„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Кристијан Ландов

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Трамп: Разочаран сум поради Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот американски предлог за завршување на руската агресија во Украина. Според него, САД веќе воделе разговори и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинските претставници, вклучително и со самиот Зеленски.„Морам да кажам дека сум малку разочаран што претседателот Зеленски сè уште го нема прочитано предлогот, а тоа беше пред неколку часа“, рече Трамп, додавајќи дека Москва формално би сакала да ја контролира цела Украина, но дека „Русија, верувам, е во ред со предлогот“. Тој, сепак, истакна дека не е сигурен дали Киев ќе прифатиНа Флорида, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер од четвртокот одржуваат серија состаноци со украински претставници. Меѓу нив биле поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров и началникот на Генералштабот Андриј Хнатов. Пред тоа, во Москва, делегацијата на Трамп одржала петчасовна средба и со Владимир Путин.При крајот на разговорите на Флорида, Зеленски телефонски се приклучил на средбите, оценувајќи ги како „конструктивни“.Во своето редовно видео-обраќање, Зеленски потврди дека САД ги знаат украинските позиции.„Американските претставници ги знаат основните украински ставови. Разговорот беше конструктивен, иако не и лесен“, изјави тој.Не е познато како се развивал американскиот мировен план од 28 точки во изминатите три недели, но остануваат неразрешени клучните прашања – статусот на окупираните територии и евентуалните американски безбедносни гаранции за Украина.Москва тврди дека е отворена за преговори и ја обвинува Украина и Западот дека го блокираат мирот. Киев и неговите сојузници, пак, велат дека Русија ја користи дипломатијата за да ги зацементира територијалните придобивки од војната.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryq773va4904cn1eCLz05

И ветиле дека ќе и ја тргнат магијата, а таа им дала пари и накит: Жена од Кочани трага по жените кои ја измамиле

Министерството за внатрешни работи информира дека на 6 декември 2025 година, во 17 часот, во ОВР Кочани била пријавена измама извршена врз 62-годишна жена од кочанско село.Според пријавата, во дворното место од нејзината семејна куќа пристигнале две женски лица кои ѝ соопштиле дека над неа е „направена магија“. Нудејќи ѝ наводна помош за „отстранување на магијата“, од оштетената побарале пари и личен накит. Жената им го дала бараното, по што двете измамнички го напуштиле местото.Полицијата презема мерки за идентификација на сторителките и целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-10-27-at-11.43.36

Во два затвори имало претреси, фатени и осуденици како консумираат кокаин

Министерството за внатрешни работи соопшти за два одделни инциденти пријавени во казнено-поправните установи во Скопје.Според пријавата, на 6 декември 2025 година, во 14:20 часот, од КПУ „Идризово“ било пријавено дека при извршен преглед кај осудениците Д.Т., И.Д. и Н.В. била пронајдена и одземена поголема количина таблети. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на потеклото на недозволената супстанца.Истиот ден, околу 22:53 часот, од КПУ „Затвор Скопје“ во СВР Скопје било пријавено дека затворски службеник, за време на редовна обиколка во 22:00 часот, ги затекнал осудениците Д.В. и Г.А. како консумираат кокаин. И во овој случај, МВР презема мерки за расветлување на сите околности и утврдување како наркотичната droga влегла во установата.Двата инциденти се предмет на понатамошна истрага.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

Пронајден починат 44-годишен маж пред Поликлиника „Ченто“

Министерството за внатрешни работи информира дека утринава, на 6 декември 2025 година, во 07:00 часот, во СВР Скопје била пријавена смрт на маж пред Поликлиника „Ченто“.Според пријавата, околу 06:00 часот пред објектот бил пронајден починат Е.Е. (44) од Скопје. Лекарската екипа која излегла на лице место констатирала смрт без видливи траги на насилство.По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, со цел утврдување на причината за смртта.Случајот е пријавен и се работи на негово целосно расветлување.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryk2tqep07p75u3snM8bs

Русија гради паравојска преку интернет – „ловци на таленти“ регрутираат 30.000 мажи месечно

Русија развива нов, паракомерцијален систем за регрутација на војници, заснован на независни „ловци на таленти“ кои преку интернет бараат мажи подготвени да служат на фронтот во Украина. Според истражување на Politico, овој модел веќе станал клучен механизам што му овозможува на Владимир Путин да го одржува бројот на борци, да настапува посамоуверено во преговорите и да размислува за нови офанзиви.На Telegram секојдневно се појавуваат стотици огласи: бонуси до 50.000 долари, отпишување долгови, грижа за деца, бесплатно образование, па дури и „прошка“ за криминални досиеја. Болести, вклучително и ХИВ, веќе не се пречка.Зад огласите стојат над 80 регионални власти, кои по притисок од Кремљ се натпреваруваат за што повеќе регрути. Првично замислен како привремено решение, системот прерасна во индустрија во која независни агенти работат на високи провизии.Западните разузнавачки служби го следат пазарот со изненадување: Русија успева да ја одржи војската и покрај проценките за околу еден милион погинати и ранети.Бившиот директор на ЦИА, Дејвид Петреус, оценува дека доколку Путин продолжи со финансирање на високите бонуси, Русија може да продолжи со „долга и скапа кампања за исцрпување“, почната во 2022 година.По паниката од делумната мобилизација во 2022 година, Кремљ ја смени стратегијата: помалку присила – повеќе пари. Затвореници, мигранти, задолжени граѓани и лица со кривични досиеја добија шанса за „нова опција“ – фронтот.Во 2024 година Путин нареди армијата да се зголеми на 1,5 милиони војници. Наместо принуда, државата понуди огромни финансиски поттикнувања.„Мерките се насочени кон мажи со долгови, криминални досиеја и ниска финансиска писменост“, објаснува политологот Екатерина Шулман.Телеграм канали со десетици илјади членови станаа главен регрутациски центар: секој ден се објавуваат десетици огласи, а регионите се натпреваруваат со сè повисоки бонуси. Минималниот износ е околу 5.170 долари, но реалните суми често надминуваат 25.000 долари, а во некои региони и 50.000 долари.Провизиите за „ловците на таленти“ достигнуваат од 1.280 до 3.800 долари по потпишан договор. Само 11 региони веќе испланирале најмалку 25,5 милиони долари за исплата на тие провизии – исто колку што издвојуваат за здравство.Овој пазар, според Politico, обезбедува околу 30.000 доброволци секој месец – доволно за да ги пополни руските загуби. Новиот закон дополнително го зајакнува регрутацискиот систем и ги олеснува процедурите за пристап во војската.Украина, меѓутоа, е во драстично полоша позиција. На делови од фронтот има седум руски војници на еден украински. Масовни дезертации ја влошуваат ситуацијата. Недостатокот на луѓе ѝ дозволува на Русија секој месец да зазема површина со големина на градот Атланта.Најголемиот дел од новите војници доаѓаат од сиромашни региони со висока стапка на криминал. Многумина гледаат „единствена шанса“ да обезбедат финансиска стабилност.Таков е и Антон, 44-годишен татко на три деца, кој се пријавил за да избегне затвор.„Жената ми рече: подобро оди војувај“, вели тој. За само еден и пол месец потпишал договор и бил испратен во Покровск како техничар за дронови.„Тука нема патриотски говори. Сите се уморни. Сите сакаат само дома.“Иако неколку пати бил гаѓан со дронови, не жали: заработката била десеткратно поголема од неговата претходна плата. И, најважно, државната награда може да му го избрише казненото досие.Друг случај е Иван, 28-годишен готвач, осуден за трговија со дрога. Го заменил затворот со фронтот – и исчезнал по помалку од еден месец борба.Русија е блиску до целта од 1,5 милиони војници, што предизвикува страв во европските главни градови.„Русија се мобилизира во размери што укажуваат на можен поголем конфликт со дополнителни европски држави“, предупредува германскиот пратеник Родерих Кизеветер.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryrusapq74tb7v2PF3VPG

„Силјан“ триумфираше во Лос Анџелес: голема победа за Тамара Котевска, уште поголеми се шансите да биде номиниран за оскар!

⚡#Скопје1 • Македонскиот документарен филм „Силјан“ на режисерката Тамара Котевска триумфираше на 41. доделување на наградите на Меѓународната асоцијација за документарни филмови (International Documentary Association – ИДА) во Лос Анџелес, освојувајќи ја престижната награда за најдобар долгометражен документарец. Овој успех значително ги зголемува шансите филмот да се најде меѓу официјалните номинации за Оскар.Кинематограферот Жан Дакар, кој е и ко-продуцент на проектот заедно со Котевска и Ана Хашми, ја доби наградата за најдобра камера – уште едно големо признание што го потврдува визуелниот и авторскиот квалитет на филмот. „Силјан“ беше номиниран и во категоријата најдобра режија.Котевска, која во 2019 година со „Медена земја“ освои ИДА-награда за камера, истакна дека триумфот во Лос Анџелес е емоционален и посебно значаен.„Да се вратиш по шест години и да ја освоиш главната награда за најдобар документарец е неописливо. Ова е мојот омилен документарен настан и мојот најважен филм досега. Честитки до целиот тим, особено до Жан Дакар. Оваа награда ја посветувам на сите независни документарни режисери што минуваат низ незамисливи пречки за да оживеат еден филм. Продолжете да се борите – ние правиме промена во светот“, напиша Котевска.„Силјан“ ги надмина ривалите „Апокалипса во тропските предели“, „Животот потоа“, „Семиња“ и „Песни на бавно горечката земја“. Историјата на ИДА покажува дека филмови наградени во оваа категорија често продолжуваат со успех и на Оскарите.Добитниците на главните документарни награди ги избираат членовите на ИДА, додека другите категории ги оценуваат професионалци од светската документарна заедница.Доделувањето на ИДА-наградите доаѓа непосредно пред почетокот на гласањето за потесните листи за Оскар, што трае од 8 до 12 декември. На 16 декември ќе бидат објавени потесните избори во десет категории, меѓу кои и документарецот и странскиот филм. Во долгометражната документарна конкуренција оваа година влегоа рекордни 201 филм.Номинациите за 96. Оскари ќе бидат објавени на 22 јануари 2026, а свечената церемонија е закажана за 15 март.Покрај кандидатурата за Оскар за најдобар странски филм од страна на Македонија, „Силјан“ е и кандидат за најдобар документарец. Национал Џиографик Документари Филмс го откупи филмот во септември, а на 28 ноември беше одржана американската кинопремиера во IFC Center во Њујорк.Минатата недела „Силјан“ доби и номинација за престижната награда Independent Spirit, која традиционално најавува дел од идните оскаровски фаворити.Со овој успех, Тамара Котевска повторно го поставува македонскиот документарен филм на светската мапа, по историските две оскаровски номинации за „Медена земја“ во 2020 година.

Магазин | пред 2 месеци

media-librarydetmln4o4ufe4zalJmc

Антикорупцискиот тим на СДСМ со нови обвинувања против Томовски: „161 тендер, 5,3 милиони евра – буџетот се чистел семејно“

Антикорупцискиот тим на СДСМ излезе со нова серија обвинувања кон Ивица Томовски, директор во владината структура на ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека семејната фирма „Сити аутсорсинг“ добила вкупно 161 тендер вреден 5,3 милиони евра.Според СДСМ, токму по доаѓањето на новата влада, фирмата ја зголемила својата деловна активност за 306 проценти во 2024 година, а во 2025 година веќе инкасирала речиси половина милион евра преку нови државни договори.По објавата на случајот, Томовски побара извинување од СДСМ, но од партијата одговорија дека „нема извинување за оние што пумпаат пари од граѓаните“.Од Антикорупцискиот тим денеска објавија нов податок – телефонски број поврзан со фирмата, кој, според нивните тврдења, се поврзува директно со Ивица Томовски.„Меѓу телефонските броеви наведени во документацијата на фирмата ‘Сити аутсорсинг’ е 078-362-710. Проверивме – излегува фотографијата на Ивица Томовски. Ова само ја потврдува очигледната поврзаност со фирмата во која се татко му Витомир и блискиот роднина Кутановски“, соопштија од СДСМ.Партијата повтори дека очекува Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да покренат постапка за конфликт на интерес, злоупотреба на функција и корупција во врвот на власта предводена од Христијан Мицкоски.„Кој сега ќе се извинува? Единствено на граѓаните, кога ќе одговарате – сите до еден. Работата не е завршена“, стои во соопштението на Антикорупцискиот тим на СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

nova-godina-skopje

Украсувањето на Скопје чини 53 илјади евра: Кој ја доби новогодишната декорација на плоштадот и булеварите во Скопје

Фирмата „Линк Медиа Плус ДООЕЛ“ од Скопје е избрана да го изведе новогодишното украсување на главниот град, откако како единствен понудувач го доби тендерот распишан од Град Скопје. Вредноста на договорот изнесува 3.260.000 денари, а компанијата најпрво треба да достави банкарска гаранција за извршување, по што ќе биде потпишан договорот и ќе започне поставувањето на декорациите.Истата фирма годинава ги доби и тендерите за украсување во скопската Општина Центар и во Општина Штип. Според системот за јавни набавки, „Линк Медиа Плус“ работела и на одржување службени возила на Управата за финансиска полиција, услуги за миење улици, како и набавки на корпи за отпадоци. Во 2023 година таа ја изведуваше празничната декорација во Кавадарци, Чаир и во скопскиот Трговски центар.Што точно ќе биде поставено?Според тендерската спецификација, фирмата треба да постави новогодишни и светлосни елементи на повеќе локации низ Скопје. Најголем дел од декорацијата ќе биде на плоштадот „Македонија“, каде што ќе се постави:– Светлосна фигура „подарок“ од минимум 4 метри должина и 3 метри висина (3 парчиња)– Новогодишна елка висока најмалку 13 метри, со метална конструкција, вештачко зеленило, украси и светилки– 3Д фигура „мече“ висока 4 метри– Големи алуминиумски светлосни ѕвезди во две димензии– 3Д рамка за фотографирање во форма на Дедо Мраз– „Ѕвездено небо“ со минимум 800 м² лед-мразулци– Светлосна обвивка на канделабрите (25 столбови)Покрај централниот плоштад, ќе се украсуваат и главните скопски улици и булевари: „Даме Груев“, „Димитрија Чуповски“, „11 Октомври“, булеварите „ВМРО“, „Гоце Делчев“, „Партизански Одреди“, како и улицата „Филип Втори Македонски“. На овие локации ќе се поставуваат висечки светлосни елементи, лед-фигури, мразулци и декоративни конструкции.Пред Владата, пак, ќе бидат инсталирани 40 светлосни елементи од типот што се предвидени и за другите булевари.Проектот, според документацијата, се изведува во целост од фирмата, која треба да обезбеди и демонтажа по завршувањето на празничниот период.Градот Скопје се уште не соопшти кога точно ќе започне поставувањето на украсите, но според договорните рокови тоа треба да уследи веднаш по формалното потпишување на договорот.

Скопје | пред 2 месеци

bo-kuzeska

СДСМ: Мицкоски без мандат преговара за мигранти – Македонија не смее да стане база за туѓи политики

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро реагираше на информациите објавени во британскиот медиум The Times, според кои македонската влада води разговори со Обединетото Кралство за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти.Кузеска оцени дека станува збор за „антидржавно и национално предавство“, истакнувајќи дека јавноста е со право вознемирена бидејќи, како што рече, владата „се договара зад грбот на граѓаните за штетни договори“.„Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти? Никој“, порача Кузеска, предупредувајќи дека темата е исклучително чувствителна и поврзана со безбедноста, стабилноста и иднината на државата.Таа праша дали ова е „големата економска вест“ што Мицкоски ја најавуваше, дали е направена безбедносна процена и зошто Македонија би ги прифатила мигрантите што Британија сака да ги врати.СДСМ посочи дека дури и најсилните европски држави се соочуваат со сериозни предизвици околу интеграцијата на мигрантите, наведувајќи ги Шведска, Германија и Велика Британија како примери каде што, според нив, растат криминалот, немирите и насилствата.„Ако овие развиени земји не можат да се справат со проблемот, Македонија уште помалку може“, нагласи Кузеска, додавајќи дека општеството „не може да го издржи ваквиот товар“.Таа обвини дека политиките на ДПМНЕ ги бркаат младите Македонци од државата, а сега, како што кажа, власта планира да носи мигранти од трети земји.СДСМ најави дека со „целокупниот свој капацитет“ ќе се спротивстави на ваквите политики и ги повика граѓаните да се обединат во одбрана на државните интереси.„За Македонија се работи. Не за антимакедонските политики на ДПМНЕ“, порача Кузеска.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysk8irptmnqk8bLmMLdt

(Видео) Почна демонтажата: Железничката станица го добива оригиналниот изглед

Започна процесот на демонтажа на билбордите и светлосните реклами од Железничката станица во Скопје, мерка што претходно ја најави директорот на Железници, Синиша Ивановски, како дел од планираната реконструкција на објектот.„Отстранет е првиот билборд од Железничката станица Скопје. Започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни елементи кои со години го нарушуваа оригиналниот изглед на станицата“, порача тој.Директорот најави дека се работи за фазен процес кој ќе заврши со темелно чистење и обновена надворешна илуминација. Дополнително, се заблагодари на компаниите кои, како што рече, ја препознале важноста на проектот и прифатиле да ги демонтираат своите реклами.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryi3r2917s3pk745SqqYP

(Видео) Кога „Сејф сити“ не снима? Ќе има ли казни ако ви се расипе возилото на булевар или поминете на трепкачко жолто

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, во гостувањето во „Претрес со Ландов“ одговори на низа дилеми поврзани со системот „Безбеден град“. Една од најчестите – дали камерите казнуваат кога семафорите работат во режим на трепкачко-жолто.Според него, кога раскрсница ќе биде ставена под посебен режим – трепкачко-жолто или регулирање од сообраќаец – системот автоматски престанува да регистрира прекршоци.„Кога раскрсницата е во таква фаза, камерите не снимаат. Тие се поврзани со редовниот режим на работа на светлата. Не функционираат кога има трепкачи или кога сообраќајот го регулира полицаец“, објасни Топаловски.Тој се осврна и на дилемата дали возач ќе биде казнет ако мора да застане поради дефект.„Возач што запрел со вклучени четири трепкачи, затоа што има расипано возило, нема да биде казнет. Системот го увидува тоа, а и службениците што работат со него ја проценуваат реалната состојба“, додаде началникот на СВР Скопје.Топаловски потенцира дека нема да се изрекуваат санкции механички и без проценка, туку секогаш ќе се зема предвид дали постоела реална пречка или опасност.Го отвораме најчестото прашање на возачите. Одговорите ви се во разговорот:

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryb43cesgcbroo2rwaIjb

Антикорупцискиот тим на СДСМ: Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ беше под диригенство на Орбан и Груевски

Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски. Според партијата, собирот бил „организиран од двоецот Мицкоски–Груевски“ и претставувал, како што велат, „конгрес на децата на Орбан“.Од СДСМ обвинуваат дека најсилната меѓународна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ доаѓа токму од унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија ФИДЕС, кои, според нив, продолжуваат да го штитат поранешниот премиер Никола Груевски – бегалец од правдата осуден за корупција.„Орбан успешно го крие и го чува Груевски, човек кој украде 2 милијарди евра и побегна. Но тој и понатаму ја управува ДПМНЕ од далечина“, наведува тимот на СДСМ, додавајќи дека постојат „директни врски меѓу актуелната власт и мрежата на Орбан преку бизниси, кредити и банки“.Партијата оценува дека вертикалата ФИДЕС – СНС – ДПМНЕ претставува регионална политичка оска поврзана со „корупција, големи бизниси и контроверзно влијание“. Како пример, СДСМ ги посочува протестите во Србија и Унгарија против коруптивни скандали, вклучително и падот на настрешницата во Нови Сад со 16 жртви, како и откриениот луксузен имот поврзан со Орбан.„Сличностите се очигледни. Истата приказна ја гледаме и во Македонија – секој ден излегува нов скандал, нов пример како се пумпаат пари од граѓаните преку наместени тендери“, се наведува во реакцијата.Антикорупцискиот тим заклучува дека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ само ја потврдил поврзаноста со, како што тврдат, „регионална мрежа на политичари кои се штитат меѓусебно“.„Работата не е завршена. Борбата против криминалот и корупцијата продолжува“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhve38ea6fuv67s72XHB

Петар Павел: Руските дронови влегуваат во НАТО-простор, Путин ја тестира решителноста на Алијансата

Чешкиот претседател Петар Павел изјави дека Русија во повеќе наврати го повредила воздушниот простор на НАТО со авиони и дронови, целејќи да ја тестира решителноста на Алијансата во однос на руската агресија. Во интервју за британскиот „Сандеј тајмс“, Павел порача дека Европа мора да остане единствена и цврста во односот кон Москва.„Доколку дозволиме Русија да излезе како победник од овој конфликт, тогаш сите сме поразени“, нагласи чешкиот претседател, предупредувајќи дека секое попуштање би било опасен сигнал за Кремљ.Павел се осврна и на информациите за тајни преговори меѓу Русија и САД минатиот месец, во кои наводно бил разгледуван предлог за одземање украинска територија како дел од потенцијален мировен договор. Таквиот пристап, оцени тој, премногу потсетува на Минхенскиот договор од 1938 година, со кој тогашните европски сили прифатија отстапување на делови од Чехословачка на нацистичка Германија – потег што историски се смета за вовед во уште поголема катастрофа.„Историјата нè учи дека отстапките пред агресорот не носат мир, туку само поголем ризик и подлабоки конфликти“, изјави Павел, повикувајќи ја Европа да не повторува грешки од минатото и да остане доследна во поддршката за Украина.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqfvs7s7opoht2jSNOlr

СДСМ: Македонија станува црна точка – визијата на ВМРО-ДПМНЕ води кон изолација

СДСМ денеска остро реагираше по повод две вести кои, според партијата, ја покажуваат насоката во која се движи државата. Првата е потпишувањето на Меморандумот меѓу Грција, Бугарија и Романија за новиот транспортен коридор Црно Море – Егејско Море, кој предвидува модернизација на железничката, патната и пловната инфраструктура и кој, како што оценуваат од СДСМ, практично ја заобиколува Македонија.Од партијата предупредуваат дека ова ќе значи значајно намалување на финансиските приливи од транзитниот сообраќај – од патарини, гориво и други услуги – бидејќи државата се исклучува од стратешкиот европски транспортен правец.Втората вест, според СДСМ, е претставувањето на програмата „Македонија 2030“ на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот во Кавадарци. Двете информации, како што наведуваат социјалдемократите, се поврзуваат во една заедничка порака: „Македонија станува црна точка“.„Овој знак, речиси исчезнат во Европската унија, се враќа на големи врати во Македонија. Тој симболизира место со висок ризик за граѓаните – кратка делница на патот кон ЕУ, која најчесто е изолирана од европскиот и демократскиот свет, а многу често и од сопствените граѓани, поради криминал, корупција и сиромаштија,“ стои во реакцијата на партијата.Од СДСМ порачаа иронично дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ потсетува на „обиколница“ што ја изолира државата, а политичкото раководство го споредија со „будимпештанскиот шоферски тандем Груевски–Мицкоски“, алудирајќи на некогашната југословенска серија „Камионџии“.„Оваа визија сигурно нема да им одговара на граѓаните на Македонија, но ќе биде добра за мигрантите – ‘сообраќајот’ да не ги вознемирува,“ додава СДСМ во својата реакција.

Македонија | пред 2 месеци

MO-Sekerinska-Brisel_3

НАТО загрижен за руските вмешувања на Балканот

НАТО внимателно ги следи обидите на Русија да влијае врз внатрешните процеси во Босна и Херцеговина и поширокиот регион на Западен Балкан, изјави заменик-генералниот секретар на Алијансата, Радмила Шекеринска, во интервју за агенцијата ФЕНА. Таа нагласи дека ваквите активности се препознатлив дел од „рускиот модел на дејствување“, кој вклучува хибридни методи за создавање поделби и политички нестабилности.„Многу внимателно ги следиме обидите на Русија да се меша во домашните и регионалните процеси. Сведоци сме како хибридните активности создаваат поделби, поттикнуваат сецесионистичка реторика и отвораат нови расцепи во општествата. Ние го следиме тоа“, предупреди Шекеринска.Таа додаде дека овој модел не е ограничен само на Балканот, туку се забележува и кај други сојузници и партнери на НАТО ширум Европа.Според Шекеринска, Алијансата останува силно посветена на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, кој го смета за регион од стратешко значење. Посебен акцент стави на важноста на модернизацијата и одржливото финансирање на Оружените сили на БиХ (ОСБиХ).„Не можете да очекувате добро обучени, опремени и подготвени вооружени сили, кои често работат во најтешки услови, доколку државата не вложува во нив“, истакна таа, потсетувајќи на своето искуство како министерка за одбрана.Во рамки на програмата за зајакнување на одбраната (DCB), НАТО веќе обезбеди опрема и специјализирани возила за ОСБиХ, со поддршка од Словенија. Но, Шекеринска предупреди дека оваа помош мора да биде проследена со стабилно домашно финансирање.Говорејќи за политичките процеси во БиХ, таа испрати порака до лидерите на земјата дека компромисите, иако често тешки и ризични, се неопходни за стабилноста.„Компромисите носат поголема сигурност и предвидливост. Граѓаните очекуваат вистински исчекори, а не повторување на старите проблеми од последните три децении“, порача Шекеринска.Со ова, НАТО уште еднаш ја потврди својата будност и подготвеност да дејствува во заштита на стабилноста на регионот, во време кога хибридните влијанија стануваат сè посofisticirani и поагресивни.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryrdcpjq7imuphbcxNp4u

Хорор во Скопје: жена била силувана па уценувана, осомничениот се јавувал и кај жена му да донесе кокаин за да не ја убие жртвата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 29-годишен маж од Неготино, со живеалиште во Германија, осомничен за кривични дела полов напад и силување по член 186 и уцена по член 259 од Кривичниот законик.Според обвинителството, инцидентот се случил на 2 декември, кога осомничениот со сопругата и нивна пријателка биле во ресторан во Скопје. Тој консумирал алкохол и дрога, а по вербална расправија сопругата го напуштила локалот. Осомничениот се понудил да ја однесе пријателката дома, но наместо тоа, со часови ја возел низ различни локации во Скопје, настојувајќи да ја принуди на сексуални односи.Иако жената категорично одбивала, тој ѝ се заканил дека ќе ја убие доколку не влезе во апартман во Центар. Таму, според наводите, со физичка сила и со закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот напад го снимил со мобилен телефон.За време на престојот во апартманот, осомничениот преку видео повици контактирал со сопругата и други лица, барајќи да му донесат кокаин, тврдејќи дека „инаку ќе ја убие оштетената“.Три дена подоцна, на жртвата ѝ испратил видео-клип со експлицитна содржина, заканувајќи се дека снимката ќе ја објави доколку не му плати 2.500 евра. Жената случајот веднаш го пријавила во полиција.По координација со органите на прогонот, било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Осомничениот бил приведен веднаш по преземањето на парите.Јавниот обвинител поднесе предлог за определување притвор, посочувајќи дека постои реална опасност осомничениот да избега, со оглед дека има отпуст од македонско државјанство и живее и работи во Германија. Дополнително, оценето е дека постои ризик да го повтори делото, кое претставува тешко нарушување на јавниот ред, половата слобода и половиот морал.Судијата на претходната постапка го прифати предлогот и одреди мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

Нормализиран сообраќајот кон Грција: Отстранета блокадата на ГП Евзони

Од синоќа во 21:00 часот е целосно отстранета блокадата за влез и излез во Грција, со што сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е нормализиран и се одвива без дополнителни ограничувања.На државните патишта сообраќајот генерално се одвива непречено, иако на повеќе локации коловозите се влажни, а видливоста е намалена поради појава на магла. На патниот правец Гајре – Попова Шапка видливоста се движи меѓу 30 и 40 метри, додека на планинскиот премин Пресека е намалена на 100–150 метри.Потсетуваме дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, независно од моменталните метеоролошки услови. Обврската ќе важи до 15 март 2026 година.Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту при влез ниту при излез од државата.АМСМ препорачува внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание се бара на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде е можно појавување одрони. Најризични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица, согласно претходната одлука, останува затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj23sevel8h1mcCxwt5h

Македонскиот државјанин кој ја уби сопругата во Италија, не успеал да се самоубие

Бегството на 50-годишниот Назиф Муслија, маж со македонско потекло обвинет за бруталното убиство на неговата сопруга Саџиде Муслија во Пјанело Валесино ди Монте Роберто, траеше нешто повеќе од триесет часа. Трагедијата, која ја потресе италијанската јавност, се случи на 3 декември, а осомничениот беше уапсен вчера попладне во тешка состојба.Муслија, кој веднаш по убиството избегал со бел „смарт“, беше пронајден во шумски предел кај селцето Бракано ди Мателика, во провинцијата Мачерата. Лежел на земја, со тешки повреди, а според првичните информации се обидел да си го одземе животот. Ловџија кој минувал низ областа го забележал и ја алармирал полицијата.Во куќата каде што живеела жртвата – пронајдена мртва на креветот со силни удари во главата и градниот кош – истражителите повторно се вратија во потрага по микроскопски траги и оружјето со кое било извршено убиството. Карабињерите запленија железна цевка со траги од крв, која ќе биде предмет на дополнителни форензички анализи.Македонскиот државјанин се товари за убиство со умисла – кривично дело кое, според новиот италијански закон, се квалификува како фемицид.Италијанскиот парламент на 26 ноември го прогласи фемицидот за посебно кривично дело, казниво со доживотна затворска казна. Законот беше усвоен на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жени, а Италија стана една од ретките земји што го признава ова злосторство како засебна категорија. Во рамките на Европската Унија, ваков закон постои само во Хрватска, Кипар и Малта.Паралелно со истрагата, се отвори и сериозна дебата околу третманот што Муслија требало да го помине во едногодишниот Центар за машки сторители на насилство. Тој имал обврска да посетува состаноци на секои две недели – вкупно 60 часа – како дел од спогодбата со судот за претходните напади врз сопругата. Меѓутоа, неговиот адвокат Антонио Гаљарди тврди дека „немало слободни места“ во институцијата задолжена да го води процесот.Главната државна обвинителка во Анкона, Моника Гарули, остро ја критикува институционалната реакција, оценијајќи дека случајот „остава горчлив вкус“:„Не можат сите случаи на насилство да се третираат на ист начин. Овој случај бараше брза постапка, но тоа не се случи“, изјави таа.Дополнителни критики упати и Центарот против насилство во Анкона, кој преку претседателката Роберта Монтеново побара воведување прецизни механизми за проценка на ризик:„Мора да се процени опасноста од ескалација на насилство. Чекањето на ‘патека за рехабилитација’ не смее да биде изговор за неделување. Потребни се конкретни мерки за заштита.“Трагедијата го отвора прашањето за пропустите на системот, за доцните институционални реакции и за тоа дали фемицидот може да се спречи со навремено препознавање на опасноста.

Свет | пред 2 месеци

gaza-glad

Ал Џезира: Повеќе од 367 убиени во Газа за време на важечкиот мировен договор

Израелските сили продолжуваат со смртоносните напади низ Појасот Газа, иако мировниот договор за прекин на огнот е формално на сила 58 дена. Според извештаите на Ал Џезира, во периодот од 10 октомври до денес загинале најмалку 367 лица, а ранети се 950 жители на Газа.Во овој временски период се пронајдени и дополнителни 624 тела под урнатини – жртви кои биле затрупани за време на офанзивите на израелската војска врз територијата контролирана од Хамас.Од почетокот на војната, во октомври 2023 година, бројките на страдања драматично растат. Според Ал Џезира, израелските сили досега усмртија најмалку 70.354 лица, додека 171.030 се повредени.И покрај меѓународните апели за траен прекин на огнот и воспоставување хуманитарни коридори, во Газа продолжува еден од најтешките периоди од почетокот на конфликтот, со секојдневни извештаи за жртви, уништена инфраструктура и длабока хуманитарна криза.

Свет | пред 2 месеци

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Украина нема да се откаже од територии – на коцка е иднината на Европа, вели украинскиот командат на армијата

Откажувањето од украинска територија во било каков мировен договор со Русија е целосно неприфатливо – ова јасно го порача генерал Александар Сирски, командантот на украинските вооружени сили, во ексклузивно интервју за Sky News. Тој предупреди дека Москва ги користи мировните иницијативи, поддржани и од САД, само како „параван“ зад кој продолжува да се обидува со сила да освои нови позиции на фронтот.„Нашата основна мисија е да ја браниме нашата земја, нашиот народ и нашата територијална целина,“ изјави Сирски од импровизираниот команден центар на источниот фронт. „За нас е апсолутно невозможно само да се откажеме од делови од нашата држава. Што значи тоа? Да ја предадеме земјата за која се бориме?“Генералот нагласи дека секоја војна завршува, но дека единствен прифатлив исход е праведен мир – мир без услови и без територијални компромиси.„Праведен мир значи запирање на линијата на фронтот таму каде што се наоѓа денес. Нема откажување од територии,“ истакна тој.На прашањето што би се случило доколку новата администрација во Вашингтон, предводена од Доналд Трамп, ја прекине воената поддршка, Сирски одговори дека Украина длабоко ја цени американската помош, но дека се подготвува и за алтернативи.„Се надеваме дека САД ќе продолжат со поддршка. Но ако не, очекуваме европските партнери да ја преземат улогата на главни носители на помошта,“ рече тој. „Ние не ја браниме само Украина, туку цела Европа. Ако нè нема нас, некој друг ќе мора да се брани на европско тло.“Сирски даде и преглед на состојбата на боиштата.Украинските сили контролираат дел од Покровск, а борбите продолжуваат околу Купјанск, Лиман и Хуљајполе. Русија секојдневно истрелува 4.000 до 5.000 дронови-камикази и уште до 2.000 дронови со фрлање бомби.Украина, пак, одговорила со приближно ист интензитет, па генерал Сирски оцени дека во сегментот на дронови постои „приближен паритет“.Тој додаде дека повеќе од 710.000 руски војници се распоредени по должината на фронтот, долг околу 1.255 километри, и дека руските загуби достигнуваат од 1.000 до 1.100 војници дневно – најголемиот дел загинати.„Нашата стратегија е јасна: да ја исцрпиме руската армија, да спречиме пробиви, да го задржиме територијалниот интегритет и да нанесуваме удари во нивната позадина и на руска територија, каде што е можно,“ рече Сирски.Тој подвлече дека руската војска се обидува да напредува по целата линија на фронтот, но дека украинската страна се прилагодува со комбинација од дефанзивни и ограничени офанзивни операции.Сирски со силна порака заврши:„Судбината на Европа е на коцка. Ако Украина падне, Европа ќе биде следната што ќе мора да се брани.“

Свет | пред 2 месеци

media-libraryhkb0c9l0m9i68L9KYiC

(Видео) „Дали судницата стана сцена за поезија?“, прашуваат родителите на загинатите деца во „Пулс“ по воведните говори на обвинетите

Со неизмерна болка на лицата, родителите на 63-те млади жртви од кочанската дискотека „Пулс“ повторно маршираа низ градот. Родителите прашуваат: дали судницата се претвори во „Струшки вечери на поезијата“? Дали зборовите, вештите интерпретации и правните конструкции треба да ја покријат смртта на нивните деца?Велат, две рочишта по ред гледаат исто сценарио: префрлање на одговорноста, бегство од фактите, избегнување на вина.„Гледаме како сите ја префрлаат топката еден на друг, а никој не застанува исправено пред вистината. Како е можно денес сите да се ненадлежни, а децата да се мртви?“, рече Александар Наунов, татко на загинатата Надица.Маршот, велат родителите, не е против државата туку за државата конечно да почне да функционира. За да се слушне гласот на нивните деца, кои повеќе не можат да зборуваат.Наунов нагласи дека протестот е крик за правда што ќе продолжи да одекнува:„Не се откажуваме. Нема да молчиме. Ќе бидеме тука на секое рочиште и на секој протест, сè додека правдата не победи. Овој марш е за нашите деца, за нивните згаснати животи, за иднината на сите деца во оваа држава.“Тој потсети дека Обвинителството располага со над 200 гигабајти доказен материјал – снимки, разговори, анализи, вештачења.„Тоа не се празни зборови, тоа се факти“, рече.Но и покрај тоа, одбраната продолжува да тврди дека никој не е виновен, а дел од обвинетите изјавуваат дека „не знаеле“ за постоењето на дискотеката.Судењето започна на 19 ноември. На последното рочиште сите 35 обвинети се изјаснија за невини.Следното рочиште е закажано за 10 декември, а ден претходно, на 9 декември, во Собранието повторно треба да заседава Анкетната комисија, која треба да ги утврди системските пропусти што довеле до трагедијата.Родителите повторија:„Не бараме одмазда. Не бараме крв. Бараме само едно – правда.“

Македонија | пред 2 месеци

media-library2ifusclsdgrd7rOLJfI

(Видео) Македонскиот бoрец неприкосновен: седми триумф на Славески во БКФЦ, технички нокаут за 94 секунди

Македонскиот борец Горјан Гого Славески стигна до својот седми триумф во БКФЦ (бокс со голи раце), откако го совлада Џа Фар Форт со технички нокаут уште во првата рунда. Борбата траеше само една минута и 34 секунди, а Славески уште еднаш ја потврди репутацијата на еден од најдоминантните борци во организацијата.Славески ја отвори борбата агресивно, преземајќи иницијатива од самиот старт. Интензитетот на ударите го натера судијата дури четири пати да ја прекине рундата, пред конечно да процени дека Форт не е способен да продолжи.Со оваа победа, Славески го подобри својот скор на седум победи и еден пораз, а како поранешен шампион повторно испраќа јасна порака дека е подготвен да се бори за нова титула. Неговата доминација во рингот, експлозивниот стил и убедливите завршници го позиционираат како еден од најопасните борци во БКФЦ.

Настани | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Националните паркови во САД го додадоа роденденот на Трамп како ден со бесплатен влез

Националната служба за паркови на Соединетите Американски Држави го додаде роденденот на актуелниот претседател Доналд Трамп – 14 јуни – на списокот на денови кога националните паркови може да се посетат без плаќање влезница. Истовремено, истиот датум се совпаѓа и со одбележувањето на Денот на знамето.Според измените што ги соопшти Националната служба, новата листа на денови со бесплатен влез повеќе не ги вклучува Денот на Мартин Лутер Кинг Помладиот и Денот на националната независност – Џунтинт, кој се празнува на 19 јуни како спомен на укинувањето на ропството во САД.Овие промени доаѓаат само неколку недели по одлуката на администрацијата на Трамп да ги зголеми надоместоците за посетители што не се американски државјани или постојани жители, пренесува CBS News.Претходната администрација на Џозеф Бајден ги прогласи Денот на Мартин Лутер Кинг Помладиот и Џунтинт за датуми кога националните паркови се посетуваат без надомест, како дел од политиките за проширување на пристапот и одбележување на значајни датуми од американската историја.Новата промена предизвика реакции во јавноста, особено поради укинувањето на двата датуми што имаат силна историска и граѓанска симболика.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryfurrth0lpejo4qp4sOG

Русија пријави масивен украински напад со дронови

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противавионските сили во текот на изминатата ноќ пресретнале и уништиле 77 украински беспилотни летала над неколку руски региони.„Дежурните системи на противвоздушната одбрана пресретнаа и уништија 77 украински дронови“, стои во соопштението што го пренесоа руските медиуми.Според истите информации, во Саратовската област биле уништени 42 дронови, додека во Ростовската област биле соборени уште 12.Нема информации за евентуални жртви или материјална штета, а руските власти не соопштија дополнителни детали за нападите.

Свет | пред 2 месеци

media-library8s23g2pfhvms01TtSdi

Трагедија во Алжир: 14 загинати и десетици повредени во превртен автобус

Четиринаесет лица загинаа, а триесет и четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа кога автобус со патници се преврте на релацијата меѓу Бешар и Тиндуф, во крајниот југ на Алжир, соопштија локалните служби за цивилна заштита.Несреќата се случила во градот Тебелбала, околу 400 километри јужно од Бешар. На фотографиите што ги објавија локалните медиуми се гледа автобус превртен на покрив покрај патот, со значителни оштетувања на каросеријата.Претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебун, изрази длабока жал за трагедијата и упати искрено сочувство до семејствата на загинатите.Причините за несреќата засега не се познати, а надлежните служби спроведуваат истрага за да го утврдат точниот тек на настанот.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања