„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Кристијан Ландов

media-librarybavrjjr8bcp83dvVZwq

(Видео) Нова година на плоштад во Скопје само со македонска музика: познати имињата на дел од изведувачите!

Одговарајќи на прашање од советничката Кети Шетрјова од СДСМ, градоначалникот на Скопје соопшти дека градот ќе организира новогодишна прослава на плоштадот, а дел од настапувачите веќе се познати.Тој истакна дека градот, покрај новогодишното украсување за кое Советот дал поддршка, нема да има дополнителни значајни трошоци и дека целата програма ќе биде реализирана од Државната видеолотарија, на која ѝ се заблагодари за поддршката.Градоначалникот нагласи дека побарал програмата да биде составена исклучиво од македонски изведувачи.Меѓу имињата што ги откри се Каролина Гочева, која ја нарече „македонска мега ѕвезда“, Тамара Тодевска, како и повеќе изведувачи на народна музика. Покрај главната прослава, планирана е и детска програма во траење од три до четири дена.„Сметам дека за скопјани ќе биде од големо значење сите да се собереме и заедно да ја пречекаме Новата година. Сите сте добредојдени, прославата ќе биде во духот на македонската музика“, изјави градоначалникот.

Скопје | пред 2 месеци

media-library28ifr0mh66ngfOZfpK1

(Видео) Сообраќајка на раскрсницата кај „Скендербег“: се судрија мотоцикл и автомобил

Автомобил марка „голф“ и мотоцикл се судрија на раскрсницата кај „Скендербег“. Речиси половина час раскрсницата е делумно блокирана. Состојбата на возачите и патниците засега не е позната.По сообраќајката имало и тензии помеѓу учесниците во сообраќајката. На местото се чека полиција. Кацигата на возачот на моторот е оставена на коловозот.Повеќе информации од МВР.

Скопје | пред 2 месеци

media-library136d6v2fe5ldcyBsviC

МВР поднесе кривична против Оливер Спасовски, осомничен е дека спречил одземање лиценца за технички преглед

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поради сомневање за злоупотреба на службената должност.Според информациите, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 9 декември 2025 година доставил кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против О.С. (49) од Куманово. Тој се сомничи дека, додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи во 2021 година, спротивно на законот овозможил приватен оператор за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во висина од 5.565.927 денари.Како што наведува МВР, поранешниот министер ја искористил службената позиција и намерно не донел решение за одземање на овластувањето на правното лице, иако надлежната организациска единица за граѓански работи навремено поднела предлог за тоа. Законската обврска предвидува донесување решение во рок од најдоцна 15 дена од приемот на предметот, но О.С. не постапил согласно член 65 став 3 од Законот за возила и член 5 од Правилникот што ја уредува постапката за издавање и одземање на овластувања за технички преглед.Поради овие пропусти, техничкиот центар продолжил да работи без да биде санкциониран, со што, според пријавата, била овозможена значителна незаконска добивка.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybpadjj0k1bf4aJ2k0gC

Кога ќе ги добијат платите во Комунална и Паркови: Затекнавме руиниран возен парк и ненаплатени плати

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека финансиската состојба во дел од јавните претпријатија била лоша, посочувајќи на доцнење на платите и сериозни злоупотреби во трошоците.„Кога ја презедов функцијата, во одредени претпријатија платите доцнеа по два до три месеци. Состојбите постепено ги нормализираме“, изјави Ѓорѓиевски во одговор на советничко прашање.Според него, единствено „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ ќе ја завршат годината со исплатена половина плата, поради тежок финансиски товар наследен од претходното раководство.„Освен руиниран и девастиран возен парк, имавме енормни и неоправдани трошоци кои слободно можам да ги класифицирам како злоупотреби. Во такви услови, дури ни платите не биле редовно исплаќани“, рече тој.Како пример за затечената состојба, градоначалникот посочи дека во ЈП „Дрисла“ во изминатите десет години никогаш не биле исплатени две плати истовремено како што било направено сега, додека во ЈСП „Скопје“ кажа дека веќе нема доцнење на исплатите.„Очекувам во јануари и овие две преостанати претпријатија да бидат целосно стабилизирани. Со тоа, сите јавни претпријатија ќе функционираат со редовна исплата на плати“, додаде Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 месеци

saban-saliu-1515

Салиу во судница: „Бог да чува! Ниту Баба Ванѓа не можеше да го предвиди ова обвинение“

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу, денеска го отфрли товарот на обвинението во случајот „Пулс“, нарекувајќи го правно неодржливо и логички апсурдно.„Бог да чува! Ниту Баба Ванѓа да стане од гроб не можеше да го предвиди ова, а не пак јас“, изјави Салиу во судницата, реактирајќи на тврдењето дека делувал со „евентуална умисла“ во периодот 2012–2017 година, а за настан што се случил осум години подоцна – трагедијата во Кочани во 2025 година.Тој пред судот ја цитираше клучната реченица од обвинителниот акт: „Директорите на ДЗС, иако биле свесни дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување.“„Според ова, јас уште во 2012 година сум знаел што ќе се случи на 16 март 2025 година. Тоа не е ни правно, ни логично издржано“, нагласи Салиу.Но, неговото обраќање не остана само на правните дилеми. Салиу тврдеше дека е изложен и на политички притисок, директно посочувајќи ги пратеникот Димитар Апасиев и членовите на Анкетната комисија.„На вчерашната седница се злоупотреби моето име. Тврдеа дека сум доаѓал со службена кола. Тоа го говореа Петрушева и Апасиев. Срамота е да се фрлаат вакви обвинувања без факти“, изјави тој.Иако Салиу се брани дека немал начин да предвиди идни ризици, Обвинителството го товари за конкретни пропусти во работењето на ДЗС во минатото – пропусти кои, според нив, придонеле за системската негрижа што ја создаде околноста за трагедијата во „Пулс“.Обвинителниот акт му става на товар три суштински пропусти:1. Неназначување инспектор во КочаниВо критичниот период не донел решение за распоредување инспектор за заштита и спасување во Кочани, поради што објектите во регионот останале без надзор.2. Неспроведување законски обврскиНе биле преземени мерки за организирање и планирање заштита од пожари и експлозии, иако тоа било негова директна надлежност.3. Игнорирање ризик и формално планирањеГодишните планови за надзор биле подготвувани само „на хартија“, без реално присуство на терен, иако ДЗС знаело дека во Кочани нема ниту еден инспектор.Салиу, кој ја водеше ДЗС од 2008 до 2017 година, е еден од 37 обвинети во овој процес. Тој инсистира дека не е виновен и дека обвинението е дел од „меѓупартиски пресметки“, а не резултат на реални докази.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryt855m8j13u958buso7s

Ни доаѓање на мигранти не е толку лошо колку тоа што Филипче и Заев не се уште во затвор, вели Мухамеди

Адвокатот Умејр Мухамеди, кој е дел и од иницијативата „Кој е следен?“, а настапува како критичар, реагираше на јавната дебата за можниот прием на мигранти во Македонија, правејќи разлика меѓу, како што вели, „патриотизам“ и „ксенофобија“.„Да дојдат криминалци од Турција и да бидеш против – тоа не е ксенофобија, туку патриотизам. Но да бидеш против да дојдат луѓе на кои животот им е во ризик без нивна вина, а притоа тие да бидат сместени во кампови и трошоците да ги покрие друга држава – тогаш тоа е ксенофобија,“ изјави Мухамеди.Тој се осврна и на најавите за протести од страна на Венко Филипче, оценувајќи дека фокусот треба да биде на, како што рече, „реалните проблеми во земјата“.„Филипче најави протести и рече дека тоа било многу лошо. Јас ќе кажам дека тоа не е толку лошо колку што за Македонија е лошо Венко Филипче и Зоран Заев да ја украле државата и да не се сѐ уште во затвор,“ додаде Мухамеди.

Коментари | пред 2 месеци

media-library9bg9jaqv7vd78a7aDbm

Пратениците на Филипче нема да го поддржат разрешувањето на државниот обвинител Коцевски: Тоа е притисок

Венко Филипче реагираше на предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, оценувајќи дека процесот е резултат на партиски притисоци и дека тоа ја загрозува независноста на правосудството.„Лично не го ни познавам, не сум ничиј адвокат и не сакам да бидам. Партиски притисок за да се постават партиски луѓе значи заглавување на системот. Ова е притисок кон обвинителот, ова се случува година ипол време наназад. Се назначуваа обвинители и судии блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Не е ова Македонија што ја сакаме“, изјави Филипче.Тој додаде дека СДСМ е против каков било притисок врз правосудните институции:„Не бранам никого, но не е тоа што треба да се направи. Не сакам да ми ги извртат зборовите. Суштински работи се Кривичниот законик и Законот за јавно обвинителство. Дајте да ги донесеме европските критериуми, да ја донесеме европската обвинителка тука за некои случаи. Тоа е нашиот став.“

Македонија | пред 2 месеци

media-library2uutiju59obg1h6g36V

(Видео) Ќе повикаме на голем народен протест против носење на мигранти, ако не ја прифатат резолуцијата, најави Филипче

Венко Филипче, претседател на СДСМ, најави дека ќе достави резолуција до Собранието со која би се спречило носење на мигранти во Македонија. Според него, СДСМ не лаже, туку ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека планираат и голем сенароден протест.„Од Собранието ќе бараме да се изгласа резолуција за ова да го запреме. Ако не се прифати резолуцијата, еден од начините да се бориме е да повикаме на голем народен протест, силни обединети против носење на мигранти во Македонија“, рече Филипче.Тој рече дека нивни извори од Британија им кажале дека Владата дала потврда за примање на мигранти во Македнија.„Од наши извори во Британија веќе знаеме дека Владата дала веќе потврда за ова да се случува. Ќе подготвиме резолуција со Собрание, а следниот чекор ќе биде да излеземе на протести“, рече Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

media-library0hjb2374nfcsfxRqNP2

(Видео) Дали кофата за гаснење на пожарот во Пулс не била и во рацете на Обвинителството во Кочани?, праша адвокатот на Шабан Салиу

Димитар Дангов, адвокат на Шабан Салиу, го нападна Обвинителството со обвинението кое тие го поднесоа против ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување.Тој ги праша обвинителите, „дали кофата за гаснење на пожарот не била и во рацете на Обвинителството“, со оглед дека тие како орган на прогон можеле да отворат предмет по допрен глас и да утврдат криминално поведение кај страните кои денеска се на обвинителна клупа.„Ако некој во синџирот на каузалната врска си ја вршеше својата работа, и на 15 март 2025 година или на 16 март 2025 година пред да се запали фитилот на огнометот, го затвореше Пулс, дали во таков случај кога пожарот немаше да се случи, да дадеше Господ така да беше, Шабан Салиу ќе беше одговрен, само затоа што 9 до 14 години порано не постапувал по управно-правни обврски кои не биле ниту во негова надлежност. Дали во таква ситуација кога го нема пожарот, ќе се сметаше дека го сторил делото? Ќе беше ли одговорен? Не! Немаше да биде одговорен како што и сега не е одговорен, но немаше да биде ни обвинет“, додаде Дангов.Според адвокатот, се бара вина од Салиу само поради болката која трагедијата ја донесе.„Тој е обвинет само поради пожарот на 16 март и болката која таа трагедија ја предизвика во нашето општество. Болката колку и да е силна, не може да биде причина за обвинение. Правда не се гради на чувства туку на вистина. Да биде осуден, не е доволно Салиу да биде обвинет“, додаде тој.

Македонија | пред 2 месеци

20190530102357

Актерот Јовановски за мигрантите: Ќе бев вознемирен ова да го кажеше Заев, спокоен сум бидејќи го кажува Христијан

Актерот Владо Јовановски, кој беше дел од движењето „За заедничка Македонија“ и од упадот во Собранието на 27 април, а е поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ, јавно ја коментираше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија не преговара за прием на мигранти и дека таква понуда, доколку некогаш се појави, никогаш нема да биде прифатена.Јовановски напиша дека би бил „вознемирен“ доколку оваа изјава ја дал Зоран Заев, тврдејќи дека, како што наведе, „ќе излажел, како и многу пати досега“.„Зошто сега сум спокоен? Затоа што на Христијан Мицковски зборот му вреди и му тежи“, напиша Јовановски, додавајќи дека објавените аудио-снимки („бомби“) не предизвикале вознемиреност во јавноста затоа што, според него, „Северџаните се прочитани епски лузери“.Во објавата продолжи со навреди кон политичките опоненти, оценувајќи ги како „губитници“ на кои, како што напиша, „Македонскиот народ им го покажал местото“.„Додека не одговараат за злоделата кои ни ги сторија, вака ќе роварат како стаорци и кртови, зашто темнината им е природна средина“, порача Јовановски во својот коментар на социјалните мрежи.

Коментари | пред 2 месеци

kompjuter

Досега доделени 42.606 студентски ваучери – рокот истекува на 20 декември

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека преостануваат само уште десет дена за студентите да аплицираат за ваучери за електронски уреди.Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 се веќе искористени.Во рамките на владиниот проект што се спроведува заеднички со Генералниот секретаријат и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студентите на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.Рокот за аплицирање е 20 декември 2025 година, додека ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Македонија | пред 2 месеци

media-library2ifusclsdgrd7rOLJfI

По доминантната победа, борецот Славески удри по системот: „Не сум за копуци во одела“

Македонскиот борец Горјан Гого Славески, кој пред само неколку дена го запиша својот седми триумф во БКФЦ, се огласи со објава на социјалните мрежи, упатувајќи критика кон институциите, но и охрабрување за младите спортисти. Тој соопшти дека не бил поддржан од државата за да ги постигне успесите кои ги има.„Сега за некој ден обавезно ќе звонат. Обавезнооо се срамежливи се од агенција (за спорт, која сега е министерство), бидете трпеливи“, напиша Славески, додавајќи „како и да е ,јас сум за моите луѓе, не за копуци во одела без било каков значаен успех,во спорт или општо во животот, како човек“.Тој откри дека добил голем број пораки од млади, перспективни спортисти и им порача да не очекуваат ништо од институциите.„Продолжете да си го следите сонот и верувајте во себе“, напиша Славески.Неговиот коментар следи по сензационалната победа над Џа Фар Форт, која ја извојува со технички нокаут за само една минута и 34 секунди во првата рунда. Интензитетот на неговите удари го натера судијата четири пати да ја прекине борбата пред конечно да процени дека противникот не може да продолжи.Со оваа победа, Славески го подобри својот професионален биланс на седум победи и еден пораз и уште еднаш ја потврди репутацијата на еден од најдоминантните борци во БКФЦ. Како поранешен шампион, Славески испраќа јасен сигнал дека е подготвен повторно да атакува на титулата.

Македонија | пред 2 месеци

makraduli

Наместо да плаќате за мигранти, намалете ја брзината на 26 км/ч, казнувајте и ќе имате вишок во буџетот, напиша Макрадули

Поранешниот пратеник и ексзаменик-министер за животна средина, Јани Макрадули, остро ја критикуваше Владата за економските политики и актуелните дискусии околу можниот договор со Велика Британија за вдомување мигранти.„Денешната Влада, како да пишува римејк на Печалбари од Антон Панов, потврдувајќи ја тезата: ‘сѐ за тие пусти пари’“, напиша Макрадули, алудирајќи дека економската состојба е драматична, иако, како што вели, на прес-конференциите се прикажува поинаква слика.Тој посочи дека за унгарската милијарда „сѐ уште нема отчет“, а веќе се бара нова еврообврзница. Според него, домашното задолжување се префрлува на ЕСМ, а како „решение“ се појавил и проектот „мигрант за пари“.„За 20.000 фунти може да вдомите мигрант. Не успеав да видам која бројка од Програмата 1198 е ова“, иронично напиша Макрадули.Во продолжение додаде дека 20.000 фунти би биле еквивалент на околу 2.000 прекршоци за возење со 51 километар на час.„Нека размисли власта – наместо да наплаќа за мигранти, нека ја намали брзината за казна на 25/26 километри на час, па ќе има и вишок у буџетот ненаситен“, заклучи саркастично Макрадули.Премиерот беше дециден дека државата нема проблем со финансии, а ниту дека ќе се примаат мигранти за пари.

Коментари | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.11.22

Русија предупредува: Прекинот на нуклеарните договори ја загрозува глобалната безбедност

Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, изјави дека Москва очекува официјален одговор од Вашингтон во врска со предлозите на рускиот претседател Владимир Путин за продолжување или ревидирање на Договорот за стратешко намалување на нуклеарното вооружување (СТАРТ).„Нè делат помалку од 100 дена до истекот на договорот СТАРТ. Предлозите што ги изнесе нашиот претседател се на нивната маса и ние, секако, го чекаме одговорот. Тие предлози нудат можност конечно да се запре овој деструктивен тренд што трае“, изјави Шојгу, пренесе Интерфакс.Тој предупреди дека повлекувањето од договорите за ракети со среден и краток дострел има сериозни последици врз глобалната безбедност, додавајќи дека неопходно е да се врати дијалогот за стратешка стабилност.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryapqi0hejk4r4dv7qbLD

Историска инвестиција на Мајкрософт во Канада: фокус на сајбербезбедност и АИ

Мајкрософт ќе инвестира 7,5 милијарди канадски долари (5,4 милијарди американски долари) во проширување на своите дата-центри во Канада, најави претседателот на компанијата, Бред Смит, за време на посетата на Отава. Станува збор за најголемата инвестиција на Мајкрософт во историјата на канадското подружништво, со план да се реализира во следните две години.Инвестицијата доаѓа во период кога канадската влада инсистира на зајакнување на дигиталниот суверенитет и заштита на податоците од кибернапади и странски влади.„Го започнуваме новиот петточковен план за промоција и заштита на дигиталниот суверенитет на Канада“, соопшти компанијата, додавајќи дека инвестира и во обуки за работната сила со цел развој на вештини потребни во ерата на вештачката интелигенција.Загриженост во Канада предизвикува и можноста американската влада, под водство на претседателот Доналд Трамп, да има пристап до чувствителни податоци преку американските технолошки компании. И Владата и канадскиот бизнис-сектор се особено внимателни околу потенцијалното мешање во дигиталната инфраструктура.Претседателот на Мајкрософт, Бред Смит, изјави дека „дигиталниот суверенитет“ станал глобално прашање од прв ред.„Во Канада гледаме две различни динамики – промена во дијалогот со Соединетите Американски Држави и зголемен интерес од актери ширум светот насочен кон Канада“, рече тој.Канадското Министерство за јавна безбедност веќе предупреди дека странското влијание претставува една од најголемите стратегиски закани за националната безбедност. Владата потенцира дека за да ги искористи бенефитите од дигиталната економија, државата мора да биде способна да ја заштити својата инфраструктура и чувствителните податоци од сајбернапади што можат да го нарушат економскиот раст и квалитетот на живот.

Свет | пред 2 месеци

media-library4fph93gg1fhq938PAeg

(Видео) Дванаесет загинати во пожар во станбена зграда во кинескиот град Шантау

Дванаесет лица загинаа во пожар што избувнал во четирикатна станбена зграда во јужнокинескиот град Шантау, соопшти државната новинска агенција „Синхуа“. Пожарот избувнал вчера околу 21:20 часот по локално време и бил целосно изгаснат четириесетина минути подоцна.Причините за пожарот засега не се познати, а истрагата е во тек. Трагедијата се случува во период кога вниманието на кинеската јавност сè уште е насочено кон најсмртоносниот пожар во последните децении во Хонг Конг, во кој до вторник загинаа 160 лица. Настанот предизвика повици од државниот врв за сериозно справување со безбедносните ризици во стамбената индустрија.Кина минатиот месец најави и сеопфатни инспекции на противпожарните стандарди кај висококатниците низ целата земја, поради низа трагични инциденти.Пожарот во Шантау е само последниот во низата слични несреќи. Во април, во дом за стари лица во провинцијата Хебеј загинаа 20 лица, а неколку недели подоцна, во пожар во ресторан на североистокот на земјата загинаа 22 лица.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryd4ebnijb5ecm1uMdPZ3

Свети Јаков Персиец: Денот посветен на маченикот што се врати кон верата по горко покајание

Православната црква денес го празнува Светиот маченик Јаков Персиец, христијанин роден во персискиот град Елапа (или Вилат), кој поради својата мудрост и способност станал омилен и возвишен во дворот на царот Издигерд. Поласкан од царската наклонетост, Јаков се откажал од Христовата вера и им принесувал жртви на персиските идоли.Кога за неговото отстапништво слушнале неговата мајка и жена, му напишале длабоко прекорно писмо, во кое го оплакувале како „душевно мртов“, но и го молеле да се покае и да се врати кон Господ. Овие зборови силно го потресле. Јаков се покајал и храбро ја исповедал верата пред царот.Издигерд го осудил на најтешка смрт: да биде исечен дел по дел. Џелатите најпрво му ги отсекле прстите на рацете, потоа на нозете, па рацете, нозете, рамената и на крај – главата. Во текот на страшното мачење, Јаков непрестајно Му благодарел на Бога, а од неговите рани, според преданието, излегувал благоухан мирис.Маченички пострадал околу 400 година. Главата му се чува во Рим, а дел од моштите во Португалија, каде што се празнува и на 22 мај.

Македонија | пред 2 месеци

orban-tramp1

Орбан бара милијарди, Трамп вели – „Ништо не сум ветил“

Американскиот претседател Доналд Трамп негира дека ветил финансиска помош од 20 милијарди долари за Унгарија, спротивно на изјавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан.„Не, не му ветив, но тој ја побара“, изјави Трамп за Политико во интервју објавено во вторник.Орбан претходно тврдеше дека САД ќе обезбедат „финансиски штит“ за Унгарија во случај на „шпекулативен или политички напад“, алудирајќи на средствата што Европската Унија ги задржува поради загриженост за владеењето на правото. Во интервју за унгарската АТВ, тој прецизираше дека Будимпешта очекува помош од 10 до 20 милијарди долари или евра.Минатиот месец, Трамп дозволи Унгарија да продолжи со увозот на руска енергија и покрај американските санкции воведени поради инвазијата врз Украина. Во разговорот за Политико, тој наведе дека ситуацијата на Унгарија е специфична затоа што земјата нема излез на море и не може да увезува енергенси по морски пат.

Свет | пред 2 месеци

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Во Идризово продолжува судењето за „Пулс“: Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши ќе дадат воведни зборови

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ од Кочани продолжува денеска во Идризово, во атмосфера на засилени безбедносни мерки и силен интерес од јавноста. Процесот се води за најтешката цивилна катастрофа во поновата историја на државата, во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.На претходното рочиште дел од обвинетите ја оспорија обвинителната постапка, тврдејќи дека е нецелосна и дека нема прецизни докази кои индивидуално ги поврзуваат со трагедијата.Досега воведни говори дадоа обвинителството и одбраните на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственикот на „ММММ Кафе“ Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и сопственикот на објектот Гроздан Милковски. Повеќето од нив ја отфрлија одговорноста и го доведоа под прашање целиот обвинителен акт.Следни ќе бидат поранешните министри Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши, потоа службениците од Министерството за економија, како и пазарните инспектори Миле Ампов, Блашка Евтимова, Весна Кузмановска и Емил Митев.Воведно обраќање допрва треба да даде и Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, чииот предмет беше споен со процесот непосредно пред почетокот на судењето.Обвинителството, составено од тим од 15 јавни обвинители, најави дека низ доказите ќе покаже дека „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од првиот ден – производ на систематска негрижа, нелегална градба, пропуштени контроли и институционални пропусти кои довеле до катастрофа.На обвинителната клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ во Белград: ЕУ да нè прими сите заедно, инаку проблемите остануваат

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европската Унија може да ги реши геополитичките предизвици на Западен Балкан само доколку ги прифати сите земји од регионот истовремено, без селективен пристап. Тој зборуваше на панел-дискусијата „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“ во рамки на форумот „BELTALKS“.„Ако прифатите еден, двајца или тројца од нас, што ќе правиме со останатите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“ рече Вучиќ, нагласувајќи дека прашањето се однесува и на иднината на регионот и на иднината на Европа.Тој најави дека утре во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, каде што ќе ја претстави својата иницијатива за заеднички прием на сите држави од Западен Балкан. Според него, таков пристап би донел стабилност и позитивна перспектива за целиот регион.Осврнувајќи се на кризата со Нафтената индустрија на Србија (НИС), Вучиќ ги наведе трите можни решенија, посочувајќи го 15 јануари како краен рок. Првото сценарио, кое го оцени како малку веројатно, е укинување или суспензија на американските санкции. Втората опција е продажба на мнозинскиот пакет акции од страна на руските сопственици, а третата – интервенција на државата како последно средство.Тој додаде дека Србија мора да внимава да не го загрози финансискиот систем и инвестицискиот рејтинг, истакнувајќи дека земјата, според економските проекции, во следните пет години ќе биде меѓу најуспешните во Европа. Во излагањето предупреди и на ризик од голем глобален конфликт во наредната година и пол, наведувајќи дека, и покрај бројните критики од регионот, досега не одговорил на нив.Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека делумно го поддржува предлогот на Вучиќ Западен Балкан заеднички да влезе во Европската Унија, додавајќи дека Црна Гора веќе „ќе чека“ таму од 2028 година. „ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот регион, но ние ќе ве чекаме и ве охрабруваме да побрзате“, напиша Спајиќ на социјалната мрежа X.

Македонија | пред 2 месеци

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Најстудено во Берово со -1, преку ден до 16 степени: какво ќе е времето денеска

Во Македонија ноќеска преовладуваше релативно ладно и ведро време со мала облачност. Претежно е тивко, без позначаен ветер. Најниската температура е измерена во Берово, каде се спушти на –1 степен.Според метеоролошката карта, речиси на целата територија е забележано релативно ладно време, а на повеќе локации има појава на слана и мраз.Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Наутро ќе има зголемена облачност, која постепено ќе се намалува во текот на денот. Ќе дува слаб северозападен ветер.Минималните температури ќе изнесуваат од –3 до 4 степени Целзиусови, а максималните ќе достигнат од 11 до 16 степени.Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за слаба магла. Температурите во Скопскиот Регион ќе се движат од 1 до 13 степени.Според најавите од УХМР, следува период на стабилно и релативно топло време со утринска зголемена облачност, која во текот на денот ќе се намалува.

Македонија | пред 2 месеци

policija-ubistvo-pishtol

Пукање на кампус: еден мртов, еден тешко повреден во Франкфорт

Една личност загина, а друга е тешко повредена во пукање на Државниот универзитет во Кентаки, соопштија локалните власти во Франкфорт.Двете жртви се студенти на универзитетот, но осомничениот напаѓач не е, јави CBS.Пукањето се случило пред студентскиот дом Јанг Хол, на јужната страна од кампусот.Осомничениот е уапсен и идентификуван како Џејкоб Ли Бард од Евантсвил, Индијана.

Свет | пред 2 месеци

Putin90099

Хрватска сатирична приказна го измами претседателот на руската Државна дума: случајот заврши пред Путин

Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, на состанок со претседателот Владимир Путин пренел измислена приказна од хрватски сатиричен портал, уверувајќи дека станува збор за реален корупциски скандал во Европската унија, објави „Медуза“.Володин, говорејќи за потребата од законски надзор врз вештачката интелигенција, посочил дека технологијата носи „предизвици и проблеми“. За да ја поткрепи тезата, тој навел случај за наводна корумпирана „министерка за вештачка интелигенција“, не знаејќи дека таа вест потекнува од хрватскиот сатиричен портал NewsBar.Според измислената приказна, министерката во Албанија која е „компјутер“ по име Диела за време на обуката анализирала податоци од јавни набавки и заклучила дека примањето мито на Балканот е „нормална бирократска работа“.Министерката“ потоа наводно примила 14 биткоини за да одобри проект за автопат, а на суд требало да ја брани ChatGPT, додека нејзините обврски привремено ги презел „стар модел калкулатор Casio“.Всушност, приказната е целосно сатирична. NewsBar ја објавил само неколку дена претходно, а повеќе големи руски канали на „Телеграм“ ја пренеле како реална информација, по што, најверојатно, стигнала и до Володин.Во реалноста, Албанија – која не е членка на ЕУ – во септември назначи прототип-AI алатка наречена Диела, интегрирана во системот за јавни набавки како антикорупциска мерка, но таа не е министерка ниту е дел од корупциски скандал.Некои руски канали подоцна ги избришале објавите или додале појаснување дека станува збор за сатира.Ова не е првпат хрватски сатиричен текст да заврши во руските медиуми како „вистинска вест“. Во октомври 2025 година широко циркулираше приказна за наводна змија што угризала Хрват и угинала поради труење со алкохол – исто така измислена сторија на NewsBar од 2020 година.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryoiesqa3ci5lraSiL21b

Папата го критикуваше Трамп по изјавата за Европа

Папата Лав пред новинарите, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Европа мора да ја има централната улога во напорите за запирање на војната во Украина. Тој предупреди дека ниту еден мировен план што ја занемарува европската улога не може да биде реалистичен.„Војната е во Европа“, нагласи Папата, додавајќи дека европските земји мора да бидат составен дел од безбедносните гаранции. Тој истакна дека не сите ја разбираат важноста на тоа, но дека Европа мора да биде дел од секој процес на договарање мир по речиси четиригодишниот конфликт.Неговите коментари беа протолкувани како критика кон американскиот претседател Доналд Трамп, чија администрација во почетокот го исклучуваше европското учество во поставувањето на основните рамки за мировни преговори со Москва.На прашање за планот на Трамп, Папата рече дека не сака да го коментира, наведувајќи дека не го прочитал целиот документ. Сепак, нагласи дека она што го видел претставува значително отстапување од долгорочното вистинско сојузништво помеѓу Европа и САД.Папата Лав предупреди и дека некои од неодамнешните американски изјави можат да ги ослабат врските со Европа.„Мислам дека се обидуваат да го разделат она што, според мене, треба да остане многу важно сојузништво – денес и во иднина“, изјави тој.На прашање дали планира да ја посети Украина, Папата одговори дека се надева на тоа, но дека не знае кога би можело да се реализира. „Можеби ќе се оствари“, рече тој.Во меѓувреме, изјави на американски функционери дополнително ги разнишале уверувањата за стабилноста на поствоеното сојузништво меѓу Европа и Вашингтон. Новиот документ за Национална безбедносна стратегија на САД наведува дека Европа мора да го промени својот курс или ризикува да биде „избришана“.„Слаби се“, рече Трамп за европските лидери во изјава за Politico.„Сакаат да бидат политички коректни. Не знаат што да прават“, додаде тој.

Свет | пред 2 месеци

zabrana

Сите помлади од 16 години останаа без социјални медиуми во Австралија

Австралија денес стана првата држава во светот што целосно го забрани користењето на социјални мрежи за лица под 16 години. Одлуката стапи во сила на сите популарни платформи, меѓу кои Инстаграм, Фејсбук, ТикТок, Јутјуб, Икс и Снепчет. Премиерот Ентони Албанезе изјави дека е „горд што е премиер на Австралија“, додека владата оваа мерка ја оправдува со заштита на младите од штетни содржини. Критичарите, пак, предупредуваат на ризик од изолација и префрлање на децата во неформални и нерегулирани интернет-простори.Дел од тинејџерите утрово ги затекнаа деактивирани профили, додека други веднаш пронајдоа начини да ја заобиколат забраната. Мислењата се поделени. Четиринаесетгодишната Моли од Брисбејн смета дека мерката „не е добро осмислена“ и дека ќе создаде повеќе проблеми. Нејзината врсничка Софија, пак, верува дека забраната може да има позитивен ефект и да поттикне повеќе дружење во живо, иако ја изненадил моментот кога била автоматски одјавена.Петнаесетгодишниот Тајсон е убеден дека „првите што се сакаат да се исклучат од мрежите ќе бидат и првите што ќе најдат начин да ја прескокнат забраната“. За Бриана (15), која живее на фарма оддалечена 30 километри од нејзината најдобра пријателка, социјалните мрежи се единствен начин да одржи контакт за време на празници.И реакциите кај родителите се спротивни. Дени Елачи, основач на организацијата Heads Up, ја поддржува забраната, велејќи дека родителите „не можат сами да се борат против технолошките корпорации вредни билиони долари“. Кели Халидоун, мајка на две деца, ја смета мерката за „сурова“, особено затоа што се воведува во пресрет на училишните распусти и празниците. Според неа, забраната „им ја одзема автономијата и гласот на илјадници малолетници“.Стручната јавност е поделена. Психологот д-р Рејчел Мурија предупредува дека, иако социјалните мрежи можат да создадат проблеми со спиењето и телесната слика, за дел од младите – како лицата со попреченост – тие се клучна алка за поврзување. Клиничкиот психијатар д-р Кристијан Хајм, напротив, смета дека забраната може „буквално да спасува животи“.По стапувањето во сила на законот, незадоволни тинејџери го преплавија ТикТок профилот на премиерот Албанезе со коментари во кои тврдат дека и понатаму можат да пристапат до апликациите. Министерката за комуникации Аника Велс предупреди дека „дупките во законот нема да останат отворени долго“ и дека платформите ќе мора редовно да вршат проверки.Во меѓувреме, нагло се зголеми преземањето на помалку познати апликации како Lemon8 и Yope, но регулаторите потсетуваат дека законот важи за сите социјални мрежи. И платформата Икс на Илон Маск соопшти дека ќе ја почитува забраната.Новата регулатива се однесува на сите лица под 16 години кои подолг период престојуваат во Австралија. Тинејџерите кои само ја посетуваат државата нема да имаат проблеми со пристапот, но оние со привремени визи може да бидат предмет на проверка на возраста или автоматска деактивација, доколку платформите утврдат дека се во Австралија подолго време.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања