Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Анита Буховски

media-library38n8g98if9732elZMZw

Софија бара јасен сигнал од Скопје за добрососедство по вчерашниот инцидент - искрешен прозорец на бугарската амбасада

Бугарските власти очекуваат јасен и ефикасен одговор од институциите во Северна Македонија по хулиганскиот напад врз бугарската амбасада во Скопје, при кој беше искршен прозорец на дипломатската мисија.Инцидентот се случил вчера, а според изјавата на бугарскиот амбасадор во земјава, Желјазко Радуков, веднаш била покрената истрага. Тој за бугарските медиуми изјави дека Софија е во постојан контакт со македонските надлежни органи, кои информирале дека работат на расветлување на случајот.Засега нема официјална потврда дали сторителот е идентификуван или приведен.„Немаме конкретни информации до каде е истрагата, но уверени сме дека таа се спроведува“, изјави Радуков.Според бугарскиот амбасадор, настанот не може да се третира како изолиран инцидент. Тој оцени дека станува збор за дел од поширок контекст на, како што рече, напади и притисоци насочени кон бугарски институции и граѓани во Северна Македонија.Радуков како причини ги наведе долготрајниот антибугарски дискурс во јавниот простор и, според него, отсуството на ефикасни санкции за вакви дејствија.„Кога нема соодветна казна, се создава чувство дека ваквото однесување е дозволено. Наместо превенција, се охрабрува антагонизам“, рече амбасадорот.Тој предупреди дека, според информациите со кои располага, се забележува постепено заострување на инцидентите – од оштетување на културни објекти до физички напади врз припадници на бугарската заедница. Нападот врз дипломатска мисија, додаде, претставува сериозна ескалација и преминување на чувствителна граница.„Сега клучното прашање е дали властите во Скопје навистина се подготвени активно да работат на градење добрососедски односи“, изјави Радуков, во изјава пренесена од бугарската национална телевизија БНТ.Тој оцени и дека, како што рече, недоволно енергичниот одговор на кривичните дела од омраза, заедно со постапките против бугарски активисти поради нивните јавни ставови, дополнително ја влошуваат атмосферата и го прошируваат кругот на можни сторители на вакви напади.

Македонија | пред 1 месец

media-librarye80rui390l4d3MLykPS

СДСМ: „Скршнување од стратешките правци - Мицкоски и Стоилковиќ ја водат Македонија во изолација“

Опозициската СДСМ изрази сериозна загриженост за, како што наведува, контрадикторните пораки што ги испраќа актуелната влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека земјата се оддалечува од своите стратешки евроатлански определби.Од партијата посочуваат дека, иако Владата јавно нагласува дека Северна Македонија останува стратешки партнер на Соединетите Американски Држави, во нејзиниот најтесен врв се наоѓаат функционери со изразени проруски ставови. Како пример го наведуваат вицепремиерот Иван Стоилковиќ, за кого тврдат дека со години одржува врски со политички и безбедносни структури поврзани со Москва.Според СДСМ, ваквата поставеност испраќа спротивни сигнали до меѓународните партнери и претставува ризик за евроатланската ориентација на државата, како членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија.Во соопштението се потсетува дека Стоилковиќ уште во 2017 година, за време на тогашната политичка криза, учествувал на средби во Москва и бил меѓу потписниците на таканаречената „Декларација за воена неутралност на Балканот“, иницијатива што, според СДСМ, била поддржана од руски дипломатски кругови со цел да се спречи проширувањето на НАТО во регионот.Од партијата наведуваат и дека Стоилковиќ бил дел од поширока регионална мрежа на политички контакти, во која биле вклучени и српски безбедносни структури. Како дополнителен аргумент се посочуваат истражувања на меѓународни новинарски мрежи, меѓу кои и OCCRP, кои претходно укажувале на активности на странски разузнавачки служби во земјата за време на кризата во 2017 година.СДСМ потсетува и на поновите активности на Стоилковиќ, вклучително и неговото присуство на безбедносен форум во Москва во мај 2023 година, организиран од Советот за безбедност на Руската Федерација, каде што, според нив, присуствувале и регионални политичари познати по своите проруски позиции.Во таа насока, од опозицијата ја критикуваат и блискоста на актуелната влада со српскиот претседател Александар Вучиќ, оценувајќи дека ваквите односи ја приближуваат Северна Македонија до модел на регионална изолација и го оддалечуваат спроведувањето на клучните реформи, особено во правосудството.Посебна загриженост, според СДСМ, предизвикува и поддршката што владини претставници ја даваат на политиките на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вклучително и учеството на настани кои се контроверзни од аспект на одлуките на институциите на Босна и Херцеговина.Опозицијата оценува дека ваквите потези не се прашање на внатрешнополитички разлики, туку дека имаат пошироки безбедносни и геополитички импликации за државата и регионот, особено во контекст на најавите за заострена американска политика и можни санкции за корупција и дестабилизација на Западен Балкан.

Македонија | пред 1 месец

cigarette1

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување. -Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неспорни - тутунот и никотинот остануваат водечка причина за превентабилна смрт, изложеноста на чад и аеросоли ги оштетува и тие кои не избрале да пушат, а новите никотински производи, аромите, агресивниот маркетинг и дигиталната промоција се насочени токму кон младите. Затоа, Министерството за здравство изготви нов Закон за заштита од пушење, чија намера не е казнување, туку превенција, јавно здравје и заштита на најранливите категории граѓани, оценува министерот за здравство, Азир Алиу.Целта на новите законски измени е воспоставување контрола врз појавата и ширењето на новите тутунски и никотински производи, особено нивната агресивна промоција и лесна достапност. Истовремено, се воведува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство, се ограничуваат продажбата и изложувањето на тутунски и никотински производи, како превентивни мерки за поддршка на откажувањето од зависноста, и конечно, се зајакнува забраната за пушење во јавни и работни простории.Со овој закон, испраќаме јасна порака дека здравјето е повисока вредност од било кој комерцијален интерес, дека здравјето на децата не може да биде предмет на профит, дека јавниот простор мора да биде безбеден простор.Воедно, законското решение е усогласено со европската регулатива и со меѓународните обврски што државата ги има преземено, принципите на Рамковната конвенција на Светската здравствена организација.ЛИНК до Предлог-законот за заштита од пушење:  https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=115056

Македонија | пред 1 месец

media-library67ur28v28r4na2OYvhT

Литванија го предупредува опозиционерот на Путин, Волков: Поради реторика како Кремљ, може да му биде одземена дозволата за престојот

Литванскиот претседател Гитанас Науседа порача дека изјавите на рускиот опозициски политичар Леонид Волков за украинските војници и функционери потсетуваат на реториката што ја користи рускиот претседател Владимир Путин.„Мора да бидеме јасни околу тоа кого ги сметаме за лидери на опозицијата, бидејќи кога опозициските лидери почнуваат да зборуваат со жаргон сличен на оној на Путин, се поставува прашањето: каде е власта, а каде е опозицијата?“, предупреди литванскиот претседател.Тој нагласи дека мора да се признае дека Кремљ направил сè што можел за да ја уништи опозицијата, и физички и на други начини, како и дека и за самата држава и за нејзините граѓани е тешко целосно да се ослободат од империјалните амбиции и од филозофијата на рускиот месијанизам.Науседа посочи дека, кога станува збор за Русија, многу е потешко да се направи разлика меѓу ставовите на власта и ставовите на опозицијата „за разлика, на пример, од случајот со Белорусија“.Покрената истрага од Одделот за миграцииВолков, раководител на политичките проекти во Фондацијата за борба против корупцијата и поранешен близок соработник на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, во моментов има привремен престој во Литванија. Според литванското законодавство, дозволата за привремен престој може да се одземе доколку присуството на странски државјанин претставува закана за националната безбедност, јавниот ред или здравјето на луѓето.Литванскиот Оддел за миграции покрена истрага откако Волков го коментирал „убиството“ на Денис Капустин, командант на Рускиот доброволен корпус, проукраинска паравоена формација. Овие коментари јавно ги објави Ана Тирон, поранешна вработена во Фондацијата за борба против корупцијата, која сега го претставува Рускиот доброволен корпус.Таа објави порака на Волков, со која тој го поддржал „убиството“ на Капустин, за кое подоцна се покажа дека било лажирано од украинската војска.„Конечно, малку вистинска денацификација. Тој нацистички олош е отстранет, и онака беше подвижна тема за пропаганда на Кремљ. Тој и неговиот циркуски ‘корпус’ само ја вршеа валканата работа за тој подмолен, евтин стратег Буданов.Искрено, се надевам дека пријателите на Капустин се следни. Сакам да ги видам Јермак, Подољак и Буданов зад решетки заедно со остатокот од тие дволични, пропагандни крадци. Украина тогаш навистина би можела да има шанса за победа, но сè додека се потпираат на типови како Капустин, нема да победат“, напишал Волков.Откако пораката се прошири, Волков не ја негираше нејзината автентичност.„Пораката, секако, беше остра и директна. За жал, така често изгледа приватната кореспонденција. Беше наменета за поранешна вработена која постојано шири лаги и клевети за мене и за Фондацијата за борба против корупцијата. Не требаше да ја испратам и дефинитивно требаше да останам смирен. Заклучокот е јасен: не се согласувам со неонацистите. Дури и тактички сојуз со нив ми изгледа како голема грешка“, порача тој дополнително.Литванскиот Оддел за миграции побара дополнителни насоки од Државниот оддел за безбедност за тоа дали овој случај претставува закана за националната безбедност, како и процена на јавните изјави на Волков. Литванската премиерка Инга Ругиниене изјави дека се надева дека дозволата за престој на Волков ќе биде поништена.Кој е Денис Капустин?Капустин, познат и по воениот прекар „Вајт Рекс“, го предводи Рускиот доброволен корпус, воена единица составена од руски доброволци кои се борат на страната на Украина уште од 2014 година. Тој водел моден бренд што продава маици и капи со белонационалистички и ксенофобични симболи, вклучително и нацистичкиот симбол 88 – код за „Хајл Хитлер“.Роден е во Москва, а на 17-годишна возраст со родителите се преселил во германскиот град Келн. Таму брзо стекнал репутација на уличен борец и скинхед, истакнат на европската сцена на фудбалскиот хулиганизам.Учествувал во немирите за време на Европското првенство во фудбал во 2016 година во Марсеј, а Германија во 2019 година му ја укинала дозволата за престој и му забранила влез во шенген-зоната поради „дејствување против либерално-демократскиот устав“. Поврзуван е и со американски неонацистички групи.

Свет | пред 1 месец

50151295_208183653469774_2950459480845844480_n_208183646803108

Поларен студ ја стегна Македонија, на највисоките планини измерени најниските температури, -25 степени!

Македонија утрово се разбуди во вистински поларни услови. Екстремно студен бран од север донесе температури длабоко под нулата низ целата земја, а на највисоките планински предели се измерени вредности кои ретко се регистрираат дури и во срцето на зимата.На Титов Врв температурата се спушти до околу минус 25 степени, што го прави ова едно од најстудените утра во актуелната зимска сезона. На Попова Шапка се измерени минус 16 до минус 17 степени, додека во повеќе планински и котлински места температурите се движат меѓу минус 10 и минус 15 степени.Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, времето утрово е ведро до умерено облачно, со засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата. Студот е сув, без значајни врнежи, но со изразено чувство на студ поради ветерот.Минималните температури се спуштија до минус 16 степени на Попова Шапка, минус 14 во Маврови Анови, минус 13 во Крушево, минус 12 во Пожаране и минус 11 во Крива Паланка. Во Скопје минималната температура беше меѓу минус 7 и минус 5 степени, додека најтопло утрово беше во Гевгелија, каде што се измери минус 1 степен.Снежната покривка е највисока на Попова Шапка, каде што достигнува 26 сантиметри, во Крушево 15 сантиметри, а помал снежен слој има и во делови од западна Македонија.За денеска се најавува променливо облачно време со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од минус 4 до 3 степени, додека во Скопје се очекува претежно сончево време со максимална температура до 1 степен.Надлежните апелираат на зголемена внимателност, особено во планинските предели и во раните утрински часови, поради екстремно ниските температури и можноста од појава на голомразица.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynron3iec6o1f7KQSy3a

(Вознемирувачко видео) Низ иранските болници одекнува „ШИФРА 99“: По улиците на Техеран лежат стотици мртви тела на демонстрантите, а Иран му се закани на САД

Во Иран, во третата недела од масовните антивладини протести, според американска организација за човекови права, загинале повеќе од 500 лица, додека властите веќе повеќе од 72 часа ја држат земјата без интернет и телефонски врски.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран побарал преговори, но и дека САД разгледуваат воени опции, на што Техеран се закани со одмазда. Протестите се проширија и надвор од Иран, со инциденти регистрирани во Лос Анџелес и Лондон.Истовремено, САД ги разгледуваат можните опции за дејствување, додека иранските власти ги обвинуваат Вашингтон и Израел за поттикнување немири.– убиени се најмалку 544 демонстранти– САД го предупредуваат Иран, Трамп тврди дека Техеран побарал преговори– воведен е речиси целосен прекин на интернетот– иранскиот врховен лидер преку карикатура му се заканил на ТрампСтрашни сведоштва пристигнуваат од иранските болници, каде што лекарите се борат за животите на демонстрантите ранети со огнено оружје за време на бруталното задушување на протестите. По болничките ходници одекнува „Шифра 99“ – итно предупредување резервирано за пациенти со прострелни рани, додека медицинскиот персонал се соочува со хаос и смрт, пишува „Тајмс“.Во болница во Машхад, на североистокот на Иран, еден лекар минатиот петок навечер се обидел да реанимира 22-годишна девојка која била застрелана од безбедносните сили. „Ја реанимирав трипати, но почина“, рекол тој. „Пукаат со боево оружје.“Оваа порака е една од ретките што протекоа од Иран, и покрај речиси целосниот прекин на интернетот и телефонските врски од минатиот четврток. Д-р Кајван Мирхади, иранско-американски лекар од Њујорк, ги користи своите канали на социјалните мрежи за комуникација со колеги во Иран, како што правел и за време на протестите по смртта на Махса Амини во 2022 година.Пред блокадата на интернетот, вели тој, добивал стотици пораки со барања за совети за лекување на ранети демонстранти.Црни бројки и информативна блокадаВо пораките што ги споделил со медиумите, лекарот од Машхад навел дека само минатиот петок навечер неговата болница регистрирала најмалку десет смртни случаи на демонстранти. Некои од нив биле веќе мртви при пристигнувањето во блиските здравствени установи – 12 во една и 22 во друга. Во уште две локални болници со трауматолошки центри, „бројките се многу поголеми“.Болниците пред колапсПораките и фотографиите што пристигнуваат прикажуваат медицински установи во состојба на тешка криза, кои се борат со голем прилив на повредени. Лекар од Иран изјавил за Би-би-си дека болницата Фараби, главниот очен центар во Техеран, е под огромен притисок, а итните служби се преоптоварени. Во Керманшах, на западот од земјата, здравствен работник ја опишал состојбата како „исклучително тешка“.Според податоците што ги собра курдската мрежа за човекови права, десетици цивили биле ранети таму минатата среда и четврток. Еден лекар од Техеран, под услов на анонимност, изјавил дека шест болници во градот регистрирале најмалку 217 смртни случаи на демонстранти само во четвртокот навечер. Друг лекар потврдил дека „најмалку 38“ тела биле донесени во неговата болница истата ноќ.„Ситуацијата тука е навистина лоша“, напишал тој. „Ги убиваат луѓето без милост, најчесто млади.“

Свет | пред 1 месец

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

Важна вест ако патувате кон Грција: Попладнево шестчасовна блокада на Евзони

Граничниот премин Евзони и денеска ќе биде затворен шест часа поради протестите на грчките земјоделци, кои најавија нова блокада во периодот од 17 до 23 часот по македонско време. Во тој интервал ќе биде оневозможен влезот и излезот од Грција за сите категории возила – камиони, патнички автомобили и автобуси.Истата мерка беше применета и вчера, а земјоделците најавуваат дека и во наредните денови одлуките за блокадите ќе ги носат во последен момент, особено во контекст на најавената средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, која треба да се одржи во вторник.Дополнителни ограничувања има и на граничниот премин Ники, односно (Меџитлија), каде што е воведена забрана за сообраќај на товарни возила до утре до 10 часот.Протестите низ Грција влегоа во нова фаза откако земјоделците вчера ја започнаа најавената 48-часовна акција со блокади на повеќе локации во земјата.Земјоделските протести во Грција започнаа на 30 ноември и траат повеќе од 40 дена, со речиси секојдневни блокади на патишта и клучни сообраќајни точки низ целата земја.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кон Филипче: „Одбива дијалог и реформи за ЕУ“

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека одбива дијалог и учество на лидерска средба посветена на прашања од државен интерес, меѓу кои и реформските закони поврзани со европската интеграција.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека со одбивањето на средбата, Филипче покажал дека нема интерес за постигнување политички консензус за реформите кои, како што наведуваат, се дел од агендата за унапредување на економскиот раст, стабилноста и напредокот на државата кон Европската Унија.Партијата посочува дека иако СДСМ јавно се залага за европска интеграција, ваквиот потег, според нив, го доведува во прашање вистинскиот ангажман за реформските процеси, особено во областа на правосудството, безбедноста и слободата на изразување.Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ се осврнува и на денешниот брифинг на Филипче со новинарите, наведувајќи дека тој упатил критики кон дел од медиумите, што партијата го толкува како негативен однос кон слободата на говорот и јавната дебата.Дополнително, од партијата повторно ги актуелизираа обвинувањата поврзани со поранешни случаи од периодот кога Филипче беше министер за здравство, вклучително и трагедијата со модуларната болница во Тетово, како и други наводи поврзани со јавни набавки и тендерски постапки. За овие обвинувања, Филипче и СДСМ и во минатото имаа деманти и свои ставови.Во реакцијата се споменува и критиката на Филипче кон системот „Сејф сити“, за кој ВМРО-ДПМНЕ наведува дека е важен алат за зголемување на безбедноста во сообраќајот и идентификација на прекршителите.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека на државата ѝ е потребна, како што велат, конструктивна и одговорна опозиција, а не политичко дејствување мотивирано исклучиво од партиски интереси.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi0e4r1vrm2mm98Y0YOi

Филипче: Не сакаат техничка Влада за никој да нема увид во коруптивниот систем

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари рече дека власта не сака техничка влада поради тоа што ќе се видат сите злоупотреби во коруптивниот систем.„Техничката влада може да се укине само тогаш кога ние би биле зрело општество, а ние тоа сега во овој момент не сме, затоа што оваа власт канџите агресивно ги стави на сите институции и ги злоупотребува во свои политички цели. Тие не ја сакаат техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција ќе има увид во сите злоупотреби и во целиот коруптивен систем којшто е сега поставен“, рече Филипче.Филипче, потенцираше дека техничката влада не смее да се укине, затоа што таа е единствената можност за чесни и фер избори.„Со оглед на тоа дека ние и нашиот антикорупциски тим веќе почнавме со објавување на аферите, а има уште огромен број на работи коишто допрва ќе ги презентираме во јавноста може само да претпоставите што се сè крие во институциите. И затоа не сакаат техничка влада, затоа што тоа за оваа власт ќе значи отворање на пандорината куќа. Мицкоски, прво во интервју на Алфа рече дека нема намера да иницира укинување на техничка влада без широк консензус, а завчера рече дека можеле и сами, но сакале процесот да биде инклузивен. И ова е уште една потврда за тоа што го говориме“, изјави Филипче.Тој посочи дека власта ги има ставено канџите во правосудството, обвинителството е ставено под целосна контрола, врз Судскиот совет се врши притисок и се носат измени на кривичниот закон којшто одговараат само на власта. Ова, како што нагласи, не се прави случајно, туку со јасна цел, да се заштитат криминалот и корупцијата.

Македонија | пред 1 месец

lefkada-brza-pomos

Голема трагедија во гостиварско село: Двајца 30-годишни мажи од Скопје пронајдени мртви во викендичка

Двајца мажи на возраст од 30 години, жители на Скопје, се пронајдени без знаци на живот во викендичка во гостиварското село Горна Ѓоновица, потврдуваат надлежните институции.Случајот бил пријавен во полицијата доцна синоќа, нешто пред полноќ, по што веднаш била испратена екипа на терен. Лекар кој пристигнал на местото на настанот ја констатирал смртта, при што, според првичните информации, не биле забележани видливи траги на насилство.Станува збор за лица со иницијали Т. Ј. и И. Н., двајцата на иста возраст, а по наредба на јавен обвинител телата се предадени на обдукција, која треба да ја утврди точната причина за смртта.Увид на местото извршиле јавен обвинител и полициска екипа од СВР Тетово. Истрагата продолжува, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на обдукцијата.

Скопје | пред 1 месец

media-library4k5h8tk0aiuc9Md1wHC

„Нема попуштање, демонстрантите работат за Трамп“! Хамнеи ги обвини странските сили за протестите во Иран

Иранските власти немаат намера да отстапат под притисокот од уличните протести, порача врховниот верски лидер на земјата, Али Хамнеи, кој немирите ги припиша на, како што рече, обиди од странство за дестабилизација на државата.Во обраќање емитувано на државната телевизија, Хамнеи оцени дека Исламската Република нема да потклекне пред, како што ги нарече, саботерите, нагласувајќи дека системот е создаден со жртва на „стотици илјади чесни луѓе“. „Секој треба да знае дека Исламската Република дојде на власт со крвта на стотици илјади чесни луѓе и дека нема да попушти пред саботерите“, рече тој.Осврнувајќи се конкретно на протестите во Техеран, иранскиот верски лидер изјави дека демонстрациите, според него, имаат за цел да му угодат на американскиот претседател. „Тие сакаат да го направат среќен. Ако знаеше како да ја води земјата, ќе ја водеше својата. Рацете на американскиот претседател се извалкани со крвта на повеќе од 1.000 Иранци“, рече Хамнеи, алудирајќи на американските напади врз ирански нуклеарни постројки во јуни.Во продолжение на обраќањето, тој порача дека и самите Соединети Американски Држави се соочуваат со бројни внатрешни проблеми, пренесуваат иранските медиуми.Хамнеи упати и апел до своите поддржувачи да останат сплотени. „Драги млади луѓе, задржете ја вашата подготвеност и единство. Обединетата нација ќе го победи секој непријател“, порача тој.Во меѓувреме, протестите предизвикани од економските тешкотии продолжија и денеска во повеќе ирански градови. Набљудувачката група NetBlocks соопшти дека во земјата бил регистриран прекин на интернет, кој започнал вчера и продолжил и денеска.Американската агенција HRANA објави дека за време на немирите животот го загубиле најмалку 34 демонстранти и четворица припадници на безбедносните сили, додека околу 2.200 лица биле уапсени. Според аналитичарите, овие бројки укажуваат на длабоко незадоволство од актуелната состојба во земјата.Властите, во обид да ја смират ситуацијата, применуваат двоен пристап: од една страна порачуваат дека економските протести се легитимни и нудат дијалог, а од друга, на дел од демонстрациите интервенираат со солзавец и сила во услови на насилни улични судири.

Свет | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-32-9790PM

Две жени се прегазени во Скопје и еден судар во Битола, три сообраќајни несреќи во еден ден

Во текот на 8. јануари 2026 година се случиле три сообраќајни несреќи во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, информираат од МВР.Во 06:50 часот, во селото Петровец, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишен жител на Петровец, удрило во 61-годишна жена од Скопје. Повредената била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.Во 12:00 часот, на крстосницата меѓу улиците „Московска“ и „Женевска“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 54-годишен жител на Скопје, удрило во 74-годишна жена од Скопје. Таа со тешки телесни повреди била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Во 14:54 часот, на крстосницата од улиците „8 Септември“, „Крсте Нале“ и „Раштанска“ во Битола, се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „сеат ибица“, управувано од 19-годишен жител на Битола, и патничко возило „опел астра“, управувано од 46-годишна жена од селото Кукуречани. Жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола.За сите три сообраќајни несреќи бил извршен увид од надлежни полициски екипи.

Македонија | пред 1 месец

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Работник починал по пад од зграда во изградба во Дебар

На 08.01.2026 околу 11:35 часот во ОВР Дебар, од Итна медицинска помош е пријавено дека на пат кон болницата во Дебар починал С.К.(40) од Дебар. Според пријавеното, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на ул.„Братство единство“ во Дебар, каде што работел, и на пат кон болницата починал. На местото излегле трудов инспектор и јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од ОВР Дебар, соопшти МВР.

Македонија | пред 1 месец

677z381_tramp-donald

Трамп: „Планиравме втор бран напади врз Венецуела, го откажав“!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го откажал претходно најавениот втор бран напади врз Венецуела, поради соработката со оваа јужноамериканска земја.Трамп рече дека Соединетите Американски Држави и Венецуела добро соработуваат, додавајќи дека „големи нафтени компании“ ќе инвестираат најмалку 100 милијарди долари во Венецуела. Сепак, тој нагласи дека сите танкери за нафта ќе „останат на своите позиции од безбедносни причини“.Претседателот изјави дека Венецуела ослободува голем број политички затвореници како знак на „барање мир“. „Ова е многу важен и мудар гест. САД и Венецуела добро соработуваат, особено кога станува збор за обнова, во многу поголема, подобра и помодерна форма, на нивната нафтена и гасна инфраструктура“, напиша Трамп на платформата Трут Соушал.„Поради оваа соработка го откажав претходно очекуваниот втор бран напади, кој очигледно нема да биде потребен, но сите бродови ќе останат на своите места од безбедносни причини“, се додава во неговата објава.Промена на ставот кон венецуелската опозицијаКоментарите на Трамп доаѓаат неколку часа откако во интервју за Фокс Њус навести дека венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо следната недела ќе дојде во Вашингтон, иако претходно ја отфрли идејата за соработка со неа, велејќи дека „нема поддршка ниту почит во Венецуела“.Сепак, републиканскиот претседател во средата изјави за „Њујорк тајмс“ дека САД „многу добро се согласуваат“ со венецуелската влада, која ја предводи вршителката на должноста, привремена претседателка Делси Родригез.

Свет | пред 1 месец

lence-press

Откако премиерот Мицкоски ја нарекол Ленче Ристоска „медиокритет“, Советот на јавни обвинители отвори постапка

Советот на јавни обвинители отвори постапка за да утврди дали јавните изјави на премиерот Христијан Мицкоски претставуваат притисок и нарушување на самостојноста на јавна обвинителка Ленче Ристоска.Постапката е покрената по писмено известување од нејзина страна, која реагираше на изјавите во кои, како што тврди, била јавно наречена „медиокритет“ и поврзана со „клиентелистичко-политичка матрица“. Таа оцени дека ваквите квалификации се обид за влијание врз нејзината работа.Советот ќе се постапува според Правилникот за заштита на самостојноста на јавните обвинители. Според процедурата, ќе биде формирана тричлена комисија која ќе ги утврдува фактите и околностите, ќе собира информации и, доколку е потребно, ќе побара изјаснување и од обвинителката и од премиерот.Доколку комисијата утврди такво нарушување, Советот може јавно да го соопшти заклучокот и да го достави до надлежните институции.Изјавите на Мицкоски беа дадени во јавноста, во контекст на неговите критики за ставовите на Ристоска околу измените на Кривичниот законик, по што Ристоска побара јавно извинување.Тензиите меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и обвинителката се засилија откако Владата ја поништи листата на кандидати за судија во Стразбур, на која Ристоска беше меѓу највисоко рангираните. Таа тврди дека од тогаш е изложена на јавни напади и дискредитации, кои ги поврзува со нејзините професионални одлуки во тековни судски предмети.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytjj59i3bf36n2pUGqc6

(Видео) Силна олуја ја погоди Франција и Британија, снимките се застрашувачки

Силни ветрови денеска ја погодија Франција и Велика Британија, додека олујата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домаќинства без електрична енергија. Во Франција, околу 380.000 домаќинства останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија „Енедис“.Во текот на ноќта беа регистрирани налети на ветер со брзина поголема од 150 километри на час во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 километри на час во Барфлер. Железничкиот оператор СНЦФ го прекина железничкиот сообраќај меѓу Париз и регионот Нормандија.Во Велика Британија, 57.000 домаќинства останале без струја, според „Нешнл Грид“, откако олујата Горети донесе дополнителни снежни врнежи и цела недела ледено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и во делови од централна Англија, кои се особено тешко погодени од олујата.Железничките оператори во тие делови од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а дел од железничките линии се целосно суспендирани.

Свет | пред 1 месец

media-library86q0ro3t99i9bMZWUIa

(Видео)Убиство под федерална значка: Убиството на Рене Гуд ја крена Америка на нозе

Убиството на 37-годишната Рене Никол Гуд, самохрана мајка на три деца, која во Минеаполис беше смртно застрелана од агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE), предизвика масовни протести во Минесота и ширум САД. Случајот повторно ја отвори дебатата за прекумерната употреба на сила од страна на федералните служби.Локалните власти тврдат дека Гуд одбила наредба да го запре возилото и наводно се обидела да загрози службеник, но семејството и пријателите ја отфрлаат таа верзија, опишувајќи ја како грижлива мајка, активистка и наградувана поетеса. Според локални функционери, во моментот на инцидентот таа била „правен набљудувач“ на активностите на ICE.Стотици граѓани се собраа пред имиграциониот суд во Минеаполис барајќи итна и независна истрага, додека организациите за човекови права предупредија на сè почеста употреба на смртоносна сила во федералните акции. За време на протестите дојде и до судири меѓу демонстрантите и федералните агенти, со извици „Срамота“ и „Оставки“.Претседателот на САД изјави дека Рене Гуд сама е одговорна за инцидентот, што дополнително го зголеми гневот во јавноста и критиките кон администрацијата.

Свет | пред 1 месец

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

(Видео) Вучиќ ќе ја замени претседателската со премиерската фотелја?

Иако формално и за јавноста тврди дека се надева оти нема да биде премиер по следните парламентарни избори, српскиот претседател Александар Вучиќ јасно остава отворена врата за враќање на чело на Владата. Неговата одлука, како што самиот вели, ќе зависи од „истражувањата на јавното мислење“ и проценката дали Србија би одела во „погрешна насока“ без него.Со истекот на вториот претседателски мандат и уставната забрана за нова кандидатура, сценариото станува јасно: Вучиќ се подготвува за контролирано преместување од претседателската функција назад во извршната власт, бидејќи СНС очигледно нема посилен кандидат за премиер. Со ова Вучиќ ќе тргне по искуството на Путин, кој со Медведев си ги менуваа функциите премиер и претседател.Иако во моментов нема одреден датум за избори, пораката е јасна, Вучиќ најверојатно ќе биде носител на листата, а веројатно и кандидат за премиер. Неговите изјави за поддршка на „некој друг“ делуваат повеќе како формалност отколку реална опција.Во ваков контекст, опозицијата и студентските движења немаат простор за тактичко чекање: прашањето повеќе не е дали Вучиќ ќе се кандидира, туку дали тие ќе понудат сериозна политичка алтернатива.

Свет | пред 1 месец

media-library4vfbgp207jh69NkQlER

„Истрелавме Орешник“ тоа е одмазда за ударот врз резиденцијата на Путин“, порача Русија

Руското Министерство за одбрана го објави првото официјално соопштение по синоќешниот масовен напад со дронови и ракети врз Украина. Во соопштението се наведува дека Русија извела, како што тврдат, „високопрецизен далекуметен удар“, при што бил користен и ракетниот систем со среден дострел „Орешник“.Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на, како што Москва го опишува, „терористички напад на киевскиот режим“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Новгородската област, кој, според руските тврдења, се случил во ноќта меѓу 29 и 30 декември 2025 година.Руското Министерство за одбрана наведува дека руските сили во текот на ноќта истрелале високопрецизно оружје со голем дострел од копно и од море, вклучително и мобилниот копнен ракетен систем со среден дострел „Орешник“, како и дека извеле напади со дронови врз, како што тврдат, клучни објекти во Украина.Украина: Ракетата летала со брзина од 13.000 километри на час„Целите на ударот се остварени“, се наведува во објавата на руското Министерство за одбрана. Како цели се споменуваат постројки за производство на дронови за кои Русија тврди дека биле користени во наводниот напад врз резиденцијата на Путин, како и енергетска инфраструктура која, според руските тврдења, го поддржува функционирањето на украинскиот воено-индустриски комплекс.Украина сè уште нема потврдено дека нападот врз западниот град Лавов бил изведен со „Орешник“, но украинската војска потврди дека ракетата летала со брзина од 13.000 километри на час.Втора употреба на „Орешник“ во војнатаРусија првпат ја истрела ракетата „Орешник“ кон украинскиот индустриски град Днипро во ноември 2024 година. Путин тврди дека западните системи за противвоздушна одбрана не се способни да го пресретнат „Орешник“, а исто така изјави дека со него може да се погодат цели и во западна Европа.Западни воени аналитичари наведуваат дека „Орешник“ е способен да носи нуклеарна боева глава.Русија синоќа изведе масовен напад врз УкраинаНајмалку четири лица загинаа, а 19 се повредени во Киев откако Русија синоќа изведе масовен напад со ракети и беспилотни летала низ цела Украина, објави „Киев индепендент“.Меѓу загинатите е и еден болничар, жртва на таканаречен „двоен удар“, додека 14 од 19 повредени се хоспитализирани, потврди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Еден болничар загина, а четворица се повредени додека им помагале на луѓето, во областа Дарницки“, изјави тој. Во нападите беа погодени неколку градски квартови.Властите соопштија дека станбени згради во квартовите Печерск и Десњански претрпеле штети од дронови и од нивни остатоци, додека пожар избувнал во квартот Шевченковски. Во квартот Дарницки, дрон се урнал во дворот на станбена зграда, оштетувајќи околни објекти.Ударните бранови оштетиле покрив на уште една зграда, а остатоци паднале и на детско игралиште. Поради нападите врз критичната инфраструктура, делови од главниот град останале без водоснабдување и електрична енергија.Балистичка ракета го погоди ЛавовВо текот на ноќта, Русија го ракетираше и Лавов, најзападниот поголем украински град, при што беше целена критичната инфраструктура, соопшти градоначалникот Андриј Садовиј. Украинската војска информираше дека ракетата – чиј тип сè уште не е официјално потврден – била лансирана од полигонот Капустин Јар во руската Астраханска област.Капустин Јар е познат како место од кое се лансира рускиот балистички проектил со среден дострел „Орешник“, кој досега е потврдено дека бил употребен само еднаш – во нападот врз Днипро во ноември 2024 година.Зеленски предупреди на нападУкраинскиот претседател Володимир Зеленски само неколку часа претходно предупреди дека Русија планира голем напад. „Постојат информации дека уште еден масовен руски напад може да се случи вечерва. Многу е важно да се внимава на воздушните тревоги денес и утре и секогаш да се оди во засолништа. Русите воопшто не се промениле. Се обидуваат да го искористат времето“, изјави Зеленски.И покрај мировните преговори, Русија продолжува со бомбардирањето на украинските градови, често целејќи ја енергетската инфраструктура за, среде зима, цели региони да ги остави без струја и греење. Како последица на неодамнешните напади, повеќе од еден милион луѓе во Дњепропетровската област од вчера наутро останаа без вода и греење.Што е „Орешник“?„Орешник“ е нов руски хиперсоничен балистички проектил кој може да носи нуклеарни боеви глави и кој Москва го претставува како одговор на западните системи за противракетна одбрана. Според достапните процени на западни воени аналитичари и експерти за нуклеарно оружје, станува збор за мобилен систем со голем дострел кој, поради екстремната брзина и непредвидливата траекторија, се смета за исклучително тешко пресретлив.Неговото неодамнешно распоредување во Белорусија е особено чувствително бидејќи ги приближува нуклеарно способните ракети до границите на НАТО, го скратува времето за предупредување во случај на напад и дополнително го зголемува ризикот од ескалација во момент кога односите меѓу Русија и Западот се на најниско ниво од крајот на Студената војна, предупредуваат аналитичари од американските и европските безбедносни кругови.

Свет | пред 1 месец

media-libraryca5grtk9bmvq1S9SnAC

(Видео) Страотен пожар во Тирана

Силен пожар избувна синоќа во магацини на пазар на кој се продаваат разни стоки во Тирана, објави агенцијата Анадолија.Нема информации за загинати или повредени, но е предизвикана значителна материјална штета.Причината за пожарот сè уште не е позната, а се очекува официјално соопштение од властите.Голем број противпожарни екипи беа ангажирани на терен за гаснење на пожарот што зафати голема површина од магацински простори каде што има облека и други запаливи материјали.Полицијата, јави Топ Ченл, го обезбедила местото околу пазарот и го ограничила движењето на граѓаните, за да се овозможи непречена работа на спасувачките екипи. По целосното локализирање на пожарот, ќе биде отворена истрага за утврдување на причините за неговото избувнување.

Свет | пред 1 месец

Kosta-cestitka-katoicki-bozik

Третиот ден од Божиќ: Свети Стефан – првомаченикот што ја запечати верата со крв

Денес, на третиот ден од Христовото раѓање – Божиќ, православните христијани го празнуваат споменот на Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, првиот што го положил животот за Христовата вера. На овој голем христијански празник именден празнуваат Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко и други изведени имиња.Свети Стефан бил Евреин од еврејско потекло, роднина на апостол Павле и жител на елинските области. Тој бил прв меѓу седумтемина ѓакони што светите апостоли ги ракоположиле и ги поставиле да се грижат за сиромасите во Ерусалим, поради што бил наречен архиѓакон. Со силата на својата вера и дејството на Светиот Дух, Стефан вршел големи чуда и со мудрост и смелост ја проповедал Христовата вистина.Неговата проповед наиде на жесток отпор кај тогашните верски старешини. Иако често се препирале со него, тие не можеле да се спротивстават на неговата мудрост и на силата на Духот што дејствувал преку него. Посрамени, прибегнале кон клевети и лажни сведоштва, обвинувајќи го дека хули на Бога и на пророкот Мојсеј.Кога застанал пред народот, сведоштвата велат дека лицето на Стефан било озарено „како лице на ангел“. Во своето обраќање тој ги потсетил на бројните добрини и чуда што Бог му ги направил на израилскиот народ, но и на нивните постојани отпори и злосторства, особено на убиството на Исус Христос, нарекувајќи ги предавници и крвници.Во мигот на најголемото противење, Стефан ги погледнал небесата и ја видел славата Божја, велејќи: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како седи од десната страна на Бога“. Овие зборови ја разјариле толпата, која го извела надвор од градот и го каменувала до смрт. Меѓу присутните бил и Савле, неговиот роднина, кој подоцна ќе стане апостол Павле.Според преданието, во далечина стоеле Пресвета Богородица и Свети Јован Богослов, кои со молитва го следеле мачеништвото на првиот сведок на Христовата вистина. Овој настан се случил една година по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите.Телото на Свети Стефан тајно го зел и го погребал Гамалиил, еврејски кнез и потаен христијанин. Така завршил земниот живот на првомаченикот, кој, според христијанската вера, се преселил во Царството на Господ Исус Христос, оставајќи трајно сведоштво за силата на верата и жртвената љубов.

Магазин | пред 1 месец

media-libraryj5q0jdf1uho70NOr3zf

(Видео) Јанчев ја спрема ски-стазата во Михајлово

Ски-центарот Михајлово го започна процесот на производство на вештачки снег, со што официјално се интензивираат подготовките за претстојната зимска сезона. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, преку објава на социјалните мрежи.Како што наведува Јанчев, поради слабите природни снежни врнежи, надлежните служби во ски-центарот навремено пристапиле кон активирање на системите за вештачки снег, со цел да се создадат услови за подготовка на ски-стазата.„Надлежните служби континуирано работат на терен, ги следат временските услови и ги применуваат сите потребни технички мерки за обезбедување квалитетни и безбедни услови за скијање“, истакна Јанчев.Со оваа активност, од локалната самоуправа најавуваат дека Михајлово ќе биде подготвено да ги пречека љубителите на зимските спортови веднаш штом временските услови го дозволат тоа.

Македонија | пред 1 месец

49807066_385247978904813_5791866151453589504_n_385247972238147

Екстремно студен бран ја зафаќа Македонија: Дожд, снег и ризик од голомразица

Поради продор на екстремно студен воздушен бран кој постепено ќе се спушта од север кон територијата на Македонија, во следните денови се очекува значителна промена на временските услови. Овој процес ќе услови формирање на секундарен циклонски систем над Југоисточна Европа, како и навлегување на големи влажни воздушни маси.Во почетната фаза, во земјава се очекуваат врнежи од дожд и од снег на пониските места, додека на повисоките населени места и на планините врнежите ќе бидат исклучиво од снег. Поради присуство на потопол воздух во повисоките слоеви од атмосферата и студен воздух при тлото, особено во западните делови од Македонија ќе постојат услови и за појава на ледени врнежи. Токму поради тоа, се апелира до возачите на крајна внимателност поради зголемен ризик од појава на голомразица на патиштата.Ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен и југозападен правец, а подоцна и од север, кој на моменти и локално ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.Од ноќта меѓу сабота и недела, како и во текот на недела и понеделник (11 и 12 јануари), врнежите ќе преминат исклучиво во снег. Се очекува формирање снежна покривка и во поголем дел од пониските места, односно во градовите. На планините и на скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми, со нови 30 до 40 сантиметри снег.И во Скопје и во околината се очекуваат врнежи кои постепено ќе преминуваат во снег, особено во недела и понеделник, кога ќе има услови за создавање помала снежна покривка и во Скопската Котлина. Ќе дува повремено засилен до силен ветер, најпрво од јужен, а потоа од северен правец.За време на овој изразен влажен бран, локално се очекуваат и значителни количини на воден талог, особено во западна Македонија, каде што врнежите може да надминат 50 литри на метар квадратен.Температурите ќе бележат значителен пад. Во недела и понеделник, на повеќе места и во текот на денот тие ќе останат под нулата, додека утринските температури на многу локации ќе се спуштаат до -10 степени, а локално и до -15 степени. На планинските подрачја се очекуваат минимални температури и до околу -20 степени.Надлежните служби апелираат на зголемена внимателност, особено во сообраќајот и при движење на отворено, поради екстремните зимски услови што следуваат.

Македонија | пред 1 месец

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Ана Чупеска остро кон Тошковски: Можеш дома да си осветуваш со поп

Ана Чупеска, советничка во СДСМ и поранешна потпретседателка на партијата, остро реагираше на објавените фотографии од верски обред и осветување на службени возила во кругот на Министерството за внатрешни работи.Во својата јавна реакција, Чупеска го оцени потегот како несоодветен, непримерен и навредлив за дел од вработените во МВР кои не се православни христијани или се атеисти, посочувајќи дека станува збор за институција која мора да биде целосно неутрална во однос на верските убедувања.„Се прашувам, кога ќе дојдат на ред претставниците од ИВЗ, Јеховините сведоци, Харе Кришна и сите останати верски или духовни заедници да ги осветуваат возилата на МВР?“, прашува Чупеска, додавајќи дека полициските возила се јавно добро, купени со пари на сите граѓани и треба да им служат подеднакво на сите.Таа истакнува дека министерот може приватно да практикува верски обреди во својот дом, но дека институцијата МВР не смее да биде, како што наведува, „заложник на лични верски убедувања“.„Ова е чист пример за симболично насилство. Наместо пораки за мир и хармонија во празнични денови, чија суштина е прифаќање и соживот со другиот, ваквиот гест отвора сериозни прашања за пораката што ја испраќа државата“, наведува Чупеска.Во реакцијата таа директно прашува и каква порака сака да испрати министерот за внатрешни работи, додавајќи дека ваквите постапки оставаат впечаток оти „законот и државата припаѓаат само на една група“.Реакцијата на Чупеска доаѓа во контекст на поширока јавна дебата за границата меѓу верските обичаи и функционирањето на секуларните државни институции, по објавувањето на фотографии од верски обред во кругот на МВР, за кои институцијата најави внатрешна проверка.

Македонија | пред 1 месец

IMG_5052

225 записници и санкции за неправилно фрлање отпад: Комунална хигиена со засилени контроли во декември

Со изрекување казни и предупредувања за неправилно одлагање отпад започна билансот на активностите на ЈП Комунална хигиена – Скопје за месец декември 2025 година. Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на претпријатието спроведе интензивни контроли и реализираше голем број едукативни разговори со стопански субјекти и граѓани затекнати при неправилно фрлање отпад, при што беа изготвени вкупно 225 записници. Најголем број од нив – 85 записници – се изречени на територијата на општина Карпош.Паралелно со контролните активности, во текот на декември ЈП Комунална хигиена – Скопје подигна и транспортираше околу 13.000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и од контејнерите поставени на јавни површини низ градот.Дополнително, екипите на претпријатието отстранија и приближно 2.200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.Од ЈП Комунална хигиена – Скопје посочуваат дека со комбинација од санкции, контроли и едукативни мерки ќе продолжат со засилените активности и во наредниот период, со цел да се подобри јавната хигиена и да се намали појавата на диви депонии и несовесно одлагање отпад низ градот.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања