„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Кристијан Ландов

Нема фотографија

Ескалација на азискиот конфликт: Трамп тврди дека може „со еден повик“ да го запре судирот

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека лично ќе се вклучи во смирување на жестоките судири меѓу Тајланд и Камбоџа, кои влегоа во трет ден. Трамп, кој во јули веќе посредуваше во воспоставување примирје меѓу двете држави, изјави дека денес или утре ќе оствари телефонски повик за да се сопре најновата ескалација, пренесува Ројтерс.Настапувајќи на митинг во Пенсилванија, Трамп наведе низа конфликти за кои тврди дека помогнал во нивно запирање, меѓу кои и оние меѓу Пакистан и Индија, како и Израел и Иран. Потоа се осврна на повторните борби во Југоисточна Азија.„Мразам да го кажам ова, Камбоџа–Тајланд, започна денес и утре ќе мора да направам телефонски повик“, рече Трамп. „Кој друг може да каже дека ќе се јави и ќе запре војна меѓу две многу моќни земји, Тајланд и Камбоџа?“По јулските судири, во кои загинаа најмалку 48 лица, Трамп разговараше со лидерите на двете земји и беше клучен во воспоставувањето на тогашното кревко примирје.Додека се очекува неговата нова интервенција, ставовите на Тајланд и Камбоџа околу преговорите се спротивставени. Тајландскиот министер за надворешни работи изјави дека нема услови за преговори и дека ситуацијата не е соодветна за посредништво на трета страна. Од друга страна, главниот советник на камбоџанскиот премиер Хун Манет порача дека Камбоџа е „подготвена да разговара во секое време“.Во јули Трамп го искористи влијанието преку трговските преговори за да посредува во примирјето, но тајландскиот министер Сихасак Фуанкеткео предупреди дека заканите со царини не треба да се користат како средство за притисок.Ситуацијата повторно експлодираше откако Тајланд минатиот месец ги суспендираше мерките за деескалација договорени на октомврискиот самит во присуство на Трамп. Причина беше тежок инцидент со тајландски војник, погоден од нагазна мина за која Бангкок тврди дека била новопоставена од Камбоџа, што Пном Пен негира.Двете држави евакуираа стотици илјади луѓе од пограничните подрачја. Камбоџа соопшти дека од понеделник загинале девет цивили, а 20 се тешко повредени. Тајланд објави дека има четири загинати војници и 68 ранети.Тајландската армија изјави дека целта е „да се осакати“ воената способност на Камбоџа на долг рок, додека камбоџанското Министерство за одбрана возврати дека нивните сили немале избор освен да преземат одбранбени дејства, обвинувајќи ја тајландската страна за „несеќено и брутално гаѓање на цивилни области“, што Бангкок го демантира.

Свет | пред 2 месеци

media-librarypdeqcl33ol9b1QVMGBk

(Видео) „Срам ми е што сум дел од оваа држава“ – потреснен говор на мајката на загинатата Надица во Собранието

Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова, остро им се обрати на пратениците за време на Анкетната комисија во Собранието, обвинувајќи ги за манипулации, незаинтересираност и децениски системски пропусти.„Прво сакавте да манипулирате со нас родителите, тоа беше срамно од ваша страна. И од државата... Девет месеци никој од вас не се појави во Кочани да подаде рака на нас, да ни изрази сочувство, особено само писменото обраќање... Кај некој отидовме и лично да се видиме и не ни оставија убав впечаток“, рече Наунова.Таа нагласи дека борбата за вистинска правда не е само за нивните деца, туку и за сите други.„Велам ние бараме вистинска правда за нашите деца, но и за вашите деца... Дали сте се запрашале некогаш дали треба да го смениме системот од корен? Да, треба. Ние како обични граѓани стоиме пред вас, не само родители. 35 години гледаме дека системот не функционира.“Во своето излагање Наунова остро го критикуваше односот на институциите и предупреди на последиците од трајната неефикасност.„Ако не го смениме системот, нашите деца ќе се иселат како и ние. Срам ми е што сум дел од оваа држава. Дозволуваме секој ден да гледаме убиства, дозволуваме секој ден да гинат млади личности. Да се иселуваат... а од што? Не е од нас! Од вас е!“, им порача таа на пратениците.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryg3qgiscc44oa9P3fAdf

(Видео) Си седите на телефони, си шушкате, замачкувате очи“ - Павловска од „Кој е следен“ разочарана од пратениците на анкетката за „Пулс“

Анастасија Павловска од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ остро реагираше на однесувањето на дел од пратениците за време на седницата на Анкетната комисија, опишувајќи го како понижувачко и целосно непочитувачко кон родителите на жртвите од трагедијата во Кочани.„Оваа страна покажа нула заинтересираност за целата дискусија која се одвиваше. Ве гледам, си седите на вашите мобилни телефони, си шушкате меѓусебно. Кога се прибраа членовите на медиумите, а голем дел си заминаа – како мислите дека мене, како млад човек во државава, каква слика ми создава? Дека вие ќе можете да соработувате и вистински да се изборите за правда за овие луѓе што собрале храброст да дојдат да се обратат?“, рече Павловска.Таа праша дали навистина некој очекува по вакво однесување младите да стекнат доверба во институциите:„Дали сметате дека јас по денеска ќе излезам од тука и ќе речам: ‘Да, соработуваат пратеничките групи, гледаме дека покажаа емпатија и дека им е важно што имаат да кажат овие родители’? Не. Мене ова ми личи дека е само некоја процедура, само да се замачкаат очите дека ‘еве, конечно ви дадовме Анкетна комисија’. Навистина е многу разочарувачки.“Павловска истакна дека внимателно ги следела емоциите на пратениците, особено во моментите кога зборуваа двете мајки од Кочани, и додаде дека однесувањето е „засрамувачко“.На крајот, упати директен повик:„Ве молам, пишете им на сите ваши колеги да се вратат назад во оваа сала!“

Македонија | пред 2 месеци

media-library03rcveni3uvv2kdWlan

Продолжува разрешувањето на државниот обвинител Коцевски, Владата му предложи на Собранието да го тргне од функцијата

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната редовна 134. владина седница ја соопшти најновата одлука: Владата го усвои предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител, со што се продолжува постапката која, поради законските ограничувања, беше привремено стопирана за време на изборниот период.Митева нагласи дека причините за иницијативата се јавно познати и повеќепати образложени од страна на Владата – доследно, транспарентно и во интерес на институционалниот интегритет. „Нашата цел останува јасна: јакнење на правната држава и обезбедување непречено функционирање на органите во служба на граѓаните“, рече таа.Според член 88 став 1 од Законот за јавно обвинителство, а по претходно добиено мислење од Советот на јавни обвинители, Владата му предлага на Собранието Коцевски да биде разрешен поради „крупни професионални грешки“ во раководењето со обвинителството, кои, како што се наведува, довеле до нарушување на ефикасноста и функционалноста на институцијата.Во образложението се наведуваат следните прекршувања:– неовластено изнесување информации и податоци за судски предмети, со што била повредена обврската за тајност на постапката;– нарушување на угледот на Јавното обвинителство и личниот углед, преку непостапување согласно обврските утврдени со Уставот, законите и меѓународните договори;– нарушување на функционалноста и интегритетот на институцијата, што, согласно член 27 став 1 од Законот за јавно обвинителство, претставува одговорност на јавниот обвинител како раководител на органот;– повреда на должноста за чување на угледот на функцијата, предвидена во член 82 став 1 од Законот.„Имајќи ги предвид сите утврдени повреди, Владата му предлага на Собранието да го разреши јавниот обвинител Љупчо Коцевски“, изјави Митева.

Македонија | пред 2 месеци

vucic-45345

Вучиќ: Изморен сум од претседателската функција, но премиерската е опција

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да го менува Уставот за да остане на претседателската функција, но ја остави отворена можноста да стане премиер, доколку има доволна јавна поддршка. Во изјава за време на форумот „Beltalks: Белградски економски разговори“, Вучиќ додаде дека е уморен и дека би сакал во иднина оваа функција да ја преземе некој друг, пренесува Blic.rs.„Уморен сум и исцрпен. Можам да бидам премиер, но за тоа ви треба јавна поддршка, а и јас треба да ја донесам таа одлука. Тоа не е лесно, ниту по едно прашање“, рече Вучиќ. „Како што им велам на моите соработници – не бидете оптимисти и не го потценувајте противникот. Но јас би сакал некој друг да ја врши оваа работа во иднина.“Осврнувајќи се на своето владеење, Вучиќ истакна дека Србија има стабилна економска ситуација. „Изградивме повеќе патишта за 10 години отколку што е направено од 1945 година. Имаме голем број градилишта, Експо, работиме и на метро. Кога ќе дојде до промена на власта, луѓето можеби ќе бидат среќни во првиот момент, но потоа ќе сфатат колку било добро и колку напредувавме“, изјави тој.На крајот додаде дека е човек што го водат свои убедувања „кои никој не може да ги промени“.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryjj4pcdjof2in5Kj3dG9

Мојсоска: Трагедијата во Кочани е системски колапс, не несреќа

Пратеничката Јована Мојсоска од Левица оцени дека трагедијата во Кочани не може да се нарече „несреќа“, туку последица на децениски системски пропусти.„Кога една мајка го губи своето дете, тоа не е несреќа. Несреќа е нешто што не зависи од нас. Ова е трагедија создадена од систем кој 35 години функционира со очигледни пропусти: дивоградби, фиктивни инспекции, корупција и институции кои молчат кога треба да штитат. Да не беше упорноста на родителите, Собранието немаше ниту денес да разговара за Кочани. И тоа е најголемиот срам – што жртвите мора да го креваат гласот за да ги натераат институциите да работат“, рече Мојсоска.Таа потсети дека девет месеци по пожарот нема ниту една законска измена која би спречила слична трагедија. „Законот за угостителска дејност се најавува со месеци, инспекциските надзори завршуваат со празни одговори, а институциите сè уште се кријат зад формалности наместо да покажат одговорност. Не е злоупотреба да бараш одговори. Злоупотреба е кога со години се дозволува да работи ‘дискотека на смртта’, кога инспектори земаат мито, кога началници игнорираат прекршоци, кога министер доаѓа на рочишта со службени возила, а политичка одговорност – никаде“, нагласи таа.Мојсоска во своето излагање пред Анкетната комисија порача дека станува збор за системска, а не индивидуална вина, и дека гласот на родителите мора да биде слушнат. „Македонија има изгубено повеќе деца во системски трагедии отколку што губи една држава во војна. Тоа мора да престане“, заклучи таа.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhn2ccit1u7on0JkQO92

(Видео) Мицкоски: Не планираме да правиме капови за мигранти, и да се разговара би одбиле прифаќање на мигранти

Премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека со Велика Британија не е разговарано да се прифаќаат мигранти за пари. Тој посочи дека дури. да се разговара за прифаќње на мигранти - Владата ќе одбие.„Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти, ниту ќе примиме илегален мигрант. Туку ќе ја зајакнеме нашата борба против илегалната миграција. Таква тема не е разговарана, доколку се разговара - ќе биде одбиена од наша страна“, рече Мицкоски.

Настани | пред 2 месеци

hajrulahi-1

Советот му ја прекина функцијата на Хајрулахи по негово барање

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител на Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, по негово сопствено барање.Хајрулахи претходно беше суспендиран, откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според обвинителството, во периодот од септември 2023 до октомври 2024 година тој наводно ја користел својата хиерархиска позиција за континуирано психичко насилство и закани кон пет вработени жени, при што им упатувал закани дека „ќе ги дигнел на клоци“ или „ќе ги фрлел од шести кат“, како и дека се обидувал да ги принуди да потпишат изјави дека биле изманипулирани.Хајрулахи целосно ги негира обвинувањата и тврди дека предметот е тенденциозен и политички конструиран со цел негово отстранување, поврзувајќи ја постапката со неговото постапување во однос на бонусите во СЈО.На денешната седница, Советот треба да расправа и за избор на нов претседател, како и за формирање Комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за периодот 2025–2028 година.

Македонија | пред 2 месеци

media-library2uutiju59obg1h6g36V

(Видео) Филипче повикува на мобилизација против носењето мигранти: Нема да дозволиме, гледаме насилства, силувања од нив по други земји!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека Владата планира да прима мигранти во Македонија, по договорот со Велика Британија.Тој алармира дека не смее да се дозволи влез на мигрантите и најави „силна мобилизација во секој град, во секое село“. Потоа посочи: „нема да дозволиме да дојдат мигранти тука по ниту една цена, не сакаме да сме мека на мигранти, а гледаме што прават низ другите земји... насилства, протести, силувања, болести кои се донесени а се искоренети многу одамна“.„Ќе го мобилизираме секој еден! Ќе следи силна мобилизација. Ние сакаме развој, да сме дел од ЕУ, не да сме мека на мигранти. Во следниот период, ќе го објавиме и политичкиот тим на СДСМ. Во оваа ситуација, секој граѓанин треба да направи сѐ што може“, рече Филипче.Тој најави и побрутални чекори.„Помогнете да ја зачуваме нашата татковина, помогнете да ја зачуваме иднината на Македонија. Прво ќе покренеме онлајн иницијатива. Потоа ќе следат други чекори. Дали ќе чекаме да остварат овие сценарија, дали ќе ја загрозиме иднината на граѓаните, дали британските медиуми лажат, дали СДСМ лаже“, праша Филипче.Досега само во британските медиуми се пласирше веста дека Македонија ќе биде дестинација за мигранти, за кои Британија ќе и плаќа на нашата држава. Владата негираше дека ќе се примаат мигранти.

Македонија | пред 2 месеци

media-library625lcvs9ngg57pct3CR

Регистриран слаб земјотрес во околината на Кичево и Дебрца

Во 1:23 часот рано утрово е регистриран слаб земјотрес во западниот дел на државата, во околината на Кичево, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).Трусот имал јачина од 2 степени според Рихтер и бил на длабочина од 15 километри. Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот се наоѓал околу 15 километри југозападно од Кичево.Земјотресот е евидентиран и од Институтот за геолошки науки во Тирана, кој објави дека епицентарот се наоѓа на подрачјето на Општина Дебрца.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

Град Скопје предупредува: Голем даночен долг по основ на имот, промет, наследство и комунални такси

Град Скопје упати соопштение до граѓаните и до бизнис заедницата во врска со неплатените обврски по основ на данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина.Во соопштението се потсетува дека даноците на имот и комуналните такси се основни извори на приходи за Градот Скопје и дека средствата од овие приходи се наменети за финансирање на основните функции на градот, изведба на инфраструктурни проекти, ко-финансирање на услугите на комуналните претпријатија и јавните установи, како и за трошоците на средните училишта на територијата на градот.Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и комунални такси, во периодот од 2020 до 2025 година граѓаните и компаниите должат над 36 милиони евра по основ на даноци и такси кон Град Скопје.Градот ги повикува сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, во најкраток рок да ги подмират своите обврски.Увид во долгот, преземање на даночни и таксени решенија, како и електронско плаќање може да се изврши преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.За прашања поврзани со данок на имот, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 072/204-434 и 02/3207-546 или на е-пошта anitan@skopje.gov.mk и nuredin.nuredin@skopje.gov.mk.За данок на промет, наследство и подарок контакт броеви се 02/3297-298 и 02/3297-296, а електронскиот контакт е biljana.manakoska@skopje.gov.mk.За комунална такса-фирмарина, на располагање е бројот 02/3297-314 и е-поштата angelina.gievska@skopje.gov.mk.За даночно сметководство граѓаните можат да се јават на 02/3297-298 и 02/3297-296 или да пишат на katerina.donev@skopje.gov.mk.Даночниот долг може да се плати и на Даночните шалтери на Град Скопје, кои работат секој работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13.12.2025 година.

Скопје | пред 2 месеци

media-library13erapg036iicOYMwRl

(Видео) Калиопи го доби најуникатниот подарок по три концерти за еден месец!

Македонската поп-дива за помалку од еден месец трипати ја исполни салата на Филхармонијата до последно место.На овие вечери, долги два и пол часа без пауза, ги изведе своите најголеми хитови, сподели позитивна енергија и раскажа моменти непознати за дел од публиката. Аплаузите не престануваа, а социјалните мрежи беа преплавени со пофални објави.Вториот концерт доби посебна магија уште пред да започне. Мила и Анастасија – едни од најмладите фанови на Калиопи – ја пречекаа зад сцената и ја изненадија со рачно изработени патики од „РВР бренд“. На нив биле испишани стихови од „Црно и бело“, нацртан ликот на Калиопи и нејзина карикатурна верзија во стилот на серијата „Симпсонови“. Вакви персонализирани модели брендот досега има создадено за десетина балкански и светски имиња, меѓу кои и за Џејсон Деруло, а поп-дивата се вброи меѓу нив.На концертот се развеа и македонското знаме, а Калиопи порача: „Знаете што, мои Македонци, браќа и сестри, благословени сме ние луѓе. Секаде нè сакаат, сега уште ние да научиме себеси да се сакаме повеќе.“Од сцената го спомена и Ромео Грил, за кого рече дека „ја знаел најдобро“ и ги пишувал зборовите што таа сакала да ги каже, а не можела да ги напише. Го прозва и Васил Зафирчев, кој доби громогласен аплауз.„Прагма продукција“ го најави и четвртиот концерт на Калиопи, закажан за 30 декември, кој е речиси целосно распродаден. Последните билети се достапни на kupikarta.com.

Магазин | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

ЕВН најави дневен прекин на електричната енергија во 16 населени места

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ќе има прекин на електричната енергија на следните локации:Во периодот од 08.00 до 16.00 часот без струја ќе останат дел од корисниците во:село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница, на подрачјето на општините Студеничани и Сопиште.

Македонија | пред 2 месеци

zima

До крајот на неделата: тивко, сончево и со магла по котлините

Во раните утрински часови температурите речиси насекаде во Македонија се над нулата, со исклучок на повисоките места и планините, каде што се движат околу или неколку степени под нулата. По котлините е застапена изразена облачност, како и појава на магла. Времето е претежно без значаен ветер.Државата се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок, кој се протега од југ и условува стабилно и суво време, со магла и значителна ниска облачност во котлините.Во текот на утрото маглата ќе биде најприсутна во котлините. Преку ден ќе преовладува сончево и тивко време, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.До крајот на неделата ќе продолжи влијанието на високиот воздушен притисок, со што времето ќе остане стабилно и релативно топло. Во претпладневните и ноќните часови по одделни котлини повторно ќе има појава на магла.

Македонија | пред 2 месеци

Nvidia-RTX-4090

Вашингтон ѝ дозволува на „Нвидиа“ ограничен извоз на чипови во Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека го информирал кинескиот лидер Си Џинпинг дека САД ќе ѝ дозволат на компанијата „Нвидиа“ да ги испорачува своите H200-чипови на одобрени клиенти во Кина, односно на купувачи што претходно ќе бидат проверени и одобрени од американското Министерство за трговија.Како што пренесува NBC, моделот H200 е една генерација постар од најновиот „Блеквел“ чип, кој не е опфатен со договорот.Трамп наведе дека оваа одлука може да ѝ донесе милијарди долари приходи на „Нвидиа“, која има нарачки во вредност поголема од 500 милијарди долари за чипови за вештачка интелигенција што треба да ги испорача годинава и следната, без да се пресметаат потенцијалните клиенти во Кина.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп: Европа тргнува во лош правец со казната за Маск

Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „гнасна“ казната од 120 милиони евра што регулаторите на Европската унија ѝ ја изрекоа на платформата X, во сопственост на Илон Маск. Тој изјави дека не разбира како европските институции можат да го оправдаат ваквиот потег.„Европа оди во некои лоши правци“, рече Трамп во понеделник пред новинарите на настан во Белата куќа, пренесе Ројтерс.Трамп додаде дека очекува во скоро време да добие целосен извештај за казната што ЕУ ја изрече за социјалната мрежа X.

Свет | пред 2 месеци

media-librarysvs1b5dv6vl6fjKgeGw

(Видео) Руски дронови повторно го погодија Суми: седуммина повредени, градот без електрична енергија

Руските сили синоќа изведоа нов масовен напад со дронови врз северниот украински град Суми, втор по ред во рок од 24 часа, соопшти регионалниот гувернер Олег Хригоров.„Во рок од половина час, Русите изведоа повеќе од десет напади со дронови врз градот“, објави Хригоров на Телеграм. „Суми е без електрична енергија. Дел од критичната инфраструктура функционира на резервни извори“, наведе тој.Во тек е проверка дали има жртви, а електричната енергија ќе биде вратена кога тоа ќе биде безбедно. Суми, град со околу 250.000 жители, уште пред почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година беше честа мета на напади.Претходно истата вечер, руски дронови погодија станбена зграда при што беа повредени седум лица. Во последните месеци нападите на руските сили се насочени главно кон украинската енергетска инфраструктура.

Свет | пред 2 месеци

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор за Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе ѝ го достави на Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучната црвена линија на Киев останува иста: нема територијални отстапки за Русија, потврди претседателот Володимир Зеленски, пишува BBC.Изјавата на Зеленски стигна за време на состанокот со европски и НАТО-лидери и е дел од дипломатската офанзива чија цел е да се одврати Вашингтон од поддршка на мировен договор што, според стравувањата на сојузниците, би му дал преголеми придобивки на Кремљ и би ја оставил Украина ранлива за нови напади.Дипломатската тура на Зеленски низ Европа следеше по интензивните, но неуспешни разговори меѓу американските и украинските претставници изминатиот викенд. Главниот советник на Зеленски, Рустем Умеров, го информираше претседателот за приватните разговори меѓу САД и Владимир Путин. Новиот украински предлог може да биде испратен до Вашингтон веќе денес.Зеленски беше дециден дека нема простор за одземање украинска територија.„Русија инсистира да се откажеме од територии, но ние не сакаме да отстапиме ништо“, рече тој. „Немаме законско право на тоа, ниту морално“, додаде, повторувајќи дека секоја промена на границите мора да биде одобрена на референдум.Според Interfax-Украина, првичниот американски план од 28 точки – оценет како премногу поволен за Русија – е скратен на 20 точки. Зеленски изјави дека „пруукраинските“ делови не се тргнати и дека нема компромис за територијалниот интегритет. Најчувствителни остануваат Донбас и нуклеарната централа Запорожје. Протечената верзија на планот предвидуваше Украина да се откаже од контролата врз целиот Донбас, како и поделба на енергијата од Запорожје помеѓу двете држави.Хитниот состанок во Лондон, со британскиот премиер Киер Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, беше протолкуван како јасна поддршка за украинската позиција. Лидерите повторија дека е потребен „праведен и траен мир со силни безбедносни гаранции“. Како би изгледале тие гаранции – останува отворено. Велика Британија и Франција предлагаат меѓународни трупи, додека Германија и Италија се резервирани. Не е јасно ниту до каде би одела американската поддршка.По Лондон, Зеленски отпатува во Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а денес е во Италија кај премиерката Џорџа Мелони.Во меѓувреме, руските напади продолжуваат. Градот Суми на северозападот остана без струја по удар на повеќе од десет дронови врз енергетската инфраструктура. Повредени нема.Москва ги опиша разговорите со САД како „конструктивни“, но нема индикатори дека Кремљ се откажува од своите цели од 2022 година. Доналд Трамп, пак, во неделата го наведе токму Зеленски како главна пречка за договор, тврдејќи дека Русија е „во ред“ со американскиот план, а тој е „малку разочаран што Зеленски не го прочитал“.

Свет | пред 2 месеци

media-library146osk85i5fjcz9S4ER

(Видео) Трамп со нов бран напади кон новинарки во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со вербалните напади врз новинарките, а по навредите во последните недели за нивниот изглед, вчера – за време на тркалезна маса во Белата куќа – повторно упати остри зборови, објави HuffPost.На прашањето на Рејчел Скот од ABC дали е подготвен да ја објави целосната снимка од нападот на 2 септември врз наводни чамци со дрога во Карибите, Трамп ѝ одговори со остар тон.„Вие сте најнапорната новинарка овде. жасно напорна – всушност ужасна новинарка, и секогаш е исто со вас“, рече тој.Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет се соочуваат со критики за овој напад, кој дел од аналитичарите го оценуваат како можен воен злостор. Новинарката го потсети Трамп дека претходно рекол оти „нема проблем“ снимката да стане јавна, но тој го негираше тоа и одговори: „Тоа сте го кажале вие. Јас не сум го рекол тоа. Ова е типичен ABC fake news“.Кога Скот повторно се обиде да постави прашање, Трамп изјави дека одлуката ја препушта на министерот Хегсет и додаде: „Што и да реши Хегсет – добро е за мене“.Претседателот се нафрли и врз друга новинарка која го праша за дваесет републиканци што најавија дека нема да се кандидираат повторно, дел од нив и поради незадоволство од состојбите во партијата. Трамп возврати со контрапрашање: „Колку демократи се повлекуваат? Како тоа знаете само за републиканци, а не и за демократи?“ Кога новинарката објасни дека се подготвила за прашањето, Трамп ја прекина велејќи: „Не сте подготвени. Требаше да знаете и за демократите“.Овие испади се надоврзуваат на низа навреди што Трамп ги упати кон новинарките последните недели. На мрежата TruthSocial ја нарече Кајтлан Колинс од CNN „глупава и злобна“ затоа што го прашала за зголемените трошоци за неговата сала за танцување. Претходно, новинарката на New York Times, Кејти Роџерс, ја нарече „грда – и однадвор и одвнатре“, без да го спомене нејзиниот машки колега, коавтор на истиот текст.Инцидент предизвика и неговиот одговор „Тивко, свињо“ упатен кон Кетрин Луси од Bloomberg во претседателскиот авион Air Force One, кога го прашала за документите на Џефри Епстајн.На прашање за ваквите изјави, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, оцени дека новинарите треба да бидат „благодарни што Трамп е искрен и директен, наместо да зборува зад нивни грб“.

Свет | пред 2 месеци

media-library9sr0377g20cu3UqcWxH

Премиерот Мицкоски и командантот Најт од САД со разговори за обука и размена на искуства

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека остварил средба со генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт.Разговорите биле насочени кон продлабочување на соработката меѓу македонските институции и Националната гарда, со акцент на обуката, размената на искуства и поддршката во развојот на современи и ефикасни одбранбени капацитети.Мицкоски оцени дека продолжува партнерството кое со години се гради меѓу Северна Македонија и Вермонт, при што ваквите средби, како што истакна, претставуваат чекор напред во унапредувањето на заедничките одбранбени политики.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydkr5r948g2408jVN3Zo

Револуција во медицината: Новата генска терапија носи ремисија кај неизлечив рак на крв

Терапија која до неодамна се сметаше за научна фантастика успеа да го преобрати текот на некои од најагресивните и дотогаш неизлечиви форми на рак на крвта, објавија лекарите. Овој пионерски третман се заснова на прецизно уредување на ДНК во белите крвни зрнца, трансформирајќи ги во „жив лек“ што директно ги напаѓа канцерогените клетки, јавува BBC.Првата пациентка, девојче лекувано во 2022 година, и денес е без знаци на болест и планира да стане научник специјализиран за рак. Во меѓувреме, со истиот третман биле опфатени уште осум деца и две возрасни лица со Т-клеточна акутна лимфобластична леукемија, а речиси две третини од пациентите (64%) постигнале ремисија. За сите нив, хемотерапијата и трансплантацијата на коскена срж веќе не давале резултат, а единствената преостаната опција била палијативна грижа.Шеснаесетгодишната Алиса Тепли од Лестер, која прва го примила ова лекување, сведочи: „Навистина мислев дека ќе умрам и дека нема да можам да пораснам и да ги правам сите работи што секое дете заслужува.“ Нејзиниот стар имунолошки систем целосно бил уништен, а потоа создаден нов. Поминала четири месеци во болница, целосно изолирана поради ризик од инфекција. Денес, ракот кај неа не е воочлив и потребни ѝ се само годишни прегледи.Како функционира „живиот лек“?Истражувачите од University College London и болницата Great Ormond Street користеле технологија наречена „уредување бази“. Базите – аденин (A), цитозин (C), гванин (G) и тимин (T) – се градивни елементи на генетскиот код. Уредувањето бази им овозможува на научниците да ја изменат структурата на една единствена база и на тој начин да ја променат генетската инструкција.Кај оваа форма на леукемија, Т-клетките кои треба да го штитат телото почнуваат неконтролирано да растат. Затоа, лекарите стартувале со здрави донорски Т-клетки и ги модифицирале низ неколку чекори:– го оневозможиле нивниот природен механизам за напаѓање, за да не го оштетат телото на пациентот;– го отстраниле протеинот CD7 кој се наоѓа на сите Т-клетки, за клетките да не се уништат меѓусебно;– создале „невидлив штит“ за да ги заштитат од хемотерапија;– ги препрограмирале да напаѓаат сè што носи CD7 – вклучително и канцерогените и преостанатите Т-клетки на пациентот.Резултатите се надежни, но ризиците остануваатСтудијата објавена во New England Journal of Medicine ги претставува резултатите од првите 11 пациенти. Девет од нив постигнале длабока ремисија која овозможила трансплантација на коскена срж. Седум пациенти се и натаму без болест – од три месеци до три години по третманот.„Пред неколку години ова ќе беше научна фантастика,“ вели професорот Васим Касим од UCL. „Третманот е длабок и тежок, но кога функционира – резултатите се извонредни.“ Најголемите ризици се инфекции во периодот кога имунолошкиот систем е уништен. Во два случаи, ракот ги изгубил CD7-ознаките и се „скрил“ од терапијата, по што повторно се појавил.„Станува збор за пациенти кои речиси немаа надеж за преживување,“ додава д-р Роберт Кјеса од Great Ormond Street.Д-р Дебора Јалоп од King’s College Hospital вели дека резултатите се „импресивни кај леукемија што претходно се сметаше за неуништлива“, а д-р Танија Декстер од организацијата Anthony Nolan оценува дека третманот нуди „нова надеж дека овие терапии ќе станат достапни за сè поголем број пациенти“.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryeup3jiucg1752DkxVlZ

Ескалација на границата: Жртви, евакуации и меѓусебни обвинувања меѓу Тајланд и Камбоџа

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорното гранично подрачје продолжуваат со несмалена жестина, а бројот на загинати расте додека илјадници жители се принудени да ги напуштат своите домови. Камбоџа соопшти дека уште двајца цивили биле убиени во ноќно гранитирање, со што бројот на жртвите кај нив се искачи на шест. Тајланд, пак, потврди дека загинал најмалку еден негов војник.Двете држави се меѓусебно се обвинуваат за нарушувањето на кревкото примирје постигнато во јули под покровителство на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува BBC.Според камбоџанското Министерство за одбрана, тајландските сили отвориле оган врз провинцијата Бантеи Минчеј по полноќ, кога биле убиени двајца цивили на пат. Претходно, во гранитирањето на провинциите Преах Вихеар и Оддар Минчеј загинале уште четири лица, соопшти министерот за информации Нет Пхеактра.Тајландската страна тврди дека само возвратила на камбоџански напад во провинцијата Убон Рачатани и дека покренала воздушни операции насочени исклучиво кон воени цели. Портпаролот на тајландското Министерство за одбрана, контраадмирал Сурасан Конгсири, нагласил дека нападите се прецизно таргетирани.Поранешниот камбоџански премиер Хун Сен објави на Фејсбук дека камбоџанските сили возвратиле „синоќа и изутрина“, наведувајќи дека биле „стрпливи повеќе од 24 часа за да го почитуваат примирјето“. Неговата влада повторно ја обвини Тајланд за употреба на тенкови и отровен гас – обвинувања кои и претходно се покажале како неосновани.Тајландските власти денеска потврдија дека во воздушните напади погодиле казино-комплекс во Камбоџа кој, според нив, бил користен како „команден центар за дронови“. Не е познато дали во зградата имало луѓе во моментот на нападот, а камбоџанските власти засега не коментираат.Новиот бран насилство предизвика егзодус на илјадници жители од обете страни на границата. Пограничните заедници живеат под постојан страв. Жител на тајландската провинција Си Са Кет за BBC Thai изјави: „Ова е вистинска агонија – целиот ден сум во страв.“ Местната земјоделка Пранее Ра-нгабпаи додава дека нејзиниот дом е премногу близу до огнот и дека „пукањето јасно се слуша“.Додека многумина побегнале, дел од жителите одлучиле да останат за да ги чуваат имотите на соседите. „Останав за да спречам кражби,“ вели 49-годишниот земјоделец Сутиан Пјевчан, кој тврди дека пукотниците не престануваат од рано утро.Како последица на судирите, најмалку три болници во тајландската провинција Убон Рачатани и две во провинцијата Сурин се затворени, а пациентите се пренесуваат во привремени амбуланти. UNICEF изрази загриженост и порача дека „безбедноста и благосостојбата на децата мора да бидат приоритет“.Ова е најсериозната ескалација од јули, кога во петдневните судири загинаа десетици луѓе. Насилството го тестира и мирoвниот договор потпишан во октомври во присуство на претседателот Трамп, кој тогаш го нарече „историски успех“. Камбоџа дури го номинираше за Нобелова награда за мир.Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул порача дека „ќе бидат употребени сите неопходни средства за зачувување на суверенитетот“, додека Хун Сен го обвини Тајланд за „агресија“.

Свет | пред 2 месеци

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Вашингтон и Киев без договор: Клучното прашање е територијата што Русија не ја освои

Мировните преговори меѓу САД и Украина запнале на централното прашање – како да се убеди Украина да се откаже од територии што Русија не успеа да ги освои во повеќе од три години војна, јавува Politico.Според висок европски функционер запознаен со процесот, американската страна е фокусирана на начините како да се реализира руското барање Украина да се откаже од Донбас. „Американците инсистираат Украина да го напушти Донбас… на овој или оној начин“, изјавил функционерот.Украина, пак, останува на ставот дека секој мировен договор мора да го замрзне конфликтот на моменталните линии на фронтот. Околу 30 проценти од Донбас сè уште е под контрола на украинските сили. „Најреално е да останеме таму каде што сме“, навел европскиот функционер, додавајќи дека Москва и понатаму врши притисок Киев да направи територијални отстапки.Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изразил незадоволство од украинскиот однос кон предлогот. Според него, Русија е подготвена да го прифати планот, но не е сигурен дека и Зеленски го поддржува. Трамп изјавил дека украинскиот лидер „не го прочитал предлогот“, иако, како што рекол, „неговите луѓе го сакаат“.Зеленски не ги коментирал изјавите на Трамп, но за Bloomberg потврдил дека нема договор со САД за источните територии.Киев се обидува да го увери Вашингтон дека откажување од делови од Донбас би ја охрабрило Русија на понатамошни освојувања. Според украинските процени, предавањето на преостанатите 30 проценти од Доњецката област – со стратешките Краматорск и Словјанск – би го отворило патот кон Дњепропетровск, Запорижја и Харков.Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „секако ќе го заземе Донбас“, додека Зеленски во август предупреди дека Москва би имала потреба од околу четири години за целосно да го преземе регионот.Европскиот функционер истакнал дека клучно прашање останува позицијата на САД: „Дали ќе дејствуваат како посредник или ќе се приклонат кон Русија?“Киев, истовремено, чека појаснување за какви безбедносни гаранции САД би биле подготвени да понудат.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryevigqpkollbsds7l7xZ

СДСМ со нова порака: ‘Идризово, 2026’ – програмата сведена на една точка

СДСМ денеска ја претстави својата нова политичка порака под слоганот „Идризово, 2026 година“, наведувајќи дека програмата е сведена на една точка: „Криминалците од ВМРО-ДПМНЕ во Идризово, 2026 година.“Од партијата порачаа дека е време да се стави крај на, како што велат, организираната пљачка што ја спроведува актуелната власт и да се заврши со криминалот и корупцијата.Во нивното соопштение стои дека состојбата во Идризово ќе остане непроменета, бидејќи, според СДСМ, „нема пари за нови инвестиции – власта ги покраде“.„Исти услови, иста храна, исти штетници“, наведува СДСМ, додавајќи дека „работата не е завршена“ и дека „сите ќе одговараат“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски за Блумберг: Мировниот договор е далеку, споровите околу Донбас остануваат

Иако мировните преговори под покровителство на САД се во тек, договор за клучното прашање околу териториите во источната украинска област Донбас сè уште не е постигнат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе Bloomberg News.Во телефонски разговор, Зеленски објаснил дека одредени елементи од американскиот предлог бараат дополнителни разговори за повеќе „осетливи прашања“, меѓу кои се и безбедносните гаранции за регионите Доњецк и Луганск.„Постојат визии на САД, Русија и Украина – а ние немаме единствен став за Донбас“, изјавил тој.Оваа изјава следи по коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изрази „мало разочарување“ од фактот дека, како што кажа, Зеленски се чини дека сè уште не го прочитал предлогот. Трамп исто така изрази уверување дека украинскиот претседател не е подготвен да потпише договор.Едно од најспорните прашања во првичниот мировен план на САД, составен од 28 точки, е барањето Украина да направи значајни територијални отстапки на Русија, што би го опфатило предавањето на целиот Крим, како и регионите Луганск и Доњецк.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања