„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Кристијан Ландов

28122019_VRSM_Zaev_Angjusev_Dura

(Видео) Ќе го испита ли тимот на Заев и Венко случајот кога Анѓушев ги градеше модуларните, а една се запали и загинаа 14 лица?, прашува Манасиевски

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, остро реагираше на обвинувањата на СДСМ дека директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, е поврзан со фирма која добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра. Според Манасиевски, станува збор за „конструкции и дезинформации“, а партијата „се обидува да создаде скандал каде што нема никаква основа“.„Тимот за одбрана на криминалот на Заев и Филипче мисли дека открил Америка. Големото откритие е дека Томовски е донатор на ВМРО-ДПМНЕ – како и илјадници други – и тоа е јавно достапен податок. Каде е криминалот? Го нема“, изјави Манасиевски.Тој додаде дека СДСМ треба да ги проверува информациите со стручни лица, а не „текстовите да им ги пишува Зоран Заев од Дубаи“.Манасиевски ги посочи, како што рече, „трите лаги на СДСМ“:Прво, дека фирмата не е сопственост на Томовски и дека тој нема никакви приходи или врска со нејзиното работење.Второ, дека телефонскиот број што го користи компанијата не е нејзин единствен контакт, а бројот што се споменува е личен број на Томовски кој го користи со години.Трето, дека донациите на Томовски не претставуваат никаква незаконитост, бидејќи станува збор за јавно пријавени уплати.„Во сите три случаи се потврдува дека СДСМ лаже“, рече Манасиевски.Тој возврати со обвинување дека вистинските нерешени случаи не се кај ВМРО-ДПМНЕ, туку кај нивните политички противници.„Е сега кога сме кај криминалот, го прашуваме Венко дали не е криминал тоа што додека тој е министер, негов министер и колега вицепремиерот Кочо Анѓушев му ги градеше модуларните болници од кои една се запали и загинаа 14 наши сограѓани? Кога тимот за одбрана на криминалот на Венко и Заев ќе го испита овој случај? Тоа треба да одговорат!“, рече Манасиевски.

Настани | пред 2 месеци

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Сообраќајка во Охрид: Повредена жена по судир со службено возило на МВР

Министерството за внатрешни работи информира дека на 7 декември 2025 година, во 09:40 часот, во СВР Охрид била пријавена сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу улиците „7 Ноември“ и „Васил Главинов“.Во несреќата учествувале патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од селото Лескоец, и службено возило „шкода јети“ сопственост на МВР, со кое управувал полицискиот службеник Н.И. (26).При судирот, со телесни повреди се здобила Л.Т., а повредите биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид, која работи на утврдување на причините за несреќата.

Охрид | пред 2 месеци

kola-grcija

Инцидент во беровско: Женa со ‘хјундаи’ прво удрила пешак, потоа нападнала со остар предмет

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изминатата ноќ во село Будинарци, беровско, бил пријавен сериозен инцидент во кој учествувала 52-годишна жена од селото Возарци, кавадаречко.Според пријавата во ОВР Берово, дадена во 00:40 часот на 8 декември, М.М., управувајќи патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, удрила во 38-годишниот Д.Г. од селото Митрашинци, кој стоел пред угостителски објект заедно со 24-годишниот Ѓ.Ч., исто така од Митрашинци.По ударот, жената излегла од автомобилот и со остар предмет тргнала кон Ѓ.Ч., а потоа физички го нападнала и Д.Г. По инцидентот, таа го напуштила местото заедно со лице кое се наоѓало со неа во возилото.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите околности поврзани со нападот.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Напади во Аеродром, Гази Баба, Бит Пазар и Сарај: жена го пријавила синот, скопјанец натепан во казино

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие биле пријавени повеќе случаи на физички напади на различни локации во Скопје и околината.61-годишна жена од скопско пријавила дека во семејниот дом била нападната од својот син, кој користел и тврд предмет. Полицијата работи на расчистување на случајот.Во СВР Скопје, во 20:00 часот, 33-годишен жител на Арачиново пријавил дека бил нападнат пред угостителски објект во Гази Баба од едно лице и уште еден сторител. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.На подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода 26-годишен скопјанец по пријава на неговата партнерка дека околу 15:00 часот физички ја нападнал. И во овој случај, по документирањето ќе следува поднесок.Рано утрово, во 04:00 часот, 34-годишен жител на Сарај пријавил дека околу 03:30 часот бил нападнат со тврд предмет од лице од селото Љубин. И за оваа пријава се преземаат мерки за расчистување.Дополнително, вчера во 14:05 часот, 66-годишен скопјанец пријавил дека бил нападнат во казино во Кисела Вода. Полицијата работи на идентификација на сторителот.Во 14:00 часот била примена и пријава од 43-годишен скопјанец кој околу 07:00 часот бил нападнат на подрачјето на Карпош по претходна расправија.Полицијата информира дека за сите случаи се преземаат мерки за утврдување на фактите и идентификација на сторителите.

Македонија | пред 2 месеци

media-library0raq8fvkpl8j4WzsDbW

Руски научници: Ретка црна дамка забележана по голема експлозија на Сонцето

Научниците од Лабораторијата за соларна астрономија при рускиот Институт за вселенски истражувања (ИКИ) соопштија дека минатата ноќ на Сонцето е забележана ретка црна дамка, формирана по силна експлозија на водород. Како што информираат, појавата е регистрирана околу полноќ по московско време.Според описот на институтот, експлозијата се проширила по сончевата површина со пречник од околу еден милион километри, создавајќи темна зона која јасно се издвојувала на набљудувањата. Овие феномени се релативно ретки и претставуваат значајни настани за научниците што ги следат активностите на Сонцето.Сончевите дамки, појаснуваат од ИКИ, се класифицираат според јачината на рендгенското зрачење што го емитуваат. Постојат пет категории – A, B, C, M и X – при што X претставува најмоќна форма на соларна активност.

Магазин | пред 2 месеци

media-library77614r3so4gffLZss0S

Поранешен американски амбасадор: Трамп сака Европа да го преземе водството во односите со Русија

Поранешниот американски амбасадор во Европската унија, Гордон Сондланд, изјави дека Доналд Трамп очекува Европа во иднина да го преземе водството во односите со Русија, додека САД би играле поддржувачка улога. Во гостување на BBC Radio 4, Сондланд оцени дека овој пристап е дел од насоката во која се движи американскиот претседател.„САД можат да застанат зад Европа и да обезбедат поддршка, но Европа е таа што треба да биде на чело. Тоа е насоката во која оди Доналд Трамп“, изјави Сондланд.Тој смета дека продолжување со досегашниот модел – во кој САД самостојно комуницираат со Русија, вршат притисок врз Владимир Путин и се закануваат со мерки доколку Москва не ги прифати нивните барања – би значело дека Вашингтон повторно би се нашол во позиција директно да се соочува со рускиот режим, додека Европа останува на страна.„Ако Путин не се согласи со нашите барања, САД би биле тие што би влегле во конфликт, а Европа би гледала однадвор. Тоа не е она што Трамп сака да го направи овој пат“, додаде поранешниот амбасадор.Изјавата доаѓа во период на засилени дебати околу европската безбедност и односите со Русија, во услови на продолжена нестабилност по војната во Украина.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqp3ap208ucks3NmFLkp

Кузеска: Семејната фирма добила 161 тендер, а Томовски е голем донатор на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска упати сериозни обвинувања за, како што го нарекува, „скандалот со семејната фирма“ поврзана со Ивица Томовски – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, која добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра.Кузеска обвини дека Томовски интензивно се обидува да се дистанцира од фирмата, иако во неа учествуваат негови блиски роднини – таткото Витомир, роднината Кутановски, зетот, внукот, а како контакт телефон е наведен број кој му припаѓа токму на Томовски.„Затоа е нервозата? Затоа што се фатени живи“, рече Кузеска, нагласувајќи дека моделот на поврзаност е јасен и документиран.СДСМ тврди дека следејќи го „трагот на парите“ откриле дека Томовски е редовен донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, во 2021 година Томовски донирал 8.000 евра, а во повеќе наврати уплатувал суми од 499.700 денари, 100.000 денари, 70.000 денари и 100.000 денари. Додаваат дека како донатор се јавува и неговиот зет, Кутановски.„Семејна фирма, семејни донации. Сè е јасно. Вака парите завршуваат во белата палата“, изјави Кузеска.Од партијата бараат Државната комисија за спречување корупција и Јавното обвинителство да покренат истрага за можен конфликт на интерес и корупција во врвот на владата на Мицкоски.„Крадењето на народот мора да престане, а одговорност мора да има. Работата не е завршена“, порача СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

Орце Ѓорѓиевски „сели” дел од администрацијата од Кисела Вода во Град Скопје

Со одлука за преземање, радоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски одлучи својот тим да го зајакне со 12 лица со кои работел додека беше градоначалник на Кисела Вода.Иако е вообичаено кај нас секој функционер да доаѓа со тим во кој има доверба, сепак сите 12 лица доаѓаат од исто место, а меѓу нив има тројца раководители на сектори: за животна средина, сообраќај и поодршка на Кабинет:четворица помошници на раководители: урбанистичко планирање, поддршка на здруженија и граѓани, поддршка на градоначалникот и општи работи. Меѓу преземените ќе има и двајца возачи, од кои едниот ќе биде за претседателот на Советот и секретарот на градот, потоа двајца инспектори и еден референт за документација.Градот се уште нема нов секретар, но според прописите, најверојатно тоа ќе биде еден од преземените, бидејќи секретарот доаѓа од редовите на администрацијата.Финансиски средства за овие 12 трајни преземања на вработени, како што е наведено во предлог одлуката, се предвидени во Буџетот на Град Скопје за 2025 година.За одлуката советниците ќе се изјаснат во среда, но со оглед на мнозинството кое го има ВМРО-ДПМНЕ, потпомогнато од ВРЕДИ и ЗНАМ нема да има проблеми одлуката да помине. Нејасно е што со административците кои до сега ја извршуваа функцијата, дали ќе бидат распределени на други места.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymu8c9qpk730v8sqGf4p

Авион од линијата Приштина – Истанбул излета од такси-патека на аеродромот

Авион од линијата Приштина – Истанбул, по слетувањето на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Турција, излета од патеката и застана на крајот од пистата. Според информациите на Амбасадата на Косово во Турција, во инцидентот нема повредени патници.Во соопштението се наведува дека авионот од типот Boeing 737-800, опериран од компанијата AJet, по редовниот лет TKJ76Q / VF102, излетал од патеката веднаш по слетувањето. Сите патници биле евакуирани безбедно преку надворешни скали, без употреба на итните лизгалки. Ниту еден патник не побарал медицинска помош, а сите уредно го напуштиле аеродромот и продолжиле кон своите дестинации.Компанијата AJet во својата изјава појасни дека авионот регуларно слетал, но при движењето по такси-патеката завршил на помека земјена површина, што се поврзува со обилните дождови што го зафатиле регионот.Инцидентот не го нарушил воздушниот сообраќај на аеродромот и не предизвикал дополнителни проблеми за патниците.

Свет | пред 2 месеци

media-library7mabd6seg630b0nFEeA

(Видео) Затворот ми е докторат на државна сметка, не е болка затоврската средина туку пропуштените можности надвор, вели затвореникот Делов

Коста Делов, затвореник во КПУ Штип и осуден за обид за убиство на Зијадин Села, во интервју за „Претрес со Ландов“ проговори отворено за својата состојба, за изгубените години и за предизвиците на животот зад решетки.Тој призна дека најголемата болка не е затворската средина, туку пропуштените можности надвор. Според него, ѕидовите не се најстрашни – најтешко е чувството дека животот продолжил без него.„Скоро сите мои пријатели и пријателки се со семејства, со кариера. Јас каде сум?“ вели Делов.Голем дел од времето го минува во читање и самообразование. На шега говорел дека затворот му станал „магистратура и докторат на државна сметка“, а уште во притвор почнал да чита класична литература.Делов откри и дека во затворските услови човек тешко може да зачува здрав дух ако не избере внимателно со кого се дружи. Контактира само со мал, одбран круг на луѓе и смета дека тоа е единствениот начин да остане психички стабилен.Разговорот со Делов ја отвора сликата за внатрешната борба на човек кој се соочува со последиците од сопствените постапки, но и со тешката реалност на затворскиот живот, во кој – како што истакнува – најголемата загуба е времето што не може да се врати.Цел разговор:

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryak9kogt3gu5n2t6ybGG

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ создава лажен скандал со дезинформации и политички конструкции

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на обвинувањата од СДСМ поврзани со случајот со фирмата која добила државни тендери, оценувајќи дека опозициската партија повторно користи политички конструкции и дезинформации без да понуди конкретни докази за било каков прекршок.Во реакцијата се наведува дека, согласно фактите, Игор Томовски нема надлежност и не учествува во постапки за јавни набавки, ниту има донесено службени одлуки што би можеле да се поврзат со тендери. Според партијата, станува збор за јасно проверлива состојба која ја демантира тезата на СДСМ.„Кога нема факти, СДСМ се обидува да создаде лажен скандал со интерпретации и класични дезинформации“, стои во реакцијата. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ваквата стратегија можеби имала одреден ефект во минатото, но денес граѓаните очекуваат аргументи, а не инсинуации.Понатаму се додава дека одговорност не може да се гради со политичка врева, туку единствено со јасни и недвосмислени докази.„Ако СДСМ има доказ, нека го објави. Ако нема, нека престане со злоупотреба на термините ‘корупција’ и ‘скандал’ за дневно-политички напади и прикривање на сопствените криминали“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryt3bsdf28a096cYkbBon

Сиљановска-Давкова со честитка за Свети Климент: Да ги обновиме вредностите што ја одржуваат заедницата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до верниците од православна вероисповед по повод државниот празник Свети Климент Охридски, нагласувајќи дека се чествува ликот и делото на најголемиот македонски просветител и верен ученик на Светите Кирил и Методиј.Во честитката се истакнува дека споменот за Свети Климент е длабоко врежан не само во македонската, туку и во колективната меморија на целото словенство. Неговото име, како што посочува претседателката, денес го носат бројни образовни, научни и културни установи, а ликот му ги краси православните храмови ширум земјата.Најголемото наследство на Свети Климент, се вели во честитката, се писменоста и вредностите што им овозможиле на луѓето да ги разберат книгите и себеси, како и одговорноста што ја имаат не само за сопствените животи, туку и за животот на заедницата. Под негово водство, нашите краишта преминале од политичка периферија во значаен образовен и духовен центар, со Охрид како престолнина на просветителската мисла.Сиљановска-Давкова потсетува дека Охридската книжевна школа и духовното творештво оставиле траен белег врз европската цивилизација, надживувајќи империи и системи поради својата непрекинлива вредност и човечка универзалност.Празникот, додава таа, е можност да се преиспита колку од вредностите на Свети Климент – милост, смирение, взаемна помош и разбирање – се препознаваат во современиот живот. Пред македонското општество, како што наведува, стои голема задача: повторно да се изградат доблестите што ја одржуваат заедницата и да се создаде заедничка цел што ќе ги надмине поделбите.Во честитката се подвлекува потребата од владеење на правото, борба против корупцијата, социјална правда и заемна грижа како темели за обновување на општествениот договор меѓу слободни и еднакви граѓани.„Нека пораката на Свети Климент за смирение, милост, знаење и заедништво биде инспирација да ја изградиме Македонија како пристојно, праведно и достоинствено место за живеење“, порача претседателката.

Македонија | пред 2 месеци

media-library733l7eiofjshe9b3UlD

Власта ги брка младите од Македонија додека преговара за прием на мигранти, вели СДСМ

СДСМ ја обвини владата на Христијан Мицкоски дека со своите политики ја изолира Македонија, ја претвора во „црна точка“ на Европа и го забрзува иселувањето на младите. Според партијата, додека земјата се соочува со криминал, корупција и пад на животниот стандард, власта тајно преговара за прием на мигранти.Од СДСМ посочуваат дека европските транспортни коридори ја заобиколуваат Македонија, сиромаштијата расте, граѓаните имаат сè помалку пари, а младите сè почесто заминуваат во странство. Во такви услови, велат од опозицијата, Владата води разговори за враќање и трајно сместување мигранти во земјата.Партијата нагласува дека бројни британски медиуми веќе известиле за овие разговори, додека, како што велат, македонската влада се обидува да го ублажи скандалот. Според аналитичари во Обединетото Кралство, Македонија се споменува како можен домаќин на дел од мигрантите, што би подразбирало нивно трајно сместување, интеграција, домување и вработување.„Не може младите да си заминуваат, а власта да преговара за носење мигранти“, реагираат од СДСМ, оценувајќи ги овие политики како опасни и штетни за државата.Од партијата порачаа дека со целиот свој капацитет ќе се спротивстават на ваквите планови и ги повикаа граѓаните, невладините организации и целото општество да кажат „не“ на, како што велат, антидржавните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.„За Македонија се работи – работата не е завршена“, стои во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrg82p2kr0r3h8Gkd5X7

Исчезна 48-годишен велешанец: Полицијата и семејството трагаат по Стојанче Клифов, се бара помош од јавноста

Полицијата и семејството на велешанецот Стојанче Клифов (48) интензивно трагаат по него, откако околу полноќ во сабота кон недела му се изгубила секоја трага. Неговото исчезнување предизвика голема вознемиреност во Велес, а блиските апелираат до граѓаните да помогнат со каква било информација.Неговата сестра Наташа за „Викимедиа“ изјави дека Стојанче живеел со родителите и никогаш досега не се случило да замине без да каже каде оди. Како што вели, овој пат излегол ненадејно и неочекувано, без да остави каков било траг,Според досега собраните информации, Стојанче излегол околу полноќ, а последен пат бил виден во такси-возило кое го оставило во близина на маркетот „Жито“. Со себе го имал мобилниот телефон, но веднаш по излегувањето од возилото сигналот му се изгубил.Сестрата наведува дека станува збор за крупен човек, висок околу 1,83 метри. Семејството е вознемирено и порачува дека секој детал може да биде пресуден за откривање на неговата местоположба.За сите информации што можат да помогнат, отворен е контакт број: 076 226 323.Денес семејството заедно со родителите официјално го пријавило исчезнувањето во полициската станица, а потрагата е во тек.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynbsgr5oe8ol881HSycf

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави стратегијата ‘Македонија 2030’ – шест стожери за стабилна и современа држава

ВМРО-ДПМНЕ на својот 18. конгрес усвои нов стратешки документ за развој на државата во следната деценија, под називот „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“. Според партијата, оваа стратегија претставува јасно определување за долгорочен државен развој и ја позиционира ВМРО-ДПМНЕ како политичка сила подготвена да преземе државничка одговорност.Во образложението на документот се наведува дека државата мора да излезе од цикличните импровизации и краткорочните мерки, а да воведе систем на управување кој се темели на силни институции, конкурентна економија и вредносно стабилно општество. Стратегијата опфаќа нови области што, според партијата, ја подготвуваат Македонија за иднината – национална стратегија за вештачка интелигенција, политики за сајбер-безбедност, геоекономска дипломатија и создавање државен инвестициски Фонд за иднината кој ќе поддржува технологии, иновации и научни истражувања.Главната цел, според документот, е до 2030 година Македонија да стане држава со институционална зрелост, економска сила и стабилност во која идентитетот не се условува, туку се почитува.Стратегијата опфаќа шест клучни стожери:Првиот се однесува на националната безбедност – модерна армија, развиена сајбер-заштита и систем за справување со хибридни закани.Вториот стожер е економската конкурентност, со нагласок на создавање економија заснована на знаење, технологија и иновации, промена на моделот на евтина работна сила, поддршка за домашните компании, стабилни даноци и зелена енергетска транзиција.Третиот стожер е правната држава – независно судство, департизирана администрација и механизми за системска борба против корупцијата, особено преку дигитализација.Четвртиот стожер се демографските политики, со акцент на поддрška за младите, програми за поврат на дијаспората и подобра грижа за постарите лица.Петтиот стожер ја опфаќа европската интеграција и надворешната политика, заснована на партнерства со јасно дефинирани позиции – поддршка за европскиот пат, но без условувања кои го допираат идентитетот и достоинството на државата.Шестиот стожер ги опфаќа образованието, културата и националниот идентитет, со вложување во модерни учебни програми, дигитални кампуси, научни проекти и заштита на македонскиот јазик и културното наследство.Од партијата порачуваат дека „Македонија знае, може и мора многу повеќе“, а новата стратегија ја претставуваат како визија за стабилна, современа и европски ориентирана држава.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydetmln4o4ufe4zalJmc

Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата, вели СДСМ за Томовски

СДСМ остро реагираше на изјавите на директорот на СОЗР, Ивица Томовски по откривањето дека фирма поврзана со негови блиски членови на семејството добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра. Од партијата оценија дека неговиот обид да се дистанцира од случајот изгледа како „бегство од сопствената сенка“.Од СДСМ велат дека изјавите на Томовски може да се сведат на една реченица: бројот е негов, таткото е негов, зетот и внукот се негови, „сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата“. Според опозициската партија, ваквата реакција само ја потврдува сериозноста на сомнежите за конфликт на интерес.„Фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени. Не е време за правдање, туку за одговорност“, соопшти СДСМ, додавајќи дека ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори постапка за можен конфликт на интерес и корупција во врвот на владата на Мицкоски.Од партијата порачаа дека случајот не е затворен и дека јавноста има право да добие прецизни одговори за критериумите и начинот на кој биле доделувани тендерите.

Македонија | пред 2 месеци

Tajland-FB

По нарушено примирје: нови судири и воздушни напади меѓу Тајланд и Камбоџа

Тајланд денес започна воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, откако двете земји меѓусебно се обвинија за прекршување на договорот за прекин на огнот, постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.Според соопштението на тајландската војска, нападите биле извршени по загинувањето на еден тајландски војник и ранувањето на уште четворица во престрелки долж нестабилниот пограничен појас меѓу двете држави, пренесува „Гардијан“.Тајландското воено воздухопловство потврди дека користи борбени авиони за напади врз воени цели во неколку области, обвинувајќи ја Камбоџа дека мобилизира тешко вооружување и ги прегрупира своите борбени единици.Инцидентот претставува нова ескалација во долготрајните тензии меѓу двете земји, чија граница во повеќе наврати била причина за судири, дипломатски кризи и вооружени инциденти.

Свет | пред 2 месеци

media-librarypdqmjmm54jdt8yYUqY3

Истекување вода во Лувр: оштетени стотици предмети од египетскиот оддел

Во прочуениот париски музеј Лувр дошло до истекување вода, при што беа оштетени неколку стотици предмети од египетскиот оддел. Инцидентот се случил само неколку недели по кражбата на скапоцен накит, што повторно ги отвори прашањата за безбедноста и застарената инфраструктура на музејот, пренесува весникот „Гардијан“.Заменик-директорот на музејот, Франсис Штајмбок, потврди дека се оштетени меѓу 300 и 400 дела. Станува збор за египтологски списанија и научна документација што редовно ја користат истражувачите. Овие материјали, кои датираат од крајот на 19. и почетокот на 20. век, се оценети како „многу корисни“, но не и незаменливи. Штајмбок нагласи дека ниту еден историски артефакт не е погоден и дека засега нема неповратни штети.Музејот отвори внатрешна истрага. Како причина за инцидентот се наведува случајно отворање на вентил од системот за греење и вентилација, по што водата продрела низ таванот во крилото Молијен, каде се чувала документацијата. Раководството на Лувр предупреди дека системот е целосно застарен и дека е планирано негово целосно заменување дури во септември 2026 година.Инцидентот доаѓа во период кога вниманието веќе е насочено кон безбедносните слабости на музејот. Во октомври беше украден накит вреден 102 милиони долари. Бандата која стои зад кражбата успеа за само седум минути, среде ден, да изнесе драгоцености – настан што предизвика голема загриженост во јавноста.Оштетените дела ќе бидат исушени, испратени на реставрација и потоа повторно ќе се вратат во архивските простории. За да обезбеди средства за неопходните обнови, управата на Лувр најави значително зголемување на цените на влезниците. Посетителите од земји надвор од Европската унија, вклучувајќи ги оние од САД, Велика Британија и Кина, ќе плаќаат 32 евра, што претставува зголемување од 45 проценти.Музејот очекува на овој начин да ги зголеми годишните приходи за околу 23 милиони долари. Лувр во 2024 година го посетиле 8,7 милиони лица, од кои 69 проценти биле странски туристи.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryctm4ivduqu6geHxXNBP

Што треба да направите денеска: Се слави споменот на Свети Климент Охридски

Според календарот на МПЦ, денес се празнува еден од најголемите духовни столбови на нашиот народ – Свети Климент Охридски – Чудотворец, патронот на Охрид и просветителот кој го остави најдлабокиот траг во македонската духовност и култура.Овој огромен светител, ученик на Светите Кирил и Методиј, низ вековите бил познат како човек кој ги лечел болните, ги подигнувал духот на луѓето и го ширел словото Божјо меѓу целиот народ. Неговите чуда, раскажувани од генерации, и денес будат почит и трепет.Се верува дека токму на овој ден неговата благодат е најсилна, а молитвите најбрзо се слушаат.Еве што треба да направите денеска:Посетете црква – Дури и ако само накратко, отидете до најблискиот храм.Запалете свеќа за здравје, за себе, за семејството, за сите што ги сакате.Помолете се искрено – се вели дека Свети Климент особено ги слуша оние што му се обраќаат со чисто срце.Кажете благодарам – овој светител важи за чувар на домот и народот, па многумина токму утре изговараат благодарствени молитви.Денот на Свети Климент не е само празник – тоа е потсетник на нашите корени, верата, писменоста и духовната сила која со векови нè држи обединети.Многу семејства веруваат дека ако човек искрено се помоли утре, годинава ќе ја помине со мир, сила и заштита.Именден слават: Климент, Климе, Климентина…

Охрид | пред 2 месеци

1d4ab88b-1cdc-4d3a-b0a4-af5eadecf9bd

Полска се подготвува за најлошото: страв од нов судир и државна обука за преживување

Полска сè поотворено се подготвува за можни безбедносни закани од исток, а чувството дека опасноста од војна е реална и присутна е сè пораспространето меѓу населението. Инвазијата врз Украина во 2022 година, честите упади на дронови во полскиот воздушен простор и серијата саботажи поврзани со руските тајни служби создадоа атмосфера на постојано предупредување, пишува „Гардијан“.Цезари Прушко, 60-годишен Полјак, и натаму ги памети часовите по цивилна заштита од времето на комунистичка Полска. Тие, вели тој, биле дел од секојдневието, исто како и чувството дека војната може да се случи во секој миг. Оваа сабота, многу години подоцна, повторно ги обновува истите вештини – читање карти, користење заштитна опрема, палење оган – заедно со десетици граѓани во воена база крај Варшава. Обуката е дел од нов државен проект што до 2027 година треба да опфати 400.000 лица, од ученици до пензионери.„Живееме во најопасниот период по Втората светска војна“, изјави полскиот министер за одбрана Владислав Косиниак-Камиш, нагласувајќи дека секој граѓанин треба да знае како да се снајде во криза. Владата веќе го зголеми буџетот за одбрана на 4,8 проценти од бруто домашниот производ – далеку над просекот на останатите земји членки на НАТО. Се обновуваат стари засолништа, а новите објекти мора задолжително да имаат безбедносни простории. Полска започна и изградба на таканаречениот „источен штит“ долж границата со Белорусија и руската ексклава Калињинград.На неколку километри од белоруската граница, бригадниот генерал Роман Брудло од 9. оклопна бригада вели дека руската агресија врз Украина целосно ја променила безбедносната слика. „Мирното време заврши. Живееме во тежок и непредвидлив период“, истакна тој. Според Брудло, руските напади во иднина најверојатно ќе бидат хибридни – саботажи, дезинформации, притисоци – а не класичен напад со тенкови и војска.Капетан Карол Франковски раскажува за летните НАТО-вежби во Германија, каде неговиот тим учествувал во симулација на хибриден напад. „Моравме да реагираме како да е прогласена вонредна состојба, да комуницираме со граѓани, медиуми, локални власти“, објасни тој. Една од хибридните тактики, велат полските офицери, е насочување илегални миграции преку Белорусија, поради што бригадата секојдневно патролира со граничната служба.Мигрантската криза останува силна точка на поделба во Полска. Иако новата прогресивна влада на Доналд Туск ги критикуваше строгите мерки на претходната администрација, фокусот на заканата од Русија направи многу либерали да ги поддржат истите политики.Додека државата ги зацврстува границите, жителите во близина на Калињинград се обидуваат да живеат мирно. Пјотр Бартосјук, директор на средно училиште, смета дека неговиот град е помалку изложен од Варшава.„НАТО ни дава сигурност“, вели тој, уверувајќи дека Русија нема да ги нападне. Но младите, како 15-годишната Корнелија Бржежинска, се подготвени на сè. Таа учи во воено одделение и сака да се приклучи војската.„Ако дојде до напад, ќе ја бранам Полска. Тоа за мене не е прашање“, вели таа, стоејќи пред училиште на чиј ѕидови уште стојат траги од шрапнели од Втората светска војна.Додека денот на обука во базата завршува, Цезари Прушко објаснува дека истите вештини им ги предава и на своите вработени. „Многу млади пораснаа во мир, во Европска унија. Сакам да знаат што да прават ако некогаш дојде момент кога тоа ќе биде неопходно“, вели тој.Полска, заклучуваат аналитичарите, се наоѓа во историски миг во кој се обидува да ја надмине сопствената ранливост – овојпат преку подготвеност, застрашување и граѓанска мобилизација.

Свет | пред 2 месеци

sudenje

Стразбур пресече: Доколку државата или општините ви должат, треба да ви ги исплатат парите без одолговлекување

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда што може да ја стави во историја долгогодишната практика на македонските судови да поставуваат лимити на сметките на должници основани или во сопственост на државата и општините. Одлуката е донесена на 18 ноември 2025 година, по две апликации поднесени од адвокатското друштво на адвокат Костадин Богданов, во име на повеќе осигурителни, градежни и трговски компании.Во пресудата, Судот утврди дека оваа судска практика претставува повреда на член 6 од Европската конвенција за човекови права, кој гарантира право на фер судење, како и на член 1 од Протокол 1, кој ја штити сопственоста. Според оценката на Судот, долгогодишното ограничување на пристапот до вистинска наплата на правосилни пресуди претставува неоправдано мешање во правото на сопственост, а воедно го нарушува и правото на правична судска постапка.Европскиот суд нагласи дека државата има обврска, во секој случај и без одлагање, самоиницијативно да ги исплати сите правосилни пресуди кои утврдуваат парично побарување против неа или против нејзини институции. Како што е наведено во пресудата, државата не смее да воспоставува законски или административни пречки кои ја оневозможуваат или одолговлекуваат наплатата на утврдените долгови.Одлуката претставува значаен преседан за правниот систем во Македонија и може суштински да ја промени досегашната практика на судовите во однос на извршувањето врз државни институции и општини. Според Независниот синдикат на државната администрација, оваа пресуда означува нова фаза во почитувањето на правата на доверителите и во зајакнувањето на одговорноста на државните субјекти.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjki9bask084dcggplpb

Трамп Јуниор со жестоки критики кон Украина и контроверзни толкувања на воениот конфликт

На Форумот во Доха, најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор, остро ја критикуваше корупцијата во Украина и посочи дека неговиот татко би можел да го намали или повлече ангажманот на САД доколку Киев не постигне мировен договор со Русија, пренесува Политико. Настапот на Трамп Јуниор привлече значително внимание поради комбинацијата од политички пораки, обвинувања без докази и контроверзни толкувања на воениот конфликт.Говорејќи пред светски политички претставници, Трамп Јуниор оцени дека корупцијата долго ја парализирала Украина и дека, според него, таквата состојба го одржува конфликтот и во Киев и во Москва. Тој особено го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се соочува со политички притисоци поради истраги што зафатија некои од неговите највисоки соработници. Еден од нив, Андриј Јермак, кој често бил дел од меѓународните преговори, неодамна поднесе оставка. Зеленски самиот не е обвинет за корупција.„Поради војната и поради тоа што стана своевиден медиумски феномен, Зеленски беше речиси недопирлив, особено кај левичарската јавност“, изјави Трамп Јуниор. Тој додаде дека статусот на украинскиот претседател довел до недостиг од критичност во меѓународната јавност.На прашање дали неговиот татко би можел да се повлече од поддршката за Украина, Трамп Јуниор одговори: „Мислам дека би можел.“Притоа додаде дека една од „предностите“ на претседателот Трамп е неговата непредвидливост, за која смета дека ги принудува другите држави да се однесуваат „интелектуално чесно“.Администрацијата на Трамп долго имала сложен однос со Украина, а особено со Зеленски, при што претседателот често покажувал наклонетост кон Русија и рускиот претседател Владимир Путин. Иако САД вршат притисок за мировен договор, значаен напредок сè уште нема.Трамп Јуниор ја бранеше и кампањата против наркокартелите, наведувајќи дека дејствувањето на картелите претставува „далеку поголема непосредна закана“ за САД отколку конфликтот во Украина. Тој изнесе и контроверзни тврдња дека во Монако „половина од луксузните автомобили имаат украински таблички“, без да понуди какви било докази. Според него, тоа било показател дека „богатите ја напуштиле земјата, а сиромашните ги оставиле да се борат“.На форумот, Трамп Јуниор се осврна и на можноста неговиот татко да се кандидира за трет мандат, што Уставот не го дозволува. Тој одговори со насмевка дека „ќе видиме што ќе се случи“, оценувајќи дека само споменувањето на таква можност претставува „провокација“ кон политичките противници.Критиките кон Украина доаѓаат во момент кога семејството Трамп ги проширува своите деловни активности во Катар, вклучително и плановите за изградба на луксузен голф-комплекс. Врските со Катар повторно се најдоа под лупа кога оваа држава годинава практично ѝ донираше на американската администрација авион „Боинг 747“, кој треба да се пренамени за „Ер форс уан“.На крајот, Трамп Јуниор повтори дека „САД повеќе нема да бидат наивен донатор“, а не ја исклучи ниту можноста еден ден и самиот да се кандидира за претседател.

Свет | пред 2 месеци

275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Температури над нулата и слаб северен ветер во првиот дел од денот

Утрово низ Македонија преовладува облачно и релативно топло време, со температури кои на сите мерни места се над нулата и повисоки од вообичаените за месец декември. Дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено се засилува.На метеоролошката карта се прикажани утринските температури измерени низ државата, кои потврдуваат дека денот започнува поблаго од очекуваното за овој период од годината.Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во северозападните предели ќе има услови за слаб локален дожд, додека северниот ветер ќе продолжи со слаб до умерен интензитет.

Македонија | пред 2 месеци

volodimir-zelenski1-830x0

Мировниот план за Украина во застој: тешки разговори и европски консултации

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека разговорите со американските претставници за можниот мировен план за Украина биле конструктивни, но далеку од лесни. Изјавата ја даде во пресрет на серијата консултации со европските лидери, кои треба да се одржат во наредните денови.Зеленски во саботата одржа средби со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со Џеред Кашнер, зетот на Трамп. Денес се очекува украинскиот претседател во Лондон да разговара со лидерите на Франција, Велика Британија и Германија, по што ќе следуваат дополнителни средби во Брисел.„Американските претставници добро ги знаат основните украински позиции“, изјави Зеленски во своето вечерно обраќање. „Разговорот беше конструктивен, иако не и лесен“, нагласи тој.Окончувањето на руската агресија, која влегува во четвртата година и претставува најсмртоносен конфликт во Европа по Втората светска војна, Трамп го оцени како своја најсложена надворешнополитичка задача. И покрај американското посредување и повремените контакти на високо ниво, напредокот во мировните напори останува ограничен. Несогласувањата околу безбедносните гаранции за Киев и статусот на териториите под руска окупација сè уште не се надминати.Москва тврди дека е подготвена за преговори и ја обвинува Украина и Западот за кочење на процесот, додека Киев и неговите сојузници сметаат дека Русија ја одолговлекува дипломатијата со цел да ги зацврсти своите теренски придобивки.Европските лидери поддржуваат постепен дипломатски пристап за Украина, кој би се поврзал со долгорочни безбедносни гаранции и трајна воена помош. Трамп, пак, се залага за брз договор и поделба на товарот меѓу сојузниците. Дипломатските извори предупредуваат дека разговорите остануваат чувствителни и силно зависни од насоката на американската политика, пренесува Ројтерс.

Свет | пред 2 месеци

netflix

Трамп загрижен поради спојувањето на Netflix и Warner Brothers: „Тоа може да биде проблем“

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази силна загриженост околу најавеното преземање на Warner Brothers Discovery и стриминг-мрежата HBO од страна на Netflix – договор вреден 72 милијарди долари и еден од најголемите во историјата на филмската индустрија, пренесува BBC.Спојувањето би создадило медиумски гигант со невидена моќ: под капата на Netflix би преминале култни франшизи како „Хари Потер“, „Игра на тронови“, „Лудите Мелоди“ (Looney Tunes), „Матрикс“ и „Господар на прстените“.Трамп предупреди дека Netflix веќе има „огромен удел на пазарот“ и дека комбинираната сила на двата бренда „може да биде проблем“. Тој најави дека лично ќе се вклучи во процесот на одобрување на зделката.Спојувањето мора да помине низ строга проверка во Одделот за конкуренција при американското Министерство за правда. Доколку регулаторите оценат дека новата компанија би доминирала на пазарот на стриминг-услуги, зделката може да биде блокирана.Трамп, зборувајќи на настан во Центарот „Џон Ф. Кенеди“, истакна дека со овој договор Netflix значително би го зголемил својот пазарен удел, што може да влијае врз конкуренцијата, цените и квалитетот на услугите.Иако беше критичен кон спојувањето, Трамп упати пофалби за ко-извршниот директор на Netflix, Тед Сарандос, кој неодамна го посети Овалниот кабинет.„Имам големо почитување кон него. Тој е одличен човек“, рече Трамп. „Направи еден од најголемите договори во историјата на филмската индустрија.“Сарандос претходно истакна дека договорот можеби ги изненадил инвеститорите, но дека станува збор за „стратешка инвестиција“ која треба да ја зајакне позицијата на Netflix во „десетлетијата што доаѓа“.Не сите ја делат таа визија.Американската асоцијација на писатели (Writers Guild of America) побара блокирање на зделката, предупредувајќи дека концентрацијата на пазарната моќ ќе биде штетна за работниците, гледачите и индустријата.Во соопштението тие истакнаа:„Ова е токму пример кој антимонополските закони треба да го спречат. Спојувањето би елиминирало работни места, би ги намалило платите, би ги влошило условите за работниците во индустријата, би ги зголемило цените за потрошувачите и би ја намалило разновидноста на содржините.“Доколку биде одобрен, договорот ќе ја трансформира глобалната медиумска сцена и ќе ја зациментира доминацијата на Netflix како најсилна стриминг-платформа во светот. Но истовремено, предизвиците пред регулаторите, политичарите и индустријата дури сега почнуваат.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања