, новинарката Мери Јордановска, Ирена Ристиќ и волонтери од градот.На средбата се разговарало за хумано решавање на проблемот со бездомните животни, што, како што истакна Ѓорѓиевски, е прашање од заедничка одговорност кое директно ја засега и безбедноста на граѓаните.„Преку вистински политики и искрена волја можеме да изградиме град во

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2025-08-22-at-11.52.29

Само Чаирчанец може да го спаси Скопје, вели Апасиев за кандидатурата на Мециновиќ за Град Скопје

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска го промовираше кандидатот на партијата за градоначалник на Град Скопје – пратеникот Амар Мециновиќ. Кратко по прес-конференцијата објави и фотографија.„Само Чаирчанец може да го спаси Скопје“, напиша Апасиев, кој претходно најави дека Левица на овие локални избори ќе настапи со рекорден број кандидати.Партијата, како што истакна лидерот, ќе има над 20 кандидати за градоначалници низ државата и повеќе од 62 советнички листи„Ова покажува дека Левиц

Коментари | пред 11 месец

Screenshot-2025-08-22-at-10.57.47

Османи со националистички пораки во Чаир: „Не е лапсус – сакаат укинување на Рамковниот договор“

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, промовирајќи што ќе прави со општината, повторно се осврна на националистички прашања. Тој промовира теза дека се спрема укинување на Рамковниот договор. Ова доаѓа откако министерот за правда, Игор Филков рече „Бадентеровото мнозинство се злоупотребува, можеби е дојдено време да се ревидира“, а премиерот Христијан Мицкоски возврати: „Рамковниот договор е исполнет во целост и тоа е завршена тема“. Османи најави мобилизација, обвинувајќи де

Македонија | пред 11 месец

mecinovic-apasiev

Амар Мециновиќ е кандидат за градоначалник на Скопје од Левица, Апасиев најави рекорден број кандидати на локалните избори

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев соопшти дека кандидатот за градоначалник за Град Скопје од нивната партија ќе биде Амар Мециновиќ.„Левица ќе настапи со рекорден број на кандидати. На минатите избори имавме осум кандидати, оваа година ќе одиме со преку 20. Претходно имавме 38 советнички листи, а оваа година ќе одиме над 62. Ова покажува дека Левица прераснува од мала во средно-голема политичка партија. Почнуваме со претставување на кандидатот на градоначалник за Град Скопје, место кое ќ

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

(Видео) ДИК го олесни настапот на независните листи – доволни ќе бидат два потписи

На денешната 129-та седница, Државната изборна комисија (ДИК) со шест гласа „за“ и еден „против“ го усвои правилникот со кој независните кандидати ќе може да поднесуваат листи за советници со само два потписи.Со оваа одлука значително се поедноставува постапката за учество на независните во локалните избори. Новите правила ќе стапат во сила по нивното објавување во „Службен весник“.За прашањето на потписите, во саботата беше закажана и итна собраниска седница. Предлогот предвидуваше независните

Свет | пред 11 месец

izbori-makedonija-Copy

СДСМ за изборниот законик: „Пропуштена е шансата за фер и прифатлива рамка“

„Жалиме што власта ја пропушти шансата да се обезбеди изборна рамка која е фер, праведна и прифатлива за сите.Пред вчерашната седница на ЗКП имавме координација на која сите партии, освен ДУИ, ја поддржаа иницијативата за праг од 0,5% за независните кандидати. Со неприфаќањето на ова решение, се ризикува изборниот процес да се претвори во хаос.Наш став е дека прашањата за изборниот законик мора да се разгледуваат внимателно и со почитување на сите правни аспекти. Наместо тоа, власта ја пропушти

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-08-17-at-10.13.30

Зелен хуман град: Подмолен обид на партиите за исклучување на граѓаните од политичкиот живот, ни фалат уште 500 потписи

Зелен Хуман Град се незадоволни од случувањата со измените на Изборниот законик во Собранието, со кои првичните прагови за собирање потписи за независни кандидатури од 1% од вкупните гласачи по општина беа прогласени за неуставни, но се врати скоро идентична бројка од 0,95%.Пратениците без ДУИ вчера не ги изгласаа измените, бидејќи не беше обезбеден Бадентер и сега се чека Упатството на ДИК за на хартија да се види дали треба или не собирање потписи. Но, некои се крајно скептични и се плашат дек

Македонија | пред 11 месец

izbori-makedonija-Copy

Изборниот законик падна на Бадентер – неизвесност за независните кандидати

Итната седница на Собранието за измените на Изборниот законик заврши без резултат – предлогот беше изгласан со мнозинство, но не помина на Бадентеровото гласање. Со тоа, останува неизвесно како независните кандидати ќе можат да учествуваат на локалните избори закажани за 19 октомври.Првичниот предлог предвидуваше независните листи да обезбедат потписи од 0,95% од запишаните избирачи во една изборна единица, наместо досегашниот еден процент. По расправата во комисии и прифаќањето на амандманот на

Македонија | пред 11 месец

Biljana-Ivanovska

Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалник на Центар

Платформата „Независни заедно“ ја претстави поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, како независна кандидатка за градоначалник на Општина Центар.Ивановска, позната по својата борба за правда и против корупцијата, добива поддршка од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“.Нејзината кандидатура официјално ќе биде објавена на прес-конференција која ќе се одржи пред фонтаната Лотус на влезот во Град

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Независните во локалната трка без собирање потписи

На претстојните локални избори, кои спикерот Гаши ги закажа за 19 октомври и втор круг за градоначалници за 2 ноември, ќе може да учествуваат и независни кандидати.Ова произлегува од изјавата на претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.Тој го цитираше членот 60 од Изборниот законик, според кој ДИК нема право никому да му го ускрати уставно загарантираното право да учествува на избори, да бира и да биде биран.Според првиот човек на ДИК, членот 60 од Изборниот законик јасно гар

Македонија | пред 11 месец

izbori-makedonija-Copy

На 19 октомври и 2 ноември ќе се гласа за нови градоначалници и совети на општини

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска (9 август) ги распиша локалните избори во Македонија, на кои ќе се избираат градоначалници и членови на советите во сите 80 општини и во Градот Скопје.Денот на гласање во првиот круг е закажан за 19 октомври 2025 година, а вториот круг ќе се одржи на 2 ноември. Кампањата официјално ќе започне 20 дена пред првиот круг.Според Изборниот законик, за градоначалник е избран кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови, под услов да излезат најмалку една т

Македонија | пред 11 месец

izbori-makedonija-Copy

10 милиони евра за локалните избори – најголемиот дел за партиско рекламирање

Државата ќе потроши околу 10 милиони евра за спроведување на локалните избори закажани за 19 октомври. Дури две третини од парите, односно над 6,5 милиони евра, ќе завршат за политичко рекламирање на кандидатите во медиумите. Останатите средства се наменети за надоместоци на членовите на изборните одбори, транспорт и логистика за гласачкиот материјал. Сумирано – изборите ќе чинат околу 5 евра по секој полнолетен граѓанин.Собранието до сабота, 9 август, мора официјално да ги распише изборите, по

Македонија | пред 11 месец

medziti

Изет Меџити ќе се кандидира за Чаир – ВЛЕН ги соопшти кандидатите за локалните избори

Вицепремиерот и актуелен министер за животна средина, Изет Меџити, е официјален кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори. Меџити, ќе се соочи со противкандидатот од „Европскиот фронт“ на ДУИ – поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.Од Централното претседателство на ВЛЕН информираат дека се избрани кандидати за градоначалници во повеќе општини ширум државата. Во Тетово ќе се кандидира актуелниот градоначалник Билал Касами, додека во Струга

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања