Ева Петковска

media-libraryj7a9fksk7iq18FviksD

Почина Брижит Бардо, француска актерка и активистка за правата на животните

Брижит Бардо, легендарната француска актерка, пејачка и активистка за правата на животните, почина на 91-годишна возраст. Таа стана светска икона со филмот „И Бог ја создаде жената“ од 1956 година, со кој го изгради имиџот на еден од најголемите секс симболи на 20 век.По блескава филмска кариера, во која играше во остварувања на Клузо, Годар и Луј Мал, Бардо се повлече од глумата во 1973 година и целосно се посвети на активизмот за заштита на животните, основајќи ја Фондацијата „Брижит Бардо“. Нејзиниот подоцнежен јавен ангажман беше обележан и со контроверзии поради политички изјави и поддршка на француската крајна десница.Бардо останува запаметена како една од највлијателните фигури на француската и светската поп-култура.

Свет | пред 1 месец

media-libraryg32mpdnrjmrj1EDeO9f

Прифатете го напредокот, отфрлете ја цензурата, грчка пратеничка го критикува градоначалникот на Лерин кој забрани македонски песни

Грчка пратеничка остро го крититикува градоначалникот на Лерин, кој прекина прослава поради македонска песна„Прифатете го напредокот, отфрлете ја цензурата.Не смее да се дозволи мракот и национализмот да го потисне културното наследство, традицијата и уметничкото изразување на нашата заедница”, рече Пети Перка, пратеничка во грчкиот парламент од изборната единица Флорина.Таа од говорница во грчкиот парламент, остро го критикуваше градоначалникот на Лерин Василеос Гианакис заради цензура пред одржувањето на традиционалниот локален „Празник на огновите“ во ЛеринМузичката група „Ендопика”, која требаше да настапи на плоштадот била спречена од градоначалникот да изведува македонски песни.Перка го повика градоначалникот да се помири со напредокот и нагласи дека демократијата и културата ги прифаќаат музиката и јазикот, а не ги потиснуваат.

Свет | пред 1 месец

zaharova

Захарова се потсмева со Украина: Пагани во маски на јарци, смрт и ангели го слават „Божиќ“ на 25 декември за да соберат средства за јуришната бригада

Украинците на 25 декември, по третпат го прославија Божиќ според новиот календар, со што сакаат да покажат дека го бришат руското влијание.Ова беше повод за саркастична реакција на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.Таа ја осуди и исмеваше Украина и претседателот Володимир Зеленски за прославата на Божиќ на 25 декември.Во објава на Телеграм, ги исмеваше религиозните симболи и ја поврза прославата со собирање средства за помош за украинските вооружени сили.На социјалните мрежи таа објави и видео на кое неколку младу Украинци, се облечени во костими и напиша:„На 25 декември, по налог на Зеленски, пагани во маски на јарци, смрт и ангели го слават „Божиќ“ со цел да соберат средства за јуришната бригада. Кој е Исус Христос, чие раѓање стана христијански празник, тие не знаат”.

Свет | пред 1 месец

media-library7e518avr6c5s002YPvk

„Распиши победа”, студентите во блокада во Србија бараат избори

Студентите во блокада денеска низ цела Србија ја организираат акцијата „Распиши победа“.Тие собираат потписи за распишување вонредни парламентарни избори во Србија. Граѓаните можат да ја поддржат иницијативата на речиси 500 штандови, поставени во повеќе од 100 градови и општини.Според објавените податоци, потписите се собираат во 113 места на вкупно 491 штанд, а локациите и временските термини редовно се ажурираат на официјалната веб-страница на студентската иницијатива.Студентите од Правен факултет на социјалните мрежи напишаа „Ве чекаме”.Граѓаните од рано наутро излегоа да дадат поддршка и да се потпишат на барањето.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе одговарате, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени, порачуваат СДСМ во соопштение.„ВМРО активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре.Целиот план е осмислен пред две недели, кога власта сфати дека ја губи поддршката на граѓаните по сознанијата за мигранти за пари и по отворањето на криминално-корупциските афери на највисоките функционери на ВМРО од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ.ВМРО мислеше дека ќе нè ослабат и ќе нè замолчат, ама се излажаа. Првиот обид за дестабилизација беше целосно разоткриен и пропадна. Сега сме посилни.Јован Деспотовски вчера не се ни обиде да ја демантира соработката со ВМРО, ниту пак координираните текстови со Героски туку објасни дека бил „умерен“ во предавството.Сега на сите им е јасно кој внесуваше немир во нашите редови – ВМРО, и на сите им е јасно дека обидите за уривање на СДСМ ќе бидат спречени.СДСМ секогаш била и сè уште е партија со дијалог во рамки на партијата, по тоа сме препознатливи, но нема да дозволиме сценарија на ВМРО за делење и уривање на СДСМ одвнатре.Нема да нè замолчите. Нема да престанеме со објавувањето на криминалот и корупцијата.Сите ќе одговарате.Работата не е завршена”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Темното минато создадено од двоецот Заев-Филипче да остане во минатото

Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на висококатница во Дубаи. Но со тоа, пак, потврди дека Заев сепак таму гради зграда висока 42 ката, велат во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.„Кога пред извесно време во јавноста се појави темата со златна виза на Филипче за Дубаи, тој се правдаше дека истата ја стекнал поради работен ангажман додека бил во напредни преговори и разговори со некоја тамошна болница.Тој отиде до таму за што тврдеше и дека сето ова е така и со докази и документи ќе го докажел.Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за оваа лага, бидејќи веќе ни тој самиот не се сеќава, нема да му биде проблем да ги покаже документите.Но, до ден денес, Филипче не покажува документи за некаков договор или преговори за работена ангажман со некоја тамошна болница. Тоа е така, најверојатно, поради тоа што таквите документи, очигледно, ги нема.Од друга страна имаме сведоштво на Тома Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, кој рече дека ја видел 42-катницата која тој ја гради и дека бил во зградата во која Заев и Филипче имаат станови.Но, Филипче како што не објави документи за разговори за работен ангажман, така не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златна виза.Колку за потсетување на македонската јавност, за да се здобиете со златна виза, во Дубаи треба да се има минимум инвестиција од 500.000 долари, но до оваа сума на пари не се стигнува со докторска и пратеничка плата.Затоа, Филипче да не молчи, кога веќе не објавува документи за наводен работен ангажман, туку да одговори дали златната виза е поради влог во Дубаи од минимум 500.000 долари и на кој начин ги има тој заработено овие пари?А ваквото темно минато создадено од двоецот Заев-Филипче треба да остане таму кај што му е местото, во минатото, а не да сака да ја предводи иднината на државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Времето денеска со температури од -10 до 10 степени

Времето утрово е ведро и студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 60 километи на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени Целзиусови.Според најавите од УХМР, во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени Целзиусови. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Македонија | пред 1 месец

media-librarylsne7n3te7a6e8FgvRG

Новогодишна желба на Најчевска: Сакам да живеам во Македонија во која судиите не се закачалки за судиските одори

Проф. д-р Мирјана Најчевска на ФБ напиша што посакува во новата 2026 година:Сакам да живеам во Македонија во која на раководни позиции доаѓаат луѓе со интелигенција над собна температура и морал над уличен џепарош.Сакам да живеам во Македонија во која наставниците добиваат највисоко можно образование, плати на ниво на среден менаџмент и поддршка од централната и локалната власт.Сакам да живеам во Македонија во која се стеснуваат улиците а се прошируваат пешачките патеки, во која градскиот превоз е основниот превоз кој го користат луѓето, во која се рушат сите бесправно изградени објекти и на нивно место се градат паркови и игралишта и во која не смее да се промени урбанистичкиот план пред да поминат 5 години од претходната промена.Сакам да живеам во Македонија во која коцкарниците, црквите и џамиите се претвораат во библиотеки.Сакам да живеам во Македонија во која јавото здравство е на повисоко ниво од приватното.Сакам да живеам во Македонија во која заштитата на животната средина е поважна од профитот.Сакам да живеам во Македонија во која не смее да има “продавници“ за пари, брзи кредити и слична лихварска багра.Сакам да живеам во Македонија во која даноците на добивка се најголеми за оние најбогатите и најмали за оние најсиромашните.Сакам да живеам во Македонија во која верската и етничката припадност се дел од личното убедување и се наоѓаат во приватната сфера.Сакам да живеам во Македонија во која патните трошоци на пратениците и сите функционери се на ниво на автобуска/железничка карта од втора класа, а платите се врзани за висината на минималната плата.Сакам да живеам во Македонија во која различноста не е основа за дискриминација.Сакам да живеам во Македонија во која живеат луѓе, а не партиски марионети.Сакам да живеам во Македонија во која вредноста на човекот се мери според знаењето, а не според партиската припадност.Сакам да живеам во Македонија во која судиите се луѓе со знаење и интегритет а не закачалки за судиските одори.Ете јас да си посакам.

Македонија | пред 1 месец

297938504_590012862837162_7129961007234952633_n

Косово денеска гласа

Во Косово во 7:00 часот започна гласањето на вторите парламентарни избори оваа година.Изборите се повторуваат откако по гласањето на 9 февруари ниту една политичка опција не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство.Иако Движењето Самоопределување, предводено од премиерот Аљбин Курти, освои најмногу гласови, не беше формирана нова влада.Во изборната трка за 120 пратенички места 100 за албанските партии, 10 резервирани за српската заедница и уште 10 за другите малцинства – учествуваат 1.180 кандидати од 24 политички субјекти. Меѓу нив има 18 партии, три коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат. Право на глас имаат 2.076.290 регистрирани избирачи. Од нив, 1.999.205 ќе гласаат на избирачки места во Косово, додека 77.085 граѓани се регистрирани за гласање по пошта од дијаспората.Изборите ќе го одредат составот на 120-членото Собрание на Косово, кое се избира за четиригодишен мандат. Дваесет од местата се загарантирани за претставници на етничките малцинства – 10 за српската заедница и уште 10 за други малцинства, вклучувајќи Бошњаци, Турци, Роми, Ашкалии, Египќани и Горани.Од исходот на изборите ќе зависи идниот состав на владата и политичката стабилност на Косово, дијалогот со Белград, и односите со меѓународната заедница.

Свет | пред 1 месец

media-library3e382bepg08a8xLmMqd

Почина Кирил Темков

Денеска во Скопје, на 82 години, почина професорот по филозофија, етика и естетика Кирил Темков.Темков беше познат филозоф и етичар со светско реноме, автор на голем број книги, учебници и научни дела од областа на филозофијата, етиката, менаџерството, уметноста, естетиката, џез музиката.Се залагаше за воведување на предметот Етика во училиштата.На македонски јазик ги има преведено делата на најзначајните светски филозофи и етичари, а предавал на неколку светски универзитети.За својот придонес беше добитник на повеќе признанија, меѓу кои Наградата на Град Кавадарци, орденот „Академски палми“ на Република Франција и Меѓународната награда „Гоцева мисла“.Автор е на бројни статии од областа на Филозофијата, Етиката, Естетиката и Културологијата, како и на повеќе книги: „Основите на еден нов Универзитет“, „Панорама на естетичките идеи од втората половина на 20-тиот век“, „Отворен Универзитет“.Погребот ќе биде утре од 10.30 на Градските гробишта во Бутел.

Македонија | пред 1 месец

media-library5otsji413ifjfBwm7IM

„Среќна небесна Нова година, ангели наши“: Потресно писмо од мајка на жртва од „Пулс“

Во пресрет на новогодишните празници, кога градовите се украсени и владее празнична атмосфера, тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили во трагедијата во дискотеката „Пулс“ станува уште потешка.Мајка на едно од загинатите момчиња преку социјалните мрежи објави потресно писмо посветено на својот син и на неговите пријатели, кои, како што пишува, својата прва Нова година наместо со семејствата, ја дочекуваат „на небото“.Во емотивната порака, таа се присетува дека овие денови требало да бидат исполнети со планови, смеа и договори за новогодишната ноќ. Наместо радост, останале тишината и болката од спомените.„Требаше овде да се слуша вашиот глас, вашата смеа и љубов. Но, наместо тоа, остана само тишина, крик, болка и солзи. Среќна ви прва небесна Нова година, ангели наши“, пишува мајката.Таа нагласува дека најтешката реалност за родителите е празниците да ги минуваат на вечните почивалишта на своите деца, наместо околу заедничка празнична трпеза. Свесна дека повторната средба и прегратка е невозможна, мајката упатува апел за правда.„Имаме уште една желба – правдата да пресуди за вашето прерано заминување. Ако таа се исполни, ќе знаеме дека постои правда“, стои во пораката, која повторно ја отвори болката и го засили јавниот повик за правно и морално разрешување на трагедијата што засекогаш го промени животот на многу семејства.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuiv8saom6amn4Db0m3K

„Распиши победа“-Српските студенти утре ќе собираат потписи за предвремени избори

Студентите во блокада во Србија за утре најавија акција под слоганот „Распиши победа!“. Тие ќе собираат потписи во поддршка на барањето за распишување предвремени парламентарни избори.Апелираат до сите граѓани да ја поддржат иницијативата на повеќе од сто места низ цела Србија.Листата на локации, што редовно се ажурира, е објавена на веб-страницата studenti.org.rs.Според најновите достапни податоци, потписи ќе се собираат на 108 места на 476 штандови.Како што велат студентите вклучени во организацијата на настанот, целта е да се соберат што е можно повеќе потписи за да се знае колку граѓани се за распишување избори.„Дојдете и заедно да прогласиме победа! Потпишете ја одлуката! Бидете контролор. Учествувајте во подигањето на свеста во вашата област. Од недела продолжуваме заедно!“, стои во објавата на студентите.

Свет | пред 1 месец

media-libraryknou845sms2b7S84xbq

(Видео) Таткото на загинатата Надица од „Пулс“: Ќе се борам додека не дојде правдата за моето дете

Александар Наунов, татко на Надица која го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати пред јавноста, испраќајќи емотивна порака за загубата на својата ќерка и барањето одговорност за, како што рече, системските пропусти што довеле до трагедијата.Наунов истакна дека маршот е посветен на „ангелите“ кои ги загубија животите, а неговото обраќање дојде еден ден пред 28 декември, датумот кога неговата ќерка Надица требаше да го прослави својот 18-ти роденден.Тој се присети на последните моменти поминати со своето дете, кога семејството заедно ручало и зборувало за подготовките за роденденската прослава – музиката, гостите, фустанот и соништата што Надица ги имала за иднината.„Тоа не беа само планови, тоа беше живот што го очекувавме. Но на 16 март сè згасна“, рече Наунов, додавајќи дека со загубата на ќерката, нивниот дом бил исполнет со тишина која, како што рече, боли повеќе од секој крик.Во своето обраќање, таткото на Надица директно ја посочи корупцијата, немарот и институционалните пропусти како причини за трагедијата, нагласувајќи дека неговата ќерка „не заминала по Божја волја“, туку, како што рече, била „земена од систем што требало да штити, а не да убива“.Наунов истакна дека од денот на трагедијата неговиот живот е борба за правда и дека нема да престане да зборува и да се бори додека одговорните не сносат последици.„Сакам правдата да биде гласна, колку што беше тивка нивната совест“, порача тој, додавајќи дека единствената негова молба е да има сила да го дочека денот кога ќе може да каже дека правдата е задоволена – не само за неговото дете, туку и за сите деца кои ги загубија животите.Маршот за правда продолжува како симбол на барањето одговорност и вистина за трагедијата во Кочани, а семејствата на загинатите најавуваат дека нема да се откажат од својата борба сè додека, како што велат, љубовта кон нивните деца не се претвори во праведна разрешница.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc6e85b2g9adh2RGPLgk

Над 10 илјади турски граѓани побарале македонско државјанство

Во изминатите четири години, вкупно 10.500 државјани на Република Турција поднеле барање за стекнување македонско државјанство по основ на македонско потекло, објави Радио Слободна Европа.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за турски државјани кои во македонските институции треба да докажат дека се иселеници од земјава и дека имаат македонско етничко потекло.Според МВР, значителниот пораст на бројот на барања е резултат на законските измени донесени во 2021 година. Оттаму посочуваат дека токму измените во Законот за државјанство довеле до енормно зголемување на интересот за стекнување македонско државјанство кај иселениците кои живеат во Република Турција.Во меѓувреме, економската соработка меѓу двете земји бележи раст. Според податоците доставени до РСЕ од Македонско-турската стопанска комора МАТТО, во текот на 2024 година биле регистрирани 4.132 фирми со турски капитал, основани од правни и физички лица.Од Комората посочуваат дека зголемениот бизнис-интерес произлегува од блиските и традиционално добри односи меѓу Македонија и Турција.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhdt1ngc49v7g2pJVYQG

Повторно блокади на граничниот премин Евзони

По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција.АМСМ информира дека денеска од 11:00 часот ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез.Грчките земјоделци го затворија граничниот премин до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynhfukq0onep2038uIDz

Министерството за правда ги негира тврдењата на КСОМ

Конфедерацијата на синдикални организации реагираа дека Предлог законот за извршување се носи зад затворени врати, задкулисно и без вклучување на јавноста и граѓанските организации.Министерството за правда негира.„Сите закони во Министерството за правда се подготвуваат низ јавен и транспарентен процес, со навремено информирање за нивниот статус. За Предлог законот за извршување беше формирана мултисекторска работна група, а процесот на изготвување на текстот е при крај. По неговата подготовка Предлог законот за извршување ќе биде објавен на ЕНЕР каде сите ќе имаат можност да го разгледаат, да дадат коментари, предлози и сугестии“, велат од Министерството за правда.

Македонија | пред 1 месец

dui-

ДУИ се жали на Стоилковиќ :Се однесува нехумано кон 76 вработени Албанци

Откако Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, објави видео снимки од канцелариите на 76 вработени кои добија откази на кои се гледаат импровизирани места за одмор, чајници, тостери и папучи, реакција од ДУИ.Партијата најостро го осудува, велат, нечовечкиот, понижувачки и дискриминаторски третман на 76 вработени во Министерството за меѓуетнички односи, сите Албанци, кои се повикани на работа и затворени во канцеларии без минимални човечки услови и без никакви работни задачи.,,Сместувањето на десетици жени и мажи во три канцеларии, без столчиња, без работни маси, без компјутери, без елементарни средства и без каков било професионален ангажман, при што се принудени да стојат од 08:00 до 16:00 часот, претставува отворена форма на институционален мобинг и психолошка тортура.Фактот дека овие вработени, за да го преживеат работниот ден, биле принудени да импровизираат седејќи на подот и носејќи ќебиња од дома, претставува државен срам кој го нарушува човечкото достоинство и ги крши сите законски, морални и европски стандарди.Уште потешко е однесувањето по овој чин. Наместо институциите да преземат одговорност за нечовечките услови што ги создале, снимките од оваа состојба беа јавно злоупотребени за морален линч, додека Премиерот отиде дотаму што ги обвини овие вработени за „аморалитет“.Станува збор за Албанки, за мајки, за сестри и сопруги, кои беа понижени од сопствената држава, а потоа и јавно нападнати од страна на првиот човек на Владата. Ова е премината црвена линија и не смее да се релативизира, оправдува или премолчува. Дополнително, во врска со овие настани се напаѓа и ДУИ, иако станува збор за државни службеници, на кои токму државата е должна да им обезбеди достоинствени услови и третман.Премиерот има морална и политичка обврска веднаш јавно да им се извини на овие жени, на нивните семејства и на целата албанска заедница за навредливиот јазик и за легитимирањето на практика која потсетува на најмрачните методи на институционална дискриминација”, велат од ДУИ и бараат целосна политичка и административна одговорност за овој скандал, итен прекин на овој нечовечки третман и враќање на нормални и достоинствени услови за работа за сите вработени.,,Државните институции не смеат да се претворат во простори за колективно казнување врз етничка основа. Човечкото достоинство не е привилегија, туку основно право кое не се преговара”, велат од ДУИ.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytl5nseumhdgl7kU3BDo

Напад за време на концерт во „Јане Сандански“ – пријавени закани со остар предмет и употреба на боксирач

На 27 декември 2025 година во 00:20 часот, во СВР Скопје, К.С. (39) од Скопје пријавил дека на 26 декември околу 22:10 часот, за време на концерт во спортскиот центар „Јане Сандански“, бил физички нападнат.Според пријавата, Д.К. му се заканил со остар предмет, додека друго машко лице употребило боксирач.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

J4A3115

Тензии во СДСМ: Јован Деспотовски со отворена порака до Венко Филипче

Јован Деспотовски, долгогодишен функционер и кадар на СДСМ, со јавно обраќање изрази силно разочарување од одлуките на актуелното раководство на партијата, оценувајќи дека токму неговата матична партија го оставила „целосно без зборови и коментар“.Во пораката, Деспотовски нагласува дека по три децении политички ангажман најмалку очекувал ваков однос од СДСМ, потенцирајќи дека во сите свои јавни настапи бил умерен и воздржан, дури и во ситуации кога, како што вели, имало основ за остар и директен став.„Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен, дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став. Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв, тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што и мислиме“, наведува Деспотовски.Тој во пораката испраќа и јасна критика кон персонализацијата на партијата, нагласувајќи дека СДСМ низ историјата имала и ќе има многу поголеми личности од кој било актуелен претседател.„СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател. И никој од нив никогаш не се ставил над партијата, над нашето семејство. Тоа не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде“, порачува тој.Во завршницата, Деспотовски директно му се обраќа на актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, со јасна лична порака дека нема да дозволи неговиот долгогодишен ангажман да биде обезвреднет со една политичка одлука.„Со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва“, пишува Деспотовски.Објавата на поранешниот функционер се толкува како уште еден јавно изразен знак за внатрепартиските тензии во СДСМ, во период кога партијата се соочува со сериозни предизвици, внатрешни преиспитувања и пад на довербата кај дел од членството и јавноста.

Македонија | пред 1 месец

media-librarymp3bktgadqk61PQsqXH

Брутален напад врз Киев: експлозии од хиперсонични и крстосувачки ракети

Русија го нападна Киев и други украински региони со ракети и дронови, пред клучниот состанок на Володимир Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп, на кој требаше да се договараат за договор за завршување на речиси четиригодишната војна. Русија лансираше неколку хиперсонични проектили „Кинжал“, балистички проектили „Искандер“ и крстосувачки проектили „Калибр“ кон главниот град на Украина.Пред ноќните напади, Зеленски изјави дека неговите разговори на Флорида, кои ќе се одржат утре, ќе се фокусираат на територијата која секоја страна би ја контролирала по прекинот на борбите што започнаа во февруари 2022 година, со инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на помалиот сосед – во најсмртоносниот европски конфликт од Втората светска војна.Во Киев одекнуваа експлозии, активирани беа системите за украинска противвоздушна одбрана, а армијата објави на апликацијата Телеграм дека се распоредуваат ракети. Воздушните сили соопштија дека руските дронови таргетираат не само главниот град, туку и региони на североистокот и југот на земјата.

Свет | пред 1 месец

media-library4fh548ap27eqdHBEqUr

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, вчера јасни одговори од министерот за здравство, Венко Филипче, поради сомневањата околу неговата златна виза во Дубаи.„Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека не бил партнер во градбата. Поставувањето на ова прашање е очигледно: ако Филипче не е дел од проектот, како тогаш дошол до златна виза?“, истакна Манасиевски.Тој го повика Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза, нагласувајќи дека, доколку навистина имал легитимна работа во Дубаи, нема причина да ги криe.Манасиевски посочи и сведоштво на поранешниот соработник на Заев, Тома Аврамски, кој тврдел дека видел и 42-катницата на Заев и станови на Филипче во Дубаи. „Венко Филипче сè уште не одговори дали има стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златната виза. За потсетување, за златна виза во Дубаи е потребна инвестиција од минимум 500.000 долари“, рече Манасиевски.Тој истакна дека Филипче треба да одговори како ги има обезбедено овие средства, бидејќи со плата од доктор и пратеник е невозможно да се достигне таква сума. „Филипче да не се крие. Лошото минато создадено од Заев и Филипче треба да остане во минатото“, заклучи Манасиевски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Не постои никаков координиран напад врз СДСМ, има само координирано откривање дека Заев гради во Дубаи, а Филипче има златна виза

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ за наводна координирана кампања против партијата, оценувајќи дека станува збор за обид да се прикрие, како што наведуваат, „координираното откривање на вистината“ за поранешни и актуелни функционери на СДСМ.Од партијата велат дека нема организиран напад врз СДСМ, туку дека во јавноста излегуваат информации дека поранешниот премиер Зоран Заев гради објекти во Дубаи, додека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, добил таканаречена „златна виза“ во истата држава.„Затоа СДСМ толку многу и координирано пропаѓа“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Од опозициската партија додаваат дека одговорите за овие наводи СДСМ треба да ги побара кај Зоран Заев и кај Башановиќ, наместо, како што велат, да конструира приказни за политички прогон и организирани напади.Според ВМРО-ДПМНЕ, јавноста заслужува јасни и конкретни одговори за имотот и привилегиите на поранешните и сегашните функционери на СДСМ, а не, како што посочуваат, „димни завеси со обвинувања без основa“.

Македонија | пред 1 месец

afrim-gashi

Гаши не сака Собранието да е гласачка машинерија за закони, ќе носи календар за работа

Спикерот Африм Гаши се најде погоден од критиките дека Законодавниот дом е гласачка машинерија за закони.„Во јануари ќе донесеме календар за работа, мора да прекине пристапот дека Собранието е гласачка машинерија за закони, вели во интервју за МИА, претседателот на Собранието, Африм Гаши.Според Гаши постои неквалитетна или недобра култура во однос на меѓуинституционалната работа помеѓу ресорите и службите што работат во министерствата како и во Собранието.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryp5mhdaaci8rr8W43mqq

СДСМ: ВМРО спроведува организирана кампања за рушење на СДСМ одвнатре

СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува координирана и организирана кампања за уривање на партијата одвнатре, со цел, како што беше посочено, да се замолчи објавувањето на наводни докази за криминал и корупција.На пресот зборуваше Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ, кој рече дека кампањата се интензивирала откако Антикорупцискиот тим на партијата (АКТ) започнал да изнесува сериозни податоци за корупција и сомнителни тендери поврзани со владата на ВМРО.Според Огњеновиќ, станува збор за „целиот еден систем, еден октопод“, кој, како што рече, е инструиран од српската СНС и кој управува со коалицијата ВМРО–ЗНАМ. Тој наведе дека јавноста изминатиот период можела да забележи синхронизирани настапи на поранешни функционери и лица кои повеќе не се дел од СДСМ, а дел од нив, според него, завршиле во ЗНАМ.Како конкретен пример, Огњеновиќ го посочи случајот со Јован Деспотовски, поранешен функционер на СДСМ и поранешен директор на ФИТР и ТИРЗ. Тој тврди дека по објавувањето на текст на Деспотовски во еден релевантен медиум, за помалку од две минути се појавил обемен и, како што рече, однапред подготвен текст на истата тема на порталот на Бранко Героски.„Тоа може да значи само дека текстовите биле однапред координирани или пишувани во директна комуникација“, рече Огњеновиќ, додавајќи дека подоцна истиот портал објавил уште неколку текстови и колумна во одбрана на Деспотовски.Од СДСМ оценуваат дека ваквите активности имаат за цел да ја ослабат партијата и да го запрат објавувањето на информации за наводен криминал на власта.„Нема застанување. Антикорупцискиот тим работи и сè ќе биде објавено. СДСМ нема да се повлече – вистината и правдата ќе победат“, порача Огњеновиќ, додавајќи дека, според партијата, „работата не е завршена“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Додека УЈП собира арач - нема пари за плати има само за тендери

СДСМ обвинува дека во државниот буџет недостигаат околу една милијарда евра, додека Владата предводена од Христијан Мицкоски нема средства за повисоки плати, зголемување на минималната плата, повисоки пензии и навремен поврат на ДДВ.Според опозициската партија, Управата за јавни приходи врши силен притисок врз граѓаните и стопанството за да ги пополни буџетските дупки, додека истовремено власта, како што наведуваат од СДСМ, ги троши јавните пари на сомнителни и криминални тендери.„Владата на Мицкоски и ВМРО нема пари за работниците и пензионерите, но има за милионски тендери. Доделени се 161 тендер на една фирма во износ од 5,3 милиони евра, девет милиони евра на друга фирма со само двајца вработени, како и тендери поврзани со студент на Мицкоски“, обвинуваат од СДСМ.Од партијата посочуваат дека загрозена е и ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра, поради, како што велат, криминал и корупција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.СДСМ предупредува дека струјата поскапува, животниот стандард постојано се влошува, а граѓаните живеат сè потешко, додека власта, според нив, се богати преку јавни набавки и тендери.„Одговорност мора да има. Сите ќе одговарате. Работата не е завршена“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања